Кога Стела открива дека нејзиниот терминален рак е излечен, таа мора да научи како да живее со сите одлуки што ги донела кога мислела дека ќе умре
rn
Главни улоги: Луси Хејл, Елиот Најт, Џејсон Блер, Брук Лајонс, Џилијан Вигмен, Дилан ВолшrnrnКреатори: Ерин Кардило, Ричард КитrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnПремиера: 07 март 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=in3OecHvWXQrnrnСтела Абот (Луси Хејл) има рак. И бидејќи не може однапред да знае кој ден ќе ѝ биде последен, таа сите денови ги живее на тој начин. Исто така има и голема поддршка од нејзиното семејство, кои секојдневно се грижат за нејзината среќа. Нејзиниот брат, Ејдн (Џејсон Блер), ја охрабрува да проба сè. Нејзината сестра, Елизабет (Брук Лајонс), никогаш не ѝ дозволува да пропушти забава. А нејзините родители, ја поттикнуваат да се бори против стравот, за смртта да ѝ изгледа како следната голема авантура на листата. Таа исто така наоѓа и вистинска љубов. По завршувањето на хемотерапијата, Стела тргнува во Париз – градот на љубовта, каде што се запознава со совршеното момче за неа, Вес (Елиот Најт). Тие се венчаат и си ветуваат дека ќе се чуваат до крајот на нејзиниот живот, односно во следните 6 до 8 месеци. И тогаш нештата тргнуваат наопаку.rnrn
rnrnСтела Абот е целосно излечена. Таа повеќе не умира. И во истиот момент кога ќе им ја соопшти веста на најблиските, таа сфаќа дека нештата не биле совршени. Нејзините родители имаат проблеми, сестра ѝ е заглавена на ужасна работа, брат ѝ се однесува како уште да е дете, а Вес… тој пак, воопшто не е личноста што Стела ја знае. Сите тие ги криеле лошите страни од нивните животи, како и нивните вистински желби и потреба, за да ја одржуваат нејзината среќа на највисоко ниво бидејќи докторите им кажале дека така има најмногу шанси да го победи ракот. Но, бидејќи сега е здрава, сите проблеми излегуваат на површина, па Стела мора одново да ги запознае своите најблиски. И не само тоа, туку таа мора да научи и како да живее во вистинскиот свет – оној што е полн со предизвици, препреки и разочарувања. Стела е осудена на живот!rnrn


Главни улоги:
rnrnПриказната се врти околу две групи тинејџери, едни членови на новинарскиот тим на училиштето, а други на драмскиот клуб. По сплет на околности и низа расправии, тие ќе решат да се здружат за да направат заеднички филм, првиот во тоа време од нивното училиште. И секако, ќе се одлучат за нешто досега невидено, научно фантастична приказна, со инвазија од вонземјани на планетата, проследена со многу акција, хумор и секако, со љубовна романса. Според нив, тоа е една верзија на Ромео и Јулија во вселената, со една разлика – и двајцата остануваат живи на крајот.rnrn
rnrnПокрај снимањето на филмот, имаме можност да ја видиме и битката што секој од тинејџерите ја води со себе. На пример, Кејт Меснер (Пејтон Кенеди) пробува да разбере дали ја привлекуваат девојки, Лук О’Нил (Џахи Ди’Ало Винстон) бара начин да живее без татко му што го напуштил кога тој бил многу мал, а на Емалин (Сидни Свини) пак, сè што ѝ е потребно е некој што вистински ќе ја сака и ќе ја цени. Но не само децата, туку и возрасните во оваа серија се обидуваат да изградат добар живот, борејќи се со своите демони. Затоа и таа е интересна за сите возрасти, бидејќи преку неа вие ќе ги преживеете старите добри училишни денови, но и ќе се соочите со проблемите на возрасните.rnrn


Главни улоги:
rnrnНајдобриот дел од оваа ТВ серија е брилијантната динамика на карактерите во комбинација со урнебесните ситуации што настануваат во авионот. Водечкиот карактер, Рони, е стјуардеса со големи соништа. И иако таа се чувствува „заглавено“ во својата моментална работа, сепак е една од ретките што знае како да се справи со специфичните патници на овој лет. Таа е импулсивна и забавна, па затоа и ја прави целата серија многу поинтересна за гледање кога е присутна во кадарот. Од друга страна пак, еден од најлудите карактери е Капетанот Дејв (Дилан МекДермот), кој е полн со себе, најчесто под дејство на алкохол и секогаш расположен за споделување глупави шеги. Тој треба да лета со авионот, но повеќето од времето е поприсутен во патничкиот дел отколку во пилотската кабина, со оправдување дека машината е дизајнирана да лета сама.rnrn
rnrnИако овие два карактери најмногу се издвојуваат, целиот тим е одлично избран. Редовните карактери се надополнуваат едни со други, а „свежите“ патници воведуваат нешто уникатно и интересно во секоја нова епизода. На кратко, ако сте расположение за 20-минутно опуштање на мозокот и смеење на глупави шеги, тогаш без сомнение треба да ја гледате оваа серија.
Главни улоги:
rnrnЏејмс е 17-годишен средношколец кој се сомнева дека е психопат. Тој како мал дури и ја потопил раката во жежок зејтин, за да се натера да почувствува нешто, а од неодамна е опседнат со смртта, па убива мали животни. Алиса е нова во неговото училиште, и изгледа навистина кул со својот опуштен стил и погрдните зборови што ги користи повеќе од оние секојдневните. Таа веднаш ќе му пристапи, сакајќи да се зближи со него, мислејќи дури и дека има шанса да го засака. Тој, од друга страна пак, размислувајќи за дали е време конечно да премине на убивање луѓе, ќе ја прифати нејзината покана токму од таа причина – за да ја убие.rnrn
rnrnПо сплет на околности, тие бегаат од своите според нив ужасни домови, и тргнуваат на непланирана авантура. Џејмс го гледа тоа како шанса да ја убие некаде во дивината, а Алиса како можност да се оттргне од семејството што постојано ја повредува. Но, некаде по патот, тие се зближуваат, и работите меѓу нив почнуваат да се менуваат. И верувале или не, но ќе сретнат многу полоши луѓе од самите нив, а и ќе дознаат многу нешта за себе, кои се кријат под маската што ја носат пред светот, а се под влијание на нивните застрашувачки искуства како деца.

Главни улоги:
rnrnПокрај Ијан Армитаџ, мора да го пофалам и перформансот на мајката на Шелдон, Мери (Зои Пери), како и на неговата сестра близначка, Миси (Реган Реворд). Мери исто така е копија на својата постара верзија играна од страна на Лаури Меткалф, особено во акцентот. Ако ги затворите очите и ги слушате двете како разговараат, сигурни сме дека ќе ви звучи како една личност! Од друга страна пак, досетките и шегите на Миси, во најнеочекуваните моменти, ќе ви донесат насмевка дури и кога ќе бидете изнервирани од несоодветното однесување на Шелдон (на кое сите ние сме добро навикнати).rnrn
rnrnИако во моментов е достапна само една епизода, сепак нема да бидете разочарани. Дејството во серијата тече по истиот тек како и она во неговата „постара сестра“, па можете и 100 пати да ја изгледате без да ви биде здодевно, смеејќи се како и првиот пат на истите шеги.
Режија:
rnrnВодачот на оваа група е Шампањ ака Чемп (Џеф Бриџис), додека пак имињата на агентите под негово водство се Текила (Ченинг Татум), Џек Даниелс (Педро Паскал) и Џинџер Еил (Хали Бери). Интересна комбинација, се согласувате? Но тоа што е поинтересно е дека Егзи и Мерлин ќе го пронајдат Хари, жив и здрав, во нивното главно седиште. Објаснувањето за како тој ја избегнал смртта е малку научно фантастично, но сепак начинот на кој тие го изведоа ова „враќање од мртвите“ на нашиот омилен Кингсман агент е задоволително, бидејќи ќе имаме можност да го видиме во сосема поинакво (и забавно) светло – тој има амнезија! Можете да го замислите неговото ново однесување?rnrn
rnrnНа кратко, филмот има потенцијал и е забавно продолжение на 
Главни улоги: 
Режија:
rnrnПриказната е одлично опишана во самиот наслов – Мајкл ќе стане телохранител на платен убиец што треба да сведочи против еден од најголемите злосторници на планетава. Досега сите сведоци што имале некаков доказ исчезнувале или биле убивани на пат до судницата, па младата детективка Амелија (Елоди Јанг) откако ќе сфати дека има крт и во Интерпол, ќе го ангажира единствениот човек кому му верува за одржување некого во живот. Така Мајкл ја добива работата, по што филмот се претвора во најзабавната акција што некогаш сте ја гледале. Очекувајте многу смеење, многу акција, многу пукање и секако, многу пцовки што излегуваат од устата на Дариус. За крај мора да се спомне и улогата на Селма Хајек, Соња – сопругата на Дариус, што ќе ве натера да верувате во постоењето на вистинска љубов и совршена личност за секого на оваа планета.rnrn


Главни улоги:
rnrnМора да се спомене и неговата сестра, Кејси (Бриџит Ланди-Пејн) која без сомнение е светлата точка во оваа приказна. Иако Сем е ѕвездата, таа одвреме-навреме го засенува со брилијантни изјави што истовремено ќе ве насмеат, но и ќе ве натераат да се замислите. Начинот на кој таа го заштитува својот брат, додека истовремено е и брутално искрена со него, прифаќајќи го онаков каков што навистина е, додава богатство на двата ликови, па и на самата приказна, правејќи ја многу пореална додека гледате.rnrn
rnrnПа, ако сте расположение за приказна што истовремено е и комедија и драма (преминот од едниот кон другиот жанр понекогаш се случува толку брзо што ќе ви предизвика бура од емоции), тогаш дефинитивно треба да ја погледнете оваа атипична ТВ серија. Да, на почетокот ќе ви биде потребно малку време да се навикнете на ликовите и на текот на приказната, но штом навлезете во неа, без сомнение ќе уживате во авантурите на Сем.