КАФЕ ПАУЗА

Tag: кармин

  • Најпопуларниот тренд за убавина за 2016 година веќе го имате во вашиот несесер!

    Најпопуларниот тренд за убавина за 2016 година веќе го имате во вашиот несесер!

    Се прашувате кој е најголемиот тренд за убавина оваа година? Само погледнете во вашиот несесер со козметика и веќе го имате одговорот! Овој софистициран и секси тренд го поставиле прочуените диви, манекенки и старлети, а станува збор за мат карминот и тоа оној со нијанса на кожата.rnrnНајпопуларниот тренд за убавина за 2016 година веќе го имате во вашиот несесер!rnrnБлогерките за убавина и познатите личности го прифатиле овој тренд, а „обичните“ жени полудеа за истиот, затоа што е практичен, елегантен и совршен за визуелно зголемување на усните. Сигурно веќе сте го испробале ова, но за совршени усни со боја на кожата, потребно е да ги следите овие пет златни правила.rn

    1. Пилинг на усните

    rnУсните со боја на кожата откриваат мали недостатоци и затоа е важно вашите усни секогаш да бидат негувани и меки. Брз пилинг можете да си направите така што ќе ги четкате со стара четка за заби, два до три пати неделно.rn

    2. Не заборавајте го коректорот

    rnАко пред нанесувањето кармин, на усните ставите коректор со боја на кожа, вие ќе ги подготвите совршено. Ова ќе ви помогне да го намалите можното црвенило околу усните и да ги „сокриете“ неправилните рабови.rnrnНајпопуларниот тренд за убавина за 2016 година веќе го имате во вашиот несесер!rn

    3. Молив за усни

    rnИсцртајте ги усните со молив во нијанса на карминот. Така ќе ги дефинирате контурите, визуелно ќе ги зголемите и ќе направите карминот да биде поинтензивен и подолготраен.rn

    4. Нанесете го карминот со прстите

    rnПрофесионалните шминкери советуваат дека најдобра „алатка“ за нанесување на карминот се вашите прсти. Тие тврдат дека на овој начин усните ќе ви изгледаат помеки и поприродни и дека карминот подолго време ќе се задржи на вашите усни.rnrnНајпопуларниот тренд за убавина за 2016 година веќе го имате во вашиот несесер!rn

    5. Изберете ја вистинската нијанса

    rnВажно е да ја пронајдете вистинската нијанса за себе. Избегнувајте целосно бледи бои. На пример, доколку имате светол тен, тогаш одлучете се за розови нијанси или боја на праска. За средна или темна кожа, користете нијанси кои по малку наликуваат на кафеави.

  • Направете сами: Кармин од лижавчиња

    Направете сами: Кармин од лижавчиња

    Сте се соочиле ли со ситуација кога ќе вкусите одредени лижавчиња и истите ќе остават боја на вашите заби и усни? Повеќето ќе дадат потврден одговор. Но, дали некогаш сте помислиле оваа несакана последица да ја употребите како кармин? Доколку сега вашиот одговор е не, тогаш време е погледнете како да го направите тоа.rnrnНаправете сами: Кармин од лижавчињаrn

    За подготовка на кармин, потребно ви е:

    rn

      rn011

    • Неколку лижавчиња во боја
    • rn011

    • Пластична кеса
    • rn011

    • Чекан
    • rn011

    • Вода
    • rn011

    • Вазелин
    • rn011

    • Пакување од стар, истрошен кармин
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНајпрво одвиткајте едно лижавче во каква боја сакате и ставете го во пластичната кеса. Потоа, земете чекан и удирајте по лижавчето кое веќе се наоѓа во кесата, сѐ додека не стане како прав. Ставете ја смесата во чаша и додајте малку вода, па промешајте. Земете вазелин, стопете го на 30 секунди во микробранова и префрлете го во друг сад, каде што потоа ќе ја додадете водата со растопеното лижавче. Промешајте, оставете да се замрзне, па повторно промешајте. Земете пакување од стар кармин кој веќе сте го истрошиле и ставете ја смесата внатре. Потоа, ставете го карминот во замрзнувач и почекајте. rnrnДоколку сакате вашиот кармин да изгледа како блед сјај, тогаш можете веднаш да го користите. Но, ако сакате да има поинтензивна боја, тогаш потребно е да додадете боја за храна…rnrnЗвучи интересно, забавно, а и вкусно.rnrnПогледнете го и видеото за подетално да ги видите инструкциите.rnrn

  • 7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

    7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

    Кога станува збор за кармините, жените секогаш имаат голем избор. Во пролет и лето најчесто се присутни светлите бои, како розовата и портокаловата, додека пак во есен, боите се потемни со потопли нијанси. Без разлика дали сте голем љубител на шминкањето или не, овие бои на кармини ќе ве воодушеват. Во продолжение погледнете ги 7-те најпопуларни нијанси и обидете се да ја изберете вашата омилена боја за оваа сезона.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

    1. Црна

    rnЗошто да не бидете храбри оваа есен и да изберете црн кармин? Ако сте повеќе конзервативни можеби ова нема да ви изгледа како добра идеја, но доколку сте подготвени да го изненадите светот, ова дефинитивно е вашиот вистински избор.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

    2. Сина

    rnУште една боја која храбрите девојки би можеле да ја пробаат е сината. Кога станува збор за нијансите, можете да изберете светла тиркизна или пак, индиго боја.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

    3. Кафеава

    rnКафеавата боја на кармин е голем тренд во претстојните есенски месеци, а тука не станува збор за каква било нијанса. Иако постојат повеќе бои кои имаат нијанси на портокалово, оваа сезона обидете се со темно кафеава боја.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

    4. Темно портокалова

    rnДодека светлите нијанси на портокаловата боја се резервирани за потоплите месеци, темно портокаловите се одлични за во есен. Не само што оваа боја потсетува на есенските листови, туку истата совршено си одговара и со другите класични есенски бои.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

    5. Темно црвена

    rnАко постои една боја која можете да ја носите во секоја сезона, тогаш без сомнение тоа е црвената. Од непознати причини, црвената е класична боја која е дел од сечија колекција за шминкање. Исто како и повеќето нијанси на оваа боја, така и темно црвената одговара со секаква облека.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

    6. Сива

    rnСивата боја е тренд кој брзо расте, а многу љубители на шминката се спремни да го следат. Пепелавата нијанса освојува многу жени, пред сѐ поради тоа што одговара на секаква боја на кожа.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrn

    7. Виолетова

    rnПоследна, но не и помалку важна боја е токму виолетовата. Доколку сѐ уште чувствувате дека не сте храбри да ги испробате црната, темно кафеавата или темно портокаловата боја, секогаш најпрво можете да започнете со виолетовата. За да ја постигнете посакуваната нијанса, обидете се да ставите посветла боја во основата.rnrn7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезонаrnrnСо помош на овие бои, истакнете ја својата убавина оваа есен. Шминкањето подразбира и експериментирање, а како би знаеле која е бојата што најдобро ви прилега, доколку не ја испробате?

  • Лесен начин да ги скриете сувите усни зад карминот

    Лесен начин да ги скриете сувите усни зад карминот

    Усните се сметаат како сензуален дел од телото, па нивното нагласување може да направи жените да изгледаат попривлечно за спротивниот пол. Но, што кога ќе се соочите со суви усни, при што секое нанесување кармин ви изгледа како мало измачување? И покрај тоа што купувате различни балсами за усни, постои уште еден трик кој се покажал како многу покорисен. Сѐ што ви е потребно е мала крпа и вашата крема за очи.rnrnЛесен начин да ги третирате сувите усниrnrnЕве што да направите: Ставете ја крпата под топла вода, па со нежни кружни движења измазнете ја површината. Потоа, со показалецот ставете малку крема, количина со големина колку едно зрно грашок, па допирајте до усните сѐ додека тие не ја апсорбираат. На крај, нанесете го омилениот кармин.rnrnОвој метод е корисен затоа што кремата за очи содржи хидратантни состојки и е помалку мрсна од балсамот, така што ќе резултира со подолго траење на карминот. Сепак, продолжете паралелно и со користење балсам и пијте многу повеќе вода, со цел побрзо да ги освежите усните и да се ослободите од овој здодевен проблем.

  • Што би требало веднаш да исфрлите од вашата козметичка торба?

    Што би требало веднаш да исфрлите од вашата козметичка торба?

    Поголемиот дел од жените, во нивните козметички торби имаат многу непотребни производи кои само создаваат губење на време и погрешен избор во приликите кога е потребно брзо да се нашминкаат или да ја поправат шминката. Време е да научите што е потребно да исфрлите од вашата козметичка торба.rnrn1-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_rn

    1. Старата маскара

    rnМаскарата е омилениот козметички производ на поголемиот дел од жените. Но, таа има свој рок на траење, а тоа најчесто е шест месеци. Добро проверете го датумот, бидејќи вашата стара маскара може да ви предизвика инфекции на очите.rnrn2-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_rn

    2. Оштетената шминка

    rnОд козметичката торба треба да го исфрлите сето она што е оштетено или скршено, вклучувајќи ги и оние нешта кои промениле боја, мирис и изглед. Доколку после употребата, производот не е добро затворен, нечистотиите и микроорганизмите од воздухот може да навлезат во него. Таквиот козметички производ е штетен за кожата. Исто така, топлината и светлината придонесуваат за размножувањето на бактериите, па затоа производите би требало да ги чувате подалеку од директна сончева светлина.rnrn3-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_rn

    3. Карминот, моливот и сенката за очи

    rnНема никаква потреба да ги чувате козметичките производи кои не сте ги користеле во последните неколку години. Фрлете ги кармините, сенките и моливите за очи кои сте ги купиле пред 3-4 години. Исто така, ослободете се од течните производи во кој се појавил талог.rnrn4-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_rn

    4. Четките за шминкање

    rnНемојте да ги чувате старите козметички сунѓерчиња и четки кои се распаѓаат. Четките за шминкање кои моментално ги користите, секогаш чистете ги редовно за да спречите насобирање на бактериите.rnrn5-shto-bi-trebalo-pod-zadolzhitelno-da-isfrlite-od-vashata-kozmetichka-torba-www.kafepauza.mk_

  • Која боја на кармин да ја изберете летово за забите да ви изгледаат побели?

    Која боја на кармин да ја изберете летово за забите да ви изгледаат побели?

    Многу од жените летово можеби забележале дека една од најпопуларните летни нијанси на кармин – корално црвената, не им одговара баш најдобро на нивната насмевка. Ова наједноставно може да се објасни со правилата за комплементарност на боите. Сината и портокаловата, односно жолтата боја, стојат спротивно една од друга во спектарот на бои. Со оглед на тоа дека спротивностите се привлекуваат, сините тонови во кармините ги поништуваат жолтеникавите бои на нашите заби. Ви претставуваме неколку трикови со чијашто помош ќе ги избегнете „грозните“ нијанси на кармините, врз основа на тенот на вашата кожа или пак, ќе ги изберете оние коишто вашата насмевка ќе ја направат поблескава.rnrn(1) Која боја на кармин да ја изберете летово за да ви изгледаат забите побели?rn

    1. Изберете го вистинскиот црвен кармин

    rnЦрвениот кармин може да стои на секоја жена и девојка, само доколку ја изберете вистинската нијанса според тенот на вашата кожа. Тогаш, ќе дојдат до израз сите ваши атрибути и ќе направи вашите заби да изгледаат побели. Доколку сте со посветол тен, изберете црвен кармин со боја на вишна кој има сина основа и вашата насмевка ќе заблеска. Оние девојки и жени кои имаат потемен тен треба да изберат црвен кармин со нијанси на боите на виното или костенот. Виолетовата основа ќе направи чуда кога станува збор за белината на вашите заби.rn

    2. Боја на малини за поблескава насмевка

    rnРозовата е вообичаено понежна и посветла од црвената, па најчесто не може да го даде истиот ефект како потемните бои кои ја истакнуваат белината на забите. Но, розовите нијанси можат да ни дадат холивудска насмевка доколку се држиме до постудените тонови, како што е бојата на малините. Додека оние со корални или портокалови тонови треба да се избегнуваат.rnrn(2) Која боја на кармин да ја изберете летово за да ви изгледаат забите побели?rn

    3. Избегнувајте ги кафените тонови

    rnКафените кармини никако не ѝ ласкаат на вашата насмевка. На пример, бордо кармините со кафена основа ќе ги истакнат жолтите или темните дамки на вашите заби. Наместо нив, доколку имате посветол тон на кожата, користете кармини со боја на темни бобинки и сина основа, како оној со нијанси на слива. Жените со потемен тен најдобро ќе изгледаат со кармин во нијанса на црвен грав. Таа нијанса добро одговара речиси на секој тен, а нејзината сина основа ги прави посветли вашите заби.rn

    4. Обичниот сјај е вашиот најдобар пријател

    rnОбичниот сјај ќе им даде влажен изглед на вашите усни, а забите ќе изгледаат блескаво. Кармините во мат нијанси го предизвикуваат спротивниот ефект. Но, сјајот со седефести тонови треба да се избегнува затоа што ги прави посјајни нашите усни, но не и нашите заби.rnrn(3) Која боја на кармин да ја изберете летово за да ви изгледаат забите побели?rn

    5. Неонски бои

    rnОвие кармини ги истакнуваат вашите усни и потемнетиот тен по деновите минати на плажа, но забите ги фрлаат во втор план. Кармините со светли флуоресцентни нијанси никако нема да помогнат во истакнувањето на вашата насмевка, туку напротив, можат да ги направат вашите заби да изгледаат потемни.

  • Необичен изум: Кармин кој содржи вистински цвет и ја менува бојата според телесната температура

    Необичен изум: Кармин кој содржи вистински цвет и ја менува бојата според телесната температура

    Знаете ли дека постои кармин кој содржи вистински цвет во својата внатрешност? Погледнете го новиот изум на кинеската компанија Kailijumei кој полека ја освојува козметичката и шминкерската сцена. Изработен е од желе што овозможува совршен визуелен приказ на златните линеарни форми и вистинските цветови во него.rnrnПогледнете го новиот изум во козметиката: Кармин кој содржи вистински цвет и ја менува бојатаПогледнете го новиот изум во козметиката: Кармин кој содржи вистински цвет и ја менува бојатаrnrnИмињата на разните модели и бои се смели и впечатливи како „Огнено црвена“ или „Розова моќ на Барби“, но нијансите се сосема спротивни и кармините се произведуваат во нежни пастелни тонови. Она што е доста интересно е тоа што боите се менуваат во зависност од телесната температура и pH вредноста на вашето тело.rnrnПогледнете го новиот изум во козметиката: Кармин кој содржи вистински цвет и ја менува бојата Погледнете го новиот изум во козметиката: Кармин кој содржи вистински цвет и ја менува бојатаrnrnПа, како ви изгледаат? Дали би сакале да ги пробате овие интересни и необични кармини?rnrnПогледнете го новиот изум во козметиката: Кармин кој содржи вистински цвет и ја менува бојата Погледнете го новиот изум во козметиката: Кармин кој содржи вистински цвет и ја менува бојата Погледнете го новиот изум во козметиката: Кармин кој содржи вистински цвет и ја менува бојата Погледнете го новиот изум во козметиката: Кармин кој содржи вистински цвет и ја менува бојата

  • 5 грешки кои ги прават невестите кога е во прашање шминката

    5 грешки кои ги прават невестите кога е во прашање шминката

    Време е за ударната сезона на венчавки и со самото тоа радосен период за многубројни идни невести. Меѓутоа, додека венчаницата и чевлите се испробуваат и купуваат месеци однапред, без оглед на пробното шминкање, сè до последен момент нешто може да тргне на лошо. Сетете се само на многубројните фотографии на кои невестата изгледа чудно, премногу нашминкано, постаро или пак на вратот ѝ се познава портокалов премин од пудрата, а на образите гордо сјаат две крукчиња руменило… За жал, многу шминкери мислат дека свадбениот изглед мора да вклучува тешка шминка, но вие слушајте го вашето лице и своето огледало и обидете се да ги избегнете овие класични грешки.rnrnBeautiful elegant girl model with jewelry, makeup and retro hairrn

    1. Заборавете на „кречот“

    rn„Шминката мора да стои цела ноќ“, честопати кажуваат шминкерите и ставаат тонови пудра на лицето на кутрите невести. Ако вие сакате да нанесувате многу пудра, тогаш е во ред, во спротивно ве советуваме да пронајдете добра пудра која ќе го изедначи тенот и ќе ја матира кожата, но нема да се топи, размачкува, ниту да се впикува во брчките и на тој начин да ви додаде плус 5 години.rn

    2. Пудра околу очите

    rnКога ќе се насмеете (а ќе се смеете многу), на сите фотографии ќе ви се забележуваат брчките околу очите доколку ги намачкате со дебел слој пудра. За подочниците нека биде заслужен кремастиот коректор, а малку хајлајтер на врвот од јаболкниците ќе ја одбива светлината и на тој начин ќе ги направите брчките невидливи.rn

    3. Предолги трепки

    rnАко имате ситни очи, дали мислите дека ви се потребни најдолгите вештачки трепки? Огромните пластични трепки на сите изгледаат смешно и го одвраќаат погледот од очите и убавите црти на лицето. Изберете природни вештачки трепки кои само ќе ги потполнат вашите и ќе им дадат на должина, без никој да го забележи тоа.rnrnrn

    4. Премногу оцртани усни

    rnСите знаеме дека тоа го прави Кајли Џенер, а и многубројните Јутјуберки. Сепак, вас ќе ве гледаат стотина луѓе одблизу цел ден и цела ноќ, па цртата која ќе излегува од работ на усните ќе изгледа само смешно.rn

    5. Претерување со руменилото

    rn„Невестата мора да изгледа свежо“, е уште една популарна реченица на професионалните шминкери. Се сложуваме, но тоа не значи дека на образите треба да натрупате премногу розово или портокалово руменило, или уште полошо, темен бронзер. Запомнете го ова правило – руменилото не треба да биде првата работа што ќе „падне“ во очи кога некој ќе ве погледне.rnrnPortrait Of Beautiful Bride

  • Неверојатно видео од мејкап артистка која нанесува металик шминка на усните

    Неверојатно видео од мејкап артистка која нанесува металик шминка на усните

    Доколку ги следите модните трендови, сигурно знаете дека металик шминката е најновата мода. Но, ако сè уште не сте се осмелиле да го испробате овој изглед на вас, погледнете го ова неверојатно видео од мејкап артистката Ешли Розалес во кое таа нанесува металик кармин во различни бои.rnrnНеверојатно видео од мејкап артистка која нанесува металик шминка на уснитеrnrnВо видеото, Ешли користи овална четка за да ја нанесе шминката која се состои од кармин, сјај за усни и гел за усни. Таа ја нанесува шминката толку совршено, што ова видео ќе има смирувачко и релаксирачко дејство на вас. Освен тоа, ова е дефинитивен доказ дека металик усните уште долго ќе бидат присутни на модната сцена.rnrnНеверојатно видео од мејкап артистка која нанесува металик шминка на уснитеrnrnИако овој начин на шминкање можеби треба да го чувате за посебни прилики, дефинитивно нема да погрешите со металик шминката, бидејќи овој моден тренд ќе направи да блеснете и ќе ви даде храбар, одлучен и уникатен вечерен изглед. Нема сомнеж дека ќе го привлечете вниманието на сите присутни каде и да отидете.rnrnПогледнете го видеото и уживајте во совршената техника на оваа мејкап артистка.rnrn

  • Неколку совети за нанесување мат кармин без грешка

    Неколку совети за нанесување мат кармин без грешка

    Веќе некое време, благодарение на познатите дами кои ги популаризираа, мат кармините се апсолутен хит на пазарот. Меѓутоа, поради својата текстура и ефектот без сјај кој треба да го креираат, тие најчесто на усните оставаат чувство на исушеност и затегнување. Па затоа, прочитајте ги следниве неколку совети кои ќе ви послужат за полесно нанесување и поради кои овие кармини ќе изгледа беспрекорно на вашите усни во текот на целиот ден.rnrn1-mat-karmini-eve-kako-da-gi-nanesete-bez-greshka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Направете пилинг на усните

    rnИако најчесто се препорачува триење на усните со четка за заби, таа за нив најчесто е прегруба, особено ако имате чувствителна кожа. Наместо четка, користете тенко памучно марамче или крпа од мек материјал, со која секоја вечер нежно ќе ги триете усните и на тој начин ќе ги отстраните мртвите клетки.rn

    2. Сите бои убаво ви стојат!

    rnМат кармините, освен чувството на сувост кое го оставаат на вашите усни, честопати може и така да изгледаат и да создаваат илузија дека секоја нијанса не изгледа подеднакво добро. Па затоа, пред да го нанесете карминот на усните, нанесете малку течна пудра која инаку ја користите, а која помеѓу вашиот кармин и усни ќе создаде неутрален слој кој дополнително ќе ја интензивира нијансата на карминот.rn

    3. Без четка

    rnИако најчесто кога се нанесува некој козметички производ, се препорачува да се нанесе со четка за шминкање, кога станува збор за кармините, ова не е толку добро решение. Карминот треба да го нанесете директно на усните, бидејќи само така рамномерно ќе го размачкате.rnrn2-mat-karmini-eve-kako-da-gi-nanesete-bez-greshka-www.kafepauza.mk_rn

    4. Молив за усни

    rnЗвучи необично, но верувајте дека дава најдобри ефекти! Всушност, наместо вообичаеното нанесување молив пред нанесување кармин, нанесете го после карминот. Само на овој начин ќе ги избегнете безуспешните обиди за да нацртате прецизни линии и да ги исцртате усните беспрекорно.rn

    5. Бришење на карминот

    rnИако мат карминот се брише малку потешко од обичниот, па дури и од останатата шминката, сепак и за ова постои решение. Наместо да го бришете со агресивни средства или марамчиња за бришење шминка, направете го тоа со тупфер и блага крема или лосион за тело. Тие ќе ги отстранат сите траги од карминот, но исто така, ќе ги и нахранат вашите усни.rnrn3-mat-karmini-eve-kako-da-gi-nanesete-bez-greshka-www.kafepauza.mk_