КАФЕ ПАУЗА

Tag: одење

  • Зошто треба да одите боси?

    Зошто треба да одите боси?

    Топлите денови се одлични за да им дадете слобода на вашите стапала и да чекорите боси. Со тоа што ќе одите боси по трева или песок, им дозволувате на вашите стапала да дишат и да добиваат природен третман кој ја стимулира акупресурната точка преку која овозможувате позитивна стимулација на целото тело.rnrnzoshto-treba-da-odite-bosi-kafepauza.mkrn

    Зошто е тоа така и кои се предностите?

    rn

      rn011

    1. Стапалата се полни со нервни завршетоци кои се поврзани со сите витални органи во телото
    2. rn011

    3. Протокот од стапалата до органите низ кој тече биоелектрцитет, креира мрежа од меридијани слична на нашиот крвоток
    4. rn011

    5. Делува на разни болки
    6. rn011

    7. Тоа е природен аналгетик
    8. rn011

    9. Го доведува телото во рамнотежа
    10. rn

    rn

    Поврзаност на стапалата и органите:

    rn

      rn011

    • Делот околу прстите – главата, вратот и централниот нервен систем
    • rn011

    • Средниот дел – белите дробови, срцето, цревата, црниот дроб и слезината
    • rn

    rn

    Напомена:

    rnОдењето на плажа и чекорењето по каменчиња во првите денови може да биде многу болно, но таа болка ви го покажува местото на стапалото кое е во блокада. Затоа, кога ќе заминете на одмор, шетајте боси на плажа и ослободете се од тешкотиите и од стресот.

  • Совладајте го одењето на штикли – лесно и едноставно

    Совладајте го одењето на штикли – лесно и едноставно

    Одењето на штикли знае да биде напорно и ужасно болно, посебно ако сте на нив со часови. Сепак, кога веќе сте одлучиле да носите штикли, погрижете се да одите правилно и убаво, во спротивно вашето движење ќе изгледа по малку смешно и сигурно нема да се чувствувате добро.rnrn1.sovladajte-go-odenjeto-na-shtikli-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mkrn

    1. Секогаш бидете исправени

    rnЕден од клучните елементи за одење во чевли со високи потпетици е правилното држење на телото. Бидете исправени, погледот напред и храбро чекорете, но притоа немојте да изгледате како да имате метла на грбот. Опуштете се и погрижете се рацете да ви бидат „лесни“ за да си помогнете да одржувате рамнотежа.rn

    2. Вежбајте пред огледало

    rnОблечете штикли, застанете пред огледало и пробајте да направите неколку чекори налево и надесно. На тој начин ќе видите дали ви одговараат и дали со нив можете да одржувате рамнотежа. Светот изгледа поинаку кога го гледате од височина, навикнете се на тоа чувство.rn

    3. На штикли не смеете да се лизгате

    rnАко ви е штиклата лабава и не ви „лежи“ убаво на стапалото, обидете се тоа да го поправите со силиконски влошки. Тие ќе ви ги направат чевлите поудобни и ќе го спречат лизгањето на стапалото. Задолжително проверете го и ѓонот, ако е лизгав веднаш однесе ги штиклите на поправка.rn

    4. Чекорете бавно и одмерено

    rnНемојте цврсто и енергично да ги забивате петите во земја, па да ве слушаат по цела улица. Исто така внимавајте на движењето на рацете, не е убаво да изгледате како да довикувате помош. Кога сте на штикли, не брзајте! Опуштете го телото и полека, со ситни чекори движете се напред. Следете го ритамот на колковите и правилно распоредете ја тежината на телото.rn

    5. Седнете кога можете

    rn2.sovladajte-go-odenjeto-na-shtikli-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mkrnrnПланирате цела ноќ да ја поминете на штикли? Тоа звучи напорно. Затоа независно од местото и времето, седнете и одморете се. На секои 30 минути наоѓајте интересно друштво, сместете се удобно, прекрстете ги нозете и на сите покажете им ги прекрасните штикли.rn

    6. Секогаш изобилувајте со самодоверба

    rnГлавната причина поради која жената која носи штикли изгледа убаво е самодовербата. Ако немате превисоко мислење за себе, глумете дека го имате. Замислете си дека сте најубавата жена на светот и во никој случај не симнувајте ја насмевката од вашето лице.rn

    7. Вежбање, вежбање и повторно вежбање

    rnИако се чувствувате удобно додека се движите на штикли, продолжете со вежбање. Одењето на штикли можеби изгледа едноставно, но не го земајте здраво за готово. Последната работа која сакате да ви се случи е да се посрамотите пред друштвото или уште полошо – да повредите зглоб.rn

    8. Гледајте каде одите

    rnДури и на професионалните жени со високи потпетици може да им се случи незгода. Поради тоа секогаш треба да имате предвид по каква површина чекорите. Пред да зачекорите храбро, проверете дали одите по површина која е лизгава, полна со камчиња или дупки. Затоа, гледајте каде одите!rn

    9. Не одбирајте превисока штикла

    rn3.sovladajte-go-odenjeto-na-shtikli-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mkrnrnБез разлика колку многу ви се допаѓаат некои чевли, ако во нив изгледате како Бамби на мраз, тие не се вистински избор за вас. Немојте да бидете премногу амбициозни и веднаш да ги зграбите штиклите од 10 сантиметри. Пред да излезете надвор со нив, прво поносете ги дома за убаво да ги разгазите.rn

    10. Прво пета, потоа прсти

    rnВнимавајте на мекоста на чекорот. За да изгледате грациозно, прво на тлото спуштете ја петата, па потоа лесно спуштете ги прстите. Кога стапалото е цело на површина, прво подигнете ја петата, за да останете на прсти и потоа нежно зачекорете. Дури го правите тоа, замислете дека летате два метри над земја и дека никоја друга девојка не ви е на исто ниво.

  • 5 спасителни трикови за сигурно одење по мраз

    5 спасителни трикови за сигурно одење по мраз

    Одењето по мраз не е лесно за никого, но со помош на некои правила и трикови, сепак можете да ги намалите шансите за паѓање. Паѓањето на мраз може да биде многу опасно и може да резултира со повреди во грбот, скршеници, па и потрес на мозокот, а последиците може да се особено опасни за постарите лица кои имаат покревки коски. За да ја совладате техниката на одење по мраз и да избегнете сериозни последици од паѓање, придржувајте се до овие 5 правила.rnrn5-spasitelni-trikovi-za-sigurno-odenje-po-mraz-kafepauza.mkrn

    1. Ослободете ги рацете

    rnДодека одите не треба да ги држите рацете во џеб, и во никој случај не носете торби во нив. На тој начин доколку евентуално паднете, нема да можете да се потпрете на рацете.rn

    2. Чекорете малку пошироко

    rnЗа да бидете постабилни препорачливо е да одите малку пошироко. Широкиот од е постабилен, а доколку имате и некое додатно помагало како стап или чадор ќе ја намалите можноста за паѓање.rn

    3. Пробајте го трикот со исечени чорапи

    rnЗа внимателен и лесен од се советува да го направите следново: земете пар погруби чорапи, исечете им ги прстите, а потоа навлечете ги врз чевлите. На тој начин при одењето предниот дел се фиксира на подлогата и така се спречува паѓање. Оваа тактика претежно ја применуваат постари лица, но може да им биде корисна и на помладите, посебно за вечерни излегувања. Навлечете црна чорапа врз вашите чизми и така нема многу да се забележува, а трикот ќе ве поштеди од незгоден пад.rn

    4. Одете наведнати кон напред

    rnЗа дополнително да се заштитите од паѓање при одењето, би било добро телото да го наведнете малку нанапред. Тој оди е сличен на одот на пингвините, при кој силата на гравитацијата поминува низ предниот дел на нозете и на тој начин сме повешти на мразот.rn

    5. Избегнувајте спортска облека и рамни чевли

    rnПри излегување на заледена површина треба да имате на ум дека спортската облека и чизмите со мазен ѓон не се идеален избор. Погрубите ѓонови и зимските чизми во комбинација со останатите совети можат да ви го олеснат одржувањето рамнотежа по замрзнатите патишта.

  • Книга: „Приказна за господин Зомер“ – Патрик Зискинд

    Книга: „Приказна за господин Зомер“ – Патрик Зискинд

    Иако за господин Зомер не се знаеше многу, со сигурност можеше да се каже дека во круг од 60 км немаше човек, маж, жена, или дете – па дури ни куче – што не го познаваше господинот Зомер.

    rn

    1-kniga-prikazna-za-gospodin-zomer-patrik-ziskind-kafepauza.mkНаша оценка: 7

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnСо намера да внесам малку разноликост во моите рецензии, решив овој пат да ви презентирам детска книга, која во никој случај не е само детска. Поточно, може да се рече дека е приказна од детството, но не и стриктно детска книга. Може да ја читаат и деца и возрасни. Лесна е, читлива, полна со илустрации, и ќе ве поттикне да се замислите за мистериозниот и загадочен шетач, господинот Зомер.rnrnИнтересно е тоа што може да му ја дадете на вашето дете или на вашиот помал/а брат/сестра да ја прочита и потем заедно да развивате дискусии за книгата. Една ваква загадочна и кратка приказна во еден здив е совршен почеток за идните вљубеници во литературата.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn



    rnrn

    „Во времето кога јас сè уште се јазев по дрвја, во нашето село, на одвај два километри од нашата куќа, живееше еден човек по име господин Зомер. Тоа беше неговото презиме. Никој не му го знаеше името и никој не знаеше дали господин Зомер има некоја професија. Се знаеше само тоа дека госпоѓа Зомер имаше свое занимање, правеше кукли…“

    rnВо цело Долно и Горно Езерани, нема некој кој не го знае господин Зомер. Нема некој кој не чул за него, нема некој кој не го видел како неуморно оди, но нема ни некој кој знае нешто повеќе за него. Господин Зомер е вистинска мистерија. Тој неуморно шета, талка и ретко кога им зборува на луѓето. Неговата сопруга, госпоѓа Зомер прави кукли, тоа е сè што се знае за Зомерови.rnrn2-kniga-prikazna-za-gospodin-zomer-patrik-ziskind-kafepauza.mkrnrnГосподин Зомер е секогаш по патиштата. Оди од село во село небаре некој го гони, од нешто се плаши, од нешто бега. Кога децата рано изутрина одат на училиште тој свеж и расонет оди по патот, навечер кога сонцето се крие, господин Зомер продолжува неуморно да оди. Оди и ако има дожд, грмотевици, бура. Господин Зомер едноставно оди, ита кон нешто или негде. Со својот празен ранец и долг стап на кој се потпира, овој необичен господин станува дел од животот на едно мало момченце кое е на прагот на зрелите години. Дури кога малото момченце ќе престане да јази по дрвја, господинот Зомер засекогаш ќе исчезне.rnrnСо сегменти на детска и наивна младешка љубов, Зискинд на по малку необичен и интригантен начин го опишува созревањето на едно младо момче и го преточува во загадочна приказна, која иако мала и кратка, ќе ве натера да се замислите. Што се крие зад господинот Зомер, дали децата го гледаат господин Зомер со поинакви очи, од што бега таинствениот и стар господин Зомер и каква улога има тој во созревањето на момчето што ни ја раскажува приказната?rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 8 октомври 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Навика која со сигурност ќе ви го подобри квалитетот на животот! Ја практикувал и Бетовен!

    Навика која со сигурност ќе ви го подобри квалитетот на животот! Ја практикувал и Бетовен!

    Шетањето ви овозможува да ја подобрите својата креативност и да си го унапредите животот. Тоа го знаел и познатиот композитор Лудвиг Ван Бетовен. Имено, после секој ручек, тој одел на долга прошетка низ шумата. Задолжително со себе носел молив и неколку листови хартија за да би ги запишал нотите кои евентуално би му паднале на памет. Слична метода користеле и неговите колеги, великаните како Густав Малер и Бенџамин Бритн.rnrnnavika-koja-so-sigurnost-kje-vi-go-podobri-kvalitetot-na-zhivotot-ja-praktikuval-i-betoven-kafepauza.mkrnrnНаучниците од универзитетот Стенфорд докажале дека прошетката го поттикнува креативното размислување. Објаснувањето лежи во неколку факти.rnrnОдењето е најлесниот и најбезбедниот пат до добро здравје на духот и телото. Предностите од одењето се во тоа што организмот подобро функционира, врши подобра размена на материи и се внесува повеќе кислород. Телото се релаксира, а покрај благиот замор, се враќа изгубената енергија и поквалитетно се спие.rnrnСтручњаците тврдат дека овој вид активност го подобрува квалитетот на животот за 27%. Во текот на одењето доаѓа до ослободување на ендорфин, кој претставува природна дрога која предизвикува добро расположение.rnrnМеѓутоа, одењето не го подобрува само здравјето, туку го поттикнува и креативното размислување. Истражувањето објавено во Списанието за експериментална психологија покажало дека подобрувањето на креативноста под влијание на прошетките е за 60%.rnrnПешачењето исто така ни помага да останеме смирени и концентрирани и во напнатите ситуации на работа.

  • Кој хороскопски знак има најубав од?

    Кој хороскопски знак има најубав од?

    Биковите имаат силен и одмерен од, додека Раковите се движат отмено и секогаш можете да ги препознаете по чекорот.rnrnkoj-horoskopski-znak-ima-najubav-odrn

    Овен

    rnОвните се родени борци, често имаат доминантен став во друштвото, а нивната одлучност е видлива и по начинот на кој одат. Со малку арогантно држење и подигната глава, Овните често не забележуваат што се случува околу нив додека одат бидејќи се занесени во своите мисли. Заради тоа лесно се судруваат со други или се залетуваат во ѕидови, иако ни тогаш „не се тие криви“.rn

    Бик

    rnПо својата природа Биковите се големи практичари, па тие секогаш го избираат најубавиот и најдобриот пат. Тие сакаат да одат, иако тоа не може лесно да се забележи од нивното долготрајно и по малку бавно чекорење. Сепак, нивниот од не е ни малку несигурен, туку силен и одмерен.rn

    Близнаци

    rnКако што се агилни и брзи, таков е и нивниот од. Секогаш брзаат, делуваат нервозно, и во секунда можат да го сменат правецот или насоката. Не знаат да одат право. Нив најважно им е да дојдат до целта, а не како ќе пристигнат до неа.rn

    Рак

    rnРакот се движи отмено, со многу стил, како да доаѓа од кралскиот двор. Со тоа промислено движење ја крие својата внатрешна нервоза.rn

    Лав

    rnВложува доста енергија да делува самоуверено и атрактивно, а со одењето исто така сака да остави трага зад себе. Ако помисли дека некој го гледа, ќе го забави чекорот и по малку ќе почне да се прчи. Она што е интересно е дека Лавовите се едни од најбавните пешачки патници во хороскопот, иако се способни да истрчаат најбрзо.rn

    Девица

    rnСталоженоста е фасада за припадниците на овој знак, а така најчесто оди секоја вистинска девица. Притоа изгледаат како да ги одмеруваат чекорите и одат без цел, иако тоа не е така. Девицата ќе брза единствено ако доцни.rn

    Вага

    rnВагата оди како на модна писта. Сака сите да се вртат по неа, ако не заради друго, барем заради начинот на кој оди. Лесно е да ја препознаете бидејќи и машките и женските припадници на овој знак делуваат како да не брзаат, набљудувајќи ги сите луѓе околу себе и застанувајќи пред секој излог.rn

    Скорпија

    rnСекогаш одат со подигната глава, но не обрнуваат премногу внимание на нивната околина. Не дека не ја доживуваат, туку не сакаат да му придаваат значење на некој кој тоа не го заслужува. Имаат долг чекор и за нив со сигурност може да се каже дека се прваци во брзото одење.rn

    Стрелец

    rnАко се во добра фаза, ќе потскокнуваат од среќа додека се движат по улица, но доколку ги совладале некои тешки мисли тие нема да го забават темпото туку само ќе ја наведнат главата и ќе си бидат во некој свој свет. Најчесто брзаат бидејќи имаат испланирано уште 10 работи кои мора да ги завршат.rn

    Јарец

    rnЈарецот не престанува да гледа околу себе. Иако припадниците на овој знак на прв поглед делуваат бавно, ако го набљудувате нивниот од ќе се изненадите. Тие одат бидејќи мораат за да стигнат од точката А до точката Б, а ретко се шетаат за да се опуштат. Нивните чекори се прецизни, а најмногу внимание посветуваат на забележување на сите луѓе кои се наоѓаат околу нив.rn

    Водолија

    rnИмаат многу брзи рефлекси, но несмасни се. Така, тие први ќе паднат од скалите, но ќе се сопнат и на рамен пат. Постојано одат, но секогаш со различна брзина, а чекорите им се најчесто кратки.rn

    Риби

    rnФантазерските Риби обожаваат да одат, тоа е нивниот најдобар начин на опуштање. Сепак, нешто во нивниот чекор ги издвојува од другите. Ако внимателно ги набљудувате, ќе забележите дека нивните стапала секогаш се многу близу. Тие ситни чекори создаваат впечаток на од на сирена, како да им се нозете меѓусебно поврзани.

  • Инспиративна приказна за првите чекори на едно мало девојче

    Инспиративна приказна за првите чекори на едно мало девојче

    Сите родители се возбудени кога ќе ги видат првите чекори на своето дете, но сигурно не онолку колку што биле Мишел и Тим Нејгел. Парот од Coeur d’Alene, Ајдахо составиле краток филм наречен „Не се откажувајте“ во кој е опишана борбата на нивната 5-годишна ќерка во процесот на учење да оди откако ѝ било дијагнозирано ретко хромозомско нарушување.rnrnИнспиративна приказна за првите чекори на едно мало девојчеrnrnНејгелови првпат забележале дека нешто не е во ред со Идн кога имала само 6 месеци. Таа воопшто не се ни обидувала да ползи, имала проблеми со видот и многу тешко ѝ било да ја држи главата подигната нагоре. По посета на доктор, тие дознале дека таа страда од Двејнов синдром кој влијае врз нејзиниот вид така што ја лишува од периферниот вид. И за работите да бидат од лоши полоши, тие откриле дека таа има и недостаток во нејзиниот прв хромозом кој предизвикува проблеми во развојот. Докторите не биле сигурни дали Идн ќе биде доволно силна некогаш да може да оди сама.rnrnrnrnНо, тоа не ги спречило Нејгелови да ја задржат надежта. Кога нивната ќерка имала само 8 месеци, таа почнала со физикална терапија. И никогаш да не проодеше, ќе беше во ред, велат тие во видеото. Најважното нешто за нас е да биде среќна и сакана.“ Семејството го добило својот најголем подарок едно Божиќно утро кога таа имала 2 години. Идн за првпат можела да ползи. Кога видовме дека ползи, бевме пресреќни, вели Мишел. Бевме целосно вчудовидени од нејзината упорност. Таа продолжила со физикалната терапија и на 4-годишна возраст се случило невозможното, ги направила своите први самостојни чекори.rnrnИнспиративна приказна за првите чекори на едно мало девојче
    rn

    „Бевме без зборови и солзите сами ни надоаѓаа,“ вели Мишел. „Не бев сигурна дали некогаш ќе ја видам како оди сама, но во моментот кога тоа се случи, ја прегрнав силно и заедно славевме, се смеевме и плачевме.“

    rnМишел која работи како фотограф на настани, составила кратко инспиративно видео за патот на Идн со цел да ги охрабри никогаш да не се откажат сите оние кои се борат со било какви потешкотии.rnrnИдн која ќе наполни 6 години на 24 април, денес може да оди па дури и да трча сама. Таа сѐ уште се бори со одржувањето на рамнотежа и со нејзиниот говор, но е на добар пат до успех.rn
    rn

    „Овие денови таа ни бара забави со танцување пред спиење,“ вели Мишел. „Нашето девојче кое еднаш едвај седеше исправено сама, денес бара да танцува околу дневната соба. Јас секогаш ќе велам ‘да’ за танцова забава. Секогаш.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 причини да чекорите боси по жар

    4 причини да чекорите боси по жар

    Босоногото чекорење по жар е една од најоткачените работи што човек може да ги направи. Подразбира поминување по тепих од врела жар долг до три метри, кое трае само неколку секунди, пред нозете да се стават во студена вода за да се изладат. Оние кои го направиле тоа не жалат за нивната постапка, туку напротив, ги даваат овие четири причини зошто и вие би требало да го сторите тоа.rnrn4 причини зошто да чекорите боси по жарrn

    Ја тестира подготвеноста да се соочите со огромен страв

    rnСамата помисла да ги изложите вашите стапала на екстремно висока температура која евентуално може да доведе до изгореници е доволна да му внесе страв в коски на секој кој ќе помисли да го направи тоа. Сепак, пребродувањето на овој страв завршува со неверојатно адреналинско искуство. Ќе се тестирате себеси дали навистина сте спремни да го надминете стравот и да се впуштите во ваква авантура или ќе се повлечете.rnrn

    Нема баш да се изгорите

    rnПовеќе ќе ве „изгори“ умот, отколку жарот. Оние кои чекорат по жар немаат големи изгореници како што некој кој гледа отстрана би можел да помисли. Никој не знае зошто изгорениците не се случуваат, но во секој случај добро е да го знаете тоа ако имате намера да направите нешто вакво.rnrn

    Ќе се изненадите од вашето тело

    rnОткако ќе ги изодите оние 2-3 метри од оган, па ќе си ги изладите нозете и сѐ ќе изгледа како да е во ред, ќе бидете изненадени од тоа што вашето тело е способно да издржи. Потоа веројатно ќе се прашувате на каков друг ризик би можеле да го изложите, ако тоа на крај резултира со адреналин.rnrn

    Можеби ќе имате мали белези кои раскажуваат приказна

    rnАко евентуално ви се појави некој белег на стапалото како последица од овој чин, барем ќe имате траг кој со себе ќе ја носи приказната за денот кога сте биле доволно луди и храбри за да чекорите по жар. А вие секако би сакале да ја раскажувате таа приказна.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите градови за шетање пешки

    Најубавите градови за шетање пешки

    Секој град си има своја убавина и карактеристики специфични за него. Некој е бучен и брз, друг мирен и спокоен, во некој се создава голема гужва од автомобили, во друг главно превозно средство се велосипедите. Сепак за туристите најважно e кои градови се најубави за шетање на нога.rnrnГрадовите кои се наоѓаат на оваа листа се вистински рај за прошетки, благодарение на соодветната инфраструктура, како и историските и модерните чуда кои оставаат без зборови. Сѐ што ви е потребно, се само еден пар удобни чевли и спремни сте за ново искуство и доживување.rnrn

    Најубавите градови за шетање пешки
    Фиренца, Италија
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Париз, Франција
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Буенос Аирес, Аргентина
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Питсбург, Пенсилванија, САД
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Дубровник, Хрватска
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Њујорк, САД
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Единбург, Шкотска
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Ванкувер, Канада
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Минхен, Германија
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Сиднеј, Австралија
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Амстердам, Холандија
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Венеција, Италија
    rnrn
    Истанбул, Турција
    Истанбул, Турција
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Будимпешта, Унгарија
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Барселона, Шпанија
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Виена, Австрија
    rnrn
    Најубавите градови за шетање пешки
    Прага, Чешка
    rnrn
    Рим, Италија
    Рим, Италија

  • Неверојатна мачка подучува бебе да оди

    Неверојатна мачка подучува бебе да оди

    Моментот кога бебето првпат ќе прооди е неизмерна радост за родителите. Но, воедно подразбира и повеќе внимание од нивна страна, бидејќи тоа веќе нема да седи мирно во креветчето, туку ќе се обидува да оди и честопати ќе паѓа. Неверојатна мачка го подучува бебето како да одиДобрата вест е дека грижите ќе им бидат значително помали, доколку низ дома имаат ваква мачка-тутор, која ефикасно ќе го подучи бебето да оди, без нивна помош. :)rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn