КАФЕ ПАУЗА

Tag: Кина

  • 5 маркантни статуи низ светот

    5 маркантни статуи низ светот

    Секоја држава има своја култура, историја и традиција. Најчесто знаменитостите и спомен-обележјата се обидуваат да дадат слика за склопот на овие три нешта и да останат да сведочат засекогаш. Секој од нив носи со себе посебна порака и има своја вредност. Овие пет примери се некои од најголемите споменици во светот, кои прават Кипот на слободата во САД и статуата на Исус во Бразил да изгледаат малечки.rn.rn

    Мајка татковина, Киев, Украина

    rnОваа неверојатна статуа е изградена во 1981 година од Евгениј Вучетич. Изработена е од титаниум и тежи 530 тони, а со се основата, нејзината висина достигнува 102 метри. Само споменикот е висок околу 62 метри. На штитот кој е поставен во левата рака се наоѓа грбот на Советскиот Сојуз. „Мајка татковина“ е дел од музејот „Големата патриотска војна“ во Киев, кој им оддава почит на оние кои се стекнале со титулата херој на Советскиот Сојуз или херој на социјалистичкиот труд.5 маркантни статуи низ светотrn

    Големиот Буда од Ушику, Јапонија

    rnСпоменикот на Големиот Буда во Ушику, комплетно бил изграден во 1993 година, а неговата височина достигнува 120 метри. Статуата е целосно обложена со бронза и тежи 4.003 тона. Самата статуа претставува музеј на 4 ката, а на висина од 85 метри се наоѓа и балкон за набљудување. На третиот кат од музејот можат да се погледнат повеќе од 3.000 златни статуетки кои го претставуваат Буда.5 маркантни статуи низ светотrn

    Изворниот храм на Буда, Хена, Кина

    rn„Изворниот храм на Буда“ е најголемата статуа во светот. Без основата која е висока 25 метри, статуата достигнува 128 метри. Статуата е завршена во 2002 година, а за нејзината изградба биле потрошени 55 милиони американски долари. Храмот своето име го добил според изворите со топла вода во неговата околина, за кои се верува дека се лековити.5 маркантни статуи низ светотrn

    Татковината повикува, Волгоград, Русија

    rnОваа застрашувачка статуа е изградена во спомен на озогласената битка за Сталинград, во која животот го загубиле околу 2 милиони лица. Во моментот кога била изградена во 1967 година, статуата со својата височина од 85 метри била највисока во светот. Иако оваа висина во денешно време е надмината, сепак останува да сведочи за тие времиња.5 маркантни статуи низ светотrn

    Петар Велики, Москва, Русија

    rnСтатуата на Петар Велики е направена во 1997 година, како спомен за 300 години од создавањето на Руската морнарица. Создадена е од грузискиот дизајнер Зураб Тсеретели, а со нејзината височина од 94 метри, таа е седма најголема скулптура во светот.5 маркантни статуи низ светотrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 природни феномени на Земјата

    10 природни феномени на Земјата

    Нашата планета има многу чудни и прекрасни места кои ја имаат моќта да инспирираат и да зачудуваат. Тие нè потсетуваат дека дури и во оваа ера на технолошки чуда, во природата сè уште постојат неверојатни места за откривање. Ова се само 10 од многуте кои ги има на Земјата.rn

    1. Памуккале, Турција

    rnПрекрасните балконски базени на Памуккале, иако се познато место за луѓето од нашите краишта, сепак претставуваат помалку познато чудо за останатиот свет. Пред неколку илјадници години, земјотресите, кои се честа појава во Турција, создале фрактури во земјата преку кои моќни топли извори богати со калциум карбонат избиле на површината. Како што водата испарувала, варовитиот материјал кондензирал и таложел слоеви над слоеви од травертин, притоа создавајќи ѕидови. Буквално „Памуккале“ значи тврдина од памук, а над него Римјаните изградиле град и го нарекле Хиераполис (Светиот град). Тие биле првите кои го откриле местото и лековитите моќи на млечно белата вода.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    2. Моераки, Нов Зеланд

    rnОвие големи, тркалезни камења со вонземски изглед се наоѓаат на плажата Коекохе, која пак е дел од брегот Отаго на Јужниот новозеландски остров. „Камењата Моераки“ првично биле создадени на дното од морето, преку наталожување слоеви околу јадро, на ист начин како што бисер се формира околу честичка од песок. Некои од карпите тежат по неколку тони и се широки по три метри.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    3. Деветте пекола од Бепу, Јапонија

    rnГрадот Бепу, се наоѓа на островот Кјушу, вториот најголем „производител“ на геотермална вода во светот. Во истата област се наоѓаат „Деветте пекола“, таканаречените базени кои меѓусебно се разликуваат по своите карактеристики и бои, благодарение на различните минерали во нив. Овие базени се многу популарна туристичка атракција во Јапонија, но сепак ретко кој ги знае надвор од земјата. За жал, како и за многу други неверојатни природни чуда, областа околу нив стана премногу комерцијализирана и „невкусна“.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    4. Големата сина морска дупка во Белизе

    rnГолемата сина морска дупка во Белизе е една од најимпресивните природни убавини во светот. Таа е со дијаметар од 300 метри и е длабока околу 150, а најверојатно се создала поради наглото покачување на нивото на водата пред околу 65.000 години. Нуркачите известуваат дека дупката е преполна со разновиден животински свет, а дел од него сè уште е непознат за науката и го има само овде.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    5. Вратата на пеколот, Туркменистан

    rnВо близина на селото Дарваза, кое е лоцирано во пустината Каракум во Туркменистан, во 1971 година, тим на истражувачи од Советскиот Сојуз пробушиле голема комора полна со природен гас. Кровот на јамата пропаднал, оставајќи кратер длабок 25 метри со дијаметар од околу 60-70 метри. Наскоро станало евидентно дека природниот гас сè уште излегувал низ кратерот од подлабоки извори, па приказната оди дотаму дека била донесена одлука да се запали гасот и да не се ризикува тој да се прошири или да доведе до локално труење. Според повеќе извори, оттогаш огнот постојано гори, а локалното население местото го нарекло „Портата на пеколот“. Сепак, други лица, по неколку разговори со локални водачи од регионот, тврдат дека станува збор за неверојатен природен феномен.rnrn10  природни феномени на земјатаrn

    6. Санциншан, Кина

    rnСанциншан е релативно мал национален парк во близина на градот Шанжао. Но тоа што е мал по големина, само го прави голем по убавина. Националниот парк е прогласен за седмо светско наследство во Кина и е познат по неговата сценична атрактивност. Клучот за мистиката на ова место е комбинацијата од извонредни гранитни столбови и карпи, заедно со сезонските климатски варијации кои често создаваат магла и маркантни зајдисонца. Оние кои го посетиле ова место велат дека им создава неверојатно чувство, кое го опишуваат како мир и спокојство. Овој ефект е подобрен благодарение на бројните водопади, природни базени и извори.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    7. Окото на Африка, Мавританија

    rnОд вселената, оваа мистериозна вдлабнатина во пустината Сахара во Мавританија, навистина наликува на човечко око. Според една од теориите, окото се создало откако метеор паднал на земјата, додека други веруваат дека тоа претставува трага од подземна нуклеарна експлозија. Сепак, според огромниот дијаметар тоа би значело детонација со огромен опсег. Моментално не постои земја во светот што поседува оружје кое може да направи ни одблизу толкава детонација.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    8. Островот Сокотра, Јемен

    rnОвој волшебен и не толку познат остров, Сокотра се наоѓа во близина на брегот на Јемен во Блискиот Исток. Изолиран од остатокот од светот, неговите растенија еволуирале во толку многу бизарни облици и форми, што не им се познати на другите краишта на Земјата. Едно од најпознатите е дрвото „Крвта на змејот“ чиј сок може да се употреби за создавање кристали кои можат да се користат како боја или како афродизијак. Островот пополека почнува да станува познат за остатокот од светот и може да прерасне во одлично место за еко-туризам, сè додека неговите посетители не прават штети.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    9. Тркачката патека, САД

    rnЛоцирани во една од најбезживотните места на светот, во Долината на смртта, Калифорнија, чудните и необјасниви „Камења кои пловат“ се вистински феномен. Еднаш, во текот на годината, во сувото езеро се случува да паднат зимските дождови и површината наеднаш станува лизгава и каллива. За време на овој период, карпите и камењата почнуваат да се движат, оставајќи зад себе видливи траги. Иако научниците веруваат дека за ова придонесуваат и силните ветрови, некои од карпите ненадејно го менуваат правецот и вртат совршени прави агли, изместувајќи се од нивната претходна патека. Сите докази потврдуваат дека тука не станува збор за некаква измама, но сепак овие движења никогаш не биле фатени на снимка.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    10. Лас Канадас, Тенерифе

    rnНа врвот на планината Теиде, се наоѓа еден од најголемите островски вулкани во светот Лас Канадас. Кратерот, кој има пречник од 16 километри е како слика од пеколот. Стрмните ѕидови кои се формирале кога „котелот“ престанал да врие, формираат голема сува површина со вонземски изглед. Во околината се изградени патишта и обзерватории, што е чудно за оваа „ничија земја“ каде постои заспан, но сепак сè уште огромен активен вулкан, кој одвреме навреме ја затресува земјата. Од масата на вулканот е создаден Тенерифе, еден од Канарските острови.rnrn10 природни феномени на земјатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кинеската Венеција

    Кинеската Венеција

    Бидејќи веќе ви ја претставивме „Холандската Венеција“, сега решивме да отидеме на истокот и да ви ја прикажеме Кинеската Венеција. Градот Жоужуанг се наоѓа во областа Џангсу и е лоциран на само 100 километри од Шангај.  Кинеската ВенецијаСвојата историја, градот ја започнува во 700-та година од новата ера. Имено, Жоужуанг претставува најстариот кинески град на вода. Интересното е тоа што многу работи во градот се зачувани и непроменети што говори за традицијата и културата на овие луѓе. Сега тој е многу популарно место, кое го посетуваат илјадници туристи.Кинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската ВенецијаКинеската Венецијаrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Градот на духови во Кина

    Градот на духови во Кина

    Ордос, наречен и Дубаи на Северна Кина, е град опсипан со богатство, со одлична инфраструктура и е лоциран во близина на наоѓалишта со природни ресурси. Но урбаниот град Ордос, е претежно напуштен во последните 5 години. Ова не е град на духови поради економски проблеми, загаденост или нешто слично. Проблемот е во тоа што владата не може да ги убеди луѓето да почнат да се вселуваат тука.rnrnГрадот на духови во КинаrnrnИзграден е да вдоми 1 милион луѓе, иако моментално во него живеат само неколку илјади (владата тврди дека се околу 28.000, а поголемиот дел од нив се градежни работници). На улиците во градот скоро и да нема сообраќај, а облакодерите и другите јавни згради кои вредат околу 5 милијарди американски долари остануваат празни и никогаш неупотребени. Но и покрај целата ситуација, градежните работи во Ордос и понатаму продолжуваат. Градските власти се уверени дека во многу брзо време, голем број од 1,5-те милиони жители кои живеат 20 километри подалеку во стариот дел од Ордос, конечно ќе почнат да се доселуваат.rnrnГрадот на духови во КинаГрадот на духови во Кина
    rn

    „Прилично е осамено тука. Повеќето луѓе кои доаѓаат во нашиот ресторан се од градските власти и нивни гости. Во близина нема вселено жители“, – вели Ли Ли, маркетинг менаџерот на елитниот ресторан кој се наоѓа во често празниот хотел Лидо.

    rnГрадот на духови во КинаrnrnЛокалната економија на градот треба да е во подем, со оглед на тоа што се наоѓа во близина на наоѓалишта на природни богатства, како природен гас и јаглен. Како и во остатокот на целата територија на Кина, недвижниот имот во Ордос е во подем и становите не се празни поради недостаток на купувачи. Инвеститорите ги имаат купено скоро сите расположливи резиденции, уверени дека ќе имаат голема заработка. Но токму оваа активност ги загрижува аналитичарите, кои се плашат дека балонот на интензивно купување недвижент имот, неизбежно и болно ќе пукне.rnrnГрадот на духови во КинаПа зошто луѓето не сакаат да живеат во овој модерен град? За сега селењето во новиот град е непогодно. Најмногу поради тоа што има 30 минути возење од новиот до стариот дел од градот каде што живеат најголемиот дел од жителите и каде што се наоѓаат пазарите и рестораните.rnrnГрадот на духови во КинаГрадот на духови во КинаГрадот на духови во Кина
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Невидливиот човек од Кина

    Невидливиот човек од Кина

    Лиу Болин е 35 годишен уметник од Шандонг, Кина, којшто сам се покрива со боја, притоа камуфлирајќи се во соодветната средина. Овој човечки камелеон, за една фотографија троши просечно околу 10 часа, обидувајќи се да ја направи совршено.rnНевидливиот човек од КинаПонекогаш минувачите не го ни забележуваат сѐ додека тој не се помрдне. Преку својата работа тој ги искажува своите моментални и некогашни чувства.rnНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од Кинаrnrn.rn

    „Понекогаш луѓето ме нарекуваат невидливиот човек. Ја имам искусено темната страна на општеството, без социјален живот, и постојано имав чувство како никој да не се грижи за мене и како да сум непотребен во светот.“

    rnНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаТој напоменува дека неговата работа, исто така претставува протест против владата, бидејќи во 2005 година му го затворила студиото.rnНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од КинаНевидливиот човек од Кинаrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.