КАФЕ ПАУЗА

Tag: научници

  • 5 симптоми на слаба циркулација кои не смеете да ги занемарите!

    5 симптоми на слаба циркулација кои не смеете да ги занемарите!

    Слабата циркулација е проблем кој е најчесто присутен кај лицата постари од 40 години. Сепак, не е исклучиво поврзана со стареењето бидејќи таа може да биде резултат и на одредени здравствени проблеми како дијабетес и срцеви заболувања. Ако не се излечи навреме, може да доведе до сериозни последици како згрутчување на крвта, инфицирани чирови и ампутација. Затоа, експертите препорачуваат да обратите внимание на овие симптоми.rnrn5 симптоми на слаба циркулација кои не смеете да ги занемарите!rn

    Чувство на пецкање на екстремитетите

    rnСпоред специјалистот по физикална медицина, Крис Тат, слабата циркулација може да предизвика чувство на пецкање на екстремитетите. Тоа е бидејќи крвта не доаѓа до овие места во доволна количина.rn

    Ладни раце и нозе

    rnКрвта носи топлина и хранливи материи до сите делови од нашето тело. Така, намалената циркулација предизвикува рацете и стапалата да бидат поладни од остатокот од телото токму поради фактот дека во овие делови од телото не циркулира доволно крв.rn

    Оток

    rnОтокот може да се појави на глуждовите, рацете и стапалата.rn

    Болка во зглобовите и грчеви во мускулите

    rnЛошата циркулација според експертите може да предизвика и болка во стапалата, нозете, рацете и дланките, особено доколку седите или стоите подолго време. Кога циркулацијата на крвта во мускулите е намалена, хранливите материи не можат да стигнат до ткивата на кои им е потребна, а тоа резултира со вкочанетост и грчеви.rn

    Промена на боја на кожата

    rnСлабата циркулација може да ја промени и бојата на кожата така што на одредени места ќе забележите сина боја. Тоа особено се забележува на прстите, рацете, усните и носот.rnrnНе смеете да занемарите ниту еден од овие симптоми. Освен тоа, начинот на живот и одредени заболувања влијаат врз слабата циркулација како, на пример, дијабетесот и атеросклерозата. Научниците препорачуваат дека здравиот начин на исхрана, откажувањето од лошите навики како пушењето и редовната физичка активност можат значително да ја подобрат циркулацијата.rnrnОткако прочитавте за симптомите на слабата циркулација на крвта во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и сè што треба да знаете за нискиот крвен притисок и неговото регулирање.rnrnИзвор: eatthis.com

  • Страв и трепет за сите живи суштества: Пронајден рептил кој бил поопасен дури и од Тираносауросот!

    Страв и трепет за сите живи суштества: Пронајден рептил кој бил поопасен дури и од Тираносауросот!

    Во Мароко, недалеку од Казабланка, е откриен нов вид мозасаур, џиновски морски рептил од ерата на диносаурусите што на научниците им овозможило да дојдат до нови сознанија за живиот свет од периодот на Креда. Остатоците кои се пронајдени во провинцијата Курибга покажуваат дека станува збор за вид кој може да порасне и до 12 метри.rnrnСтрав и трепет за сите живи суштества: Пронајден рептил кој бил поопасен дури и од Тираносауросот!rnrnСпоред палеонтолозите, станува збор за предатор кој живеел непосредно пред ударот на астероидот и за кој се верува дека ги уништил диносаурусите и многу други живи суштества на планетата.rnrnЏиновскиот рептил наречен Таласотитан атрокс е далечен роднина на игуаните и гуштерите. Со огромни вилици и заби слични на китовите убијци, перки наместо нозе и опашка налик на ајкула, Таласотитан бил страв и трепет за другите морски рептили како што се морските желки и плезиосарусите.rnrnФосилите пронајдени во Мароко нудат увид во палеобиолошката разновидност кон крајот на периодот Креда, а новооткриениот рептил кој владеел со океаните пред околу 66 милиони години, е само едно делче од еволутивната загатка.rnrnОткако прочитавте за ова откритие, можеби ќе сакате да ги прочитате и 13-те митови за диносаурусите кои не се точни.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • 10 „луди“ научници кои станале дел од историјата, но не на начинот на кој би сакале

    10 „луди“ научници кои станале дел од историјата, но не на начинот на кој би сакале

    Обично научниците се прибрани луѓе кои си ја работат својата работа. Сигурно веќе ви се познати стереотипите за нив. Носат бели мантили, пишуваат комплицирани формули на табли, а нивниот мозок напорно работи под нивните бушави коси. Се разбира неретко овие луѓе навистина го променуваат светот. Сепак, не сите научници може да се сместат во овој опис. Некои од нив имале навистина луди идеи кои историјата ги запомнила, но не начинот на кој тие би сакале. Погледнете 10 научници кои ја промениле науката иако биле чудни.rn

    1. Хенинг Бренд

    rn(1)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mkrnrnДенес хемијата е тешка наука која е базирана на факти, но во минатото била исполнета со многу ненаучни методи. Пред создавањето на „правилната“ хемија, постоела алхемијата која била навистина позната. Според алхемијата, некои супстанци можеле да бидат претворени во злато. Во 1669 година, алхемичарот Хенинг Бренд се убедил дека можел да ја претвори урината во злато. Тој собрал 5.700 литри урина и почнал процес на вриење во неговиот подрум. Тој не ја открил тајната за создавање злато, но зовриената урина почнала да свети во темница. Благодарение на него денес ја имаме супстанцата позната како фосфор.rn

    2. Фриц Цвики

    rn(2)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mkrnrnФриц бил човекот кој ја поставил сцената за темната материја. Тој бил роден во Бугарија и успеал да создаде многу непријатели помеѓу неговите американски колеги. Најпознат е по тоа што ги нарекувал астрономите од опсерваторија Маунт Вилсон „Сферни идиоти“. Како што објаснил тој, ова значело дека тие биле идиоти од која страна и да ги гледате. Еден негов колега, одбил да остане насамо со Фриц бидејќи го нарекувал нацист, а ова се разбира не било точно. Колегата дури се плашел и за својот живот. За среќа Фриц не убил никој и продолжил да истражува и да пишува книги сè до неговата смрт, на 76 години.rn

    3. Вилијам Биб

    rn(3)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mkrnrnВилијам бил подводен истражувач, лажго и навистина чуден човек. Вилијам добил лажно признание за создавање на батисферата, метална сфера од 2.300 килограми која можела да носи двајца луѓе. Сферата била смислена од Отис Бартон, но Вилијам бил поинтересен за јавноста, па заслугата му била препишана нему.rn

    4. Џејмс Хатон

    rn(4)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mkrnrnЏејмс Хатон можеби не бил луд, но имал проблем со изразувањето. На некои им е познат како таткото на геологијата и тој бил првиот човек кој ги истражувал камењата со научни методи. За жал, поради неговото изразување луѓето не можеле да го разберат најдобро. Следниов извадок е од неговата книга „Теорија за Земјата со докази и илустрации“ (A Theory of the Earth with Proofs and Illustrations):rn

    „Светот кој го населуваме е создаден од материјалите, не од земјата која била претходник на сегашната, туку од земјата која ја сметаме за трета и која ѝ претходела на земјата која била над површината на морето, додека нашата сегашна земја уште била под водата на океанот.“

    rnОваа реченица е една од појасните објаснување на Џејмс. Всушност, 5 години по неговата смрт, неговиот пријател морал одново да ги напише неговите книги за другите да можат да ги разберат.rn

    5. Вилијам Бакленд

    rn(5)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mkrnrnВилијам бил првиот трениран професор по геологија на Оксфорд и обожувал да јаде сè. Додека предавал на Оксфорд, тој ставил череп од хиена во скутот на еден студент и го прашал што владее со светот. Кога студентот не одговорил, Вилијам му кажал:rn

    „Стомакот, господине! Стомакот владее со светот. Големите ги јадат помалите, помалите ги јадат уште помалите…“

    rnНеговите гости секогаш биле послужувани со навистина чудни специјалитети – крцкави глувци во путер, сурла од слон, крокодил за појадок, јазик од коњ…rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Помеѓу науката и злосторството: Ова се најбизарните експерименти некогаш направени

    Помеѓу науката и злосторството: Ова се најбизарните експерименти некогаш направени

    Романот „Франкенштајн“ на англиската писателка Мери Шели, честопати се сфаќа како метафорична претстава на човековите стравови и желби за знаење, кои понекогаш ги преминуваат етичките граници. Сепак, како што тоа се случува во светот на фантазиите, така секогаш ќе се најде некој кој истите ќе ги сфати премногу сериозно. Како резултат на тоа, во историјата се забележани неколку примери кога лекарите и научниците навистина се обиделе да го надминат доктор Франкенштајн, а ова се некои од најчудните и најстрашните експерименти кои некогаш биле спроведени.rnrnПомеѓу науката и злосторството: Ова се најчудните експерименти кои некогаш биле направениrn

    1. Глувче со човечко уво

    rnВо 1997 година едно глувче послужило како предмет во еден навистина необичен експеримент. Имено, научниците на грбот на глувчето на ‘рбетниот полимер вградиле човечко уво, со цел да утврдат дали е можно одгледување човечки ткива кај глодачите. Експериментот покренал понатамошни истражувања, а покрај тоа што е чудно, ова се смета за многу важно во науката.rnrnПомеѓу науката и злосторството: Ова се најчудните експерименти кои некогаш биле направениrn

    2. Спојување на две кучиња

    rnВладимир Демиков бил советски научник, специјализиран за трансплантација на делови од телото на животните. Демиков извршувал трансплантација од триесеттите до шеесеттите години. Иако денес се смета дека бил значаен во трансплантационата хирургија, експериментите кои ги спроведувал на кучињата оставиле сериозна дамка на неговиот углед. Можеби најголем впечаток оставил експериментот во кој Демиков се обидел да спои две кучиња. Тој успешно споил 9-годишно куче со поголемо. Бидејќи двете глави не биле во можност да се хранат самостојно, кучето починало по четири дена.rnrnПомеѓу науката и злосторството: Ова се најчудните експерименти кои некогаш биле направениrn

    3. Првата светска војна и пластичната хирургија

    rnЗа време на првата светска војна, на многу војници им биле потребни операции за да им се отстранат лузните од куршумите, ножевите и слично. Иако визуелно шокантни, овие операции биле многу напредни за во своето време. Еден од најпознатите пациенти бил поручникот Вилијам Спрекли кој е запаметен како првиот човек во историјата кој имал естетска операција на носот.rnrnПомеѓу науката и злосторството: Ова се најчудните експерименти кои некогаш биле направениrn

    4. Светлечки свињи

    rnВо текот на изминатите сто години, научниците се обиделе да модификуваат цел организам, така што ќе свети во мракот. Сепак, можеби најшокантен пример претставуваат светечките свињи кои во 2006 година биле дизајнирани од страна на научниците од тајванскиот национален универзитет. Експериментот бил успешно извршен, а освен кожата на свињите, која светела во флуоресцентна зелена боја, научниците тврделе дека светат и нивните органи.rnrnПомеѓу науката и злосторството: Ова се најчудните експерименти кои некогаш биле направениrn

    5. Телефон од мачки

    rnВо 1929 година, Ербест Глен Вивер и Чарлс Бреј се обиделе да претворат мачка во жива радиостаница. По отстранување на дел од черепот, Вивер прикачил една електрода за десниот аудитивен нерв, а другата за телото. Овие електроди ги споил со звучник во тивка просторија, со помош на 18-метарски кабел. Резултатот бил сѐ што ќе се изговори во увото на мачката, да излезе на звучникот во другата соба, а во студијата на Вивер било наведено дека квалитетот на звукот бил сосема чист.

  • Научниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежа ву

    Научниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежа ву

    На сите ни се има случено да се најдеме во одредена ситуација која ни се чини дека веќе сме ја доживеале во минатото. Досега дадени се еден куп теории зошто се случува тоа, но ниту една не е докажана со сигурност, па овој феномен сѐ уште останува една од најголемите мистерии на човечката психологија.rnrnНаучниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежавуrnrnНо, научниците имаат ново објаснување за оваа чудна мозочна појава. Шкотскиот професор Акира О’Конор верува дека овој феномен е последица од проверката на фактите која ја прави нашиот мозок.rnrnЗа да ја докаже неговата теорија, доктор О’Конор спровел низа експерименти во кои тој вештачки ја предизвикал појавата на дежа ву. На испитаниците им биле кажувани одреден број зборови поврзани меѓу себе, но притоа бил изоставен главниот заеднички концепт за сите тие зборови. На пример, тие ги слушале зборовите „перница“, „кревет“, „ноќ“, но не го слушнале зборот „спиење“.rnrnПотоа, истражувачите ги прашале испитаниците дали чуле збор со буквата „с“ во него и одговорот бил негативен. Меѓутоа, подоцна, кога на испитаниците им било поставено истото прашање, поголемиот дел од нив рекле дека чуле „спиење“. Тие мислеле дека навистина го чуле зборот затоа што логички припаѓа на остатокот од низата зборови. Мозоците на учесниците почнале да ги преиспитуваат нивните сеќавања и како последица на тоа, токму во тој момент, се јавило силно чувство на дежа ву.rnrnНаучниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежавуrnrnМагнетната резонанса покажала дека најактивните делови од мозокот во тие моменти биле оние што се одговорни за донесување одлуки, а не за сеќавања. Доктор О’Конор претпоставил дека овие области од мозокот создаваат чувство на дежа ву затоа што ги следат сеќавањата и бараат грешки во нив. Кога ќе најдат некоја недоследност, веднаш се активираат, а ние доживуваме морничаво чувство дека тоа веќе ни се има случено порано.rnrnСпоред еден друг истражувач, Стефан Келер од Канада, можно е да се случува и некој конфликт при донесувањето решенија во мозокот за време на овој феномен.rnrnПотребно е да се соберат уште многу податоци пред да се докажат овие теории, но ако некоја од нив е вистинита, феноменот дежа ву конечно ќе биде разоткриен. Тогаш со сигурност ќе знаеме дека мозокот само го проверува квалитетот на нашите сеќавања и бара недоследности помеѓу она што навистина го паметиме и она што мислите дека го паметиме.

  • Како патувањето влијае на човечкиот мозок?

    Како патувањето влијае на човечкиот мозок?

    На сите ни е добро познато дека одморот на место со свеж воздух ни го подобрува расположението и ни помага да си ја вратиме смислата на нашето постоење. Но, изгледа дека постојат и многу други придобивки кои можеме да ги добиеме од одморот. Од неодамна научниците открија дека времето поминато во релаксација надвор во природа физички го менува мозокот на подобро.rnrnНаучниците открија како патувањето влијае на човечкиот мозокrnrnА која е причината за тоа? Одморот поминат во природа, како и патувањето на далечни, ненаселени и диви места, не само што го збогатува човекот со нови импресии, туку и му помага да престане да размислува. Според експертите, најдобриот начин да се справите со лошото расположение е да го исклучите вашиот мозок. Интересното е што кога ќе успееме да го направиме тоа, нашите мозоци буквално можат да се трансформираат.rnrnОваа теорија била потврдена кога група научници спровеле тестови на одреден број луѓе кои отишле на прошетка во шума час и половина. Кај секој учесник во овој експеримент била забележена значајно намалена активност на предниот голем мозок, односно оној предел од мозокот кој е одговорен за психолошките болести. Замислете си само што би можело да се случи доколку еден човек помине не само час и половина во шума, туку неколку дена или повеќе.rnrnНаучниците исто така дознале како промените во мозокот можат да влијаат на нашиот секојдневен живот. Тие побарале од група на волонтери да поминат неколку дена надвор од градот и да ги исклучат сите електрични уреди. Тие последователно правеле тестови за нивната креативност и извршувале некои комплицирани задачи. Резултатите покажале дека нивото на нивното креативно размислување било зголемено за 50%.rnrnСпоред тоа, за да имате добро здравје, долг живот, хармонични меѓучовечки односи и вистинска, автентична среќа, треба одвреме-навреме да оставите сѐ, да се спакувате и да отидете на некое мирно и прекрасно место. Зошто да не го направите тоа следниов викенд?

  • Дали научниците конечно ја решија мистеријата на Бермудскиот триаголник?

    Дали научниците конечно ја решија мистеријата на Бермудскиот триаголник?

    Бермудскиот триаголник е едно подрачје кое се наоѓа во Атлантскиот океан, помеѓу Мајами, Порторико и Бермуда, формирајќи една триаголна форма од каде го добива и името. Приближно 8.127 луѓе, како и многу бродови и воздухопловни летала се водат како исчезнати токму во овој регион, откако во 1851-та година почнало да се води запис.rnrnДали научниците конечно ја решија мистеријата на Бермудскиот триаголник?rnrnЕдно од актуелните објаснувања за исчезнувањата е подводната карпа која наводно поседува магнетни својства кои можат да ја компромитираат работата на компасите. Но, истражувачите од Арктичкиот Универзитет во Норвешка откриле уште еден подводен феномен кој може да го предизвикува потонувањето на бродовите.rnrnЕкипажот неодамна наишол на огромни подводни кратери, надвор од норвешкото крајбрежје, кои зафаќаат површина од 800 метри должина и 45 метри длабочина. Кратерите веројатно биле формирани од експлозии на метан, природен гас закопан на дното на Баренцовото море. Доколку овие експлозии навистина се случиле, тогаш тие резултирале во меурчиња од метан кои ја претвориле површината на водата во пена. Бродовите, независно од нивната градба, можат да потонат доколку се изложени на вакви услови.rnrnДали научниците конечно ја решија мистеријата на Бермудскиот триаголник?rnrnНо, откритието се случило само на Баренцовото море и засега важи само за таа област и сѐ уште не е јасно дали ваквите кратери постојат и во останатиот дел од Бермудскиот триаголник. Иако овие метански кратери можат да го објаснат исчезнувањето на многуте бродови, а карпата со магнетни својства да го опфати исчезнувањето на авионските летала, сепак, сѐ уште постојат мистериите зад исчезнувањето на илјадниците луѓе кои ги снемало од бродови кои не потонале. Истражувањата се во тек, а нам ни преостанува да се надеваме на некое ново, пионерско откритие за една од најголемите неразрешени мистерии во историјата на човештвото.

  • Моќни цитати од познати женски научници кои ќе ве инспирираат да се стремите повисоко

    Моќни цитати од познати женски научници кои ќе ве инспирираат да се стремите повисоко

    Март е месецот на жената и природно се чествуваат големите достигнувања на жените кои постигнале неверојатни цели и откритија во полето на науката и ги поместиле границите на човечкото знаење. Историски гледано, жените во минатото имале потешкотии да ги покажат и докажат своите способности, особено во научните сфери. Тоа ги натерало многу од жените да се откажат, а од тие кои останале да се занимаваат со науката се барал огромен труд и посветеност. Во продолжение прочитајте ги умните зборови на едни од најинспиративните жени кои се соочиле со неверојатни предизвици, а сепак успеале да ја променат и предефинираат науката.rnrn12 цитати на познатите женски научници кои ќе ве инспирираат да се стремите повисокоrn

    „Девојките мислат да се биде гламурозен значи да се прават грешки и да се биде неодговорен. Но, тоа не е вистина. Колку што сте попаметни, колку што се поподготвени да правите животни одлуки, толку поверојатно е да водите убав живот и да бидете гламурозни и забавни и сѐ што сакате да бидете.“ – Даника МекКелар (математичарка, авторка и актерка)

    rn

    „Што и да правите, не плашете се од тешките моменти. Најдоброто доаѓа од нив.“ – Рита Леви-Монталчини (невробиолог и добитничка на Нобелова награда која го ко-открила факторот за раст на нервите)

    rn

    „Од некоја причина не наседнав на стереотипот дека науката не е за девојките. Добив поддршка од моите родители. Никогаш не наидов на учител или советник кој ми рекол дека науката е за момците. Сите мои пријатели ми го велеа тоа.“ – Сали Рајд (првата Американка во вселената)

    rn

    „Кога ќе забележам чудно однесување од машките колеги, мојата прва задача е да не помислам ‘Што не е во ред со мене?’, туку ‘Што по ѓаволите не е во ред со овие момци?’.“ – Лене Вестергаард Хау (физичарка позната по својата работа со ладните атоми и светлината)

    rn

    „Животот не е лесен за никој од нас. Но, што со тоа? Мора да бидеме упорни и да имаме верба во себе. Мора да веруваме дека сме надарени за нешто и дека тоа нешто мора да се оствари.“ – Марија Кири (физичарка, пионерка во полето на радиоактивноста и прва научничка која добила Нобелова награда за две различни полиња)

    rn

    „Животот не мора да биде лесен, само треба да не биде празен.“ – Лиса Мајтнер (нуклеарна физичарка позната како мајка на нуклеарната фисија)

    rn

    „Не плашете се од тешката работа. Ништо вредно не доаѓа лесно. Не дозволувајте другите да ве обесхрабруваат или да ви велат дека не можете да го направите тоа. Во мое време ми се кажуваше дека жените не се занимаваат со хемија. Не гледав причина зошто не можеме да го правиме тоа.“ – Гертруда Елион (биохемичарка која ги создала лековите за леукемија, маларија, менингитис, херпес…, и добитничка на Нобелова награда)

    rn

    „Гледате на науката (или барем зборувате за неа) како некој деморализирачки изум на мажот, нешто одделено од реалниот свет и нешто кое мора внимателно да се чува и да се држи подалеку од секојдневното постоење. Но, науката и секојдневниот живот не можат и не траба да се делат.“ – Росалинд Френклин (играла голема улога во откривањето на структурата на ДНК)

    rn

    „Ја гледаме науката како нешто елитно што само неколкумина можат да го научат. Тоа не е вистина. Треба само рано да започнете и да им дадете основа на децата. Децата или ги исполнуваат или не ги исполнуваат очекувањата.“ – Меј Џејмисон (првата Афроамериканка во вселената)

    rn

    „Луѓето се алергични на промената. Тие обожаваат да велат: ‘Секогаш го правиме тоа на овој начин’. Јас се обидувам да се борам против тоа. Затоа имам часовник на ѕидот кој чука во обратната страна.“ – Грејс Хопер (адмирал во американската морнарица и пронаоѓач на првиот програмски преведувач на компјутерски јазици)

    rn

    „Мајка ми секогаш ме учеше дека ако луѓето не се согласуваат со тебе, најважното нешто што треба да го направиш е да ги слушаш. Но, ако ги слушаш внимателно и сѐ уште мислиш дека си во право, тогаш мора да ја имаш храброста да ги разубедиш.“ – Џејн Гудал (приматолог кој го посветил својот живот на конзервацијата и правата на животните)

    rn

    „Ако знаете дека сте на вистинскиот пат, ако го имате тоа внатрешно знаење, тогаш никој не може да ве запре, без оглед на тоа што го велат.“ – Барбара МекКлинток (добитничка на Нобелова награда и генетичарка позната по нејзиното откритие на регулацијата на генетскиот израз)

  • 10 ѕвезди кои иствремено се и доктори на науки

    10 ѕвезди кои иствремено се и доктори на науки

    Славните личности вообичаено се поврзуваат со гламур и површност. Тие се познати по нивните социјални способности да се поврзат со публиката преку некаков талент кој вообичаено вклучува глумење, танцување, пеење или комбинација од сите. Но, донекаде изненадувачки, има голем број славни личности кои покрај убавина и мускули, поседуваат и мозок. Овие 10 познати личности со титула доктор на науки се успешни во она што го работат, а повеќето се музичари и актери.rn

    Брајан Меј: Доктор на науки од областа на астрофизиката

    rn(9)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnБританскиот музичар, текстописец и продуцент Брајан Меј станал доктор на науки од областа на астрофизиката во 2007 година. Најмногу познат како гитарист на славните Queen, тој студирал физика и математика на колеџот Империјал, кој е дел од Универзитетот Хемптон во Лондон. Тој изјавил дека му биле потребни повеќе од три децении за истражување на својата теза: Истражување на радијалните брзини во соѕвездието Зодијак.rn

    Роберт Вон: Доктор на науки од областа на комуникациите

    rn(8)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnАктерот Роберт Вон се прослави со улогата на Наполеон Соло во американската ТВ серија „The Man from U.N.C.L.E.“ која се емитуваше во периодот од 1964 до 1968 година. Две години подоцна, во 1970 година тој се стекнува со титула Доктор од областа на комуникациите на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Тој е еден од ретките славни личности кои имаат титула доктор во истата област во која станал славен, поточно драмата. Вон ја објавил својата докторска дисертација како книга со наслов „Единствени Жртви: Студија за уцените во шоу бизнисот“.rn

    Бил Козби: Доктор на науки од областа на образованието

    rn(7)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnЕден од најпознатите светски комичари, американскиот актер, музичар, телевизиски продуцент и писател, Бил Козби, ги завршил докторските студии по завршувањето на славната серија „Шоуто на Бил Козби“. Неговата докторска дисертација гласела: „Интеграција на визуелните медиуми преку Дебелиот Алберт и децата на Козби во наставната програма на основните училишта како помош при учењето и можност за проширување на знаењето.“ Тој исто така добил и многу почесни дипломи, вклучувајќи и девет докторати.rn

    Шекил О’Нил: Доктор на науки од областа на образованието

    rn(6)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnПрославениот кошаркар и четирикратен НБА шампион Шекил О’Нил се откажал од своите студии за да може да се посвети на кошарката. Но, штом му се пружила можност тој веднаш се вратил на студирањето и во 2012 станал доктор на науки од областа на образованието на Универзитетот Бери во Флорида. Тој исто така сака и во брзо време да ги заврши студиите по право.rn

    Питер Велер: Доктор на науки од областа на италијанската ренесансна историја на уметноста

    rn(5)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnНајмногу познат по својата улога во „Робокап“, актерот Питер Велер поседува магистерска диплома од Универзитетот Сиракуза од областа на римската и ренесансната уметност, како и титула доктор на науки од областа на италијанската ренесансна историја на уметноста од Универзитетот во Калифорнија. Велер ги започнал студиите за докторат во 2007, а докторатот го примил за време на официјалната конвенција за „Ѕвездени Патеки“, која се одржала во Лас Вегас во 2014 година.rn

    Френк Бел Рајан: Доктор на науки од областа на математиката

    rn(4)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnПоранешниот професионален спортист, Франк Бел Рајан, ја завршил својата кариера во НФЛ пет години откако се стекнал со титула доктор на науки од областа на математиката, доделена од Универзитетот Рајс во 1965 година. Му биле потребни седум години за да ги заврши постдипломските и докторските студии, а за тоа време станал и професор – асистент на институтот за технологија. Рајан продолжил да предава до 1974, по што основал своја компјутерска компанија. rn

    Кен Џенг: Доктор на науки од областа на медицината

    rn(3)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnКомичарот Кен Џенг е познат по улогата на Лесли Чо во филмовите „Мамурлакот“. Тој немал намера да стане актер и по професија е лиценциран доктор, со титула доктор на науки од областа на медицината. Откако дипломирал во 1995, неколку години работел како доктор, додека неговата сопруга нѐ го убедила да стане актер.rn

    Декстер Холанд: Доктор на науки од областа на билогијата

    rn(2)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnДекстер Холанд е музичар, текстописец и пејач во панк рок групата The Offspring. Декстер Холанд е доктор на науки од областа на молекуларната биологија. Оваа титула му била доделена од Универзитетот во Јужна Калифорнија. Холанд бил најдобар математичар во средно училиште. Има изјавено дека студиите се возбудливи исто како панкот. Во 2013 се запишал на втори докторски студии, каде што продолжувал да истражува области од молекуларната биологија и болести како вирусот ХИВ.rn

    Мајим Биалик: Доктор на науки од областа на медицината

    rn(1)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnПозната по својата улога како д-р Ејми Фара Фаулер, во познатата серија „Теоријата на Биг Бенг“, актерката Мајим Биалик е доктор на науки од областа на неврологијата. Титулата ѝ била доделена од Универзитетот во Калифорнија. Нејзината специјалност е активноста на хипоталамусот кај пациентите кои страдаат од синдромот Прадер – Вили.rn

    Грег Графин: Доктор на науки од областа на зоологијата

    rn rnrnАмериканскиот музичар и продуцент Грегори Вокер Графин е доктор на науки од областа на зоологијата. Тој ја добил дипломата од Универзитетот Корнел во Калифорнија, на полето на антропологијата, еволуциона биологија и геологија. Насловот на неговата дисертација бил: „Еволуција, монизам, атеизам и натуралистички поглед на светот: Перспективите од еволуционата биологија.“ Тој е познат како пејач во панк бендот Bad Religion, група што ја формирал заедно со неговите средношколски пријатели кога имал 15 години.

  • Познати личности кои заработуваат и после смртта

    Познати личности кои заработуваат и после смртта

    Досега многу пати сме се навратиле на славните личности и нивните животи, на тоа колку тие заработуваат и каде ги трошат заработените пари. Она што сега следува е листа на познатите личности кои заработуваат и после нивната смрт.rnrnНивната слава и понатаму живее!rn

    1. Мерлин Монро

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnИако почина во 1962-та година, Мерлин и денес е неприкосновен секс-симбол, а вреди 15 милиони долари годишно.rn

    2. Пол Вокер

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnПознатиот актер кој трагично го заврши својот живот во сообраќајна несреќа, исто така е на листата на најплатени ѕвезди кои заработуваат и после смртта. Неговата заработка изнесува 10,5 милиони фунти годишно.rn

    3. Мајкл Џексон

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnКралот на поп музиката, Мајкл Џексон, во 2009-тата година, после неговата смрт, имал долг од 260 милиони фунти. Шест години после смртта заработил и повеќе од доволно за да го исплати тој долг. Имено, точниот износ на неговата заработувачка бил 653 милиони фунти.rn

    4. Елизабет Тејлор

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnБлагодарение на нејзината линија парфеми „White Diamonds“, познатата актерка која почина во 2011-тата година, заработува неверојатни 20 милиони долари.rn

    5. Елвис Присли

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnКралот на рокенролот, чии хитови се слушаат и денес, на годишно ниво заработува 55 милиони долари.rn

    6. Курт Кобејн

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnЛегендата која ја интригира јавноста и после неговата смрт, заработува неверојатни 50 милиони долари.rn

    7. Џон Ленон

    rnПознати личности кои заработуваат и после смрттаrnrnПопуларниот пејач на Битлси, од продажбата на музичките албуми, годишно заработува 12 милиони долари. Имено, во Америка во периодот од 1992-та година до денес, се продадени преку 63 милиони копии од албумите на позната рок група.rn

    8. Алберт Ајнштајн

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnПознатиот научник, кој почина во 1995-тата година и зад себе остави голем успех во полето на физиката, има годишна заработувачка од 20 милиони долари.rn

    9. Енди Ворхол

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnАвангардниот поп уметник Енди Ворхол бил во право кога рекол дека во иднина секој ќе ги доживее своите 15 минути слава. Неговата годишна заработка изнесува 19 милиони долари.rn

    10. Џ. Р. Р. Толкин

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnДоколку сте ги гледале филмовите од трилогијата „Господар на прстените“ или „Хобит“, тогаш сте му платиле на Толкин. Филмските продукции ги задржуваат авторските права на Толкин, па тој годишно заработува по 7 милиони долари. На тој износ се додава и сумата од продадените книги, играчки и облека.