КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативност

  • Што треба да запомните во тешките мигови?

    Што треба да запомните во тешките мигови?

    Кога животот ни станува стресен, честопати ги забораваме нештата кои треба да ги запомниме, а ги паметиме нештата кои треба да ги заборавиме. Ова се 35 потсетници кои ќе ви помогнат да се мотивирате, во миговите кога тоа ви е најпотребно.rnrnШто треба да запомните во тешките мигови?rnrn1. Не знаете колку сте силни, сè до оној момент кога единствениот избор кој го имате е да бидете силни.rnrn2. Понекогаш добрите нешта се уништуваат, за да можат подобри нешта да ви зачукаат на врата.rnrn3. Не можете да промените нешто со коешто одбивате да се соочите.rnrn4. Никој не е совршен и ничиј живот не е едноставен. Никогаш не знаете низ што сè поминуваат луѓето околу вас. Секој си има свои проблеми. Затоа, не потценувајте се ниту себеси ниту некој друг. Секој се бори на свој уникатен начин.rnrn5. Плачењето не е знак дека сте слаби. Уште од вашето раѓање, плачењето претставува знак дека сте живи и носите потенцијал во себе.rnrn6. Без разлика колку грешки сте направиле или колку бавно правите некаков прогрес, вие сте сепак многу понапред во однос на оние кои не се ни обиделе да направат нешто.rnrn7. Животот не се состои во чекање бурата да помине, туку се состои во учење како да танцувате додека врне.rnrn8. Нерасположението значи непотребно трошење на вашата шанса да бидете неизмерно среќни. Живнете!rnrn9. Ако успеете да насмевнете една личност, можете да го промените светот. Можеби не целиот свет, но светот во кој живее таа личност. Почнете со поситни чекори и почнете од денес.rnrn10. Понекогаш во животот морате да се дистанцирате од нешто, за да можете бистро да ја видите реалноста.rnrn11. Никогаш не дозволувајте успехот да ве удри во глава. Никогаш не дозволувајте неуспехот да ве спушти премногу ниско.rnrn12. Понекогаш морате да се изборите во тешките денови, за да ги заработите најдобрите денови од вашиот живот.rnrn13. Животот се состои од 10% од она што се случува и 90% од начинот на кој вие реагирате на тоа што се случува.rnrn14. Можете да научите одлични лекции од вашите грешки, доколку не сте презафатени негирајќи дека сте ги направиле.rnrn15. Престанете да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Тоа што тие го мислат не е воопшто важно. Важно е само како вие се чувствувате во врска со себеси.rnrn16. Кога ќе престанете да ги бркате лошите работи, ќе им дадете шанса на добрите нешта да ве уловат.rnrn17. Кога другите луѓе ве третираат лошо, продолжете да си бидете свои. Никогаш не дозволувајте горчината на некој друг, да ве промени како личност.rnrn18. Морате да прифатите дека некои работи никогаш нема да бидат ваши и да научите да ги цените оние кои се единствено ваши.rnrn19. Понекогаш наједноставниот начин да се справите со некој проблем, е да се чувствувате како да сте единствената личност на светот која е незадоволна, пати, се мачи да излезе од дупка и едвај излегува на крај. Но, тоа чувство е лажно. Доколку малку почекате, некој ќе ве пронајде и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. На секој од нас ни е потребна помош понекогаш. Потребна ни е личност која ќе ни помогне да ја чуеме музиката во нашиот внатрешен свет. Некој кој ќе не потсети дека нема секогаш да биде вака и дека постојано ќе имаме некој кој мисли на нас.rnrn20. Не плашете се да излезете од вашата „комфорна зона“. Некои од најдобрите животни искуства и можности, се појавуваат само доколку сте спремни да изгубите.rnrn21. Понекогаш ненамерно дозволуваме малите проблеми да ескалираат и да започнат да доминираат во нашиот живот. Ако продавачот ви наплатил 30 денари повеќе, тоа може да ве изнервира, но не дозволувајте да ви го уништи денот. Во животот, постојано ќе постојат мали нешта кои ќе нè иритираат. Тајната се состои во тоа да се трудите да им го дадете најминијатурното внимание, кое што навистина го заслужуваат.rnrn22. Кога кревате раце од нешто, не мора да значи дека сте слабаци. Понекогаш може да значи дека сте доволно силни и доволно паметни за да завршите со тоа поглавје од вашиот живот.rnrn23. Запрашајте се себеси кои луѓе во вашиот живот ве расположуваат, а кои ве влечат надолу со нивниот негативизам. Не заборавајте дека опкружувајќи се себеси со позитивни луѓе полни со љубов, вие сте веќе на половина пат кон среќниот и успешен живот.rnrn24. Немојте да поминувате премногу време оптоварувајќи се со минатото и грижејќи се за иднината. Животот е она што се случува сега. Живејте го моментот.rnrn25. За да можете да бидете креативни, морате да престанете да се плашите дека ќе погрешите.rnrn26. Понекогаш, недобивањето на она по кое сте копнееле долго време, е најдоброто нешто кое можело да ви се случи.rnrn27. За да бидете одлични, не значи дека треба да бидете доминантни врз другите луѓе. Тоа значи дека треба да бидете способни да доминирате со вашиот сопствен потенцијал.rnrn28. Ако имате страст да правите нешто во животот, продолжете со тоа, без разлика што другите луѓе мислат. Таа е постапката за остварување на вашите најголеми соништа.rnrn29. Ако некоја личност сака да биде дел од вашиот живот, таа ќе вложи видлив напор за да го стори тоа. Не трудете се да резервирате во вашето срце, место за оние кои не се трудат да останат во него.rnrn30. Немојте да се каете за вашите интимни врски кои не завршиле добро бидејќи тие ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот партнер за вас и повеќе да го цените поради она што е и поради она кое го прави за вас.rnrn31. Животот не им се насмевнува на оние кои се перфекционисти, туку на оние кои се борат да ги направат работите како што треба, а за да ги направите работите како што треба, потребно е да бидете несовршени во 99% од времето.rnrn32. Сосема е во ред да се чувствувате гневно понекогаш. Во ниеден случај не е во ред да бидете злобни со некого.rnrn33. Чувствувањето добро и чувствувањето лошо, се секогаш променливи категории.rnrn34. Не молете се кога врне, ако не се молите кога ве грее сонце.rnrn35. Парите се обновлив ресурс. Ако сте изгубиле некои пари, не очајувајте. Секогаш можете да направите повеќе. Но, доколку потрошите драгоцен временски период стресувајќи се околу секој денар или поради губење на некоја битна шанса, никогаш нема да можете да го вратите тоа време назад. Времето е многу поважно од парите. Времето е темелот на животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 29 начини да останете креативни

    29 начини да останете креативни

    Потребна ви е креативност повеќе од кога било, а баш некако периодов слабо ви протекуваат брилијантни идеи низ мозокот?rnrn29 начини да останете креативниrnrnОваа симпатична анимација од тимот TO-FU ви нуди 29 начини да си ја поттикнете и одржите креативноста, но дури и да решите да прифатите само 2-3 совети, може да почувствувате промена кон подобро.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како ќе ги препознаете креативните луѓе?

    Како ќе ги препознаете креативните луѓе?

    Постојано сме опкружени со нив, но тешко ги препознаваме. Некои ни се чудни, некои оригинални. Еве како да препознаете дали и кои луѓе во нашето опкружување се вистински креативци:rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе се љубопитни

    rnТие поставуваат прашања во секое време. Кога гледаат или се соочуваат со нешто што не го разбираат, тие даваат сè од себе за да го научат она што не им е јасно.rn

    Креативните луѓе сакаат предизвици

    rnТие не бегаат од предизвици, туку подготвено ги пречекуваат и им се спротивставуваат. Колку е поголем предизвикот, толку нивниот адреналин е поголем. Креативците не бегаат од проблемите, туку преферираат да се соочат со нив. Тие се одлични и во решавањето на проблемите на нивните блиски и пријатели.rn

    Креативните луѓе не се плашат да експериментираат

    rnКреативците превземаат ризици и воопшто не се плашат од новите работи, без разлика дали се работи за нов процес, ново пријателство, нов гаџет, ново јадење… Експериментирањето е начинот на кој тие пробуваат дали нешто функционира или не. Тие се лидери и не чекаат другите да им кажат што да прават.rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе го сакаат најдоброто

    rnТие не се задоволуваат со просечни нешта. Креативните луѓе секогаш го сакаат најдоброто! Секогаш знаат да најдат начин да дојдат до посакуваното и никогаш не престануваат да учат.rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе знаат да прифатат и дадат критика

    rnБез разлика што работиме, ние луѓето секогаш имаме што да кажеме. Креативците знаат да прифатат критика, особено ако таа е негативна, кога веднаш гледаат да го искористат тоа за своја полза. Но, тие знаат и да дадат аргументирана критика, позитивна и негативна. Со оглед на тоа што се луѓе кои го сакаат најдоброто, креативните луѓе секогаш сакаат да се надминат себеси во она што го прават, но истото го очекуваат и од другите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летно освежување на вашите нокти

    Летно освежување на вашите нокти

    Како што се наближуваат топлите денови, девојките долгите ракави кои ги носеле во зимските денови со огромно задоволство ги заменуваат со куси, а голите раце ги разубавуваат со разни тренди алки и прстенчиња. Неизоставен дел од летната шема се и убаво средените нокти, кои делуваат уште пошик доколку се дизајнирани на уникатен начин, кој ќе ве направи забележителни и препознатливи.rnrnДоколку сте креативни и умеете сами да си ги декорирате ноктите, погледнете ги фантастичните дизајни на нокти кои ви ги предложуваме да ги пробате, а доколку не сте доволно умешни, испринтајте го овој пост и појдете во студио за разубавување, каде ќе ù покажете на козметичарката кој е вашиот избор на маникир за оваа сезона.rnrnЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите ноктиЛетно освежување на вашите нокти
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и интуицијата

    Астрологијата и интуицијата

    Вие можеби веќе поседувате моќни интуитивни способности за кои не сте свесни и сè што ви е потребно, е да го идентификувате вашиот најдобар пат кон успех и среќа во животот. Дури и ако не верувате во постоењето интуиција, можеби ќе се изненадите кога ќе откриете дека таа ви отвора нови можности за пронаоѓање извори на инспирација, начини на преземање иницијатива, ќе ве научи како да бидете инвентивни, ќе ве натера да се борите за подобра иднина, ќе ја зголеми вашата креативност, ќе ви овозможи да ги читате работите кои се кријат „меѓу редови“, па дури и да ги игнорирате оние работи кои би сакале да не постојат во вашиот живот.rnrnАстрологијата и интуицијатаrnrnСпоред психологот Карл Густав Јунг, сите луѓе го разбираат светот преку емоциите и интуицијата. Интуицијата се базира на претчувствата и вклучува сигнали од потсвеста. Јунг верувал дека секоја личност има дарба за интуиција.rn

    Огнени знаци

    rn

    Овен

    rnИнтуицијата може да биде вашиот најголем извор на информации и поттик за борбеност. Вие имате потенцијал да прераснете во самостојна личност, која истовремено ќе се грижи за нејзиното семејство и ќе се вклопи во секое социјално опкружување. Природно интуитивни, вие можете длабоко да ја разберете вашата и психичката состојба на луѓето околу вас.rnrnВие секогаш имате некоја нова идеја на ум: да прочитате книга, да започнете да работите на нов проект, да фатите нов правец во животот или едноставно целосно да го отворите вашето срце и ум за примање нови информации. Со употреба на вашето тело на различни начини, вие ќе научите повеќе за себеси и ќе ги проширите вашите хоризонти. Вашата медитација може да вклучува визуелизација на пупка роза, како се отвора на сончева светлина и ја открива нејзината фантастична боја и дизајн. Ништо нема да ве чини да се обидете, нели?rn

    Лав

    rnКога вашата интуиција е силна, вашиот процес на донесување одлуки мора да биде рационален, за да бидете способни да ја земете предвид новата информација. Рационалното насочување на вашата интуиција не значи правење голема промена во вашиот живот. Доколку направите мала промена во вашиот ментален фокус, ќе можете да апсорбирате значајни информации и да развиете емоции кои ќе ве одведат до успеси. За да ви оди добро во учењето, кариерата и во разните креативни проекти на кои работите, треба да направите мала промена во начинот на размислување, која ќе ви донесе спектакуларни резултати.rnrnВашата интуиција може да ви предизвика мала ментална или телесна неудобност. Употребете ја таа неудобност како мерка за вашиот степен на прецизност. Размислете дали сте насочени кон реализација на вистинската цел – таквите мисли би требало да ве релаксираат. Дали сте под стрес? – Тоа ви покажува дека правите мала промена во вашата психичка состојба, која може да ви биде од одлична полза.rn

    Стрелец

    rnПродлабочете ги вашите лични вредности со помош на интуицијата. Вие сте свесни дека некои од вашите верувања не се секогаш во согласност со вашето чувство за она што е исправно, а што не и тоа ве спречува да направите прогрес во кариерата, љубовта или во духовниот раст. Треба да сфатите дека вашите стари емоционални навики ќе исчезнат во оној момент кога ќе му кажете „чао“ на вашето минато.rnrnОбрнувајте внимание на луѓето кои ги запознавате, но немојте да им ги кажувате сите детали од вашиот живот. Тие не мораат да знаат сè, а вие можеби ќе се предомислите во врска со нив. Внимателниот пристап не може да ви штети, а истовремено ќе ве заштити од недоразбирања. Вашата интуиција ви ги кажува желбите на луѓето околу вас.rn

    Земјени знаци

    rn

    Бик

    rnДозволете ѝ на вашата интуиција да ги избере дестинациите до кои сакате да отпатувате бидејќи одморањето на некое патување е вашиот начин на медитација. Вашиот љубовен живот и кариерата исто така можат да извлечат корист од вашата интуиција. Однесувајте се понезависно и истовремено обрнувајте повеќе внимание на луѓето околу вас (првиот впечаток може да биде погрешен). Интересни идеи редовно „скокаат“ во вашиот ум, а вашиот начин на резонирање обично ги опфаќа сите сегменти.rnrnАко имате некоја повреда или болест, ќе оздравите многу побрзо доколку се фокусирате на потребите на вашето тело. Интуицијата може да ве одведе до вистинскиот доктор или до најдобрата терапија. Обидете се да си замислите како сте комплетно здрави и тенденциозно насочете се кон забрзување на процесот на вашето оздравување.rn

    Девица

    rnИнтуицијата ви помага да станете посвесни за светот околу вас. Понекогаш длабоката интуиција произлегува од самите вас, благодарение на познатиот глас во вашата потсвест или замислувајќи слики кои ви помагаат успешно да завршите некоја задача. Понекогаш дури и замислување на местото кое сакате да го посетите ви овозможува да стигнете до него. Слушајте го вашиот внатрешен глас и поврзете го со сето она што го гледате пред вашите очи. Љубовта ќе ви биде блескава и здрава, доколку ја внесете вашата психичка интелигенција во врската. Комуницирањето за она што го чувствувате длабоко во вашето срце, е еден од најдобрите начини за да му докажете на вашиот партнер дека му верувате.rn

    Јарец

    rnДругите луѓе ви нудат онолку можности колку што можете максимум да поднесете. Главното прашање е која од овие шанси да ја искористите? Вашата интуиција ви ја прикажува иднината на секоја можност која стои пред вас. Таа ваша способност е речиси исто, како да држите кристална топка во рацете, која ви покажува како ќе завршат работите. Вам исто така ви е лесно да направите мало практично истражување кое ќе ги поддржи вашите одлуки.rnrnИнтуицијата ви помага да ги материјализирате вашите идеи, кои некогаш ви изгледале недостижни. Вашиот љубовен партнер може да ви постане и бизнис партнер, барем во процесот на планирање. Додека разговарате за можностите, вие двајца можете да дојдете до многу подобри одлуки, отколку кога би ги носеле сами.rn

    Воздушни знаци

    rn

    Близнаци

    rnЗборувајте со некој за она што интуитивно го перципирате и веднаш ќе го смените вашиот начин на размислување бидејќи вие имате многу променлива природа. Но, пред да „скокнете“ во автомобилот со неколку скапи работи во вашата торба, проверете што ви кажува вашата интуиција. Дали таму каде што сте се упатиле ве чека работа? Дали ќе пронајдете друштво кое ќе ви одговара? Дали љубовта е дел од таа слика? Со други зборови што се крие зад вашиот интуитивен импулс?rnrnБидејќи вашата интуиција е многу моќна, вие мора да поработите на обрнување подлабоко внимание на нештата околу вас. Не дозволувајте навидум оригинални, но крајно непрактични идеи, да ве дефокусираат од сериозно посветување на вашата работа. Работете на вашата рамнотежа. Бидете присутни во светот на сензациите, само кога тоа го бара од вас самата ситуација.rn

    Вага

    rnВнесете хармонија и баланс во вашиот живот по пат на интуиција. Прво, употребете ги вашиот интелект и интуиција за донесување на клучните одлуки во вашиот живот. Оваа комбинација на ментален процес, произведува подлабок и поточен преглед на секој ваш проблем. Второ, не донесувајте избрзани одлуки. Наместо тоа слушнете што ви кажува вашата интуиција, на начин што ќе ги тестирате резултатите кои може да произлезат од неа, пред да се обврзете на нешто што не сакате. Трето, најдобро ќе ја забележувате вашата интуиција, доколку го стимулирате вашиот ум со нешто. Менталната вежба е добра за вас.rnrnИнтуицијата може да ве одведе до некоја волонтерска работа во вашето соседство или работа во религиозна институција. Вашиот добар резон ви овозможува лесно да се вклопите во група луѓе кои размислуваат слично како вас.rn

    Водолија

    rnВашата интуиција сè повеќе се зајакнува како што вложувате напори да оставите некаков белег на овој свет. Социјалните реформи може да бидат една од вашите цели, но во оној момент кога ќе го доведете вашиот финансиски живот во ред.rnrnМоже да искусите вознемирување додека спиете или при друга телесна состојба, додека ја развивате вашата интуиција. Запомнете дека не морате да ја следите секоја ваша идеја. Вашето тело ви сигнализира кога треба да се концентрирате на нешто, а кога не.rnrnПешачењето или некои други физички активности, можат да ви помогнат да ја поврзете вашата интуиција со практичниот свет. Медитирајте со пешачење. Контактот со реалноста е многу важен за да ги разбирате работите кои се случуваат околу вас и да го пронајдете вашето највисоко ниво на удобност во сопствената кожа, додека искусувате промени во вашиот живот.rn

    Водни знаци

    rn

    Рак

    rnВие обично се вклучувате во активностите на другите луѓе. Точно знаете што следува без многу да размислувате за тоа. Ако имате некои грижи поврзани со вашето здравје, задолжително споделете го со вашиот доктор она што ви го кажува вашата интуиција. Вашите интуитивни сигнали можат да ви помогнат да добиете многу поуспешни третмани. Научете ги основите на хипнозата и телепатијата.rnrnИнтуитивните импулси може да ве одведат до одговорот уште пред да го поставите прашањето. Учењето нешто ново, може да ви овозможи да ги разберете вашите интуитивни способности. Научете кој дел од интуицијата произлегува од вашата здрава логика, а кој од вашите емоции. Ова разграничување ќе ве направи посамоуверени во однос на донесувањето одлуки.rn

    Скорпија

    rnЗа вас, промените се сè во животот. Патувајте на места кои ги сакате, научете да медитирате и истражувајте ги нештата кои ве интересираат. Со секој ваш ментален развој, забележувајте каде ве води вашата интуиција.rnrnВашиот потенцијал самостојно да ги лекувате вашите рани е голем, бидејќи вие умеете истовремено ментално, физички и спиритуално да се сосредоточите. Употребете ја медитацијата за да ја максимизирате вашата моќ на физичко и психичко оздравување. Вашиот внатрешен фокус, ви овозможува да ја употребите исцелителната моќ за решавање на секој проблем. Хипнозата е уште една моќна исцелитена алатка, која може да ви помогне при решавањето на некој физички или емоционален проблем и да ви овозможи да си создадете одлични алтернативи.rn

    Риби

    rnВашата интуиција ви го покажува крајот на стариот круг и почетокот на новиот. Тоа не значи дека треба да се борите против минатото, туку дека вам не ви е проблем да ги напуштите старите навики и начини на однесување. Со напуштање на минатото ќе ја откриете длабочината на љубовта во вашите врски, големата вредност на материјалните нешта кои ги поседувате и задоволството да го гледате светот низ светла призма.rnrnИнтуицијата ви помага да ги видите идните резултати од вашите сегашни активности. Со знаење на мал дел од иднината, сте посамоуверени да го оставите минатото зад себе. Понекогаш можеби ќе се чувствувате неуморно и енергично, а за развој на таквото чувство, можете да допринесете со јадење редовни и здрави оброци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметноста на готвењето

    Уметноста на готвењето

    Фактот дека готвењето е уметност се докажува со следниве неколку кратки видеа. Авторот на овој проект е Карл Клејнер, кој во соработка со група луѓе ги направил за потребите на Икеа.Уметноста на готвењетоrn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Уметноста на готвењето
  • Впечатливи килими од плишани мечиња

    Впечатливи килими од плишани мечиња

    Овие килими се рачно изработени, сошиени и дизајнирани од Агустина Вудгејт. Интересни се и карактеристични бидејќи се направени од најразлични рециклирани плишани мечиња кои им припаѓале на повеќе сопственици. Креаторката вели дека килимите освен тоа што упатуваат на личните приказни на сопствениците на мечињата, тие на некој начин и како да создаваат слика за нивните фамилијарни лози. Во источните култури, тепихот има централно место во домот и просторијата, па затоа секој од овие килими има и свое име. Погледнете подетално за што станува збор.rnrn

    Впечатливи килими од плишани мечиња
    Royal – Кралски
    rnrn
    Впечатливи килими од плишани мечиња
    Home – Дом
    rnrn
    Впечатливи килими од плишани мечиња
    Peacock – Паун
    rnrn
    Впечатливи килими од плишани мечиња
    Rose Petals – Розови ливчиња
    rnrn
    Впечатливи килими од плишани мечиња
    Galaxy – Галаксија

  • По малку луди?! НЕ

    По малку луди?! НЕ

    Сигурно сте се нашле во ситуација кога некој ви рекол: „Размислувај поопширно, прескокни ги границите“. Понекогаш успева и е потребно, понекогаш не треба да ве лаже. Дури на моменти е и глупаво на соговорникот да му го кажеш ова, зaшто всушност значи: „Не ми се допаѓаат твоите идеи“, „Што е со тебе денеска, вклучи го мозокот?“ и слични под око погледи. Како и да е навистина е помалку lame.По малку луди?! НЕПрочитав едно истражување направено од страна на психолозите од Универзитетот Хардвард во асоцијација со Универзитетот од Торонто, кое што вели дека мозоците на креативните луѓе се покажале како поотворени за стимулации со околината. Ова значи дека креативните индивидуи се во контакт со повеќе информации кои доаѓаат од околината и се во состојба да ги задржат и прошират повеќе од обично. Но, истото тоа истражување вели дека најчесто во фамилиите на таквите креативци има проблеми со психолошкото поле на живеење.

    rnЕпа, што да изјавам на ова? Проверете си го фамилијарното дрво на здравје??? Искрено, како креативец и ја поддржувам онаа мисла дека повеќе впиваме, можеби затоа што нашата креативност ја наоѓаме во сè и сешто, ама сериозно? Психолошки проблеми? Не велам дека не постојат такви случаи, ама сериозно? Ова е смешно.rnrnНа крајот на краиштата, сите ние сме креативни на сопствен начин. Самиот живот кој го живееме е креација на нашите умови. Резба по чии агли се движиме. Еден ден ќе заврши целата таа приказна, не сме сигурни што следува понатака, но барем додека сме во лулката на воздишките, самите избираме што се случува во наредните пет минути! Па и тоа е креативност, да го живееш својот живот по твоја мерка, без копии, без други да ти сугерираат… Па затоа е тажно кога некој ќе каже дека некои луѓе се креативни, некои не се.rnrnВо друг случај пак, разбирливо е кога некој живее во границите на неколку ѕидови, без никакви експерименти, без никакви лудувања… Она познатото: „Што е сигурно, сигурно е.“ Живееме во време на социјални медиуми и сите ние сме социјални животни кои секојдневно сакаат да се направат себеси допадливи во очите на другите, малку се оние кои не ги интересира ништо… Поголемиот дел од луѓето живеат во онаа таканаречена „сигурна зона“ само за да не бидат оговарани, покажувани со прст, ставени на тапет… Не разбирам зошто, можеби страв? Да бидеме реални, ако некој сака да ве покажува со прст, ќе го направи тоа, без разлика дали вие сте направиле нешто за да го заслужите тоа или не… Затоа chill & relax… Животот е премногу богат за да се ограничуваме.rnrnНе знам дали сте забележале, но, обично во текот на школувањето се величаат оние кои се исти по крој… Познати, со повеќе пари од обично, сите со исти размислувања и слично… Епа, баш истите тие, после завршувањето не се барани за работа исто како и оние „различните“, ја немаат доволната креативност и интелигентност во себе… Smart is the new sexy!!!  So be sexy, right?rnrnНе постојат повеќе табу теми, секојдневно читаме контроверзни теми. Е сега, интересното е тоа што, за жал, голем број од младинава не знае што воопшто значи тоа! Па кога ќе се побара од нив да бидат оригинални и свои, да ја разбудат онаа контроверзност во себе, сите го прават истото. Сите заедно „рипаат од мост“, како што викаат постарите.rnrnАко вашата цел е да ги презентирате вашите нови идеи пред другите, треба најпрво да создадете свои нови „правила“, да ги разбирате и да се водите по нив, вашата креативност да биде вашиот водач, да бидете експерт за вашата дејност. Доколку се водите по самите себе, тогаш сте успеале да ја стигнете целта, сигурно.rnrnСо љубов насликана од срце,rnrnДо следно читање,rnrnАна

  • Автомобили направени по нарачка

    Автомобили направени по нарачка

    За обожавателите на автомобили, овие фотографии ќе претставуваат рај за очи. Комбинацијата од елегантни возила и креативноста на одредени луѓе дава неверојатен производ, кој секој би го посакал. Сепак, за да бидете сопственик на едно вакво неверојатно парче уметност, кое ќе ви го крева адреналинот до максимум, ќе мора да имате „длабок џеб“. Но, за некого тоа и не е така голем проблем, па ако ништо друго барем ни овозможиле нивното задоволство да можеме да го видиме на слика и да поуживаме за кратко.rnАвтомобили направени по нарачкаСите овие уникатно направени автомобили по нарачка се собрани во оваа колекција по случаен избор, но со сигурност секоја од нив заслужува да и се посвети внимание.Автомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачкаАвтомобили направени по нарачка

  • Џемпер за вашиот лаптоп

    Џемпер за вашиот лаптоп

    Додека жалите што омилениот џемпер веќе не е за носење и треба да го фрлите, еве едно практично и креативно решение зошто да не го направите тоа. На вашиот лаптоп му треба добра заштита кога го носите наваму-натаму, додека истовремено треба да ви биде практично неговото вадење и ставање? Добра идеја е да го употребите токму вашиот стар џемпер за таа цел. Погледнете преку слики како чекор по чекор да направите штосен џемпер за вашиот лаптоп.rnrnЏемпер за вашиот лаптопrn

    Потребни ви се:

    rn

      rn011

    • џемпер
    • rn011

    • ножици
    • rn011

    • машина за шиење
    • rn011

    • шпенадли
    • rn011

    • конец
    • rn011

    • вашиот лаптоп (за да ги измерите димензиите)
    • rn

    rnЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопrnrnСтавете го лаптопот врз џемперот кој ќе го сечете. Со креда, обележете од каде до каде ќе го исечете џемперот. Имајте предвид дека материјалот на џемперот се растега, па затоа не сечете премногу.rnrnЏемпер за вашиот лаптопrnrnИсечете го џемперот од двете страни, еднакво според мерките кои ги направивте.rnrnЏемпер за вашиот лаптопrnrnПревртете го џемперот. Ставете го лаптопот во џемперот и со помош на шпенадли, обележете каде по страните треба да се шие.rnrnЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопrnrnСега, почнете да ги шиете рабовите кои претходно ги обележавте со шпенадлите. Колку конец ќе употребите за еден раб, зависи од дебелината на џемперот. Но, употребете дебел и квалитетен конец, во боја на џемперот.rnrnЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопrnrnПревртете го џемперот на предната страна.rnrnЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопrnrnЕте, си направивте евтина навлака (sleeve) за вашиот лаптоп, а плус го искористивте омилениот џемпер кој се плашевте дека ќе мора да заврши в ѓубре.rnrnЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопrnrnОваа навлака е со поголем отвор кој е оставен по целата ширина на лаптопот за да биде позгодно неговото вадење и ставање. Вие можете џмеперот да го искроите поинаку, како и да му додадете копченце, нитна или врвка за да овозможите да се затвора.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.