Филм за тинејџерскиот притисок и за „сечењето вени“ поради лошите оценки, девојките, пријателите… и за моментот кога ќе запреш и ќе се завртиш околу себе. Некој тука можеби се бори за „малку од малку“ нормален живот.rnrn
Режија: Ана Боден, Рајан ФлекrnrnУлоги: Кеир Гилкрист, Зак Галифианакис и Ема РобертсrnrnВреметраење: 101 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn————————————————————————————————————————————————rnСредношколец си и твоите родители не ти купуваат патики какви што сакаш па мислиш дека секој пат кога се шеташ со старите чевли целото училиште ти се смее. Ти се допаѓа девојка или момче, но си добил „корпа“ и ти се чини како да си ја загубил љубовта на твојот живот додека повторно сите наоколу ти се смеат и те покажуваат со прст поради неуспехот. Кога си тинејџер во натпреварувачка атмосфера секој добиен „кец“ те вади од памет и те прави да мислиш дека нема да се запишеш на факултетот што го сакаш. Ако после пет-десет години се „свртиш“ на ситуациите од ваков тип, едноставно не можеш, а да не се изнасмееш. Сепак, во моментот кога ги преживуваш тие тинејџерски болки, никој не смее да ти каже дека си нерационален, дека претеруваш, дека мора да научиш да се избориш со притисокот. Вистината е дека тоа треба да го сфатиш сам. До сознанието дека не вреди да се кинат нерви за такви работи, најчесто доаѓаш заедно со годините. Но, понекогаш патот може да биде, благо кажано, необичен како оној во „Тоа е еден вид смешна приказна“.rn————————————————————————————————————————————————rn
rn

Крег се сретнува со средовечниот Боби (Зак Галифианакис) кој е хоспитализиран затоа што неколкупати се обидел да се самоубие. Тука е и младата девојка Ноел (Ема Робертс) која пак се сече по телото. Сепак, тие не се некои опасни откачени ликови од кои треба да се плашиш. Секој има приказна зад себе и зошто му се случило тоа што му се случило. А кога ќе ги погледнеш и дослушаш, тие се „исцртани“ повеќе како симпатични ликови отколку како сериозно лудачки. Најдобар пријател на Крег му станува Боби кој пак, исто така треба да си замине од „лудницата“ за пет дена, но во меѓувреме се бори да најде живеалиште надвор и да почне да ја гледа својата ќеркичка. Со тек на времето, гледајќи ги проблемите на останатите, Крег почнува да се бори и со своите демони. Што е уште поважно, тука не гледаме експресно излекување, туку пред сè, реалистичен приказ на момче кое почнува да станува свесно за себе и за своите мани и е подготвено да работи на нив.
Младите актери Кеир и Ема одлично ги портретираат ликовите на тинејџери загубени во секојдневието. Но, сепак, највпечатлив е Зак („Мамурлак“, Due Date). Не очекувајте дека овој филм е комедија и дека ќе ве заболат стомачните од смеење. Зак не игра комично ниту пак се труди да не засмее, но сепак ненамерно го прави тоа (ако не смеење, барем малце ќе ви се поткренат краевите на усните). Иако тешко излегува од сенката на претходните феноменални комични улоги, сепак во овој филм тоа му оди во прилог.
Кинематографија: Речиси целиот „Тоа е еден вид смешна приказна“ се одвива во „лудницата“ освен повремените флешови со кои Крег ни ја објаснува својата приказна и своите стресови. Во филмот се вметнуваат и повремени анимации кои воопшто не доминираат ниту пак ја преоптоваруваат приказната туку напротив само го надополнуваат она што камерата не може. Ниту е претерано, ниту е преусилено. Напротив речиси и како да не ги забележуваш, а сепак си ја имаат својата функција.
Кога и како да го гледате: За тинејџерите, „Тоа е еден вид смешна приказна“ треба да има катарзично односно терапевтско дејство, а посебно тоа што приказната ја раскажува нивни врсник. Сепак, тоа не значи дека останатите возрасни групи нема да уживаат. Може да го гледаат луѓе на секоја возраст. Ми се чини дека е подобар во друштво, така што откако ќе заврши ќе можете да поразговарате, за сопствените стресови и бубачки во главата.

Режија:
Викендот решаваат да го поминат заедно во куќата на езеро, каде што како млади се забавувале, но овој пат доаѓаат со голем „багаж“, деца, жени и секој со своите проблеми, маки и предизвици. Маркус е сингл и пие премногу, Роб има три ќерки кои ретко ги гледа и има мерак често да се жени, Ерик е огромен и плус не работи, Курт е домазет и живее со неговите две деца, жена му и нејзината мајка, а Лени е успешен Холивудски агент оженет со модна дизајнерка (Селма Хаек), но парите кои ги има ги размазиле неговите деца.rn
Викендот на езерото и прославувањето на големиот американски празник 4-ти јули, е можност за промени, подобрување и излез од некои непријатности во бракот на сите поединечно.rn
Кога и како да го гледате:



Главни улоги: 
Тргнувајќи со поинаков мотив, тој оформува група за заедничко учење шпански јазик, која станува јадрото на серијата. Во групата има од сè по нешто. Брита е згодна блондинка, која на времето се откажала од студирање, а сега обожава да глуми „hard to get” и постојано се обидува нешто да докажува, Ени – млада зависничка од дрога, која во ова место го гледа нејзиниот спас, но има дури и преамбициозни очекувања со оглед на условите, а Ширли е средновечна црнкиња која го пропуштила животот поради тоа што рано започнала да гради семејство со нејзиниот поранешен сопруг кој ја оставил за стриптизерка.

На другата страна на групата, балансира машката популација, на чело со Џеф, со ликовите на Пирс, постар човек, кој се има докажано во животот, но кој никако не успева целосно да се вклопи во групата. Не ги разбира нивните шеги и не успева да ги засмее другите со свои. Но, сепак, некако тие не можат ни без него. Трој е средношколска фудбалска ѕвезда, која уште живее во минатото и се чини дека му е тешко да се откаже од славата која го следела во животот.

Гриндејл е навистина необично место. Професорот по шпански е без малку луд, деканот е сосема луд, а бога ми и многу смотан. По ходниците шетаат „старци“, професорките се стари колку нивните секси студенти, но забавата е присутна и покрај сè.

Во една сезона има по 25 епизоди, а во моментов се прикажува втората сезона, така што имате доста за гледање. Времето и местото воопшто не се битни. Битно е само присуството на други луѓе, но не заради вас, туку заради нив. На моменти очекувајте толку гласно да се смеете што дури може да ги „заразите“ и комшиите од другата страна на ѕидот.
Режија:
Нешто што тргнува како приказна за детската љубов, пополека станува мудра „надвор од фокус“ анализа на семејствата, на односите, на пропаднатите соништа, на фрустрациите… Семејството на Брајс изгледа совршено однадвор, додека она на Џули е трн во окото на „перфектните“ набљудувачи. Но, кога малку ќе се загребе под дијамантската или пак калливата површина, сè изгледа поинаку. Покрај брзото сценарио, константно исполнето со по нешто ново, без момент на стагнација, приказната ја надополнуваат и младите актери Меделин Керол и Келан Меколиф. Фантазерско чувствително девојче кое знае дека треба да се бори за тоа што го сака, наспроти прагматично покорно момче кое смета дека единствен начин да се игра е според правилата.



Режија:
Но, по сугестија на неговата мајка, тие ќе бидат дадени како донација во еден детски дневен престој, каде ќе запознаат нови пријатели играчки, но и ќе ја откријат тиранијата на навидум милото и неодоливо плишано мече Лотсо. Заплетот започнува тука, а кулминацијата доаѓа со плановите за бегство од центарот и враќање кај нивниот Енди. Во овој дел се запознаваат и многу нови ликови, меѓу кои се Барби и Кен.rn





Венс и Ејми се на прв поглед несекојдневна двојка и ја претставуваат првата екстремна страна на „ненормалното“. Тој е детинест и кул, зависен од својот најдобар пријател, а таа е невротична и зависна од шопинг. Сепак, заедно сочинуваат совршена љубовна двојка, која или прави драми, вадејќи го најлошото еден од друг или е во голема страст, водејќи љубов во спалната соба. За нив, врската се темели на секс, па веројатно и опстојува поради тоа. Сепак, изгледа дека има и нешто повеќе.

Покрај врските, серијата ги обработува и родовите прашања. На една страна се мажите, претставени сосема типично: мрзливи, непромислени, сакаат да се глупираат, неорганизирани, со лош вкус, често фантазирајќи за бејзбол. Жените, пак, се способни, итри, некакви модели на успехот. Бракот е прикажан прилично во „old school“ стил, како ништо да не се променило од „
Кога и како да ја гледате:
Слични серии:

„Cougar women“ е англиска фраза која се однесува на жени над 35 години, што „бркаат“ помлади момци, кои согласно возраста би можеле да им бидат синови. Оттука „Cougar Town“ е измислено гратче во Флорида, каде постои таков тренд кај повозрасните сингл жени. Меѓу нив е и трудољубивата и осамена Џулс, разведена 40 годишна жена, со син средношколец кој го обожава и сопствена агенција за недвижнини. Taa никогаш немала прилика да ги живее „лудите, млади години“, па сега решава дека е крајно време да започне да го живее сето она што го пропуштила во средношколските денови. Таа ги исмева жените кои излегуваат со помлади мажи, бидејќи смета дека тоа е очајно и патетично, но набрзо и „светнува“ дека и неа и е потребно малку „лудување“ и без разлика на ризикот дека ќе и биде ставена етикетата „cougar“, решава да тргне во потрага по добар „плен“.rn
Најдобрата другарка на Џулс – Ели, со која живеат врата до врата и кога не се една кај друга на гости, си муабетат преку прозор, се обидува да ја спречи од правење глупости, во период кога нејзиниот син се срами од двајцата негови родители.
Карши Џулс живее нејзиниот шармантен, симпатично дрзок сосед Грејсон, кој е исто така тазе разведен, а осаменоста ја прикрива спиејќи со многу млади девојки.
rn
Кога и како да ја гледате:
Главни ликови:
Чарли пак, е еден интересен лик кој не знае да чита, а помалку да пишува и е заљубен во келнерката која работи во барот од спротивната страна на улицата 🙂
Тој работи како хигиеничар во барот. Меѓутоа зборот „работи“, кога е во прашање Бандата (Tthe gang), како што сами сакаат да си се нарекуваат, не треба да се земе здраво за готово. Не само што ниедна работа што ја започнале не ја завршиле, туку при самиот процес прават само невидени збрки и забуни кои често резултираат со емоционална и физичка болка, за нив и за сите во нивната околина.
Серијата во многу наврати доаѓа до границата на „лошиот вкус” ( понекогаш и ја преминува), но содржи доволно сатира за да се извлече од тоа. На пример: во една од епизодите Мек и Денис се вклучуваат на анти-абортус движењето, само за да се врткаат околу убавите девојки. Мек ја дава целосната поддршка во сите протести кои ги организираат, меѓутоа една вечер ќе заврши со една од девојките, која пак му вели дека останала бремена. А тој пак без многу размислување: „Мора да го абортираш!“ Ваков тип на иронија тече низ секоја епизода.
rn
Слични серии:
За делот со јадењето ќе мора да се погрижите сами, но ви нудиме листа на филмови кои одлично ќе ви се најдат на новогодишната листа. Станува збор за филмчиња кои можеби не ги преполнија веснициве изминатата 2010 година, но тоа не значи дека не се добри. За еден дел од нив можно е допрва да се слуша, а останатите едноставно вреди да се видат.rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn


Режија: Рајко ГрлиќrnrnСценарио: Анте Томиќ и Рајко ГрлиќrnrnГлавни улоги: Мики Манојловиќ, Бојан Навојец, Дарија Лоренци, Ксенија Маринковиќ…rnrnЖанр: драма, комедијаrnrnВреметраење: 87 минутиrnrnПремиера: 9 март 2010rnrnЈазик: хрватскиrnrn
Иако Рајко Грлиќ и досега го има обработувано неверството, а од поново време режисер е на филмот „Караула“ со Сергеј Трифуновиќ (правен по книга на Анте Томиќ, исто така косценарист и на овој филм), овој пат го прави поинаку, необременето од она што го направил досега. Сепак, не очекувајте да паднете на колена по филмот, дека ќе ви се кажат нови животни вистини, дека ќе го смените начинот на размислување, но, дефинитивно, убаво ќе си поминете.

Кинематографија:


