КАФЕ ПАУЗА

Tag: оброци

  • Добриот тајминг на оброците може да ви помогне да се изборите со вишокот килограми!

    Добриот тајминг на оброците може да ви помогне да се изборите со вишокот килограми!

    Добриот тајминг на оброците, заедно со конзистентната и урамнотежена исхрана, може да ви помогнат да се изборите со вишокот килограми. Сепак, многу е тешко да се организираат оброци во точно време.rnrnДобриот тајминг на оброците може да ви помогне да се изборите со вишокот килограми!rnrnНауката продолжува да покажува дека тајмингот на оброците може да влијае на нашите цели за слабеење, а ноќните оброци можат особено да го отежнат слабеењето.rnrnЕдно мало истражување открило дека оние кои вечерале во 21 часот во споредба со оние кои јаделе во 18 часот, имале повисоки нивоа на гликоза во крвта следното утро. Друга студија покажала дека јадењето подоцна навечер може да влијае на вашето губење на тежината бидејќи способноста на вашето тело да согорува калории може да биде помала во текот на ноќта отколку во остатокот од денот.rnrnНајновите истражувања покажале дека подоцнежните оброци го зголемуваат чувството на глад, а истовремено ја намалуваат количината на енергија потрошена додека сте будни.rnrnВсушност, јадењето четири часа подоцна од вообичаеното влијае на нивото на вашиот апетит и на брзината со која согорувате калории, како и на складирањето маснотии и потенцијалното губење на тежината.rnrnРезултатите од оваа студија покажуваат колку е важно да одржувате стабилна метаболичка стапка така што ќе консумирате оброци во редовни интервали. Редовен интервал помеѓу оброците од три до четири часа е идеален за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.rnrnОсвен тоа, подоцнежните оброци можат да влијаат врз природната функција на хормоните на телото и може да придонесе за зголемен глад и апетит, а со тоа и да доведе до зголемување на телесната тежина.rnrnСекој човек има различна стапка на метаболизам и има потреба од различен дневен внес на калории и сооднос на макронутриенти. Покрај правилното распоредување на оброците, најдобриот начин за слабеење (или спречување на ризикот од дебелина) е добро балансираната исхрана во редовни, постојани интервали.rnrnОткако прочитавте за правилното распоредување на оброците, можеби ќе сакате да прочитате и како прескокнувањето оброци може да му влијае на организмот.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Уметница создава „превкусни“ минијатурни изработки

    Уметница создава „превкусни“ минијатурни изработки

    Добро развиеното чувство за детали раѓа неверојатни минијатурни дела како што се овие разновидни оброци изработени од Kimberly Burke изработени во размер 1:12. Што има на денешното мени?rnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnУметница создава „превкусни“ минијатурни изработкиrnrnОткако ги погледнавте овие неверојатни изработки, можеби ќе сакате да погледнете и како италијански слаткар создава минијатурни светови направени од десерти.rnrnИзвор: designyoutrust.com

  • Што се случува со организмот кога јадете само еднаш во текот на денот?

    Што се случува со организмот кога јадете само еднаш во текот на денот?

    Некои луѓе сметаат дека еден оброк дневно е доволен за непречено функционирање на телото. Но, доколку тоа премине во навика, може да доведе до зголемување на телесната тежина, нестабилно ниво на шеќерот во крвта, главоболки и други проблеми. Во продолжение прочитајте кои ефекти може да ги предизвика оваа нездрава навика.rnrnШто се случува со организмот кога јадете само еднаш во текот на денот?rn

    Зголемување на телесната тежина

    rnКога ги прескокнувате оброците, вашето тело гладува. Тоа значи дека му снемуваат залихи, а неговиот метаболизам станува бавен. Таквата ситуација може лесно да доведе до зголемување на масните наслаги.rn

    Осцилација на шеќерот во крвта

    rnПрескокнувањето оброци во текот на денот може да доведе и до промена во нивото на шеќер во крвта. Една од честите појави е хипогликемија или низок шеќер во крвта која може да биде опасна по живот.rn

    Недостаток на хранливи материи

    rnАко јадете само еднаш дневно тоа може да значи и дека не внесувате доволно хранливи материи. Тоа може да доведе до недостаток на витамини и минерали, но и недостатокот на протеини, јаглени хидрати или масти може исто така да доведе до проблеми.rn

    Главоболка

    rnГлавоболката може да се јави како резултат на нестабилното ниво на шеќерот во крвта или недостаток на хранливи материи.rn

    Нездрава храна

    rnДоколку имате само еден оброк во текот на денот голема е веројатноста дека е нездрав и калоричен.rn

    Зиморливост

    rnКога вашето тело гладува во организмот настануваат промени во однос на циркулацијата на крвта. тоа најчесто се манифестира со настинка.rnrnЗа да ги спречите овие несакани ефекти, доволно е да се храните со здрави и квалитетни оброци во текот на денот. На тој начин ќе му обезбедите на телото сè што му е потребно за нормално функционирање.rnrnОткако прочитавте што се случува во вашиот организам со само еден оброк во текот на денот, можеби ќе сакате да прочитате и нашите идеи за брз и здрав појадок.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Мали трикови за брзо подготвување оброци

    Мали трикови за брзо подготвување оброци

    За полесно да го излупите лукот, загрејте го десет секунди во микробранова печка, а варените јајца ставете ги во ладна вода и полесно ќе ги излупите.rnrnМали трикови за брзо подготвување оброциrn

    Трикови со кромид и лук

    rnАко сечете кромид, сечкајте го од коренот, кој на крајот го отстраните. На овој начин, деловите што ќе ги сечете нема да се одделат, а очите ќе ви се солзат помалку. Можете да го ставите лукот во пластична кеса и да го изгмечите со нож. На тој начин, и таблата и ножот ќе останат чисти. За да спречите лизгање на зеленчукот што го сечете на таблата, посипете малку сол на неа.rn

    Брзо одмрзнување на месото

    rnАко на вратата ви се појават ненајавени гости и немате време да го одмрзнете месото, микробрановата печка ќе ви помогне. Месото, зеленчукот или замрзнатата риба ќе се одмрзнат за многу кратко време.rn

    Брзо лупење на компирите

    rnЗа да не се мачите да лупите поголема количина компири, едноставно исечете ја кората околу средината на секој компир и ставете ги да се варат. Кога ќе бидат готови, кората сама ќе се лизне од нив.rn

    Полесно сечење на зеленчукот

    rnЗа да ги исечете овошјето и зеленчукот колку што е можно побрзо, ставете ги во замрзнувач еден час пред да готвите. За да спречите лепење на зеленчукот и на овошјето кога ќе ги сечете, намрсете го ножот.rn

    Потенко месо

    rnАко побарате од месарот да ви го пресече пилешкото на половина, ќе го скратите печењето за околу 15 минути.rn

    Миење на рендето

    rnПремачкајте го рендето со малку масло пред употреба и сирењето и другата леплива храна ќе се измијат без никакви проблеми. Откако ќе изрендате мрсно сирење, можете да рендате компири. Потоа, послесно ќе можете да го измиете рендето.rn

    Замрзнување

    rnЕднаш или двапати неделно, сечете поголеми количини зеленчук и замрзнете ги во садови или во вреќи за замрзнување и потоа само извадете ги и додајте ги во супи и сосови. Истото можете да го направите и со свежи зачини, како магдонос или анасон. Исечкајте ги зачините и ставете ги во замрзнувач и додајте ги малку пред крајот на готвењето.rn

    Чисти плодови без мака

    rnНајдобар начин за миење на овошјето и на зеленчукот е да го наполните мијалникот со ладна вода и да додадете чаша бел оцет, лажица сода бикарбона и сок од половина лимон. Оставете ги пет минути. Потоа, повеќето зеленчуци можете да јадете заедно со кората и нема да потрошите време за лупење.rn

    Полесно лупење

    rnЈадењата од домати ќе бидат полесно сварливи ако ги излупите пред подготовката. Најлесен начин да го направите ова е да зовриете вода во тенџере и да ги натопите доматите. По пет секунди (не подолго, за да не зовријат доматите), пренесете го сад со колку што е можно поладна вода.rnrnОткако доматите ќе се оладат, исечете ја лушпата околу неговиот центар со нож. Горната и долната половина на лушпата ќе можете да ги одделите со едно движење. Истото можете да го направите и со праските.rn

    Проверка на тесто

    rnТестото е многу важно за совршена пица. Ќе знаете дали добро го замесивте тестото за пица ако одвоите парчето од кое ќе направите топче и ќе го истегнете со вртење во сите насоки, додека средината не стане тенка како хартијата без дупки и грутки. Ако ова не успее, тестото треба да се меси уште неколку минути.rnrnПогледнете ги и овие 10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот.

  • Брза помош за неуспешни оброци и десерти: Овие 10 кулинарски трикови ќе го спасат секое јадење

    Брза помош за неуспешни оброци и десерти: Овие 10 кулинарски трикови ќе го спасат секое јадење

    Колку пати ви се случило нешто да пропуштите додека готвите, па да добиете препечен или премногу солен оброк? Во такви случаи, совети на искусните готвачи ќе ви помогнат да го вратите во живот лошо зготвениот оброк.rnrnБрза помош за неуспешни оброци и десерти: Овие 10 кулинарски трикови ќе го спасат секое јадењеrnrn1. Ако имате проблем со подготовката на десеротот, премачкајте ги бисквитите со џем од кајсија пред да ја додадете глазурата.rnrn2. Ако лебот е препечен, отстранете ги краевите, истружете ги со нож и истријте го лебот со лук. Ова ќе ја подобри аромата и ќе ги направи топлите сендвичи уште повкусни.rnrn3. Ако јадењето е премногу солено, ставете незготвени тестенини или компири во супата и извадете ги по десет минути.rnrn4. Супите, чорбите и сосот можете да ги направите погусти со додавање запршка или бешамел сос. Исто така, може да додадете лебни трошки или густин измешан со малку вода.rnrn5. Заплетканите шпагети оставете ги да се изладат, а потоа загрејте ги во тава со путер или масло и мешајте бавно.rnrn6. Благиот вкус намалете го со лимон, вински оцет или домат.rnrn7. Стариот леб попрскајте го со вода и млеко и загрејте го во микробранова печка.rnrn8. Премногу киселата салата исплакнете ја во вода, а преливот за салата разблажете го со малку сода бикарбона или со една лажичка шеќер.rnrn9. Мразот или ладната вода ќе ви помогнат ако ги преварите тестенините.rnrn10. Исцедете ги тестенините и ставете во вода со мраз за да го прекинете готвењето. Потоа загрејте ги во сос од домати. На тој начин, киселината ќе ги стврдне тестенините.rnrnПогледнете ги и овие 7 едноставни трикови со чија помош ќе го олесните вашето работење во кујната.

  • Овие 5 јадења се највкусни кога ги готвите со путер, но има и оброци што путерот може да ги уништи

    Овие 5 јадења се највкусни кога ги готвите со путер, но има и оброци што путерот може да ги уништи

    Путерот им е омилен намаз на многумина, а исто така и дел од состојките потребни за колачи и за печива. Богатиот вкус што им го дава на некои јадења е незаменлив. Сепак, во некои рецепти не го дава посакуваниот вкус. Поради тоа, откријте кога треба да користите путер, а кога не.rnrnОвие 5 јадења се највкусни кога ги готвите со путер, но има и оброци што путерот може да ги уништиrn

    1. Колачи

    rnПутерот е секогаш одличен избор кога подготвувате колачи. Неговиот вкус дава чувство на богат и раскошен десерт. Десертите направени со маргарин имаат полесна текстура заради поголемиот удел на водата, а и вкусот е различен.rn

    2. Сосови

    rnФранцуската кујна подразбира вметнување парче ладен путер во сосот или во супата на крајот на готвењето. На тој начин, јадењето ќе има богат вкус и сето тоа со минимален напор.rnrnСтавете путер и кога правите сос од домати. Иако на почетокот не изгледа дека двете состојки одат заедно, резултатот е божествен.rn

    3. Лиснато тесто

    rnЗа совршеното лиснато тесто треба да му се заблагодарите на путерот.rnrnПутерот се состои претежно од маснотии, но има и малку вода.rnrnАко е ладен кога ќе го ставите во рерната, водата брзо ќе произведе пареа што ќе остане заробена во тестото, а тоа ќе резултира со меки кроасани или колачи.rnrnЛиснатото тесто мора да се излади пред печење.rn

    4. Крем за украсување торта

    rnКремот за украсување е направен од путер и е готов за само 10 минути.rnrnПотребни состојки:rn

      rn 011

    • 125 грама мек путер (не растопен)
    • rn 011

    • 200 грама шеќер во прав
    • rn 011

    • 3 лажици млеко
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrnИзмешајте ги путерот и шеќерот, а потоа додајте го млекото и мешајте уште малку.rn

    5. Кафеав сос

    rnЗагрејте го путерот во тава на средна температура додека не добие светлокафена боја.rnrnСо овој сос можете да ги прелиете равиолите или варениот зеленчук, а ако го пржите со презла, ќе добиете уште побогат додаток што можете да го употребувате со зеленчук зготвен на пареа, на пример брокула. Путерот подготвен на овој начин лесно може да се додаде во кој било рецепт што вклучува путер.rnrnОвие јадења во никој случај не треба да ги готвите со путер:rn

    1. Пржено месо

    rnСекој вид мрснотија на одредена температура почнува да гори. Во овој случај, температурата на путерот е релативно ниска, па затоа е подобро да користите некои други мрснотии ако печете месо, стек или пилешки гради.rn

    2. Тортиљи

    rnАко сами ги печете тортиљите, треба да имате свинска маст во фрижидерот.rnrnАко ги готвите со путер, водата што ја содржи ќе расипе сè. Маста има совршена конзистентност и неутрален вкус, па тортиљите ќе бидат совршени.rn

    3. Печен компир

    rnНе печете компири во путер бидејќи тие ќе бидат недопечени, без цврста кора.rnrnМаслото е добра опција во овој случај бидејќи ги прави компирите крцкави.rnrnПрочитајте кои 9 намирници треба да ги јадете за време на постот за јак имунитет.

  • Мајка открила одличен начин да го натера син ѝ да јаде здрава храна

    Мајка открила одличен начин да го натера син ѝ да јаде здрава храна

    Една жена од Мелбурн, Лале Мохамеди, добила навистина оригинална идеја за да го натера нејзиниот 3-годишен син да се храни здраво. Таа почнала да ја претвора здравата храна во неговите омилени херои од книгите. Денес, рецептите на Лале ги користат многу родители, а децата со задоволство ги јадат оброците.rnrnМајка открила одличен начин да го натера син ѝ да јаде здрава хранаrnrnСтраницата на Лале денес има дури 170.000 следбеници, а помеѓу нив е и познатиот Џејми Оливер. Сè започнало со мал експеримент во кујната. Лале решила да му направи оброк на нејзиниот син Џејкоб кој изгледал како лик од цртан филм.rnrnМајка открила одличен начин да го натера син ѝ да јаде здрава хранаrnrnЏејкоб толку многу се израдувал, што Лале решила да продолжи со овие креативни рецепти. Почнала да ги објавува нејзините вкусни ремек-дела на Фејсбук и веднаш добила многу добри комплименти.rn

    „Пријателите ми рекоа дека требало да направам Инстаграм профил, но во моментот не знаев што се хаштагови, лајкови и следбеници…“

    rnМајка открила одличен начин да го натера син ѝ да јаде здрава хранаrnrnСамо една година подоцна, Лале веќе ја раскажала нејзината приказна во многу медиуми и телевизиски шоуа.rn

    „Не знам како толку мало хоби ме направи толку популарна. Ме воодушевува и денес.“

    rnМајка открила одличен начин да го натера син ѝ да јаде здрава хранаrnrnХраната на Лале е вистински фестивал на чинија. Таа умешно изработува ликови од цртани филмови, икони од поп културата како Дејвид Боуви и Мајкл Џексон, но и чудни суштества од нејзината фантазија.rnrnМајка открила одличен начин да го натера син ѝ да јаде здрава хранаrnrnСите ликови на Лале не само што изгледаат како оригиналот, туку се направени од здрава храна. Најчесто работи со едноставни хранливи состојки како зелка, лосос и житарици. Често користи свеж сок од зелка за да ја направи храната зелена, или употребува неколку капки јаболков оцет за да ја направи виолетовата зелка розова.

  • 8 предлози за едноставна и здрава вечера

    8 предлози за едноставна и здрава вечера

    Голема е веројатноста дека секоја вечер се двоумите што да јадете, дали она што го сакате, или она што би требало. Не знаете дали да готвите, или повторно да порачате нешто за да ви биде поедноставно. Но, нема потреба вечерата да ви претставува толкав проблем. Погледнете ги овие предлози за здрава и едноставна вечера што сигурно ќе ви се допаднат.rn

    1. Пржен зеленчук

    rn8 предлози за едноставна и здрава вечераrnrnШто е полесно од порачувањето пица? Да соберете неколку состојки, да ги исечкате и да ги испржите. Овој оброк е навистина едноставен и во него можете да ставите секаков зеленчук, протеини и храна богата со хранливи материи, да ги измешате и да направите вкусна вечера без многу напор.rnrnДоброто е што пржениот зеленчук можете да го приготвите на безброј начини и можете да користите намирници што веќе ги имате дома. Доколку се двоумите за состојките, ставете зеленчук по ваш вкус, здраво масло како кокосовото и протеин.rnrnВреме за подготовка: 10-15 минутиrn

    2. Пица со домати и босилек

    rn8 предлози за едноставна и здрава вечераrnrnЗа повеќето луѓе, пицата е оброк што се порачува кога навистина ги мрзи да готват. Но со вистинските состојки и пицата може да биде здрава. За најбрзата верзија, купете готово тесто од пица и ставете го во рерната. Оставете го да се пече 10 до 15 минути, односно додека не добие златно кафеава боја. Потоа можете да ставите сос од домати и босилек, неколку парчиња свеж домат, свеж босилек, козјо сирење и маслинки.rnrnВреме за подготовка: 15 минутиrn

    3. Смуди од овошје и зеленчук

    rn8 предлози за едноставна и здрава вечераrnrnСмудињата се навистина лесни за подготовка и се едни од најздравите оброци. Во нив можете да додадете храна богата со хранливи материи, а вкусот сепак ќе биде одличен. Можеби нема да сакате да вечерате смуди, но доколку внимавате на вашата тежина или вежбате пред спиење, ова е најдобриот оброк за вас.rnrnИ овде имате безброј опции, а некои од најкористените намирници за смуди се брокули, краставица и морков, а од овошје јаболка, портокали, грозје, грејпфрут, боровинки и јагоди.rnrnВреме за подготовка: 5-10 минутиrn

    4. Чинија за појадок

    rn8 предлози за едноставна и здрава вечераrnrnЗошто за вечера да не јадете нешто што би го консумирале наутро? Се разбира, овде не станува збор за пржени јајца или палачинки. Повторно можете да направите смуди, но овој пат само со овошје. Потоа ставете го во чинија и додајте гранола, кокос, банана, јагоди, боровинки или што и да е што ви се допаѓа.rnrnВреме за подготовка: 5-10 минутиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 12 смртоносни оброци кои луѓето низ светот сакаат да ги јадат

    12 смртоносни оброци кои луѓето низ светот сакаат да ги јадат

    Некои луѓе навистина уживаат во храната со чуден мирис и необичен вкус. Други пак сакаат да јадат храна што понекогаш може да биде и смртоносна. Дали и вие спаѓате во некоја од овие категории? Погледнете ја следнава листа „опасна“ храна што малкумина се осмелуваат да ја пробаат.rn

    1. Карамбола

    rn(1)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mkrnrnНа прв поглед ова овошје изгледа безопасно, па дури и здраво бидејќи содржи многу витамин Ц. Но, луѓето со гастритис подобро е да го избегнуваат бидејќи е премногу кисело. И здравите индивидуи не треба да претеруваат со консумирање бидејќи може да предизвика проблеми со бубрезите.rn

    2. Фсих

    rn(2)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mkrnrnОвој египетски деликатес е ферментирана риба. Иако ова јадење е традиционално, здравствените организации препорачуваат дека последиците може да бидат смртоносни.rn

    3. Жаба-бик

    rn(3)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mkrnrnОваа голема жаба е деликатес во африканската и азиската кујна. Кога е правилно подготвена, жабата не е опасна. Но, нејзините органи и кожа се отровни.rn

    4. Фугу

    rn(4)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mkrnrnРибата која се користи за овој специјалитет содржи големо количество од отровот тетротоксин. Готвачите поминуваат низ посебна обука за да научат како правилно да ги отстранат отровните делови, но и ова не ви дава целосна сигурност бидејќи секоја година од него умираат по неколку луѓе во Јапонија.rn

    5. Касу Марцу

    rn(5)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mkrnrnБуквалниот превод значи „скапано сирење“, а всушност и за тоа станува збор. Ларвите наводно му даваат неверојатен вкус на сирењето. Сепак, ова сирење може да предизвика многу алергиски реакции, труење, како и инфекција со ларви.rn

    6. Пангиум едуле

    rn(6)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mkrnrnОва не е ни овошје, ни јаткаст плод. Всушност ова е семката од дрвото келуак која многу се користи во Јужна Азија. Семките содржат хидроген цијанид. За да се подготват за јадење, тие се зовриваат во вода, а потоа се закопуваат во пепел и листови од банана и се оставаат 40 дена.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 6 причини зошто треба однапред да си ги планирате и подготвувате оброците

    6 причини зошто треба однапред да си ги планирате и подготвувате оброците

    Однапред планираните оброци не се корисни само за бодибилдерите, спортистите и луѓето што внимаваат на нивните килограми. Овој начин на исхрана има придобивки за сите луѓе, бидејќи така можете да контролирате што јадете и како се чувствувате. Можете однапред да ги подготвувате оброците за целиот ден, па дури и за цела недела. Прочитајте зошто ова ќе биде корисно за вас без оглед на тоа колку години имате и што работите…rnrn6 причини зошто треба однапред да си ги планирате и подготвувате оброцитеrn

    1. Подобро ќе се храните

    rnНа овој начин вие одлучувате какви ќе ви бидат оброците. Сите луѓе сакаат да се хранат здраво и да одбегнуваат брза храна кога доаѓа време за ужина и мора да најдете нешто што веднаш ќе ви го задоволи гладот. По долгиот напорен ден сигурно не ви ни паѓа на памет да поминете цел час во подготвување здрав оброк. Но, доколку јадењето ви е веќе готово, нема да имате никаков проблем да го направите правилниот избор.rn

    2. Ќе заштедите пари

    rnВистина е тоа дека ќе потрошите малку повеќе кога ќе отидете да пазарите за цела недела однапред, но во текот на неделата воопшто нема да имате потреба дополнително да излегувате до продавница или супермаркет. На подолг рок ќе забележите дека почнувате да заштедувате пари, а има ли нешто подобро од тоа?rn

    3. Ќе го решите вашиот „проблематичен“ оброк

    rnПовеќето луѓе имаат барем еден проблематичен оброк во текот на денот. Станува збор за оброкот за кој немате ниту време ниту волја. За некои тоа е вечерата кога по долгиот напорен ден ќе стигнат дома и наместо да готват ќе решат да нарачаат нешто. За други тоа е ручекот за кој немаат повеќе од 15 минути. За дел од луѓето станува збор за појадокот кога одвај отвораат очи, а не, пак, да подготвуваат здрав појадок. Однапред планираните и подготвените оброци ќе ве натераат да правите здрав избор на храна, а со тоа ќе почнете да донесувате и подобри животни одлуки.rnrn6 причини зошто треба однапред да си ги планирате и подготвувате оброцитеrn

    4. Сѐ ќе ви биде полесно

    rnНајголемата придобивка што ќе ја добиете нема да бидат заштедените пари или изгубените килограми, туку тоа што воопшто нема да размислувате за тоа што ќе јадете. Само ќе треба да го подгреете веќе подготвениот оброк и да уживате.rn

    5. Однапред подготвените оброци ќе ве поттикнат да донесувате подобри животни одлуки

    rnКога ќе почнете однапред да ги планирате и подготвувате вашите оброци, вашиот живот значително ќе се подобри. Тоа е така затоа што ќе јадете според некој план, а не според вашата ненаситност и стрвост. Оваа позитивна промена ќе влијае на сите сегменти од вашиот живот. Ќе пиете повеќе вода. Ќе имате мотивација за вежбање. Наутро ќе станувате малку порано и ќе бидете попозитивни. Дали однапред подготвените оброци ќе ве натераат со танцување да излезете од дома во 6 часот наутро? Веројатно не, но ќе ве уверат дека можете да донесувате правилни одлуки и да се држите до нив.rn

    6. Ќе заштедите време

    rnБлагодарение на однапред подготвените оброци ќе можете да јадете секогаш кога ќе почувствувате глад. Можеби помислата на тоа дека треба однапред да испланирате 21 оброк за цела недела ве ужасува, но размислете само колку време ќе заштедите не само со тоа што нема да мора да одлучувате што да јадете, туку и со тоа што нема да мора цело време да готвите. Ова заштедено време ќе можете да го искористите за многу продуктивни работи, како на пример вежбање, некое ново хоби или одморање.rnrnМожеби на почеток ќе ви биде тешко да направите план на оброците за цела недела, но по некое време тоа ќе ви прејде во навика и ќе почнете да ги забележувате сите значителни придобивки. Размислете за оваа идеја и не двоумете се дали да ја направите оваа позитивна промена во вашиот живот.