Филм за мобингот, за малтретирањето на работното место и за професионалните психопати со чии лик и дело речиси сите сме се запознале, но сме морале да премолчимеrnrnrn
Режија: Сет ГордонrnrnИграат: Џејсон Бејтман, Чарли Деј, Џејсон Судеикис, Џенифер Анистон, Кевин Спејси, Колин Фарел, Џејми ФоксrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 8 јули 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rn„Анистон е зависничка од секс“, „Кој сака да го убие Кевин Спејси?“, „Анистон конечно во долна облека“… Со месеци пред воопшто филмот „Ужасни шефови“ да се појави во кино салите, холивудската маркетинг локомотива почна да ги врти тркалата, па „од Вардара до Триглава“ весниците се полнеа со вакви наслови за нешто што требаше да биде хит комедија. Ѕвезден кастинг одбран очигледно тактички и со длабока финансиска предумисла. rnrnТака, филмскиот ветеран Спејси ги носи филмаџиите во салите, згодните момци (и сосема добри актери) како Чарли Деј, Џејсон Судеикис, Џејсон Бејтман и Колин Фарел ги носат девојките, а најверојатно ПР одделот забрзано работеше на тоа Џенифер да ја направи следната секс бомба, па и момците да го купат толку скапоценото кино билетче. rnrnНо, ако ги земеме предвид очекувањата, набилданата филмска тензија која требаше да кулминира во тек на (тие час и половина) „Ужасни шефови“, финалето за жал е благото чувство дека и не сте гледале нешто посебно. Комедијата која почна со висок старт, ќе заврши помеѓу многуте медиокритетни филмски остварувања.rn————————————————————————————————————————————————————————rn
rnПриказна: Ник (Џејсон Бејтман), Курт (Џејсон Судеикис) и Дејл (Чарли Деј) се тројца најдобри пријатели кои најголемиот дел од денот го минуваат во канцеларија, а она малку слободно време што го имаат пак, го користат да се жалат за своите психотични шефови. Ник е вработен кај вистинскиот робовладетел, Дејв (Кевин Спејси) кој од него очекува да биде на своето место од изгревање до заоѓање на Сонцето и притоа ако задоцни само една минута добива лекција.rnrnКурт е сметководител во фирма која ја води Боби (Колин Фарел), човек кој смета дека не треба да вработува дебели луѓе и кој… да не откривам сè, но накратко е вистинска карикатура од личност. Додека Дејл ù е помошник на забарката Џулија која сексуално го злоставува (најверојатно за едно машко и не изгледа толку страшно да е малтретиран од Џенифер Анистон, но во „Ужасни шефови“ е извор на проблеми).rnrnТројцата другари стигнуваат до одредена точка на вриење во својата професионална приказна и решаваат да ги убијат своите шефови. Наместо платен убиец налетуваат на свој консултант, Деан М.Е. Џонс (треба да го гледате филмот за да ви станат јасни иницијалите М.Е.) кој ги советува како да ги ликвидираат своите жртви. Советникот го игра уште една ѕвезда, Џејми Фокс и сцените со него, иако не се многу, се најхумористични во целиот филм.
Тројцата комичари, Бејтман, Судеикис и Деј, иако се релативно нови за нас, моментално се вистински хит за американската публика. Со нив минуваме низ пропаднатите и невообичаени обиди прво да најдат платен убиец, а потоа да ги ликвидираат шефовите. Нивниот хумор е резервиран и дозиран. Тие не се „Ејс Вентура личности“, туку обични луѓе како секој од нас, кои тргнуваат да ги решаваат своите проблеми на малку невообичаен начин. Сепак, тој момент на „реален човек во нереална ситуација“ во повеќето денешни комедии како да не ни нуди смеење до солзи како порано, ниту пак реплики кои ќе ги зборуваме со месеци.
И наспроти тројцата тапчовци се нивните шефови кои се најпознатите актери во кастингот. Иако не се појавуваат во премногу сцени и дефинитивно не ви се задоволува жедта за кој било од нив, го исполнуваат очекуваното. Сепак, тие за тоа време презентираат едвај неколку мали слоја од нивните ликови, така што не се прави особена детална анализа околу тоа кои се и зошто се такви.
Кога и како да го гледате: Филм за дома, за во друштво и за ноќно време. Сигурно ќе ве релаксира и (се надеваме) нема да ви даде некои идеи како да ги решите проблемите во професионалниот живот.
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



Романтичниот ситком, прво беше во рацете на ABC уште во 2009, но откако не добија зелено светло за пилот епизодата, им дозволија на 



rn
rnrnКраткиот 3Д анимиран филм „Вил и тркалото“ (Will & the Wheel) е во продукција на 
rn
Кратка содржина:
Кратка содржина:
Кратка содржина:
Кратка содржина:
Кратка содржина:
Кратка содржина:
Кратка содржина:
Кратка содржина: 
Режија:
Симон Пег и Ник Фрост веќе се имаат појавено како филмска двојка и во „



Режија:
Двете главни актерки во овој филм, Виг и Рудолф, се дел од екипата на популарното комично шоу „

rn
Режија:
Интересно и интелигентно за овој филм е што е поставен како оние К-15 скечови на кои сите се смееме, а всушност сите сме зафркавани. Иако целата приказна и сите шеги се базираат на комплетни стереотипи за жените и за мажите, сепак, сосема е јасно дека овој филм не бара дополнителни ментални сили. Така, мажите се комплетни кучиња кои се во постојана потрага по секс и никако не можат, а да не се свртат додека убава жена поминува крај нив. Додека пак, жените се слаба верзија на Гестапо генерали кои треба да дисциплинираат, да кажуваат како треба, а како не треба. Но, независно од тоа дали сте феминистка, мачо мен или пак едноставно ви е гајле за тие работи, сепак ќе си се смеете (добро, најверојатно на сосема различни шеги).
Актерската екипа во „Пуштени од ланец“ е со сериозна комична филмска позадина. Секој се има појавено во повеќе серии и филмови кои биле холивудски хит. Овен Вилсон тука прикажува помирен поморален семеен човек, додека Џејсон Судеикис го портретира поголемото ѓаволче во нивната другарска врска. Сличен е соодносот и во женската врска.

rn
Главни улоги
Невнимателна зад воланот, таа погинува во сообраќајна несреќа, а нејзиниот дух влегува во дебело тело на триесет и кусур годишна адвокатка, која животот си го посветила на образование и работа, а не на лакирање нокти и чешлање трепки. Како да се справи со новиот живот? Ќе успее ли да се снајде, буквално кажано „во туѓа кожа“?
Како што вели старата поговорка: „Сè се може, доколку се сака“. Запомнете: каква личност ќе бидете, зависи од тоа каква вие самите сакате да бидете.
Вознемирена од тоа што го слуша, таа притиска едно копче на компјутерот, кое се надева дека ќе ја врати назад на Земјата помеѓу живите. 
На Деб делумно ù се остварува желбата со притискање на копчето, кое не смеела да го притисне. Таа е повторно жива, но нејзиниот дух влегува во телото на неодамна починатата, брилијантна, вредна, интелигентна и дебела адвокатка по име Џејн Бингам.
Видно вознемирена од нејзиниот нов човечки облик, Деб е принудена да го заборави нејзиниот претходен живот и да го открие значењето на внатрешната човечка убавина. Длабочината на душата и умот ù ја овозможуваат интелигенцијата и знаењето кои ги има Џејн и нејзината способност вешто и тактички да ги освојува „битките“ во судницата.
Единствени луѓе кои знаат за новиот идентитет на Деб се нејзиниот ангел-чувар Фред и нејзината површна, но многу лојална најдобра другарка Стејси.
Животот уште повеќе започнува да ù се комплицира, кога во адвокатската фирма, започнува да работи нејзиното момче Грејсон, кој сè уште е „во црнила“ поради нејзината ненадејна, трагична смрт. Лудо заљубена во него, на Деб ù се кине срцето гледајќи го нејзиното прекрасно момче како страда по неа.
Воедно, таа му вети на нејзиниот ангел-чувар Фред дека нема да му каже на Грејсон која всушност е, бидејќи како што тој ù вели, нејзината животна цел, откако е Џејн, е да остварува длабока конекција со луѓето во нејзиниот живот. Оправдувањето на Фред, е дека доколку Грејсон навистина ја сакал Деб, а не нејзиното манекенско тело, ќе се заљуби повторно во неа, но во облик на Џејн.rnrn

Режија:
Кога станува збор за хуморот на Адам Сендлер изгледа дека нема средина – или го сакаш или го мразиш. Сепак, во овој филм дури и тој се појавува во малку посмирена варијанта, со шеги прифатливи за поголем број луѓе. Нема да наоѓате хумор како на пример во „Зохан“. Тука сè е посмирено и нежно со оглед дека станува збор за романтична комедија.rnrnЏенифер Анистон, пак, изгледа дека е родена за ваквите улоги, и не само тоа, туку и таа е свесна дека најмногу ја бива за тоа па не се ни обидува нешто претерано во другите жанрови. Така што нема утка за Анистон, таа е стара коска во ваков тип филмови.rnrnИзненадувачки е што тука ја наоѓаме Никол Кидман која ја игра вечната непријателка на Кетрин, Девелин. По нејзиниот последен проект, драмата „







