КАФЕ ПАУЗА

Tag: излегување

  • 3 хороскопски знаци што најтешко ја издржуваат самоизолацијата

    3 хороскопски знаци што најтешко ја издржуваат самоизолацијата

    Епидемијата на коронавирусот предизвика криза со која се соочува целиот свет и целосно го смени нашето секојдневие. Самоизолацијата има големо влијание врз животот на луѓето, а на некои не им е тешко да се дистанцираат од другите луѓе, додека на други им е тешко да издржат да бидат затворени во четири ѕида. Прочитајте кои три хороскопски знаци не можат да ја издржат самоизолацијата.rnrn3 хороскопски знаци што најтешко ја издржуваат самоизолацијатаrn

    Лав

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак сакаат да бидат во центарот на вниманието и уживаат кога добиваат внимание од другите. Тешко им е да го поднесат ненадејното ограничување на излегувањето, а со тоа и скратувањето на можноста да бидат во центарот на вниманието. Лавовите се многу дружељубиви луѓе, секогаш опкружени со луѓе и сето тоа ќе им недостасува додека се во самоизолација. Сепак, разумот победува. Тие се свесни дека не треба да излегуваат меѓу луѓе за да се заштитат себеси и другите.rn

    Стрелец

    rnИ Стрелците имаат проблеми со ограничувањето на излегувањето бидејќи се дружељубиви луѓе. Сакаат авантури и се познати по својата спонтаност. Кога се во друштво на своите пријатели, тогаш се во одлична форма. Ако се затворени сами дома, се чувствуваат како да имаат недостиг на здив. Сепак, тие знаат колку е важно да останат дома, па ќе донесат разумна и правилна одлука.rn

    Овен

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак се амбициозни и постојано си поставуваат цели што мора да ги постигнат. Но, некои проекти сега мора да почекаат поради кризата и тоа им е тешко да го прифатат.rnrnОвните имаат немирен дух и се крајно нестрпливи. Затоа едвај чекаат конечно да помине сè за да тргнат во акција. Сепак, сега мора да бидат меѓу нивните четири ѕида. За среќа, постојат некои деловни планови што можат да работат од дома.rnrnПрочитајте што ги нервира хороскопските знаци додека работат од дома.

  • Како да се облечете за излегување во кино?

    Како да се облечете за излегување во кино?

    Младите, како и оние малку постарите, со задоволство одат во кино за да гледаат некој долгоочекуван филм на големото платно. Нема сомнение дека кината сѐ уште се извор на забава. Притоа, во кино можете да одите со членовите на семејство или со пријателите, но исто така тоа може да биде и совршена прилика за излегување со личноста којашто ви се допаѓа. Ако после кино пак, сакате да заминете во вашиот омилен ресторан, тоа ќе биде идеален состанок. Но, секогаш се наметнува едно прашање: Како соодветно да се облечете за оваа прилика?rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rnrnВеројатно со часови разгледувате и испробувате различни комбинации. Дали да носите здолниште? Можеби панталони? Сите ваши недоумици ќе бидат успешно решени во продолжение.rn

    Како да се облечам за одење во кино?

    rnПрвото нешто што треба да го имате на ум е вашиот личен стил. Не треба да се чувствувате како да сте облекле костим. Треба да се чувствувате добро и удобно во она што ќе го носите.rnrnНајважно е да се чувствувате пријатно. Во киното ќе седите на низок стол и целото внимание ќе ви биде насочено кон екранот. Затоа гардеробата не треба да ви го одвлекува вниманието поради која било причина.rnrnПокрај тоа, филмот ќе трае еден до два часа, што е уште една причина да изберете удобна облека, за да бидете максимално релаксирани.rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rn

    Која гардероба треба да се избегнува?

    rnДури и да одите во кино со личност којашто ви се допаѓа и би сакале да ја импресионирате, не ви препорачуваме да изберете провокативна облека, односно таква што ги привлекува погледите. Соодветно на тоа, заборавете на отворените маици и кошули. Во киното ќе бидете во мрак и најверојатно облеката ќе ви се измрда, бидејќи во рок од два часа или колку и да трае филмот, сигурно ќе се поместувате на столот, барајќи удобна позиција. Можно е и сценарио каде што ќе бидете загрижени дали вашата кошула стои како што треба или открива повеќе од посакуваното.rnrnИсто така, не би ви препорачале тесна гардероба, како на пример здолништа или панталони кои ви се малку мали. Не би сакале да ги расцепите вашите панталони заради некое нагло движење што сте го направиле или пак, вашето здолниште да се крене превисоко. Стремете се да бидете слободни за време на траењето на филмот, барем во однос на гардеробата, како би го зголемиле уживањето во приказната на платното.rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rn

    Идеални обувки

    rnВи препорачуваме да не носите штикли, туку спортски патики или балетанки. Вашиот изглед треба да биде неформален, едноставен, секојдневен. Не ви се потребни високи чевли, бидејќи не се работи за елегантна прилика. Причината е тоа што чевлите треба да ви бидат удобни доколку после филмот одите на прошетка или во ресторан. Не би сакале да размислувате за вашите плускавци, нели?rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rn

    Аксесоари

    rnСлично на облеката и обувките, истото важи и за аксесоарите. Не се работи за гала настан, туку за неформално место. Значи, изберете накит за секој ден. Ништо премногу фасцинантно. Што се однесува до чантите, избегнувајте ги големите бидејќи тие ќе ви пречат додека го гледате филмот.rn

    Идеална комбинација за пролет/лето

    rnКога станува збор за овој период од годината, многу е лесно да се избере неформална гардероба. Вашиот изглед ќе зависи од тоа со кого ќе одите во кино.rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rn

    Модна комбинација за излегување со партнерот

    rnАко излегувате со некоја личност што ви се допаѓа и сакате вашиот изглед да има нота на романтичност, тогаш фустанчето е најдобриот избор. Искомбинирајте го со рамни сандали или балетанки. Тоа ќе биде добитна комбинација.rn

    Идеална комбинација за излегување со пријателите

    rnШто мислите за кратки панталони со обична маица? Да, знаеме дека ова е премногу обична комбинација, но е најдобра за оваа прилика. Не заборавајте дека кратките панталони не треба да бидат премногу тесни, како и премногу кратки. Сето ова е заради  удобноста. Додајте ги вашите омилени патики и спремни сте.rnrnКако да се облечете за излегување во кино?rn

    Автор: Антонина Велјановска

  • Зошто вашата мачка не треба често да излегува надвор?

    Зошто вашата мачка не треба често да излегува надвор?

    Мачките на кои им е дозволено да излегуваат од дома имаат три пати поголеми шанси да се заразат со разни болести и паразити, за разлика од оние кои седат само дома. Ова се резултатите од едно неодамнешно истражување.rnrnЗошто вашата мачка не треба често да излегува надвор?rnrnНаучниците истакнале и дека некои од овие болести, мачките можат да им ги пренесат и на луѓето. Интересно е што истражувањето покажало дека колку подалеку живеат мачките од екваторот, толку се поголеми шансите да се заразат со паразити или микроби.rn

    „Со секое стапнување на земјата, можностите за зараза се зголемуваат за 4%“, изјавила Кајли Чалковски која го водела истражувањето.rnrn„Тропските подрачја можеби ги доживувате како побогати со диви животни и паразити. Но изгледа дека географската ширина има друго влијание.“

    rnЗа да одлучат кое место е подобро за мачките, Кајли и нејзиниот тим проучувале над 20 поранешни истражувања. Истражувањата ја проучувале честотата на болестите на мачки кои живееле само дома и на оние кои излегувале надвор. Во ова истражување биле проучени 19 различни мачкини микроби и паразити, од над 10 држави, вклучувајќи ги Шпанија, Канада, Австралија, Швајцарија, Германија и Холандија.rn

    „Ова е прв пат, на разни локации, прецизно да се утврди пристапот до надворешниот свет на мачките како фактор за ризик од зараза.“

    rnОва е утврдено за речиси сите мачкини болести, вклучувајќи ги и оние кои се пренесуваат на луѓето.rn

    „Всушност, каде и да сте во светот, чувањето на мачките дома е најдобриот начин да ги чувате здрави и незаразени. Ова е особено добар совет кога ќе се земе предвид дека многу од патогените што ги носи мачката можат да се пренесат и на луѓето.“

    rnИ другите припитомени животни можат да им пренесат болести на луѓето. На пример, кучињата можат да пренесат беснило, а добитокот – болести на дигестивниот систем. Најверојатно, дивите мачки прв пат стигнале во човечките заедници барајќи глодачи, а биле припитомени пред околу 5.000 години. Се проценува дека ширум светот, околу 500 милиони мачки се домашни миленици.rnrnПогледнете ги и болестите што можат да ви ги пренесат домашните миленици.

  • Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

    Експеримент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?

    Дали некогаш сте си помислиле како е да бидете затворени во ментална установа иако сте совршено здрави? Веројатно мислите дека ова е ирационален страв, зарем не? Едноставно ќе кажете дека сте „нормални“, дека немате сериозни проблеми со менталното здравје, и можете слободно да си одите.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnНо изгледа дека постои нешто навистина чудно со менталните институции, бидејќи штом еднаш ќе влезете, не е толку едноставно да излезите.rnrnВо 1969-та година, психологот Дејвид Росенхан направил експеримент и го нарекол „Да се биде нормален на ненормални места“.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnЦелата идеја зад овој уникатен експеримент била да се тестира колку е лесно да се влезе во ментална институција, а колку е тешко да се излезе. Дејвид собрал 8 луѓе – 3 жени и 5 мажи, и секој од нив бил примен во разна психијатриска установа. Помеѓу испитаниците имало психолози, педијатар, психијатар, сликар и домаќинка. Секој од нив изјавил дека слуша гласови кои повторувале три збора – празно, здодевно и удар.rnrnДоволен бил само овој симптом за испитаниците да бидат примени во установите. Дејвид изјавил дека му било страв дека брзо ќе бидат фатени, но овој страв бил далеку од реалноста.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnШтом испитаниците стапнале во болниците, сите почнале да тврдат дека им исчезнале симптомите и се чувствувале подобро. Но ова не било доволно за да ги ослободат. Всушност, ниту еден од вработените не забележал дека овие луѓе можеби ги лажирале нивните проблеми со менталното здравје.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnБиле потребни од 7 до 50 денови за сите испитаници да бидат ослободени од болниците, но никој од нив не бил обележан како здрав. Сите биле ослободени со дијагнози како манична депресија, па дури и шизофренија.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnИако испитаниците се однесувале сосема нормално, нивните постапки, како на пример, пишување дневник, се сметале за вознемирувачки. Исто така со нив се однесувале лошо, иако тие биле добри кон негувателите. Понекогаш се соочувале и со малтретирање. Дејвид го употребил зборот „дехуманизирачко“ за да го опише целото искуство.rnrnОна што е можеби најинтересно е дека од 118-те вистински пациенти, 35 забележале нешто невообичаено кај испитаниците. Изјавиле дека сметале дека се новинари или професори кои спроведуваат експеримент.rnrnЕксперимент: Колку е тешко да се излезе од ментална установа?rnrnЦелиот експеримент резултирал со едноставен заклучок – менталните институции почесто погрешно дијагностицираат здрава личност како болна, наместо болна како здрава. Дејвид запишал:rn

    „Очигледно е дека не можеме да ги разликуваме лудите од нормалните во психијатриските болници.“

    rnДали знаете кои се најчестите погрешни сфаќања за психотерапијата?

  • Како да се одморите од социјалните случувања ако сте екстроверт кој потајно не сака излегувања?

    Како да се одморите од социјалните случувања ако сте екстроверт кој потајно не сака излегувања?

    Луѓето сакаат да ги делат карактерите во две категории – екстроверти и интроверти. Додека екстровертите се луѓе кои уживаат во социјалните настани, интровертите немаат некаква потреба од тоа. Постојат интроверти кои не се исплашени од групни собири, а постојат и екстроверти кои се заморуваат од премногу дружење.rnrnКако да се одморите од социјалните случувања ако сте екстроверт кој потајно не сака излегувања?rnrnПостојат начини на кои екстровертите можат да се „наполнат“ по ден поминат на училиште, работа или во гужва. Без разлика во која категорија спаѓате, времето поминато со себе е навистина важно. Па, ако сте екстроверт кој сака да одмори од социјалните случувања, овие начини ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. Одморете се од сè социјално, вклучувајќи го и вашиот телефон

    rnОва може да биде тешко за екстровертите, но кога постојано сакате да ги запознаете другите, дали воопшто имате време да се запознаете себеси? Кога екстровертите имаат момент за себе, потребно е целосно да го искористат. Паузата од социјалните мрежи, па дури и само на неколку часа ќе ви помогне подобро да се разберете и да откриете каква личност сте покрај ознаката екстроверт.rn

    2. Групно вежбање

    rnСамо затоа што екстровертите сакаат да бидат со други луѓе не значи дека започнуваат разговори со секого. Понекогаш им е доволно само да знаат дека припаѓаат негде. Одличен начин да се опуштите, а сепак да ги задоволите социјалните потреби е групно вежбање, возење велосипед и слично.rn

    3. „Закопајте“ се во некоја книжара

    rnМожеби библиотеките не се толку популарни денес, но зошто да не посетите некоја книжара? Овие јавни места се одлични за антисоцијални луѓе кои сакаат да се замешаат со малку народ. Изгубете се во некоја добра книга, пишувајте во вашиот дневник или уживајте еден час само со себе.rn

    4. Одете сами на состанок

    rnИма многу предности кога самите ќе се почестите вечера. Пред сè, нема да се грижите за делење на сметката и можете да порачате што сакате. Јадењето сами, без вашиот телефон, ќе ви помогне да научите многу за себе. Обрнете внимание на вашите манири на масата за јадење, како се однесувате со послугата и какво е чувството да бидете потполно сами. Можеби повеќе ќе уживате во вашето друштво отколку со некој друг.rn

    5. Препознајте кога ви е потребен простор

    rnГолема е веројатноста да ви се случило да се чувствувате заробено на некој социјален настан. Ова е нормално дури и за екстровертите. Важно е да препознаете кога е потребно да забавите и да одвоите време за себе. Во овие моменти ќе ви помогне кратка прошетка, 10-минутна медитација, читање… Отстранете се од ситуацијата која прави да се чувствувате лошо за да дознаете како навистина се чувствувате.rn

    6. Завршете некоја обврска во домот

    rnОбично екстровертите имаат полн социјален календар, па речиси никогаш не стигнуваат да ги завршат домашните обврски. Иако речиси никој не ужива во ова, чистењето одвреме-навреме може да биде вистинска терапија. Се разбира, чистењето најчесто е соло активност, па за да не се чувствувате премногу осамени пуштете си музика или телевизија. Покрај тоа, музиката ве прави многу попродуктивни.rnrnПрочитајте и зошто е добро да се биде екстроверт во модерното општество.

  • Волшебното стапче од чантата: 3 трикови за убавина за совршен изглед во текот на целата ноќ

    Волшебното стапче од чантата: 3 трикови за убавина за совршен изглед во текот на целата ноќ

    Сте избрале нов фустан, сте нанеле вечерна шминка и елегантна фризура и сѐ е подготвено за вечерното излегување. Но, што кога во текот на ноќта вашата маскара повеќе не е на трепките, слаткиот шампањ заврши на вашата коса, а обетките на подот? Не грижете се, со помош на овие мали SOS трикови ваквите проблеми ќе станат минато.rnrn1-volshebnoto-stapche-od-chantata-3-trikovi-za-ubavina-za-sovrshen-izgled-vo-tekot-na-celata-nokj-www.kafepauza.mk_rn

    6 производи кои мора да ги имате во вашата чанта:

    rn

      rn011

    • коректор за подочници или течна пудра
    • rn011

    • хартиени марамчиња
    • rn011

    • крема (тестер или мало пакување)
    • rn011

    • кармин или сјај за усни
    • rn011

    • огледалце
    • rn011

    • чешелче
    • rn

    rn

    1. Размачкана маскара

    rnБез разлика дали излегувате на отворено, па ви солзат очите или пак сте во затворен објект, вечерното излегување не може да помине без размачкана маскара.rnrn2-volshebnoto-stapche-od-chantata-3-trikovi-za-ubavina-za-sovrshen-izgled-vo-tekot-na-celata-nokj-www.kafepauza.mk_rn

    Решение:

    rnНе мијте го лицето со сапун и вода, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата и постои голема веројатност сапунот да заврши во вашите очи. Одете до тоалетот, земете хартиено марамче или парче тоалетна хартија и врвот намачкајте го со крема. Лесно тапкајте ги дамките од маската и избришете со сувиот дел. Местото покријте го со малку коректор или течна пудра.rn

    2. Алкохолен пијалак во косата

    rnВесела музика, добро расположение, танцување и гужва многу лесно може да резултираат со прелиен пијалак кој во тој момент се нашол во вашата фризура. Како да го спречите неудобниот мирис од алкохолниот пијалак и да ја спасите вашата фризура која внимателно сте ја направиле?rnrn3-volshebnoto-stapche-od-chantata-3-trikovi-za-ubavina-za-sovrshen-izgled-vo-tekot-na-celata-nokj-www.kafepauza.mk_rn

    Решение:

    rnРеагирајте додека вашата коса е сѐ уште мокра. Намокрете го чешелот и нежно исчешлајте го намокреното место. На чешелот ставете малку крема и повторно исчешлајте. Избришете го чешелот и уште еднаш со него поминете низ косата. Вашата коса нема да остане леплива и што е најважно нема да мириса на алкохол.rn

    3. Изгубено копче од обетка

    rnСвечените обетки се совршен детаљ со елегантната облека и фризура, но често се случува копчето кое ги држи обетките да исчезне. Доколку ви се случи ваква незгода, немојте да ги извадите обетките, туку употребете ја фантазијата и бидете снаодливи.rnrn4-volshebnoto-stapche-od-chantata-3-trikovi-za-ubavina-za-sovrshen-izgled-vo-tekot-na-celata-nokj-www.kafepauza.mk_rn

    Решение:

    rnПобарајте од келнерот парче лимон или уште подобро лимета и отидете до тоалетот. Со помош на ноктите скинете мало парче од кората и добро исушете го со хартиено марамче. Ставете ја обетката на увото, а парчето набодете го на игличката од обетката. Тоа ќе послужи како копче и што е најважно ќе издржи во текот на целата ноќ, а вие можете мирно да танцувате и да уживате во добрата забава.rnrnДоколку сте во потрага по трикови кои ќе ви помогнат секогаш да изгледате убаво и негувано, тогаш задолжително прочитајте ги овие генијални трикови за убавина и нега што ќе ви го олеснат животот.

  • 10 лаги што сите девојки си ги кажуваат пред вечерното излегување

    10 лаги што сите девојки си ги кажуваат пред вечерното излегување

    Понекогаш самите сме си најлоши непријатели. Особено ако сте жена и станува збор за изгледот. Освен тоа што намерно патиме во супер тесните или непрактични парчиња облека и високи потпетици во кои одвај стоиме на место, уште се лажеме и самите себе. Погледнете кои се типичните лаги кои секоја жена ги изговара во огледалото пред вечерното излегување.rnrnrn

    1. Можеби сега ме болат стапалата од високите потпетици, но сѐ ќе биде во ред кога ќе излезам од дома и ќе ги разодам

    rn2-10-lagi-koi-si-gi-kazhuvame-na-sebe-pred-vechernoto-izleguvanje-www.kafepauza.mk_rn

    2. Ќе испијам само неколку пијалаци пред излегување – нема шанси да испијам премногу или да заспијам пред да излезам од домот

    rn3-2-10-lagi-koi-si-gi-kazhuvame-na-sebe-pred-vechernoto-izleguvanje-www.kafepauza.mk_rn

    3. Ќе сокријам малку пари во градникот за да се вратам назад со такси… сигурно нема да ми падне на памет во 3 часот наутро, на шанкот од некој ноќен клуб, да барам во градникот пари за да купам уште еден пијалак

    rn4-2-10-lagi-koi-si-gi-kazhuvame-na-sebe-pred-vechernoto-izleguvanje-www.kafepauza.mk_rn

    4. Вечерва нема да разговарам за работата

    rn5-2-10-lagi-koi-si-gi-kazhuvame-na-sebe-pred-vechernoto-izleguvanje-www.kafepauza.mk_rn

    5. Нема на некој непознат да му ги откријам своите најмрачни тајни

    rn6-2-10-lagi-koi-si-gi-kazhuvame-na-sebe-pred-vechernoto-izleguvanje-www.kafepauza.mk_rn

    6. Нема да ја поминам вечерта во длабок разговор со само една личност, туку ќе бидам друштвена и ќе разговарам со сите

    rn7-2-10-lagi-koi-si-gi-kazhuvame-na-sebe-pred-vechernoto-izleguvanje-www.kafepauza.mk_rn

    7. Нема да му пратам порака на бившиот, бидејќи тоа е непотребно. Повеќе не мислам на него, па зошто да го направам тоа?

    rn8-2-10-lagi-koi-si-gi-kazhuvame-na-sebe-pred-vechernoto-izleguvanje-www.kafepauza.mk_rn

    8. Ќе бидам кралица на подиумот и нема да испробувам никакви нови движења

    rn9-2-10-lagi-koi-si-gi-kazhuvame-na-sebe-pred-vechernoto-izleguvanje-www.kafepauza.mk_rn

    9. Вечерва е вистинска женска вечер и ќе ја поминам само со девојки, а момчињата потполно ќе ги игнорирам

    rn10-2-10-lagi-koi-si-gi-kazhuvame-na-sebe-pred-vechernoto-izleguvanje-www.kafepauza.mk_rn

    10. Ќе се однесувам како дама!

    rn11-2-10-lagi-koi-si-gi-kazhuvame-na-sebe-pred-vechernoto-izleguvanje-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку сакате да заштедите време за смислување на модерна, уникатна и впечатлива модна комбинација, ви предлагаме да погледнете неколку интересни комбинации за вечерно излегување.

  • Работи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечер

    Работи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечер

    Никој не сака да го одбива друштвото кога станува збор за излегување. Иако целиот ден ви бил многу напорен и сте планирале да го прегрнете креветот веднаш штом стигнете дома, вашите пријатели ви се јавуваат и ве убедуваат да излезете со нив на коктели или да отидете во најновиот отворен бар. Како би можеле да одбиете таква покана?!rnrnРаботи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечерrnrnОд страв да не пропуштите нешто, вашиот инстинктивен одговор е „Доаѓам!“. Но, уште следниот ден се каете поради вашата непромислена одлука. Колку и да сакате да се социјализирате, понекогаш најдобро е да си останете дома. Ова се работите поради коишто немаше да жалите денес доколку не излезевте вчера…rnrn1. Длабоката тага што ја чувствувате кога алармот ќе почне пишти во 7 наутро.rnrnРаботи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечерrnrn2. Болката на очите поради закоравената стара шминка.rnrn3. Новиот пар чевли што некако успеавте да го уништите по само една вечер.rnrn4. Погледот полн со омраза што ви го дава вашето куче поради тоа што сте го згазнале случајно кога сте упаднале низ влезната врата минатата вечер.rnrn5. Бесконечниот молк на вашите родители, партнери или цимери што најверојатно сте го заслужиле иако немате поим каде сте згрешиле.rnrn6. Ждерењето на остатоците од ручекот во 3 часот наутро.rnrnРаботи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечерrnrn7. Пасивно-агресивните пораки на мајка ви поради тоа што не сте ја известиле дека безбедно сте стигнале дома.rnrn8. Пукнатиот екран на вашиот телефон што сега ќе треба да го менувате по 5-ти пат.rnrn9. Закоравеното, неизмиено тавче кое останало во лавабото цела вечер откако очигледно сте одлучиле дека мора да си испржите јајца кога сте дошле дома.rnrn10. Доколку и денес сте на работа, не можете а да не го забележите интензивниот прекорен поглед на вашиот шеф додека влегувате во канцеларијата и изгледате како да ве прегазил воз.rnrn11. Убиствената главоболка која некако успева да ве убеди дека пиењето по 3 аспирина на секои 6 часа е добра идеја.rnrn12. Смрдеата од вашите неизмиени пазуви, бидејќи бевте премногу уморни за да истуширате наутро.rnrnРаботи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечерrnrn13. Игнорирањето на вашиот најдобар пријател поради тоа што сте му го скршиле телефонот додека сте се обидувале да го искористите за да им се јавите на вашите поранешни партнери од пред 3 години.rnrn14. Паниката додека брзате да ја тргнете ознаката од сите засрамувачките фотографии што сте ги објавиле минатата вечер на Фејсбук.rnrn15. Сите миризби околу вас што ги чувствувате како директен напад на вашите ноздри.rnrn16. Часот по вежбање што најверојатно сега ќе го прескокнете по трети пат оваа недела.rnrn17. Новите модрици на вашата рака со непознато потекло.rnrn18. Опсесивното проверување на телефонот на секои 2 минути за да видите дали сте добиле порака од слатката девојка или дечко на коишто сте им го дале бројот вчеравечер.rnrnРаботи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечерrnrn19. Константната дехидратација што ниту една количина на вода не може да ја реши.rnrn20. Болната неизвесност што ја чувствувате додека ја проверувате вашата сметка во банка.rnrn21. Тресењето и вибрирањето на вашите мускули од сиот тој кофеин што сте го внеле за да го преживеете денот.rnrnПо бурната ноќ, прочитајте како да се ослободите од утринскиот мамурлак.

  • Неколку совети за оригинални и впечатливи вечерни модни комбинации

    Неколку совети за оригинални и впечатливи вечерни модни комбинации

    Повторно немате што да облечете, а пријателите веќе ве очекуваат? Да, ова е одличен опис на секој викенд или секоја ноќ во текот на неделата кога се подготвувате за излегување и кога ве фаќа од онаа блага, па до најлоша паника, бидејќи гардероберот одново и одново во вашите очи изгледа празно и нема ништо во него што би можело да се искористи. Немојте веднаш да се загрижувате и да се нервирате, бидејќи ние ви даваме неколку идеи за вечерни модни комбинации во кои ќе изгледате одлично и оригинално.rnrn0-dres-kod-nekolku-soveti-za-originalni-i-vpeatlivi-veerni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_rnrn1. Сведено и едноставно. Кога повеќе не знаете од каде да извлечете инспирација и како да го засените подиумот на клубот во кој одите, едноставноста е таа која ќе ви помогне во целост. Маица со рамки или некоја лесна блуза без ракави, тесно молив здолниште, високи потпетици и мала чанта, е сето она што ќе ви биде потребно за една убава вечер со пријателите. Со оваа комбинација не ви се потребни други аксесоари. Пуштете ја косата и нанесете малку шминка за да добиете свеж изглед и тоа е сѐ. Едноставно, зарем не?rnrn1-dres-kod-nekolku-soveti-za-originalni-i-vpeatlivi-veerni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_rnrn2. Она што и вам некогаш ви се допаднало, а знаеме дека многу девојки „полуделе“ по нив, се занимливите балерински здолништа, здолништата направени од реси, односно сите модели на мини здолништа кои изгледаат слатко. Меѓутоа, симпатичниот изглед на овој модел, со вистинските парчиња облека, кои му дозволуваат да ја води оваа комбинација, ќе допринесат да не изгледате само слатко, туку доста предизвикувачки и секси.rnrn2-dres-kod-nekolku-soveti-za-originalni-i-vpeatlivi-veerni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_rnrn3. Излегувањата не се резервирани само за комбинациите кои „издишуваат“ со гламур и екстраваганција, туку и самите знаете дека секогаш и секаде можете да избирате кежуал модни комбинации, што ќе ги носите дури и во текот на денот кога треба да завршите некои обврски или да се најдете со пријателките. Со некоја едноставна туника или фустан, комбинирајте кожни хеланки, и веќе со ова имате доста занимлив изглед. Високите потпетици, кожната јакна или лежерниот капут ќе ја надополнат оваа модна комбинација.rnrn3-dres-kod-nekolku-soveti-za-originalni-i-vpeatlivi-veerni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на следната страница за повеќе модни комбинации…rn

  • 6 едноставни модни комбинации за опуштени вечерни излегувања

    6 едноставни модни комбинации за опуштени вечерни излегувања

    Како и секогаш, кога ќе започнете да се подготвувате за вечерното излегување, најголемиот проблем е што да облечете, а да изгледа убаво, модерно и во согласност со приликата. Секако, едноставното и сведеното се двете важни правила кои даваат одлични комбинации, а сигурни сме дека веднаш ќе ги засакате овие едноставни модни идеи, бидејќи тие се совршени за една опуштена вечер, но и впечатливи, а ќе го покажат и вашиот стил, моден вкус и воопшто вашиот начин на живот.rnrnrnrn1. Иако е зима, вечерта и излегувањата ви допуштаат да се облечете малку „полесно“, односно да изберете некои полесни парчиња облека од вашиот гардеробер. Краткиот фустан со долги ракави комбинирајте го со чизми до глуждови, со помала штикла, и на овој начин ќе добиете модна комбинација која е многу удобна. Целиот изглед надополнете го со поголеми парчиња накит и кожна јакна, и спремни сте за излегување.rnrn2-6-ednostavni-modni-kombinacii-za-opushteni-vecherni-izleguvanja-www.kafepauza.mk_rnrn2. Искористете го сето она што е моментален тренд во модата. Широките панталони комбинирајте ги со кратки чизми и краток топ, а целата комбинација зачинете ја со долг капут. Добар моден погодок би било целата модна комбинација да биде во крем бои и нијанси, на кратко, монохроматска.rnrnrnrn3. Веќе одамна знаеме дека кожните јакни одлично изгледаат со чипка. Едноставниот фустан со чипкасти детали, кожната јакна и високите потпетици, создаваат одлична модна комбинација која ќе можете да ја облечете каде било, без разлика дали ќе одите на дружење со пријателите, состанок со момчето или излегувањето во некој клуб. Ќе изгледате совршено!rnrn4-6-ednostavni-modni-kombinacii-za-opushteni-vecherni-izleguvanja-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на следната страница за останатите 3 модни комбинации…rn