КАФЕ ПАУЗА

Tag: грб

  • Истегнувања на телото кои ви ја подобруваат формата и ве ослободуваат од болки

    Истегнувања на телото кои ви ја подобруваат формата и ве ослободуваат од болки

    Доколку сакате да изгледате повисоки, ефикасно да ги затегнете страничните мускули со вежбање или да се ослободите од болките во грбот, вратот, рамењата и главата, добро е да ги знаете овие неколку начини на истегнување на телото.rn

    1. Правењето склекови во оваа позиција е „закон“ за страничните мускули и за целосно обликување на телото, не само нагорниот дел

    rn1-istegnuvanja-na-teloto-koi-vi-ja-podobruvaat-formata-i-ve-osloboduvaat-od-bolki-kafepauza.mkrn

    2. Ова истегнување ги елиминира стресот и главоболките доколку останете во оваа положба 5 минути

    rn2-istegnuvanja-na-teloto-koi-vi-ja-podobruvaat-formata-i-ve-osloboduvaat-od-bolki-kafepauza.mkrn

    3. Неколку начини да ја сопрете болката во вратот и рамењата со истегнување

    rn3-istegnuvanja-na-teloto-koi-vi-ja-podobruvaat-formata-i-ve-osloboduvaat-od-bolki-kafepauza.mkrn

    4. Вежба која може да ви го подобри држењето на телото и да придонесе да изгледате повисоки

    rn4-istegnuvanja-na-teloto-koi-vi-ja-podobruvaat-formata-i-ve-osloboduvaat-od-bolki-kafepauza.mkrn

    5. Четвртестиот слабински мускул предизвикува болка во долниот дел од грбот. Важно е да се протегнувате на овој начин доколку седите подолг период во текот на денот.

    rn5.1-istegnuvanja-na-teloto-koi-vi-ja-podobruvaat-formata-i-ve-osloboduvaat-od-bolki-kafepauza.mk 5.2-istegnuvanja-na-teloto-koi-vi-ja-podobruvaat-formata-i-ve-osloboduvaat-od-bolki-kafepauza.mk 5.3-istegnuvanja-na-teloto-koi-vi-ja-podobruvaat-formata-i-ve-osloboduvaat-od-bolki-kafepauza.mk

  • 3 вежби против болки во кичмата

    3 вежби против болки во кичмата

    Речиси и да нема некој што не почувствувал болка во кичмата во одреден период. Тој дел од телото честопати се запоставува при вежбањето, па затоа останува послаб. Овие неколку вежби се за почетници, нема премногу да ви го зајакнат долниот дел од грбот, но можат да спречат појава на болки поради неактивност.rn

    Кобра

    rnОваа вежба за почетници можете да ја изведете така што ќе легнете на стомак, а потоа ќе се исправите на рацете и ќе ги истегнете стомакот и грбот. Обидете се да го оддалечите горниот дел од телото колку што можете понагоре, додека нозете целосно остануваат на подот.rnrn3 вежби против болки во кичматаrn

    Штица

    rnОткако ќе го доведете телото во позиција за изведување склекови, горниот дел од телото потпрете го на лактите и останете мирно во позицијата како на сликата, без да мрдате. Многу е важно ’рбетот да ви биде целосно исправен.rnrn3 вежби против болки во кичматаrn

    Мачкино истегнување

    rnПотпрете го телото на рацете и колената, при што ’рбетот ќе ви биде исправен. Потоа вовлечете ги стомачните мускули така што ќе го искривите грбот без да ги мрдате колената и рацете.rnrn3 вежби против болки во кичмата

  • Природен лек за трајно отстранување на болките во ‘рбетот, нозете и грбот

    Природен лек за трајно отстранување на болките во ‘рбетот, нозете и грбот

    Доколку патите од болки во ‘рбетот и грбот, па и во нозете, што обично е предизвикано од премногу седење или тежок физички напор, не грижете се, бидејќи постои природен лек за решавање на овој проблем. За само неколку дена ќе ја почувствувате позитивната промена, а за помалку од 2 месеци и целосно излекување.rnrnПрироден лек за трајно отстранување на болките во 'рбетот, нозете и грботrnrnСекоја вечер пред спиење, во рок од еден до два месеци треба да јадете:rn

      rn011

    • 1 сува смоква
    • rn011

    • 1 сува кајсија
    • rn011

    • 5 суви сливи
    • rn

    rnОвие плодови содржат супстанци кои придонесуваат за регенерација на ткивото, кое ги поврзува интервертебралните дискови. Тие ги прават појаки и поцврсти. Пршлените почнуваат да си се местат на своите природни места без потреба од надворешни корекции.rnrnСекој плод посебно содржи одредени елементи, а со нивното мешање се создава народен лек кој е исклучително ефикасен, а делува и на мажи и на жени.rnrnПробајте да го конзумирате овој сладок лек и нема да си го препознаете ‘рбетот. Сѐ што е генијално е всушност многу едноставно и на дофат, нели?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

    8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

    Болките во грбот не мора секогаш да бидат предизвикани од некои болести или здравствени состојби. Дури и најздравите луѓе може да ја искусат оваа тешкотија и неудобност во секојдневниот живот. Прочитајте ги следниве 8 причинители на болките во вашиот грб, кои може да ве изненадат.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

    1. Спиете на стар душек

    rnДобар душек треба да се користи 8-10 години. Доколку не сте го смениле вашиот повеќе од 10 години, големи се шансите вашиот ‘рбет да не ја добива потребната потпора. Заменете го стариот душек со нов кој нема да биде ни премногу тврд ни премногу мек.rn

    2. Носите тешка чанта

    rnДоколку сте од оние луѓе кои сакаат да креваат тешки предмети низ домот, имајте на ум дека грбот нема да ви биде благодарен за тоа. Исто така, носењето тешка чанта на едното рамо, создава нерамнотежа на вашето тело и на вашиот ‘рбет. Носете некоја полесна чанта. Чантата со сите работи внатре не треба да тежи повеќе од 10% од вашата телесна тежина.rn

    3. Носите рамни чевли или чевли со превисока штикла

    rnЧевлите со високи штикли ве тераат да го свиткате грбот, при што создаваат притисок на вашите зглобови. Рамните и ниски чевли како што се балетанките или некои патики, исто така можат да бидат лоши за вашиот грб, особено доколку сте дустабан. Сандалите кои немаат задно ременче се исто така лош избор, бидејќи предизвикуваат шетање на вашите стапала од една на друга страна, при што тежината на вашето тело е нееднакво распределена. Секој човек има своја идеална висина на штикла, пронајдете ја вие вашата.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

    4. Држите лутина

    rnИстражувачите од еден универзитет откриле дека луѓето кои почесто опростуват, поретко се чувствуваат огорчени, депресивни, гневни и имаат помалку болки. Вашите емоции, напнатоста во мускулите и мислите, можат директно да влијаат врз јачината на физичката болка којашто ја чувствувате. Не само што држењето лутина е лошо за вашето физичко здравје, негативно влијае и на вашата емоционална состојба.rn

    5. Седите цел ден

    rnЛоши вести за сите оние кои работат на компјутер – тоа е многу лошо за вашето здравје. Седењето цел ден можеби ви изгледа убаво во однос на оние луѓе кои работат физичка работа, но повеќето луѓе не седат во правилна положба додека работат на компјутерот 8 часа дневно, што предизвикува ослабување на грбните мускули поради неактивност. Плус седењето создава 50% повеќе притисок врз вашиот ‘рбет отколку стоењето. Доколку работното место не ви овозможува да работите стоејќи на повисок пулт како би ви биле мускулите на грбот постојано активни, тогаш одвреме-навреме потпрете го грбот на столчето под агол од 130 степени, за да го избегнете набивањето на дисковите во ‘рбетниот столб. Исто така, многу е битно главата да ја држите исправено додека работите на компјутерот, а не да ви биде напрегната нанапред.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

    6. Под стрес сте

    rnКога сте под стрес, целото тело ви е исто така под стрес, вклучително и мускулите на вашиот врат и грб кои се згрчуваат и стискаат. Доколку продолжите да се стресувате, тие затегнати мускули нема да добијат шанса да се опуштат, што од своја страна предизвикува болки во грбот. Постојат многу докажани начини за намалување на нивото на стресот, меѓу кои спаѓаат редовното вежбање, медитацијата и топлата бања.rn

    7. Не вежбате редовно

    rnСпортот ги оформува и тонира мускулите кои го држат вашиот грб. Кога не вежбате доволно, тие се вкочанети и слаби, а ‘рбетните дискови се деформираат. Вежбите кои ги зацврстуваат грбот и стомакот, се најдобар избор за оние кои имаат болки во грбот.rn

    8. Јадете премногу нездрава храна

    rnНе е за изненадување, дека внесот на висококалорична храна, со малку хранливи материи, доведува до зголемување на телесната маса. Зголемената тежина, исто така негативно влијае врз вашиот грб. Вишокот тежина околу стомакот, ја повлекува карлицата нанапред, што создава напнатост во грбот. Лицата со прекумерна тежина имаат зголемен ризик од остеоартритис. Намалувањето на барем 5-10% од вашата телесна тежина, може да ја подобри состојбата со вашиот грб.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

  • Домашни рецепти за здравје и убавина на д-р Оз

    Домашни рецепти за здравје и убавина на д-р Оз

    Кој вели дека ви е потребен медикамент за секој проблем кој го имате? Понекогаш, домашниот лек кој ќе си го подготвите сами, може да направи да се чувствувате подобро за многу кусо време. Прочитајте како да ја намалите мигрената, да ја измазните кожата или да ја спречите подуеноста на стомакот, со овие домашни рецепти на д-р Оз.rn
    rn

    Мигрена

    rnДоколку сте склони на главоболки, пробајте да ги излекувате со етерично масло од пеперминт, кое е природно, евтино и лесно решение. Протријте неколку капки на вашите слепоочници и оставете пеперминтот да делува 15-30 минути. Антивоспалителното дејство на ова етерично масло, ќе ги смири вашите нерви.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Озrn

    Подуеност

    rnЧајот од глуварче е одличен диуретик кој ќе ви помогне да се ослободите од вишокот вода која ја задржал вашиот организам. Тој исто така ѝ помага на жолчката да ги разгради мрсните јадења, кои исто така подуваат. Доколку го имате овој проблем со стомакот, почнете да пиете по една шолја чај од глуварче дневно.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Озrn

    Болки во грбот

    rnПробајте да си ја олесните болката во грбот со ледена мента масажа. Масажата, етеричното масло од пеперминт и мразот се докажани противници на болката. Наполнете една хартиена чаша со вода и капнете неколку капки етерично масло од пеперминт и потоа ставете ја во замрзнувач. Откако ќе се смрзне мешавината, отстранете ја хартиената чаша и замолете некој да ви го измасира грбот со вака подготвениот мраз.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Озrn

    Воспаление на грлото

    rnЗа да ја намалите болката во вашето грло или да ја смирите лошата кашлица, можете да си направите ефикасен сируп со состојките од вашата кујна. Помешајте ¼ лажичка црвен пипер, 1 лажичка јаболков оцет, 2 супени лажици вода и една лажичка мед.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Озrn

    „Смрзнување“ на мозокот

    rnВо моментот кога ќе почувствувате дека ви „смрзнува“ мозокот од консумирање нешто ладно, поставете го јазикот на „таванот“ од усната шуплина. Топлината од вашиот јазик ќе ви ги смири нервите и ќе ја отстрани болката побрзо.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Озrn

    Проблеми со спиењето

    rnНаместо да пиете апчиња за спиење кои имаат разни нус појави, консумирајте цреши, кои содржат убава доза на природен мелатонин, кој го помага квалитетното спиење. Пред спиење напијте се една чаша сок од кисели цреши и легнете да спиете мирно.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Озrn

    Нерамна кожа

    rnСакате вашата кожа да сјае? Не барајте подалеку од вашиот фрижидер. Помешан со масло од соја, мајонезот може да ја врати еластичноста на вашата кожа. Па, намачкајте се и омекнете ја вашата кожа.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Озrn

    Болки во мускулите

    rnСиното сирење делува како ладна терапија, која го намалува воспалението и болката во мускулите. Можеби нема да ви се допаѓа, но обидете се да нанесете едно парче на кожата кај што ви се воспалени мускулите. Ќе се изненадите од резултатите.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Озrn

    Оштетена коса

    rnМаслиновото масло ја омекнува вашата коса и ја прави сјајна. Незаситените масни киселини ја заштитуваат вашата коса, правејќи ја помека и лесна за чешлање. Нанесете маслиново масло на косата и покријте ја со капа за бањање. Оставете да делува 10 минути, а потоа измијте ја косата.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Оз
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Направете стилска и модерна од обична памучна маичка

    Направете стилска и модерна од обична памучна маичка

    Обичните памучни маички се многу практични, но брзо ни здосадуваат, па само ни стојат во плакарите, избегнувајќи ги да станат дел од некоја комбинација. Доколку имате ваква маичка во вашиот плакар, можете да го направите овој лесен „направи сам“ туторијал за кој ви се потребни само ножици.rnrnНаправете стилска и модерна од обична памучна маичкаrnrn1. Отсечете го делот околу вратот или ако е поотворена маичката, само задниот дел.rnrn2. Предиплете ја маичката на половина по должина, така што ќе ви остане пристапен задниот дел каде треба да работите.rnrn3. Потоа со линијар или со друг прав предмет направете една коса линија која треба да се стеснува надолу.rnrn4. Почнете да сечете ленти во дебелина на еден прст, почитувајќи ја границата која претходно ја исцртавте. Всушност бидејќи сечете во дупло, на крајот треба да добиете ленти кои формираат триаголник. Не мора да се грижите премногу за прецизноста со која сечете.rnrn5. Кога ќе завршите, истегнете ги лентите една по една.rnrn6. На крајот доаѓа најинтересниот дел, замотувањето на лентите кое го дава финалниот изглед. Погледнете го видеото за да видите како точно се постигнува овој ефект.rnrnrnrnДобивте стилска маичка која е одлична за дневни комбинации и заштедивте неколку стотици, па и илјадници денари, колку што би платиле во бутик. Овие маички можат да се носат на голо или со други маички одоздола.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се крие зад овие убави пејзажи?

    Што се крие зад овие убави пејзажи?

    Погледнати оддалеку овие фотографии потсетуваат на пејзажи составени од природни земјени облици како брда, карпи, долини и планини. Но, кога ќе ги погледнете одблизу, ќе сфатите дека станува збор за природа, но во човеков облик. Креирана од страна на лондонскиот фотограф Карл Ворнер, „Bodyscapes“ е креативен проект, сочинет од еден поинаков, неконвенционален стил на работа, кој ги соединува портретите и пејзажите во едно.rnrnШто се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи?rnrnРечиси е невозможно да не посакате да ги препознаете и одвоите сите делови од човечкото тело, додека ги набљудувате овие фотографии. Ворнер им открива делови од сложувалката на своите гледачи, креативно именувајќи ги неговите фотографии како: ридеста долина од рамена, дини од гради, пустина од грбови…rnrnШто се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи?rnrnОва е една сензуална колекција од линии и облини, кои заеднички се испреплетуваат, за да создадат апстрактни форми. Фотографот, кој обично работи со храната како негов медиум, го опишува овој негов проект како „алтернативен портрет на човековото битие, во кој телото станува пејзаж на себеси“. Тој смета дека развитокот на ваквата нова перспектива на човечкиот облик, евоцира интимна рефлексија на нашето внатрешно „јас“.rnrnШто се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Положбата на спиење го открива вашиот карактер

    Положбата на спиење го открива вашиот карактер

    Луѓето кои спијат на грб со рацете покрај телото се тивки и резервирани, а оние кои ја гушкаат перницата се идеални пријатели, додека во положба фетус спијат луѓе кои се навидум „остри“. Ако спиете склопчени на страна вие сте друштвени, а оние кои се шират по целиот кревет се цинични. Според британскиот центар за проценка на сонот, положбата во која спиете ја открива вашата вистинска личност. Професорот Крис Иѕиковски, кој е автор на студијата, издвоил шест различни положби на телото: фетус, морска ѕвезда, слободно паѓање, војник, желба и трупец.rnrnПоложбата на спиење го открива вашиот карактерrnrnСпиењето на страна е најдобро за здравјето според старите Грци, додека инструкторите по јога препорачуваат спиење на десната страна, бидејќи така не се оптоварува срцето. Според некои средновековни записи пак, е добро половина сон да се помине на десната, а половина на левата страна.rnrnПоложбата морска ѕвезда и војник всушност претставуваат спиење на грб. Ваквата положба на телото го зголемува ризикот од ’рчење, проблеми со дишењето, проблеми со желудникот и парализа во сон. Положбата слободно паѓање е најдобра за желудникот, бидејќи му овозможува слободно да ја вари храната.rn

    Положба фетус

    rnЛуѓето кои спијат во положба фетус често се навидум „тврди“, а всушност се многу сензибилни. На прв поглед се срамежливи, но бргу се ослободуваат. Положбата фетус е најзастапена, а повеќе ја практикуваат жените од мажите.rn

    Морска ѕвезда

    rnЛичности кои спијат со двете раце околу перницата се карактеризираат како добри пријатели. Тие секогаш имаат време да ги слушаат луѓето и да им пружат помош. Не сакаат да бидат во центарот на вниманието.rn

    Слободно паѓање

    rnОние кои спијат на стомак, со рацете околу перницата и главата завртена настрана, вообичаено се друштвени, но дрски луѓе со тенки нерви, кои не сакаат екстремни ситуации и критики упатени на нивна сметка.rn

    Војник

    rnСпиењето на грб со рацете покрај телото е карактеристично за тивки и резервирани луѓе кои не сакаат гужва и бучава. Овие личности себеси си поставуваат високи стандарди, но тоа го бараат и од другите.rn

    Положба желба

    rnЛуѓето кои спијат на бедрата со испружени раце вообичаено се отворени, но знаат да бидат цинични и недоверливи. Тие ретко ги менуваат своите ставови и откако нешто ќе одлучат, никој не може да го смени нивното мислење.rn

    Положба трупец

    rnОние кои спијат на грб со двете раце поставени на телото, се едноставни и друштвени личности кои сакат да бидат во гужва. Не се плашливи и веруваат секому, поради што се сметаат за лековерни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.