КАФЕ ПАУЗА

Tag: неверство

  • Како се однесува секој хороскопски знак откако ќе ве изневери?

    Како се однесува секој хороскопски знак откако ќе ве изневери?

    Изневерувањето ја разнишува довербата во секоја врска, а најчесто води и до раскинување. Во продолжение прочитајте како се однесуваат хороскопските знаци откако ќе ве изневерат.rnrnКако се однесува секој хороскопски знак откако ќе ве изневери?rn

    Овен

    rnЌе се обиде да ве обвини вас дека вие сте го натерале да ве изневери.rn

    Бик

    rnЌе ве опсипе со подароци и чоколада за да заработи прошка.rn

    Близнаци

    rnЌе ја обвинат личноста со која изневерувале и ќе се однесуваат како тие да не се виновни.rn

    Рак

    rnЌе почне да плаче и ќе ве моли да не го оставате.rn

    Лав

    rnЌе продолжи да лаже за она што го сторил иако бил откриен.rn

    Девица

    rnЌе ги обвини своите поранешни партнери, родителите или некој друг проблем од минатото за тоа што упропастила сè.rn

    Вага

    rnЌе ви кажува мелодраматична приказна дека изневерувала затоа што се чувствувала несигурно.rn

    Скорпија

    rnЌе се заколне дека никогаш нема да се случи тоа повторно и постојано нагласува дека не сака да ве изгуби.rn

    Стрелец

    rnЌе измисли комплицирано објаснување за своето однесување што нема никаква смисла.rn

    Јарец

    rnЌе одговори на сите ваши прашања и целосно ќе преземе одговорност за тоа што го направил.rn

    Водолија

    rnЌе ви дозволи да го проверувате нејзиниот телефон и да ги читате нејзините пораки за да се чувствувате посигурно.rn

    Риби

    rnЌе раскинат со вас затоа што сте вознемирени.rnrnПрочитајте поради кои негативни карактеристики на вашиот хороскопски знак може да ве напушти партнерот.

  • Ако партнерот ви го постави ова прашање, голема е веројатноста дека ве изневерува

    Ако партнерот ви го постави ова прашање, голема е веројатноста дека ве изневерува

    Кога сте во врска, последната работа што сакате да ви се случи е да дознаете дека личноста што ја сакате ве изневерила. Но, неверството е честа појава во денешните односи. Всушност, според едно истражување во кое биле опфатени над 1.300 испитаници, 41% од луѓето го изневериле својот партнер, а 64% од испитаниците биле изневерени.rnrnАко партнерот ви го постави ова прашање, голема е веројатноста дека ве изневеруваrnrnСамо едно брзо пребарување на Интернет зошто луѓето изневеруваат ќе ви донесе милиони резултати.rnrnКонечниот одговор, се разбира, е субјективен. Тоа варира од врска до врска, така што причината поради која некој ве изневерува можеби не е истата причина поради која вашата најдобра пријателка го изневерувала своето момче.rnrnНекои луѓе имаат прилично површни причини за изневерување. На пример, едно истражување од 2018 открива дека 52% од тие што изневериле сметале дека нивниот партнер не бил во доволно добра форма, а некои изневеруваат затоа што не го добивале потребното внимание од својот партнер.rnrnКоја и да е причината за неверство, постојат некои знаци што може да ви откријат дека партнерот ве изневерува. Сепак, ако навреме откриете дека партнерот би можел да ве изневери, потрудете да ги преземете потребните чекори за да го спречите неверството.rnrnНајголемото навестување честопати се појавува во форма на прашање и ако вашиот партнер ви го постави ова прашање, големи се шансите дека ве изневерил или барем дека размислувал за тоа.rnrnНајголемиот знак дека партнерот ве изневерил доаѓа спакуван во прашањето:rnrn„Дали може да пробаме нешто ново во спалната соба?“rnrnСекако, ова звучи прилично невино. Но, во него се кријат емоциите што вашиот партнер долго време ги криел и конечно успеал да најде храброст да ги изнесе.rnrnНе се само мажите наклонети кон сексуалните односи, туку и на жените им треба секс. Голем дел од жените изневеруваат затоа што немаат секс во бракот или не доживуваат оргазам.rnrnСпоред истражувањето, 90% од луѓето веруваат дека редовниот, заемно задоволувачки секс е многу важен и е клучен дел од секоја долгорочна романтична врска. За жал, истражувањето открило дека 52% од луѓето немаат секс каков што сакаат и каков што им е потребен за да се чувствуваат сакано и задоволно во врската.rnrnПонекогаш луѓето изневеруваат затоа што ја бараат токму таа компонента што им недостасува во бракот или во врската. Не постои волшебна формула кога станува збор за тоа колку или каков секс треба да имате, но според истражувањето, 58% од мажите и од жените сакаат да имаат секс повеќе пати неделно, а 27% откриле дека идеално би било ако имаат секс секој ден. Сепак, тоа варира во зависност од врската и од тоа колку партнерите отворено комуницираат за својот сексуален живот.rnrnПрочитајте кои 11 знаци откриваат дека не уживате во сексот со вашиот партнер.

  • 3 причини зошто оженетиот маж никогаш нема да ја остави својата сопруга поради вас

    3 причини зошто оженетиот маж никогаш нема да ја остави својата сопруга поради вас

    Ако сте жена која има афера со оженет маж, време е да се соочите со реалноста: тој никогаш нема да ја остави својата сопругата поради вас. Во продолжение прочитајте зошто не треба да си го губите времето со оженет маж.rnrn3 причини зошто оженетиот маж никогаш нема да ја остави својата сопруга поради васrn

    1. Тој веќе има сè што му треба

    rnЗошто би ги оставил сопругата и децата?rnrnТој поминува прекрасно време со вас без никакви обврски или одговорност, а потоа си оди дома и игра со своите деца. Тоа е идеална ситуација за еден маж.rnrnИма сопругата што му готви, што чисти по него и што се грижи за неговите деца, а има и љубовница што се грижи за него и за другите негови потреби.rnrnТој има две девојки што прават сè за него и ужива во тоа.rn

    2. Разведувањето е премногу болно и скапо

    rnРазмислете за последиците од разводот – измачување со адвокатите, расправии, вознемиреност на децата, финансиски товар и низа други проблеми предизвикани од разводот.rnrnЗошто би се ставил себеси и своето семејство во таква ситуација ако не мора? Изгледате среќно и задоволно кога гледате дека тој може да ве вклопи во својот распоред, па зошто би ја напуштил својата сопруга?rn

    3. Ако сакал да ја остави својата сопруга, ќе ја оставел досега

    rnАко тој човек ве сака толку многу, ќе беше подготвен да ги поднесе болниот развод и вознемиреноста на децата и досега ќе го напуштеше семејството.rnrnТој не ја оставил својата сопруга затоа што не сака да ја остави.rnrnОткако ќе откриете дека тој никогаш нема да ја напушти својата сопруга, што треба да направите? Многу едноставно, поставете му ултиматум.rnrnТоа што тој го прави не е фер ни за вас, ни за неговата сопруга, ни за неговите деца. Поставете му ултиматум да избере помеѓу вас и неговата жена. Не дозволувајте да бидете само „другата жена“. „Другата жена“ никогаш нема да успее. Таа никогаш нема да го добие човекот што го сака.rnrnСè што ќе направи е да го потроши својот живот чекајќи маж кој никогаш нема да биде нејзин и ќе пропушти многу можности да најде маж кој ѝ е посветен само нејзе. Вие заслужувате маж што ќе биде само ваш.rnrnПрочитајте како да откриете дали вашиот партнер е со вас само затоа што не нашол некоја подобра.

  • 5 хороскопски знаци што го сметаат флертувањето за неверство

    5 хороскопски знаци што го сметаат флертувањето за неверство

    Флертувањето значи дека некој ве привлекува или вие се обидувате да привлечете некого, но најчесто тоа го правите поради забава, а не затоа што имате сериозни намери. Меѓутоа, вие и партнерот треба да го делите истото мислење. На пример, ако едниот од вас го смета бакнувањето за неверство, а другиот не, обидете се да се усогласите на таа тема. Ако вашиот партнер ги смета вашите постапки за неверство, а вие не, тоа може да ѝ наштети на вашата врска.rnrn5 хороскопски знаци што го сметаат флертувањето за неверствоrnrnОсвен физичкото, постојат многу други форми на неверство: емотивно, вербално, па дури и финансиско. Без разлика дали мислите дека флертувањето е неверство или не, тоа е поврзано со вашиот морал, со вашите вредности и со вашето минато. Можеби не ви пречело што претходниот партнер флертувал со други личности сè додека тоа не преминало во неверство или можеби сте навикнати да имате отворена врска, па дури и флертувањето што води кон нешто повеќе е сосема во ред за вас.rnrnЗа некои хороскопски знаци постои многу тенка линија помеѓу флертувањето и неверството, но за други, флертувањето е еден вид неверство, а следните хороскопски знаци припаѓаат во втората група.rn

    1. Риби

    rnЛичностите родени во овој хороскопски знак може да бидат повредени ако го видат или ако го слушнат својот партнер како флертува со друга личност. Рибите се интуитивни личности и можат да препознаат дали таквиот гест е само обично флертување или предлог за нешто повеќе. Тие можат да разберат какви се нечии намери, дури и ако самата личност не е свесна за тоа.rnrnПрипадниците на овој хороскопски знак се многу чувствителни, па ако нивниот партнер некому му посветува многу внимание, тие ќе бидат многу повредени. Рибите може да бидат малку песимистични и да мислат дека флертувањето ќе доведе до нешто повеќе.rn

    2. Скорпија

    rnНекои припадници на овој хороскопски знак го сметаат флертувањето за неверство затоа што веруваат дека колку повеќе флертува една личност, толку е поголема веројатноста дека ќе се формира врска. Ако некој постојано флертува со истата личност до тој степен што се чувствува убаво поради тоа и сака повторно да флертува со таа личност, тогаш тоа е алармантна ситуација.rnrnСкорпиите знаат дека флертувањето е забавно и може да ви помогне да се чувствувате подобро кога имате недостаток на самодоверба, но тоа убаво чувство понекогаш може да премине во љубов и привлечност.rn

    3. Рак

    rnРаковите знаат дека флертувањето може да доведе до размена на поинтимни мисли и чувства. Личностите родени во овој хороскопски знак не сакаат да ги доведат во опасност својата врска и поврзаноста со партнерот затоа што станале блиски со личноста со којашто флертувале.rnrnКога станува збор за споделување на емоциите, никој нема повеќе разбирање од Раковите и тие знаат дека емоционалната интимност дефинитивно може да доведе до неверство.rn

    4. Јарец

    rnЕдна од карактеристиките што Јарците најмногу ја ценат е лојалноста и многумина од нив имаат традиционални вредности. Тие не сакаат да ја споделуваат љубовта на партнерот со некој друг. Ако нивниот партнер отворено флертува со некоја друга личности и ужива во нејзиното друштво до тој степен што повеќе се фокусира на личноста со којашто флертува отколку на Јарецот, тогаш тоа е голем проблем.rnrnБидете љубезни, но немојте да флертувате ако сакате да ги направите среќни припадниците на овој хороскопски знак. Партнерот на овие личности можеби не е ни свесен дека премногу флертува, ниту пак дека неговото флертување е мотивирано од романтични или од сексуални желби, сè додека еден ден не открие дека ја преминал црвената линија.rn

    5. Бик

    rnЛичностите родени во овој хороскопски знак го гледаат флертувањето како закана. Тие се чувствуваат повредено и навредено поради непочитувањето на ветувањето за посветеност. Според нив, партнерот ја насочува својата енергија кон некој друг, а не кон личноста со којашто е во врска и тоа однесување е неприфатливо за нив.rnrnОвие личности може да станат љубоморни, а тоа може да ги влоши работите за сите што се вклучени во флертувањето. Ако нивниот партнер тајно флертува, кога Бикот ќе открие за тоа, ќе настанат големи проблеми, врската ќе се разниша, а може и да заврши.rnrnПрочитајте кои 4 парови од хороскопот имаат врски полни со флертување.

  • 8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопруги

    8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопруги

    Преку едно истражување во Америка било откриено дека 2,2% од луѓето во брак признале дека имаат повеќе од еден партнер во текот на една година. Во принцип, според истражувачите, меѓу 15-25% од Американците кои се во брак имаат афери, а анкетарите откриле и дека поголема е веројатноста да изневерат мажите отколку жените. Се поставува прашањето зошто сопрузите што изневеруваат не сакаат да се разведат?rnrn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnЕве ги осумте причини зошто мажите што изневеруваат сепак остануваат во брак:rn

    1. Домот сè уште е најдоброто место каде што тој сака да биде

    rnrnrnТој ве познава отсекогаш, готвите за него и се грижите за децата. Овој тип на маж се чувствува удобно во својот дом, но има афера затоа што сака да проба нешто ново, не мора причината да биде затоа што сака да го промени својот живот. Домот за сопругот како него е замок.rnrnТој не се ни прашува дали треба да си замине. Можеби е тоа така затоа што му се чини дека е тешко да управува со домаќинството без неговата сопруга. Можеби веќе нема љубов или страст во бракот, но има пријателство и почит. Тој само сака да остане во „зоната на удобност“ затоа што таму може да се одмори.rn

    2. Нему му треба само пауза

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnМногу од овие мажи имаат добри односи со сопругата. Тие се дел од добро семејно опкружување и двајцата партнери имаат должности, но изневерувачите во овој случај не бараат поништување на бракот туку мала „пауза“ од него.rn

    3. Мисли дека така ќе ја пронајде смислата на својот живот, но не успева во тоа

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnИма една приказна што се повторува. Таа е за сопругот кој ја изневерил својата сопруга. Да, тоа било катастрофално. Жената си ги преиспитала чувства и по некое време започна да се прашува зошто тоа се случило. Тој не сакал да го напушти семејството.rnrnОдговорот бил едноставен. Тој не го сторил тоа затоа што му било лошо со жена му или затоа што има ужасна сопруга. Тој го сторил тоа затоа што бил незадоволен од себе.rnrnНекои луѓе мислат дека ако изневерат, нешто ќе се промени и тие ќе станат посреќни, но тоа не се случува. Тие ги сакаат своите жени, но сепак, изневеруваат кога ќе наидат на проблеми.rn

    4. Тој всушност ја сака жена си

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnЕдна жена ја споделила нејзината приказна за состанувањето со женет маж. Тој бил господин и семеен човек и никогаш не ја напуштил сопругата. Многумина од нас можеби прашуваат зошто тој се однесувал на овој начин.rnrnДруг маж сигурно може да одговори на ова прашање. Тој бил во среќен брак повеќе од 20 години и имал деца. И да, тој многу ја сакал својата сопруга, но ја изневерувал повеќе од 15 години затоа што изневерувањето претставувало само фетиш за него. Тој, сепак, чувствувал вина поради таквите негови постапки.rn

    5. Нема храброст да се ожени со друга жена

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnТој можеби живее со својата сопруга веќе 10 години и е совршен сопруг и татко, но одеднаш ја среќава неговата „сродна душа“. Психотерапевтот Даглас Ла Биер ја нарекува оваа афера „ум-тело“. Ова ново чувство може да биде многу моќно и да ве обземе од глава до пети, според него. Понекогаш во вакви случаи, некои мажи претпочитаат да се разведат и повторно да стапат во брак, но други сè уште чувствуваат огромна поврзаност со сопругата.rn

    6. Тој чувствува дека многу нешта го врзуваат за домот, како децата или хипотеката

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnМожеби веќе нема љубов меѓу сопружниците, но одговорностите сè уште постојат и може да бидат многу силна причина за останување во брак.rn

    7. Не сака да поминува низ „пеколот“ наречен развод

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnЗборот „развод“ предизвикува милиони лоши чувства и асоцијации. Вклучува адвокати, меѓусебна борба, поделба на имот и преговарање за времето поминато со децата.rnrnНекои мажи можеби претпочитаат да остават сè како што е, само за да не мора да поминат низ солзите, лутината и викањето што доаѓа со ова искуство. Дури и ако веќе немаат здрава врска, за овие мажи, едноставно е полесно да си најдат „забава“.rnrnПокрај тоа, тој не сака да им предизвикува стрес на своите деца и жена му.rn

    8. Сфатил дека не требало да има афера

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnЕден маж признал дека ја изневерил сопругата со нејзина блиска пријателка. Сфатил дека направил ужасна грешка и сега жали за тоа, па сака да знае што да прави и дали треба да ѝ каже на сопругата за неверството.rnrnСе разбира, има многу поделени мислења за тоа дали треба да признае или не, но дури и ако сопругата дознае за тоа, тој не сака да се раздели со неа затоа што сè уште ја сака.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 5-те лекции што можат да се научат само од неверството.

  • 8 причини поради кои луѓето изневеруваат

    8 причини поради кои луѓето изневеруваат

    Статистиките велат дека изневерувањето е присутно во 20 до 25% од браковите, а мажите и жените изневеруваат подеднакво. Меѓусебната доверба е дел од сите романтични врски и често, иако не секогаш, е поврзана со верноста. Но, изневерувањето може да ја уништи дури и најцврстата врска.rnrn8 причини поради кои луѓето изневеруваатrnrnПрељубата е водечка причина за разводите и распаѓањето на врските. Може да поттикне насилство во семејството, како и нарушување на менталното здравје, на пример појава на депресија и анксиозност.rnrnПодатоците велат дека и мажите и жените изневеруваат подеднакво. Со оглед на тоа што изневерувањето има многу штетни последици, како на лично ниво така и во врската, се поставува прашањето: Зошто сепак луѓето ризикуваат? Која им е мотивацијата за изневерување? Истражувањата ни ги даваат следните осум причини како главни мотиви за неверство.rn

    1. Степен на вљубеност

    rnПонекогаш послабата љубов во постоечката врска води до вонбрачна врска. Повеќе од три четвртини од паровите изјавиле дека недостатокот на љубов и/или поголемата љубов кон „новиот“ партнер е силна причина за изневерување.rn

    2. Здодевност

    rnНеверството не е само одговор на некој проблем во постоечката врска, туку и реакција на здодевност. Дури 74% од луѓето сакаат разновидност во врската. За оваа причина се изјасниле повеќе мажи отколку жени.rn

    3. Запоставеност

    rnСлично како што чувствуваат недостаток на љубов, некои луѓе се впуштаат во неверство поради недостаток на внимание од страна на нивниот партнер. За оваа причина, за разлика од претходната, се изјасниле повеќе жени во однос на мажи.rn

    4. Незадоволство

    rnНе секој чин на изневерување е резултат на незадоволство во моменталната врска. Дури 70% кажале дека тоа се случило за време на некоја неочекувана ситуација, во која често владеел алкохолот. Најбројни во оваа категорија се мажите.rn

    5. Зголемување на самодовербата

    rnИзгледа контрапродуктивно, во однос на тоа дека изневерувањето може да има значајни последици на психата, но за некои луѓе тој чин им ги зголемува егото и самодовербата.rn

    6. Бес

    rnНе е најчестата причина, но лутината игра улога во многу неверства. Многу од партнерите го гледаат изневерувањето како начин на казнување на партнерот или како одмазда.rn

    7. Не се заљубени во партнерот

    rnНедостатокот на љубов и недостатокот на посветеност кон партнерот создава општо чувство на незадоволство во врската. Дури 41% се поистоветиле со оваа причина.rn

    8. Силна сексуална желба

    rnОколу една третина од испитаниците изјавиле дека влегле во афера поради нивната сексуална желба. Ова се случува кога луѓето во својата врска не разговараат за своите сексуални желби кои сакаат да ги искусат, па затоа тоа го наоѓаат во некоја друга личност.rnrnНа темата неверство во врската, проверете дали вие сте склони кон микро-неверство.

  • Брачна терапевтка тврди дека изневерувањето може да го подобри квалитетот на врската

    Брачна терапевтка тврди дека изневерувањето може да го подобри квалитетот на врската

    Неверството е нешто преку што паровите многу тешко поминуваат, а некои никогаш повеќе не можат да бидат со партнерот што ги изневерил. Но, брачната терапевтка Мети Силвер која со години се среќава со парови и изнаоѓа решенија за нивните проблеми, тврди дека изневерувањето може да ги спаси врската и бракот.rnrnБрачна терапевтка тврди дека изневерувањето може да го подобри квалитетот на врскатаrnrnСпоред неа, неверството не мора нужно да се доживува како нешто лошо, всушност после тоа врската може да биде и поцврста. Затоа таа ги советува паровите да бидат потолерантни во случај да дојде до ваква ситуација.rnrnРаскинувањето не мора да биде следниот чекор. Напротив, според Силвер:rn

    „Ако го простите неверството и се обидете да сфатите зошто тоа се случило, тоа може да ви помогне да ви станат работите појасни и да добиете одговори на некои прашања за кои не сте разговарале со партнерот.“rnrn„Поентата не е да го обвинувате партнерот, туку неопходно е да разговарате по ваквата ситуација за тоа што го навело на неверство и да размислите како вашата врска би можела да се подобри“, тврди таа. На крајот дополнува и дека „некогаш разводот беше таму тема, а денес тоа е неверството“.

    rnСпоред неа, пониската стапка на разводи во европските земји се должи на фактот што луѓето овде се повеќе склони да ги прифаќаат нештата.rnrnСепак, за повеќето од нас, и понатаму е контроверзно ова прашање. Имено, дали би простиле неверство за да си го спасите бракот?rnrnПроверете и на која возраст мажите и жените најмногу изневеруваат.

  • Зошто секој од хороскопските знаци потајно се плаши дека ќе биде изневерен?

    Зошто секој од хороскопските знаци потајно се плаши дека ќе биде изневерен?

    Сите имаат формирано некаков став кога е во прашање неверството. Но, не сите ќе признаат дека барем еднаш во животот помислиле како ќе се чувствуваат доколку дознаат дека партнерот/партнерката ги изневерил/а. Дали би можеле да простите неверство или дали вас би ви простиле ако сте биле неверни е сосема индивидуална работа и зависи од многу фактори. Еве што е тоа што ги плаши хороскопските знаци кога е во прашање неверството!rnrnrn

    Овен

    rnСте биле повредени во минатото и не сакате повторно да се соочувате со истото.rn

    Бик

    rnНе можете да замислите некој да ви биде целосно предаден само вам.rn

    Близнаци

    rnРастејќи сте имале лош пример за успешна врска и мислите дека секој изневерува.rn

    Рак

    rnИмате потешкотии со уживањето во убавите моменти додека траат.rn

    Лав

    rnГо очекувате најлошото од секого бидејќи знаете колку може да биде црн светот и колку луѓето се себични.rn

    Девица

    rnВашите несигурности ве убедиле дека не сте доволно вредни за долготрајна врска.rn

    Вага

    rnНе верувате никому.rn

    Скорпија

    rnПретходно сте биле изневерени и чувствувате дека е само прашање на време кога тоа повторно ќе се случи.rn

    Стрелец

    rnСекогаш мислите на најлошото можно сценарио.rn

    Јарец

    rnИмате долготрајни проблеми со напуштање.rn

    Водолија

    rnМислите дека личноста со која излегувате е надвор од вашата лига и може да го има секој друг што ќе го посака.rn

    Риби

    rnНемате високо мислење за себе и претпоставувате дека секој би ве изневерил кога би имал шанса.rnrnДознајте и која е среќната боја на секој од хороскопските знаци.

  • Дали сте склони кон микро-неверство?

    Дали сте склони кон микро-неверство?

    Замислете ја оваа ситуација: со колега од работа со денови зборувате за вашата љубов кон некоја ТВ серија, што значи дека конечно сте пронашле некој со кого ќе можете да споделувате впечатоци за новата сезона (со оглед на тоа што вашиот партнер едвај знае дека постои таа серија).rnrnИако размената на пораки за последната епизода во вечерните часови за вас не претставува никаков проблем, вашиот партнер ова може да го смета за микро-неверство.rnrnДали сте склони кон микро-неверство?rn

    Што е микро-неверство?

    rnСтручњаците ова го опишуваат како низа мали активности кои една личност ги прави, при што физички и емотивно се фокусира на друга личност надвор од врската. На пример, доколку ги лажете другите за вашиот љубовен статус, имате одредена личност во вашиот именик запишана под лажно име или тајно контактирате со некого – сето ова претставува микро-неверство. За некои, дури и лајкувањето на нечија фотографија може да биде микро-неверство. Некои од овие работи се сметаат за контроверзни, а некои се сосема нормални.rn

    Кога треба да бидете загрижени за микро-неверство?

    rnКога е во прашање односот во врската, секој има свое размислување за тоа што е дозволено, а што не. Доколку вашиот однос со некоја личност влијае на односот со вашиот партнер, тоа е доказ дека нешто не е во ред.rnrnЗаклучок: Доколку сте загрижени за однесувањето на вашиот партнер, искрено зборувајте со него и поставете граници. На крајот, сите врски треба да бидат засновани на отворена комуникација.rnrnПрочитајте го и ова истражување според кое жените можат да го препознаат неверството на мажот само гледајќи го во лице.

  • 5 лекции што можат да се научат само од неверството

    5 лекции што можат да се научат само од неверството

    Дали некогаш сте биле изневерени? Неверството е една од најсилните причини за прекин на една врска. Никој не го посакува, но сепак се случува многу често. Па, што може да се научи од ситуацијата во која многумина се нашле, а сепак успеале да ја надминат и да продолжат со животот?rnrnrnrnВо врска сте, задоволни и среќни, а не можете да го игнорирате чувството дека нешто се случува со вашиот партнер. Можеби мечтаете за брак, веќе имате испланирано сè до најситен детаљ, дури најдовте и имиња за идните деца и почнавте да ги планирате вашите идни заеднички патувања. Потоа се случува пресврт!rnrnДознавате дека вашиот дечко имал паралелна врска со друга девојка, одредени луѓе околу вас знаеле, но го криеле тоа поради некоја причина. Моментот кога го откривте неверството е премногу болен за да се опише со зборови. Ве болат предавствата од двете страни, и таа од вашиот партнер, но и онаа од луѓето кои немале храброст да ве соочат со вистината.rnrnАко бидете изневерени кај вас ќе се разбудат чувства што никогаш претходно сте ги немале во таков степен: се исполнувате со ужас, гнев, бес, лутина, разочарување…. Ако сте поминале низ ова, сигурно сте ги научиле и овие 5 лекции…rn

    1. Не можете да промените личност што не сака да се промени

    rnМожеби нема да зажалите поради тоа што сте биле вљубени, но дефинитивно ќе зажалите што сте се обидувале да ја покажете вашата вредност и сте дозволиле некој друг да доминира врз вас. Ова се случува кога се носат очила обоени во розова боја. Тие не дозволуваат да го забележите црвеното знаме.rn

    2. Постои разлика помеѓу чувствата на „скршеност“

    rnНа почеток не правите разлика во вашите изјави. Можете да изјавите дека „тој ве скршил“ или „дека сте се чувствувале скршено“ како резултат на тоа што тој кон вас се однесувал мизерно. Но, откако ќе се пронајдете себеси, можеби дури и откако ќе решите да посетите терапевт кој ќе ви помогне полесно да се соочите со ситуацијата, ќе сфатите дека тоа било само чувство. Тој темен, изолиран и беспомошен свет во кој сте живееле постоел единствено во вашата глава. Сте му дозволиле да ја преземе контролата врз вашиот живот иако не сте повеќе во врска. Мора да се изборите за повторно да ја преземете контролата која многу лесно сте му ја дале на вашиот поранешен партнер.rn

    3. Тагувањето не е линеарен процес, затоа не се плашете да бидете лути или тажни

    rnСо секој прекин на врска вие тагувате за загубата на заедничката иднина со некој со кој сте си го замислувале животот. Кога ќе го додадете на ова и неверството имате оправдани причини да чувствувате сè што чувствувате. Сите различно реагираат на неверството: некои се исполнуваат со гнев и желба за правда, а некои се обидуваат да пронајдат зрно светлина и во целосниот мрак. Сепак, мора да работите на чувствата што ви се појавиле бидејќи во тој процес можете да откриете некои ваши внатрешни верувања и тие ќе ви помогнат да сфатите каква е вистинската ситуација. Поради тоа, мора да бидете трпеливи со себеси, да не се обвинувате и да си дадете онолку време колку што ви е потребно за да закрепнете!rn

    4. Верувајте им на инстинктите бидејќи вашето време е драгоцено за да го трошите залудно

    rnАко некој внатрешен инстинкт ви вели дека нешто се случува, послушајте го и сериозно разговарајте со вашиот партнер. Чувствата што ви се јавуваат во врска со вашиот однос не ги потиснувајте и обрнете им внимание бидејќи не се појавиле залудно. Не му дозволувајте на партнерот да преземе целосна контрола врз вашите инстинкти, а вие само немо да набљудувате од сенка.rn

    5. Простувањето е свесен избор кој мора да го правите повеќепати

    rnДали сте слушнале дека кога одбивате да простите е исто како да пиете отров и да очекувате некој друг да се отруе? Ако вашиот партнер нема грижа на совест за тоа што го направил можеби ќе мислите дека тој не заслужува да му се прости. Но, простувањето нема ништо со него, туку со вас и со вашето ментално здравје. Невозможно е да продолжите понатаму ако гневот ви го исполнува умот. Простувањето нема да го избрише тоа што се случило, само ќе ви помогне да продолжите со другите поглавја од вашиот живот.rnrnДознајте и кои се тие работи што се менуваат во врската после неверството.