КАФЕ ПАУЗА

Tag: кармин

  • Која боја на кармин му одговара на секој хороскопски знак?

    Која боја на кармин му одговара на секој хороскопски знак?

    Бојата на карминот е предизвик за секоја жена. Иако правилото гласи дека бојата на карминот зависи од тенот, од сезоната во која го носите или од гардеробата што ја носите, може да зависи и од хороскопскиот знак. Астрологијата може да биде причина зошто имате поголем афинитет кон одредени нијанси на шминка, но и како одредени бои ги отсликуваат карактеристиките на вашиот хороскопски знак. Прочитајте која боја на кармин најдобро му одговара на вашиот хороскопски знак.rnrnКоја боја на кармин му одговара на секој хороскопски знак?rn

    Овен

    rnАко сте родени во овој хороскопски знак, тогаш сте енергични, динамични, конкурентни, понекогаш дури и малку агресивни, храбри и подготвени да ризикувате. Најдобрата боја на кармин за вас е црвената. Ако тоа не е она што ве отсликува, покажете ја вашата самодоверба ставајќи кармин во боја на костен.rn

    Бик

    rnБикот е силен, доверлив, полн со љубов, доста конзервативен, емотивен и во повеќето случаи, воден од здравиот разум. Совршени нијанси на кармин за дамите родени во хороскопскиот знак Бик се светлорозовата и виолетовата.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се експресивни, друштвени, забавни, внимателни и фасцинирани од животот. Најдобрите нијанси на кармин кои им одговараат на овие дами се виолетовата, бојата на вино и бојата на малина. Тие совршено го отсликуваат друштвениот и забавен карактер на Близнаците.rn

    Рак

    rnРаковите имаат силна интуиција. Тие се сентиментални, емотивни, чувствителни, ориентирани кон семејството и лојални. Најдобрите нијанси на кармин за дамите родени во овој хороскопски знак се полесните нијанси на розова, неутралните нијанси или бојата на кожа бидејќи тие најдобро ја отсликуваат мирната природа на Ракот.rn

    Лав

    rnЛавовите се лидери кои понекогаш се многу драматични, но тие поседуваат огромна количина самодоверба и креативност. Тие се доминантни, дарежливи, склони кон преземање ризици и постигнување на она што им е предвидено. Совршена нијанса на кармин за припадничките на овој хороскопски знак е црвената, но може да стават и посветла нијанса на виолетова боја.rn

    Девица

    rnЛичностите родени во овој хороскопски знак обрнуваат многу внимание на деталите. Вие сте внимателни, прилично конзервативни, опуштени и грижливи. Најдобрата боја на кармин за вас е суптилната розова нијанса, бидејќи покажува колку сте слатки, грижливи и опуштени. Најмногу ви одговара кармин кој е речиси безбоен.rn

    Вага

    rnВагите се мирни личности, опуштени, искрени, романтични и секогаш претпочитаат квалитет над квантитет. Најдобрите нијанси на кармин за дамите родени во овој хороскопски знак се нежните корални тонови и романтичните нијанси на розова боја.rn

    Скорпија

    rnДамите родени во овој хороскопски знак се страсни, упорни, решителни, снаодливи, малку мистериозни и многу лојални. Идеалните нијанси за Скорпииите се кармин во боја на костен и темна нијанса на црвена боја бидејќи тие им помагаат на овие дами дополнително да ги истакнат самодовербата и страста.rn

    Стрелец

    rnСтрелците се многу љубопитни, енергични, со отворен ум, непомирливо оптимистични, забавни и спремни на акција. Совршени нијанси на кармин за дамите родени во овој хороскопски знак се земјените тонови кои само дополнително нагласуваат колку се приземни.rn

    Јарец

    rnПриземни, но трпеливи, жените родени во хороскопскиот знак Јарец се многу внимателни, честопати тврдоглави, интелигентни, практични, зрели и имаат добра смисла за хумор. Нивната личност најдобро се отсликува преку потоплите нијанси на кармин, а најмногу им одговара розовата боја.rn

    Водолија

    rnПрипадничките на овој хороскопски знак се многу спонтани, но исто така и бунтовни и непредвидливи. Ако сакате да ги потенцирате овие карактеристики, најдобро е да користите кармин во портокалова или силно црвена боја.rn

    Риби

    rnРибите се пријателски настроени кон околината, многу страсни, дарежливи, толерантни, но честопати живеат во свет на фантазија. Нијансите што совршено им одговараат на припадничките на овој хороскопски знак се кармините во боја на праска или пудра розова боја.rnrnПрочитајте кои 6 хороскопски знаци може да ве излудат.

  • 8 нијанси на кармин што треба да ги пробате оваа пролет

    8 нијанси на кармин што треба да ги пробате оваа пролет

    Без оглед на вашите навики за шминкање, сигурно сте забележале дека карминот му дава свежина на лицето и целата шминка изгледа многу подобро ако ја изберете вистинската нијанса на кармин. Ако веќе ви се здодевни вообичаените бои на кармин што ги користите секојдневно, погледнете кои бои ќе бидат во тренд оваа пролет.rn

    1. Мат црвена

    rn8 нијанси на кармин што треба да ги пробате оваа пролетrnrnАко сакате да пробате мат кармин, но не сте сигурни како ќе изгледа, ставете црвен кармин што секојдневно го користите и одозгора ставете пудра во прав за да постигнете мат изглед.rn

    2. Бледорозова

    rn8 нијанси на кармин што треба да ги пробате оваа пролетrnrnОваа нијанса е одличен избор само ако ги нагласите трепките.rn

    3. Боја на цигла

    rn8 нијанси на кармин што треба да ги пробате оваа пролетrnrnОваа нијанса е совршен избор за преку ден.rn

    4. Металик виолетова

    rn8 нијанси на кармин што треба да ги пробате оваа пролетrnrnВиолетов кармин и металик сенка се совршена вечерна комбинација ако сте похрабри.rn

    5. Корални усни

    rn8 нијанси на кармин што треба да ги пробате оваа пролетrnrnКоралните усни се соодветни и за на плажа и за љубовен состанок. По нанесувањето на карминот, нежно потапкајте ги усните со прстите.rn

    6. Портокалова

    rn8 нијанси на кармин што треба да ги пробате оваа пролетrnrnОваа боја не е за секого, но ако се осмелите да ја испробате, треба да знаете дека остатокот од шминката не треба да биде нагласен.rn

    7. Речиси црвено

    rn8 нијанси на кармин што треба да ги пробате оваа пролетrnrnНиту црвена, ниту розова, ниту портокалова, туку нешто помеѓу, нијанса што одговара на сите нијанси на кожа.rn

    8. Боја на вино

    rn8 нијанси на кармин што треба да ги пробате оваа пролетrnrnОваа нијанса никогаш нема да излезе од мода и е одличен избор за вечерно излегување.rnrnПрочитајте кои 6 бои на коса ќе бидат модерни во 2020 година.

  • Неколку совети за правилно нанесување на мат кармин

    Неколку совети за правилно нанесување на мат кармин

    Мат кармините се впечатливи, но не премногу и му овозможуваат на цел изглед елегантна нота додека истовремено и не изгледаат премногу формално. Тие се идеални за вечерни излегувања, но и за секојдневно носење и не постои дама која барем еднаш не пробала ваков кармин.rnrnrnrnЕдинствената маана на овој кармин е тоа што поголемиот дел од нив ги сушат усните и на крајот од денот можат да изгледаат лошо и неуредно. Сепак, и ова може да се реши во само неколку едноставни чекори. Кога знаете што треба да правите, нештата се многу поедноставни.rn

    Пилинг на усните

    rnСо цел да го спречите брзото сушење на усните, и истовремено да ја отстраните целата испукана кожа, потребно е да направите благ пилинг. Инвестирајте во производи обогатени со шеа путер и витамин Е, кои благотворно делуваат на кожата на усните. Ова е првиот чекор за долготрајност и нежен изглед на мат карминот.rn

    Редовна хидратација

    rnКожата на усните има три слоја (за споредба, остатокот од телото има околу 15), поради што не произведува природно масло, односно себум, чија задача е заштита и хидратација. Токму затоа и усните се посклони на УВ оштетувања и генерално повеќе се „трошат“ од самотокот од кожата. Токму затоа е и важно редовно да ги хидрирате со посебни маски и балсами за усни за тие да останат меки.rn

    Квалитетен прајмер

    rnПрајмерот е одлична подлога за нанесување на кој било кармин, сјај или моливче. Но, тој е особено добар за мат кармините затоа што помага при рамномерното нанесување и овозможува подолго траење.rn

    Дефинирање на усните

    rnКористењето на моливчето пред нанесувањето мат кармин ќе ви помогне да останете во линиите и совршено да ги обоите усните. Водете сметка и моливчето да биде мат за подобар ефект.rn

    Нанесување на карминот

    rnКога ќе ги подготвите усните во целост, тие ќе бидат спремни за последниот чекор – карминот. Немојте да нанесувате повеќе од еден слој бидејќи ризикувате во целост да ги исушите усните и да добиете изглед каков што сигурно не посакувате. Ако не успеете од прва убаво да го распределите карминот, направете го тоа со прстите или со четка наместо со втор слој.rnrnПрочитајте и што вели формата на врвот на вашиот омилен кармин за вас.

  • Кој кармин за усни го преферирате? Изборот што ќе го направите открива нешто повеќе за вас!

    Кој кармин за усни го преферирате? Изборот што ќе го направите открива нешто повеќе за вас!

    Време е за забавен тест! Карминот за усни што ви се допаѓа може да каже нешто за вашите одлики. Погледнете ја сликата подолу и одберете еден кармин за усни кој го сакате. Секоја боја има одредено значење што ќе открие нешто интересно за вас.rnrnrn

    Боја 1

    rnГо живеете животот со леснотија. Секоја поединечна задача за вас е тест што ќе ви покаже дали можете целосно да ѝ се предадете. Тоа е единствениот начин да живеете без премногу анксиозност и притисок. Тешките задачи ги претворате во забава и им пристапувате интелигентно и со желба.rn

    Боја 2

    rnАко ја преферирате оваа боја на кармин тоа значи дека сте личност која им приоѓа на работите со бистра глава. Јасно ја гледате својата цел и никогаш не ја губите од вид. Благодарение на вашата посветеност ќе постигнете сè што ќе посакате. Но, никогаш не делувајте без да размислите. Дајте си време и проценете ја ситуацијата. На тој начин ќе го постигнете тоа што навистина го посакувате.rn

    Боја 3

    rnИзборот на оваа боја на кармин за усни говори дека многу размислувате, а понекогаш тоа размислување ве спречува да ги видите удобните и едноставните страни на нештата. Но, таа скриена желба се развива и на крајот ќе ви помогне да пронајдете стабилност помеѓу мудроста и емоцијата. Имате сè што е потребно за да ја срушите тенката линија помеѓу рационалното и емоционалното, а тоа ќе ви помогне во совладување на подемите и падовите во вашиот живот.rn

    Боја 4

    rnИмате многу невидливи таленти. Креативна личност сте, но и фантазер. Поради вашата способност за сосредоточување можете силно да го изразите своето мислење што резултира со урамнотежен ум. Искористете ја оваа предност, особено во тешки ситуации бидејќи во состојба сте да останете мирни и да ја задржите главата бистра. Секогаш ги држите работите под контрола и расчистувате со нештата што не ви се важни во животот.rn

    Боја 5

    rnНа работите им пристапувате квантитативно и со голема енергија. Вие сте тактични, суптилни, сочувствителни и точно знаете што сакате од животот. Сепак, сè уште мора да вложувате напор за да ја постигнете својата цел. Вашата природа ве прави храбри и обично го завршувате она што сте одлучиле да го направите бидејќи во спротивно знаете да се критикувате себеси. Не поставувајте цели за невозможни работи туку трудете се да го постигнете она што навистина можете.rn

    Број 6

    rnИмате силни и препознатливи одлики. Одлучни сте, покажувате голема ментална сила и имате силен оган во вас што се бори со толку енергија. Сте се соочиле со некои груби нешта во вашиот живот, но сега сè е зад вас. Имате сè што е потребно за да се издигнете над сè како феникс од пепел.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Расположени сте за уште еден психолошки тест? Кликнете на првото нешто што ќе ви падне во очи и дознајте што ве измачува во моментов.rnrn[/message_box]

  • 3-те најпопуларни нијанси на кармин за оваа пролет

    3-те најпопуларни нијанси на кармин за оваа пролет

    Карминот е завршниот детаљ на секој модерен и привлечен стил. Исто така, карминот им помага на жените да се чувствуваат женствено и самоуверено. Погледнете ги 3-те нијанси на кармин кои треба да ги пробате оваа пролет.rn

    1. Пудра розова

    rn3-те најпопуларни нијанси на кармин за оваа пролетrnrnЕдна од најпопуларните пролетни бои сега ја има и на кармините. Станува боја за „гол“ кармин со светло розов финиш, кој нема да ве остави рамнодушни. Оваа нијанса е одлична за дневно излегување. Романтичната боја ќе ви помогне да изгледате неверојатно.rn

    2. Нежен корал

    rn3-те најпопуларни нијанси на кармин за оваа пролетrnrnКоралните нијанси ѝ се доближуваат на црвената, но се многу нежни и не се толку „нападни“. Ова е нијанса која можете да ја носите во секаква прилика, без разлика дали е ден или ноќ. Исто така ова е бојата на годината, па со неа секако ќе изгледате модерно и впечатливо.rn

    3. Боја на вино

    rn3-те најпопуларни нијанси на кармин за оваа пролетrnrnДоколку барате кармин за вечерните излегувања кој на одличен начин ќе ви ги истакне усните, тогаш одберете боја на вино. Оваа нијанса ќе го разубави целиот ваш изглед. Покрај тоа, одлично стои на речиси секаков тен.rnrnПогледнете и кои комбинации на бои секогаш изгледаат беспрекорно.

  • Како до беспрекорен изглед со најпопуларната боја на кармин за оваа сезона?

    Како до беспрекорен изглед со најпопуларната боја на кармин за оваа сезона?

    Нестандардните бои на кармини стануваат сè попопуларни, а се осмелуваат да ги носат и не толку храбрите девојки. Многу козметички компании во својата понуда имаат најразлични бои и нијанси, од нежни розови и интензивно црвени, до сини, жолти, зелени и црни. Пејачката Ријана е една од популарните личности кои имаат свои колекции шминка со вакви нијанси.rnrnКако успешно да ја носите најпопуларната боја на кармин оваа пролетrnrnОвој тренд досега го прифаќаа најхрабрите девојки кои обожаваат да експериментираат со најразлични изгледи, но може да го носат дури и оние кои немаат целосна доверба во бојата на оваа пролетна сезона – сината. Потребно е само да се следат неколку едноставни чекори, за изгледот да биде беспрекорен.rnrn1. Испуканите усни се причина поради која нанесениот кармин може да изгледа ужасно, без разлика која е бојата. Направете благ пилинг пред да се шминкате.rnrn2. Нанесете тенок слој пудра и врз усните, за да добиете изедначена боја со тенот. На овој начин создавате добра основа за нанесување на карминот.rnrnКако успешно да ја носите најпопуларната боја на кармин оваа пролетrnrn3. Нанесете подлога за усни. Можете да ја најдете во поснабдените парфимерии. Исто така, можете да нанесете и малку безбоен балсам за усни.rnrn4. Почекајте усните да го впијат балсамот и потоа нанесете кармин. Несовршеностите на рабовите на усните ќе ги коригирате со помош на моливче за усни.rnrnКако успешно да ја носите најпопуларната боја на кармин оваа пролетrnrn5. Исцртајте ги усните со моливче во сина боја по рабовите. Можете да користите и специјално моливче за усни, но доколку не успеете да најдете, ќе заврши работа и моливчето за очи во слична боја на карминот.rnrn6. Нежно бакнете хартиено марамче, за да го отстраните вишокот. За да ја истакнете бојата одозгора додајте проѕирен сјај за усни. Доколку сте љубител на мат финишот, изоставете го сјајот.rnrnИзберете ја нијансата на кармин која ви се допаѓа и откријте нешто повеќе за вашата внатрешна убавина.

  • Кој кармин ви се допаѓа најмногу? Изборот ќе ви открие нешто повеќе за вашата внатрешна убавина

    Кој кармин ви се допаѓа најмногу? Изборот ќе ви открие нешто повеќе за вашата внатрешна убавина

    Можеби не сте свесни за тоа, но карминот што го носите открива многу работи за вашиот карактер. Карминот е заштитен знак на секоја девојка, без разлика дали станува збор за пастелно розов, огнено црвен или храбро портокалов. Погледнете ја фотографијата и одберете го карминот што би сакале да го носите. Секоја боја има одредено значење и ќе ви открие нешто интересно за вашата внатрешна убавина…rnrn(1) Кој кармин ви се допаѓа најмногу? Изборот ќе ви открие нешто повеќе за вашата внатрешна убавинаrn

    Кармин под број 1

    rnГо живеете животот со леснотија. Секој проблем го гледате како предизвик кому целосно му се посветувате. Тоа е единствениот начин на кој успевате да живеете без премногу анксиозност и стрес. Тешките задачи ги претворате во забава и ги решавате со помош на шарм и интелигенција.rn

    Кармин под број 2

    rnАко ја претпочитате оваа боја на кармин, тоа значи дека на проблемите им пристапувате со бистра глава. Јасно ја гледате својата цел и никогаш не ја губите од видик. Благодарение на вашата посветеност, ќе постигнете сѐ што ќе посакате. Но, никогаш не дејствувајте без размислување. Дајте си време и проценете ја ситуацијата. На тој начин, конечно ќе ги остварите сите ваши желби.rn

    Кармин под број 3

    rnОвој избор открива дека многу размислувате и тоа понекогаш ве спречува да ја согледате едноставната страна на работите. Сепак, на крајот ќе успеете да пронајдете рамнотежа помеѓу разумот и емоциите. Имате сѐ што ви е потребно за да застанете на границата помеѓу рационалноста и емоционалноста, а тоа ќе ви помогне да се справите со успесите и поразите во вашиот живот.rn

    Кармин под број 4

    rnПоседувате многу скриени таленти. Имате бујна фантазија и многу сте креативни. Благодарение на вашата способност да се фокусирате, секогаш можете јасно да го искажете вашето мислење, а тоа доведува до урамнотежен ум. Искористете ја оваа предност, особено во тешките ситуации, затоа што секогаш успевате да останете мирни и да размислувате со ладна глава. Секогаш ги држите работите под контрола и јасно ви е кои нешта ви се важни во животот.rn

    Кармин под број 5

    rnВие на работите им пристапувате објективно и енергично. Многу сте тактични, суптилни, сочувствителни и точно знаете што сакате од животот. Сепак, сѐ уште треба да вложувате многу труд за да ја остварите вашата цел. Вашата активна природа ви помага да бидете храбри и обично го довршувате она што сте го започнале, бидејќи во спротивно знаете да се критикувате себеси. Не си поставувате невозможни цели и се обидувате да го постигнете она што навистина го можете.rn

    Кармин под број 6

    rnИмате силен и препознатлив карактер. Одлучни сте, покажувате голема ментална сила и поседувате силен оган кој се бори со огромна енергија. Сте поминале низ тешки периоди во животот, но тоа сега е зад вас. Имате сѐ што ви е потребно за да се издигнете како феникс од пепелта.rnrnДоколку ви се допадна овој тест, одберете го вашето омилено цвеќе и дознајте повеќе за вас.rnrnЖенски тест на личноста: Одберете го вашето омилено цвеќе и дознајте повеќе за вас

  • Кога треба да одберете кармин во интензивни бои, а кога да побарате подискретна нијанса?

    Кога треба да одберете кармин во интензивни бои, а кога да побарате подискретна нијанса?

    Добриот кармин може да направи чуда за вашето лице. Токму затоа понекогаш е доволно само да нанесете малку интензивен кармин на усните и малку маскара на трепките за да изгледате неверојатно. Меѓутоа, интензивниот кармин за усни не знае да го носи баш секоја жена. За ваквиот кармин е потребна одредена доза самодоверба, бидејќи со него ќе привлечете внимание, без разлика на тоа дали ќе се одлучите за класичен црвен кармин или пак за нијанса на силна розова, корална, портокалова, виолетова боја… rnrn1-koi-situacii-se-idealni-za-nosenje-na-karmin-vo-intenzivni-boi-a-koga-treba-da-go-zamenite-so-nekoja-podiskretna-nijansa-www.kafepauza.mk_rnrnНикогаш немојте да го заборавите правилото дека доколку нанесете интензивен кармин, останатата шминка треба да биде минимална. Нанесете малку маскара за волумен, без молив за очи или ајлајнер. Руменилото нека биде дискретно и минимално. Или пак, одлучете се за ајлајнер или за молив за очи и маскара за подолги трепки, без сенка за очи. Руменилото, исто така, нека биде дискретно.rn

    СООДВЕТНИ СИТУАЦИИ ЗА ИНТЕНЗИВЕН КАРМИН:

    rn

    1. Носење очила

    rnШминкањето на очите знае да биде малку комплицирано кога носите очила, бидејќи сенката не доаѓа до израз или пак, е премногу нагласена, доколку не е стручно нанесена. Токму затоа во овој случај добриот кармин е вашиот најдобар пријател, бидејќи ќе му даде баланс на лицето кога носите очила.rn

    2. Дружење со пријателките

    rnВремето кое го минувате со вашите пријателки е идеално за тестирање нови трендови во убавината. Ви предлагаме пред вашите пријателки за прв пат на „тест возење“ да го земете вашиот најнов кармин, бидејќи тие најдобро ќе ви кажат дали ви прилега или не.rnrn3-koi-situacii-se-idealni-za-nosenje-na-karmin-vo-intenzivni-boi-a-koga-treba-da-go-zamenite-so-nekoja-podiskretna-nijansa-www.kafepauza.mk_rn

    3. Лудо излегување

    rnНема подобра прилика за носење кармин со интензивна боја! Само во оваа ситуација одлучете се за мат варијанта или уште подобра опција е трајниот течен кармин, бидејќи трае подолго и не се пресликува на чашите.rn

    4. Венчавка (па дури и својата)

    rnИма ли нешто поубаво од ретро црвен кармин? Класична шминка со дискретна сенки на очите и истакнати црвени усни секогаш изгледа преубаво, па дури и во контраст со белата венчаница.rnrn2-koi-situacii-se-idealni-za-nosenje-na-karmin-vo-intenzivni-boi-a-koga-treba-da-go-zamenite-so-nekoja-podiskretna-nijansa-www.kafepauza.mk_rn

    5. Презентација на работното место

    rnДобриот кармин за усни докажано го подобрува расположението и ја подига самодовербата. Затоа, ако ви е потребна дополнителна поддршка кога се соочувате со говор во јавноста, тогаш изберете кармин во интензивна нијанса. Добра препорака е класичната црвена боја која им прилега добро на сите жени.rn

    НЕСООДВЕТНИ СИТУАЦИИ ЗА ИНТЕНЗИВЕН КАРМИН:

    rn

    1. „Зачадена“ шминка

    rnСигурни сме дека обожавате убава зачадена шминка, но во тој случај потребна е некоја подискретна нијанса на кармин, бидејќи не сакате целото лице да ви изгледа пренатрупано и претерано. Повеќе на едниот крај од лицето секогаш значи помалку на другиот крај.rnrn4-koi-situacii-se-idealni-za-nosenje-na-karmin-vo-intenzivni-boi-a-koga-treba-da-go-zamenite-so-nekoja-podiskretna-nijansa-www.kafepauza.mk_rn

    2. Шопинг на облека

    rnНекои жени сакаат да бидат средени кога излегуваат од домот, без разлика за каква прилика станува збор. Ако припаѓате во оваа група, тогаш имајте на ум дека при шопингот мора да се одлучите за некоја подискретна боја на кармин, или уште подобро целосно да го прескокнете. Тоа треба да го направите затоа што при соблекувањето карминот може да предизвика голема штета на ткаенината, а некои кармини многу тешко се вадат од облеката.rn

    3. Прв љубовен состанок

    rnНосењето кармин со интензивна боја не се препорачува на првиот љубовен состанок, особено доколку одите на вечера, па вашиот кармин би можел да се преслика на вашите заби. Но, и вашиот партнер може да посака да ве бакне на крајот од вечерата, а сигурни сме дека не сакате да си замине дома извалкан со кармин околу усните.rnrn5-koi-situacii-se-idealni-za-nosenje-na-karmin-vo-intenzivni-boi-a-koga-treba-da-go-zamenite-so-nekoja-podiskretna-nijansa-www.kafepauza.mk_rn

    4. Запознавање со неговите родители

    rnЗа првата средба со семејството на вашиот партнер треба да изберете пристојна шминка. И тука важи истата ситуација како и кај првиот љубовен состанок. Ако планирате да вечерате со нив нема да се грижите за тоа дали вашиот кармин ќе се избрише додека јадете или ќе се преслика на брадата и забите.rn

    5. Погреб

    rnОд чиста почит кон покојната личност и нејзиното семејство вие не би требало да го привлекувате вниманието со ултра интензивен кармин. Во оваа ситуација изберете дискретна и пристојна шминка или целосно прескокнете ја.rnrnА, доколку сте вистински љубители на интензивните кармини, погледнете кои работи може да ги разберат само девојките кои се опседнати со црвен кармин.

  • Дознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)

    Дознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)

    Најчесто, моќните бои се впечатливи и ви помагаат да мислите дека можете да го освоите светот. Но, нештата се сменија! Според едно истражување спроведено од страна SkinStore, кармините со неутрална боја најмногу влијаат на моќта на жените. Добро прочитавте! Нијансите кои едвај можете да ги забележите им помагаат на луѓето да се чувствуваат најдобро. Но, тоа не е единствената боја на листава што ќе ве изненади. Се чини дека претопувањето е новото издвојување од толпата.rnrnДознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)rnrnТрендовите за убавина доаѓаат и си одат, па најверојатно истото се има случено и со моќните бои. Иако црвената боја најчесто се поврзува со женската моќ, 2.000 жени изјавиле дека неутралните кармини прават да се чувствуваат поубави и попривлечни. И покрај тоа што црвената, виолетовата и кафеавата се забавни и впечатливи бои, повеќето луѓе не ги претпочитаат тие нијанси.rnrnВо првите 5 најмоќни нијанси спаѓаат неутралните, светло розовите, боја на малина, темно розовите и светло црвените. Иако има две нијанси на црвена боја во првите 5, светлите нијанси ги заземаат првите 2 места. Верувале или не, суптилните нијанси се официјално новите впечатливи бои кои ќе ви помогнат да се издвоите од толпата.rnrnДознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)rn

    „Дознаваме дека жените се многу анксиозни кога станува збор за природниот изглед на нивната кожа и постојано се под притисок да изгледаат најдобро што можат“, откриле експертите.

    rnНо, тоа не значи дека луѓето се чувствуваат попријатно во своја кожа. Истражувањето открило дека 50% од жените не би отишле на работа без шминка на лицето, а само 2% од нив изјавиле дека се чувствуваат прекрасно.rnrnРозовата штотуку стана новата црвена и дефинитивно постои причина зошто поседувате толку многу кармини со неутрална боја.rnrnВо продолжение прочитајте како да изберете идеална боја на кармин според бојата на вашата коса.

  • Читање од усни: Бојата на карминот што го носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намери

    Читање од усни: Бојата на карминот што го носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намери

    Првиот состанок е нешто за што девојките многу се подготвуваат. Но, освен на облеката и на вашата коса, посебно внимание треба да обрнете и на карминот кој го користите. Се прашувате зошто? Затоа што тој може да открие многу за вашите намери со мажот со кој излегувате! Погледнете какви сигнали испраќаат одредени бои.rn

    1. Црвена

    rnЧитање од усни: Бојата на кармин која ја носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намериrnrnТрадиционално, ова е боја на љубовта и на романтиката, па црвената боја на кармин ќе му даде до знаење дека вечерта која следи ќе биде многу бурна.rn

    2. Розова

    rnЧитање од усни: Бојата на кармин која ја носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намериrnrnОва е боја на флертот, која одржува среќа, опуштеност и пријателство, а е совршена за вечерно излегување со пријателите или со оној кој би сакале да ви стане нешто повеќе од само пријател. Колку е потемна нијансата, толку вашите намери се помрачни.rn

    3. Беж нијанса

    rnЧитање од усни: Бојата на кармин која ја носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намериrnrnТреба ли нешто да се додаде за оваа нијанса на гола кожа? Овој кармин е шармантен, а истовремено и интимен.rn

    4. Виолетова

    rnЧитање од усни: Бојата на кармин која ја носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намериrnrnОваа боја покажува дека сте авантуристи. Никој нема да може да предвиди како ќе заврши вечерта и дали сакате да започнете нешто или не.rnrnПрвиот состанок секогаш е предизвик, па затоа прочитајте што треба, а што не треба да правите!