За годината која изминува може да се каже дека е година која ја одбележаа разни истражувања, иновации и трендови. Ова се најинтересните резултати добиени од овогодишните студии поврзани со љубовта и сексот.
rn
40% од луѓето ја користат музиката за разменување нежни допири за време на сексот
rnНајдобриот додаток на секоја спална соба е музичката колекција. Според едно истражување на шведскиот музички сервис Spotify, 40% од луѓето сметаат дека слушањето музика го поттикнува разменувањето на нежни допири за време на сексот.rnrn
12% од мажите не го паметат роденденот на нивните сопруги
rnБританската компанија за здравје и убавина Superdrug спроведе анкета според која 12% од мажите не ги знаат или не ги паметат родендените на нивните сопруги. Истата анкета покажа и дека 11,39% од мажите не знаат кој број на градник носат нивните сопруги, а 23% не се сигурни за точната големина на фустаните кои жените ги посакуваат.rnrn
19% од жените кои имале предбрачни сомнежи се развеле во рок од 4 години
rnИстражувањето спроведено од страна на УКЛА потврдило дека идните младоженци мора да го сфатат бракот посериозно. Имено, 47% од мажите и 38% од жените признале дека имаат одредени сомнежи во врска со бракот. Околу половина од испитаничките се развеле по 4 години брачен живот.
rn
50-годишните преферираат заеднички живот наместо брак
rnБројот на личности постари од 50 години кои се одлучуваат за заеднички живот наместо за брак е во пораст. До ваков заклучок дојде американското Списание за брак и семејство. Заедничкот живот на паровите кои учествувале во истражувањето траел околу 8 години и само 18% од нив се разделиле.rnrn
Среќата започнува на 33 години
rnБританската социјална мрежа Friends Reunited ве советува да не ја барате среќата во 20-тите години затоа што таа доаѓа подоцна. Вистинската среќа започнува на 33 години. На ова се согласија 70% од анкетираните постари од 40 години.rnrn
45% од жените се чувствуваат попривлечни после секс
rnОдредени истражувања спроведени на оваа тема покажаа дека високи 93% од жените се физички задоволни од себе, 67% се повесели, додека 45% се чувствуваат попривлечни по водење љубов.
rn
Најновото средство за контрацепција ќе трае 10 години
rnНаучниците започнаа со клинички испитувања на најновото средство за контрацепција кое може да трае до 10 години. Превентивниот серум се инјектира во машкиот полов орган, а целата постапка трае околу 15 минути. Сепак, овој вид на контрацепција нема да биде достапен сè до 2015 година.rnrn
Хиперсексуалните личности менуваат просечно по 15 партнери годишно
rnПод хиперсексуални личности се подразбираат личности кои се зависници од секс. До оваа дефиниција експертите од УКЛА кои, исто така, утврдија дека хиперсексуалните личности имаат во просек по 15 партнери годишно.rnrn
25% од мажите ќе се оженат дури и ако нема љубовни искри меѓу партнерите
rnАнкетата што ја спроведе сајтот Match.com покажа дека 25% од мажите ќе се согласат на брак дури и ако воопшто не почувствуваат љубовни искри.
rn
Девојките сакаат лоши момци 7 дена во месецот
rnТексашкиот универзитет во Сан Антонио направи истражување според кое постојат одередени 7 дена во месецот кога девојките сакаат лоши момци. Ова се случува кога девојките се во период на овулација и се залажуваат дека лошите момци еден ден ќе станат посветени партнери.rnrn
40% од студент(к)ите се состануваат со нивните поранешни партнер(к)и
rnИако ова може да биде примамливо за обновување на старата романса, Универзитетот во Канзас направи истражување во кое учествуваа парови кои раскинувале и повторно биле заедно. Истражувањето покажало дека 40% од студентите се склони кон вакви врски, но и дека оние кои повторно биле заедно имале полош меѓусебен однос, биле понезадоволни и понесигурни.rnrn
46% од мажите сакаат да започнат заеднички живот со партнерката по една година состанување
rnИстражувањето кое било спроведено на оваа тема покажа дека мажите се поподготвени за заеднички живот, за разлика од жените. 46% од нив сакаат да живеат заедно со својата партнерка по една година состанување, во споредба со 26% од жените кои би се одлучиле на ваков чекор.
rn
46% од жените би се помириле со изневерувањето
rnУште еден сајт оваа година спроведе истражување во врска со љубовта и изневерувањето. OurTime.com дојде до изненадувачки резултати според кои 46% од жените би се помириле со мажот доколку дознаат дека биле изневерени. Кај мажите оваа бројка изнесува 37%.rnrn
На 25% од луѓето им е здодевно во врската
rnВеб-сајтот Good in Bed спроведе анкета која покажа дека 25% од луѓето кои се во врска чувствуваат здодевност, а уште 25% се на работ на здодевноста. Затоа пак, 58% изјавиле дека би сакале да пробаат нешто ново во спалната соба.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrn
rnrn
rnrn
Серијата „Ѕвездени патеки“ е преполна со наука и технологија која била инспирирана од различни генерации научници и инженери – патување побрзо од светлината, телепортација, светлосни оружја, универзални преведувачи, виртуелна реалност базирана на холограм технологија и мобилни комуникатори меѓу другото. Голем дел од оваа технологија всушност веќе е реалност, но од друга страна физичарите се сè уште далеку од дизајнирање на ворп погони со кои би можеле да патуваме каде што никој човек не бил претходно…rnrn
Во „Паркот Јура“ научниците пронашле начин со помош на клонирање и користење античка ДНК од фосилите да ги вратат изумрените диносауруси во живот. Научниците често се скептични дека ДНК би можела да преживее толку долго време, а и да може не веруваат дека би било доволно од неа да се создадат организми. Сепак, новелистот Мајкл Крајтон вели дека е можно да се направи комбинација од парчиња античка ДНК со онаа од живите животни.rnrn
Во „Војна на ѕвездите“ бионички надградени карактери се борат со светлосно оружје и комуницираат преку холограми на нивните ѕвездени бродови. И секако, да не ја заборавиме „ѕвездата на смртта“ која има моќ за масовно уништување на цела планета. Овие филмови многу влијаеле врз развојот на науката и технологијата во реалниот живот. Но тоа што е потешко замисливо за научниците се микроскопските „медихлорини“ кои се наоѓаат во одредени личности, како и идејата дека Силата е физичка енергија која им овозможува телепатија, телекинеза и предвидување.rnrn
Задниот дел од плакар во мал град во Англија води кон друг свет, Нарнија, каде што времето тече различно од Земјата и децата се здружуваат со лав кој зборува и со други митски суштества за да се борат против вештерка која може со помош на магија да ги претвори своите противници во камен. Фактот дека портал би можел да води кон друга планета каде што времето се движи на друг начин, веднаш ве потсетува на научна фантастика, но сепак серијата Нарнија никогаш не била базирана на наука.rnrn
Во иднината, според ТВ серијата „Фајрфлај“, луѓето мигрирале од Земјата и колонизирале систем со процесот наречен тераформирање (го направиле погоден за живот). Поделбите помеѓу богатите и сиромашните и цивилната војна предизвикале многу голем број луѓе да живеат во светови непогодни за живот и единствената технологија која ја поседувале била примитивна, на ниво на Стариот Запад. Во оваа серија гледаме научна фантастика во која нема роботи, вонземјани и бродови побрзи од светлината, но се сретнуваат и неколку необични елементи како телепатијата. Системот во кој луѓето живеат на некој начин малку ја предизвикува имагинацијата бидејќи се состои од 5 ѕвезди, 12-тина планети и стотици месечини.rnrn
Вртлог ја носи Дороти во место каде што се наоѓаат страшила, лавови и лимени луѓе кои имаат способност за зборување. Тие мора да отпатуваат до необичен град и таму да се соочат со вештерки. И покрај тоа што Ханс Моравек предложил да се „аплоадира“ мозокот во компјутер така што ќе се заменуваат еден неврон по друг со микрочипови кои ќе ја имаат истата функција, што многу наликува на преобразбата на лимениот човек, сепак летачките мајмуни не изгледаат како многу можно сценарио за иднината.rnrn
Во Средната земја, луѓето, џуџињата, хобитите и орките започнуваат војна во свет сличен на средновековниот во кој живеат огромни волци, орли, пајаци и други замислени суштества. И покрај тоа што научниците пробуваат да развијат некој вид наметка за невидливост, големи се шансите дека огромен огнен Балрог не би можел да постои во иднината.rnrn
Во иднината, според трилогијата „Матрикс“, војната помеѓу луѓето и роботите ја направиле планетата скоро непогодна за живот. Бидејќи веќе немале извор на енергија, роботите ги заробиле луѓето и со помош на нивните мозоци кои се приклучени за компјутерски имагинарни светови ги напојуваат своите генератори. Научниците полека напредуваат во областите на роботиката и виртуелната реалност, но сè уште се многу далеку од технологијата во филмот.rnrn
Пандора е месечината од фиктивниот гасовит џин наречен Полифелмус, кој се наоѓа во бинарниот ѕвезден систем Алфа сентаури. Таму луѓето кои се наоружани со роботски егзоскелети се борат со хуманоидните вонземјани за рудниците со суперкондуктивни метали. Режисерот Џејмс Камерон, кој на времето бил претседател на научниот клуб во неговото училиште, се трудел скоро се во филмот да биде научно точно, но притоа признал и дека си дал малку поетска дозвола.rnrn
Иднината во филмот „Јас, робот“ е преполна со андроиди и други видови роботи кои ги следат трите закони на роботиката кои би требало да ги спречат во повредувањето на себеси и на другите додека им служеле на луѓето. Научниците полека развиваат роботи кои можат да одат како луѓето, кои во Јапонија веќе се употребуваат како дополнителна помош во некои области. Но, роботи со разум како луѓето сè уште не се реалност.rnrn
Во иднината, според овој филм, полицијата се потпира на видовити кои можат да го предвидат злосторството пред тоа да се случи и на тој начин да го спречат. И покрај тоа што предвидувањето е сè уште само фантазија, режисерот Стивен Спилберг за овој филм вработил цел кадар футуристи кои создадоа слика за иднината од нивна гледна точка. Кога подобро ќе размислите, можеби предвидувањето и не е баш толку невозможно.rnrn
„Прстени“ со вонземско потекло служат како портали кои водат до далечни светови така што отвораат црвји дупки низ кои поминуваат нашите истражувачи. Тие многу често се соочуваат со вонземјани кои се претставуваат како веќе познатите египетски богови. И покрај тоа што научниците се согласуваат дека црвјите дупки теоретски постојат, тие велат дека воопшто не изгледаат како тие од оваа серија.rnrn
Вонземјаните си играат со еволуцијата на човековиот вид и зад нив оставаат артeфакти кои можат да ги пронаоѓаат астрономите низ вселената и со нив да трансформираат гасовити џинови во ѕвезди. И покрај тоа што поголемиот дел од приказната на Артур С. Кларк ви изгледа како фантазија тој вели,
Во филмовите „Терминатор“, машините и луѓето постојано пробуваат „одново да ја напишат“ историјата, така што праќаат војници назад во времето за да ги убијат или заштитат историските личности. Сè уште постои голема дебата дали воопшто е возможно да се патува назад во времето и поголемиот број од научниците се многу скептични на оваа тема. Но, научниците не само што работат на создавање хуманоидни роботи, туку тие се обидуваат и да ги дизајнираат да изгледаат исто како човекот, што сугерира дека киборгот кој го игра Шварценегер можеби еден ден навистина ќе постои. Исто така има обиди за создавање и на релативно примитивни машини кои го менуваат својот облик.rnrn
Режија:
rnrnМногу брзо нивните најлоши стравови се остваруваат и низ порталот преминува Локи, братот на Тор кој е еден од боговите во Асгард. Тој го краде објектот кој тие го истражуваат и успева да избега така што „влијае“ на Соколовото око (Џереми Ренер) и на голем број од научниците да му се придружат. Фјури одвај успева да се извлече од целата ситуација и решава дека е време да ги собере најмоќните луѓе на планетата за да може да му се спротистави на Локи.rnrn
rnrnСтив Роџерс (Крис Еванс), кој е познат по името Капетан Америка е првиот на кој тој ќе му пристапи. Роџерс бил долго време замрзнат, но поради тоа што дошол во контакт со непознат извор на енергија успеал да преживее. По 70 години откако се разбудил, светот бил сосема различен од тоа како тој го памтел. Капетан Америка е исклучително силен човек, но тој најмногу се одликува според неговите способности да биде водач.rnrn
rnrnНаташа Романоф (Скарлет Џохансон), односно Црната вдовица е одличен агент и испитувач и таа работи за агенцијата како шпион. Нејзината задача ќе биде да го убеди Брус Банер (Марк Рафало) – Неверојатниот Халк, исто така да се придружи на новиот тим кој ќе треба да се бори со Локи. Но, неговата задача нема да биде борба, туку тој им е потребен за лоцирање на украдениот објект. Како што знаеме од претходно, Халк нема контрола на себе и во тие моменти може да ги повреди сите околу него…rnrn
rnrnАгентот Фил (Кларк Грег) му пристапува со сите досегашни податоци на Железниот човек – Тони Старк (Роберт Дауни Џуниор), кој е малку комплициран за работа во тим, бидејќи е човек кој сака да ја има сета слава за себе, но и покрај сè, решава да им помогне. Во меѓувреме на Земјата пристигнува и Тор откако ги дознава лошите плановите на неговиот посвоен брат Локи…rnrn
rnrn

rnrnОвој феномен се случува на секои две или три години, а причините кои стојат зад него сè уште се мистерија. Единствено што се знае е тоа дека камењата кои пред извесно време стоеле на едно место, сега се преместиле на друго, оставајќи јасна трага зад нив. Нема никакви знаци дека човек или животно помогнале во тоа, а нема ниту видео снимка која ќе ја разреши мистеријата.rnrn

rnrnИстражувачите до сега развиле повеќе теории, а речиси сите од нив вината им ја припишуваат на силните зимски ветрови. Тие дуваат од југозапад кон југоисток, а најголемиот дел од правите траги зад камењата одат во истата насока. Други научници причината ја бараат во тенките слоеви мраз кои настануваат во зимата. Според нив, тоа или создава перфектни услови за ветрот да ги помести тешките камења или се формираат мали санти мраз кои го лизгаат каменот.rnrn

rnrnЛизгачките камења во Рејстрак Плаја се голем предизвик и за научниците на НАСА, чии обемни истражувања не довеле до откритие, тука само до нови теории. Додека не ги испитаат нив, овие камења ќе останат една од 
rnrnНаучниците тврдат дека младите луѓе и адолесцентите со наполнети 18 години, смеат да возат, сами одлучуваат дали ќе пушат цигари или дали ќе пијат алкохол, а последица од овие работи е високата стапка на смртност на таа возраст.rnrnМладите луѓе сè до средината на третата декада од својот живот не ги разбираат последиците од водењето бурен живот, вечерните заглавувања, експериментирањето со наркотици и алкохолни пијалаци, менувањето партнери, лудото возење по улиците и слично. Затоа научниците предупредуваат дека на ваквите работи треба да се обрне повеќе внимание, бидејќи младите се оние кои ја носат енергијата, инвентивноста, продуктивноста и меѓучовечката толеранција.rnrn rnrn
Овој тест е со точност од 60-85 % во зависност од годините на испитаникот, но малку е веројатно дека може со сигурност да потврди колку точно ќе живеете. Сепак, можноста да се одберат група луѓе кои имаат голема веројатност да ја достигнат 100-та година е корисна за научниците, кои ќе можат понатака да се усовршуваат во изнаоѓање третмани кои ќе се борат против болестите кои се појавуваат во староста.rnrn
Оваа студија е започната во 2010 година на Бостонскиот универзитет и резултатите од неа биле објавени во научниот магазин „Sciencе“, но поради проблеми со подадоците, овој артикл бил повлечен. Во новиот документ, кој бил независно потврден од Универзитето Јеил, се додаени дополнителни податоци за исклучително стари луѓе, со просечна старост од 107 години. Овие луѓе, биле идеален модел за здраво стареење, бидејќи тие генерално не чуствувале потешкотии или дисфункции на организмот се до нивната 90-та година.rnrnДодека генетските фактори се само мала влијателна сила за доживување на 85-та година (20-30%), студијата сугерира дека тие би имале многу поголема улога после 85-тата година од животот. Научниците ги скенирале геномите на 801 стогодишник и ги споредиле резултатите на 914 „нормални“ испитаници. Биле откриени 216 генски варијации кои се наоѓале само кај постарата група и се верува дека тие играат улога во побавното стареење. Овие варијации може да се сместат во 26-те т.н „генски потписи“ кои биле карактеристични за 90% од испитаниците во постарата група.
rnТим Спектор, професор на Кралската академија во Лондон изјави:rnrn
Користејќи мала ламбичка за да побара по фиоките, првиот примерок што го фатил д-р Ланг имал натпис обележан како ‘C. Darwin Esq”.rnrn
rn
Од Ројал Холовеј во Лондон пак, велат дека примероците биле изгубени бидејќи Хукер не успеал прецизно да ги избори и селектира пред неговото заминување на експедицијата на Хималаите. Во 1851 година нерегистрирани фосили биле пренесени во Геолошкиот музеј во Пикадили, па потоа во 1935 година во Геолошкиот музеј на Јужен Кенсингтон, за на крај, 50 години подоцна да завршат во Музејот на Британскиот геолошки истражувачки центар во Нотингем. Откритието било во април минатата година и сите примероци се фотографирани и изложени во музејот. Ланг се надева дека ќе се изработат многу научни трудови врз база на неговото ненадејно откритие.rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnБизарно, но вистинито. Пред неколку години научниците докажаа дека ларвата од овој вид може да се клонира. Кога биле изложени на нивните природни непријатели, рибите, тие покажувале необичен одбранбен механизам.rnrn
rnrnТие се клонираат себеси, што значи, си ја преполовуваат големината на телото и на тој начин рибите потешко ги детектираат. Секако, ова не се единствените животни кои имаат ваква моќ. Морските ѕвезди, во својата возрасна фаза, можат да се клонираат откинувајќи дел од телото. Други такви видови се морските ежови и морските краставици.rnrn
rnrnСекогаш кога ќе се најдат во поволни температурни услови или места со изобилство на храна, тие создаваат група колонии за да можат да ја искористат предноста на условите.rnrn
rnrnКарактеристично за спесканиот морски еж, е тоа што тој ја поседуваа оваа особина само како одбранбен механизам. Ако тие ефикасно ја преполоват својата големина, рибата не може да ги види.rnrn
rnrnЗа процесот на клонирање потребни се неколку часа, но научниците велат дека тој почнува да се случува уште кога ларвата ќе го детектира присуството на предаторот, а не кога всушност ќе го види. Значи, тие почнуваат да се клонираат штом ќе го осетат рибниот слуз, па така кога рибата ќе пристигне, тие се невидливи за неа.rnrn
rnrnОд друга страна, пак, оваа особина си носи и свои негативни страни, односно цела нова група предатори, како што се малите морски ракови кои се исхрануваат со мали морски ежови. Но лукавите мали ежиња, се чини имаат решение и за овој проблем. Тие живеат во колонии во кои помалите единки секогаш се заштитени од поголемите браќа.rnrn
rnrn rnrn