КАФЕ ПАУЗА

Tag: одење

  • По одот, откријте која жена ужива во сексот

    По одот, откријте која жена ужива во сексот

    Оргазмот опушта разни мускули, го подига нивото на менталното здравје и ослободува од стрес. Студија спроведена во Белгија, покажала дека начинот на којшто жената оди, покажува дали е таа задоволна од нејзиниот сексуален живот.rnrnПо чекорењето, откријте која жена ужива во сексотrnrnПосле сексуалниот однос, луѓето се многу полетни. Жените кои редовно доживуваат вагинален оргазам ги нишаат колковите додека чекорат, покажало истражувањето. Овие жени се движат поживо, пофлексибилно, чекорот им е подолг и подобра им е подвижноста на карлицата.rn
    rn

    „Дури и обичен набљудувач, може да воочи дека некоја жена имала вагинален оргазам, според тоа колку одот ѝ е енергичен, опуштен и слободен. Според тоа можете да заклучите колку е таа задоволна од нејзиниот сексуален живот“ – тврдат истражувачите од белгискиот универзитет.

    rnИстражувањето опфатило здрави и сексуално активни жени, од кои половина во минатото доживувале честопати оргазми, а останатите жени доживувале ретко или скоро никогаш.rnrnСексолозите со 80-процентна прецизност погодувале кои жени повеќе пати биле задоволувани во кревет.rnrnРазликата во одот била забележана само кај жените кои доживеале вагинални, но не и клиторални оргазми.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со кои спортови најбрзо се слабее?

    Со кои спортови најбрзо се слабее?

    Редовните физички активности и правилната исхрана најмногу придонесуваат за здраво слабеење. За да ги губите килограмите на здрав начин, одберете спорт или физичка активност која најмногу ќе ви одговара. Во продолжение, ви претставуваме 12 видови спорт, преку кои најбрзо и најделотворно се согоруваат калории.rn

    1. Трчање

    rnНаједноставниот, но и многу ефикасен начин за слабеење е трчањето. На почетокот се препорачува да комбинирате бавни и лесни чекори со куси спринтови и брзо одење. Со ваков тренинг на интервали, многу успешно се согоруваат калории.rnrnСо кои спортови најбрзо се слабее?rn

    2. Возење велосипед

    rnБез разлика дали станува збор за собна справа или велосипед кој ќе го возите на отворено, возењето е одличен начин за согорување калории, особено возење на угорница. Со еден час вртење на педалите од велосипедот, можете да согорите од 500 до 1.000 калории.rn

    3. Одење

    rnБрзото одење, односно пешачење е најлесна физичка активност, а ги обликува нозете, стомакот и бутовите. Одењето по угорница и по нерамен терен, на пример по планина, согорува уште повеќе калории. Наместо возење со автомобил или со јавен превоз, појдете пешки на работа, бидејќи секојдневното пешачење придонесува за доброто здравје.rn

    4. Скокање

    rnСекоја врста на вежбање која вклучува скокање придонесува за согорување калории. Пример е скокањето со јаже со кое со согоруваат 700 калории во час или скокањето на трамбулина со кое се согоруваат 400 калории.  Тренингот кој се состои од скокање и чучнување, исто така е одлична активност за согорување масни наслаги и зајакнување на мускулите.rnrnСо кои спортови најбрзо се слабее?rn

    5. Танцување

    rnЕдноставен, забавен и евтин начин за слабеење е танцувањето. Со оваа телесна активност можете да се занимавате дома, бидејќи доволно е да ја пуштите вашата омилена музика и да играте барем еден час. Можете да купите и некое дивиди, на кое можете да научите потези за танцување, кои ќе ви помогнат да изгубите голем број на калории. Еден час танцување придонесува за губење од 600 до 800 калории.rn

    6. Тенис

    rnТенисот е забавен спорт кој многу помага за слабеење. Тој бара од вас постојано и брзо да се движите, што е идеален начин за согорување калории.rn

    7. Пливање

    rnИако летото замина, сепак постојат базени во кои ќе можете активно да се занимавате со овој спорт. Еден час поминат во активно пливање, согорува 800 калории и го обликува целото тело.rnrnСо кои спортови најбрзо се слабее?rn

    8. Веслање

    rnАко барате спорт кој ги обликува рацете, тогаш дефинитивно веслањето е тоа што го барате. Покрај зацврстувањето на мускулите, со веслањето се трошат околу 500-600 калории за еден час.rn

    9. Дигање тегови

    rn

    Иако кардиоваскуларните вежби се клучни за слабеењето и согорувањето на мастите, немојте да го занемарите и вежбањето на телото. Еден час дигање тегови согорува околу 200 калории, а тренерите препорачуваат три пати неделно по 30-40 минути.

    rn

    Со кои спортови најбрзо се слабее?

    rnrn

    10. Кикбокс

    rnСо оваа активност не само што ќе согорувате околу 600 калории во еден час, туку и ќе го изнесувате стресот од вашето тело.rn

    11. Групни спортови

    rnСпортовите како фудбал, ракомет или кошарка, бараат постојано трчање со различна брзина и интензитет. Таквата кардиоваскуларна активност помага при согорувањето на мастите, а дополнително, групните спортови се и позабавни.rn

    12. Јога

    rnИстегнувањето и јогата, покрај тоа што помагаат за намалувањето на стресот, болките во грбот и подобрувањето на флексибилноста на телото, тие се и ефикасен начин за слабеење. Еден час вежбање јога согорува 180 калории, а ако вежбите се потешки и многу повеќе.rnrnСо кои спортови најбрзо се слабее?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најтешките олимписки дисциплини

    Најтешките олимписки дисциплини

    Спортските натпревари на Олимписките игри, по правило, се едни од потешките, но одредени олимписки дисциплини се издвојуваат како најтешки.rn
    rn

    Маратонско пливање

    rnМаратонското пливање е една од најтешките олимписки дисциплини, затоа што потребно е да се вложат натчовечки напори сè со цел да се препливаат 10 километри за 2 часа. Освен тоа што целото тело ви лебди во вода, постојано треба да се справувате со брановите, струите, живиот свет, а понекогаш дури и со канализацијата. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Борење

    rnДоколку Александар Карелин, рускиот трикратен освојувач на златниот медал во супер тешка категорија во грчко – римски стил ве нападне, дали би знаеле како да се одбраните? Борењето се смета за доста тежок спорт затоа што натпреварите се одвиваат во текот на еден ден, што значи дека секој натпреварувач мора да победи во 5 напади, во текот на 3 рунди, кои траат по 2 минути. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Бокс

    rnВо едно американско истражување за биомеханичките удари во глава учествуваа седум олимписки боксери. Резултатите беа следниве: брзината на ударот со рака изнесува 15,24 метри во секунда, просечната тежина на ударот изнесува 2,9 килограми, додека силата со која се поместува главата во моментот на ударот е 53 пати поголема од силата на гравитацијата. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    50-километарско брзо одење

    rnБрзото одење цели 50 колиметри придонесува опаѓање на крвниот притисок до тој степен што губите контрола и воопшто не го чувствувате телото од половина надоле. Овој факт е потврден дури и од искусниот натпреварувач во брзо одење на 50 километри, русинот Сергеј Бакулин. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Кругови (гимнастика)

    rnОва е една од најтешките гимнастички олимписки дисциплини и затоа во неа се натпреваруваат само мажи. Алберт Азарјан, американецот кој освои златен медал за Советскиот Сојуз во оваа дисциплина во 1956 и 1960 година, беше првиот кој ја изведе позата позната како „Железен крст“ или „Распетие“. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Теквондо

    rnТеквондо е стара корејска боречка вештина, но и една од најстарите олимписки дисциплини. Тука ударите во глава кои предизвикуваат потреси се вообичаени, додека екстремната природа на теквондото носи ризик од сериозни повреди на лигаментите. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Десетобој и седмобој

    rnДа се натпреварувате во збир од десет, односно седум атлетски дисциплини, е навистина тешка задача. Натпреварите во десетобој и седмобој се одржуваат во рок од два дена, а само една мала повреда може да биде пресудна за понатамошното натпреварување во овие дисциплини. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Скок во вода

    rnСкоковите во вода се сметаат за тешки заради неколку причини. Како прво, скокалницата е висока 10 метри, потоа, за време на скокот треба да се завртите за 180 степени, а рамнотежата на скокалницата треба да ја одржувате со помош на прстите. При вртењето треба да бидете исклучително внимателни за да не добиете повреда, а при конечното влегување во вода треба да заземете вертикална положба. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Пинг-понг

    rnПинг-понгот не е само еден од најтешките, туку и еден од најбрзите спортови. Тежината на овој спорт се состои во големата концентрација и брзите реакции кои се потребни за да се натпреварувате во пинг-понг. Се смета дека пинг-понг топчето се врти и до 150 пати во секунда. Најтешките олимписки дисциплиниrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Верувам дека можам да летам“

    „Верувам дека можам да летам“

    Себастијан Монтац Росет и неговата екипа се самопрогласени пионери во одење по лента поставена во височина во комбинација со качување по карпи и скокање од нив. За разлика од одењето по јаже, одењето по лента е многу потешко бидејќи таа секогаш се поставува полабаво и е поподложна на ветер и мала промена на тежината.rnrn„Верувам дека можам да летам“rnrnПадови се случуваат често, па токму затоа, оние кои го прават ова се поврзани со сајли директно на лентата, нешто слично како алпинистите. Сепак постојат и храбри момци кои не сакаат да ги почитуваат овие безбедносни правила, па истото го прават слободно, само со мало падобранче на нивниот грб.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    Конечно има научно докажани факти кои ќе им помогнат на жените да го освојат срцето на нивниот симпатија. Истражувањата велат: носете црвено, смејте се на неговите шеги, замавнете со колковите, не држете строги диети… Останатото прочитајте го подолу. :)rn

    Облечете црвен фустан

    rnАко имате црвен фустан длабоко збутан во вашиот плакар, кој одамна го имате заборавено, најверојатно ќе сакате да го извадите откако ќе го прочитате ова. Едно истражување спроведено на универзитетот Рочестер, покажало дека мажите ги означиле жените облечени во црвено како сексуално поатрактивни, во однос на оние кои не носеле црвено. Но, црвената облека сепак не може да направи чуда. Врз мажите не влијае бојата која ја носите на себе, кога тие го рангираат вашиот карактер и интелигенција.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Немате црвен фустан? Зацрвенете ги вашите усни!

    rn

    Обојте ги вашите усни со црвен светкав сјај за усни и ќе имате поголеми шанси да го привлечете погледот на мажите кон вас. Научници од универзитетот Манчестер откриле дека мажите поминуваат многу време зјапајќи во вашите совршени усни, особено ако имате ставено црвен кармин. Црвената боја ги држи мажите хипнотизирани околу 7.3 секунди, додека розовите усни 6.7 секунди. Хипотезата е дека црвените усни го имитираат проширувањето на крвните садови, кое се случува за време на сексуалната возбуда. Не можете да се карате со биологијата, нели? 🙂

    rn

    Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    rnrn

    Подарете му ја вашата насмевка

    rnМанекенките кои чекорат по модната писта со „ледена“ фаца всушност грешат многу. Недамнешно истражување објавено од страна на Американската психолошка асоцијација, покажало дека смеењето ве прави поатрактивни, бидејќи го стимулира центарот за емоции во мозокот на мажите. Едноставно кажано, вие ќе изгледате многу попристапна, ако на себе носите блескава насмевка. Така што, наредниот пат кога ќе излезете со некое момче на кафе и си „фрлите око“, знаете што треба да направите. Насмевката е вашиот најдобар моден додаток.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Наградете го со смеење од срце

    rnДолгото, искрено смеење е навистина најдобриот лек за сè, вклучувајќи го и вашиот љубовен живот. Истражување спроведено од Канадскиот универзитет, покажало дека мажите ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги. Тоа прави логика, бидејќи сите сме нарциси во срце и ни се допаѓаат луѓето на кои ние им се допаѓаме. Ако тој едноставно не е интересен (ако сите негови шеги започнуваат со: си беше еднаш еден мој другар…) тогаш поштедете го од срамот, но ако сте шармирани од неговата добра смисла за хумор, женското кикотење нема воопшто да му пречи. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Суптилно имитирајте го

    rnМожеби ова звучи како да треба да го копирате, но едно недамнешно истражување има покажано дека жените кои суптилно ги имитирале мажите со кои излегле, добиле повисока оценка на крајот од состанокот. Пренагласеното имитирање нема да ви даде плус поени, но кога тој ќе се почеша по лицето и вие почешајте се неколку секунди подоцна. Тој ќе смета дека покрај вас може да се чувствува удобно и дека сте компатибилен пар.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Фаќајте високи ноти

    rnИ покрај тоа што е општо познато дека сензуалниот глас е синоним за сексапилност, истражувања откриваат дека мажите всушност ги привлекуваат жени кои фаќаат повисоки ноти, како Мерлин Монро. Се сеќавате на нејзината секси изведба на песната „Happy Birthday“ пред бившиот претседател на САД Џон Кенеди? Ајде ќе почекаме додека го погледнете видеото. 🙂 Се разбира, нејзиниот долг, блескав фустан кој ù ги истакнува облините, воопшто не му смета на овој секси перформанс.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Замавнете со колковите

    rnДостоинствено и женствено чекорете низ супермаркетот и гледајте како погледите на мажите се вперуваат во вас. Жените кои малку замавнуваат со колковите додека чекорат, имаат поголеми шанси да го „боцнат“ машкото око, велат истражувачите од тексашкиот универзитет „A&M“. Галопирањето на манекенките по модната писта никој не ви го препорачува, доколку сакате да бидете забележани. Наместо тоа, правете долги чекори ставајќи ја едната пред другата нога, како да се движите по греда, за да изгледате суптилно и секси. Не заборавајте да замолите некое симпатично момче да ви симне некој производ од маркетот, што е качен на повисока полица. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Сведете ги вашите солзи на минимум

    rnВашето момче не е пожелно честопати да ве гледа со марамчиња и солзи на лицето. На едно истражување кое неодамна беше објавено во магазинот за наука „Science express “, било откриено дека мажите помалку ги привлекуваат жени кои мирисаат на солзи. Се разбира, тешко е да не се расплачете на некоја тажна, емотивна сцена од филм, но доколку е возможно, сочувајте ги солзливите водопади за филмската вечер со другарките или гледајте го акциониот филм кој тој „умира“ да го гледа.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Покажете ги вашите раце

    rnОтсекогаш си мислевте дека мажите уживаат да гледаат во долги женски нозе, но истражување направено од универзитетот во Нов Јужен Велс, покажало дека мажите кои сметаат дека високите девојки се поатрактивни, се всушност привлечени од нејзините раце, а не нозе. Затоа, наредниот пат кога ќе правите вежби во салата за вежбање, направете повеќе вежби за мускулите на рацете и се разбира, додека го правите тоа, носете краток горен дел.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Користете сличен стил на изразување

    rnКомуникацијата и понатаму е најдобриот рецепт за долга и успешна љубовна врска. Истражувачите од тексашкиот универзитет во Остин, откриле дека паровите кои слично јазично се изразуваат, подолго истрајуваат. Во истражувањето биле спроведени онлајн разговори помеѓу повеќе љубовни парови и притоа 80% од оние кои се служеле со слични стилови на пишување и изразување, биле сè уште во врска три месеци после четот, наспроти 54% од паровите кои користеле различни стилови на пишување. Така, ако тој наместо „поздрав“ ви пишува „позз“, „здр“ наместо „здраво“ или „чек“ наместо „чекај“ и вие користете слични кратенки и јазични стилови, за да имате долготрајна и успешна врска.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Истакнете ја вашата силуета

    rnТој навистина не ги забележува тие неколку килца кои ги качивте во текот на изминативе месеци, а сега за тоа тврдење постои и доказ. Истражувачи од Шкотска забележале дека мажите повеќе ги посакуваат оние жени кои имаат нормална телесна тежина, во однос на оние кои се екстра слабички. Затоа, престанете да зјапате во наслвната страница од модното списание и самоуверено носете ги вашите секси бикини наредниот пат кога ќе отидете на плажа или базен и безгрижно гризнете една-две вафли кога ќе огладнете. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прошетка која ги излудува мажите

    Прошетка која ги излудува мажите

    Научниците велат ако одите на улица испрчено, автоматски тоа ве прави да изгледате секси и успешно. Сите знаеме како се оди, нели? Но, истражувањата на универзитетот Queen’s во Канада покажале дека постои едноставна формула за одење која дефинитивно го задржува вниманието на другите. Која е формулата?rn

    Ви текнува на песната Walk this way од Aerosmith?

    rnТоа е успокоена верзија на одот на моделите од Victoria’s secret. Главата горе, рамениците исправени и наназад, градите нанапред. Рацете треба да се движат разлабавено напред-назад, додека колковите се движат од една кон друга страна. Тежината повеќе паѓа на вашите потпетици. Ако ви се чини дека за ваков од треба малку вежба, додека одите, во себе повторувајте ја следнава мантра: Раменици, колкови, потпетици…rnrnПрошетка која ги излудува мажитеrnrnКога одот ќе почне да ви доаѓа природно додека чекорите, веќе е полесно. Комбинацијата од симетричното усогласување на вашето тело и ритмички движења е дефинитивно добитна бидејќи веднаш испраќа порака до сите оние кои се околу вас. Ваквото чекорење остава впечаток дека сте самоуверена и дека имате контрола во вашиот живот.rn

    Убиствена самодоверба

    rnОдењето на ваков начин нема само да ве направи да се чувствувате секси. Ќе се чувствувате посекси од која било жена околу вас и ќе бликате од самодоверба, бидејќи вашиот ум веднаш ќе ја „купи“ пораката што му ја праќа телото.rnrnПрошетка која ги излудува мажитеrn

    Напред за облините

    rnНикој не сака да гледа ковчесто тело и жена на која ѝ се проѕираат коските. Облините секогаш се и ќе бидат во мода. Освен што облините одлично му прилегаат на женското тело, тие даваат една неверојатно силна слика кај оној кој ве набљудува.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.