Дали потајно мразите да излегувате во петок навечер со вашите пријатели? Дали ви се случило да ги откажете плановите поради некои глупави изговори? Дали сте почувствувале олеснување кога другите ги откажале плановите? Доколку се пронајдовте, тоа не значи дека сте недруштвени. Според најновите истражувања никој не сака да ги пресоблече пижамите!rnrn
rnrnСе чини дека никој не сака да излегува, така што не сте сами. Во истражувањето биле вклучени група возрасни луѓе на кои им биле дадени прашања поврзани со моментите кога ја одбегнале нивната социјална одговорност и ги „откачиле“ пријателите за да останат сами дома. Поголемиот дел од нив признале дека измислиле изговори за да не излезат и наместо тоа играле видео игри, нарачале нешто за јадење или ги извршувале домашните обврски.rnrnЕдно друго истражување од 2015 година испитало како луѓето ги поминуваат деновите. Резултатите покажале дека испитаниците поминувале по просечно 41 минута секој ден дружејќи се со други луѓе. Тоа е звучи шокантно, со оглед на тоа што во просек спиеме по 9 часа, 8 часа работиме и дури 3 часа поминуваме пред телевизорот.rnrnПа, зошто луѓето не сакаат да се дружат во живо иако се верува дека младите треба да уживаат во ноќниот живот и да живеат со полни гради? Луѓето повеќе сакаат да се одмораат на каучот отколку да се заморуваат со гужви и договори. Можеби причината лежи во тешката економска ситуација. Платите се мали, а излегувањата бараат трошење многу пари. На просечниот млад човек за да излезе за викенд му требаат околу 1.000 денари. Тоа дефинитивно не може секој да си го дозволи.rnrnИзлегувањето е скапо и затоа луѓето одлучуваат да останат дома за да заштедат, да си поминат убаво гледајќи филмови и серии и да комуницираат со пријателите преку социјалните мрежи.rnrnБез разлика која е причината, вистина е дека луѓето честопати лажат за да го одбегнат одењето на забави, собири и културни настани, што не е добро. Ниту еден човек не сака кога некој ќе му ги расипе плановите, само затоа што се премислил околу излегувањето во последен момент. Треба да престанеме да лажеме за овие работи. Едноставно признајте дека не ви се излегува. И онака на пријателот со кого сте се договориле да излезете веројатно ќе му биде драго што сте откажале, бидејќи и тој сакал да остане дома исто така.
Tag: излегување
-

Научно докажано: Сите луѓе потајно мразат да излегуваат
-

Зошто патувањето е добро за да избегате од вашата рутина?
Животот во денешно време може да биде многу напорен. Постојаниот стрес и секојдневните обврски создаваат рутина од која многумина не можат да избегаат. Но, тоа не е доволно за да се ослободите од стресот, туку она што ви е навистина потребно е да излезете од вашиот дом, од вашето место на живеење и да го оставите нормалниот живот зад себе на одреден период, па да го доживеете светот околу вас на еден поинаков начин. Оставете го вашиот телефон или компјутер и излезете надвор за да доживеете нови искуства, а погледнете ги и овие 10 причини кои ќе ви покажат зошто е добро што побргу да го направите овој чекор.rnrn
rnЌе го оставите зад себе стресот и секојдневниот живот, барем на кратко
rnНе е тајна дека повеќето луѓе имаат некаков стрес во нивниот живот, па на сите им е потребно барем накратко да излезат од секојдневните случувања и да се релаксираат некаде подалеку. Неколку дена поминати на планина или на некое друго помирно место, ќе ви бидат од огромна помош.rn
Ќе видите нови и возбудливи места
rnДури и да не излезете од државата, постојат нови места кои сигурно не сте ги виделе, а со тоа ќе доживеете и нови искуства. Секое место е уникатно на свој начин и секаде имате да видите нешто ново, надвор од своите граници.rn
Релаксацијата е клучна за вашиот одмор
rnНе е важно на каков начин ќе се релаксирате, одморот е време кога ќе правите што сакате. Темпото ќе си го поставите самите вие и не да имате притисок да правите нешто што не сакате. Понесете со себе нешто што ве прави среќни и уживајте во вашите слободни денови.rn
Одморот може да ја обнови вашата врска
rnЧестопати рутината во која сте заглавени, влијае на врската со вашиот партнер. Заедничкиот одмор може да ја поттикне или да ја обнови вашата врска и да ве потсети зошто сте избрале да бидете заедно. Од друга страна пак, ако немате партнер, ова ќе биде одлична прилика да сретнете некого. Кој знае, можеби токму ова ќе ве одведе до вашата сродна душа!rn
Алармите се пречка, а не потреба
rnОдморот е време само за вас. Оставете ги часовниците дома и спијте. Излегувањето од вашата рутина значи да престанете да живеете според часовникот, барем на кратко. Одморете се и не грижете се за времето кое честопати носи стрес.rnrn
rnПатувањето во друга земја нуди согледување нови начини на живот
rnДоживувањето нови култури и согледувањето како живеат луѓето во другите општества е многу поучна лекција. Таквото искуство ќе ве потсети дека вашето постоење е само едно од многуте на оваа Земја. Патувањето во други земји е непроценливо искуство.rn
Постојат многу начини да видите нови места, по намалена цена
rnТочно е дека за да патувате некаде, ви се потребни пари. Но, денес постојат многу промоции кои се создадени со цел да се постигне подобар договор со купувачите, а вие само треба да се одлучите и подетално да пребарате. Донесете одлука кој период сакате да патувате, па разгледајте ги предностите што ви се нудат. Колку порано започнете, толку подобро ќе биде за вас.rn
Кујната од различни делови во светот е секогаш интересна
rnВашите редовни навики за јадење може исто така да бидат дел од вашата рутина. Кога сте на одмор, сигурно не сакате да ги јадете истите јадења што ги јадете дома. Затоа, кога сте во друга држава вие ќе имате можност да искусите некои традиционални јадења кои ќе ви донесат незаборавни моменти.rn
Постојаната работа придонесува за несреќен живот
rnНесомнено е дека работата е потребна. Но, без оглед на тоа дали ја сакате својата работна позиција или не, секогаш е потребно барем на кратко да излезете од тоа секојдневие. Во одредени моменти секому му е потребно ново искуство и нови доживувања. Затоа, подарете си краток одмор, далеку од секојдневието.rn
Вие заслужувате одмор
rnДа. Секој кој работи долго и напорно, има потреба од одмор. Помислете малку и на себе и грижете се повеќе за својата лична среќа. Сепак, за да останете мотивирани, потребно е да ги наполните своите „батерии“!rnrn

-

Неколку причини зошто останувањето дома е подобра идеја од излегувањето
Зошто излегувањето би било најприфатлива опција кога доаѓа викенд? Зошто останувањето дома не би било подобро? Некои луѓе ги согледуваат придобивките од останувањето во својот дом, а други пак не можат ни да го замислат тоа. Сите имаме барем по еден пријател којшто нѐ убедува да излегуваме секогаш кога ќе имаме слободно време. Се разбира, излегувањето може да биде забавно, но како и сѐ друго во животот, така и овде треба да постои рамнотежа. Не можете да излегувате секогаш. Понекогаш останувањето дома е најдобрата опција за вас. Еве неколку причини со чија помош ќе им докажете на вашите пријатели зошто овој викенд решивте да останете дома.rnrn
rn1. Можете да бидете целосно свои
rnКога сте дома не треба да се грижите да импресионирате никого или пак да се трудите постојано да имате лажна насмевка на вашето лице. Во домашна атмосфера можете да бидете 100% свои без да се грижите што мислат другите за тоа. Можете да носите што сакате, да јадете што сакате и да правите што сакате. Ова речиси и не би можеле да го правите кога излегувате затоа што би настојувале да се однесувате онака како што општеството смета дека е „нормално“, а тоа не е секогаш пријатно. Кога ќе останете дома ќе имате слобода да бидете онакви какви што сте, без страв дека ќе бидете осудувани од другите.rn
2. Тоа е целосно бесплатно
rnДа бидеме реални, ниту едно излегување не поминува без трошење пари. Можеби ќе решите да одите на прошетка, но сепак ќе завршите на некое место каде што ќе потрошите пари. Ништо не е бесплатно, туку напротив, цените на храната и пијалаците се високи, па дали би можеле да си дозволите постојано излегување? Останувањето дома не значи дека ќе ви биде досадно. Постојат голем број слободни извори на забава, без разлика дали е тоа интернетот со различните предности коишто ги нуди или пак искажувањето на вашата креативност.rn
3. Ќе ја сочувате вашата енергија
rnКога излегувате трошите енергија за смеење, разговарање и многу други активности. Малку време поминато во друштво нема да ве измори многу, но доколку постојано е така, тогаш тоа на некој начин може да биде исцрпувачко за вас. Доколку останете дома можете да ја насочите својата енергија на други работи или пак, конечно да ги завршите задачите коишто одамна ве чекаат. Секој има долга листа на нешта којашто може да ја направи во својот дом.rn
4. Ќе избегнете трошење време
rnМожеби понекогаш кога излегувате се прашувате што треба да правите или пак каде да одите, при што потрошувате премногу време размислувајќи и дискутирајќи за правилната одлука. Можете да го избегнете ова залудно потрошено време така што ќе изберете да седите дома! Вашиот дом нема работно време, а веќе знаете и кои опции ги имате.rnrn
rn5. Ќе го правите она што го сакате
rnСѐ повеќе се зборува дека младите седат дома и дека треба да поминуваат повеќе време надвор. Со изборот да останете дома вие покажувате дека го правите она што вие го сакате, а не она што го наложуваат другите. Секогаш е подобро да го правите она што ви се допаѓа, а не она што ви кажува општеството. Па, кој друг освен вас знае кој е вистинскиот избор?rn
6. Ќе избегнете бесмислени разговори
rnКолку пати сте излегле со луѓе и сте се нашле „заглавени“ во бесмислени разговори? Навистина, напорно е да се правите заинтересирани за нешто што ви е здодевно и така да ја поминете целата вечер. Наместо да го правите ова, зошто не си одвоите време за себе, да останете дома и да ги избегнете овие бесцелни разговори. Така повеќе ќе се запознаете себеси и своите потреби.rn
7. Не мора да се грижите за другите
rnКога ќе излезете секогаш треба да размислувате за она што ќе го кажете и она што ќе го направите, за да не ги навредите другите, а исто така треба да внимавате секој да биде вклучен во разговорот. По некое време тоа може да ве измори, па затоа, останете дома и бидете безгрижни.rn
8. Ќе имате повеќе избори
rnКога сте со група луѓе, секогаш треба да има компромис. Некој треба да избере што да се прави, а колку често тој избор го правите вие? Колку се пронаоѓате во активностите коишто не сакате да ги правите? Кога ќе останете дома, наместо да излегувате, можете да се фокусирате на своите желби и да ги следите своите приоритети.
-

5 знаци дека вечерва повеќе би сакале да останете дома со вашата омилена книга отколку да излезете со пријателите
По долгата напорна работна недела некои луѓе одвај чекаат да се видат со пријателите и да се забавуваат до раните утрински часови. Но, има и такви кои не можат да дочекаат да се испружат на каучот и да потонат во страниците на нивната омилена книга. Доколку не можете да одлучите кој начин на опуштање да го одберете, ова се 5-те знаци кои ќе ве убедат дека подобро би било да се препуштите на светот кој може да го посетите само преку читањето…rn
1. Веќе ви е јасно дека повеќе ги сакате книгите отколку луѓето
rn
rnrnАко излезете, ќе треба да се соочите со сите тие пожелни и непожелни луѓе кои не знаете како ќе влијаат на вашето расположение. Ако останете дома, ќе ја поминете вечерта со добра книга која несомнено ќе има позитивно влијание на вас. И онака тоа е единственото нешто што го сакате длабоко во себе.rn2. Само што сте започнале со нов возбудлив роман
rn
rnrnЗнаевте дека ќе станете навлечени на книгата веднаш штом ја здогледавте корицата, но сепак започнавте со читање и сега навистина не би можеле туку-така да ја напуштите.rn3. Повеќе време поминувате во одбирање книги за читање отколку во одбирање парчиња облека
rn
rnrnТоа не го правите намерно. Не сте вие виновни што толку многу добри книги излегуваат одеднаш и вие морате веднаш да одлучите од каде ќе почнете со читање. И онака имате само неколку модни комбинации кои би ви одговарале за одредена прилика.rn4. На крајот сепак ќе понесете книга со вас
rn
rnrnИ онака носите голема чанта, зошто да не ставите и една книга внатре за секој случај?rn5. Барате начин да се извлечете од договорените планови уште од моментот кога ги направивте
rn
rnrnВеќе знаевте дека сте резервирани за викендот, а сепак се согласивте да се видите со онаа познајничка од факултет. Не сакавте да помисли дека сте чудни или антисоцијални, па затоа сега ќе измислите дека сте настинале или дека имате некои неодложни обврски кои едноставни морате да ги завршите во петок навечер. -

Заблескајте во полно светло: Интересни комбинации за вечерно излегување
Претпоставуваме дека подготвувањето за вечерното излегување најчесто ви претставува возбуда и волја за спремање и смислување интересни комбинации. Понекогаш едвај чекате да се организира некое излегување и конечно таму да можете да ги облечете вашите нови чевли кои сте ги купиле неодамна, а никако не се појавила прилика на која ќе можете да ги облечете. Но исто така, веруваме дека понекогаш подготовките за вечерното излегување ви задаваат главоболки, бидејќи веќе сè ви е досадено, сите веќе проверени комбинации сте ги облекле неколкупати, а и никако не ви се оди на некое место во тренд, бидејќи веќе знаете дека сите девојки таму ќе бидат облечени како по некое правило, исти од глава до пети. Малиот црн фустан е секогаш тука, тексас шорцеви и некоја блуза, залепени фармерки и кожна јакна… Па, и колку да се добри овие комбинации веќе се досадени. Сѐ е веќе видено, а вие сакате нешто интересно и потполно поразлично од останатите.rnrnЗатоа ние направивме мала селекција на интересни комбинации кои сигурно сте имале прилика да ги видите, но кога ќе се комбинираат на вистинскиот начин даваат една потполно нова димензија и ќе ви биде лесно да ги спојувате со останатите парчиња облека.rnrn
rnrnЦрниот комбинезон е секогаш добра замена за малиот црн фустан. Ако мислите дека нема ништо посексапилно од тесен фустан кој ја следи линијата на вашето тело и ги открива вашите нозе, грешите, бидејќи комбинезонот исто така може да изгледа секси и предизвикувачки, но само доколку знаете да го изберете вистинскиот модел и да го комбинирате на вистинскиот начин. За вечерно излегување изберете некој од елегантните материјали кој е украсен со чипка на деколтето. Исклучително тенките ленти изгледаат додатно секси, бидејќи ви ги откриваат рамената и дел од кожата на грбот. За да ја продолжите оваа предизвикувачка, а сепак елегантна приказна, облечете ефективни обувки во боја. Секако со високи потпетици.rnrn
rnrnДоколку се спремате за тотално танцување во клубот, а не знаете што да облечете за да се чувствувате слободно и неограничено, а сепак доволно предизвикувачки, тогаш за оваа прилика плетениот фустан е вистинскиот избор за вас. Она што е важно да го нагласиме е дека фустанот од трикотажа во овој случај треба да го сочинуваат тенки и свилени конци, за да ви биде пријатен во текот на целата ноќ. Доколку плетката е малку поретка, тогаш овој фустан може да биде малку провиден, што е додатен плус, односно под него би можеле да облечете некој тесен памучен фустан или подолга блуза, која на секси начин би се прогледувала под фустанот. Од обувки можете да изберете што било, но ние овој пат би ви предложиле кратки, кожни чизми, бидејќи даваат совршен контраст на полупровидниот фустан.rnrn
rnrnФармерките се секогаш пожелни и секогаш се вистински избор. Но, за ова да не биде уште една комбинација на фармерки и црно сако, тогаш изберете некој интересен крој на пантолони. На пример, ѕвонарките или пак оние со широки, а кратки ногавици, би биле одличен спој заедно со сако од плиш или некој поразличен материјал. Меѓутоа, во оваа тренди комбинација, главниот збор сепак го имаат моќните и ефективни обувки. Со добар пар обувки ќе направите моден исчекор и на тој начин класичната комбинација ќе ја направите модерна и шик. Сандалите од виолетов плиш со дебела потпетица ќе изгледаат фантастично во оваа комбинација и совршено ќе ја надополнат.rnrn
rnrnАко сепак сакате да облечете фустан за вечерното излегување, тогаш тој нека биде од поразличен и помодерен крој, од сите оние што сме ги виделе до сега. Изберете ги оние фустани од последната мода кои личат на ноќници. Направен е од сатен или свила, а украсен е со чипка, но вие ќе го носите на начин како тој да е памучен фустан за секој ден. Доколку го споите со секси обувки на висока потпетица со врвки, ќе добиете комплетна приказна за вечерно излегување. Но за да го разбиете очекувањето во комбинирањето на овој фустан, додадете широк кардиган во интересна боја, кој на почетокот само ќе ви ги прикрива рамената, а подоцна само „случајно“ ќе се слизне од нив. Има ли нешто попредизвикувачки од ова?rnrn
rnrnЗа вечерното излегување да биде вистинско во секоја смисла, потребно е да понесете и малку светки со себе. Комбинацијата од широко здолниште со висок струк и блуза со светки со тенки рамки е многу предизвикувачка иако не открива ништо. Всушност овој изглед носи една сосема нова димензија на елеганција и шик, кога го спојувате елегантното и модерното. Секако, и овде обувките играат важна улога, па потрудете се да изберете некои посебни и поразлични, во интересни бои и дизајни.rnrn
-

Навистина добри изговори да ја поминете вечерта во удобноста на својот дом
Дали некогаш сте се нашле себеси како повеќе ви се допаѓа идејата да останете во удобноста на сопствениот дом со топла чаша чај во рака отколку да излезете некаде со пријателите? Голема е веројатноста дека одговорот е да и тоа повеќе пати. Кратко и јасно, уживањето во домашна атмосфера во омилените пижами, со добар филм и голема количина пуканки знае да биде многу подобра опција од какво било излегување.rnrn
rnrnНо, што е со пријателите? Како тие ќе го сфатат вашето останување дома? Што ако помислат дека нешто не е во ред и можеби сте им лути? Што ако тие ви се налутат? А што ако ништо од ова не се случи, бидете искрени со нив и реално им кажете зошто сепак одбирате да останете дома наместо да излезете да се забавувате со нив?rnrnДоколку мислите дека вашата причина не е доволно добра, можеби следниве неколку навистина добри изговори ќе ве убедат во спротивното.rn1. Не сте расположени и не сакате да им ја расипете вечерта на останатите
rnВашето присуство не е задолжително и доколку не се чувствувате расположени за забава, тогаш не мора ни да одите на забавата. Верувајте, вашите пријатели ќе ви бидат благодарни за ова.rn
2. Сакате да му посветите време на вашето милениче
rnКога вашиот ден е комбинација од милион различни обврски, а дома ве чека вашето милениче на кое му се потребни љубов и нега (да не се лажеме, и на вас!), тогаш останувањето дома со него е навистина добар изговор да не излезете со пријателите. Малку гушкање и мазење, можеби кратка прошетка и секако, долгоочекуваниот одмор во топлината на вашиот дом каде не мора да се грижите како изгледате бидејќи вашето милениче ве сака без разлика на сè – тоа е некогаш најдобрата опција за вечерта.rn
3. Не ви се допаѓа местото/друштвото/планот за вечерта
rnНе секогаш планот за излегување ги вклучува само најдобрите пријатели, вашето омилено место за забава ниту пак се одвива според тоа како вие сакате. А кога нешто или сè од тој план не ви се допаѓа, тогаш не сте обврзани да го правите тоа. На крајот на краиштата, едно неизлегување не значи ништо, пријателите може да ги видите и на денско кафе.rn
4. Следното утро мора рано да бидете на работа
rnБидејќи не би ви било прв пат и знаете како е да одите мамурни на работа, сосема е очекувано да сакате да го избегнете тоа. Останувањето во дискотека до раните утрински часови со кој знае колку испиени коктели и шотови и не е баш добар рецепт за успешен и продуктивен ден на работа, а да не зборуваме за мачнината со која ќе треба да го преживеете.rn
5. Немате пари
rnПроблем кој најчесто се јавува на крајот на месецот, но е со тапија најголемиот проблем на сите кои одбираат останување дома наместо забава. Факт е дека излегувањето ќе ве чини доста пари, никогаш не се застанува на една пијачка нели? А кога немате пари тогаш нема ни што да правите. Вашите пријатели ќе го разберат ова.rn
6. Не се чувствувате добро
rnДали навистина ви е потребен подобар изговор од ова? Кашлате и/или ве боли глава, стомак, а можеби и го фаќате вирусот кој се шири кај вас на работа. Не се чувствувате добро и тоа е секогаш добар изговор да останете дома наместо да излезете некаде со пријателите. Едноставно, не сакате да си ја влошите здравствената состојба и тоа е тоа.rn
7. Не ви се излегува
rnРабота – дома, дома – работа, милион обврски во меѓувреме и на крајот на денот сè што сакате е да го прегрнете јорганот и да се одморите, можеби со добар филм и омилените грицки. Не ви треба гужва ниту гласна музика, туку тишина и одмор. Што е подобро од тоа?rnrnПа, дали се согласувате?
-

Едноставни, секси и стилски модни комбинации: Предлози за урбани вечерни излегувања!
Секој петок и сабота, девојките се соочуваат со истиот проблем – безнадежно стојат пред гардероберот запрашувајќи се што да облечат. Па затоа, ние решивме да ви ги скратиме маките барем за овој викенд. Ви претставуваме едноставни, секси и стилски модни комбинации на познатите трендсетерки, кои се идеални варијанти за вечерни излегувања.rnrn
rnrn1. Црни залепени панталони, полупроѕирна блуза изработена од интересен материјал и малку бела боја на вртоглаво високи потпетици, е одличен избор за девојките кои сакаат да изгледаат класично, а секси.rnrn
rnrn2. Мини здолништето, но она мини здолниште кое е изработено од превртена кожа е едно од најголемите трендови за оваа сезона. Облечете го ако одите на вечера со своите пријателки или момче, а со него искомбинирајте ролка во светло портокалова боја и кафеави чизми со високи потпетици. Полн погодок, зар не?rnrn
rnrn3. Ризичен, но секако ефективен потег е токму оваа комбинација која ја облекла Кјара Ферањи во дневна варијанта. Таа одлично ги искомбинирала кусите тексас панталони, длабоките црни чизми и блејзерот под кој се наѕира градникот.rnrn
rnrn4. Кожно здолниште со интересен крој во комбинација со кежул блуза, бело сако кое дава контраст и црни обувки со висока потпетица, се доволни за да се издвојувате од толпата. А, ако со оваа комбинација ставите и дамски шешир, атрактивниот изглед ќе ви биде загарантиран.rnrn
rnrn5. Уште една комбинација со која со сигурност ќе се издвојувате од толпата е блуза на едно рамо и панталони со широки ногавици.rnrn
rnrn6. Здолништето со реси е вистински погодок за оваа сезона есен/зима, па ние ви предлагаме да го носите во сите ваши омилени варијанти.rnrn
rnrn7. Како да не ја сакате оваа прекрасна комбинација на молив здолниште и кроп топ?rnrn
rnrn8. Мини кожно здолниште во црна боја, црна чипка и чизми кои достигнуваат до над колената – полн погодок!rnrn
rnrn9. Облечете блуза со гол грб, но не во стандардна варијанта. Нашиот предлог е тоа да биде токму овој модел во потполно атипичен, но многу ефективен крој.rnrn
rnrn10. За крај ја оставивме оваа феноменална и апсолутно преубава модна комбинација која од овој момент е нашиот фаворит за вечерно излегување.rnrn
-

Што не би требало да им кажувате на луѓето кои не сакаат да излегуваат?
Излегувањата се омилената активност на многу луѓе, но „многу“ не ги опфаќа сите луѓе на планетава. Да, постојат луѓе кои попрво би седеле дома и би гледале филм отколку да одат на некоја луда забава, а тие луѓе во ниеден случај не сакаат да ги слушнат овие реченици. Но, ако веќе им ги кажете, тогаш не се чудете ако ви возвратат со вакви цинични коментари.rnrn
rnrn„Ајде ќе биде забавно!“ – Можеби ќе биде, а може не, но знаеш што е дефинитивно забавно? Мојот совршен план за седење на каучот со пуканки. Па, затоа останувам на тоа.rnrn„Воопшто не си излегол/а цела недела.“ – Знам, тоа е ми е омиленото нешто неделава.rnrn„Мислам дека си во депресија.“ – Затоа што не сакам да пијам кригла пиво и да пеам песни од Кеша на полноќ? За твоја информација, тоа не е симптом на депресија.rnrn„И сега ќе останеш овде сам/а? Ох, тоа е толку тажно.“ – Тажно?! Ќе си правам постер со лепак, светки и букви од самолеплива хартија и потоа ќе јадам чипс по долна облека. Тоа ни малку не звучи тажно.rnrn„Ама сите ќе бидат возбудени што ќе те видат“ – Ох тоа е толку слатко! Потсети ги дека ги сакам, но и дека јас сум одговорен/а за моите одлуки и многу ретко се чувствувам удобно на забави.rnrn„Ќе престанам да те канам на вакви нешта затоа што никогаш не доаѓаш.“ – Хм, сурово, но фер.rnrn„Ти мразиш забава?“ – Не, не, не! Обожавам забава, затоа ќе останам дома и ќе го средувам плакарот додека ја слушам Сиа.rnrn„Зошто не сакаш да излеземе? И онака немаш планови!“ – Да јадам пица и да ја гледам омилената серија мене ми звучи како совршен план, така што, прашањево не ти држи вода.rnrn„*Внеси име на пријател/ка што ја обожуваш* ќе биде таму! Ти ја обожуваш *дотичната личност*! – Да навистина го/ја сакам и се договорив да излезам на кафе со него/неа следната недела и тоа ќе биде забавно тогаш, а не сега!rnrn„Немој да се срамиш. Сите ќе те сакаат.“ – И треба. Проблемот е во тоа што си се сакам себеси повеќе и сакам да бидам со себеси.rnrn„Мораш да се опуштиш малку. Под преголем стрес си.“ – Точно така! И дел од тој стрес моментално доаѓа кога ме тераат да правам работи што дефинитивно не сакам да ги правам.rnrn„Но ќе има *вметни нешто навистина екстравагантно и необично за журка* – Не е важно колку е добра забавата. Сепак, таму ќе има луѓе и ќе треба да се пресоблечам. Така што, не фала, можеби следниот пат. -

10 едноставни и одлични саботни фризури кои можете да ги пробате за вечерашното излегување
Доколку планирате вечерва да излезете, тогаш погледнете ги наредниве 10 едноставни фризури кои ќе ви помогнат да се издвоите од останатите и да привлечете многу погледи кон себе…rn
1. Коњско опавче со топчиња
rn
rnrnНаместо обичното коњско опавче, додадете повеќе ластичиња кои ќе ви ја подигнат косата и ќе направат таа да изгледа како да е во топчиња. Оваа лесна фризура е идеална за концерт, летни настани, па дури и за вечерно излегување со вашите пријателки.rn2. Висока пунџа со шишки
rn
rnrnДоколку сакате да оставите силен, но истовремено и женствен впечаток, тогаш оваа фризура е најдобар избор за вас. Но, не заборавајте да ја зацврстите со многу лак за коса доколку решите да одите на танцување.rn3. Странични локни
rn
rnrnСуптилните бранови во комбинација со голем волумен е гламурозна фризура која има моќ да го привлече вниманието на секоја личност околу вас.rn4. Половина горе, половина доле
rn
rnrnПоради својата форма, оваа фризура е одлична и за дневна и за вечерна прошетка. Таа исто така е соодветна и за венчавка на плажа. За да ја направите оваа фризура, сè што ви треба се мали црни шнолички со кои дискретно ќе го зацврстите горниот дел од косата.rn5. Растурено странично опавче
rn
rnrnОваа фризура можете да ја носите буквално секаде. Бушавиот изглед на косата одлично го урамува и исцртува вашето лице, правејќи ве многу секси во очите на мажите.rnrn

rn
rn
rn
rn
rnrnВо која група се пронаоѓате вие?