КАФЕ ПАУЗА

Tag: комедија

  • ТВ серија: Зора (Daybreak)

    ТВ серија: Зора (Daybreak)

    Деца се обидуваат да преживеат во постапокалиптичен свет така што формираат племиња

    rn[column col=”1/2″][/column]rn[column col=”1/2″]rnrnГлавни улоги: Колин Форд, Аливија Алин Линд, Софи СимнетrnrnЖанр: акција, авантура, комедијаrnrnПремиера: 24 октомври 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=2P9U41e75tE&t=rnrnСте размислувале ли некогаш каков би бил светот без возрасни? Оваа ТВ серија може да ви даде една варијанта од одговорот! Дејството нè води во постапокалиптичен свет каде што поголемиот дел од човештвото или изумрело или се претворило во еден вид крвожедни зомбиња откако биле детонирани билошко-хемиски бомби на планетата. Останале само дел од децата кои мора да изградат сосема ново општество за да преживеат во новиот свет.rnrn rnrnОбидувајќи се да најдат нов начин на живеење, децата формирале племиња. Сите оние што имале нешто заедничко се групирале и си создале нови правила за живеење, чувајќи ја својата територија и војувајќи со ривалските племиња додека истовремено и се борат против неживите. Племињата се состојат од спортистите, фармерите, интелигентните… И сите тие на некој начин придонесуваат во новиот екосистем.rnrn rnrnАко сте расположени за постапокалиптична зомби комедија, тогаш оваа ТВ серија е одлична за вас! Особено ако ги сакате приказните со младите возрасни. Зора изобилува со хумор, акција, пријателство и романса, и малку одвратни и крвави сцени, убаво спакувани во добра приказна што без сомнение ќе ве наполни со позитивна енергија.rnrn

  • Филм: Мажи во црно: Интернационала (Men in Black: International)

    Филм: Мажи во црно: Интернационала (Men in Black: International)

    Мажите во црно го имаат својот најголем предизвик досега – „крт“ во организацијата!

    rnРежија: Ф. Гери ГрејrnrnУлоги: Теса Томпсон, Крис Хемсворт, Кумаил НанџианиrnrnВреметраење: 114 минутиrnrnПремиера: 14 јуни 2019rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, комедијаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=BV-WEb2oxLkrnrnИнтересно е да се видат повторно заедно Теса Томпсон и Крис Хемсворт, и иако ги обожаваме овие актери и нивната одлична хемија на филмското платно, сепак ништо не може да ги замени оригиналните мажи во црно – Томи Ли Џоунс и Вил Смит. Идејата зад овој филм е одлична – првата жена што станува агент во познатата организација прави сè што може за да докаже дека е вредна за позицијата. Но, за жал, потенцијалот не е искористен. Приказната не е добро разработена, нејзиното развивање постојано губи тек и нема логика, а и навидум шармантниот, но всушност арогантен карактер на Хемсворт воопшто не помага.rnrn rnrnФилмот ни ја раскажува приказната на Агентот М (Теса Томпсон), девојката што отсекогаш сонувала да работи за оваа организација. Како дете, таа имала посебна поврзаност со вонземниот живот, а денес е првиот женски Маж во црно. Таа ќе биде доделена на Агентот Х (Крис Хемсворт), познатиот шармер, и заедно ќе се упатат во Лондон за својата прва мисија. Но, кога многу познат вонземјанин ќе биде убиен и неговото супероружје украдено, тие мора да им се спротивставаат на сите шанси за да го најдат „кртот“ меѓу Мажите во црно.rnrn

  • ТВ серија: Поврзување (Bonding)

    ТВ серија: Поврзување (Bonding)

    Двајца средношколски најдобри пријатели се сретнуваат во Њујорк по многу години…

    rnГлавни улоги: Зои Левин, Брендан Сканел, Кевин КејнrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnКреатор: Рајтор ДојлrnrnПремиера: 24 април 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 15 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=XXuBwwZvruIrnrnНајпрво да ве предупредиме дека главниот карактер во оваа ТВ серија, Тиф, е доминатрикс, чија работа е да ги оживува фантазиите на мажите и жените со садомазохистички сексуални потреби. Иако станува збор за комедија, сепак потребите на нејзините клиенти се сликовито претставени. Покрај погледот во нејзината работа, се разработуваат голем број сексуални теми, од едноставното задоволување на потребите и ослободувањето од сексуалниот срам, до наоѓањето начин да се живее со партнер чии сексуални теми ги надминуваат границите на другиот.rnrnrnrnШто се однесува до главната приказна, го гледаме и повторното поврзување на Тиф (Зои Левин) и Пит (Брендан Сканел), кои биле најдобри пријатели во средно училиште и одново се пронаоѓаат по многу години во Њујорк. Тиф ќе го покани Пит да ѝ помогне во нејзината работа, и тој без да знае во што се впушта, ќе прифати, притоа станувајќи помошник на доминатрикс. На овој начин тој ќе открие сосема нова страна од себе, но и ќе се потсети зошто тој и Тиф толку добро се согласувале во минатото. Тие се одличен пар од многу аспекти, а ако сакате да дознаете нешто повеќе за нив, пуштете ја првата епизода уште веднаш.rnrn

  • ТВ серија: После живот (After Life)

    ТВ серија: После живот (After Life)

    По неочекуваната смрт на неговата сопруга, Тони се претвора од добар во човек, во импулсивен злобник којшто не се грижи за ништо и за никого

    rnГлавни улоги: Рики Гервес, Том Басден, Тони ВејrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnПремиера: 1 март 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=eIGGKSHMQOMrnrnТони не е лош човек. Баш напротив, тој има нежна и мила душа, полна со љубов. Но, откако ќе ја изгуби жената од своите соништа, тој едноставно нема да знае како да продолжи да биде човекот кој беше покрај неа. Тони дури и ќе помисли да се самоубие, бидејќи болката е преголема за него, но неговото куче ќе го спаси, така што ќе му побара храна. Тој нема да сака да го остави гладно, па ќе стане да го нахрани и во тие моменти ќе направи договор со себе – ќе продолжи да го живее животот без никакви правила, ќе прави сè што сака, како што сака и кога сака и кога ќе му дојде премногу, едноставно ќе стави крај. Во неговите мисли, ова е како еден вид супермоќ.rnrn rnrnТони ќе почне да живее без влакна на јазикот и без никаков обѕир кон последиците од своите дела. Тој ќе биде брутално искрен, директен и нема да се грижи дали притоа можеби повредува некого со своите зборови. Токму ова ќе го одведе на необичен пат, каде што ќе запознае многу нови луѓе, сите со свој сет проблеми и потешкотии. И пред да забележи, неговата константна тага ќе почне да се меша со куси, но интензивни моменти на смеа и среќа. Но, дали тоа ќе биде доволно за да го натера Тони да почне повторно да оди меѓу живите? Или пак, тагата ќе победи и тој сепак ќе одлучи да престане да постои, заедно со својата сопруга?rnrn

  • ТВ серија: Руска кукла (Russian Doll)

    ТВ серија: Руска кукла (Russian Doll)

    Цинична млада жена од Њујорк постојано умира и се враќа назад, неколку часа порано, на забавата што ѝ е приредена за нејзиниот 36-ти роденден

    rnГлавни улоги: Наташа Лион, Чарли Барнет, Грета ЛиrnrnЖанр: комедија, драма, мистеријаrnrnКреатори: Лезли Хедленд, Наташа Лион, Ејми ПоелерrnrnПремиера: 1 март 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=YHcKoAMGGvYrnrnРуската кукла позната како матрјошка или бабушка, е серија од тркалезни дрвени жени со розови образи, скриени една во друга. Секоја од овие насмеани кукли изгледа целосно сè додека не ја свртите и отворите, притоа откривајќи ја нивната шуплина во која се крие друга кукла. Само најмалото девојче, со големина на кикиритка има цврсто јадро. Оваа кукла изобилува со метафори. Исто како и ТВ серијата со истото име.rnrn rnrnРуска кукла е една од најдобрите ТВ серии за 2019 година досега. Таа е составена од 8 епизоди и лесно може да се категоризира како драмедија (комбинација од драма и комедија). Дејството се врти околу антихеројот Надја, која се опишува како цинична и самодеструктивна девојка од Њујорк со глас сличен на Марџ Симпсон. Таа полни 36 години, па првата епизода започнува со бледото зјапање на Надја во одразот на огледало во тоалет, на забавата што нејзините пријателки ја подготвиле за неа.rnrn rnrnНо, има нешто чудно во врска со овој роденден, нешто што не ја остава Надја на мир. Наместо да ужива со нејзините најблиски, таа си оди порано за да се забавува со непознат странец. Часови подоцна, таа ја забележува нејзината исчезната мачка, па излетува на улица без да погледне дали има автомобил и е удрена од такси… дур трепне, таа повторно е во истиот тоалет каде што ја започна вечерта, избезумена. Што се случи со неа? Дали таа почина? Дали доби втора шанса? Дали можеби го изгуби умот? Ќе треба да ги изгледаме сите епизоди за да дознаеме!

  • ТВ серија: Сексуално образование (Sex Education)

    ТВ серија: Сексуално образование (Sex Education)

    Тинејџер чија мајка е сексуална психотерапевтка, се здружува со соученичка од неговото средно училиште и отвораат тајна клиника за сексуална терапија

    rnГлавни улоги: Аса Батерфилд, Гилијан Андерсон, Еми МекиrnrnЖанр: драма, комедијаrnrnКреатор: Лаури НонrnrnПремиера: 11 јануари 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=o308rJlWKUcrnrnБлагодарение на Нетфликс, голем број табу теми поврзани со сексот во адолесценцијата добиваат сè поголемо внимание. Овој клучен период во сексуалното созревање на една личност, што најчесто е исполнет со многу збунетост и срам, долго време е запоставуван, притоа негативно влијаејќи на растот и развојот на младите индивидуи. Но, за среќа, со сите нови филмови и серии, се поттикнуваат младите поотворено да разговараат и полесно да се справуваат со целата таа хормонална збунетост што доаѓа со годините.rnrn rnrnВо оваа ТВ серија, го следиме животот на 16-годишниот Отис (Аса Батерфилд), којшто израснал во дом на двајца сексуални психотерапевти. Неговите родители се сега разведени, а тој живее со мајка му, Џин (Гилијан Андерсон) која слободно може да се каже дека не чувствува ниту трошка срам во однос на темата секс. Нејзината работа е да им помогне на паровите со сексуалните проблеми, и лесно и отворено разговара со сите. Таа исто така е отворена и за својот сексуален живот, кој после разводот, е прилично активен и разновиден.rnrn rnrnКако што веќе спомнав, Отис пораснал во средина каде што отворено се разговарало за сексуалноста на луѓето. Токму затоа, иако има само 16 години и сè уште немал секс, тој е длабоко запознаен со комплексноста на сексуалните врски и има знаење коешто една девојка од неговото училиште, Мејв (Еми Меки), ќе го претвори во вистински бизнис. Таа ќе се договори со Отис да му наоѓа клиенти меѓу нивните соученици, а тој да им помага да се справат со своите сексуални проблеми. Помагајќи им на другите, тој исто така им помага и на гледачите да откријат нешто повеќе за сексуалните динамики во адолесценцијата (па и во повозрасните години) и да почнат подетално да работат и на своите проблеми.rnrn

  • Филм: Сега или никогаш (Second Act)

    Филм: Сега или никогаш (Second Act)

    Жена без факултетска диплома си го менува животот и му покажува на светот колку е важна уличната интелигенција

    rnРежија: Питер СегалrnrnУлоги: Џенифер Лопез, Ванеса Хаџинс, Мајло ВентимиглијаrnrnВреметраење: 103 минутиrnrnПремиера: 21 декември 2018rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: комедија, романсаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=YsVo5necW6Q&t=17srnrnСтанува збор за комедија за професионалниот свет, каде што Џенифер Лопез ја има главната улога – Маја. Таа е 40-годишна жена која е прескокната за унапредување поради младо момче со магистерска во областа на бизнисот. Со оглед на тоа што Маја има само општо образование, за неа напредокот во кариерата едноставно веќе не е опција. За среќа, нејзината пријателка од работа има дете-гениј, кое ќе ѝ фалсификува резиме и ќе ѝ направи профил на Фејсубк, претставувајќи ја како амбициозната жена што не дозволува никој и ништо да ја запре – жената што таа си ветила дека никогаш нема да стане. Токму ова и ќе ѝ помогне да добие добра работа, за прв пат во нејзиниот живот.rnrn rnrnОвој филм без сомнение не е нешто што е досега невидено, ниту пак ни нуди приказна со многу неочекувани пресврти. Комедијата следи типично стереотипно сценарио, па точно ќе знаете како ќе заврши уште во првите неколку минути од филмот. Сепак, тоа што го прави овој филм интересен за гледање е неверојатниот избор на ѕвезди – од самата Џенифер Лопез до Ванеса Хаџинс и Мајло Вентимиглија – вие едноставно ќе уживате во нивните неверојатни актерски способности и пред да трепнете, ќе стигнете го крајот – добро расположение и весели. Зарем тоа не е сè што ни е потребно од еден филм?rnrn

  • ТВ серија: Принцот од Пеорија (Prince of Peoria)

    ТВ серија: Принцот од Пеорија (Prince of Peoria)

    ТВ серија за богат 13-годишен принц што оди во Америка како студент на замена со цел да искуси нормален живот и да запознае вистински пријател

    rnГлавни улоги: Гавин Луис, Синтија Кеј Меквилијамс, Теодор Барнс, Габриел ХоганrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатори: Девин Буње, Ник СтентонrnrnПремиера: 16 ноември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 25 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=v0I8rTB00TErnrnПринц Емил (Гавин Луис) воопшто не е задоволен со својот живот во палатата. Како што поминува времето, така тој сфаќа дека ќе треба да стане крал без да има можност да го искуси животот на нормалните луѓе. Токму затоа и успева да го убеди татко му да го пушти да оди во Америка, како студент на замена, со цел да „допре“ до секојдневието на обичните луѓе, да научи нешто од ова искуство, како и конечно да го пронајде својот најдобар пријател. Кралот ќе дозволи, а младиот принц ќе пристигне во малото гратче Пеорија тајно, како обичен студент, за да се заштити себеси.rnrnrnrnЕмил ќе влезе во едно од најинтересните семејства што досега сте имале можност да ги видите на малите екрани. Реџина (Синтија Кеј Меквилијамс) е самохрана мајка на Теди (Теодор Барнс), кој пак е вистински гениј. Тој постојано е посветен на работата со своите роботи, сакајќи да си го осигури својот пат за влегување на факултетот МИТ. Реџина пак, го претворила својот дом во куглана за да може да заработува и да му помага на Теди да го оствари својот сон. Доаѓањето на Емил целосно ќе ги раздрма нивните животи, но во позитивна смисла!rnrnrnrnРеџина конечно ќе најде личност со којашто ќе може да се забавува, но и која ќе ѝ помага со секојдневните обврски. Имајте на ум дека принцот никогаш, ништо не работел во својот живот, па сега дури и чистењето тоалет му е возбудлива нова активност. Од друга страна пак, Теди ќе најде личност што ќе му покаже дека животот не е само учење, и дека постојат нешта што се можеби дури и повредни – како пријателството. Во овој момент вреди да се спомне и телохранителот на Емил, Јозеф (Габриел Хоган), кој го подигнува хуморот на ТВ серијата на сосема ново ниво.

  • Филм: Божиќни хроники (The Christmas Chronicles)

    Филм: Божиќни хроники (The Christmas Chronicles)

    Дедо Мраз ќе мора да го спаси Божиќ со помошта на брат и сестра откако ќе има неочекувана несреќа со неговата санка

    rnРежија: Клеј КејтисrnrnУлоги: Курт Расел, Кимберли Вилијамс-Пејзли, Џуда Луис, Дарби КемпrnrnВреметраење: 134 минутиrnrnПремиера: 22 ноември 2018rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: комедија, авантура, семејствоrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=YaeDa_UempkrnrnАко веќе почнувате да ја чувствувате новогодишната и божиќната атмосфера, тогаш имаме одличен филмски предлог за вас! Овој филм на Нетфликс во којшто Курт Расел ја има главната улога, односно го претставува Дедо Мраз, ќе ве насмее до солзи додека истовремено и ќе ве натера да верувате во најпознатиот дедо на светот. И не само тоа, туку и ќе ви ја врати новогодишната и божиќната магија и во вашиот дом.rnrn rnrnПриказната започнува со видео снимки од среќно четиричлено семејство – татко, мајка и две деца – брат и сестра. Но, снимките завршуваат по Божиќ во 2017 година, односно по смртта на таткото. Клер (Кимберли Вилијамс-Пејзли), Теди (Џуда Луис) и Кејт (Дарби Кемп) мора одново да научат како да живеат без нивниот сакан Даг (Оливер Хадсон), и да се изборат со тагата што ја чувствуваат во себе. Овој процес е влошен по различните несогласувања меѓу нив, како и поради бунтувањето на Теди кој веќе е тинејџер.rnrnrnrnНо, нештата брзо ќе се променат откако малата Кејт ќе открие на снимката од претходниот Божиќ доказ за постоењето на Дедо Мраз. Таа ќе го натера нејзиниот брат Теди да ѝ помогне да направи подобра снимка оваа година и конечно да го разоткрие неговото вистинско лице. Скептичниот Теди ќе реши да ѝ помогне, но ниту на крај памет нема да му падне дека тие навистина ќе го снимат Дедо Мраз во нивниот дом. И не само тоа. Сакајќи да дознаат нешто повеќе за него, ќе влезат во неговата санка и… па, така ќе започне најголемата авантура на нивниот живот!

  • ТВ серија: Добри девојки (Good Girls)

    ТВ серија: Добри девојки (Good Girls)

    Три мајки од предградие решаваат да ограбат локална продавница и целиот живот им се превртува наопаку откако ќе сфатат дека ги зеле парите на баран криминалец

    rnГлавни улоги: Кристина Хендрикс, Рита, Мае ВитманrnrnЖанр: комедија, драма, криминалrnrnКреатор: Џена БансrnrnПремиера: 26 февруари 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=EXJdwEtqaSsrnrnРасположени сте за одлична драмедија што ќе ве насмее до солзи и ќе ве држи на работ од столчето до самиот крај? Станува збор за приказната за три мајки од предградието, кои поради неочекувани финансиски проблеми, ќе решат да ограбат локална продавница. Но, тоа што нема да го знаат е дека баран криминалец ги чува своите пари во сефот на продавницата, па наместо очекуваните 30.000 долари, тие ќе завршат со половина милион.rnrn rnrnТокму во тој момент нивниот живот целосно ќе се промени и тие ќе бидат приморани да работат за криминалецот со цел да му ги вратат парите. Тоа што можеби нема да го очекувате е дека тие ќе се пронајдат во криминалниот живот и откако нивниот долг ќе биде подмирен, ќе решат да останат во контакт со криминалецот што го ограбија и ќе се впуштат во различни процеси од „перење“ фалсикувани пари.rnrn rnrnПриказната е навистина интересна, дејството е побрзо одошто очекувате од овој жанр и најважно од сè – главните девојки, Кристина Хендрикс, Рита и Мае Витман се толку добро одбрани што едноставно ќе се заљубите во нив. Начинот на кој тие запаѓаат во неволји е навистина забавен, но тоа што е уште поинтересно е начинот на кој креативно се извлекуваат од секоја ситуација. Па, ако сте расположени за забавен викенд маратон – ова ТВ серија е најдобриот избор за вас!rnrn