КАФЕ ПАУЗА

Tag: митови

  • Трите најголеми митови за безусловната љубов

    Трите најголеми митови за безусловната љубов

    Крајно време е да престанете да верувате во митовите поврзани со љубовта и да ги прилагодите вашите очекувања според реалноста!rnrnКога гледаат филмови и серии во кои има совршен пар, повеќето луѓе имаат нереални очекувања за љубовта и врските. Врз основа на ова, се формираат некои заблуди, кои може да го уништат вашиот љубовен живот – па затоа е подобро што побрзо да престанете да верувате во овие митови.rnrnТрите најголеми митови за безусловната љубовrn

    Мит број 1: Ако се сакате еден со друг безусловно, врската не треба да биде оптоварување

    rnЉубовта е процес и обајцата треба да работите на одржување на врската за таа да биде успешна и среќна. Значи, колку и да се сакате себеси, важно е да се трудите во врската – инаку љубовта нема да опстане. Замислете ја љубовта како убаво цвеќе што ќе овене ако не го наводните…rnrnЗа да ја одржувате вашата врска, добро е да научите некои комуникациски вештини кои ќе ви помогнат да имате отворена и чесна комуникација со партнерот што е и основа за развој на меѓусебната доверба.rn

    Мит број 2: Ако некој друг сексуално ве привлекува не се сакате меѓусебно

    rnАко ви се случи да бидете сексуално привлечени од некој што не е вашиот партнер, веројатно се плашите дека повеќе нема љубов меѓу вас и дека сè е изгубено.rnrnКако и да е, треба да знаете дека доколку некој друг ве привлекува, но ништо не се случи помеѓу вас, тоа не е фактор што ја дефинира вашата врска со партнерот. Вашето однесување е критериум во врската, а не одредена краткотрајна привлечност.rn

    Мит број 3: Ако тој навистина ме сака, ќе се потруди да ме направи среќен/на

    rnНаместо да посакувате вашиот партнер да се откаже од сè за да ве направи среќни, одвојте време да се слушате еден со друг во врска со чувствата и грижите.rnrnМеѓусебното сослушување и можноста да си ги искажете потребите е многу поголем показател за успехот во вашата врска отколку „симнувањето ѕвезди од небото“ како што гледаме во филмовите. Имајте на ум дека намерата е важна, дури и ако вашиот партнер понекогаш не успева да ги исполни вашите очекувања.rnrnВистинската љубов постои и навистина можете да уживате во среќна и здрава врска ако ги прилагодите очекувањата кон реалноста – размислете за тоа што е можно поскоро.rnrnОткако сте начисто во врска со митовите за безусловната љубов, прочитајте и за 4-те видови љубов кои постојат, покрај вистинската.

  • Конечно се срушени најчестите фитнес митови

    Конечно се срушени најчестите фитнес митови

    Речиси сите се обидуваат да го подобрат својот изглед и имаат рутина на вежбање, држат диети и земааат додатоци во исхраната, но многумина не ја знаат разликата помеѓу вистините и лагите за фитнесот што кружат на Интернет. Водени од заблудата за резултатите што можете да ги постигнете, ризикувате да се повредите, па затоа погледнете го овој список на митови што не важат за вежбањето.rnrnКонечно се срушени најчестите фитнес митовиrn

    Мит 1: Пливањето е одлична активност за губење килограми

    rnОва тврдење е вистинито само ако навистина сериозно размислувате да пливате и интензивно вежбате еден час дневно. Ако под пливање подразбирате брцкање во плиткото и повремено петминутно истегнување на рацете, тогаш пливањето не е активност што ќе ви помогне да ги намалите килограмите.rn

    Мит 2: Стомачните вежби ќе ви помогнат да ги стопите масните наслаги на стомакот

    rnСтомачните вежби може да ви помогнат да ги зацврстите стомачните мускули, но тие нема да ви помогнат да имате совршено рамен стомак. За да имате видливи стомачни мускули, треба да го намалите нивото на телесни масти. Сепак, насоченото губење на тежината не е можно, па затоа не може да ги изгубите само масните наслаги на стомакот.rn

    Мит 3: Трчањето на лента ги штеди колената повеќе отколку трчањето на патека

    rnТрчањето е активност што не се препорачува на луѓе со чувствителни колена и ниту трчањето на лента не е оптимална алтернатива. Избегнувајте активности што вршат голем притисок на колената и изберете активности со помал интензитет како што се пешачењето и пливањето.rn

    Мит 4: Ако не се потите, не вежбате доволно интензивно

    rnПотењето е начин на телото да се излади, па затоа недостатокот на пот не мора да значи дека не сте вежбале доволно. Можеби вежбате во поладна просторија, а можеби само се потите помалку од просечното. Сепак, количината пот не мора да е во корелација со интензитетот на вежбата. Но, ако правите кардио вежби и воопшто не сте задишани, тогаш голема е веројатноста дека нешто правите погрешно.rn

    Мит 5: По квалитетниот тренинг треба да почувствувате одредена болка

    rnАко немате кондиција, постои можност ден или два по вежбањето да развиете воспаление на мускулите. Но, и ако не добиете воспаление, тоа не мора да значи дека вашиот тренинг не бил доволно добар. Квалитетното истегнување му помага на телото правилно да се опушти по физичката активност. Исто така, треба да разликувате болка што следува неколку дена по вежбањето и е сконцентрирана исклучиво во мускулите, од друг вид болка што може да ја чувствувате на пример во зглобовите уште за време на вежбањето. Во тој случај, треба веднаш да прекинете со вежбањето за да не се повредите уште повеќе.rnrnПрочитајте ги овие 12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер.

  • Најголемите митови за Инстаграм

    Најголемите митови за Инстаграм

    Инстаграм стана една од најкористените социјални мрежи на денешницата. Но, стана и чудно место полно со митови, со илузии и со неточни работи. Еве во кои митови не треба да верувате.rnrnНајголемите митови за Инстаграмrn

    Мит 1

    rnИнстаграм ги забранува профилите без претходно предупредување, така што корисниците не ни забележуваат дека се забранети.rn

    Реалност:

    rnОд Инстаграм тврдат дека не се занимаваат со забрани од ваков вид. Нема да добиете забрана ако користите премногу хаштагови или ако направите некои други мали престапи. Некои профили е потешко да се најдат, но од Инстаграм велат дека тоа е последица на лош маркетинг.rn

    Мит 2

    rnХаштагот што го измисливте е ваша приватна сопственост.rn

    Реалност:

    rnМожеби ќе ве изненади, но одговорот е не. Вие не сте сопственик на содржините на социјалните мрежи. Сè што објавувате станува сопственост на Инстаграм, а ознаките може да ги користат сите.rn

    Мит 3

    rnИнстаграм намерно ги крие вашите објави за да спречи да бидат видени од повеќе луѓе.rn

    Реалност:

    rnИнстаграм веќе не ги прикажува вашите објави хронолошки, што значи дека тие не се достапни по редоследот на објавување, туку на основа на алгоритам.rn

    Мит 4

    rnКупувањето лајкови и следбеници е пократок начин да станете инфлуенсер.rn

    Реалност:

    rnИнстаграм ги казнува корисниците кои го прават тоа и наскоро ќе ги избрише лажните следбеници и лажните лајкови.rn

    Мит 5

    rnИнстаграм ги казнува корисниците што претеруваат со хаштагови.rn

    Реалност:

    rnВсушност, колку повеќе, толку подобро – но, бидете разумни и умерени.rnrnПогледнете ги овие апликации слични на Инстаграм што можете да ги користите доколку не сакате да бидете толку друштвени.

  • Најголемите митови за здравјето во кои веруваме

    Најголемите митови за здравјето во кои веруваме

    Некои навики и знаења ни се вткаени во свеста уште од раната младост, но дали тие се точни или нѐ учеле погрешно? Ова се најголемите митови за здравјето во кои веруваат луѓето.rnrnНајголемите митови за здравјето во кои верувамеrn

    Високиот холестерол се јавува само кај постарите

    rnДоколку мислите дека не мора да се грижите за нивото на холестерол во вашата крв сѐ додека не стигнете до одредена возраст, се лажете. Всушност, треба да се проверувате дури и во младоста. Лекарите велат дека секој кој има барем 20 години треба редовно да го проверува нивото на холестерол во крвта. Ова е дополнително важно денес поради лошата храна која сме навикнати да ја внесуваме. Ризикот од повисок холестерол не ги заобиколува младите.rn

    Топлата вода ги отстранува бактериите

    rnНѐ учеа од мали дека треба да ги миеме рацете со топла вода за да ги отстраниме бактериите. Време е да знаете дека ова е погрешно. За отстранување на бактериите е поважно миењето со сапун и правилното движење со прстите и дланките за време на миењето отколку температурата на водата. Не треба да се миете со топла вода за рацете да ви бидат чисти, велат докторите.rn

    Може да се разболиме од клима-уредите

    rnОва сигурно сте го слушнале многупати досега, особено доколку се чувствувате настинати, а поминувате долго време во климатизирана просторија. Вистината е дека доколку чувствувате негативна промена кога сте во климатизирана просторија, веројатно имате алергија. Алергиите, дури и оние кои се благи, се активираат кога лицето преминува од просторија во која воздухот е „прочистен“ во таква во која воздухот е полн со природни алергени.rnrnПостојат митови и за менталното здравје, а ова се 11-те најчести, но и вистините зад нив.

  • Митови и вистини за витаминот Д

    Митови и вистини за витаминот Д

    Витаминот Д се смета за помошник во борбата со многу болести, но дали тој навистина е толку корисен? Ова се некои митови и факти поврзани со овој витамин што треба да ги знаете.rnrnМитови и вистини за витаминот Дrn

    Мит: Клинички испитувања докажале дека го намалува ризикот за појава на рак

    rnНеодамнешните истражувања покажуваат дека постои врска помеѓу недостатокот од витаминот Д и некои болести, меѓу кои прекумерна дебелина, срцеви болести, мултиплекс склероза, одредени видови рак и депресија. Сепак, не постои клиничко испитување кое директно ги поврзува витаминот Д и која било болест освен остеопорозата. Досегашните докази што ги имаме се основани само на епидемиолошки докази.rn

    Мит: Телото самото создава доволно витамин Д

    rnВистината е дека со изложеност на сонцето создаваме значаен дел од витаминот Д што ни е потребен. Кожата создава витамин Д кога е изложена на УВБ зраци. Но, луѓето кои живеат на места каде што нема доволно сонце имаат пониски нивоа на витамин Д во крвта.rn

    Мит: Не ви требаат додатоци во исхраната доколку поминувате повеќе време на сонце

    rnДоколку постојано сте изложени на сонце, можеби не треба да внесувате витамин Д преку исхраната. Меѓутоа, тоа не е случајот кај повеќето од нас, па затоа е потребно и консумирање производи кои го содржат витаминот.rn

    Мит: Не може да знаете колку витамин Д ви недостасува

    rnНивото на витамин Д во вашата крв ви кажува дали треба да внесувате повеќе од него, а вашиот доктор може да ви помогне со тоа.rn

    Мит: Не треба да земате над 200 МЕ витамин Д дневно како додаток во исхраната

    rnВсушност, се препорачува дневно консумирање на 600 МЕ (Меѓународни единици) витамин Д за луѓето до 70-годишна возраст и до 800 МЕ за луѓето постари од 71 година. Некои здравствени установи препорачуваат и дневно внесување до 1.000 МЕ за возрасни до 50 години.rnrnДоколку не сте сигурни дали треба да внесувате повеќе од витаминот, ова се 5 знаци дека ви недостасува сончевиот витамин Д.

  • Најголемите лаги во врска со сексот

    Најголемите лаги во врска со сексот

    Постојат многу невистини поврзани со сексот во кои луѓето и ден-денес веруваат. Како тие воопшто имаат настанато? Најчесто се работи за резултат на незнаење, но често и предрасуди се во прашање. Во продолжение прочитајте ги најголемите 20 лаги во врска со сексот.rnrnНајголемите лаги во врска со сексотrnrn1. За да се рече дека еден сексуален однос бил добар, двајцата партнери мора да достигнат врв. Апсолутно не. Сексот може да биде подеднакво забавен и без да се постигне оргазам.rnrn2. Сексуалниот однос е комплетен само кога мажот и жената истовремено ќе постигнат оргазам.rnrn3. Симултаниот оргазам носи многу повеќе задоволство од оној кој се доживува посебно.rnrn4. Жената не мора да ги задоволи своите потреби како што мора мажот. Неточно. Недостатокот на секс подеднакво влијае на двата пола.rnrn5. Доколку жената не ужива во сексот, за тоа е крив партнерот. Може да биде, но не зависи сѐ од него, зависи и од самата жена, нејзината сексуална зрелост и самодоверба.rnrn6. Неколку часа пиење алкохол ја зголемува сексуалната желба, па мажот и жената можат подобро да си поминат на сексуален план. Всушност, единственото нешто што го прави алкохолот е извесно ослободување, па со самото тоа може да се чувствуваме поопуштено. Секако, пиењето алкохол нема врска со самата сексуална желба.rnrn7. Сексуалниот живот на жената завршува со менопаузата. Секако дена не!rnrn8. Само мажите мастурбираат.rnrn9. Сексуалната желба и потенцијал опаѓаат во почетокот на четириесеттите или педесеттите години од животот.rnrn10. Мастурбацијата е знак на незадоволство од сексуалниот живот со партнерот. Истражувањето на сопственото тело нема никаква врска со задоволството во врската.rnrn11. Доколку на жената ѝ се отстранат јајниците и матката, таа ја губи сексуалната жена. За среќа, желбата за секс не престанува со вадењето на репродуктивните органи.rnrn12. Отсуството на химен укажува на тоа дека жената е невина. Кај некои жени хименот е многу еластичен, па може да остане дури и по многу сексуални односи.rnrn13. Мастурбирањето го намалува сексуалниот потенцијал.rnrn14. Импотенцијата е природна појава кај старите мажи и не може да се лекува.rnrn15. Мажот е секогаш спремен за сексуални односи. Не е коректно да се имаат вакви очекувања од мажите. Како и кај жените, и кај нив сексуалната желба зависи од чувствата и моменталната психичка состојба.rnrn16. Доколку мажот не се возбуди во текот на предиграта, тогаш има физички проблем, односно импотентен е. Скоро не постои маж кој некогаш не успеал да се возбуди, но тоа не мора да има врска со импотенција.rnrn17. Оргазмот и ејакулацијата се едно исто нешто.rnrn18. Во хомосексуалните врски, еден од партнерите има улога на жена, а другиот на маж. Ова е еден од најчестите предрасуди за хомосексуалците.rnrn19. Хомосексуалците се опседнати со секс во поголема мера отколку хетеросексуалците. Желбата за секс, нема никаква врска со сексуалната ориентација.rnrn20. Честата мастурбација води до хомосексуалност. Нема никакви негативни последици од мастурбирањето, а таа особено не може да влијае на сексуалната ориентација.rnrnПрочитајте ги и овие бизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјата.

  • Епидемиолозите откриваат: 6 митови за миењето раце!

    Епидемиолозите откриваат: 6 митови за миењето раце!

    Миењето раце е дел од секојдневието што го правиме минимум 5-6 пати. Сте обрнале внимание како го правите тоа? Дали знаете како правилно се мијат рацете? Ги прашавме епидемиолозите да откријат кои се најчестите митови поврзани со миењето раце. Прочитајте во продолжение за да дознаете што е правилно, а што не.rnrnrn

    1. Ако се миеме со топла вода подобро ќе се ослободиме од бацилите

    rnТоа не е вистина. Миењето на рацете со ладна и топла вода е исто за бактериите и другите бацили. Помеѓу другото тоа го потврдила и една студија чиишто резултати се објавени во Журналот за заштита на храна. Од испитаниците е побарано да ги измијат рацете со вода на различна температура (15, 26 и 38 степени Целзиусови). Бројот на вируси што исчезнале со миењето раце не се разликувал во зависност од температурата на водата. Доколку ги миете рацете со премногу топла вода можете дури и да го оштетите епидермисот и да ја направите кожата поподложна на инфекции.rn

    2. Апаратите за сушење раце се најдобар начин за сушење на рацете

    rnУште еден мит. Истражувачите од Универзитетот во Вестминстер во Лондон имале задача да ги истражат резултатите од различните начини на сушење на рацете. Спровеле експеримент во кој ги покриле рацете со ракавици со несекојдневен вирус МС2, после што сите учесници ги исушиле рацете на 3 различни начини: со машина за сушење раце, со бришење од џебовите и со хартиена крпа. Што било откриено? Хигиенски начин за да ги исушите рацете е преку бришење со хартиен бришач за еднократна употреба. Најлош начин е преку популарното џебно сушење. Тие ширеле 60 пати повеќе бацили од конвенционалните апарати и 1.300 пати повеќе од хартиените бришачи. Треба да се има на ум дека правилното сушење е многу важно. Бактериите многу полесно се шират на влажни раце.rn

    3. Честото миење раце може да го оштети природниот заштитен слој

    rnОва е факт. Со пречестото миење на рацете може да се оштети и надразни кожата, да стане сува и на тој начин да се зголеми осетливоста на кожни инфекции. Рацете треба често да се мијат, но само во ситуации кои го бараат тоа: пред јадење или подготовка на храна или кога е веројатно дека е зголемена количината на штетни бацили на нашите раце, како на пример, по враќањето во домот, по патување со јавен превоз, контакт со животни или посета на продавница (посебно поради контакт со колички и корпи за пазарење или контакт со пари).rn

    4. Рацете треба да се дезинфицираат кога не можат да се измијат

    rnОва е вистина. Во секојдневниот живот – дома или на работа, обично имаме постојан пристап до вода и санитарија, така што дополнителната дезинфекција не е потребна. Меѓутоа, во ситуации кога миењето раце со сапун и вода не е возможно, како на пример кога патувате со воз или автобус, убаво е да имате професионално средство за дезинфекција. Исто така треба да се знае дека сапунот и водата ги отстрануваат бацилите, но не ги убиваат – заедно со течноста тие едноставно исчезнуваат од нашите раце. Од друга страна, професионалните препарати ги убиваат или целосно ги неутрализираат вирусите, бактериите и габичките. Ова треба да се запомни кога се користат влажни марамчиња без дејство на дезинфекција. Бацилите остануваат бидејќи уште се на влажните марамчиња и се активни. Поради тоа се препорачува употребеното марамче одма да се фрли и тоа да биде само за една употреба.rn

    5. Убавото миење раце со сапуница е подеднакво ефикасно како и примена на дезинфекциско средство

    rnПроцентот на ефикасност од обичното миење на рацете со сапун и вода и нивната дезинфекција варира. Внимателното миење на рацете со вода и сапуница (нагласување на прецизноста на темелно миење на делот на раката за 30 секунди), овозможува отстранување на 99,9% бактерии, вируси и други микроорганизми. Дезинфекцијата убива 99,99% бактерии. Мала разлика? Од една страна да – ефикасноста постигната со темелно миење на рацете е доволна во повеќето секојдневни ситуации за да се одржува правилна хигиена и здравје. Од друга страна, од медицинска гледна точка, разликата е огромна. Само миењето раце со сапун и вода не е доволно за професионалците како што се докторите, готвачите, тату мајсторите, козметичарите и фризерите.rn

    6. Антибактериските препарати се штетни по здравјето

    rnПрофесионалните антибактериски препарати или подобро кажано дезинфекциските средства се лабораториски тестирани и докажани не само како ефикасни туку и како безбедни за здравјето. Од друга страна постојат штетни „антибактериски“ сапуни и гелови што содржат токсини за кои истражувачите неодамна откриле. Триклосан е отровна супстанца и може да предизвика бројни компликации во човечкото тело. Најмалку опасен ефект од употреба на оваа супстанца се алергии, но во екстремни ситуации може да дојде до создавање тумор, хормонски нарушувања или сериозни инфекции на горниот респираторен тракт. Вистинските дезинфекциски производи, а не антибактериските (разликата е клучна) се засновани на активни состојки од алкохолно потекло кои се целосно безбедни за здравјето.rnrnДознајте како да направите вашите раце да изгледаат помладо.

  • 11-те најчести митови за менталното здравје и вистините зад нив

    11-те најчести митови за менталното здравје и вистините зад нив

    Покрај тоа што менталните проблеми се многу чести, многумина веруваат во работи коишто се погрешни за нив. Зошто откривањето на митовите е неопходно? Бидејќи ќе биде повеќе разбирливо за сите коишто се загрижени за општото здравје. Многу професионалци за ментално здравје, институти и организации низ светот изработуваат програми за подигање на свесноста за менталното здравје за унапредување на значајноста на третманот. Постојат луѓе коишто секојдневно страдаат ментално и едвај преживуваат верувајќи дека не постои целосно лекување на тој „проблем“. Според светската здравствена организација околу 2/3 од луѓето со познато ментално нарушување не бараат помош од професионалци бидејќи се малтретирани и стануваат мета на нефер дискриминација и стигма. Митовите се значајни фактори за незнаењето поврзано со менталното здравје. Оттука нивното изнесување е подеднакво важно како и борбата за нивно надминување.rnrnrn

    1. Менталните нарушувања можат да ги погодат „другите луѓе“

    rnФакт: Менталните нарушувања никого не дискриминираат врз основа на раса, возраст, пол, каста или вероисповед. Може да ви се случи вам, нас, на вашите најблиски па дури и на професионалците за ментално здравје – секој може да има проблеми поврзани со менталното здравје. Тие се почести отколку што можете да замислите. Секој 4-ти возрасен страда од некаков вид ментално нарушување во која било година.rn

    2. Децата и адолесцентите не можат да имаат ментално нарушувања

    rnФакт: Децата и возрасните подеднакво доживуваат мноштво проблеми со менталното здравје. Според СЗО, од 10% до 20% од децата и адолесцентите ширум светот се жртви на ментални нарушувања. Пола од менталните нарушување почнуваат од 14-та година и 3/4 до средните 20-ти. Најчесто дијагностицирано ментално нарушување кај децата е Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност познато и како АДХД, потоа проблеми во однесувањето, анксиозност и депресија.rn

    3. Еднаш ако сте дијагностицирани со ментално нарушување вие ќе го имате целиот живот

    rnФакт: Многу групи за поддршка и заедници се здружуваат за да им помогнат на луѓето да го побараат третманот којшто ќе им одговара најмногу, опфаќајќи ги специфичните третмани за нарушувањето, стратегиите што вклучуваат медитација или психотерапија. Со комбинација од фармаколошки и психолошки третмани и поддршка, помеѓу 70-90% од индивидуите имаат значајно намалување на симптомите и подобрен квалитет на живот. Возможно е целосно оздравување и надминување на менталното нарушување.rn

    4. Како лаик, јас не можам да направам ништо за луѓето коишто имаат потреба од грижа за менталното здравје

    rnФакт: Погрешна идеја! Не мора да бидете професионалец за да обезбедите грижлива средина за луѓето на коишто им е потребна грижа за менталното здравје. Може да придонесете ако го промените начинот на кој зборувате и го гледате менталното нарушување.rnrnЕве што можете да направите: Избегнувајте да користите етикетирање на луѓето како на пример: „психа“, „луд“, „ненормален“, „откачен“, „мрднат“. Наместо да кажете дека некој е „шизофреничен“, кажете личност со шизофренија. Запомнете дека личноста има идентитет зад нејзината дијагноза. Однесувајте се со нив со еднакво достоинство и почит како кон останатите. Споделете го вашето знаење за менталните проблеми со другите луѓе и поправете ги ако веруваат во нешто што не е вистинито. Не правете дискриминација помеѓу таквите луѓе во поглед на социјалните интеракции, едукација или вработување. Почитувајте ги нивните права и помогнете им да разберат дека државата ги штити нивните потреби и права исто како и на другите луѓе. Ако забележите дека некој се шегува со луѓето на кои им е потребна грижа за менталното здравје, одма спротивставете се или преземете други разумни мерки кон него.rn

    5. Менталното нарушување е исто како и менталната ретардација

    rnФакт: Не, не е исто. Тие се две целосно различни состојби. Дијагнозата за ментална ретардација се карактеризира со ограничување на интелектуалното функционирање и потешкотии со одредени секојдневни животни вештини. Спротивно на ова, луѓето со ментално нарушување имаат разновидно интелектуално функционирање како и останатата популација, но имаат благи до сериозни нарушувања во мислите, расположението и однесувањето што резултираат во неможност да се справат со секојдневните животни потреби и рутини.rn

    6. Терапиите и грижата за себе е само губење време без никакви резултати

    rnФакт: Третманот е многу индивидуален, исто како и страдањето. Изборот за стратегиите на третман зависи од многу фактори. Различни ментални нарушувања одговараат на различни методи и третмани што не значи дека сите ментални нарушувања ќе се излечат со истата стратегија на лекување. Многу луѓе коишто работат на подобрување на состојбата се консултираат со психолози, психијатари, психоаналитичари, психотерапевти и советници.rn

    7. Менталното нарушување кај луѓето доаѓа поради слабоста во нивниот карактер

    rnФакт: Тоа не е воопшто поврзано со „слабост во карактерот“. Менталното нарушување се јавува поради интеракција на повеќе фактори: биолошки, психолошки и социјални. Некои настани како што е губењето на работа, загубата на сакана личност и разводот, можат да доведат до развој на проблеми со менталното здравје.rn

    8. Сексуалната ориентација го дефинира менталното здравје

    rnФакт: Земајќи го предвид времето во кое живееме, срамота е да се мисли на толку деградирачки начин за друго човечко битие. Изборот на сексуалната ориентација е екстремно личен. Ако вашата сексуална ориентација се разликува од вообичаената тоа не значи дека не сте здрави ментално. Хомосексуалноста не се смета за форма на ментално нарушување од страна на бројни психолози и психијатари. Фројд верувал дека сите луѓе се природно бисексуални и тие стануваат хетеросексуални или хомосексуални како резултат на нивните лични искуства и социјално влијание. Тој сметал дека хомосексуалната ориентација не треба да се гледа како еден вид патологија.rn

    9. Луѓето со ментално нарушување секогаш се насилни и непредвидливи

    rnФакт: Луѓето со ментално нарушување не се понасилни од оние кои немаат такво нарушување. Постојат многу насилни луѓе и непредвидливи, но немаат никакви проблеми со менталното здравје. Многукратни истражувања покажале дека индивидуите со сериозни ментални нарушувања се посебно ранливи за да се однесуваат насилно.rn

    10. Луѓето со нарушено ментално здравје или оние што го надминале нарушувањето се полоши работници

    rnФакт: Истражувањата од Националниот институт за ментално здравје и Националната алијанса за ментално болни покажале дека нема разлика во продуктивноста кога луѓето со ментално нарушување ќе се споредат со останатите работници. Нивното нарушување нема влијание врз квалитетот на работата, изведбата, мотивацијата или текот.rn

    11. Менталните нарушувања не можат да бидат спречени

    rnФакт: Проблемите со менталното здравје ве прават чувствителни. Откако еднаш ќе биде јасен изворот на нарушувањето, може лесно да се превенира. Со елиминирање на ризик факторите како што се изложување на траума или злоупотреба во текот на детството може успешно да се спречат емоционалните и менталните нарушувања како и проблемите во однесувањето.rnrnКако што рекол еднаш Џорџ Орвел: „Митовите во коишто се верува можат да станат вистина“. Пожелно е овие митови што ги наброивме никогаш да не станат вистина. Човештвото треба да биде уште посвесно отколку што е во моментов за неопходноста од грижа за менталното здравје. Менталните нарушувања не треба да се табу тема и за нив треба отворено и јасно да се говори.rnrnДознајте како да го организирате вашето домашно опкружување за подобро ментално здравје.

  • Факти и митови за здравјето во летниот период

    Факти и митови за здравјето во летниот период

    Повеќето од нас веруваат во мислењата на пријателите, како и на податоците од Интернет. За жал, иако постојат многу добри совети, сепак подобро е на медицинските да не се обрнува многу внимание. Секој доктор има приказна за тоа како некој негов пациент се лечел со д-р Гугл, но тоа лечење било неуспешно, па дури и му се влошиле симптомите.rnrnФакти и митови за здравјето во летниот периодrnrnВо секој случај, читајќи ги советите на форумите, ќе забележите дека медицинските митови се насекаде. Летната сезона е особено погодна за нивното ширење. Во продолжение прочитајте со кои митови најчесто се среќаваме и која е вистината зад нив…rn

    За да се избегне вагинална инфекција во базенот, најдобро е да се капите со тампон

    rnЛага – тампонот не нè штити од контакти со микроорганизми, баш напротив, тој е добра подлога за бактерии доколку не се менува често. Најдобра заштита од инфекции се превентивните вагинални пробиотици со хранливи материи, кои се ставаат на секој 3-ти ден. Што ако инфекцијата се наоѓа во вулвата, вагината и грлото на матката? Во ваква ситуација се користат препарати кои содржат бензидамин хидрохлорид. Болка, печење при мокрење, чешање, вагинален исцедок, црвенило и оток се првите симптоми на кои треба брзо да се реагира. Воглавно, девојките кои јадат благо и брза храна се посклони на вагинални инфекции.rn

    Во летните жешки денови е невозможно да настинете

    rnЛага – вирусите се активни во текот на целата година. Поголеми се шансите да подлегнеме на нив во зима, бидејќи ладното време е фактор кој го ослабува имунитетот. За жал, сè почесто сме изложени на инфекции и во летното време, дури и ако користиме системи за климатизација, што често премногу ги намалуваме температурите во домот, канцеларијата или автомобилот. Климата треба да се намали само за неколку степени во однос со надворешната температура. Доколку разликата е голема и влегуваме во ладни простории, ризикуваме да ни се намали имунитетот, а со тоа се зголемуваат шансите за добивање инфекции.rn

    Носењето очила за сонце можат да го оштетат видот

    rnВистина – меѓутоа станува збор за очила кои немаат УВ филтри. Темните очила за сонце овозможуваат зениците да се заштитат кога е премногу светло. Но, доколку очилата немаат УВ заштита, тогаш штетното зрачење може да им наштети на очите. Оштетувањето на очите се случуваат бавно, но со честото носење вакви очила тоа е неповратно.rn

    Допирањето на коприва по телото, има позитивно влијание на здравјето

    rnВистина – при телесен контакт со оваа билка се произведува хистамин. Научниците објаснуваат дека при допир со коприва, телото прима сигнали и станува одбранбено. При што, доаѓа до самолекување на иритираните места. Копривата ги иритира нервните рецептори и го форсира телото да го стимулира имунолошкиот систем.rn

    Консумирањето ладни пијалаци предизвикува фрганигитис

    rnЛага – студеното само по себе не е доволно да предизвика инфекција, потребни се бактерии и вируси. Доколку сте здрави, без никаква грижа можете да консумирате замрзнати пијалаци. Меѓутоа, лесно може да се ослаби слузницата на грлото и при краток контакт со бактерии може да доведе до болест.rn

    Може да се прелади мочниот меур со седење на ладен под

    rnВистина / Лага – инфекцијата на мочните канали не доаѓа од седењето на камен, туку од самото ладење на телото, што во комбинација со ослабен имунитет може да доведе до појава на инфекција. Луѓето со слаб имунитет, при кратко стоење во ладна просторија или пак при шетање со обувки без влошки, одвреме-навреме можат да осетат притисок во мочниот меур. Покрај вишокот на шеќери во исхраната и јадењето на преработена храна, причината за слаб имунитет начесто е премногу ниското ниво на витамин Ц, Д3, Е како и недостатокот на селен и цинк, и дехидрација предизвикана од прекумерното пиење кафе и чај.rn

    На егзотичните места најдобро е со секој оброк да се консумира алкохол

    rnЛага – ваквата дезинформација сè уште е популарна, но сепак не помага во отстранувањето на бактериите. Алкохолот се апсорбира во стомакот, а амебите се прошируваат во дванаесетопалачно црево и другите црева. Меѓутоа, пиењето високо процентен алкохол со оброк на вакви места е подобра варијанта од водата, бидејќи помага при варење на храната. Германски научници докажале дека лачењето на дигестивните киселини е поттикнато од недестилираниот алкохол (вино, пиво и шампањ). Дестилираниот алкохол (вотка, виски, коњак, рум) не предизвикуваат зголемена секреција на дигестивните киселини, а консумирањето поголема количина ги влошуваат или целосно ги запираат дигестивните процеси.rn

    Во топлите денови вреди да се носат миризливи влошки

    rnЛага – долготрајниот контакт со ароматизирана облога и ограничувањето на кислород, може да доведе до инфекција, посебно кај девојките кои имаат зголемена количина на секрет. На површината на влошката се создава гел кој е погоден за сите патогени бактерии, особено за оние кои сакаат топло и влага. Доколку немате вагинален исцедок, најдобро е да носите само долна облека од чист памук.rn

    Облоги од млеко и јогурт помагаат при изгорена кожа

    rnВистина – секоја ладна облога доведува до намалување на температурата, а млечните производи дополнително ја штитат надразнетата кожа, благодарение на протеините кои помагаат во зараснување на раните. Можете да користите обично млеко, но и кисело млеко бидејќи ја смирува и навлажнува кожата и спречува при создавањето пликови. Освен млечните производи, при изгореници на кожата од сонце, можете да користите и јаболков оцет. Тој има атстрингентни и анти-инфламаторни својства, и се користи по туш и во мали количини. Силниот црн чај со ментол исто така може да ви помогне. Танините го забрзуваат зараснувањето, а ментолот го намалува чувството на горење.rn

    Не постои ризик од инфекција по првиот ден по каснување од крлеж

    rnЛага – не постои гаранција дека по каснувањето крлежот не успеал да ве инфицира. Покрај тоа, никогаш не можете да знаете колку долго се хранел. Доколку крлежот има КЗМ вирус, тој веднаш по каснувањето го пренесува. Бактериите од лајмската болест обично живеат во цревата, но доколку крлежот се хранел извесно време, тогаш батериите ќе имаат плунковни жлезди, што значи дека можат лесно да влезат во крвотокот. После секоја прошетка проверете го своето тело. Доколку пронајдете крлеж, отстранете го што е можно побрзо.rnrnПрочитајте ги и овие 5 митови за сончањето што мора да ги знаете!

  • 5 митови за сончањето што мора да ги знаете!

    5 митови за сончањето што мора да ги знаете!

    Со желба за потемен тен многумина во летниот период се склони кон прекумерно изложување на сонце. Дали припаѓате во оваа група луѓе на кои главна активност на плажа им е сончањето? Прочитајте го текстов и подобро размислете дали ќе сакате толку многу време да поминувате изложени на сонце.rnrnrnrnЕдна нова студија спроведена од британскиот центар за истражување на ракот покажало дека бројот на заболени од меланом на кожата во Англија од 2004-та година пораснал за 45% како и дека ракот на кожата е втор најчест рак кај луѓето на возраст од 25 до 49 години.rnrnСепак, експертите истакнуваат и дека во 90% од случаите појавата на рак на кожата би можела да се спречи само со заштита од сонце во текот на летото, но и во остатокот од годината. Добро е познато дека пред сончање потребно е да се нанесе крема со заштитен фактор, но за да бидете целосно сигурни дека сте ги презеле сите потребни мерки за да ја заштитите кожата од штетните сончеви зраци, мора да прекинете да верувате во овие популарни митови за сончањето.rn

    1. Ако еднаш изгорите на сонце нема да ви се случи ништо

    rnИзгорениците од сонце нема да предизвикаат рак на кожата, но ќе го зголемат ризикот од него, особено ако сте помлади. Дерматолозите наведуваат и дека едно неодамнешно истражување спроведено на речиси 100 илјади луѓе покажало дека само едно горење на сонце во период помеѓу 15 и 25 години може да го зголеми ризикот од рак на кожата за повеќе од 50%.rnrnЗатоа секогаш е важно да ги преземете дополнителните мерки за заштита на кожата, особено ако веќе во минатото сте имале изгореници.rn

    2. Нема да изгорите под сенка

    rnМногу луѓе веруваат дека е невозможно да се изгори под сенка и се кријат од штетните сончеви зраци под чадор за сонце или под сенка од некое дрво. Тоа воопшто не е точно – предупредуваат дерматолозите.rnrnТие додаваат и дека не мора да бидете изложени на сончеви зраци за да се изгорите. Околните површини како што се песокот и морето рефлектираат УВ зраци кои можат да предизвикаат оштетување на кожата дури и ако сте под сенка.rn

    3. Не можете да изгорите кога е облачно

    rnНе само што можете да изгорите кога е облачно туку можете да добиете уште полоши изгореници отколку на сонце бидејќи сте помалку свесни за штетните УВ зрачења. Она што мора да го знаете е дека низ облаците минуваат дури 80% сончеви зраци, па е потребно да се нанесе заштитен фактор и кога е облачно.rn

    4. Препаратите за сончање со висок заштитен фактор не е потребно слоевито да се нанесуваат

    rnНиедна крема за сончање не е 100% ефикасна, дури ни тие што ветуваат целодневна заштита. Потребно е секоја крема да се нанесува неколкупати дневно и тоа задолжително после секое излегување од вода. Дури и кога сте намачкани со крема со висок заштитен фактор не би смеело предолго да бидете изложени на сонце бидејќи таа само ќе го одложи, но нема да го спречи оштетувањето на кожата. Дерматолозите додаваат и дека облеката е дополнителна заштита од сонцето.rn

    5. Ракот на кожата нема да ви се случи вам

    rnСекој може да добие рак на кожа – предупредуваат дерматолозите и советуваат за сите промени и неправилности на кожата, како и за сомнителните бенки, задолжително да се обратите на дерматолог.rnrnДознајте дали и вие ја правите оваа грешка при нанесување спреј за сончање.