КАФЕ ПАУЗА

Tag: научници

  • Со техниката 5-3-2 мислите ќе ви бидат позитивни, а животот поубав и посреќен

    Со техниката 5-3-2 мислите ќе ви бидат позитивни, а животот поубав и посреќен

    Оваа едноставна техника е толку многу ефикасна што научниците ја патентирале. За само 10 денови можете да го промените текот на вашите мисли од негативни во позитивни.rnrnso-tehnikata-5-3-2-mislite-kje-vi-bidat-pozitivni-a-zhivotot-poubav-i-posrekjen-kafepauza.mkrnrnНаучниците од клиниката Мајо порачуваат дека тајната за среќата е конечно откриена. Тие тврдат дека рецептот за среќен живот се состои од неколку едноставни чекори кои ќе ве извадат од лавиринтот на депресијата и вознемиреноста.rnrnПрограмата која тие ја патентирале, трае околу 10 недели, а за тоа време можат да се забележат драстични позитивни промени во животните ставови и начинот на размислување на секој поединец.rnrnЗа да се „спријателите“ со среќата, најпрво треба да си го поставите ова клучно прашање: Што е за мене среќа, ако ги тргнам настрана парите, здравјето и успехот?rn

    Техниката 5-3-2

    rn5 – Се однесува на првите 5 луѓе кои се дел или некогаш биле дел од вашиот живот, а на кои сте им најмногу благодарни. На нив треба да се сетите веднаш штом се разбудите, но вежбата можете да ја практикувате кога и да почувствувате дека емотивно „паѓате“.rnrn3 – Во првите 3 минути кога ќе се сретнете со членовите од семејството однесувајте се како да сте сретнале пријатели кои одамна сте ги изгубиле. Не ги осудувајте и не се обидувајте да ги поправате. Овој чекор можете да го вежбате и со пријателите, колегите и соседите.rnrn2 – Во првите 2 секунди кога ќе сретнете позната личност, пратете ѝ позитивни вибрации – „Ви посакувам секое добро“.rn

    Дополнителни совети

    rn

    Фокусирајте се на позитивните емоции како опростувањето

    rnИстражувањата покажуваат дека човечкиот мозок е конструиран така што скоро секогаш се фокусира на негативните искуства, но добра вест е тоа што чувството на среќа зависи дури 40% до 50% од одлуките кои сами ги донесуваме. Ќе бидете среќни ако се фокусирате на она што е убаво во вашиот живот, како и на позитивните емоции како што се благодарноста, опростувањето и љубезноста.rn

    Дали проблемот кој ве мачи сега ќе ви биде важен за 5 години?

    rnАко сте заглавени, а мозокот тоа не може да го „искорени“ од кошницата со негативни мисли, запрашајте се дали проблемот кој моментално ве вознемирува, ќе ви биде подеднакво важен за 5 години. Ако одговорот е „не“, тогаш тој не е вреден за да трошите на него толку многу време и енергија. Важно е постојано да повторувате кои вредности се навистина важни за исполнет и квалитетен живот.

  • Што открива месецот на раѓање за вашето здравје?

    Што открива месецот на раѓање за вашето здравје?

    Едно истражување спроведено на универзитетот Колумбија покажало поврзаност помеѓу месецот на раѓање и човечкото здравје. Научниците откриле како месецот на раѓање влијае на развојот на одредени болести.rnrn1.shto-otkriva-mesecot-na-ragjanje-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mkrnrnДоктор Николас Татонети, кој е професор на Медицинскиот центар во Универзитетот Колумбија, со својот тим експерти направиле истражување за влијанието на месецот на раѓање на одредени болести.rnrnПроучувале медицински картони на повеќе од милион пациенти кои биле на лекување во Њујоршката презвитеријанска болница, во период од 1985 до 2013 година. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со резултатите од истражувањата направени порано во Шведска, Данска и Австрија.rn

    Ризик за развивање болести

    rnНаучниците тврдат дека шансите за заболување од астма се значително поголеми кај луѓето кои се родени помеѓу јули и октомври, а ризикот за развивање нарушена хиперактивност и дефицит на вниманието е зголемено кај луѓето кои се родени во ноември.rnrnЛуѓето кои се родени во март, често добиваат аритмија, конгестивна срцева слабост и митрална валвуларна болест.rnrn2.shto-otkriva-mesecot-na-ragjanje-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mkrnrnДобра вест за оние кои се родени во мај е тоа што ризикот за заболување од хронични болести е многу мал, за разлика од луѓето кои се родени во октомври.rn

    „Овие податоци ќе им помогнат на научниците да откријат нови фактори кои влијаат на развојот на болестите. Важно е луѓето да не се вознемируваат поради овие резултати“ – изјавил Татонети.

    rnТој исто така додава дека иако откриле значајни врски, генерално гледано ризикот за заболување е навистина мал. Особено ризикот поврзан со месецот на раѓање во споредба со многу други влијателни фактори како што се исхраната и физичката активност.

  • Научниците откриле зошто лебот секогаш паѓа на намачканата страна

    Научниците откриле зошто лебот секогаш паѓа на намачканата страна

    На сите ни се случило понекогаш лебот да ни падне од рака и да се преврти на намачканата страна. А кога тоа се случува, се прашуваме зошто паѓа токму на таа страна од лебот. Научниците го имаат одговорот на оваа мистерија.rnrnnauchnicite-otkrile-zoshto-lebot-sekogash-pagja-na-namachkanata-strana-kafepauza.mkrnrnАко сте од оние луѓе на кои лебот постојано им паѓа додека појадуваат на маса, мала е веројатноста подот да ви остане чист, затоа што тој скоро секогаш ќе ви се лепи на намачканата страна.rnrnБританскиот научник Роберт Метјуз, член на Кралското астрономско друштво и Кралското статитистичко друштво, добитник на Нобелова награда во 1996, нагласува дека лебот паѓа на намачканата страна поради „фундаменталната константа“ во универзумот, како што е гравитацијата.rn

    „Лебот паѓа од масата на подот на намачканата страна затоа што универзумот е така создаден“ – изјавил Метјуз во своите истражувања.

    rnНеколку години подоцна неговата теорија ја поткрепува со докази: резултатот од тестирањето на 9.821 парчиња леб, покажал дека 6.101 паднале на намачканата страна, што во проценти е 62%.rnrnИако големината и обликот на парчето леб, како и начинот на кој паѓа имаат одредена улога, во повеќето случаи главната причина е висината од која паѓа лебот.rnrnИмено, лебот има време да направи само половина круг пред да падне на подот. За да направи целосен круг потребно е да паѓа од 3 метри висина или силата на гравитацијата да биде поголема.rnrnКога Метјуз и неговиот тим фрлале леб од висина на 2,4 метри, 47% од 2.000 парчиња леб паднале на сувата, на не намачканата страна од лебот.

  • Научниците откриле неверојатна поврзаност во телото за која досега не се знаело дека постои

    Научниците откриле неверојатна поврзаност во телото за која досега не се знаело дека постои

    Еден тим истражувачи од Универзитетот за медицина во Вирџинија откриле неверојатно откритие кое може да ги промени сите учебници. Тие успеале да докажат дека постои поврзаност помеѓу имуниот систем и мозок преку садови кои досега не сме знаеле ни дека постојат.rnrnНаучниците откриле неверојатна поврзаност во телото за која досега не се знаело дека постоиrn

    „Јас навистина не верував дека во нашето тело можат да постојат структури за кои не сме свесни. Мислев дека имаме целосна мапа на телото“, вели Џонатан Кипнис, коавторот на ова истражување. „Јас сметав дека овие откритија завршија некаде околу средината на претходниот век. Но, изгледа сите сме биле во заблуда.“

    rnИстражувачите откриле дека мозокот и имуниот систем се поврзани помеѓу лимфни садови, исто како и сите други ткива во телото. Па, наместо да се перципира невро-имуната интеракција како нешто опколено со мистерија, научниците сега можат да кажат дека знаат многу повеќе за неа. Тие исто така се надеваат дека ова неверојатно откритие би можело да ни помогне подобро да разбереме дел од најголемите невролошки болести, започнувајќи од склерозата, па сè до Алцхајмеровата болест.

  • 9 особини кои вонземјаните мора да ги поседуваат

    9 особини кои вонземјаните мора да ги поседуваат

    Сликата што Холивуд ни ја дава за вонземјаните воопшто не е реална и служи само за потребите на нивните филмови. Ако ги прашате научниците какви карактеристики би можеле да имаат вонземјаните, тие ќе ви дадат десетици одговори за нивниот можен изглед и однесување. Секој од нив има свои теории, секој има свои видувања, но сите се едногласни кога станува збор за одредени карактеристики кои нашите идни пријатели или непријатели од други галаксии би морале да ги имаат.rnrn9 особини кои вонземјаните мора ги поседуваатrn

    1. Агресивност

    rnЗа еден вид да опстои на одредено подрачје тој треба да ги покори опасностите кои му стојат на патот кон опстанокот. Вонземјаните со кои ние евентуално би воспоставиле контакт мора некако да доминираат на својата планета, а на другите видови да гледаат како на ресурс, како што ние гледаме на растенијата и на животните.rn

    2. Истражувачи

    rnАко некој вонземски вид стигне до нашата планета, тогаш тој мора да е истражувачки вид. Стивен Хокинг вели дека ако тие дојдат кај нас сигурно би биле интелигентни и не би започнале војна веднаш, туку би барале начин како да ги искористат овдешните ресурси во своја полза. Нешто слично како што правеле Европејците по откритијата на Марко Поло и Кристофер Колумбо.rn

    3. Имунитет

    rnВонземјаните нема да умрат од вирусите и бактериите на Земјата, затоа што имаат имунитет кога тие се во прашање. Вирусите и бактериите кои се на Земјата можат да опстанат само во средини со кои се биомеханички поврзани, така што оние со кои ние се соочуваме можат да преживеат само со нашата ДНК. Ако се закачат на вонземски вид, нема да му можат ништо.rn

    4. Не јадат луѓе

    rnНаучниците сметаат дека вонземјаните нема да нè изедат ако дојдат овде од повеќе причини. Вид кој патува низ вселената веројатно ја има потиснато и надминато потребата да јаде живи суштества, а прашање е и колку би можел да се нахрани од луѓето или овдешните животни. Исто така, на бродот со кој патуваат низ галаксиите сигурно би имало доволно храна за нив.rn

    5. Убиваат на софистициран начин

    rnАко дојдат со лоши намери, тој интелигентен вид сигурно нема да нападне варварски како во „Војна на световите“. Ако најдете бубашваби во вашиот дом, нема да ги убивате една по една, туку ќе употребите некакво хемиско средство кое наеднаш ќе ги убие сите. Научниците очекуваат и евентуално лошите вонземјани да го сторат истото.rnrn9 особини кои вонземјаните мора ги поседуваатrn

    6. Супер интелигентни

    rnАко дошле до овде тогаш мора де се супер интелигентни, тоа е јасно. Иако се претпоставува дека се агресивни, за очекување е да надвладува нивната интелигенција и да бидат рационален вид кој повлекува пресметани потези. Во филмовите често пати се претставени како варвари, но факт е дека такво поведение демонстрираат само ниско интелигентните видови, а не такви кои знаат како да отпатуваат од една во друга галаксија.rn

    7. Не се човеколики

    rnЧовекот го добил својот облик како резултат на сопствената еволуција во средината во која живеел. Ако планетата од која доаѓаат вонземјаните нема дрвја и планини, тие сигурно ќе се развијат на поинаков начин. Можеби и личат на луѓе, но шансите за тоа се многу мали.rn

    8. Имаат јазик и писмо

    rnСекоја развиена цивилизација има свој јазик и писмо за комуникација. Овие вселенски патници мора да имаат развиено и уште понапреден начин на комуникација помеѓу галаксиите.rn

    9. Немаат супермоќи

    rnВид којшто развил технологија за патување во вселената сигурно престанал да еволуира физички и затоа може да се очекува дека не се нешто особено физички моќни.

  • Дали навистина можете да надоместите за пропуштениот сон?

    Дали навистина можете да надоместите за пропуштениот сон?

    „Не сум наспан/а неделава, ама затоа па ќе се наспијам за викендот и ќе надоместам за сѐ“ е реченица која многумина од нас си ја кажуваат додека се борат со заморот кој го носи работната недела. Научниците сепак велат дека пропуштениот сон може само делумно да се надомести.rnrnДали навистина можете да надоместите за пропуштениот сон?rnrnСпоред научниците од Пен Стејт универзитетот во САД, спиењето за време на викендот може да избрише само дел од недостатоците кои ги создава недостатокот на сон. Тие спровеле истражување во кое испитаниците симулирале работна недела во која прво спиеле по осум часа, потоа по шест, а на крајот следувал викендот со по десет часа сон. Резултатите покажале дека откако сонливоста за време на денот се зголемила поради недостатокот на сон, зголеменото време поминато во спиење по „работната недела“ ја вратило сонливоста на нормално ниво. Кортизолот, хормонот на стресот, исто така се зголемил па значително паднал. Единствено концентрацијата и фокусот не биле на нивото од претходно.rnrnНаучниците сметаат дека ако добро се наспиете во деновите од викендот тоа ќе реши некои од проблемите поврзани со потребата од одмор, но не можете да очекувате да бидете целосно одморени, ниту доволно сконцентрирани кога тоа ќе ви биде потребно. На крајот, тие повторуваат дека е неопходна добра хигиена на сонот за секогаш да се чувствувате одморени.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нешто што ќе ве замисли: 5 мајмуни во кафез

    Нешто што ќе ве замисли: 5 мајмуни во кафез

    Група научници ставиле 5 мајмуни во кафез. Во средината на кафезот поставиле скала, а на врвот на скалата банани. Секој пат кога еден мајмун ќе се качел на скалата посегнувајќи по бананите, на останатите мајмуни им пуштале ладен туш. По некое време, секогаш кога некој мајмун ќе се качел на скалата, другите почнувале да го тепаат. По уште повеќе време, веќе ниеден мајмун не се осмелувал да се качи на скалата.rnrnrnrnПотоа научниците замениле еден мајмун со нов. Новиот мајмун веднаш паднал на искушението и почнал да се качува по скалата. Другите мајмуни почнале да го тепаат. По неколку обиди за качување и неколку тепања, новиот мајмун сфатил дека веќе не треба да се качува на скалата, иако не знаел зошто.rnrnПотоа научниците замениле уште еден мајмун и истото се случило. Првиот мајмун исто така учествувал во тепањето на вториот нов мајмун. Истото се случило и кога го замениле третиот мајмун, а потоа и четвртиот и петтиот.rnrnТака останала група од 5 мајмуни кои иако никогаш не биле изложени на ладен туш, продолжувале да го тепаат мајмунот кој ќе се обидел да се качува на скалата.rnrnАко би можеле да ви кажат мајмуните зошто секогаш го тепале оној мајмун кој се качувал на скалата, веројатно нивниот одговор би бил:rnrnНе знам. Така си функционираат овде работите.rnrnВи звучи ова познато?rnrnНе пропуштајте ја приликата да го споделите ова со другите. Бидејќи и тие можеби се прашуваат како многумина:rnrnЗошто продолжуваме да го правиме она што го правиме како да не постои поинаков начин?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто жените со облини се поинтелигентни?

    Зошто жените со облини се поинтелигентни?

    Дамите кои имаат натпросечно голема задница, се поинтелигентни од останатите жени, покажало едно необично истражување спроведено од страна на Оксфордскиот универзитет.rnrnНаучниците од овој универзитет воделе неколку занимливи истражувања, во кои ја испитувале поврзаноста помеѓу женските облини, коефициентот на интелигенција и генералното здравје на жените.rnrnЗошто жените со облини се поинтелигентни?rnrnОсвен што е откриено дека жените со облини се поинтелигентни, се открило и дека се поздрави од жените со помал задник.rnrnИако е најдобро да немате вишок масти, ако веќе ги имате, најдобро е да ви се распоредени на задникот и на бутовите. Зошто? Бидејќи жените со облини имаат пониско ниво на холестерол и нивниот организам побрзо ја преработува гликозата, што резултира со смален ризик од појава на дијабетес и срцеви болести.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто имаме веѓи?

    Зошто имаме веѓи?

    Веѓите се еден од најизразитите делови од нашите тела. Со нашите веѓи остваруваме невербална комуниција со другите луѓе, кога сакаме да покажеме дека сме збунети или лути. Но, дали тоа е нивната единствена цел? Во текот на милениумите, сме изгубиле многу од телесните влакна, па затоа е чудно зошто токму веѓите се задржале на нашите лица?rnrnКако што објаснуваат научниците од тимот на „Head Squeeze“ во видеото, основната работа на веѓите е нивната специјална форма на заштита на очите. Па така кога премногу се потиме или кога врне, а немаме чадор, веѓите со својот облик, ги насочуваат капките по слепоочниците и спречуваат да навлезат во очите. Всушност, нивната работа е толку важна што некои научниците веруваат дека доколку немавме веѓи, повеќе ќе ни се развиел некој друг фацијален дел, кој би ја вршел истата задача. Тоа би значело, дека ако не беа веѓите, ќе изгледавме многу чудно. Погледнете го интересното видео:rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку стари биле најстарите диносауруси?

    Колку стари биле најстарите диносауруси?

    Диносаурусите сè уште успешно успеваат да прикријат колку родендени славеле во далечното минато. Но, научниците откриле неколку мудри начини со кои можат отприлика да претпостават колку долго живееле овие антички рептили.Колку стари биле најстарите диносаури?За да одреди колку долго и брзо растел Тираносаурус Рекс, палеонтологот Марк Норел од Американскиот музеј за природознание, заедно со неговите колеги броеле колку прстени има во коските на античките диносауруси. Слично како и кај прстените на дрвјата, секој прстен во коската на диносаурусот одбележува една година живот.rn
    rn

    „Со истражување на седум примерока, ниe откривме дека еден Тирекс станувал возрасен на 19-годишна возраст. Најстариот Тирекс кој имавме можност да го проучуваме беше примерокот наречен Сју во Музејот Филд, Чикаго. Тој има 28 години. Тирексите растат многу брзо – за време на првите 4 години, тие добивале по 2,2 килограми дневно.“


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.