КАФЕ ПАУЗА

Tag: Кина

  • „Змејска порта“: Неверојатни карпи со илјадници пештери каде се пронајдени рецепти за долговечност!

    „Змејска порта“: Неверојатни карпи со илјадници пештери каде се пронајдени рецепти за долговечност!

    Помалку од дваесет километри јужно од градот Луојанг, во кинеската провинција Хенан, се наоѓа неверојатен комплекс од пештерски храмови Лонгмен што во буквален превод значи „змејска порта“.rnrn„Змејска порта“: Неверојатни карпи со илјадници пештери каде се пронајдени рецепти за долговечност!rnrnБиле потребни околу 400 години за комплексот во должина од два километри карпи да ги добие контурите што ги гледаме денес, на бреговите на реката Луо, во источниот дел на централна Кина.rnrnИзградбата на 2.300 варовнички пештери со приближно 110.000 вешто изработени камени скулптури, 2.500 стели со натписи и околу 60 пагоди започнала за време на династијата Северна Веи, која владеела во IV и V век.rnrnНајголемата статуа е повисока од 20 метри, а најмалата е само 2,5 сантиметри. Имено, токму ова место се смета за лулка на будизмот во Кина. Наводно, тука живеела голема будистичка заедница со одредени правила, кои со текот на времето почнале да се шират во остатокот од земјата.rnrnВо подоцнежната фаза од изградбата на овој фасцинантен комплекс, Бодисатвите биле накитени со скапоцен накит, круни и ѓердани нарачани од богатите. Во една од пештерите пронајдени се и 140 упатства за лекување на разни болести и тегоби.rnrnПештерите, статуите и натписите се совршено сочувани и убаво се вклопуваат во пејзажот што го опкружува комплексот. Тие се дел и од светското наследство на УНЕСКО.rnrnОткако прочитавте за змејската порта, можеби ќе сакате да прочитате и за овие прекрасни пештери во кои влегувањето е забрането.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Каде се наоѓа најубавиот автопат во светот?

    Каде се наоѓа најубавиот автопат во светот?

    Кина е богата со пејзажи и преубави туристички дестинации. Така, според многумина, овде се наоѓа и најубавиот автопат во светот, автопатот Хепу-Напо кој се протега низ југозападниот регион Гуангшји.rnrnКаде се наоѓа најубавиот автопат во светот?rnrnБетонската конструкција на автопатот претставува силен контраст со густите шуми и ридови кои ја опкружуваат и на тој начин создаваат прекрасна глетка на која малкумина можат да ѝ одолеат.rnrnПритоа, светските медиуми го прогласија токму овој автопат кој минува во близина на границата со Виетнам, за еден од најубавите автопати во светот.rnrnОткако дознавте каде се наоѓа најубавиот автопат во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за градот кој има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Не е само мит: „бесмртниот костум“ во кинеската историја како гаранција за вечен живот

    Не е само мит: „бесмртниот костум“ во кинеската историја како гаранција за вечен живот

    Жадот бил отсекогаш еден од најскапоцените камења во историјата на Кина, а доказ за тоа се токму посмртните костуми изработени од жад. Познат уште како и „скапоцен кралски камен“, тој бил симбол на моќта и богатството во античка Кина. Неговите први производствени центри биле формирани по должината на реката Јангце.rnrnНе е само мит: „бесмртниот костум“ во кинеската историја како гаранција за вечен животrnrnЖадот бил високо ценет како за изработка на предмети чија намена била претежно од естетски карактер, така и за изработка на предмети кои се користеле за култни цели. Уште од времето на неолитот, каменот го имал истото значење како и златото во Европа, а својата најголема слава ја достигнал за време на владеењето на династијата Хан.rnrnТака, од 202 п.н.е., кога династијата Хан ја презела власта, жадот станал доминантен камен во изработката на предмети. Овие предмети познати по својата убавина и квалитетот на изработка, се карактеризирале со животински и геометриски мотиви.rnТокму поради цврстината и издржливоста, Кинезите го поврзуваат жадот со душата. Со векови кинеските митови и легенди го претставуваат како каменот на бесмртноста.rnrnСпоред религиозните верувања за време на владеењето на династијата Хан, душата на секој човек е составена од два дела, душа што патува во рајот и душа што останува на земјата и чека да се соедини со другиот дел благодарение на разноразните обреди и ритуали.rnrnСо текот на времето, меѓу владетелите на оваа династија станало популарно користењето посмртни костуми украсени со жад. Илјадниците каменчиња од кои биле изработувани костумите имале за цел да му „обезбедат“ бесмртност на владетелот во задгробниот живот. Според научниците, биле потребни повеќе од 10 години за изработка на овие костуми, а многу фактори зависеле и од статусот на самиот покојник.rnrnТака, на пример, царските костуми се шиеле со златен конец, а аристократите од понизок ранг се задоволувале и со свила. Се чини дека „правото на бесмртноста“ им припаѓало само на членовите на високата класа, додека за другите тоа било недостижно.rnrnОткако прочитавте за историјата на бесмртните костуми, можеби ќе сакате да прочитате и за чудни методи против стареење и начини на постигнување бесмртност од минатото.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

    Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

    Планината Хуа или на кинески Хуа Шан е една од петте свети планини во Кина и важно место за аџилак во една од најнаселените земји во светот. Се наоѓа во близина на градот Хуајин во северозападната провинција Шаншји.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnНајопасната пешачка патека во светот која се нарекува Plank Walk или Changkong Walk придонела за популарноста на оваа планина. Станува збор за патека направена од штици кои се заковани на работ на висока карпа без заштитна ограда.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnСе наоѓа на источната страна на највисокиот врв на планината Хуа, кој се издига на околу 2154 метри.rnrnПрвобитната патека била изградена од таоистички свештеник пред повеќе од 700 години со помош на камени клинци. Иако патот е долг само 130 метри и денес се чини навидум безбеден, сепак е многу стрмен, тесен и опасен по живот. Се претпоставува дека овде околку десетици луѓе го загубиле животот при што властите во 2019 година го затвориле за јавноста.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnЛокалните власти имаат намера да ја отворат одново пешачката патека откако ќе бидат подобрени безбедносните услови. Но, не се знае кога и дали воопшто тоа ќе се случи.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnОткако прочитавте за најопасната патека во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 11-те најопасни туристички дестинации.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Средновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пие

    Средновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пие

    Ви се верува дека порано кинеската култура на консумирање чај сосема се разликувала од денешната? Наместо во форма на пијалак, Кинезите го приготвувале чајот како супа, па дури и сос, со состојки како ѓумбир, лушпи од цитрус, бобинки, нане и млад кромид. Тоа било така сè дури Лу Ју, познат и како „мудрецот на чајот“, не се залагал за консумирање на пијалак кој е сварен од листовите чај, без никаков друг вкус. Општопознато е дека Азијците со векови ги јаделе листовите чај, пред да помислат дека може да се пие.rnrnСредновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пиеrnrnСпоред Џорџ ван Дрием, автор на „Приказна за чајот: сеопфатна историја на чајот – од праисториско време па сè до денес“, древниот обичај на јадење чај потекнува од регионот на западна Кина до границата со Мјанмар. Познат како Источни Хималаи, овој раскошен предел изобилувал со диви чајни билки.rnrnПред илјадници години, тамошните жители ги откриле енергетските својства на чајот и го консумирале така што џвакале сирови листови. Подоцна научиле како да ги ферментираат листовите кои дотогаш ги џвакале како бетел или ги додавале во супи.rnrnКинезите ја стекнале навиката за консумирање чај откако нивните владетели ја прошириле државата кон Источните Хималаи. Тие почнале да ја користат оваа билка за подобра концентрација. Така, на пример, Хуа Туо, познат лекар од вториот век од нашата ера, напишал: „Јадењето горчливи лисја е добро за изострување на умот, особено ако се консумираат подолг временски период“. Покрај тоа, Кинезите го користеле чајот и за готвење. Во летните месеци била особено популарна каша од ориз со листови чај бидејќи се верувало дека помага при „исфрлување на топлината од телото“ (многу модерни култури веруваат дека пиењето чај помага да се олади телото).rnrnНа денешното кинеско мени нема да најдете супа од чај, а за тоа можете да му се заблагодарите на Лу Ју. Кога не пишувал трактати, талкал низ шумите и ги барал најдобрите листови чај. Средновековниот љубител на чајот имал голема улога во трансформацијата на чајот од супена храна до оној освежителен пијалак кој ни е познат денес.rnrnЛу не бил првиот кој ги варел листовите чај во топла вода. Будистичките монаси со векови го подготвувале чајот на овој начин. Тие сметале дека овој пијалак можел да ги држи будни, особено за време на долгите сесии за медитација кои најчесто ги правеле на празен стомак.rnrnТака, Лу ја стекнал навиката да пие чај од будистичкиот монах кај кого бил згрижен (Лу бил сирак). Во 760 година од нашата ера, Лу напишал трактат за чајот насловен како „Книга за чајот“ кој бил првиот сеопфатен труд за одгледување, производство и консумирање чај.rnrnСредновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пиеrnrnСпоред Лу, чајот бил еден вид еликсир чии магични својства можеле да се намалат доколку се измеша со обични состојки како оризот. Затоа, инсистирал чајот да се консумира само со вода и малку сол (за да се подобри вкусот на водата).rnrnДелото му донело голема слава на Лу кој станал дури и еден вид светец-заштитник на продавачите на чај.rnrnОткако прочитавте за Лу Ју и неговото дело, можеби ќе сакате да прочитате и кој чај е најдобар за вас според вашата крвна група.rnrnИзвор: atlasobscura.com

  • Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

    Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

    Дали знаевте дека некои дестинации им нудат можност на посетителите за враќање назад во историјата токму поради тоа што го задржале стариот изглед но и старите традиции? Проверете за кои градови станува збор.rnrnЗамрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектураrn

    Пиодао, Португалија

    rnСместено во централниот дел на Португалија, Пиодао е едно од најживописните села во Португалија. Благодарение на архитектурата која се задржала со векови, ова село е класифицирано како национален споменик и секоја година привлекува туристи во огромен број. Во раниот среден век, урбаниот центар бил во Казал де Пиодам, долина во близина на денешното село. Кога се одлучило на тоа место да се изгради опатија (која не е зачувана до денес), населбата била преместена. Принудени да ги напуштат своите претходни живеалишта, жителите се населиле на јужната падина на планина, најверојатно околу 15 век. Со текот на времето го изградиле ова преубаво планинско село чии куќи се чини дека се претопуваат со околниот планински пејзаж.rnrnЗамрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектураrn

    Чивита ди Бањореџо, Италија

    rnСредновековната населба Чивита ди Бањореџо се наоѓа на висока, стрмна карпа во близина на градот Бањореџо. Овие две населби порано биле споени во една целина, но биле разделени со силен земјотрес в0 18 век. Стариот мост во населбата бил уништен од нацистите за време на Втората светска војна. Денес, тесен мост долг 366 метри кој се протега над кањон ги поврзува овие две населби.rnrnЗамрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектураrn

    Алберобело, Италија

    rnДоколку патот ве однесе накај Јужна Италија не заборавајте да го посетите бајковитото гратче Алберобело кое се наоѓа во провинцијата Апулија. Гратчето кое се карактеризира со бели куќички изградени од варовник и покриви во облик на конус, како и тесни калдрми, плени со својот шарм. Пред околу 100 години, луѓето почнале да го населуваат градот кој е оддалечен околу 40 километри од пристанишниот град Бари. Се верува дека карактеристичниот архитектонски стил се должи на Грците кои масовно емигрирале во Италија за време на колонизацијата помеѓу 8-ми и 5-ти век п.н.е.rnrnЗамрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектураrn

    Фенгкуанг, Кина

    rnНа југозападниот дел од кинеската провинција Хунан се наоѓа град кој се чини дека не подлегнал на неизбежните промени што ги носи со себе модерното време. Фенгкуанг е место кое го задржал стариот изглед од деновите на владеењето на династијата Минг (од 1368 до 1644 година) како и почетокот на владеењето на династијата Чинг (од средината на 17-ти век). Духот на империјалистичка Кина ќе ви го доловат старите куќи, тесните улички, мистериозните премини, античките храмови и бунари, уникатните мостови како и старата позната градска порта.rnrnЗамрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектураrn

    Динан, Франција

    rnГратчето се наоѓа во познатиот регион Бретања. За разлика од повеќето други градови кои се распослани во долината на реката Ранс, гратчето никнало на ридот и поради тоа им нуди на своите жители прекрасен поглед на целата долина. Шармантниот средновековен град ја зачувал својата архитектура уште од 13 век и според многумина е еден од најдобро зачуваните стари градови во Бретања.rnrnЗамрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектураrn

    Куенка, Шпанија

    rnСместен на стрмна планинска падина со поглед кон реките Хукар и Хуекар, на околу 170 километри источно од Мадрид, се наоѓа средновековниот град Куенка. Градот кој се претопува во околниот планински пејзаж се чини дека е отелотворение на средновековна Шпанија на Мигел Сервантес. Куенка е најверојатно една од најдобро сочуваните средновековни тврдини, изградена од Маврите во 8 век, со која владееле муслимански и христијански владетели.rnrnЗамрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектураrnrnОткако дознавте кои градови се одликуваат со најдобро зачувана средновековна архитектура, можеби ќе сакате да откриете и кои 5 објекти се сведоштво за раскошот на византиската архитектура.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Магична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушни

    Магична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушни

    Богатото и историско културно наследство на градот Дуџјиангјан во Југозападна Кина, град со историја од околу илјада години, го краси и иновативниот дизајн на книжарницата Zhongshuge, чија оптичка илузија ја прави книжарницата да изгледа како бесконечна библиотека.rnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnОвој ефект е постигнат благодарение на огледалата сместени на таванот, спиралните скали и заоблените сводови. Главен архитект на книжарницата е Ли Шјианг, основач на архитектонското студио X+Living со седиште во Шангај, а била свечено отворена во есента 2020 година.rnrnВо продолжение погледнете ги сликите од книжарницата чиј надреалистички дизајн сигурно нема да ве остави рамнодушни.rnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnОткако прочитавте за надреалистичкиот дизајн на кинеската книжарница, можеби ќе сакате да прочитате и за книжарницата во Пекинг со магичен тунел од книги.rnrnИзвор: designyoutrust.com

  • Патувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзаж

    Патувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзаж

    Патувачкиот фотограф Флоријан Делали веќе 12 години по ред е во постојано движење. Стациониран во Шангај, успеал да патува во најоддалечените места во Азија и да го документира нивниот пејзаж. Но, во 2020 бил принуден да најде некакво креативно решение затоа што не можел да патува надвор од Кина. На тој начин се родила идејата за серијалот слики „Убавината на Кина од високо“. Со својот дрон во рака, Флоријан се впуштил во авантура истражувајќи ја Кина. Шјинџјианг, Тибет, Сечуан, Џјангшји и Внатрешна Монголија биле само дел од провинциите што ги посетил. Крајниот резултат бил портфолио со слики што ја претставуваат убавината на кинескиот пејзаж.rnrnВо продолжение погледнете дел од нив.rnrnПатувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзажrnrnПатувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзажrnrnПатувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзажrnrnПатувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзажrnrnПатувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзажrnrnПатувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзажrnrnПатувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзажrnrnПатувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзажrnrnПатувачки фотограф преку дрон ги открива мистериите на разноликиот кинески пејзажrnrnДоколку ви се допаднаа овие фотографии, ви препорачуваме да погледнете и 20 прекрасни фотографии од натпреварот за најдобри фотографии од патување.

  • Момче од Кина има само 8 години, но готви како професионалец

    Момче од Кина има само 8 години, но готви како професионалец

    Осумгодишното момче од Кина привлече големо внимание откако покажа како се готви како професионален готвач. Видеото собра илјадници прегледи, и покажува како малото момче прави лесни и разни јадења. Момчето е облечено во традиционална кинеска носија и совршено прави неколку прилично сложени деликатеси.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=DQOnH1WsdY4rnrnПогледнете го и ова симпатично видео од девојче кое мисли дека сè наоколу е станица за дезинфекција на рацете.

  • Пролет во Кина: Парк обоен со најубавите розови нијанси

    Пролет во Кина: Парк обоен со најубавите розови нијанси

    Откако се појавија фотографиите од паркот „Taipin Cherry Tea Garden“ кој се наоѓа во кинеската крајбрежна провинција Фуџијан, не престанавме да се восхитуваме на најубавата сцена на будење на природата и на пристигнувањето на пролетта!rnrnОвој парк е познат по безброј садници од цреши, кои штотуку процветаа и го обоија ова место со најубавите розови нијанси кои нè поврзуваат со брзото пристигнување на убавото време, сонцето и сочните летни плодови.rnrnПролет во Кина: Парк обоен со најубавите розови нијанси rnrnПролет во Кина: Парк обоен со најубавите розови нијанси rnrnПролет во Кина: Парк обоен со најубавите розови нијанси rnrnПролет во Кина: Парк обоен со најубавите розови нијанси rnrnПролет во Кина: Парк обоен со најубавите розови нијанси rnrnПогледнете ги и овие 10 неверојатни фотографии од океанскиот живот што учествуваа на натпреварот за „Најдобар подводен фотограф на годината“.