Жените имаат околу 450 менструални циклуси во нивниот животен век и во просек губат околу 60 милилитри крв за време на еден циклус. Патем, целиот процес не е воопшто евтин: жените трошат многу пари за хигиенски производи во текот на животот.rnrnЧестопати не обрнуваме внимание на овие статистики и не си ги познаваме доволно сопствените тела. Ова е причината поради која некои информации ги доживуваме како апсолутна вистина, иако се само обични митови. Но, кои се тие?rn
1. Не треба да се капете во када
rn
rnrnНекои девојки избегнуваат капење во када за време на циклусот, други мислат дека топлата вода дополнително го поттикнува протокот на крв, а трети се плашат од инфекции.rnrnНо, не грижете се, топлата вода може да биде и корисна. Таа ја подобрува работата на крвните садови, ги релаксира вашите мускули и ги намалува менструалните грчеви. Значи, голема е веројатноста да се чувствувате многу подобро откако ќе поминете опуштено време во својата када.rn
2. Не треба да пливате
rn
rnrnМногумина мислат дека пливањето за време на менструалниот циклус е лошо за нивното здравје, но тоа не е точно.rnrnПрво, тампонот нема да дозволи водата да навлезе внатре. Второ, пливањето, како и секоја друга физичка активност, ја намалува болката. Исто така, според статистиката, не е толку лесно да фатите инфекција пливајќи во базен.rn
3. Жените коишто живеат заедно имаат синхронизиран циклус
rn
rnrnМарта МекКлинток била првата жена којашто пишувала на оваа тематика во статија за списанието „Nature“ во 1971 година. Според нејзиното искуство, пријателките, роднините и цимерките имаат речиси 100% синхронизирани циклуси. Причината била поради тоа што разменувале одредени феромони кои ги произведува женското тело.rnrnПодоцнежните студии ја негирале врската помеѓу циклусите и непосредниот контакт меѓу жените. Денес менструалната синхронизација не е докажана и се третира како мит во научната заедница.rn
4. Подобро е да се одложи фарбањето на косата
rn
rnrnПостои мислење дека доколку ја фарбате косата за време на менструалните денови, бојата нема да се распореди рамномерно, а косата ќе ви биде нескротлива. Корисниците на интернет тврдат дека тоа се случува поради хормоналната нерамнотежа.rnrnНаучниците навистина биле заинтересирани да го проучат овој случај и дознале дека дури и ако за време на менструацијата косата е потешка за обликување, таа нема никакво влијание врз производството на себум. Според научните податоци, непослушните влакна се резултат на лоша грижа или генетската предиспозиција.rn
5. Алкохолот влијае врз менструалниот циклус
rn
rnrnСѐ е до тоа колку алкохол консумирате. Дамите кои редовно консумираат премногу алкохол се склони кон нередовни менструални циклуси, аномалии и аменореа. Доколку пиете повеќе од препорачаното, алкохолот ќе има лошо влијание врз целото тело, а не само врз репродуктивниот систем.rnrnДоколку сакате да испиете чаша вино или неколку коктели за време на вашиот циклус, во ред е. Истражувањата покажуваат дека умереното пиење не влијае на менструалниот циклус и врз вашето здравје.rnrnПродолжува на следната страница…rn


n
rnrnСпоред некои козметичари, овој нездрав тренд им помага на салоните за убавина да заработат пари користејќи го стравот на клиентите кои не сакаат брчки. Инјекциите за убавина само ја прават кожата поранлива. Всушност, телото на здрава жена има доволно хијалуронска киселина да го одржи здравиот изгледа на кожата, а намалувањето на оваа киселина започнува дури на 60 години.rnrnИсто така, доколку нема навистина добра причина да инјектирате ботокс, како на пример, многу длабоки брчки, не правете го тоа. Проблемот е што колку сте помлади, толку повеќе антитела создава организмот против ботоксот. Ова значи дека се зголемува отпорноста на ботокс, па ефикасноста на секоја наредна инјекција се намалува. Сепак, после 40-тата година антителата не се произведуваат со истата брзина, па ефектот од инјекциите ќе трае подолго. Ова важи само доколку личноста не примала инјекции во младоста.rn
rnrnДенес екстремно се популарни органските продукти за убавина, но на никој не му е јасно кога може да се сметаат за органски, а кога не. Постојат неколку критериуми – барем 90% од состојките треба да бидат органски, добиени со процес на екстракција, а сировите материјали би требало да бидат одгледувани во чисти полиња кои ги имаат сите сертификати. Но многу често производителите на овие продукти толку многу се фокусираат на условите, што забораваат на ефективноста на самиот продукт. Па, и денес постои прашањето дали овие продукти се ефективни или не.rnrnПокрај тоа, органските продукти не се способни да се справат со сите наши проблеми. На пример, неорганските продукти за убавина подобро се справуваат со пигментацијата и брчките, па дури и подобро ја навлажнуваат кожата.rn
rnrnПотењето му помага на нашето тело да ги отстрани токсините и да ја контролира телесната температура. Ова е нешто што го знаат сите. Но поради некоја причина, фактот дека потењето е важна функција на телото често се игнорира. Всушност, навистина е опасно да го ограничите потењето.rnrnАнтиперспирантите го ограничуваат потењето така што ги блокираат лојните жлезди. Очигледно, ова не може да направи никакво добро. Нашата постојана употреба на антиперспиранти може да предизвика големи проблеми. Па, најдобро би било да ги користите овие продукти 2-3 пати неделно и да ги отстранувате пред спиење. Најдобрата опција е да купите неагресивни дезодоранси со безбедни состојки. На пример, одберете средство од природни минерални соли што го спречува размножувањето на бактерии и непријатната миризба.rn
rnrnКорејските и азиските продукти за убавина станаа навистина популарни, и до некаде го заслужуваат ова. Но важно е да знаете дека иако тие имаат одлични избелувачки и навлажнувачки ефекти, сепак се направени според кожните проблеми на локалните жени.rnrnЗа класичните европски проблеми, како брчки во младоста, акни и слично, корејската козметика не е подобра. Брчките се појавуваат многу подоцна кај жените од Кореја. Исто така климата и менталитетот на државата се поразлични – азиските жени се посистематски кога станува збор за негата на нивната кожа.rn
rnrnМалкумина ја гледаат поврзаноста помеѓу брчките и грчевите во вратот. Но сите човечки мускули се поврзани – доколку некои мускули се стегнат, други ќе се опуштат, и обратно. Па, ако добар експерт работи на еден дел од телото, можно е да се поправи сосема друга област.rnrnНа пример, доколку често се мрштите, голема е веројатноста мускулите на вашата брада да се опуштат. Мускулите на лицето се директно поврзани со мускулите на грбот и вратот, па доколку ги масирате овие мускули, формата на лицето може да биде малку променета. Релаксирањето на мускулите е првиот чекор, а следно е нивното зајакнување. Фитнесот за лице со добар козметичар е нешто што секоја жена би требало барем да го проба.rnrnПродолжува на 
rnrnМногу луѓе се навистина загрижени за восокот кој се нанесува на овошјето и зеленчукот, чија цел е да ја зачува свежината на продуктот за време на транспорт. Сепак, Администрацијата за храна и лекови тврди дека овој слој е безбеден.rnrnСвежо набраните овошје и зеленчук имаат слој од восок кој се формира природно и кој го штити плодот од сушење и омекнување. Овошјето е измиено после берењето со цел да се отстранат прашината и хемикалиите, а со ова се отстранува и дел од природниот восок. Поради ова, се нанесува нов слој. Овој восок е погоден за јадење и се користат само по неколку капки за секој плод. Може да биде дигестиран од телото и не му штети на нашето здравје. Се разбира, пред консумирање, сепак треба убаво да го измиете плодот.rn
rnrnКога ќе слушнете дека за зреењето на бананите се користи гас, лесно можете да си направите најцрни сценарија. Во реалноста, ова не е толку опасно. Бананите се берат додека се зелени и се транспортираа на посебни бродови. Дури потоа се сместуваат во посебни гасни комори во период од еден ден. Овој гас се состои од 95% нитроген и 5% етилен. Нитрогенот се наоѓа во воздухот што го дишеме, а етиленот се ослободува од јаболката. Всушност, и самите можете да го изведите ова дома. Ако купите зелени банани, ставете ги во темна пластична кеса со зрели јаболка и добро затворете ја. По неколку денови, бананите ќе бидат зрели.rn
rnrnМногу луѓе мислат дека во процесот на замрзнување, плодовите ги губат повеќето витамини и минерали. Но експертите од Универзитетот во Калифорнија докажале дека ова не е вистина. Научниците ја проучувале концентрацијата на витамините Ц, Б2, Е и А кај замрзнато овошје и заклучиле дека нивното количество е повисоко за разлика од свежото овошје. Единственото овошје за кое не се препорачува замрзнување се доматите. Дури и чувањето во фрижидер може да им го влоши вкусот.rn
rnrnЛуѓето кои не купуваат ултра-пастеризирано млеко се загрижени дека овој метод ги уништува сите витамини во млекото. Но важно е да знаете дека млекото не содржи само витамини, туку и протеини, масти и јаглехидрати. Воглавно, составот на пастеризираното и ултра-пастеризираното млеко е ист, а разликата е само во витамините.rn
rnrnЗелената хељда е навистина популарна и има причина за ова. Обичната кафеава хељда се загрева за време на преработката, па количеството на хранливи материи е пониско за разлика од зелената. Сепак, оваа разлика е незначајна. Исто така, поголемиот дел од витамините и микроелементите не можат да се уништат со загревање. Повеќето од овие елементи остануваат во продуктот и после готвење.rn
rnrnМногу овошки и поголемиот дел од сушеното овошје е третирано со сулфур диоксид. Оваа супстанца им помага на овошките да ја зачуваат природната боја. Обично луѓето се загрижени за овие продукти, но најчесто нема простор за грижа. Доколку преработката е изведена правилно, нема ништо лошо во неа. Сулфурот се користи во прехранбената индустрија со години, а ризикот од консумирање на овие продукти речиси и да го нема.rn
rnrnСекој знае дека длабоко пржената храна е штетна за здравјето, но постои еден исклучок. Според едно истражување, некои видови храна се всушност подобри подготвени на овој начин. На пример, длабокото пржење на зеленчуци како компири, модар патлиџан и слично го зголемува количеството на антиоксиданси во нив. Единствениот услов е да употребувате екстра девствено маслиново масло.rnrnПрочитајте ги и 
rnrnОва е репрезентација на здрави луѓе кои се среќаваат со личност инфицирана со морбили. Според статистиката, 9 од 10 луѓе ќе се разболат, а еден од нив ќе има компликации.rnrnПонекогаш овој аргумент звучи малку поразлично – живееме во 21-виот век и морбилите би требало да бидат искоренети во 20-тиот, па дури и 19-иот век. Се разбира, ова е само делумно вистина. Покрај вакцинациите, променет е и нашиот начин на исхрана, заедно со хигиената и развојот на медицината. Но стапката на смртност од некои болести е намалена уште пред појавата на вакцините.rnrnЗа да ја разберете важноста на вакцините, треба да ја погледнете статистиката. Во 1968-ма година, Велика Британија започнала со употреба на вакцини за морбили. Благодарение на ова, 20 милиони луѓе избегнале инфицирање, а 1.500 луѓе избегнале смрт.rnrnДури и ако нема епидемија во некоја држава, како можете да бидете сигурни дека вирусот нема да дојде со некој турист? Во овој случај, морбилите би се прошириле речиси инстантно. Истото важи и ако одите во странство – најдобро е да се вакцинирате за ваша безбедност.rn
rnrnВистина е дека ниту една вакцина не може да ви даде 100% имунитет. Но со морбилите, овие бројки се околу 93-97%. Во ретки случаи можно е да се инфицирате, бидејќи сите луѓе се различни, а имунитетот на некои личности функционира различно. Ова е сосема нормално и не значи дека не треба да се вакцинирате.rn
rnrnВо 1998-ма година, научниот весник Lancet објавил текст за поврзаноста помеѓу аутизмот и вакцините за морбили. Подоцна, идеите на авторот биле побиени и текстот бил избришан. Но, луѓето кои го прочитале не можат да го заборават.rnrnМодерните антиваксери често го користат овој аргумент кога велат дека вакцините се опасни – тие тврдат дека предизвикуваат аутизам. Интересно е што дури и развиените држави не се ослободени од оваа лажна информација.rn
rnrnПред да наполнат 2 години, децата добиваат околу 10 вакцини. Некои родители се загрижени за бројот на вакцини и веруваат дека детското тело не може да ги поднесе. Тие веруваат дека секоја инјекција ослободува илјадници опасни бактерии во телото на бебето, што го уништуваат неговиот имунолошки систем.rnrnОва не е вистина. Вакцините содржат ослабени вируси кои не предизвикуваат штета. Тие само го „учат“ имунолошкиот систем како да развие свој одбранбен систем. Телото на бебето може да одговара на антигени (вакцините се токму ова) уште пред да биде родено.rnrnПродолжува на 
rnrnВо праисториските времиња, просечниот животен век бил околу 30 години. Но, ова не значи дека сите луѓе умирале на 29 години. Високата стапка на смрт кај децата го направила просечниот животен век многу пократок. Луѓето често живееле многу подолго од 30 години.rn
rnrnПовеќето предатори не напаѓаат нешто што е многу поголемо од нив. Покрај тоа, пајаците се навистина чувствителни на топлина и вибрации, па не им се приближуваат на луѓето намерно. Овој страшен број се појавил откако во 1993-та година бил објавен текст на Лиса Холст, во кој измислувала „факти“ со цел да покаже колку луѓето се лековерни.rn
rnrnСпротивно на популарното верување, молњата може да удри на истото место два пати. Покрај тоа, според статистиката ова не се случува многу ретко.rn
rnrnАко се обидувате да пиете повеќе вода, но 8-мата чаша ви оди навистина тешко, не мора да ја пиете. Тоа значи дека веќе сте се напиле доволно вода, а 8 чаши не е универзален број. Важното нешто е да пиете вода кога ќе почувствувате жед. Истражувањата покажале дека мозокот го прави голтањето потешко кога количеството вода го исполнува капацитетот на телото.rn
rnrnПливањето после јадење нема да направи повеќе штета од пешачењето после јадење. Спротивно на популарното верување, ова нема да ви предизвика грчеви. Најлошото што може да се случи е да почувствувате гадење.rn
rnrnАко сакате да пресметате колку е старо вашето куче во човечки години, не треба да се потпирате на овој принцип. Всушност, сè зависи од расата и големината на вашето милениче. Овој мит се појавил благодарение на математичките задачи од 60-тите, кога децата требало да ја пресметаат возраста на кучињата користејќи го овој принцип.rnrnПродолжува на 

rnrnБез сомнение, месната индустрија емитува повеќе јаглерод од одгледувањето зеленчук. Па, вегетаријанството има позитивно еколошко влијание. Но, производството на одредени млечни производи може да нанесе многу штета. Доколку не јадете месо но консумирате млечни производи, речиси и да не правите разлика. Кога станува збор за исхраната, најдоброто што можете да го направите за планетата е да бидете вегани.rn
rnrnКоличеството јаглерод што го емитувате зависи не само од тоа колку често вриете вода, туку и од видот на вашиот вокал. Електричните бокали побрзо ја загреваат водата, но струјата потребна за нив произведува речиси 3 пати повеќе стакленички гасови за разлика од гасот. Па за да ја заштитете околината, најдобро е да користите бокал за на шпорет или шпорет на гас.rn
rnrnЕколошките детергенти навистина содржат биоразградливи и растителни состојки што не се многу токсични. Но всушност најлошо влијание на климатската промена има вриењето на водата. Доколку најдете еколошки детергент кој е ефективен на ниска температура, тоа е одлично. Во спротивно подобро е да одберете обичен детергент, отколку да ја зголемувате температурата на водата.rn
rnrnИндустријата за транспорт има големо влијание врз околината, па затоа е побезбедно да купувате локални производи наместо увезени. Колку подалеку патувал продуктот, толку полошо влијание има на околината. Но, локално не секогаш значи најдобро. Квалитетот и еколошката вредност на продуктот зависат од регионот. На пример, истражувањата покажале дека цветовите одгледани во сончевата Кенија емитуваат помалку јаглерод, за разлика од оние одгледани во холандските стакленици. Траењето на транспортот е важно, но не е единствениот факт што треба да го земете предвид.rn
rnrnГрадските депонии се полни со пелени. Но наводно, пелените од платно се поопасни кога станува збор за глобалното затоплување. И овој пат виновно е перењето на висока температура, сушењето и пеглањето. Се препорачува да купувате пелени за една употреба, или воопшто да не ги употребувате.rnrnПродолжува на 

rnrnНастинката и грипот се предизвикани од различни вируси, па едното не може да се претвори во другото. Обично луѓето ги мешаат раните симптоми на двете болести. Овие карактеристики ќе ви помогнат да ги разликувате.rn
rnrnАнтибиотиците не можат да се справат со вирус бидејќи неговата структура е поразлична од бактериските болести. Всушност, антибиотиците можат само да ја влошат ситуацијата – симптомите на настинка нема да исчезнат, а вирусот ќе продолжи да се шири.rnrnИсто така немојте да земате антибиотици како превентива. Со ова ќе го ослабите вашиот имунитет и ќе создадете добра околина за вирусот. Со текот на времето лекот ќе стане помалку ефективен бидејќи бактериите можат да се прилагодат и да станат имуни.rn
rnrnПо правило, симптомите на настинката траат 3 денови. Но ако само чекате и не ја лекувате, може да настанат компликации и симптомите да траат 20-30 денови. Особено важно е да посетете лекар доколку почувствувате тешкотии при дишењето.rn
rnrnПовеќето луѓе обично продолжуваат со работа кога не се чувствуваат добро. Постои и верување дека ако не си дозволите да се опуштите, настинката ќе помине побрзо. Всушност, ова само ќе го продолжи оздравувањето. Подобро е да останете дома два дена, па да се вратите на работа. Покрај тоа, вашата настинка е заразна и можете да инфицирате некој друг.rn
rnrnАко имате настинка и цел ден останете во кревет, може да добиете бронхитис или пневмонија. Покрај тоа се намалува циркулацијата на крвта. Се разбира, не би требало веднаш да се упатите во теретана, но малку физичка активност нема да ви штети.rnrnПродолжува на