Група пријатели со испреплетени и комплицирани односи меѓу нив, се обидува да „преживее“ во градот што никогаш не спие – Њујорк!
rn
Главни улоги: Киган-Мајкл Кеј, Ени Парис, Коби СмулдерсrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатори: Франческа Делбанко, Николас СтолерrnrnПремиера: 14 јули 2017rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=SWUBRto1WZQrnrnДа бидеме искрени, ретко кој би одбил да гледа комедија. Овие приказни се создадени исклучиво за забава, смеење и опуштање, па тоа е и причината поради која се толку популарни. Не мора дури ни да ги гледате сите епизоди, редовно, ниту пак да ги пуштате како што биле снимани по ред, за да бидете во тек. Едноставно ако почувствувате дека ви треба малку расположување, ја пуштате првата епизода што ќе ви дојде при рака и се испржувате на каучот без ниту една грижа во мислите бидејќи знаете дека за половина час ќе бидете како нови. Имајќи го сè ова на ум, „Пријатели од колеџ“ ги има сите овие карактеристики, но со мала доза драма, што секогаш е добредојдена за оние што сакаат малку подлабока приказна.rnrn
rnrnОваа ТВ серија многу наликува на „Пријатели“ (Friends) и „Како ја запознав мајка ви“ (How I Met your Mother“. Единствената разлика е што обработува малку покомплицирана тематика (иако во центарот на настаните се група пријатели) и изборот на актери е малку чуден – ќе ви биде потребно време за да ги засакате, бидејќи поголемиот дел од нив се познати по сосема друга улога и малку е тешко да ги сместите во нешто ново и во оваа комбинација. Но тоа не значи дека не ветува, баш напротив. Дејството се одвива брзо, енергично и гласно и секоја сцена изобилува со хумор, додека истовремено има и соодветна доза драма. Со неколку зборови, доколку некогаш ви е потребно опуштање, што малку ќе ви го размрда мозокот, слободно пуштете ја оваа ТВ серија и забавувајте се овие одлични актери!

Режија:

rnrnКога нештата очекувано ќе излезат од контрола, на насилството му нема крај (очекувајте прилично живописни крвави сцени!). И покрај тоа што хумористичниот начин на раскажување доминира, сепак ако не поднесувате крв, големи се шансите дека ќе ви биде непријатно во текот на целиот филм. Да преминеме на најважното прашање – дали овој филм е смешен? Одговорот е: ДА! Полер и Ферел имаат одлична хемија и нивната трансформација од обични родители во застрашувачки мафијаши ни нуди забавни моменти, но тие се поретки од останатите непријатни сцени што со сигурност ќе ве замислат дали гледате комедија или пак, некој нов вид криминален хорор…rnrn


Главни улоги:
rnrnДевојките, од друга страна пак, се група необични личности, секоја уникатна на свој начин, чија заедничка цел е конечно некаде да припаѓаат. За повеќето од нив, ова шоу е сè што имаат и тие ќе работат макотрпно за да го задржат своето место. Токму тоа е и убавината на оваа ТВ серија – жените се пробиваат во машки свет, го прават тоа на свој сопствен начин, и стануваат поуспешни одошто некогаш можеле да замислат. Единственото нешто што фали е малку повеќе историја за дамите, за да можеме да разбереме како тие станале онакви какви што денес ги гледаме. Но можеби тоа нè очекува во втората сезона?rnrn
rnrnНа прашањето дали тие се борци или актери, режисерот одговара со „Да“, давајќи им до знаење дека тие ќе имаат сценарио по кое треба да се водат, но сепак ќе се борат во рингот. За многумина ова ќе биде предизвик, но тие ќе успеат да излезат од својата заштитна обвивка и ќе станат посилни и похрабри – оваа трансформација е толку заразна што и вам ќе ве натера да направите нешто што одамна сте сакале, но сте се плашеле. Зарем треба друга причина за да ја погледнете оваа ТВ серија?
Режија:
rnrnШто се однесува до „Чувари на плажа“, првите неколку сцени поставија добра основа за урнебесен филм, но како што дејството се развиваше, така и овој филм падна во истиот калап како и неговите скорешни предци. Сите сцени беа пренагласувани до момент кога веќе нема каде да се оди и хуморот едноставно се крши, а специјалните ефекти, иако сами по себе не беа лоши, се чувствуваше како да не припаѓаат во овој жанр. Единствената светла точка во филмот беше актерската екипа – не само што тие добро си ги одигруваат своите улоги, туку и се одлични за гледање – па ако ви треба мотив да го погледнете овој филм, тоа е единствената причина што можам да ви ја издвојам.rnrn

Режија:
rnrnА сега, да преминеме на причините зошто дефинитивно треба да го погледнете овој филм! Најпрво, приказната е толку комична, што на моменти целата кино сала ечеше од смеа. Дел од сцените се толку добро смислени, што очите постојано ќе ви солзат, а стомачните ќе ве болат дури и следниот ден од громогласното смеење. Актерот што според нас најмногу се издвои во оваа приказна е Атанас Атанасовски со својот лик Селпин. Тој е толку талентиран што слободно може да стои рамо до рамо со дел од најпознатите холивудски ѕвезди. Што се однесува до самите ликови, најмногу ни се допадна директорот на хотелот (Крсте Јовановски) и мора да признаеме дека сакавме да го видиме во многу повеќе сцени. Неговото необично „психолошко нарушување“ беше причината за најголемиот број насмевки за време на траењето на филмот и започнување забавни теми на разговор по завршувањето.rnrn
rnrnУште една многу позитивна страна е тоа што приказната не обработува никакви политички теми или тешки историски настани, што е специфично за нашите филмови, па ни доаѓа како пријатно освежување и одлично кратко бегство од секојдневието. Вие ќе имате шанса да погледнете дел од добро познатите македонски дестинации во поинакво светло и откако ќе завршите со гледање на филмот, веќе никогаш нема да ги гледате со истите очи. Едноставно нема да можете да помислите на ресторанот Роџер Пијано без да се потсетите на описите на Мариче (Кристина Ласова) за совршениот сопруг, да прошетате низ плоштад без да го гледате Селпин како тажно се движи во ноќта или пак, да го посетите хотелот Радика без да ве насмеат средбите помеѓу Сузан (Нина Деан), Александар Микиќ (Курчубиќ) и Ѓорче (Ердоан Максут)! Накратко, не само што филмот ќе ве расположи и насмее, туку и ќе си најде удобно место во вашето срце!rnrn

Главни улоги:
rnrnПа, доколку сакате да истражувате натприродни, необични и ужасни случаи што се навидум неповрзани, тогаш дајте ѝ шанса на оваа ТВ серија. Сигурни сме дека Дирк Џентли нема да ве разочара! Целата прва сезона е достапна на Нетфликс и на онлајн, така што ако решите да ја гледате, одвојте цел викенд за таа цел бидејќи нема да можете да престанете!rnrn
rnrn 
Главни улоги:
rnrnЗа Софија, совршената работа е онаа каде што не би мрднала од својот кревет, додека истовремено заработува доволно пари за живеење – па тоа и ќе успее да го направи. Таа ќе почне да продава стара, винтиџ облека, но на малку поинаков начин од останатите во овој бизнис. Софија наоѓа или купува за малку пари носени парчиња облека, ги преправа и им дава модерна нијанса, и потоа ги препродава за дупло, тродупло, а понекогаш и за многу повеќе од својата реална вредност. Најинтересното од сѐ? Тоа што оваа приказна делумно се базира на вистински настани, односно според
rnrnБрит Робертсон фасцинира со својот перформанс, оживувајќи еден лик што истовремено и ќе го сакате и ќе го мразите. Софија е многу комплексен карактер, во кој може да се пронајде скоро секоја девојка во своите 20-ти години што е во потрага по целта на својот живот. Таа има исто толку негативни страни, колку и позитивни, но токму тоа и ја прави пореална во очите на гледачите. Од друга страна пак, иако оваа ТВ серија се води како комедија, очекувајте и потешки сцени што ќе ве замислат за вашиот живот, за начинот на размислување и насоката во која се движите. Можеби дури и ќе ве натера целосно да си го преиспитате изборот на кариерата! Подготвени? Пуштете плеј! Сите епизоди од првата сезона се веќе достапни на Нетфликс (и на кој било друг веб-сајт за онлајн гледање).
Главни улоги:
rnrnСтанува збор за едно типично американско семејство што живее во предградие – брачниот пар, Шила (Дру Баримор) и Џоел (Тимоти Олифант), и нивната ќерка Аби (Лив Хјусон). По сплет на околности, навидум нејасни, нивниот живот целосно ќе се промени откако Шила ќе се претвори во нежив канибал. Оттука приказната се фокусира на нивната потрага да најдат непрекинат извор на храна (човечко месо) за Шила, додека истовремено бараат и лек за нејзината „здравствена состојба“. Како што веќе спомнавме, оваа ТВ серија се движи од една крајност во друга и суптилноста дефинитивно не ѝ е силна страна. Но, токму претерувањето и преувеличувањето на настаните е тоа што ја прави оваа приказна поинаква и привлечна за љубителите на жанрот.rnrn
rnrnМожеби ќе си кажете „Ех, уште една зомби серија. Зарем не можат да смислат нешто ново?“ Но, колку што оваа серија е градена на позната основа, толку е и уникатна во однос на развивањето на текот на настаните. Веќе знаете дека Дру Баримор е брилијантна актерка, па можете да бидете сигурни дека што се однесува до перформансот, нема да бидете разочарани. А, ако вашето срце и душа ви дозволува да можете да поднесете ваква содржина, тогаш ќе бидете презадоволни и од самата приказна.rnrn


Главни улоги:
rnrnВо составот на семејството Алварез се мајката Пенелопе, воен ветеран, порано мажена (веќе разделена) со колега од истите редови, нејзините две деца – самобендисаниот, но интересен Алекс и алтернативната феминистка Елена, како и бабата Лидија која создава вистински шарм во целиот дом. Додека Пенелопе се обидува да скрпи за живот работејќи како медицинска сестра во една мала ординација, Елена и Алекс се нормални тинејџери кои се обидуваат да си го пронајдат својот идентитет, интереси и позиција помеѓу нивните врсници. Иако Лидија навидум изгледа како да се меша во односите помеѓу сите и да ги наметнува своите ставови, таа всушност е лепакот кој го одржува семејството во хармонични врски.rnrn
rnrnОва не би била типична комедија доколку нема барем еден комшија во зградата кој постојано ќе „виси“ во станот на главното семејство. Таа улога ја има менаџерот на зградата Шнајдер, кој има многу пари и премногу слободно време кое обожава да го поминува со сите од семејството Алварез. Тој е на некој начин пријател и таткова фигура за Алекс и Елена, пополнувајќи ја празнината на главна машка улога во семејството, па и во серијата воопшто. Шнајдер е инаку и многу згоден, па женската публика ќе ужива во сцените со него.rnrn
rnrnСеријата е во продукција на Нетфликс, па тоа значи дека иако е нова, сите епизоди од првата сезона се веднаш достапни за гледање. Нив ги има 13 на број и се одличен избор за релаксирање во втората половина од денот, кога на сите ни треба одмор од обврските и секојдневните стресови. Епизодите траат доволно долго за да ви го заситат апетитот за смеа и опуштање, но дејството се развива спонтано и неисфорсирано, па тоа можеби ќе ве натера да ги изгледате сите во еден викенд маратон.rnrnГлумата е одлична, шегите се креативни и свежи, а едноставноста на концептот ја прави супер избор за да се најде на телевизорот во сечиј дом. Пуштете ја „Од ден за ден“ и да се насмееме ко луѓе! :)rnrn

Главни улоги:
rnrnЗорн решава да остане во предградието, и на момент да заборави на војната што го уништува неговото село, за одново да се поврзе со својот син. Тој наоѓа стан, работа и конечно облекува кошула! Сепак ќе биде потребно многу време и труд за да му докаже на својот син дека навистина му значи и да го поправи нивниот ладен однос. Сигурни сме додека тоа се случува, ќе има многу ситуации што ќе нè насмеат и расположат, особено во оние моменти кога Зорн ќе треба да се адаптира на денешниот модерен начин на живот.rnrn