КАФЕ ПАУЗА

Tag: Кина

  • Историјата на чајот низ светот

    Историјата на чајот низ светот

    Чајот е топол напиток во кој сите уживаме, особено во овие тмурни, студени есенски денови. Ќе се согласите дека пиењето чај е совршен миг за одмор и уживање во друштво на најблиските. Историјата на чајот и традициите на пиење чај се разликуваат од земја во земја, па во продолжение прочитајте за оние на Англија, Кина, Индија, Јапонија и Америка.rnrnИсторијата на чајот низ светотrn

    Англија

    rnКога ќе се спомне зборот чај, на многумина веднаш им текнува на Велика Британија и популарноста која овој напиток ја ужива таму. Иако чајот за првпат бил донесен во Англија во 1600-та година, земјата го усвоила како свој традиционален пијалак. Најголем пристап до него имале аристократите, поради цената и ограничените количини. Терминот „попладневен чај“ за првпат бил употребен од страна на Ана, војвотката од Бедфорд. Традиционално во Англија, време за пиење чај е од 4 до 5 часот попладне, и обично се служи со различни видови лепчиња и други слатки печива.rn

    Кина

    rnКинезите се можеби првите луѓе кои почнале да ги користат листовите од чајот во други цели. Чајот бил користен како топол напиток, но и како ефикасен лек. Дури и денес, познатиот кинески зелен чај се препишува за лечење на најразлични болести. Тие чајот често го користат и при медитирање. Исто така, кога една кинеска двојка ќе одлучи да стапи во брак, родителите се послужуваат со чај како знак на благодарност. Во Кина чајот се служи со онаква внимателност, како што е случајот со виното во европските земји.rn

    Индија

    rnИндија е еден од најголемите снабдувачи на чај во светот, кој годишно ѝ носи 4% национален профит. Низ земјата има повеќе од 14 илјади плантажи за производство на чај и поради различната клима, чајот има специфичен вкус во зависност од регионот каде што е направен. Постојат три вида чај кои може да се најдат во Индија. Асамот има богат вкус и расте во високопошумените региони во североисточниот дел на Индија. Дарџилин пак, е можеби чајот со еден од најпознатите и најуникатните вкусови. Овој чај може да се најде во високите предели на Хималаите. Последниот вид чај е нилгири – чајот со суптилен и нежен вкус и расте во јужниот регион на Индија.rn

    Јапонија

    rnТрадицијата на чајот во Јапонија е тесно поврзана со калуѓерите и самураите. Чајанките во оваа земја не претставуваат само пиење чај, туку уживање во самата убавина на искуството. Домаќинот го подготвува чајот по вкус на гостинот и притоа секој детаљ од чајанката се организира онака како што ќе посакаат гостите. Ваквата чајанка која денес сè уште се организира, е вид уметност и духовност, и време во кое и домаќинот и гостите уживаат во уникатноста на моментот.rn

    Америка

    rnВо различните држави на САД, чајот има различно значење. Во изминатите години, продажбата на чај во САД се зголемува поради зголемената популарност на напитокот. Многу Американци почнуваат утринското и попладневното кафе да го менуваат со шолја топол чај.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Планинско одморалиште од иднината

    Планинско одморалиште од иднината

    Во блиска иднина австриски архитекти од студиото „Coop Himmelb(l)au“ ќе почнат да градат планинско одморалиште во Кина. Грандиозниот проект наречен „Dawang Mountain Resort Changsha“ ќе биде распослан на 120 илјади квадратни метри, а во него ќе има хотел, неколку ресторани, шопинг центри, парк и висечки градини.Планинско одморалиште од иднинатаОва ново и интересно место за одмор ќе биде сместено во еден веќе постоечки каменолом. Одморалиштето ќе се протега од едната до другата страна на каменоломот како мост, а под него се наоѓа едно мало езеро. Одделната кула е наменета за хотелот со пет ѕвезди, во кои ќе има околу 350 соби.Планинско одморалиште од иднината Планинско одморалиште од иднинатаrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Реплика на Париз во Кина

    Реплика на Париз во Кина

    Група кинески бизнисмени одлучиле да направат реплика на Париз во Кина, на 200 километри оддалеченост од Шангај. Сепак наместо градот на љубовта, кинеската реплика се претвори во град на духови.Реплика на Париз во КинаРепликата на Ајфеловата кула се наоѓа во центарот на градот Тиандушенг и е висока 108 метри. Покрај кулата, во градот може да се види и Триумфалната порта, париските фонтани и целокупната париска архитектура.Реплика на Париз во Кина Реплика на Париз во КинаСепак, иако во просторот од 500.000 квадратни метри со проектот било испланирано да се вселат 10.000 луѓе, низ улиците има само ветер.rn
    rn

    „Овој туристички град е сличен со францускиот. Французите сакаат романса и релаксација, а сакаат и да патуваат. Мислам дека овој град има доста сличности“ – вели Чен Женгвеи, еден од менаџерите на проектот.

    rnРеплика на Париз во Кина Реплика на Париз во Кина Реплика на Париз во КинаИзнајмување апартман со големина од 300 квадратни метри со поглед кон версајската фонтана чини 500 евра месечно.rn
    rn

    „Мислам дека Тиандушенг со тек на време ќе се наполни, бидејќи има голем развоен потенцијал. Не ги подржувам оние кои велат дека е град на духови“ – вели Женг Женг, жител на градот.

    rnРеплика на Париз во Кина Реплика на Париз во Кинаrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најголемата зграда во светот

    Најголемата зграда во светот

    Пред кусо време во Кина се отвори најголемата зграда во светот. Центарот „New Century Global“ се наоѓа во градот Ченгду и е распослан на 1,7 милиони метри квадратни. Зградата е долга 500, широка 400 и висока 100 метри. Верувале или не, но таа била целосно изградена за само три години.Најголемата зграда во светотВо неа има два хотели, голем број канцеларии, кино, аква парк со вистинска плажа, музеј, изложбени сали, театар и нормално – многу продавници.Најголемата зграда во светотНајголемата зграда во светотЦентарот е изграден според последните достигнувања во полето на високата технологија. Во него има вградено вештачко сонце кое ја загрева и осветлува внатрешноста на зградата, а плажата во аква паркот е долга 400 метри и оние кои ја посетуваат можат да уживаат во вистински морски ветер.   Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?

    Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?

    Овој неверојатен замрзнат водопад кој произлегува од стан во една зграда во Џилин, Кина, е дело на 58-годишниот Вен Хсју, кој е единствениот преостанат станар. Тој ја оставил пуштена славината на чешмата во текот на цела зима, за да се осигури дека неговите неизолирани цевки нема да замрзнат од студот.rnШто ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?Па, доколку некогаш сте се прашувале што би се случило доколку ја оставите водата пуштена во текот на целиот зимски период, еве ви го одговорот – огромен замрзнат водопад. Овој бизарен потфат можеби личи на некое оригинално уметничко дело, но сепак станува збор само за стравот на Вен, да не остане дома без вода.rnШто ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?Човекот живее во истиот стан веќе 35 години. Како што беше случајот и во многу други кинески градови, оваа зграда неодамна била закажана за демолирање, за да се ослободи простор за нов шопинг центар. Инвеститорите се обиделе да постигнат компромис, понудувајќи им пари на сопствениците на станови, со кои можат да купат живеалиште на некое друго место, но Хсју вели дека ја одбил нивната понуда, бидејќи не била доволно добра за да се купи пристојно место за живеење.rnШто ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?Така, и покрај тоа што сите соседи веќе се иселени, тој останал во својот стар дом. Самотијата била доволно тешка за да се издржи, но изминатава зима тој имал уште поголем проблем со кој морал да се соочи. Ниските температури се заканувале дека ќе ги замрзнат цевките за вода во зградата, оставајќи го без проток на вода и без ниеден друг избор, освен да се отсели и тој. Но, очигледно не е личност којашто лесно се откажува, па затоа го смислил овој чуден план.rnrnБидејќи водата доаѓа од под земја, каде што температурите се над точката на смрзнување, Вен се сетил да ја остави пуштена славината цело време, за да го спречи замрзнувањето на цевките. Тој едноставно го пренасочил текот на водата од седмиот кат кајшто се наоѓа неговиот стан, надвор низ прозорецот кон фасадата на зградата, оставајќи ја жешката вода пуштена цела зима.Што ќе се случи доколку ја оставите чешмата пуштена цела зима?За негова среќа, овој огромен замрзнат водопад им го привлекол вниманието на интернационалните медиуми, како и на градскиот совет на Џилин, од каде што сега апелираат до инвеститорите да го решат проблемот со неговата релокација што побрзо. Вен се надева дека ќе добие подобра понуда, бидејќи осаменоста почнува навистина да му смета. Времето е малку потопло сега, така што не постои опасност од замрзнување на цевките, но ќе помине извесно време додека да се стопи ова масовно ремек-дело.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Обоените пејсажи во Кина Данксија

    Обоените пејсажи во Кина Данксија

    Кина Данксија е област заштитена од Унеско во која се наоѓаат неверојатните обоени пејсажи кои се развиле во суптропската зона во југозападна Кина. Тие се карактеризираат со спектакуларни црвени гребени, вклучувајќи и драматични природни столбови, кули, котлини, долини и водопади. Овие каменести пејзажи помогнале при одржување на суптропските зимзелени шуми во кои живеат различни видови флора и фауна, од кои голем дел се сметаат за ретки или во опасност од изумирање.rnrnПогледнете ја галеријата со фотографии од овие обоени пејсажи во Кина. Прекрасни се, нели?rnrnОбоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?

    Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?

    Жените, а во денешно време сѐ повеќе и мажите, трпат доста болка само за да изгледаат поубаво, помладо и посекси со третмани со змии, отрови, инјекции… Но, дали постои некаква предупредувачка граница кај третманите за убавина? Очигледно, не постојат граници кога станува збор за разубавување, дури и кога тоа значи запалување на лицето со оган.Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?Во Кина се појави нов третман за кожа, наречен „Huǒ liáo“, кој стана хит откако една млада девојка ја поставила снимката на Јутјуб со нејзината мајка, која била подложена на оваа козметичка постапка. Третманот поттикнува регенерација на кожата, за да би останала подолго млада и без брчки.rnrnЦелиот третман започнува со крпа натопена во алкохол, која се става на лицето и потоа се запалува. Тоа се одвива така што прво се подготвува специјалниот „таен еликсир“ и се натопува на пешкир. Со волшебниот пешкир се покрива делот што треба да биде третиран, потоа се полева со алкохол и се запалува. После неколку секунди, пламенот се гаси со ставање на друг пешкир врз запалениот. Видеото покажува дека некои луѓе си прават третман и на грбот. Веројатно оваа техника може да се употребува на сите делови од телото.Би го изложиле ли лицето на оган во име на убавината?„Третманот со оган“ се смета дека ја стимулира и затегнува кожата, ги намалува брчките и растегнатоста, а го подобрува и проблематичниот тен. Покрај тоа што разубавува, третманот ги релаксира и мускулите и прави да се чувствувате одлично. Локалните граѓани сметаат дека со овој третман може да излечат и несоница, главоболка и настинка, а козметичките салони го сметаат за безбеден, додека некои предупредуваат на неговата можна опасност.rnrnСалоните кои имаат ваков вид на третман потенцираат дека тоа е сосема сигурно и дека третманите ги прават експерти и жените не треба да се плашат дека нешто ќе тргне на лошо. Терапевтката Сузи Лонг, која се занимава со ваквите третмани објаснува дека кога работава ја работи трениран терапевт, кожата воопшто не гори, туку само се загрева, поради што процедурата е целосно безбедна.rn

    rnТие кои поминале низ овој третман велат дека се чувствувале релаксирано. Не пробувајте го ова дома! Би отишле ли вие на ваков третман? :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кинески ресторан во кој ве услужуваат роботи

    Кинески ресторан во кој ве услужуваат роботи

    Еден ресторан во Харбин, Кина има вработено 20 роботи кои ја спремаат, сервираат и служат храната, а воедно и ги анимираат гостите. Ресторанот започнал да работи во јуни, 2012 година.rnrnКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиrnrnКога ќе влезете, еден робот ве отпоздравува со „Здраво, жителу на Земјата. Добредојде во роботскиот ресторан“. Потоа вашата нарачка ја спрема еден од четирите роботи-готвачи, кои знаат да подготват голем број вкусни јадења. Откако јадењето ќе биде спремно и сервирано од страна на помошници-луѓе, робот-келнер движејќи се по ленти поставени на подот, ја носи храната од кујната до вашата маса. Додека јадете, робот-пејач ве забавува.rnrnКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиrnrnРоботите се со висина од 120 до 150 сантиметри, а можат да направат 10 фацијални експресии. Тие можат без престан да работат 5 часа, а потоа треба 2 часа да се наполнат со електрична енергија. Но ваквиот персонал, воопшто не е евтин. Еден робот чини од 200.000 до 300.000 јуани (од 31.500 до 47.000 американски долари). Дополнително, оспособувањето на ресторанот го чинело газдата 5 милиони јуани (790.000 американски долари).rnrnКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децата

    Кинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децата

    Ју Јужен од кинескиот град Вухан, со нејзината штедливост и малку среќа, станала милионерка, но не дозволила тоа да го промени нејзиниот карактер кон полошо. Таа шест дена во неделата, по шест саати дневно го чисти туѓиот отпад од улиците и ги празни контејнерите и кантите, а сето тоа го прави за да им остави добар пример на нејзиниот син и ќерка.rnrnКинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децатаrnrnВистинскиот родител не се плаши од ништо кога сака на своите чеда да им остави добар пример. Меѓутоа, веројатно никој не отишол толку далеку како кинеската милионерка Ју Јужен, која со ваква мотивација, работи како чистачка на улици за 230 американски долари месечно.rnrnВо текот на 80-тите години, таа била фармерка во селото Huojiawan со просечни примања, но имала преголема волја да заштеди, па токму тоа и го правела заедно со нејзиниот маж. После неколкугодишно работење од самрак до зори, таа и нејзиниот сопруг станале единственото семејство во селото кое поседува куќа на 3 ката, а на многу луѓе кои доаѓале за да работат во тој крај им требало место за спиење, па тие почнале да им издаваат соби од куќата.rnrnКинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децатаrnrnШтедлива каква што е, таа сета заработка од станарината ја тргала на страна и ја користела за да изгради уште куќи. Од секоја соба, имале месечна заработка од околу 8 долари. Наскоро имале три петкатни згради, кои ги издавале под наем.rnrnМеѓутоа, вистински пресврт во нивните животи се случил кога државата ја откупила нивната земја со куќите, за да изгради нешто друго на тоа место и ова ги направило милионери. За целиот имот, државата им дала 21 стан.rnrnКинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децатаrnrnВо тоа време регулативите за градење имот во Кина биле лабави и овој пар не бил единствениот којшто дошол до имот. Но Ју, со свои очи видела како некои од селаните, богатството го расфрлиле и потрошиле на коцкање, алкохол и дрога, па затоа си задала цел таа да се однесува одговорно и да остави добар пример за нејзините деца.rnrnПовеќето луѓе, после ваквиот напорен аргатски живот, би седеле дома и би си ги броеле парите, но не и Ју. Таа во 1998 година се вработила како чистачка на улици, што значи дека секое утро станува во 3 часот, ја облекува портокаловата униформа и по шест часа дневно вредно си го заработува секој денар, чистејќи ја трикилометарската улица.rnrnКинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децата
    rnrn

    „Човекот не треба само да седи дома и да го ‘јаде’ целото богатство. Сакам да им дадам добар пример на моите деца“ – рекла таа за тамошните медиуми и додава дека на нејзиниот син и ќерка им се заканила дека сите пари ќе ѝ ги даде на државата, доколку не се работливи.

    rnrnПо сѐ изгледа заканата била ефикасна: синот работи како возач на камион за 320 долари месечно, а ќерката во канцеларија за 500 долари месечно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудни автомобили направени во Кина

    Чудни автомобили направени во Кина

    Кинезите се познати по тоа што обожаваат да возат велосипеди и немаат долга традиција на конструирање автомобили. Во обидот брзо да се доближат до европските и јапонските ривали, тие се обидуваат најмногу со имитирање, но имаат и некои вакви иновативни, но истовремено и чудни решенија.rn
    rn

    Great Wall Hover π

    rnОвој автомобил е статусен симбол во Кина. Надворешноста е инспирирана од Големиот кинески ѕид, но внатрешноста не е воопшто импресивна споредено со стандардите на европските автомобили. Се произведуваат само по нарачка.Чудни автомобили направени во Кинаrn

    BAW Motors Yongshi

    rnЈонгши е не многу моќен теренец, иако милитантниот изглед сугерира нешто друго. Пред сè е наменет за војската, но секој кој има доволно пари може да го нарача за себе.Чудни автомобили направени во Кинаrn

    BAW Motors Zhanqi

    rnЖанки е само лоша имитација на култниот Џип Вранглер. Подолг е, погрд и помалку моќен.Чудни автомобили направени во Кинаrn

    HNUSP L-DDC

    rnКонструкторите на овој доста чуден автомобил на три тркала никогаш не успеале да го направат и доволно стабилен. Претставуван е на повеќе саеми, но поради овие проблеми никогаш не е пуштен во производство.Чудни автомобили направени во Кинаrn

    Zotye Auto JN Model

    rnСпоред рекламната кампања, акцентот на овој модел е ставен на практичноста на сметка на перформансите. Таа сугерира дека автомобилот треба да е доста комфорен, во него собира огромен товар, а сето тоа го влече мотор со само три цилиндри и 35 коњски сили.Чудни автомобили направени во Кинаrn

    Li Shi Guang Ming Detroit Fish

    rnОва е уникатно дизајниран бавен електричен автомобил кој треба возачот полесно да го пренесе низ сообраќајниот метеж во кинеските метрополи. Чини 5.000 евра.Чудни автомобили направени во Кинаrn

    Li Shi Guang Ming the Book of Songs

    rnДодека електричните модели на западноевропските и јапонските произодители веќе достигнуваат извонредни перформанси, моделот „Песнарка“, како што лирски е крстен овој автомобил, достигнува само 45 км/ч. Сепак, го освојува погледот со необичниот дизајн.Чудни автомобили направени во Кина
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.