Овен и Ани стануваат дел од мисетиозно фармацевтско истражување за справување со емоционални проблеми што ќе тргне наопаку
rn
Главни улоги: Џона Хил, Ема Стоун, Соноја МизуноrnrnЖанр: комедија, драма, научна фантастикаrnrnКреатори: Кери Јоџи Фукунага, Патрик СомервилrnrnПремиера: 21 септември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=L6cDDmk-O5Arnrn„Манијак“ (Maniac) е базирана на популарна норвешка серија, со елементи на добро познатите „Наука за спиење“ (Science of Sleep), „Легија“ (Legion) и „Вечна сончева светлина“ (Eternal Sunshine). Па, ако сте љубители на овој жанр, тогаш знаете што да очекувате! Целата приказна изгледа како да гледате нечиј сон – и во ниту еден момент не можете да претпоставите што ќе се случи следно бидејќи текот не следи никакви правила. И покрај тоа што има допирни точки во однос на начинот на раскажување со други серии и филмови, сепак самата приказна е уникатна и нешто досега невидено.rnrn
rnrnДејството се случува во замислена блиска иднина, која е малку поинаква од тоа што досега сме го гледале на малите екрани. Во оваа иднина, аналогното е над дигиталното, роботите се како слатки миленичиња, и луѓето можат со помош на флопи диск да искусат виртуелна реалност во која не важат никакви закони. Главните ликови, Овен Милгрим (Џона Хил) и Ани Лендсберг (Ема Стоун), решаваат да станат дел од фармацевтско истражување со цел да тестираат лек кој наводно ќе им помогне да се ослободат од емоционални болки од минатото.rnrn
rnrnИстражувањето се состои од три фази, во кои суперкомпјутер треба да ги изолира, да се соочи и да ги прифати трауматичните сеќавања во потсвесниот дел од умот и да им донесе на учесниците среќа што инаку не би можеле да ја доживеат. Но, бидејќи нештата никогаш не се толку едноставни, сосема е очекувано нешто да тргне наопаку – што и ќе се случи откако еден од докторите ќе изјави дека имаат сериозен проблем и дека нивниот компјутер е многу депресивен. Па, ако сте подготвени за „истрипана“ авантура, тогаш оваа ТВ серија е идеална за вас.rnrn



Режија:
rnrnНа почетокот го гледаме пензионираниот Џони Инглиш како им предава шпионство на студенти на факултет (без знаење на факултетот). Но, откако еден дигитален напад ќе ги разоткрие сите агенти од британската тајна служба, Џони Инглиш ќе биде повикан да се врати од пензија и да ги искористи своите аналогни методи за да се избори против овој дигитален криминалец. Накратко, ако сте љубители на Мистер Бин, нема шанси овој филм да не ви се допадне. Но, ако не сте расположени за таков вид хумор, тогаш можеби е подобро да ги намалите очекувањата пред да го погледнете Инглиш, Џони Инглиш.rnrn

Главни улоги:
rnrn„Kidding“ е на некој начин трагикомедија, или можеби уште подобро би се опишала со новиот, и сè попопуларен жанр – драмедија (комбинација од драма и комедија). Во оваа ТВ серија, сè се врти околу смртта, но и околу други големи животни и љубовни разочарувања, како неверства, лаги, измами, напуштања и загуби. Па, ако сакате да го гледате брилијантниот перформанс на Џим Кери, кој ни носи нешто сосема ново и свежо на малите екрани, а истовремено и сте по малку опседнати со смртта, тогаш оваа приказна е идеална за вас.
Режија:
rnrnПриказната го следи животот на една типична американска мајка од предградие, Стефани (Ана Кендрик), којашто некако успева да најде време да ги заврши сите свои обврски, да ги подготви сите училишни проекти, како и да направи ново видео за својот влог. Но, нејзиниот живот целосно ќе се промени откако таа ќе ја запознае Емили (Блејк Лајвли), прекрасната мајка со изострен вкус за мода, згоден сопруг и навидум совршен живот. Бидејќи нивните деца ќе сакаат да се дружат, Стефани и Емили исто така ќе се зближат, збунувајќи ги сите останати мајки околу нив.rnrn

Главни улоги:
rnrnДејството нè води во средновековното кралство познато како Дримленд, каде што владее кралот Зог (Џон ДиМаџио). Тој живее со својата ќерка Тиабини (Аби Џекобсон), односно Бин, за сите освен нејзините најблиски пријатели и најлоши непријатели, како што таа самата објаснува. Бин е и главната улога околу која целата приказна се врти. Но, таа воопшто не е како принцезите што сте навикнати да ги гледате на малите екрани. Баш напротив, Бин е тотално надвор од контрола. Таа има проблеми со пиењето, не почитува никакви авторитети, тврдоглава е до бескрај, мрази фустани и го живее животот на начин на кој само неа ѝ одговара. Звучи интересно, се согласувате?rnrn
rnrnТаа уште во првата епизода ќе ги запознае своите први најдобри пријатели, веселиот елф со темна страна, Елфо (Нет Факсон) и демонот испратен да ѝ ја уништи душата, Луси (Ерик Андре). Токму тогаш и ќе почне најголемата авантура во нејзиниот живот, исполнета со многу крвави настани, соочување со темни ликови од бајките, како злите верзии на Хансел и Гретел и уште многу други лудории што ќе ве натераат да ги изгледате сите епизоди во само еден здив. Верувајте ми, нема подобар викенд маратон од овој!rnrn


Режија:
rnrnКако што насловот веќе ви кажува, Дру (Џастин Тероу) ја откачил Одри, и по заканата од нејзина страна дека ќе запали сè што е негово, тој набрзина се враќа назад за да земе нешто што скрил кај неа, но пред да успее во својата намера, го убиваат пред нејзините очи. На тој начин таа и дознава дека тој бил шпион, и дека мора да ја заврши неговата мисија.rnrn
rnrnТака и започнува најголемата трка низ Европа, каде што Одри и Морган мораат да избегнуваат голем број закани со цел да преживеат. Со оглед на тоа што ниту едната, ниту другата не се тренирани агенти или шпиони, тие навистина многу добро се снаоѓаат. Ќе наидете на многу вакви нелогичности во текот на филмот, но ако можете да замижете на нив, ќе добиете навистина забавно искуство што ќе ве насмее до солзи.
Главни улоги:
rnrnДад, на кратко, е еден од оние карактери во кои лесно можете да се заљубите, дури и ако повремено ве нервира со своите будалести размислувања и делувања. Вие можете многу свои однесувања да препознаете кај него, па затоа и брзо ќе се поврзете. Исто така подгответе се за луда емоционална железница, затоа што оваа ТВ серија е целосно насочена кон соочување со животните разочарувања и наоѓање начин истите да се надминат – нешто што Ложата 49 му помага на Дад да го направи, а преку тоа ви ја овозможува истата помош и на вас.rnrn
rnrnСо неколку зборови, оваа ТВ серија е забавна, повремено темна, и многу уникатна, па затоа сме и сигурни дека навистина ќе ви се допадне. Дури и да не станете нејзини најголеми фанови, мора да признаете дека вреди да се погледне токму поради различноста.
Главни улоги:
rnrnСтанува збор за едноставна 20-минутна комедија со добар хумор што ќе ве опушти дури и во најстресните денови. Вие уште од првата епизода ќе се заљубите во бестрашната и решителната Софија и едвај ќе чекате да излезе следната епизода за да откриете каква будалштина ќе измисли следно да за да ја направи мајка си среќна.rnrn
rnrnПокрај Софија, треба да се спомнат и децата на Крег, односно Бо (Маркус Корнвол), Феникс (Џадиел Доулин) и Дајмонд (Камаиа Фербурн). Нивните ликови се… па, специфични. Но, токму тоа и ги прави забавни за гледање. Откако и тие ќе сфатат дека нивниот татко е посреќен во близина на Бет, ќе се вмешаат во планот на Софија за нивните родители да се заљубат.
Режија:

Главни улоги: