Комедија базирана според вистински грабеж што се случил во 1997 година
rn
Режија: Џаред ХесrnrnУлоги: Зак Галифианакис, Кристен Виг, Овен Вилсон, Кејт МекКинонrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnПремиера: 30 септември 2016rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, комедија, криминалrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnИ покрај тоа што трејлерот можеби ќе ве изнасмее, како и фактот дека приказната црпи инспирација од вистински настан, сепак филмот не ги исполнува очекувањата што сигурно ги имате. Станува збор за еден грабеж од 1997 година, каде што ограбувачите украле 17 милиони долари во Северна Каролина. Во овој момент, тоа било една од најголемите кражби на пари на американското тло – но, овој филм без сомнение не е еден од најголемите во својот жанр.rnrn
rnrnЗак Галифианакис ја толкува улогата на Дејвид Гант – личноста одговорна за заштита на сефот кој подоцна ќе биде ограбен. Тој всушност е човекот кој овозможил овој грабеж да се случи. Дејвид е средновековен губитник кој копнее по возбуда, па затоа и Кели Кампбел (Кристин Виг), неговата поранешна соработничка, како и Стив Чејмберс (Овен Вилсон), нејзиниот пријател, лесно ќе го манипулираат со цел да го добијат тоа што ми е потребно за да успеат во својата намера.rnrn
rnrnКако што веќе спомнавме, филмот не ги исполнува очекувањата кои светот ги имаше, како од приказната, така и од тимот актери. Но, сепак, доколку сте љубители на апсурдните комедии со детска смисла за хумор и ве забавуваат урнебесните костими и перики што ги носат карактерите во ваквите приказни, тогаш овој филм со сигурност ќе ве насмее. Ако ништо друго, со сигурност ќе уживате во перформансот на Зак, кој игра уште една типична улога за неговиот карактер.



rnrnМајлс Телер ја толкува улогата на Дејвид, а Џона Хил на Ефреим. Бидејќи веќе на некој начин е дилер, Ефреим заработува пари од „трошки“ така што продава различни воени материјали кои владата ги смета за доволно мали да бидат игнорирани од страна на големите фирми со кои имаат склучено договор, но сепак вредат илјадници. Од друга страна пак, Дејвид воопшто не е поврзан со оваа индустрија – тој работи со масажи.rnrn
rnrnСигурно веќе сфативте дека Ефреим ќе го внесе Дејвид во својот свет, на начин од кој едвај ќе спасат жива глава. И бидејќи Дејвид ќе ја лаже својата партнерка (Ана де Армас) која е целосно против војните, јасно е дека ништо добро нема да излезе од нивниот план. Но, овие таканаречени кучиња на војната навлегуваат уште подлабоко во овој свет, така што склучуваат договор со Пентагон, вреден 300 милиони долари, за снабдување со оружје на сојузниците во Авганистан.rnrn
rnrnДа, нештата ќе станат насилни, но не толку крвави како што мислите. Филипс го одржува текот на приказната светол и лесен за гледање, па затоа и без сомнение ќе уживате во овој филм. Особено ако сте расположени за комедија базирана на вистински настани, со ликови кои треба да ги мразите, но ќе ги засакате од срце.
rnrnПостои правилен начин да се биде сингл, погрешен начин да се биде сингл и… Па, начинот на Алис, Робин, Луси, Мег, Том и Дејвид. Њујорк е преполн со осамени срца кои ја бараат својата втора половина, да бидат дел од врска, да запознаат нова личност или пак, што било помеѓу… Но, спиењето наоколу во градот што никогаш не спие, не е секогаш добра идеја!rnrnrn
rnrnОткако ќе помине низ тешко раскинување, една жена запознава маж кој изгледа совршен за неа. Но, како што нивната врска се развива, така таа открива дека тој е поранешен платен убиец. Нивната нова, но искрена врска уште повеќе се тестира кога тие ќе се обидат да се спасат еден со друг откако неговото темно минато ќе се врати да го прогонува.rnrnrn
Режија:
rnrnЏек Хили (Расел Кроу), силната страна на ова партнерство, е доволно храбар да се бори самиот за себе, а со своите кожни јакни остава впечаток на маж со кој не би сакале да си играте. Од друга страна пак, неспособноста на Холанд Марч (Рајан Гослинг) да одбие пијалак ги затапува неговите рефлекси, па затоа и често е на спротивната страна од тупаниците. Тој со својот изглед, кој вклучува спортско сако и серија несоодветно комбинирани кошули делува многу понесмасно од неговиот партнер, но со оглед на тоа што преживува толку многу спектакуларни падови, на момент е убеден дека е непобедлив.rnrn
rnrnТој се враќа назад во реалноста од страна на неговата ќерка, Холи (Ангори Рајс), која изгледа многу помудра од него, па затоа и постојано го гледа со чудење. Таа внесува интересна невиност и неодоливост во целата приказна, правејќи ја уште позабавна одошто би помислиле дека е можно. Додадете ги тука и одличните костими, со силните палети карактеристични за 70-тите, во комбинација со забавниот саундтрак и знаете дека имате филм кој едноставно мора да го гледате.
Главни улоги:
rnrnНајдобриот пријател на Чип, Денис (Дејвид Саливан) е неговата најголема поддршка, но кога е покрај него има потешкотии да ја освои девојката која му се допаѓа. Поради својот шарм, изгледа Чип лесно ги заведува згодните девојки во Венеција, дури и кога не планира, и неговиот најголем проблем е што секогаш ги „краде“ оние за кои Денис е заинтересиран, вклучувајќи ја и Кара (Лина Еско), неговата најнова сексуална партнерка. Бидејќи нивното пријателство му е навистина важно, Чип вели дека не дозволува овие врски да преминат во нешто посериозно, па затоа и по само неколку средби им става крај. Интересно гледиште, иако Денис не се согласува со него.rnrn
rnrnНештата ќе почнат да се разгоруваат кога Денис без престан ќе почне да зборува за Лондон (Рут Кирни), новата келнерка во омилениот ресторан на сите жители во Венеција. Чип случајно ќе налета на неа, при што веднаш ќе се забележат искри, но овој пат ќе реши да му помогне на неговиот пријател да ја освои. Со неколку зборови, станува збор за комедија која ќе го одмори вашиот мозок и ќе ве расположи, но истовремено ќе ве потсети и на важните нешта во животот. Ликовите се детално и јасно разработени, па лесно можете да сочувствувате со нив. Што се однесува до приказната, и покрај тоа што е претставена на комичен начин, таа во себе содржи многу силни емоции, во кои особено ќе се пронајдат оние кои имале проблеми со алкохолот, но и сите останати.
Главни улоги:
rnrnПриказната започнува со враќањето на Колт Бенет (Ештон Кучер) во домот од неговото детство. Тој е професионален спортист, кој сè уште го брка својот сон да успее во светот на американскиот фудбал. Иако има 34 години, убеден е дека пред него има доволно време за да се пробие како квотербек. Но, по само неколку часови со својот брат (Дени Мастерсон), татко (Сем Елиот) и мајка (Дебра Вингер), тој открива дека нивниот ранч полека пропаѓа и дека постојат големи шанси неговиот татко да го изгуби. Токму затоа и решава да се откаже од својот сон за да помогне во одржувањето на нивниот ранч. Тоа е и моментот кога неговиот живот конечно вистински ќе започне…rnrn


Главни улоги:
rnrnДејството продолжува околу 20 години по завршувањето на оригиналната приказна, кога Дени Танер (Боб Сагет) е подготвен да се сели од семејниот дом кој досега го делел со неговата ќерка, Диџеј (Кендес Камерон Бјур) – која пак, од неодамна е вдовица. И покрај двоумењата, тој сепак ќе одлучи да го напушти домот и да ѝ го остави на својата ќерка, со цел да таа има соодветно место за живеење со нејзините 3 сина – Џексон (Мајкл Кампион), Макс (Елиас Харгер) и бебето Томи (Дашиел и Фокс Месит).rnrn
rnrnИ покрај тоа што можеби изгледа добро на хартија, сепак првата епизода премногу се потпира на носталгијата и тешко е да го задржи вниманието на сегашните настани. Започнувајќи со нагласувањето на фактот дека близначките Олсен не успеале да најдат време за да се појават во првата епизода, па сè до намалувањето на емоционалните доживувања на ликовите со цел да се нагласи забавата, тешко е да се замисли дека некој би сакал да продолжи со следната епизода. Токму затоа и ви предложуваме да бидете трпеливи, бидејќи како што поминуваат епизодите, така приказната станува многу подобра и навистина вредна за гледање.
Главни улоги:
rnrnСтанува збор за една од оние американски ТВ серии чија приказна е составувана на истиот начин како познатите шпанските теленовели, па оттука и го добила своето име. Ева Лонгорија по 3-годишна пауза повторно се враќа на малите екрани, со нејзината препознатлива впечатливост и шарм, но овој пат во малку покомично издание отколку во „Очајни домаќинки“. Не можеме да кажеме дека оваа серија е нешто досега невидено, ниту пак, дека е урнебесна во однос на другите од овој жанр, но сепак е одлична за во оние моменти кога едноставно сакате да се насмеете, опуштите и да ги оттргнете вашите мисли од секојдневните грижи и проблеми.rnrn


Главни улоги:
rnrnКупер се обидува да се пробие во својот живот, така што почнува бизнис заедно со неговите најдобри пријатели. Но, нештата не се одвиваат толку брзо колку што тие мислеле. И покрај тоа се целосно фокусирани на нивната идеја, сепак некаде по патот непланирано налетуваат на многу неволји, препреки и други видови проблеми. И не само на професионалното поле. Купер ни составува водич за преживување во сите полиња на животот, од професионалниот и приватниот, па сè до оние ситуации каде што станува збор за живот или смрт. На кратко, тој поминува низ проблемите и извлекува лекции од нив со цел да не мора вие да го правите тоа…rnrn


Режија:
rnrnРежисерот Тим Милер и сценаристите Рет Рис и Пол Верник (вистинските херои во приказната) ја прошируваат нивната сатирична мрежа низ спектарот на фантастичното и создаваат една стандардна приказна за потеклото на суперхеројот која изобилува со црн хумор, сарказам и културни референции од и за забавната индустрија.rnrn
rnrnАктерската екипа е изненадувачки добра, со оглед на мешаните критики за изборот на актерите кои филмот ги доби на почетокот на снимањето. Стефан Капичич како гласот на добриот и љубезниот метален џин со голема сила и срце – Колосус, Бријана Хилдербранд како тивката, но и опасна Негасонична тинејџерска боева глава, како и Морена Бакарин во улога на главниот женски протагонист – Ванеса, се покажаа како одлична „поддршка на главниот херој“. Рајан Рејнолдс, пак, го игра психотичниот и анатомски невозможниот Вејд Вилсон делејќи го на два дела: како емотивен, праведен, забавен и генерално добар човек кој со своите најблиски се обидува да го извлече најдоброто од животот кој му преостанува и како безмилосен, брутален и суров поранешен оперативец на Специјалните единици и платеник на одмаздничка мисија.rnrnНеговата оригиналност, автентичност и способност да го држи дејството на исто ниво на ентузијазам од почетокот до крајот на филмот не заслужуваат ништо друго освен суперлативите на сите комплименти и пофални зборови, што може слободно да се каже дека ликот на Дедпул е спротивен од Зелениот фенер.rnrn
rnrnОна што го издвојува „Дедпул“ од останатите филмови за суперхерои во последниве 15 години е фактот што целиот филмски екипаж кој работел на филмот е свесен за тоа колку ваквиот жанр станува пренатрупан, предвидлив и комерцијализиран. Се разбира, и самиот „Дедпул“ се води по сите клишеа кои можете да ги очекувате од еден ваков смел проект, но, за разлика од останатите филмови кои ја бараат сериозноста во сценарија кои сами по себе не се и не би требало да бидат сериозни, знае вешто да си поигра со нив. Со една реченица, „Дедпул“ е филм за еден суперхерој кој нема ниту една карактеристика на херој, но претставува синоним на зборот „супер“.