КАФЕ ПАУЗА

Tag: Кина

  • Дали ова е најголемата скулптура во светот?

    Дали ова е најголемата скулптура во светот?

    Големиот Буда во Лешан е џиновска скулптура запишана од УНЕСКО на својата листа на светско наследство во Азија и Океанија во 1996 година. Направена е помеѓу 713 и 803 година за време на владеењето на династијата Танг, а илјадници работници учествуваа во процесот.rnrnДали ова е најголемата скулптура во светот?rnrnОва чудо е врежано во карпа на планината Емеи во близина на градот Лешан во кинеската провинција Сечуан. Со висина од 71 метар, се смета за најголема предмодерна скулптура во светот. Рамената на Буда се широки околу 24 метри, секое уво е околу седум метри, а горниот дел од стапалото е околу 9 метри, што е доволно за да собере 100 луѓе.rnrnПоради обилните дождови и силниот ветер во областа, скулптурата претрпела огромни штети низ вековите. Кинеската влада одлучила да ја реновира во 1963 година и оттогаш стана голема туристичка атракција за многу посетители во тој дел од најнаселената земја во светот.rnrnВо Кина се организираат туристички тури со бродови, а искусни експерти велат дека Големиот Буда најдобро се гледа во пролет или есен, бидејќи во летото во оваа област има голема количина на врнежи.rnrnДали ова е најголемата скулптура во светот?rnrnДали ова е најголемата скулптура во светот?rnrnДали ова е најголемата скулптура во светот?rnrnПрочитајте и кои се 5-те опасни чуда на природата што секој треба да ги посети.

  • Неверојатна модерна книжарница во Кина

    Неверојатна модерна книжарница во Кина

    Кинескиот град Ксиан станува центар на архитектурата и дизајнот со помош на дизајнерот Томоко Икегаи, од компанијата IKG inc. Книжарницата и комерцијалниот центар YJY Maike Centre Flagship дава топло и модерно чувство, што ги сместува книгите и знаењето во центарот.rnrnНеверојатна модерна книжарница во КинаrnrnСо цел да го направи местото да изгледа и како библиотека и како галерија, Томоко ги спојува концептите на две нивоа, на површина од речиси 4.500 метри квадратни.rnrnИмајќи цел да создаде амбиент каде што луѓето, културите и книгите од целиот свет ќе се спојат, тој ја нагласил литературната тема низ целиот ентериер. Посетителите веднаш влегуваат во концептот, и уште на влезот ги пречекува полица за книги од 10 метри. Отворениот осветлен простор над скалилата е исполнет со „летачки“ парчиња хартија, кои само чекаат да бидат испишани.rnrnНеверојатна модерна книжарница во Кинаrn

    „Библиотеките се места за учење и ценење на независното време, додека галериите се како интелектуални простори за изложување на културата. Овој дизајн ги комбинира елементите од двете и вклучува карактеристики од архитектура на палата, со цел да ги охрабри посетителите и продавницата да соработуваат и да споделуваат идеи“, изјавил Томоко.

    rnТомоко црпел инспирација и од јапонските и кинеските палати, играјќи си со големината на просторот и уредувањето на поврзаните простории. Интимните места за седење и богатите дрвени тонови го прават ентериерот удобен и даваат рамнотежа покрај големата архитектура.rnrnНеверојатна модерна книжарница во КинаrnrnВториот кат на книжарницата е направен како лоби. Со цел да се зголеми чувството на гостопримство, има и кафетерија која охрабрува социјализирање. На ова ниво е претставен концептот на Томоко за галеријата. Ниските тавани, темниот под и кутиите за изложување создаваат атмосфера на галерија и одлично се врзуваат со книжарницата на подолниот кат.rnrnНеверојатна модерна книжарница во КинаrnrnНеверојатна модерна книжарница во КинаrnrnНеверојатна модерна книжарница во КинаrnrnНеверојатна модерна книжарница во КинаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

    Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

    Фотографиите на Лу Гуанг ги разоткриле страните на Кина што нејзината власт сака да ги прикрие – зависници од дрога, ХИВ пациенти, проблеми со загадувањето и слично. Но овој пат самиот новинар и добитник на награда станал центар на неговата приказна. Неговата сопруга тврди дека нема слушнато од него уште од 3-ти ноември оваа година.rnrnФотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видитеrnrnНа 23-ти октомври, Гуанг летал до Урумки каде што сакал да присуствува на некој настан за фотографија. Подоцна требало да лета до Сишуан каде што требало да се сретне со неговиот пријател Чен. Но, Чен не успеал ни да го најде ни да стапи во контакт со фотографот.rnrnКога ја прашал сопругата каде е Гуанг, таа не знаела ништо. Таа почнала да истражува и дознала дека бил одведен од националната безбедност. Локалните офицери од градот на Гуанг само ѝ го потврдиле ова.rnrnФотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видитеrn

    „Изгубен е веќе над 20 денови. Како негов најблизок член од семејството, немам добиено извештај за неговото апсење. Постојано ѝ ѕвонам на полицијата, но не ме поврзуваат. Следната недела е нашата 20-та годишнина. Треба да ја прославуваме заедно. Само можам да се надевам на неговото безбедно враќање“, изјавила сопругата.rnrn„Реалноста на Кина е никогаш да не знаете дали ќе наидете на неволја бидејќи нема пишани правила“, изјавил фотографот минатата година во едно интервју.

    rn

    Работник во Внатрешна Монголија, 10-ти април 2005-та година

    rnФотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видитеrn

    Камион со јаглен вози предизвикувајќи прашина и повредувајќи ги локалните жители

    rnФотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видитеrn

    10-годишно момче со рак на коските

    rnФотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видитеrn

    И децата живеат во индустриската зона. Кина сега е втората најголема економија во светот. Нејзиниот економски развој консумирал многу енергија и предизвикал големо загадување

    rnФотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видитеrn

    На 16-ти јули 2010-та година, експлодирала цевка на компанијата Newport Oil Wharf испуштајќи многу нафта во морето

    rnФотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видитеrn

    Жена го носи нејзиниот сериозно болен внук и гледа кон небото со надеж дека ќе ја сопре неговата болка

    rnФотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видитеrn

    Сираци со инвалидитет посвоени од фармери

    rnФотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видитеrn

    Децата со церебрална парализа лижат млеко во прав за да се нахранат

    rnФотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видитеrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 25 чудни совети за патувања од кинеската влада

    25 чудни совети за патувања од кинеската влада

    Никој не сака да биде лош турист, а во зависност од тоа каде сте, можно е вашето однесување да се смета за непристојно. Неодамна Националната кинеска администрација за туризам издала илустриран прирачник со 64 страници наречен „Водич за цивилизирано патување во странство“, а правилата се навистина чудни. Наводно, Кинезите стекнале лоша репутација како туристи, па нивната власт се обидува да го поправи тоа. Погледнете некои од најчудните совети во прирачникот.rnrn25 чудни совети за патување од кинеската владаrnrn1. Немојте да си го чепкате носот во јавност.rnrn2. Немојте да крадете елеци за спасување од авиони и да ги давате како подароци.rnrn3. Кога го користите тоалетот, не заборавајте да пуштите вода.rnrn4. Не оставајте отпечатоци од чевли на тоалетната школка.rnrn5. Немојте да се задржувате во јавните тоалети.rnrn25 чудни совети за патување од кинеската владаrnrn6. Избегнувајте да кивате врз луѓе.rnrn7. Не се расправајте со другите кога сакате да направите фотографија.rnrn8. Немојте да ги присилувате луѓето да се фотографираат со вас.rnrn9. Кога сте во Шпанија, дамите би требало да носат обетки. Сè помалку е како да сте голи.rnrn10. Кога нуркате во океанот, немојте да го допирате и да го земате морскиот свет.rnrn25 чудни совети за патување од кинеската владаrnrn11. Немојте да ги сушите шамичињата и долната облека на столна ламба.rnrn12. Немојте да јадете премногу кога ќе посетите бифе.rnrn13. Немојте да цртате графити на национални знаменитости.rnrn14. Немојте да јадете цело парче леб во еден залак.rnrn15. Немојте гласно да јадете нудли на авион.rnrn25 чудни совети за патување од кинеската владаrnrn16. Воздржувајте се од слаби ракувања.rnrn17. Валкањето на базенот е неприфатливо.rnrn18. Секогаш потстрижувајте ги влакната во носот.rnrn19. Ако имате храна во забите, не ја вадете со прстите.rnrn20. Немојте да им зборувате на другите зад грб на кинески, можно е да можат да ве разберат.rnrn25 чудни совети за патување од кинеската владаrnrn21. Немојте да кршите огледала во Унгарија.rnrn22. Немојте да „пукате“ со прстите во Германија. Ова е за кучиња.rnrn23. Немојте да одите преку ред.rnrn24. Ракоплескајте по гледањето на некое шоу.rnrn25. Немојте да им се смеете или да им свиркате на изведувачите кога ќе направат грешка на сцената.rnrnПогледнете ги и нештата што треба да ги знаете доколку патувате во некоја од овие држави.

  • Облаци над Кина го освојуваат небото на најромантичен начин

    Облаци над Кина го освојуваат небото на најромантичен начин

    Дали некогаш сте легнале на трева, сте погледнале во сино-белото небо и сте обидувале да наоѓате познати форми во облаците? Ако ова е нешто во што уживате, тогаш ќе бидете позитивно изненадени од следниве фотографии! На 28-ми јули 2018 година, луѓето од Шаоксинг во провинцијата Џејџенг биле воодушевени од небото над нивната глава. Облаците, во форма на луѓе, делувале изгубено во бакнеж над хоризонтот. Погледнете го овој краток момент во времето, кога облаците се прегрнале на небото…rnrn

  • Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

    Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

    Дури и ако сте биле во Кина, сте ја пробале локалната кујна и го учите јазикот, големи се шансите да не ја разбирате оваа држава. Па, ако планирате да ја посетите, или едноставно само сакате да дознаете нешто повеќе за неа, добро е да ги знаете овие неверојатни факти за Кина.rnrnИнтересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг светrnrn1. Сите имаат слушнато дека во Кина луѓето веруваат дека момчињата се дар, додека девојчињата се понижување. Можеби овој став сè уште постои во некои села, но во големите градови полот на детето нема големо значење. Сепак, Кина сè уште е патријархална држава – постарата генерација ги гледа жените како домаќинки и многу татковци имаат предрасуди за нивните ќерки кои сакаат да се образуваат или да изградат кариера.rnrn2. Мажите Кинези сакаат да се грижат за себе и не го кријат ова. И во овој случај правилото важи најмногу за младата генерација. Мажите користат секакви парфеми и имаат тренди фризури, ја фарбаат нивната коса и вложуваат многу време и пари во нивната облека. Некои луѓе веруваат дека Кинезите го прифатиле ова однесување од Јужна Кореја која е позната по својот фокус на убавината и модата. Разликата помеѓу двајца мажи Кинези од разни генерации е неверојатна – возрасните мажи едвај се грижат за нивната облека, а не па и за фризурата или кремите за лице.rnrnИнтересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг светrnrn3. Причината што Кинезите толку многу го менуваат својот изглед е тоа што изгледот е првото нешто што покажува колку сте богати. Всушност, токму ова ги обединува кинеските татковци и синови. Единствената разлика е тоа што младите сакаат да бидат во форма и ги следат европските стандарди, додека на постарите не им е проблем да го покажат нивното стомаче и да им дадат до знаење на сите дека можат да си дозволат повеќе храна.rnrn4.Кинезите често го растат нокотот на малиот прст. И на овој начин покажуваат дека не работат тешка физичка работа за преживување. Нивните денови се удобни, а нивната интелигенција им е главна алатка.rnrnИнтересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг светrnrn5. Не е важно дали луѓето од западот се учтиви или не, тие се многу атрактивни. Причината е што имаат поголеми очи и светла коса. Националноста не е важна, важно е да изгледате „европски“ за да се најдете на насловната страница на некое модно списание.rnrn6. На Кинезите не им пречи ако странците прават чудни нешта. Сепак, длабокото деколте се смета за многу непристојно за разлика од краткото здолниште. Истото важи и за нападната шминка. Жените во Кина или воопшто не носат шминка, или нанесуваат многу малку.rnrn7. Знаевте ли дека Кинезите ги варат јајцата во урина? Овој рецепт е наречен „Момче девица“ и е навистина едноставен – се собира кофа со урина од момчиња помлади од 10 години. Јајцата подготвени на овој начин се 4 пати поскапи од обичните и се сметаат за деликатес.rnrnИнтересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг светrnrn8. На западњаците им е навистина тешко да не се преценат, а причината не е само тоа што се сметаат за атрактивни. Луѓето во Кина многу често даваат комплименти. Дури да не знаете ниту еден збор на кинески, тие ќе ве пофалат дека го зборувате одлично.rnrn9. Кинезите имаат нивни изрази за луѓето со темна кожа. Ако го зборувате локалниот јазик, немојте да се изненадите ако слушнете некој да го наречат „кафе“. Најверојатно разговараат за црна личност која ја познаваат.rnrnИнтересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг светrnrn10. Кинезите сакаат да пијат и се многу добри во тоа, а алкохолот и цигарите им се продаваат дури и на тинејџерите. Сепак, речиси е невозможно да видите дете што пие алкохол или пуши цигари.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Погледнете ги неверојатните фотографии од кинескиот Париз

    Погледнете ги неверојатните фотографии од кинескиот Париз

    На источниот брег на Кина, што е илјадници километри оддалечен од Париз, се наоѓа реплика на Ајфеловата кула висока околу 108 метри, сместена во градот Тиандученг. Интересно, но тука не запираат сличностите со градот на светлината. Овој град го нарекуваат уште и „Париз од истокот“.rnrn

    Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз
    Лево: Париз / Десно: Тиандученг
    rnrnСамата идеја била да се направи град кој во себе го содржи класичниот европски шарм. Па така, освен Ајфелова кула, жителите на Тиандученг имаат и Триумфална порта и Елисејски полиња, Версајска палата и згради изградени во француски неокласичен стил.rnrnПред 10-тина години за Тиандученг се велело дека е град на духови, а денеска е вистинска туристичка атракција. Доаѓаат и туристи од Кина, но и од други делови на светот, особено млади парови кои сакаат совршена позадина на нивните свадбени фотографии.rnrn
    Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз
    Лево: Париз / Десно: Тиандученг
    rnrnОва не е единствен случај на копирана архитектура на територијата на Кина. На пример, во еден дел од Пекинг се наоѓа областа Џексон Хол, Вајоминг, додека градот Фужу гради копија на Стратфорд, Авон, во чест на Шекспир.rnrnСпоред Бјанка Боскер, која е автор на книгата „Оригинални копии: Архитектската мимикрија во Модерна Кина“ (Original Copies: Architectural Mimicry in Contemporary China), Кинезите не се задоволуваат со кич-имитации, туку целат кон копирање на најголемите архитектонски дела, за да покажат колку се вешти и напредни во технологијата.rnrn
    Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз
    Лево: Париз / Десно: Тиандученг
    rn

    „Еднаш тие се нарекуваа центар на светот, но сега Кина се претвора во центар што го содржи светот“, напишала Боскер.

    rnСепак, Тиандученг може да биде целосна копија на Париз, но според кинеското министерство за надворешни работи, не смее да се именуваат местата како оригиналите, за да не се доведе во прашање националниот идентитет. Па така, ако некогаш се најдете во овој град што личи на европскиот град на светлината, воздржете се да го нарекувате Париз.rnrnВо продолжение погледнете уште неколку споредбени фотографии од двете локации (Париз се наоѓа на левата, а Тиандученг на десната страна):rnrnПогледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз

  • Неверојатна пролетна глетка: Расцветани црешови дрва во Кина

    Неверојатна пролетна глетка: Расцветани црешови дрва во Кина

    Луѓето од целиот свет обично ги поврзуваат црешовите дрвја со пролетта во Јапонија. Но, цветовите во Кина се толку магични што може и таму да станат национален симбол. Државата само што беше преплавена со океан од шарени цветови кои ќе останат до април.rnrnНеверојатна пролетна глетка: Расцветани црешови дрва во КинаrnrnЛокалните жители и туристи од целиот свет ги посетуваат разните локации на коишто можат да уживаат во оваа убавина. Во зоолошката во Кунминг на пример, на 7-ми март започна 19-тиот Фестивал на црешовите дрва и ќе трае до 7-ми април. Овде можете да видите над 5.000 расцветани дрвја. Фестивалот на црешовите дрва во Шангај, оваа година ќе се одвива од 16-ти март до 15-ти април, а овде ќе можете да видите над 12.000 дрвја од 82 разни видови. Уживајте во неверојатните фотографии.rnrnНеверојатна пролетна глетка: Расцветани црешови дрва во КинаrnrnНеверојатна пролетна глетка: Расцветани црешови дрва во КинаrnrnНеверојатна пролетна глетка: Расцветани црешови дрва во КинаrnrnНеверојатна пролетна глетка: Расцветани црешови дрва во КинаrnrnНеверојатна пролетна глетка: Расцветани црешови дрва во КинаrnrnНеверојатна пролетна глетка: Расцветани црешови дрва во КинаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Неверојатна библиотека во Кина со футуристички дизајн

    Неверојатна библиотека во Кина со футуристички дизајн

    Оваа неверојатна библиотека има 5 ката и се наоѓа Тијанџин, Кина. Библиотеката е дизајнирана од холандската компанија MVRDV во соработка со Институтот за урбано планирање и дизајнирање на Тијанџин. Библиотеката зафаќа површина од 34.000 метри квадратни и има место за 1,2 милиони книги. На средината на библиотеката се наоѓа огромен аудиториум во форма на сфера.rnrn(1)neverojatna-biblioteka-vo-kina-so-futuristichki-dizajn-kafepauza.mkrnrnЗа изградбата биле потребни 3 години. Библиотеката има читална на приземје, места за седење на средните катови, а на највисокиот кат се наоѓаат канцеларии, сали за состаноци и компјутерски соби.rnrn(2)neverojatna-biblioteka-vo-kina-so-futuristichki-dizajn-kafepauza.mkrnrnСепак, можеби ќе биде навистина тешко да се учи во оваа библиотека бидејќи неверојатната архитектура постојано ќе ви го одвлекува вниманието.rnrn(3)neverojatna-biblioteka-vo-kina-so-futuristichki-dizajn-kafepauza.mkrnrn(4)neverojatna-biblioteka-vo-kina-so-futuristichki-dizajn-kafepauza.mkrnrn(5)neverojatna-biblioteka-vo-kina-so-futuristichki-dizajn-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 познати стереотипи за Кина кои се далеку од вистината

    10 познати стереотипи за Кина кои се далеку од вистината

    Патникот и Кунг фу учител, Марија Пипенко, направила обид да ги отстрани сите оние клишеа кои им доаѓаат на ум на луѓето кога ќе се спомене Кина. За да ги оттргнете сите оние лоши сфаќања кои ги имате за оваа земја и нејзините жители, во продолжение погледнете кои стереотипи се прекршуваат.rnrn10 познати стереотипи за Кина кои се далеку од вистинатаrnrn1. Кинезите немаат манири. Но, тоа е само мислење на одредени луѓе. Еден добро воспитан жител на Кина има сет манири кој честопати им недостасува на луѓето од западот. Дувањето на носот во марамче или дозволувањето на пријателот да ја плати вечерата се груби однесувања, но учтива личност од Кина никогаш нема да ве посрамоти. Тие секогаш ги ставаат другите во прв план.rnrn2. Суровите Кинези јадат мачки и кучиња. Но, јадењето крави или свињи не е ништо подобро. Понекогаш се јадат кучиња во Кина, но бројот на луѓето кои го прават тоа е многу мал.rnrn3. Не можете да разликувате една кинеска личност од друга. Секако дека можете! Малезиските и сингапурските Кинези се различни, а исто така и западните и јужните. Треба подобро да ја запознаете околината и ќе почнете да правите разлика.rnrn4. Кинезите се ниски. Висината на Кинезите била поврзана со нивниот начин на исхрана, но во последните 20 години нивната благосостојба е подобрена, па и тие се извишуваат.rnrn5. Кинеските производи се со лош квалитет. Се разбира, многу од евтините кинески производи се глупави, но доколку погледнете на етикетата на речиси секоја позната марка, ќе забележите дека на нив стои ознака „Произведено во Кина“. Квалитетот е дефиниран од страна на оној кој нарачува, а не од производителот.rnrn10 познати стереотипи за Кина кои се далеку од вистинатаrnrn6. Кина е евтина земја. Постои огромен јаз во цените помеѓу големите градови и провинциите. Можете да изнајмите голем стан за 200 евра во централна Кина, но би имале проблем при наоѓање на само еден мал стан за 500 евра во Шангај. Единственото навистина евтино нешто во Кина во споредба со Западот, е јадењето некаде надвор.rnrn7. Кинезите јадат само ориз. Вистината е дека кинеската кујна е една од најразновидните во светот, почнувајќи од зеленчукот, па до видовите зачини. Таа има многу опции и тоа во зависност од сезоната и регионот.rnrn8. Постојат строги казни за злосторства со дрога. За разлика од другите точки на оваа листа, ова е вистина. Кина е строга во однос на дрогата и казните се движат од долги години во затвор до смртна казна. Сепак, тоа не е каприц, туку неопходност. На крајот од 20-тиот век, околу една третина од населението во Кина биле зависници од опиум, па не е изненадување тоа што кинеската влада направила сѐ за да спречи тоа повторно да се случи.rnrn9. Сите луѓе во Кина одлично знаат Кунг фу. Кунг фу навистина е дел од кинеската култура: Не постои филм или телевизиска емисија без да бидат вклучени овој вид борби. Бројот на вештини таму е многу поголем отколку на Западот, но поголем дел од луѓето не стануваат професионалци, туку остануваат на основното ниво.rnrn10. Едно семејство – едно дете. Правилото за само едно дете важи во големите градови. Всушност, од 1 јануари на Кинезите им е дозволено да имаат две деца.rnrn10 познати стереотипи за Кина кои се далеку од вистината