Ви се допаѓа девојка која е неколку сантиметри повисока од вас? Па што! Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да нема непријатни ситуации и нервози од двете страни.rnrn
rn
Не правете голема работа од тоа
rnМногу е важно како вие ѝ пристапувате на девојката која ви се допаѓа, и ете по некоја случајност е повисока од вас. Бидете самоуверени, чувствувајте се удобно во својата кожа и не кажувајте ѝ нешто поврзано со нејзината висина – таа знае дека е висока. Исто така, не спомнувајте ја ниту својата висина. Не правете шеги на своја сметка бидејќи така изгледате како да ви фали самодоверба и никако не почнувајте со реченица која ја истакнува разликата во висините кога сакате да освоите девојка која ви се допаѓа. Покажете ѝ дека ви се допаѓа заради тоа што е, не заради нејзината висина.rn
Не правете потајни работи за да изгледате повисоко
rnДури и да не кажете нешто за нејзината висина, можете не сакајќи да ја навредите доколку тоа го потенцирате со некој потег. На пример, не застанувајте едно скалило погоре на ескалаторот за да изгледате повисоко и не дујте ги градите кон напред. Таа ќе го забележи тоа. Верувајте, девојките не сакаат да излегуваат со момци кои чувствуваат дека треба да стојат на повисокото скалило само за да си ја одржат својата самодоверба, барем на една минута, колку што трае возењето по ескалатор.rn
И високите жени сакаат да се чувствуваат женствено
rnТоа што една девојка или жена е висока или има поголеми пропорции од оние на машкото не значи дека таа нема потреба да се чувствува елегантно и женствено. И покрај тоа што не можете да се шетате прегрнати со вашата рака преку нејзините рамена, сè уште можете да правите многу работи со кои ќе ѝ овозможите да се чувствува како дама, на пример да ја водите држејќи ја за рака до спалната соба, да ѝ помогнете да излезе од автомобилот отворајќи ѝ ја вратата, да ја држите за половината итн.rn
Не е доволно да ја толерирате нејзината висина, ценете ја
rnИ покрај тоа што не ѝ спомнувате ништо за нејзината висина, ниту ја потенцирате разликата помеѓу вашата и нејзината, тоа некогаш може да не биде доволно. Таа сепак е свесна за својата висина и може да ѝ биде непријатно како стрчи покрај вас. Покажете ѝ дека е атрактивна таква каква што е, заедно со нејзината убава долга коса, духовитоста, љубовта кон документарните емисии или што и да е друго.rn
Со висока девојка, во пакет добивате и долги нозе
rnВисината се истакнува кога се движите. Но, кога сте сами дома на каучот и гледате телевизија, постојат многу начини на кои можете да се наместите за да ви биде удобно на двајцата. На пример, вие сте потпрени на каучот, а таа седи испружена со нозете префрлени преку вас. Девојките ги обожаваат овие моменти. Повеќе сантиметри во ваквите моменти и вам добро ќе ви дојдат. Па кое машко не сака да погали долга нога!?


rnrnДенешните генерации не знаат да уживаат во младоста и во предностите кои таа ги нуди. Симнувањето ѕвезди веќе не е „ин“, најновата мода диктира нешто од видот „само едно добро лапање, важно е да се смуваме, ништо повеќе“. Жалосно, но вистинито. Флертот и додворувањето со лупа да ги бараш, во вакви услови на страшна искомплексираност, тешко да ги најдеш.rnrnДенешното општество ни нуди поинаков начин на машко-женска кокетност и заведување. Започнуваме со „poke“, „like“ и знаете, сите оние пропратни Facebook-елементи, и очекуваме оној од другата страна на мониторот веднаш да остане воодушевен или заинтригиран за нас. Во ред, секако дека не можеме целосно да ги занемариме модерните начини на комуникација, но немојте да дозволите предолго да останете заглавени во технологијата. Во секој случај вистинскиот живот е онаму надвор.rnrnИ да знаете само какво треперење може да предизвика ловењето на нечиј поглед вперен кон вас. Кога само би сфатиле колку една блага насмевка може да ви го разубави денот. Игрите со невербална комуникација знаат и тоа како да бидат интересни и пријатни. Има моменти кога говорот на телото кажува многу повеќе од зборовите. Чувството како да полетувате или можеби слетувате, како да се галите со ветрот или како да чекорите по облаци, такви се оние вибрации кои се шират помеѓу тајните сигнали на двајца непознати.rnrnАјде момци, што стана со вашата машкост? Наоколу изигрувате бестрашни мачо-типови, а кога ќе дојде ред да ѝ се приближите на убава девојка, како преплашено маче предете во некој агол и барате храброст во алкохолот.rnrnА вам девојки, каде ви е женственоста? Дотерани и стокмени како штотуку да сте излегле од некој моден магазин, а кога на повидок е згоден фраер кој ви ги буди пеперутките, наместо да тргнете во акција, се одлучувате за повлекување. Не оди така тоа мои фини дами и почитувани момци. Љубовта која толку упорно ја експонирате и барате нема ниту од небо да ви падне, ниту пак некој ќе ви ја подари спакувана со украсна хартија и црвена панделка.rnrnНаредниот пат кога ќе отидете на кафе или ќе излезете на ноќно журкање, па дури и кога ќе потрчате до најблиската продавница, не заборавајте да го понесете најголемиот адут – вашата шармантност собрана во една неодолива насмевка.rnrnФлертувајте за посреќни утра и повесели ноќи!
На времето, кога баба ми била на мои години, немало ништо од ова. Излегување навечер „у бољи живот“ за нив било одење на чешма со стомни по вода, „трачарењето“ на кафе со другарки било везење во селскиот двор со снаи и золви, припазувајќи ги кокошките да не го исклукаат врти попот и лалето. Пуштањето по СМС и честењето пијачки било праќање шефтелии и сл.rnrnДодека денес младите гледаат само да се видени во ВИП зоната во некоја уште поВИП дискотека во сабота навечер (дремуцкајќи во комотните фотелји, пиејќи добро виски) и во недела наутро на трач муабет, што-како, во некој елит кафич, особено ако е самер тајм, на надворешните фотелји со наочари во „Холивуд стил“ (што би рекол Тони Зен), бабите наши и дедовци „излегувале“ на пазар и ВИП зона им било каде што се продавале сомуни. Изгледот не ни бил толку битен колку што било битно да не „пукне брука низ село“ ако таа има 22 години, а е немажена. Демек „уседелица“ ќе останела! Дедо ми ја „армасал“ баба ми баш на ВИП-зоната и ù купил ВИП лепче-сомунче. Нормално по лепчето ја однел дома кај него, а баба ми ја испратила снаата да каже дека нема да се враќа веќе дома.rnrnДодека нашиве „елит“ (не зборам за сите) машки бараат девојка со „2 метра нога“, тогаш биле „ин“ ниски девојки. А сестрата на баба ми била така повисочка од модерното со 165 см, плус и слабичка и не била баш омилена кај стројниците. Кој му ја мислел тогаш на убавина и карактер!?rnrnГледале само да се земат и да изродат деца. И додека нашиве млади живеат предбрачно, што би рекле „колку за проба“ заедно, баба ми спиела 3 месеци со свекрвата иако веќе била мажена.rnrnКога ќе погледнеш „уназад“ 60 години, знаејќи ја баба ми, дедо ми сигурно со „нож под грло“ ја правел мајка ми =) =) =). Велат на никого не му пишува на чело каков е во душа, но овде баш имам едно прашање:rn