КАФЕ ПАУЗА

Tag: излегување

  • Сакате да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка? Кога тоа е во ред, а кога не треба ниту да помислите?

    Сакате да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка? Кога тоа е во ред, а кога не треба ниту да помислите?

    Секогаш е погрешно да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка, така? Тоа е како еден вид женско правило. Но, сè зависи од тоа како вашата другарка гледа на целата таа ситуација. Ако ја повреди, дали ќе вреди да започнете нешто со него? Запомнете, не правете нешто поради што ќе ја изгубите вашата другарка. Во кои ситуации е дозволено да почнете да излегувате со бившиот на вашата другарка, а во кои не смеете ниту да помислите на тоа?rnrn1-sakate-da-zapochnete-da-izleguvate-so-bivshiot-na-vashata-drugarka-koga-toa-e-vo-red-a-koga-ne-treba-nitu-da-pomislite-www.kafepauza.mk_rn

    Може да започнете да излегувате со него кога:

    rn1. Тој е нејзин стар партнер за кој таа воопшто не размислува. Ако нивната врска завршила пред неколку години, а вашата другарка продолжила понатаму, тогаш дадете му шанса. Таа го преболила. Вие бевте доволно добра пријателка и ги држевте вашите чувствата за него потиснати во себе.rnrn2. Тоа било раскинување без премногу емоции. Раскинувањата не се секогаш лоши. Понекогаш и двајцата партнери се согласуваат дека нивната врска воопшто не оди, па заеднички се одлучуваат на тој чекор. Раскинувањето поминало без премногу емоции, па таа воопшто нема да ви замери. Само осигурајте се дека таа воопшто не е заинтересирана за него.rnrn3. Тие се другари. Ова е идеална ситуација. Раскинувањето поминало во најдобар ред и тие се сега другари. Тие се среќни што продолжиле да излегуваат со други луѓе, а притоа воопшто не се лутат. Слободно поканете го да излезете.rnrn4. Ако сте ја прашале дали е во ред да излезете со него и таа ви рекла „да“. Ако не сте сигурни како таа ќе реагира на тоа – прашајте ја. Можеби на почетокот ќе реагира бурно, но потоа ќе биде во ред со тоа. Сè додека ги почитувате нејзините желби нема да ја изгубите како другарка, но најбитно, ќе знаете дали за неа ќе биде во ред да започнете да излегувате со нејзиниот бивш.rnrn5. Таа продолжила понатаму во среќна врска. Дали вашата пријателка е во среќна, сериозна врска? Знаете што значи тоа? Вие имате зелено светло ако сакате да започнете да излегувате со нејзиниот бивш. Таа продолжила и е среќна. Ако таа е ваша другарка сигурно ќе сака и вие да бидете среќни како неа.rnrn6. Вие го сакате него повеќе отколку неа. Запрашајте се како навистина се чувствувате. Дали го сакате него повеќе отколку што ја сакате неа? Ако започнете да излегувате со него, може да го загубите вашето пријателство засекогаш. Но, понекогаш срцето го сака она што го сака.rnrn7. Таа врска никогаш не била сериозна. Дали таа врска траела неколку недели? Дали била официјална? Тоа никогаш не било сериозна врска и не завршила премногу драматично, па очигледно е дека таа воопшто нема да се грижи за него. Тоа нема да ѝ значи ништо.rnrn2-sakate-da-zapochnete-da-izleguvate-so-bivshiot-na-vashata-drugarka-koga-toa-e-vo-red-a-koga-ne-treba-nitu-da-pomislite-www.kafepauza.mk_rn

    Не помислувајте да излезете со него кога:

    rn1. Ако раскинувањето било драматично. Ако ова е точно, не помислувајте да започнете да излегувате со него. Шансите да ја разлутите ако го направите тоа се многу големи. Едноставно не вреди да ја ставите во ситуација да мора да го поднесува тоа. Ако ништо друго, почекајте да го преболи.rnrn2. Сè уште не го заборавила. Почитувајте ја и дајте ѝ време за да го заборави. Ако започнете да излегувате со него, тоа само ќе ја повреди. Дали навистина сакате да ѝ го направите тоа? Не е во ред да започнете да се гледате со него ако таа сè уште има чувства кон него.rnrn3. Таа се вознемирува кога ќе го спомнете. Пробајте да го изговорите неговото име и забележете како таа ќе реагира. Дали таа се вознемирува или започнува да плаче? Дали е лута? Дали нејзините рани сè уште се отворени? Ако почнете да излегувате со него само ќе додадете сол на нејзината рана. Дајте ѝ време. Не ја измачувајте така што во нејзината околина повторно ќе го вратите момчето за кое таа сè уште има чувства.rnrn4. Тој ја изневерил. Не е важно колку многу го сакате него. НЕ ЗАПОЧНУВЈТЕ ДА ИЗЛЕГУВАТЕ СО НЕГО. Ако тој ја изневерил неа, најверојатно тоа ќе ви се случи и вам. Ова не значи дека не ја почитувате вашата другарка, туку значи дека не се почитувате самите себе. Момците кои изневеруваат не заслужуваат да ги ставите пред вашата другарка. Вашата врска ќе заврши во истиот момент кога ќе дознаете дека ве изневерил. Тој никогаш нема да биде само ваш. Не губете ја вашата другарка поради него.rnrn5. Кога ја прашавте таа изреагира бесно. Кога ја прашавте дали тоа ќе биде во ред, дали таа изреагира бесно? Дали е потребно да ви кажеме што значи ова? Послушајте ја. Таа не се согласува со ова. Заборавете на него.rnrn6. Кога ја сакате неа повеќе отколку него. Дали вашето пријателство ви е поважно од некое момче? Дали сте навистина сигурни дека тој е вистинскиот? Ако ја сакате вашата другарка многу повеќе отколку нејзиниот бивш, тогаш направете го најдоброто и пронајдете некој друг. Момците доаѓаат и заминуваат, но пријателствата остануваат вечно.rnrn7. Штотуку раскинале. Најверојатно вие бевте заљубени во него додека тие сè уште беа заедно. Можеби ќе можете да започнете да излегувате со него, но не сега. Никогаш, под никакви околности, не помислувајте да започнете да излегувате со момчето на вашата другарка веднаш по нивното раскинување. Дури и да било „лесно“ раскинување. Почекајте. Ако започнете веднаш, таа секогаш ќе се запрашува дали вие сте сакале да го украдете нејзиното момче.

  • Идеален состанок за секој хороскопски знак

    Идеален состанок за секој хороскопски знак

    Како изгледа идеалниот состанок за секој хороскопски знак? Прочитајте и подгответе се пред да го поканите новиот партнер за излегување.rnrnidealen-sostanok-za-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnНив ќе ги импресионирате со одење во клуб каде што ќе можете да играте цела ноќ. Обидете се да бидете во првите редови на некој гламурозен настан, затоа што Овните сакаат да бидат видени на важни случувања. Тие исто така ќе уживаат во кино или на музички фестивал. Блескаат во друштво на познати и успешни личности. Добра идеја е да ги одведете на различни спортски случувања, манифестации и натпревари, како на пример куглање, тенис, билјард и сл. Овенот е активен и енергичен знак, па затоа сака постојано да е во некоја акција.rn

    Бик

    rnПредложете им опуштен ручек, како на пример пикник во парк, на брег или на плажа. Биковите се вистински гурмани и познати по тоа дека сакаат да уживаат во добра храна и добар разговор, па затоа секогаш можете да ги одведете на ручек или вечера во некој добар ресторан. Ако сакате да ги импресионирате, потрудете се да зготвите нешто добро и поканете ги кај вас или предложете им заедно да направите вечера. Како алтернатива може да го искористите киното и да се опуштите заедно без никаков притисок.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат да разговараат на сите теми. Тоа може да се случи на кое било место, но за разговорот да ви биде попријатен ви треба добра атмосфера. Со одење во музеј ќе ги направите работите поинтересни за нив. Припадниците на овој знак, уживаат во долги прошетки на кои ќе можат да забележат улични артисти и музичари. Изненадете ги со одење во ресторан во кој се служи егзотична храна. За нив разновидноста претставува главен зачин во животот, па затоа немојте да се плашите да предложите нешто необично. Близнаците не можат да го задржат вниманието на едно место, на нив им е потребна промена и новитет.rn

    Рак

    rnИскористете ја приликата да уживате во некој италијански ресторан, во романтична атмосфера, со цвеќиња и свеќи на масата. Пријатната и романтичната атмосфера, добрата кујна и релаксирачката музика претставуваат добра основа за почеток на романса. Избегнувајте ги гужвите и пренатрупаните места, затоа што Раковите тоа не го сакаат. За нив соодветната атмосфера е романтична и интимна. Немојте да ги запознавате со вашите пријатели или семејството веднаш на почеток. Тие имаат потреба од одредено време додека потполно се опуштат. Ќе знаете дека работите се одвиваат добро со тоа што Ракот ќе ве покани во својот дом што значи дека веќе ви верува и почнува да се отвора.rn

    Лав

    rnЛавовите поседуваат префинет вкус, сакаат екстравагантни и скапи работи, па затоа одведете ги на вечера во ексклузивен ресторан, им се допаѓа кога уживаат со сите сетила и кога се услужени. Додатно ќе ја зачините романтичната вечера со цвеќе, добро вино или чоколадо. Полн погодок е одењето на коктел, лесна вечера и танц после тоа. Тие уживаат во елегантни и префинети случувања, тоа им го одзема здивот. Мора да се потрудите за вашиот изглед, изгледајте совршено и Лавот нема да ви одолее.rn

    Девица

    rnНекои претставници на овој знак ќе уживаат во заедничко посетување на јога час, а потоа одење на лесна вечера. Други ќе уживаат во возење велосипеди покрај прекрасни области, трчање низ парк или одење на пиво. Понудете им да одберат ресторан во кој ќе вечерате. Девиците обично сакаат да посетуваат манифестации и настани од областа на културата и уметноста – изложби на слики или промоции на книги. Ќе ви треба повеќе време и трпение кога ќе излегувате со Девица, затоа што овој знак нема така лесно да ви се препушти и да ви верува. Прескокнете ја рутината и заедно правете некои нови и интересни работи.rn

    Вага

    rnВагите ќе ги освоите со вечера во висок стил. Одведете ги во некој луксузен ресторан, а доколку не можете да си го дозволите тоа, поканете ги дома, но внимавајте деталите да бидат совршени – менито, салфетките, приборот за јадење, осветлувањето, музиката. Тие го ценат и сакаат убавото, имаат добар и истанчен вкус и нема да погрешите ако ги одведете на некој настан од културен и уметнички тип, затоа што тоа за нив е прилика да го покажат својот добар вкус. Одлични се во разговори со други луѓе, затоа одведете ги на пијалак и уживајте во разговорот за интересните и актуелните случувања. Вагите преферираат чисти, уредни и префините места за излегување. Посветете внимание на вашиот изглед.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се потполно непредвидливи личности. Внимателно слушајте ги кога зборуваат за нивните интереси и хобија, и според тоа предложете им место за излегување. Поради тоа што се полни со живот и енергија, предложете им некоја рекреација или спортска активност во која ќе можете заедно да учествувате. Уживаат во романтичните вечери со својот партнер, а идеалната вечер е покрај камин и со чаша добро вино. Најмногу им се допаѓа мирот, тишината и интимните ситуации. Тие сакаат сè да биде под нивна контрола, или барем да мислат дека е така. Скорпиите сакаат отмени места и ресторани.rn

    Стрелец

    rnОдведете ги на музички фестивал, концерт или во екстравагантен ресторан. Организирајте забава и повикајте ги вашите и нивните пријатели, затоа што Стрелците сакаат да запознаваат нови луѓе. Тие се доста активни личности и ќе уживаат во заедничкото возење велосипеди или долгите прошетки во непознати области. Тие ја сакаат авантурата и секогаш се спремни за акција. Предложете им некоја дестинација на која претходно не сте биле.rn

    Јарец

    rnТие сакаат активности кои ги исполнуваат и збогатуваат на одреден начин. Таквите активности треба да им дадат добра и квалитетна вредност на вложените пари. Можете да ги одведете на ручек или вечера во некој добар ресторан. Уживаат во случувањата и активностите за кои после тоа ќе можат да разговараат. Соодветни активности за нив се одењето во театар, музеј или кино. Сакаат да посетуваат нови и актуелни места.rn

    Водолија

    rnВодолиите лесно ќе можете да ги запознаете и да ги придобиете во кругот на пријателите. Тие сакаат друштво и дружење со музика. Одведете ги на вечера со пријателите или со друг пар или одете на забава кај заеднички пријатели. Тие сакаат да водат долги разговори на интересни теми. За нив интересна би било посетата на некоја изложба од полето на науката или технологијата. За вечера предложете им ресторан во кој се служи егзотична храна. Заборавете ја традицијата и однесувајте се спонтано.rn

    Риби

    rnРибите ќе бидат во својот елемент доколку се покрај вода или во вода, затоа одведете ги на пливање, шетање покрај река, пикник на брег на река или езеро. За нив идеална прошетка е под ведро небо и држење за рака. Нив исто ги привлекува и музиката, филмот, уметноста, па можете да им предложите да одите во кино, на концерт, на изложба на слики или скулптури.

  • Полни со изненадувања: 10 причини зошто Близнаците се најинтересни за состанок

    Полни со изненадувања: 10 причини зошто Близнаците се најинтересни за состанок

    Близнаците постојано се менуваат и затоа нивните карактери се многу интересни за набљудување. Повеќето луѓе имаат „темна страна“, но Близнаците донесуваат потполно ново значење на оваа изрека. Не велиме дека тие се дволични или биполарни, но тие навистина имаат две различни страни на нивните личности.rnrnpolni-so-iznenaduvanja-10-prichini-zoshto-bliznacite-se-najinteresni-za-sostanok-kafepauza.mkrnrnВо еден момент нивната топла и светла насмевка изгледа како да е трајна, а во следниот момент тие стануваат негативни и затворени.rnrnБлизнаците се непредвидливи, а тоа ги прави неодоливи.rn

    1. Близнаците не се плашат да го кажат она што го мислат

    rnТие се вистински, па затоа кога сте околу нив може да ги слушнете најсмешните работи.rnrnМногу ги нервира кога другите луѓе оговараат, па затоа тие не го прават тоа. Ја кажуваат вистината и своите мисли без да размислат два пати за тоа кој може да ги слушне. Тие ја кажуваат вистината дури и кога нема да ја побарате.rnrnКога Близнаците стануваат таинствени, тоа значи дека тие се грижат за вас, а наскоро очекувајте дека ќе ви откријат за што се работи.rn

    2. Близнаците секогаш бараат авантура

    rnПостојано се вклучени во повеќе активности и може да биде тешко да се одржи чекор со нив. Ова носи возбуда и можности, две работи кои се потребни за да имате интересен партнер.rnrnБидете подготвени да учите и да пробувате нови работи, затоа што запознавањето на Близнаците ќе ве изложува на искуства кои вие никогаш не би ги предвиделе.rn

    3. Близнаците не се врзуваат така лесно

    rnТие одат од една па во друга активност, без да обрнуваат внимание на тоа кој или што останува во место. Ако сте во сериозна врска со Близнаци, не го заборавајте ова. На нив им треба вистинска слобода и простор и имаат потреба од спонтаност и мал ризик.rnrnВие сте во нивниот живот затоа што тие сакаат, а не затоа што вие им требате. Давајте им простор да дишат слободно и уживајте во времето поминато со нив.rn

    4. Интелигенцијата на Близнаците е висока

    rnСарказмот и триковите се само дел од вистинската интелигенција на Близнаците. Тие нема да им откријат ништо повеќе од површни работи на луѓе на кои не им веруваат.rnrnИграњето игри за мозокот, тестирањето на границите и предизвикувањето на авторитетите се работи кои тие ги прават за забава. На ова гледаат како вежба преку која можат да видат која е вистинска личност, а која лажна. Само кога ќе ги поминете нивните „тестови“, тие ќе ви дозволат да ја искусите нивната вистинска интелигенција, што е многу ретка страна кај Близнаците и само неколку луѓе можат да го видат тоа кај нив.rn

    5. Близнаците постојано изненадуваат

    rnЖивотот не станува досаден кога излегувате со Близнаци. Нивниот осет за авантура и љубопитностa за светот, донесуваат динамика која е возбудлива. Покрај нивните енергични социјални животи, и нивните карактери се изненадувачки.rnrnНе е лесно да се стигне до нивното срце, но ако им дадете доволно време за тоа, тие ќе ви откријат нешто што е вредно да се чека.rn

    6. На Близнаците не им е потребно постојано внимание

    rnТие имаат потреба од динамика и социјална интеракција, па затоа немаат премногу насочени барања кон партнерот, што обично се појавува во врските.rnrnЖелбата за чести промени е причината поради која Близнаците се селективни околу тоа со кого тие излегуваат, па затоа уживајте во врската без притисок, тие тоа го прават најдобро.rn

    7. Близнаците никогаш не користат една иста тактика повеќе пати

    rnСе расправате со нив? Со среќа. Тие се мајстори со нивните зборови.rnrnНе само што се паметни, тие се и доста брзи, па ќе ве победат пред да претпоставите дека тоа следува.rn

    8. Близнаците веќе имаат заборавено на нивните минати партнери

    rnПромената е единствената константа во животот на Близнаците. Луѓето доаѓаат и си одат во нивниот друштвен круг. Понекогаш ги напуштаат друштвата без посебна причина освен за да направат промена.rnrnГубењето на луѓето не ги повредува толку многу како што ги повредува другите знаци. Тие се верни на себе, па немаат проблем отворено да разговараат за претходните љубовни врски без да покажат чувства, затоа што ги немаат.rn

    9. Близнаците имаат само „пари за забава“

    rnНикогаш нема да платите за да имате забава со Близнаците. Сакаат да ги трошат своите пари забавувајќи се, неважно колку кратко тоа ќе трае. Не гледајте на ова како на неодговорност, тие само се обидуваат да уживаат во животот.rn

    10. Близнаците го гледаат светот поинаку отколку другите

    rnСè е игра затоа што ништо не трае вечно. Нивниот менталитет им дава непредизвикана слобода да го искусуваат и впиваат светот околу нив. Наоѓаат удобност во тоа што работите постојано се менуваат.rnrnРазговорите со Близнаците се длабоки и ќе ве фасцинираат кога ќе дознаете колку вистински личности се тие.rnrnВозбудлива привилегија е да имате Близнаци за ваш љубовен партнер, само немојте тоа да го изговарате прегласно, затоа што поради тоа тие можеби нема да останат со вас за долго.

  • 33 причини зошто третата пијачка е секогаш лоша идеја

    33 причини зошто третата пијачка е секогаш лоша идеја

    За време на секоја вечер во град, доаѓа еден момент кога се соочувате со најголемата дилема, со прашањето кое е постаро и од самото време. Дали да продолжите да пиете или да престанете и да си одите дома? Оваа одлука може тотално да го смени текот на вечерта, како и на вашиот живот наредниот ден. Токму затоа погледнете ги следниве 33 причини зошто кога ќе се најдете во оваа ситуација, најдобриот избор е да побарате сметка и да си заминете…rnrn33 причини зошто третата пијачка е секогаш лоша идејаrnrn33. Третата чашка секогаш се претвора во тринаесетта. Токму таа е клучот за отворање на вратата која води кон пеколот.rnrn32. Третата чашка ја ослободува вашата пијана верзија. Вашата трезна страна се крие некаде длабоко во вас, бидејќи нејзината злобна близначка ја презела контролата.rnrn31. Токму во тој момент престанувате да се грижите. По третата пијачка, ништо друго освен алкохолот веќе не ви е важно.rnrn30. Со порачувањето на третата пијачка започнува и размислувањето да го бакнете оној непознат лик кој седи покрај шанкот. Кога сте пристигнале воопшто не ви допаѓал, но со очилата на алкохолот почнал да ви изгледа како добра прилика.rnrn29. Во овој момент сакате погласно да ја слушате музиката. Едноставно сакате да станете и да почнете со танцување.rnrn28. Токму тогаш инхибицијата го напушта вашето тело. Вие ја плаќате третата пијачка со сите вашите морални вредности.rnrn27. Во третата чашка се наоѓа самиот ѓавол. Тој пристигна за да ве натера да се спуштите до подот.rnrn26. Токму таа пијачка ќе биде виновна за дупките во вашето сеќавање. Позната ви е изјавата: „Зошто продолжив да пијам? Сè тргна наопаку од третата чашка!?“rnrn25. Третата чашка води кон тринаесеттиот шот. Акција и реакција…rnrn24. Токму тоа е точката од која нема враќање назад. Доколку ја испиете третата пијачка, со сигурност ќе се разбудите со мамурлак.rnrn23. По 2 пијачки можете да одите дома и да спиете, но по 3 со сигурност останувате цела вечер надвор. Тоа е една мала одлука која води до една голема грешка.rnrn22. Секое шише вино содржи по 4 чаши во него. Дали станува збор за случајност? Или можеби тоа е трик да купите уште едно шише? Хм…rnrn21. Третата пијачка ви прави илузија дека вашата облека ви е премногу тесна. И токму затоа сакате да ја соблечете… Пред непознатиот човек на шанкот. Можеби дури и во самиот бар.rnrn20. Таа е работ на зајачката дупка. А сите знаеме што се случи со Алиса.rnrn19. Третата чашка прави сè да изгледа како добра идеја. Буквално сè што ќе ви падне на памет!rnrn18. Таа ќе ве натера да заборавите на утре. Што е утре кога денес сме тука со целиот овој алкохол околу нас?rnrn17. Тоа е моментот кога си велите дека еднаш се живее. Па, порачувате уште една чашка, уште една и уште една…rnrn16. Вие едноставно не можете да застанете на непарен број. Откако ќе ја донесете одлуката да порачате 3-та чашка веќе знаете дека ќе има и 4-та.rnrn15. Веќе сте потрошиле толку многу пари и токму затоа се чувствувате обврзани на ноќта. Зошто да пропадне сето тоа?rnrn14. Веќе сте го надминале моментот на уживање и сте преминале во пијанство. Од овој момент законите на физиката престануваат да важат!rnrn13. Вашата сметка е отворена. Доколку сте решиле да платите со картичка, вашата ноќ ќе биде една голема и скапа авантура со алкохол.rnrn12. Со третата пијачка веќе заборавате дека треба да изгледате слатко на фотографиите. Од овој момент па натаму вие изгледате хаос и вашите пријатели го знаат тоа.rnrn11. Најверојатно некој ве почестил со третата чашка, па токму затоа можете да си дозволите и четврта. Па, дури и петта. И тоа продолжува сè додека не преминете на шотови за целата маса.rnrn10. Вие веќе сте на танцовиот подиум. И ритамот на музиката има целосна контрола врз вашето тело.rnrn9. Официјално веќе мирисате на алкохол. Доколку мирисате како бар, можеби и би требало да останете во барот.rnrn8. Веќе не знаете каде е вашиот мобилен телефон. Четвртата пијачка ќе ја одложи вашата анксиозност до наредниот ден.rnrn7. Сте стигнале до тука, зошто би прекинувале сега? Изгледа дека сте изоделе долг пат, кој заслужува да биде завршен до крај.rnrn6. Едноставно не сакате да си одите дома. Освен ако тоа не вклучува згодно момче или жешка девојка покрај вас.rnrn5. Досега сигурно сте пишале порака на некој со кој треба подоцна да се сретнете. Вие секогаш си стоите на своите ветувања.rnrn4. Токму во тој момент сте се решиле да не се грижите за тоа што ќе го мислите утре. Доколку некогаш воопшто сте се грижеле…rnrn3. Вие секако сте планирале да си одите дома со такси. Се надевате дека овој пат нема да се онесвестите на задното седиште.rnrn2. Само што сте земале плата, па знаете дека можете да си дозволите една луда авантура. Или можеби и не можете, но сепак одлучувате да верувате во тоа.rnrn1. По третата чашка, ништо добро не може да се случи. Иако во тој момент вие се чувствувате како да сте на највисоката точка во светот…

  • 10 нешта кои секој родител му ги кажува на своето дете пред излегување

    10 нешта кои секој родител му ги кажува на своето дете пред излегување

    Се сеќавате на оние тинејџерски години кога почнавте редовно да излегувате? Тоа се оние моменти кога вашите родители мораа да научат како да ве пуштат да си го градите својот живот и да ве остават да бидете одговорни сами за себе. Токму затоа тие често пред да излезете ви кажуваа дел од следниве молби и совети…rnrn10 нешта кои секој родител ги кажува на своето дете пред излегувањеrnrn1. Немој да пушиш.rnrn2. Не ја испуштај пијачката од вид, некој може да ти стави дрога во неа.rnrn3. Зарем мора секоја вечер да одиш во град?rnrn4. Со кој ќе излегуваш сега?rnrn5. А да се подружиш малку со книгата?rnrn6. Кој друг ќе остане со тебе до толку касно?rnrn7. Што правите толку касно?rnrn8. Мора ли цело време да излегуваш со него/неа, немаш ли некој друг?rnrn9. Облеката пред некој ден ти мирисаше чудно, да не почна и да се дрогираш?rnrn10. Прави што сакаш и онака не ти е гајле јас што мислам, сам/а на себе си штетиш, не на мене…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12-те фази на опивање со вашите најдобри пријателки

    12-те фази на опивање со вашите најдобри пријателки

    Дојде петок. Целиот викенд е пред вас. Вие уште рано од сабајле сте почнале да ја планирате заедно оваа вечер, зборувајќи што ќе носите, каде ќе одите и колку многу ќе пиете. Планот е подготвен, а сега преостанува само уште да завршите со дневните обврски, да се избањате и да се соберете кај една од вас за да почнете со подготвувањето…rnrn12-те фази на опивање со вашите најдобри пријателкиrn

    1. Планирање на предиграта

    rnМагично и прекрасно време поминато со анксиозни прашања како „Дали мислиш дека Марко ќе дојде?“ и разговори за видовите алкохол кои би ги пиеле вечерва. Вие дури и си поставувате граници иако знаете дека подоцна нема да ги почитувате.rn

    2. Предигра исполнета со ентузијазам

    rnОва е можеби најклучниот чекор за целата вечер. Вие веќе сте ја пробале целата облека во вашите шкафови, сте размениле неколку модни комбинации и сега сте подготвени за одличен помин. Ова е моментот кога пуштате музика додека се шминкате и СЕ ВОЗБУДУВАТЕ И ТАНЦУВАТЕ И ЕДВАЈ ЧЕКАТЕ ДА ЈА ИМАТЕ НАЈДОБРАТА ВЕЧЕР ВО ВАШИОТ ЖИВОТ!rn

    3. Фотографирани докази

    rnВечерта само што почнала и вие изгледате прекрасно! Но, да бидеме искрени, тоа нема долго да трае. Па, токму затоа правите колку е можно повеќе фотографии и ги објавувате на сите социјални мрежи.rn

    4. Танцувачки будалштини

    rnСекоја група има една пријателка која едноставно не може да престане да танцува. Кога во неа ќе влезе малку „течна храброст“, таа почнува да танцува и не престанува додека не се врати дома. Не е важно дали сте во бар или во вашата дневна соба, оваа личност танцува како Шакира!rn

    5. „Те сакааам мнооогу!“

    rnВо овој момент, пијалаците изобилуваат со чувства на љубов. Вие почнувате да делите комплименти на сите страни и одеднаш имате потреба да ја искажете вашата љубов кон вашите најдобри пријателки. Вие им велите дека ги сакате многу и дека тие ќе ви бидат вашите деверици. Понекогаш дури и почнувате да плачете.rn

    6. Досието на бившите

    rnВо овој момент алкохолот е во полн замав и токму тогаш настанува разговорот за бившите каде што вие ги исфрлате сите оние нешта кои ви тежат на душата.rn

    7. Внатрешни шеги

    rnДојдовме до делот кога се враќате во минатото и се чувствувате малку носталгично. Секоја шега која некогаш сте ја направиле си го наоѓа својот пат до овој разговор, дури и ако нема смисла.rn

    8. Премногу матни фотографии

    rnВашиот вид е веќе нарушен, па токму затоа ви е намалена координацијата очи – раце. Во овој момент секогаш може да се слушне како некој вели, „Во ред сум! Не сум пијана! Ајде да ја направиме фотографијата!“ И убедени сте дека изгледате добро, но реалноста е дека сте изгледале подобро. Многу подобро.rn

    9. Шотови за најдобрите пријателки

    rnВие решивте да престанете да пиете, но токму тогаш некоја од вас предложува уште една рунда шотови. И наздравувате, повторно. За вас, гласно за да слушнат сите. Вие можеби сте неподносливи за оние околу вас, но не се грижите. Вие сте заедно и тоа е тоа што е важно!rn

    10. „Го правам ова за твое добро!“

    rnДобрата пријателка секогаш ќе ви каже дека не треба да му пратите порака на тој идиот. Но, најдобрата пријателка ќе ви го земе мобилниот телефон и нема да ви го даде сè додека не се отрезните, без разлика на тоа колку многу ја молите и преколнувате.rn

    11. Пополноќна вечера

    rnХрана. Оваа вечер толку многу ве истрошила што мора да најдете колку што е можно помрсна храна со цел да си ја вратите енергијата. Уште подобро ако келнерот или доставувачот е сладок. Тоа би било совршено, нели?rn

    12. Пристигнувањето дома

    rnНекаде во текот на вечерта сте одлучиле сите да преспиете кај една од вас и сте пристигнале во нејзиниот дом неколку секунди пред да се онесвестите. Вие се погрижувате секоја од вас да испие доволно вода и потоа се местите на каучот пред телевизорот и пуштате неколку епизоди од ТВ серијата „Пријатели“. Убедени дека до изгрејсонце ќе гледате, вие заспивате една покрај друга…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еве зошто да излегувате со девојка која не е ваш тип

    Еве зошто да излегувате со девојка која не е ваш тип

    Можеби токму тоа е она што ви треба – девојка за која сте убедени дека не е ваш тип. Обидете се, можеби сепак ќе бидете позитивно изненадени.rnrn0-eve-zoshto-da-izleguvate-so-devojka-koja-ne-e-vash-tip-kafepauza.mkrnrnИзлегувајте со девојка која ве изненадува. Некоја која од нејзината насмевка ќе измами две ваши. Без разлика дали сега ви се вкрстуваат патиштата или се знаете отсекогаш, излегувајте со девојка која ќе даде поинаква светлина на работите од вашата.rnrnИзлегувајте со девојка која со нејзините размислувања ќе ве натера да си ги преиспитувате вашите. Не е важно дали ќе започнете да го менувате мислењето околу одредена работа или ќе останете на своето, најважно е што ве натерала да слушате.rnrnИзлегувајте со девојка која истовремено сака да ве слуша, но и да зборува. Во 20-те години сфаќаме дека не постојат многу луѓе кои можат да го постигнат овој ефект врз нас.rnrnИзлегувајте со девојка која ја носи музиката во вашиот живот. Без разлика дали таа ве потсетува на вашата омилена песна или ќе посакате да биде со вас само што ќе ги чуете првите акорди на гитарата. Доколку не сте по музиката, можеби се поврзувате преку поезија, проза, комбинација на различни нешта, па дури и преку боите во една слика.rnrnИзлегувајте со девојка која ќе ја размрда страста во вашиот живот.rnrneve-zoshto-da-izleguvate-so-devojka-koja-ne-e-vash-tip-kafeauza.mkrnrnИзлегувајте со девојка со која вистински уживате да го поминувате времето. Некоја која ќе ја измами вашата најголема насмевка. Без разлика дали е тоа нешто тривијално или генијално или нешто сосема детски како на пример да ви направи смешна фаца.rnrnИзлегувајте со девојка која ве фаќа неподготвени. Без разлика дали знае да ви изрецитира дијалог од вашиот омилен филм за кој сè уште никој не знае или пак инстиктивно знае дали треба да ви даде охрабрување или ладно пиво.rnrnИзлегувајте со девојка која не сте знаеле дека е ваш тип. Не само зошто таа е девојката која чита, патува, вежба јога, таа е и девојката пред која ќе ја спуштите главата и ќе размислите два пати. Поканете ја на состанок и дозволете животот да ве изненади со позитивен одговор на вашата одлука.rnrnИзлегувајте со девојка која има способност да ви измами насмевка.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто излегуваме со момци кои не ни се допаѓаат?

    Зошто излегуваме со момци кои не ни се допаѓаат?

    Дали некогаш сте виделе пар каде дечкото и девојката воопшто не си одговараат еден со друг? Ви се случило ли да излегувате со некој кој не ви се допаѓа и ни малку не е блиску до вашите критериуми? Да, ни се случило на сите нас. Еве зошто некогаш девојките излегуваат со момци кои не им се допаѓаат вистински.rnrnЗошто излегуваме со момци кои не ни се допаѓаат?rn

    Здодевно ви е

    rnСакате да излегувате и да се забавувате а тој ви го нуди потребното внимание. Па што?rn

    Сите ваши пријателки имаат дечковци

    rnИскрено, тешко е да бидете тринаесетто прасе. Постојано ги гледате вашите вљубени другарки и сакате и вие некој покрај себе. Подготвени сте да се задоволите со некој кој не ги исполнува вашите критериуми.rn

    Сексот е одличен

    rnИ во тој случај ќе му простите што не изгледа како Рајан Гослинг.rn

    Загрижени сте дека вашите стандарди и критериуми се превисоки

    rnПа можеби треба да се задоволите со нешто помалку од вашето замислено совршенство.rn

    Тој е премногу љубезен

    rnТолку е добар, прави сè како што треба. Каде ќе најдете некој кој ќе ве третира така? А дури и да сакате да не излегувате повеќе, ќе ви биде жал да му раскинете на толку добро момче.rn

    Неговото тело е како извајано

    rnОК, можеби нема лице на фотомодел ама неговите стомачни…rn

    Свесни сте дека нема да биде вашиот иден сопруг, па не се грижите многу

    rnСе забавувате и не се грижите бидејќи знаете дека е само минлива фаза во вашиот живот.rn

    Ви го разубавува денот

    rnЗнае да ве насмее и расположи дури и кога сте депресивни.rn

    Смачено ви е од излегувања и трагање по вистинскиот

    rnБарањето партнер може да биде тешко. Треба повторно да се впуштате во морето со луди ајкули и да се трудите да го најдете вашиот тип.rnrnСепак, не заборавајте дека колку и да ви е забавно и која и да е причината поради кој излегувате со него иако не ви се допаѓа, бидете подготвени да ставите крај. Таквата врска нема да ве исполнува и вие заслужувате многу повеќе од тоа.

  • Од работното биро до ноќните журки: 2 изгледи за успешна транзиција

    Од работното биро до ноќните журки: 2 изгледи за успешна транзиција

    Можеби ви изгледа дека едвај имате време за ручек во канцеларијата, а не пак за одново да се нашминкате. Затоа, еве два елегантни и убави изгледи кои брзо можете да ги претворите од канцелариска монотонија во вечерен гламур и сето тоа за време на работните часови.rnrn0-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mkrn

    Изглед 1: Блескава и свежа

    rn1-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mkrn

    Чекор 1: Контури

    rnРазубавете ја утринската шминка така што ќе додадете бронзер или потемна нијанса на руменило на вдлабнатините на образите, а потоа и по линијата на вилицата.rnrn2-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mk 3-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mkrn

    Чекор 2: Руменило

    rnЗа да блеснете, нанесете руменило кое ќе ги нагласи јаболчниците.rnrn4-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mkrn

    Чекор 3: Очи

    rnСо прстите, осветлете ги очните капаци со сенка во металик нијанса. Ако сакате да додадете сјај, искористете сенка во шампањ боја со отсјај. Ваквите сенки можат да се употребат и како основа на шминката за да ги нагласите очите и веѓите, потоа како ајлајнер, и врз карминот за да им додадете волумен на усните. За крај, финиширајте со маскара која ќе ги извитка вашите трепки.rnrn5-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mkrn

    Чекор 4: Усни

    rnМалку сјај за слатки и неодоливи усни.rnrn6-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mkrn

    Чекор 5: Коса

    rnНаместо едноставната плетенка, предните шишки и перчиња коса (успева на секоја коса) преплетете ги со два прамени и врзете ги во задниот дел со шноли, така што ќе направите забавна и лесна јаже-плетенка. Откако ќе го заплетете предниот дел, додадете перче коса и вметнете го во плетенката во делот што е најблиску до скалпот. Прицврстете ги краевите со две шноли. Користете металик шноли, како моден додаток.rnrn7-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mk 8-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mk 9-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mk 10-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mkrn

    Чекор 6: Облека

    rnВо чантата земете краток кожен шорц за успешна транзиција. Додадете чантичка во метална нијанса, за пошик изглед. Ако немате место за ваква чантичка, тогаш искористете го несесерот за шминки. Подеднакво добро ќе изгледа.rnrn11-od-rabotnoto-biro-do-nokjnite-zhurki-2-izgledi-za-uspeshna-tranzicija-kafepauza.mkrnrnЗа вториот изглед преминете на следната страна.rnrn

  • Што ќе ви каже секој хороскопски знак на крајот од првиот состанок?

    Што ќе ви каже секој хороскопски знак на крајот од првиот состанок?

    Жените се тие кои ги инспирираат мажите за сѐ во животот, и секако дека од самата жена или девојка зависи што ќе каже нејзиниот партнер на крајот од првата вечер помината заедно. Сепак, постојат одредени реченици кои се типични за хороскопските знаци според карактеристиките кои се заеднички за секој од 12-те знаци. Дознајте што можете да очекувате на крајот од вечерта според хороскопскиот знак на момчето со кого одите на состанок.rnrnshto-kje-vi-kazhe-sekoj-horoskopski-znak-na-krajot-od-prviot-sostanok-kafepauza.mkrnrnОвен: „Ајде да одиме на друго место, не ми се оди дома. Има едно клуб кој работи цела ноќ. Ајде, ајде!“rnrnБик: „Ајде да одиме негде да каснеме, гладен сум.“rnrnБлизнаци: „Утре одам на камп со другарите. Сакаш да дојдеш?“rnrnРак: „Фино си поминав вечерва со тебе. Би сакал да те видам повторно!“rnrnЛав: „Забележа како сите нѐ гледаа во кафулето? Може пак да одиме таму, баш нѐ испочитуваа!“rnrnДевица: „Утре имам многу состаноци и обврски, но ти ветувам дека следниот пат ќе те изведам на вистински состанок. Инаку, многу си интелигентна, да знаеш. И тоа многу ми се допаѓа!“rnrnВага: „Преубава беше вечерва!“rnrnСкорпија: „Сакаш уште малку да се прошетаме, би сакал подобро да те запознаам!“rnrnСтрелец: „Имаш нешто планирано за викендов? Ајде да одиме во Рим!“rnrnЈарец: „Извини ако ти зборував премногу за себе и за мојата работа. Следниот пат ти ќе зборуваш, ти ветувам!“rnrnВодолија: „Долго не сум запознал толку духовита девојка како тебе. Вечерва беше лудило. Утре ќе те запознаам со родителите.“rnrnРиби: „Убаво се бакнуваш!“