Ако некогаш патувате со кинеска авиокомпанија, добро погледнете како стјуардесите ви ставаат кафе. Убавите насмевки и совршеното однесување на овие девојки се резултат на многучасовна интензивна обука и тешка работа. Погледнете низ што сѐ треба да поминат тие за да добијат работа како стјуардеса во Кина.rnrn
rnrnОвие шармантни девојки се студенти на колеџот за цивилно воздухопловство во Ченгду, во провинцијата Сечуан. Стјуардесите што се обучуваат вежбаат правилна насмевка на тој начин што меѓу забите држат стапче за јадење. А за да постигнат правилно држење на телото, ним им ставаат списанија на главите.rnrn
rnrnДруга вежба која им помага да добијат добро држење на телото е балансирањето. Така, на овие девојки им се става шише со вода за да одржуваат рамнотежа во период од 3 минути.rnrn
rnrnСтјуардесите кои се обучуваат исто така држат парче хартија помеѓу нивните колена, со цел да научат како да стојат правилно.rnrn
rnrnМлади мажи и жени се подложни на ригорозен тренинг за држење на телото, за да научат да се однесуваат соодветно за време на летот.rnrn
rnrnБезбедноста е исто така голем приоритет на овој колеџ. Постојат дури и посебни паралелки каде што студентите се учат на вештини за преживување и боречки вештини, како кунг фу и таеквондо.rnrn
rnrnНекои часови за боречки вештини се одржуваат на отворено и повеќе изгледаат како тренирање на војници отколку на нови стјуардеси.rnrn
rnrnДевојките вежбаат напорно за да станат посилни и да ја зајакнат силата на нивниот удар. Тие се обучени како да ги преминуваат пречките, но и како да се одбранат од напад со оружје. Полагањето завршен испит е последниот чекор за да се стане официјален член на екипажот на кабината, но оваа задача е многу предизвикувачка. За успешно да се заврши, студентите треба да скршат керамичка плоча со една рака, при нивниот прв обид.rnrn
rnrnПосебно внимание се посветува на часовите каде обучуваните стјуардеси се учат како да ги неутрализираат криминалните или терористичките напади кои би се појавиле за време на летот.rnrn
rnrnТешко е да се поверува, но овие дами се подложни на строги и интензивни обуки, со цел да му обезбедат удобност и безбедност на секој патник во авионот.
Tag: Кина
-

Како изгледа обуката за стјуардеси во Кина?
-

Постои голема пештера во Кина, со училиште и терен за кошарка, каде што живеат 100 луѓе
Селото Жонгдонг во провинцијата Гуејџоу, Кина, се верува дека е единствената населена природна пештера во државата. На 1.800 метри надморска височина, до пештерата може да се пристапи само со едночасовно искачување, па токму поради таа причина и оваа заедница се бори за да преживее. За работите да бидат уште полоши, владата тврди дека „Кина не е општество од пештерски луѓе“, па го затворила селското училиште во рамките на пештерата уште во 2011 година. Сега децата мора да одат и до 2 часа за да пристигнат до едно од другите околни училишта.rnrn
rnrnСо цел да се подобри живеалиштето на селаните, старешините се обидуваат да се изборат за изградба на патишта кои ќе ја поврзат пештерата со инфраструктурата која веќе постои. И покрај тоа што Жонгдонг има пристап до телевизиски програми, како и до одредени весници, сепак селото останува исклучено од надворешниот свет.rnСе верува дека тоа е последната заедница која живее во пештера во Кина
rn
rnНа 1.800 метри надморска височина, се пристигнува до пештерата преку едночасовно искачување
rn
rnТие дури имале и училиште сè додека не се затворило од страна на владата
rn
rnСекоја недела, тие одат до најблискиот маркет, кој е на 15 километри оддалеченост, пешки
rn
rnВо пештерата има и терен за кошарка
rn

-

Неверојатни фотографии ни покажуваат дека бајките не знаат за години
Дека бајките не знаат за години, доказ се фотографиите на овој прекрасен пар од Кина. Иако има повеќе од 80 години, Џанг Јонгшенг е пример за романтична душа и неверојатно заљубен човек. Сакајќи да ја изненади и направи својата жена среќна, тој организирал фотосесија на која тие позираат облечени како познатите парови од бајките на Дизни.rnrn
rnrnРекреирајќи ги најубавите моменти од добро познатите љубовни приказни, овој пар ја враќа вербата во љубовта и ни докажува дека таа едноставно не познава никакви граници.rnrn -

Кинезите советуваат: Тао диета и правила на исхрана за витко тело полно со енергија
Како што телото се менува, така се менуваат и неговите потреби, па токму затоа е важно да го слушате вашиот организам и да му го овозможувате тоа што навистина му е потребно. Тао диетата не се смета за вистинска диета, туку за оригинален пристап на исхраната кој не вклучува фрустрации. Потрагата за здравјето не мора да го исклучува задоволството, па благодарение на овие правила вие ќе бидете поздрави, подобро ќе се чувствувате, ќе ја балансирате вашата исхрана и ќе ја поправите вашата силуета – сè за само неколку недели. Па, ајде, што чекате? Почнете уште денес!rnrn
rn1. Ставете го зеленчукот на средината од чинијата
rnСпоред Таоизмот, растенијата ја пренесуваат енергијата на природата. Сите видови зеленчуци треба да бидат во центарот на вашата чинија, како и да доминираат во однос на останатиот вид храна. Исто така најдобро е доколку јадете зеленчук од поднебјето каде што живеете. Што се однесува до овошјето, консумирајте го два дневно, одвоено од оброкот.rn
2. Избегнувајте храна која е тешка за варење
rnКинезите се држат настрана од млечните производи, шеќерите, масното месо, како и сите други видови маснотии. Овие нешта се тешки за варење, ја отежнуваат работата во организмот и задржуваат течности во вас.rn
3. Постои посебен начин на сечење и готвење
rnТие не препорачуваат консумирање сирова храна. Исто така, храната која ја јадете треба да биде исечкана на мали залчиња, додека зеленчукот се пржи на силен оган со многу малку масло. На овој начин храната е преполна со витамини, но и брзо се вари. Другата опција е да готвите на пареа.rn
4. Храната не треба да биде ни премногу топла, но ни премногу ладна
rnХраната која има многу повисока или пониска температура од телесната, како што се ладните пијалаци, сладоледи и врелата супа, можат да бидат многу лоши за вашиот организам. Идеалната температура која треба да ја има вашата храна е собната.rn
5. Пијте на вистински начин
rnКонсумирајте повеќе од 1 литар течности дневно. На тој начин ќе ги снабдите сите ткива со потребната количина вода. Исто така, не треба да пиете за време на оброкот или веднаш по него, бидејќи така ја разредувате киселината во желудникот и му пречите на варењето. Кинезите за добри пијалаци ги сметаат билните чаеви, особено зелениот чај, како и обичната вода. Чајот треба да биде на температура од 70 степени, никако повеќе и треба да заборавите на кафето, газираните пијалаци и вештачките сокови.rn
6. Правилно џвакање на храната
rnВарењето започнува уште во устата, благодарение на ензимите од плунката. Секој залак би требало да се соџвака 15 до 20 пати, а тоа е сосема доволно за да го намалите внесувањето на храната и со тек на време да изгубите неколку килограми.rn
7. Заборавете на нездравата храна
rnДоколку постојано нешто грицкате, дигестивниот тракт никогаш не мирува. Кога тој постојано работи, не забрзува, туку напротив, забавува. Тоа доведува до насобирање несакани килограми, чувство на надуеност и нарушување во варењето. Токму затоа помеѓу два оброка или ужини треба да поминат барем 5 до 6 часа. Исто така, вечерниот оброк треба да биде лесен, а доколку имате напад на глад, најдобро е да испиете билен чај.rn
8. Јадете помалку
rnЦелта на Тао диетата е да не го вознемирувате вашиот стомак. Наполнете само 75% од неговиот капацитет – половина со цврста храна, четвртина со течности и последната четвртина нека остане празна. Треба да јадете во тишина, како и да бидете целосно свесни за тоа што го јадете.
-

10 кинески мудрости кои ќе ви ја вратат вистинската перспектива кон животот
Ако постои нешто што никогаш нема да ни здодее, тоа се старите кинески мудрости. Во овие кратки и јасни мисли, доколку навистина сакате, можете да го пронајдете одговорот на секое прашање, како и смислата на самиот живот.rnrn
rnrn1. Птицата не пее затоа што го знае одговорот. Таа пее затоа што ја знае песната.rnrn2. Во раката која дава цвеќиња секогаш останува нешто од миризбата.rnrn3. Немој да се плашите од бавното одење, плашете се од стоењето.rnrn4. Ако на човекот му дадеш риба, ќе го нахраниш за еден ден, но ако го научиш да лови риба, ќе го нахраниш за цел живот.rnrn5. Не го правете она кое не сакате никој да го дознае.rnrn6. Добриот совет е како горчлив лек.rnrn7. Кога сакате да ја проверите длабочината на потокот, не го правете тоа со двете нозе.rnrn8. Ако постои убавина во карактерот, ќе има хармонија во домот. Ако постои хармонија во домот, ќе има ред во нацијата. Ако постои ред во нацијата, ќе има мир во светот.rnrn9. Немојте да стоите покрај водата и да мечтаете за ловење риби, туку отидете дома и исплетете мрежа.rnrn10. Ниту илјадници лаги не вредат како една вистина. -

8 работи кои можеме да ги научиме од Кинезите
Филип Мања е од Белград и има дипломирано кинески јазик и книжевност, а за време на студиите се заинтересирал и за кинеската медицина. Така открил многу работи кои можеме секојдневно да ги учиме од Кинезите.rnrn
rnrnВо 2008 година, кога престојувал во Кина, тој се запознал со кинеските вештини чи гонг и таи џи чуан, а после три години повторно се вратил во Кина за да пронајде учител со кого би ги совладал овие вештини како и кинеската медицина.rnrnПоминал 8 месеци под кровот на стариот мајстор Дуан Зилианг, за потоа да одлучи својот живот да го помине во изучување на кинеската медицина.rnrnФилип кажува дека премногу научил додека бил во Кина, но патот до знаењето нема почеток и крај, туку постојано се надградува.rn1. Фокус и упорност
rnКога Кинезите прават нешто, тоа го прават со внимание и не постои ништо што може да им го одвлече. Ако имаат некаква цел, тогаш секој нивен потег ќе биде фокусиран на остварување на целта, без разлика колку време тоа ќе трае или дали е лесно или тешко.rn
2. Скромност
rnСкромноста помеѓу Кинезите отсекогаш била високо вреднувана и таа е доблест која никогаш не ја напуштиле, дури ни денес покрај големите промени во модерното кинеско општество. Интересно е тоа што порано во кинескиот јазик постоеле зборови за „јас“ во скромна форма.rn
3. Почит кон постарите и учителите
rnПрофесорите, лекарите, спортистите, луѓето кои нешто постигнале се крајно почитувани во Кина. Со тоа покажуваат дека се благодарни.rn
4. Поддршка на другите
rnСпоред Филип, ако во Кина се изразите на каков било креативен начин – со зборови, со песна, со игра, со слика – секогаш ќе добиете поддршка и тие ќе ви се приклучат во тоа што го правите. Исто како што прават малите деца.rn
5. Староста не е болест
rnКина е рај за пензионерите. Кинеските пензионери се многу креативни и среќни. Наутро или во текот на денот се во парковите, а навечер на плоштадите. Секаде ќе видите група од постари луѓе кои пеат, свират, се забавуваат со игри или се движат за да ја подобрат циркулацијата во телото.rn
6. Балансирани оброци на време
rnКинезите појадуваат наутро околу 7 или 8 часот, ручаат во 12 или 13 часот, а вечераат околу 18 часот. За разлика од кај нас, таму нема оброк кој се состои од огромно парче месо. Зеленчукот доминира, а месото е издробено на мали парчиња. Имаат обичај да зборуваат за храната додека јадат, а тоа е одличен начин мозокот во моментот да се фокусира на самиот процес на јадењето.rn
7. Вежбањето е патот до здравјето
rnКинезите не вежбаат со цел да ослабат, да го затегнат телото, да го подобрат изгледот или да се исцрпат максимално, тие вежбаат за да бидат здрави. Тие практикуваат брзо одење, лесно трчање, флуидни движења и истегнување. Целта им е да ја подобрат циркулацијата на крвта, да го покачат нивото на енергија, да ја стимулираат работата на внатрешните органи, да го истегнат телото и да ги зајакнат тетивите и мускулите.rn
8. Чи гонг и таи џи чуан
rnОва се традиционални системи за статички и динамички вежби со цел да се унапреди физичкото и менталното здравје, да се постигне подобар фокус на мозокот и да се стекнат посебни вештини.
-

Древни кинески мудрости: Оној кој ги победува сите е силен, но оној кој се победува себеси е семоќен
Во минатото, кинезите имале обичај да поставуваат мудри мисли на двете страни од главниот влез во куќата или во ходникот. Нивната цел не била декоративна, туку да ги потсетува на нешто што тие можеби го забораваат. Овие пораки ги потсетувале да останат позитивни, да ги помнат нивните предци, нивното однесување или грешките кои ги правеле во минатото.
Оваа традиција сè уште живее во некои кинески семејства. Секако, поголемиот дел од нив ги чуваат пораките како декорација или како колекција на познатите кинески уметници. Но, тоа не значи дека од нив не можат да се научат многу нешта. Погледнете дел од овие мудрости кои можат многу да ви помогнат во вашиот секојдневен живот.rn„Ако сте трпеливи во еден момент од лутината, ќе избегнете 100 денови тага.“
rn
„Ако сакате да престанете да пиете, додека сте трезни набљудувајте како се однесува пијаница.“
rn
„Бидете внимателни што посакувате, бидејќи тоа може да се оствари.“
rn
„Ако го фрлите доброто во водата, таа повторно ќе ви го донесе.“
rn
„Големата среќа доаѓа од небото; малата среќа доаѓа од човекот.“
rn
„Виното не го опива човекот, човекот сам се опива.“
rn
„Повеќе вреди да ги познавате карактеристиките на вашите непријатели, отколку вашите грешки.“
rn
„Враната е секаде подеднакво црна.“
rn
„Децата се огледало на родителите.“
rn
„Детскиот живот е како парче хартија на кое секој остава белешки.“
rn
„Животот е само мост. Не градете куќа на мостот.“
rn
„И убавите цветови се убави само некое време.“
rn
„Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од неколку месечно учење од книги.“
rn
„Кога ќе ни се насмевне среќата сретнуваме пријатели, а кога таа ќе ни го заврти својот грб сретнуваме убава жена.“
rn
„Оној кој ја бара вистината мора да знае како да ја поднесе.“
rn
„Мислата е слична како копање бунар, водата прво е матна, но потоа полека се разбиструва.“
rn
„Мислењето не е исто што и сакањето.“
rn
„Младоста предложува, староста одложува, средината извршува.“
rn
„Најдоброто време за садење дрва било пред 20 години. Другото најдобро време е сега.“
rn
„Не бидете мрзливи бидејќи мрзливоста е најголемиот непријател на доблеста.“
rn
„Не се руши секое дрво со првиот удар.“
rn
„Човекот не е заведен само од убавината на телото, тој исто така може да биде заведен и од убавината на духот.“
rn
„Неколку чаши вино можат да состават стотици работи.“
rn
„Парите понекогаш ги решаваат проблемите, а понекогаш ги создаваат.“
rn
„Патот од илјада километри започнува со првиот чекор.“
rn
„Патот во пеколот е поплочен со добри намери.“
rn
„Трпеливо издржете мала загуба и на тој начин ќе бидете поштедени од голема.“
rn
„Чистата совест не се плаши од чукање во ноќта.“
rn
„Човекот е среќен онолку колку што е способен да ги усреќи другите.“
rn
„Човек кој може да ги победи другите е силен; човек кој може да се победи себеси е семоќен.“
-

8 чудни државни работни места кои постојат во Кина
Ако не можете овде да си ја најдете работата од соништата, размислете за Кина. Таму има некои работни места и професии за кои сигурно не сте размислувале. Исто така има и некои за кои сте слушнале од некаде, но сепак се чудни за времето во кое живееме.rnrn
rn1. Судија за порно филмови
rnАко имате добар вкус за порно филмови, кинеската државна администрација има работа за вас. Таму секој филм мора да биде изгледан од посебно тело пред да биде одлучено дали тој може да се прикажува или е „штетен“ по населението и неговите уверувања, и според тоа треба да се забрани. Има оддел за еротски и порно филмови на интернет, па ако најдат нешто што е непожелно, должни се да реагираат и да го пријават. Само луѓе кои се во брак можат да се вработат овде, а останатите можат само да волонтираат.rnrn
rn2. Играчи на видео игри
rnИграч на видео игра е работа која ќе ја добиете ако заглавите во кинески затвор. Тие играат игри во кои може да се собира некаков капитал, како на пример во World of Warcraft, а потоа „капиталот“ се продава на вистински гејмери за вистински пари. Затворениците се должни да играат во 12-часовни смени.rnrn
rn3. Платени протестaанти
rnКинескиот авторитарен режим се обидува со сите сили протестите во земјата да ги прикаже како дело на злобниот запад, а една од мерките против тоа е плаќање на протестанти кои ќе протестираат во полза на политиките на владата. Доколку не сте успеале да најдете кај нас ниту ваква работа, Кина може да биде земјата од вашите сништа.rnrn
rn4. Интернет полиција
rnСо дури два милиони вработени, интернет полицајците се најбројни во тамошната државна администрација. Нивната задача е да ги следат навиките на Кинезите на интернет и да реагираат кога „постои можност за организирање на востание или бунт“. Во основа се забранува секакво критикување на режимот и барање информации кои граѓаните „не треба да ги знаат“. Постои црна листа на веб-сајтови и на клучни зборови кои не може да се пребаруваат. Ако Кинез впише „Далај Лама“ во пребарувач, нема да има резултати. Такви клучни зборови не може да се среќаваат ниту на веб-сајтови чиј сервер е во Кина.rnrn
rn5. Фантомски државни службеници
rnОва се луѓе кои не одат на работа, но земаат плата од државниот буџет. Тие некогаш работеле за државата, но кога заминале некој „заборавил“ да ги избрише од платниот список, па така до неодамна секој месец им стигала плата на сметката. Овие луѓе секогаш се поврзани со некој на висока функција.rnrn
rn6. Придружба на дисидент кој оди на „одмор“
rnОној кој ја критикува владата се нарекува дисидент и има обврска да оди на одмор платен од државата кога во Кина се одржува некој важен меѓународен настан. Во таков случај не им е потребен некој кој ќе ја наруши убавата слика која државното раководство ја остава, па затоа тие луѓе се ставаат во авион и се праќаат некаде добро да се одморат од зборување. Заради тоа државата има вработено полицајци кои ги придружуваат. И тие, исто како и дисидентите, не се ограничени со буџет додека „одмораат“.rnrn
rn7. Професионална панда
rnПандата си е панда, но ако живее во зоолошка градина тогаш нема избор и мора да биде професионалец. Секоја панда во зоолошките на оваа планета е сопственост на кинеската влада и заработува пари. Зоолошките кои сакаат да имаат панда во своето животинско царство треба да ја изнајмат од Кинезите, да платат за тоа, а се должни и да ја размножуваат. Се плаќа и за размножувањето. Тоа чини 600.000 долари, а ако пандата умре додека е на заем, казната изнесува 500.000 долари.rnrn
rn8. Коментатор на интернет
rnОва е уште едно работно место во огромниот владин ПР тим. Тие плаќаат луѓе за да коментираат на интернет на статии во кои се зборува за владата. Без разлика на каков тон е напишан текстот, опозициски или не, тие се должни да ги возвишуваат политиките на партијата која е таму на власт. За секој коментар се паќаат по 50 центи. Секој од нив добива имејл со инструкции на кои вести треба да коментира и какви да бидат коментарите, а тие потоа послушно си ги извршуваат задачите.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Самоук кинески фотограф со неверојатно око за фаќање чудни моменти низ објективот
Тао Лиу е самоук кинески фотограф кој не бил отсекогаш познат како што е денес. До неодамна бил само читач на водомерите во градот Хефеи со голем интерес за фотографијата. Во 2011 година купил добар фотоапарат и почнал да слика околу себе. Неговите фотографии сепак не се исти како оние на сите други фотографи-аматери, затоа што Тао има неверојатно око за фаќање на некои необични моменти низ својот објектив.rnrn
rnrnОвие фотографии почнал да ги прави за време на паузите за ручек или додека се враќал дома од работа. Ги објавувал на интернет и кон крајот на 2014 година веќе почнало да доаѓа и вниманието од јавноста. Неговите необични слики станале многу популарни на кинеските социјални мрежи, а подоцна и на некои телевизии. Вели дека нивната цел е „да ги потсети луѓето за важните моменти во животот“. Неговите дела се неверојатно добри, имајќи предвид дека сè што знае за фотографијата го има научено самиот преку интернет, книги и списанија.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Живејте го животот на Таоистички начин
Таоистичкото учење, потекнува од Кинеската мисла и ја поседуваа мистичноста која од секогаш била примамлива за земјите ширум светот. Таоизмот не е религија, туку е практична мисла за уметноста на живеењето. Тао е суштината на сè, која може да се следи само со интуиција, не со срце и не со разум.rnrn
rnrnДоколку сакате да го практикувате Таоизмот како начин на живот, еве неколку негови практични мисли:rnrn1. Грижете се и помагајте им на оние кои се израз на вашата лична природа.rnrn
rnrn2. Бидете искрени кон себе.rnrn3. Поврзете сè со светот онака како што би сакале да бидете прифатени.rnrn4. Поврзете сè и со оние коишто се спротивни на вашата природа.rnrn
rnrn5. Кон оние што не сакаат во целост да ве прифатат такви какви што сте, не е потребна никаква акција: Оставете ги во тишина, таму ќе бидат свои, како што би биле и вие.rnrn
rnrn6. Не поседувате ништо, вие сте само заштитник на природата.rnrn7. Поставете усогласеност помеѓу умот, телото и духот.rnПрактикувајте боречки вештини за да го одржите телото силно,rnјога за да го направите телото вешто,rnмедитација за да го исчистите умот,rnвозете велосипед за да го ослободите духот.rnЧитајте поезија…rnТака, првенствено се спознавате себеси, а потоа и светот.rnrn
rnrn8. Земете си доволно време, релаксирајте се, истражувајте. Таоизомот нема планови, туку е базиран на следење на вашето расположение и доверба во вашите инстинкти.rnrn
rnrn9. Сè се состои во паузата на една воздишка. Дишете длабоко. Земете воздух кога ви е потребна пауза. Преку дишењето се соединувате со себе.rnrn10. Пред да го преземете следниот чекор – насмевнете се. Насмевката ги отвора можностите.rnrn11. Има 6,5 милијарди луѓе во светот и исто толку патеки во Таоизмот, секоја личност може да нè научи нешто.rnrn
rnrn12. Понекогаш е потребна тишина, бидејќи само така ќе се слушнете сами себе, а не метежот.rnrn
rnrn13. Луѓето сакаат да ја достигнат перфекцијата како животна цел…rnrnНо, не треба да е така… Треба да бидете добри во нешто, а со тоа да ги прифатите ситните несовршености. Несовршеностите се елементи на хаосот кои ѝ даваат индивидуалност и различност на личноста. Без нашите маани не би биле индивидуи.rnrn14. Треба да ги прифатиме најдобрите и најлошите моменти во нашиот живот.rnrn
rnrn15. Отфрлете ги очекувањата.rnrnТаоистот живее без очекувања, живее тука и сега. Со отфрлањето на упатствата и очекувањата го правите она што е правилно за себе.rnrn





























