КАФЕ ПАУЗА

Tag: комедија

  • Најпопуларните канали на Јутјуб

    Најпопуларните канали на Јутјуб

    Кога би се запрашале чии се најпопуларните канали на Јутјуб, веројатно веднаш би помислиле дека сигурно се оние зад кои стојат светските медиумски гиганти. Втората претпоставка е овие канали да имаат објавено многу видеа. Настрана од очекувањата, каналите на кои се претплаќаат најголем број корисници можат да имаат и по помалку од 100 видеа на своите профили, а дефинитивно истите не им припаѓаат на медиумите.rnrnЕве ги најпретплатените канали на Јутјуб со најмногу гледани видеа. Она што ќе го најдете на нив е со сигурност производ на индивидуален потфат и големи идеи.rn.rn

    1. Nigahiga

    rn

      rn011

    • Број на претплатници: 2.837.305
    • rn011

    • Број на гледања: 449.959.151
    • rn011

    • Категорија: Комедија
    • rn

    rnНајпопуларните канали на ЈутјубРајан Хига е јапонски американец кој најчесто прави видеа во соло изведба, понекогаш придружен и од неговите пријатели. Неговите видеа претставуваат кратки дела за сè и сешто, од фарси и сатири за популарната култура до филмски пародии.rn.rn

    2. RayWilliamJohnson

    rn

      rn011

    • Број на претплатници: 2.233.445
    • rn011

    • Број на гледања: 527.480.860
    • rn011

    • Категорија: Комедија
    • rn

    rnНајпопуларните канали на ЈутјубАко сакате да си дозволите да „фатите“ вирални видеа, тогаш оние на Реј Вилијам Џонсон се вистинските кои треба да ве „заразат“. Шоуто кое го приредува Џонсон се вика „=3“ (е еднакво на 3), а големиот број негови фанови се доказ за неговата смисла за хумор која е малку подопадлива од онаа на Хига.rn.rn

    3. ShaneDawsonTV

    rn

      rn011

    • Број на претплатници: 2.068.642
    • rn011

    • Број на гледања: 413.600.416
    • rn011

    • Категорија: Комедија
    • rn

    rnНајпопуларните канали на ЈутјубШејн Досон и пријателите имаат зачудувачки популарна емисија која се емитува само еднаш неделно. На располагање имате 140 видеа кои или ќе ве насмеат или ќе ве остават рамнодушни. Во шоуто учествуваат неколку главни ликови, често придружени со карикатури од популарните икони како Парис Хилтон. Повеќето видеа се за тинејџери, но не за возрасна група под таа.rn.rn

    4. Fred Figglehorn

    rn

      rn011

    • Број на претплатници: 2.039.457
    • rn011

    • Број на гледања: 619.476.918
    • rn011

    • Категорија: Забава
    • rn

    rnНајпопуларните канали на ЈутјубШестгодишник со пореметен дом и мајка на рехабилитација… Тоа е Фред кој го игра американскиот актер Лукас Круикшенк. Карактерот има проблеми со бесот кој го истура врз другите луѓе во животот. Серијата претставува пародија на животот виден низ очите на едно шестгодишно момче. Во видеата ќе чуете и добра музика.rn.rn

    5. Smosh

    rn

      rn011

    • Број на претплатници: 1.940.080
    • rn011

    • Број на гледања: 481.215.792
    • rn011

    • Категорија: Забава
    • rn

    rnНајпопуларните канали на Јутјуб142 кратки видеа со блага пародија во кои главната улога ја имаат двајца момци, за едниот секогаш резервирана улогата на смотано момче. Популацијата која го следи овој канал е претежно сочинета од тинејџери.

  • Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)

    Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)

    Филм за митологијата, храброста, семејството, борбите и спријателувањетоrnrnКако да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Режисери: Дин Деблојс и Крис СандерсrnrnСценарист: Вил ДејвисrnrnГласови: Џерард Батлер, Џеј Барушел, Крег Фергусон, Америка ФерераrnrnПродукција: DreamWorks AnimationrnrnЖанр: авантура, акција, комедијаrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 26 март 2010rnrnМузика: “Sticks and Stones” од Џон Тор БиргисонrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 9/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnАдаптиран според книгата на Кресида Ковел, оваа анимирана авантуристичка приказна пренесува позитивна порака за надминување на непријателството со разбирање, наместо со насилство, служејќи се со докажаната формула: човекот и неговиот љубимец, овој пат моделиран во облик на змеј.rn____________________________________________________________________________________________rnrnrnrnПриказна: Дејството се случува одамна, на Северот, поточно на островот Берк, во едно необично село населено со Викинзи кои често се борат против нивниот најголем непријател – змејовите. Хикап (Штуцко) е коскесто, несмасно, но паметно момче кое се труди да се вклопи во средината и да му се докаже на својот почитуван татко, кој е инаку лидер во селото и најголем борач со змејови, дека е време тој да стане вистински Викинг. Иако обидите на Хикап се секогаш безуспешни, тој наоѓа начин да се докаже пред останатите Викинзи и да му покаже на селото дека насилството не е единствениот начин. Дополнителен мотив за докажување претставува Астрид, снажна девојка во која Хикап е заљубен, но која е сѐ што тој не е.Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Компјутерска графика и анимација: Многумина се едногласни во мислењето дека ова е најдобрата 3D реализација на Dreamworks Animation. Светли сцени, импресивни борби и широки, длабоки кадри во кои се протегаат летачки змејови го прават овој филм исклучително пријатен за гледање.rn

    Актерите допринесуваат со одличната изведба на гласовите, успевајќи да го задржат ритамот, балансирајќи го во однос на хуморот и на емоциите на карактерите. Она што е највпечатливо во овој филм се сцените во кои змејовите летаат. Со перфектна длабочина и добра обработка, овие сцени ве ставаат во филмот, па повеќе се чувствувате како вие да летате на змеј, отколку како гледач.Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Кога и како да го гледате? Ова е филм кој можете да го гледате во секое време и на секое место. Во секој случај, ќе влијае на вашето расположение, ќе ве насмее, разведри и одмори. Друштвото не е пресудно, но дефинитивно е подобро отколку изборот да го гледате сами. „Како да издресираш змеј“ е филм во кој уживаат и децата и возрасните, па е одличен избор за фамилијарно собирање пред големиот телевизор. Дополнително, моментално имате опција и да го гледате во кино.Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Слични филмови: „Аватар“, сите делови на Хари Потер, „Облачно со услови за ќофтиња“ (Cloudy With a Chance of Meatballs)

  • Модерна фамилија (Modern Family)

    Модерна фамилија (Modern Family)

    ТВ серија за модерните семејства во новото време

    rnМодерна фамилија (Modern Family)Главни ликови: Ед Онил, Софија Вергара, Џули Боуен, Тај Барел, Џеси Тајлер Фергусон, Ерик Стоунстрит, Рико Родригез…rnrnЖанр: комедија, мокументарецrnrnВреметраење: 22 мин.rnrnПремиера: 23 септември 2009rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 2rnrnСледна епизода: 17 ноември 2010rnrnНаша оценка: 9rnrn„Модерна фамилија“ е серија, која ќе ви ги долови современите семејства и семејните односи, преку едно фамилијарно дрво сочинето од 11 членови. Станува збор за три семејства, од кои првото е традиционално, второто е геј пар плус посвоено бебе, а третото е стар маж, преженет со млада Колумбијка, која има син од претходниот брак. Различните карактери, разликата во генерации и шармантната глума, креираат една живописна комедија во која не постојат никакви предрасуди, а нејзин главен мотив е љубовта од секаков тип.rnrnМодерна фамилија (Modern Family)rnrnЏеј е постар маж оженет со многу помлада Колумбијка, Глорија, која доаѓа во пакет со нејзиниот 11-годишен син Мени од претходниот брак, кој веќе верува во вистинска љубов и во моќта на поезијата. Помагањето на Глорија околу воспитувањето на Мени, е втора шанса на Џеј да се докаже како татко, бидејќи малку ја зафркнал работата првиот пат.rn

    Џеј и вели на Глорија: „Јас морам да остарам, но ти не мораш да се здебелиш.“

    rnМодерна фамилија (Modern Family)rnrnНеговата ќерка Клер е презафатена мајка, која се труди правилно да ја воспита својата ќерка тинејџерка и да ги спречи останатите две помали деца да се убијат меѓусебно.rn

    Клер: Ако Хејли никогаш не се разбуди на некоја плажа во Флорида полугола, тогаш јас добро сум ја завршила мојата работа.“

    rnОд голема помош не е ни нејзиниот откачен маж Фил, кој себеси се смета за најкул татко на планетата.rn

    Фил и вели на Клер: „Тоа не беше ни малку порно. Тоа беше само топлес девојка на трактор. Знаеш како го викаат тоа во Европа? Реклама за житарици.“

    rnНајневообичаениот член на семејството е синот на Џеј, Мичел, кој заедно со неговиот геј-партнер Камерон, посвои бебе од Виетнам.rnrnМодерна фамилија (Modern Family)rn

    Интересни податоци:

    rn

      rn011

    • Актерот Џеси Тајлер Фергусон, кој ја глуми улогата на хомосексуалецот Мичел, е хомосексуалец и во вистинскиот живот. Неговиот татко во серијата, постојано се преправа дека заборавил дека син му е хомосексуалец, па Мичел мора постојано да го потсетува. Истото му се случувало и со неговиот вистински татко.
    • rn

    rn

      rn011

    • Фил во текот на целата сезона повторува дека ќе ја поправи скршената скала, но во последната епизода таа се уште не е поправена.
    • rn

    rnrn

      rn011

    • Нолан Гоулд, кој ја глуми улогата на глупавото дете Лук, всушност има многу висок коефициент на интелигенција.
    • rn

    rn

      rn011

    • Улогата на ќерката на Кем и Мичел, Лили, ја глумат две различни бебиња. Бебињата се близначиња, од кои едното е машко, а другото женско.
    • rn

    rnКога и како да ја гледате: Оваа серија можете да ја гледате кога било, без разлика на вашето моментално расположение, бидејќи на крајот сигурно ќе бидете ведри и насмеани. Измислена серија за одлична забава и гледање во друштво. Направете многу пуканки, купете неколку пијалаци, викнете ги вашите пријатели и поминете една пријатна вечер низ смеа.rnrnМодерна фамилија (Modern Family)rnrnСлични серии:Оженет со деца“, „Како ќе каже Џим“, „Сите го сакаат Рејмонд“, „Полна куќа“rnrnМодерна фамилија (Modern Family)rnrnГледајте ја серијата онлајн: http://modern-family-online.tk

  • Млади во револт (Youth in Revolt)

    Млади во револт (Youth in Revolt)

    Филм за младоста, љубовта и бунтувањето rnrnМлади во револт (Youth in Revolt)Улоги: Мајкл Сера, Порша Даблдеј, Џин Смарт, Зак ГалифианакисrnrnРежисер: Мигел АртетаrnrnЖанр: комедија, драма, романсаrnrnВреметраење: 90 мин.rnrnПремиера: 8 јануари 2010rnrnЈазик: англиски, францускиrnrnМузика: Џон СвихартrnrnНаша оценка: 8/10 rnrn_________________________________________________________________________________rnСо младоста оди храброста, а за љубовта како дел од животот, сме најхрабри да се бориме додека сме млади. Тогаш сме и најподготвени бесрамно и бесконечно да се обидуваме додека го добиеме она што го сакаме. „Млади во револт“ е тинејџерска приказна за едно момче со смотан изглед кое безнадежно се заљубува во прекрасна, самоуверена и слободоумна девојка. Очекуваното сценарио добива целосен пресврт и гледачот ќе остане пријатно изненаден од она што ќе го пресретне на екранот по првата третина од времетраењето на филмот. Шармантни улоги, некласичен развој на класично започната љубовна приказна и изоставување на клишеа го одликуваат овој исклучително освежувачки, младешки филм.rn__________________________________________________________________________________rn

    rn

    Приказна: Ник Твисп се заљубува во Шини додека е на одмор. Таа, најпрво задевајќи го и провоцирајќи го самоуверено, за кратко му ја возвраќа љубовта. Но, Ник мора да се врати дома, а Шини не е девојка која би го чекала по секоја цена. Затоа, тој ја открива својата бунтовна страна од која произлегува Франсоа, горделив, самоуверен младич со впечатлив имиџ. Последиците од ваквата промена, односно појавата на втората личност на Ник се непредвидливи, бунтовни, уништувачки и смешни.rn.

    rn

    rn

    Кинематографија: Сцените во филмот се пријатни и светли. Добро се балансирани драматичните, статични сцени со динамичните и ведри моменти, така што на овој филм не би можеле да задремете. Глумата на Мајкл Сера е фантастична. Она што тој го вади од себе за двете паралелни улоги – чувствително, неискусно и несигурно момче наспроти самоуверен, бунтовен и горделив младич – прави истовремено да се разнежиме, воодушевуваме и слатко да се изнасмееме.rn.

    rnrn

    rn

    Естел Твисп (мајката на Ник): „Ми требаат тие пари за издржување деца за да јадам.“rnНик Твисп: „Нели би требало да ти требаат тие пари за издржување деца за да го издржуваш детето?“

    rn

    rn

    Кога и како да го гледате? Како и секоја комедија, и оваа оди одлично со друштво и пуканки, но со оглед на љубовната приказна, веројатно најдобар избор би ви бил вашиот партнер или некого кого сакате да го омекнете пред да преминете на акција. Филмот гледајте го навечер или во длабоките попладневни часови, во зависност од тоа колку опуштено се чувствувате со друштвото кое ќе го изберете за гледање.

    rnrnrn.rn

    rn

    Ник Твисп: „Сакам да ти го скокоткам папокот… однатре.“

    rn

    rn

    Интересни податоци: Џастин Лонг, кој ја игра улогата на постариот брат на Шини во филмот, во реалниот живот бил во врска со нејзината вистинска постара сестра.

    rnrn

    Слични филмови: „Земја на авантурите“, „Супер лошо“, „Џуно“

    rnrn