КАФЕ ПАУЗА

Tag: грб

  • Пилатес вежби против болки во грбот

    Пилатес вежби против болки во грбот

    Пилатесот претставува начин на вежбање што им одговара на сите, од почетници до напредни спортисти. Покрај тоа, пилатес може да вежбаат луѓе со ограничена подвижност, бремени жени, па дури и постари лица.rnrnПилатес вежби против болки во грботrnrnИстражувањата покажаа дека овој вид вежбање ја подобрува флексибилноста, ги зајакнува мускулите на стомакот, грбот, колковите и глутеусот. Покрај тоа, овие вежби го штитат ‘рбетот и ги подобруваат циркулацијата, концентрацијата и фокусот. Исто така, овој вид фитнес го ублажува стресот затоа што ги релаксира и телото и умот.rnrnОд сето тоа што е наведено погоре, јасно е зошто многу фитнес инструктори препорачуваат пилатес тренинзи, а во продолжение ќе погледнете неколку вежби што ќе ви ги намалат болките во грбот и напнатоста.rnrnhttps://youtu.be/InbBUCU94yErnrnПогледнете ги и овие 4 вежби за горниот дел на грбот со кои ќе го подобрите држењето на телото.

  • 4 вежби за горниот дел на грбот со кои ќе го подобрите држењето на телото

    4 вежби за горниот дел на грбот со кои ќе го подобрите држењето на телото

    Ако постојано седите додека работите, тогаш многу добро знаете што значи болка во горниот дел на грбот, но и колку е важен грбот за држењето на телото. Обидете се да ги зајакнете мускулите на горниот дел од грбот со овие вежби за да имате правилно држење на телото, но и да спречите болка во долниот и во горниот дел на грбот.rn

    Супермен

    rnhttps://youtu.be/cc6UVRS7PW4rnrnОваа вежба е одлична за горниот дел од грбот, бидејќи помага да се загреете и да се подготвите за секаков вид кревање тежок товар. Вежбата Супермен ги активира сите внатрешни мускули на горниот дел од грбот и спречува повреди при изведување големи преоптоварувања.rn

    Вежбајте со лента

    rnhttps://youtu.be/MnDpmNYUjbcrnrnСо помош на лентата ќе постигнете исправено држење на телото – на рамената, рацете, стомакот и грбот.rn

    Кревање (Pull up)

    rnhttps://youtu.be/aAggnpPyR6ErnrnОваа вежба бара силни раце и истовремено ќе ги зајакне рамената и ќе ви помогне да ги држите телото и грбот исправени.rn

    Кревање тегови со една рака

    rnhttps://youtu.be/ma__uqUlYmErnrnБидејќи работите само со едната рака, и таа страна на грбот е активна. Задолжително држете го грбот исправен.rnrnПогледнете ги овие ефективни вежби за долниот дел на стомакот.

  • Лесен тренинг за тонирање на грбот

    Лесен тренинг за тонирање на грбот

    Грбот е дел од телото што многу често се занемарува кога зборуваме за вежбање. Покрај самиот изглед, вежбите за грб се исклучително важни и поради потенцијалната болка што се јавува како резултат на фактот дека повеќето работни места бараат седење во повеќето денови, па затоа во дневната рутина вклучете вежби за оваа област.rnrnДали знаевте дека заедно со нозете, мускулите на грбот ја сочинуваат втората по големина група на телото? Ова е само една од причините зошто треба да обрнете посебно внимание на нив бидејќи е многу важно да ги одржувате истите тие мускули активни за да избегнете несакани воспаленија и болка. Иако повеќето вежби, како кардио тренинг, содржат некои вежби за грб, со цел да го тренирате овој дел од телото на квалитетен начин, потребно е да се посегне по специјализирани вежби. Ова се вежби кои ја подобруваат општата состојба на грбот на мускулите, држењето на телото, но исто така развиваат сила со која ќе можете полесно да изведувате каков било друг тренинг. Што се однесува до опремата, потребен ви е душек и тегови чија тежина можете да ја прилагодите на вашата форма, односно ако сте почетници, одлучете се за нешто помалку натоварено и зголемувајте ја тежината со текот на времето.rnrnСо цел да ве охрабриме да се грижите за грбот, подолу издвоивме одлично видео со вежби кои не траат долго и даваат одлични резултати.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=1dJ-d7tVwEkrnrnПрочитајте и зошто утринскиот тренинг е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело?

  • 7 начини да се ослободите од болката во вратот и грбот

    7 начини да се ослободите од болката во вратот и грбот

    Мускулните грчеви се начин на кој телото ви кажува дека нешто не е во ред со вашиот животен стил. Можеби држењето на телото не ви било најдобро за време на работниот ден или синоќа гледавте телевизија свиткани на софа. За среќа, постојат многу начини да се ублажи болката и да се спречи во иднина.rn

    1. Терапија со топлина и мраз

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnЗа време на првите 48-72 часа, лекарите препорачуваат нанесување мраз на болното место (10-20 минути). Мразот помага во спречување на воспаленијата и ги забавува нервните импулси, што помага да се ублажи болката. Ако потоа мускулите се сè уште болни и вкочанети, користете топлина со помош на топол туш, топли облоги итн. Ова ќе го зголеми протокот на крв и ќе ја олабави мускулната затегнатост.rn

    2. Нежна масажа

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnСекогаш е добра идеја да побарате помош од професионален терапевт за масажа, но ако вашиот случај не е многу сериозен, можете да побарате од вашиот партнер да ви направи масажа или сами да го направите тоа. Прво, лесно тријте го мускулот што е згрчен и нежно притиснете ја болната област. Ако ова не помогне, обидете се да ја штипнете и да ја држите областа.rn

    3. Останете хидрирани

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnМедицинските експерти предупредуваат дека поради недоволното внесување вода во текот на денот, може да почувствувате грчеви во мускулите. Затоа, треба редовно да пиете вода.rn

    4. Вежбајте, но не веднаш

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnАко сте се соочиле со грчеви во мускулите на вратот или грбот, тоа може да биде предизвикано од вашата физичка активност. Специјалистите препорачуваат да престанете да бидете активни првите неколку дена, а потоа да започнете да правите лесни вежби и истегнување.rnrnВежбите што треба да ги избегнувате во тој период:rn

      rn 011

    • трчање
    • rn 011

    • танцување
    • rn 011

    • стомачни вежби
    • rn 011

    • голф
    • rn

    rnКога станува збор за истегнувањето, можете лесно да ги кренете рамената, а потоа да ги спуштите и да ги вртите напред и назад.rnrnВратете се на вашата редовна рутина по 2-3 недели.rn

    5. Проверка на перницата

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnЧеста причина за болка во грбот и вратот е тоа што спиете на погрешен вид перници и душеци кои не го поддржуваат вашиот врат. Обидете се да спиете на специјална перница за вратот. Тоа може да биде перница од мемори пена што одговара на обликот на главата и на вратот. Исто така, не треба да биде висока или груба.rn

    6. Легнете и опуштете се

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnМускулните грчеви се јасен показател дека ви треба одмор, а тоа помага за смирување на болката во моментот. Медицинските специјалисти ги советуваат своите пациенти да легнат на грб и да стават перница под главата и друга перница под колената. За да бидете уште повеќе релаксирани, слушајте ја омилената музика или користете ароматерапија.rn

    7. Мислете на вашата иднина

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnПостојат многу начини да се спречи болката во вратот и грбот, а овие неколку се препорачани од лекарите:rn

      rn 011

    • Ако работите на компјутер со часови, редовно правете некои вежби за истегнување, приближно на секој час.
    • rn 011

    • Користете специјален држач за документите што ги читате да ви бидат на ниво на очите и вратот да ви биде исправен.
    • rn 011

    • Не носете високи потпетици.
    • rn

    rnДополнително, важно е да внесувате доволно витамин Д и калциум во вашата исхрана.rnrnПрочитајте кои намирници не треба да ги јадете ако имате артритис.

  • Пронајдете ја причината за болката во грбот – погледнете ги ѓоновите на чевлите

    Пронајдете ја причината за болката во грбот – погледнете ги ѓоновите на чевлите

    Ако ве боли грбот, погледнете ги ѓоновите на чевлите. Коренот на проблемот може да биде во вашиот начин на одење, што ги уништува чевлите и предизвикува болка во долниот дел на грбот.rnrnrnrnПроблемите со грбот потекнуваат претежно од неправилно одење и стоење, а како доказ за тоа може да видите како изгледаат ѓоновите на чевлите. Вашите стари чевли се најдобар сведок бидејќи тие го отсликуваат вашиот стил на одење.rn

    Неправилното одење како причина за болка во грбот

    rnБолките во долниот дел на грбот често се резултат на неправилно одење. Ако колковите и грбот ви се свиткани при одење или задникот ви е испакнат наназад, треба да знаете дека не одите правилно. Исто така, ако поминувате многу време седејќи во текот на денот, не е ни чудо што вашето тело е наведнато нанапред. Сето тоа дополнително го оптоварува грбот.rnrnНајважно е да го држите грбот исправен, да ги опуштите рамената и да ја држите главата високо. Правилното одење значи дека рацете треба да ви се свиткани во лактите и да се движат во ист ритам како нозете. Важно е прво да ја спуштите петицата на земја, а потоа и остатокот од стапалото. На тој начин се стимулира работата на мускулите и стегањето на вените, а тоа ја подобрува циркулацијата.rnrnИсто така, не гледајте во земјата. Гледајте неколку метри пред вас за да не ви се свиткаат вратот и грбот. Потрудете се да го задржите стомакот затегнат, со цел да му дава поткрепа на ‘рбетот. Не правете долги чекори. Оптимални чекори се оние што овозможуваат синхронизирана работа на нозете и рацете.rnrnrn

    Несоодветните обувки како причина за неправилно одење

    rnИлјадници луѓе живеат со болки во грбот, а најновите истражувања покажуваат дека на многумина од нив може да им се помогне многу лесно. Неправилното одење најчесто е последица на проблеми со стапалата поради несоодветни обувки. Несоодветните обувки ја блокираат природната подвижност на стапалата и дополнително го оптпваруваат грбот создавајќи напнатост во мускулите на грбот. Знаците може да бидат скриени толку многу што е многу тешко да се заклучи дека станува збор за неправилно одење и несоодветни обувки.rnrnАко чувствувате болка од едната страна на грбот, едното рамо ви е малку спуштено, а старите чевли покажуваат нерамномерна истрошеност на ѓоновите, речиси е сигурно дека проблемот лежи во неправилното одење.rn

    Ортопедски влошки

    rnЗначително намалување на болката во грбот е забележано кај 80% од луѓето кога започнале да користат ортопедски влошки. Тоа е повеќе од двојно поуспешен третман од традиционалните методи, како што се физикална терапија или разни лекови. Дури и по 14 месеци, луѓето кои користеле ортопедски влошки не чувствувале никаква болка, а кај 70% од луѓето третирани со традиционални терапии, болката се вратила.rnrnАко болката трае три недели, користете влошки за чевли што може да се добијат без рецепт на лекар. Ако тоа не помогне, треба да одите кај ортопед да ви препише влошки обликувани за вашите стапала. Поправањето на одењето со ортопедски влошки за чевли може да го реши тој проблем засекогаш.rnrnЗа да се избегнат проблемите, ортопедите советуваат да избегнувате високи потпетици и многу тенки ѓонови. Обидете се да носите чевли со заоблен преден дел и потпетици пониски од 3,5 сантиметри.rn

    Проверете ги чевлите и поставете дијагноза

    rn

      rn 011

    • Од нормално одење, ѓоновите се трошат рамномерно, а одењето не создава болка во грбот.
    • rn 011

    • Болниот палец на ногата може да биде причина што ја вртите ногата нанадвор, што предизвикува непријатност.
    • rn 011

    • Ако одите со широки стапала како Чарли Чаплин, ќе почувствувате болка во грбот, а чевлите ќе бидат излижани под прстите и потпетиците.
    • rn 011

    • Рамните стапала најмногу ја оптоваруваат и ја трошат средината на ѓоновите, предизвикувајќи болка во колената, колковите и грбот.
    • rn 011

    • Подгрбавеното одење го извртува стапалото нанадвор, ги троши надворешните рабови на ѓоновите и предизвикува болка во колената и грбот.
    • rn 011

    • Луѓето со „Х“ нозе го извртуваат стапалото навнатре, ги трошат внатрешните рабови на ѓоновите и имаат болки во грбот.
    • rn

    rnПрочитајте како да ја победите главоболката со помош на масажа со крпа.

  • Импресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платно

    Импресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платно

    Грбот на човекот е голема површина на која може да се нацртаат огромни тетоважи со многу детали. Овде може да биде пресликана скоро секоја уметничка замисла што ја имате и така засекогаш да носите персонализирана илустрација на вашиот грб.rnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnПогледнете ги овие избрани тетоважи на грб… Љубителите ќе одобрат, критичарите ќе критикуваат, а некои ќе речат дека иако сакаат тетоважи, ова е премногу. Во која и категорија да спаѓате, без сомнение ќе се сложите дека се работи за уметност.rnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnИмпресивни тетоважи кои го претвораат цел грб во уметничко платноrnrnПовеќе грбни тетоважи на следната страница…rnrn

  • Истегнувајте го овој мускул секој ден за да ги избегнете болките во грбот

    Истегнувајте го овој мускул секој ден за да ги избегнете болките во грбот

    Секоја активност, без разлика дали е работа, спорт или активност од секојдневниот живот, може да предизвика болки во лумбалниот дел на грбот, доколку се направи нагло, неправилно или се изведува долго време.rnrnИстегнувајте го овој мускул секој ден да ги избегнете болките во грботrnrnЛумбалниот мускул (guadratus lumbordum) е еден од најголемите причинители на болка во грбот. Затоа е многу важно не само да се движите, туку и правилно да правите вежби за истегнување на крајот од денот.rnrnБолката најчесто се поврзува со следниве активности:rn

      rn 011

    • Неправилно кревање тежина, при што торзото се свива и ротира
    • rn 011

    • Нагло движење, свивање или ротирање и истегнување на торзото
    • rn 011

    • Долготрајно седење
    • rn 011

    • Долготрајно возење во автомобил
    • rn 011

    • Долготрајно пешачење
    • rn 011

    • Долготрајно стоење
    • rn 011

    • Лоша положба за време на спиење
    • rn 011

    • Повреди на мускулно-скелетниот систем во лумбалниот предел (сообраќајни незгоди, повреди за време на спортски активности…)
    • rn

    rnСо избирање на правилни вежби за истегнување на стомачните мускули и лумбалниот мускул, карлицата ќе се доведе во правилна позиција. Исто така, со овие вежби, волуменот на овој мускул ќе се зголеми.rnrnСлично, на овој начин се решава и лордозата – држење на телото кое можеме да го препознаеме по силно нагласената лумбална кривина на половината нанапред и отпуштените стомачни мускули.rnrnПогледнете ги овие 3 вежби против болки во кичмата. Дополнително, погледнете како да ги отстраните болките во грбот за само 60 секунди.

  • Вежби за намалување на напнатоста во грбот

    Вежби за намалување на напнатоста во грбот

    Кога ќе се земе предвид дека мнозинството луѓе минуваат поголем дел од времето седејќи, не е ни чудно што речиси сите имаат проблеми со грбот. Доколку сакате да се опуштите и да ја намалите напнатоста во грбот, постојат неколку вежби што ќе ви помогнат во тоа. Вежбите треба да ги изведувате неколку пати неделно, а се навистина едноставни и не бараат никаква дополнителна опрема.rnrnВежби за намалување на напнатоста во грботrn

    1. Истегнување на горниот дел од грбот

    rnЛегнете на стомак, исправете ги колената и прицврстете ги стапалата како да стоите. Ставете ги рацете зад главата и со секое вдишување подигајте го градниот кош. Со секое издишување враќајте се во почетната положба. Повторете ја вежбата 15-тина пати.rn

    2. Вежба за целиот грб и задниот дел од телото

    rnЛегнете на стомакот со подигнати раце и нозе. Важно е да го затегнете стомакот. Наизменично кревајте и спуштајте ги спротивната рака и нога и направете серија од 15 повторувања.rn

    3. Вежба за целиот грб

    rnЗастанете на колената и дланките. Исправете го грбот и подигнете го спротивно од рацете и нозете. Освен тоа што е одлична за грбот, оваа вежба го активира и стомакот. И од оваа вежба направете 15 повторувања.rnrnПробајте ги и овие јога пози кои ги намалуваат болките во грбот.

  • 6 вежби за грб кои ќе направат да се чувствувате како да сте биле на масажа

    6 вежби за грб кои ќе направат да се чувствувате како да сте биле на масажа

    Сигурно веќе знаете дека работата која вклучува седење е штетна за вашиот грб. Неудобноста, болката и грчевите во мускулите го влошуваат држењето на вашето тело. Ако немате време за масажа, но ви е потребна релаксација и повеќе енергија, овие вежби ќе ви помогнат во тоа. Најдоброто од сè е што можете да ги правите на столчето во вашата канцеларија.rn

    1. Пеперутка

    rn5 вежби за грб кои ќе направат да се чувствувате како да сте биле на масажаrnrnЗона на влијание и резултати: Коските на вратот, подобрување на држењето на ‘рбетот и подобрување на циркулацијата.rnrnПочетна позиција: Седнете на работ од столот со исправен грб. Стапалата разделете ги во ширина на рамената.rnrnОваа вежба е комбинација од неколку јога пози. Ставете ги двете дланки зад главата, свиткајте ги лактите и испреплетете ги рацете зад вратот. Вратете ги лактите што е можно поназад. Вдишете, испружете ги рацете и придвижете ги градите нанапред. Издишете и вратете се во почетната позиција, па свиткајте го грбот наназад. Ќе почувствувате нежно истегнување на мускулите, но престанете со вежбата ако почувствувате каква било болка. Направете 5 повторувања.rn

    2. Мачка-крава

    rn5 вежби за грб кои ќе направат да се чувствувате како да сте биле на масажаrnrnЗона на влијание и резултати: Ослободување од болка во долниот дел од грбот, подобрување на положбата на пршлените.rnrnПочетна позиција: Седнете на столот со исправен грб. Дланките поставете ги на колената.rnrnВдишете и нежно вратете ги рамената наназад, притоа истегнувајќи ги градите. Обидете се да ги допрете плешките една со друга без да ги подигате рамената. Издишете свиткувајќи го грбот, придвижете ги рамената напред и свиткајте го вратот накај градите.rn

    3. Вртење на стол

    rn5 вежби за грб кои ќе направат да се чувствувате како да сте биле на масажаrnrnЗона на влијание и резултати: Ослободување од болка во долниот дел од грбот, подобра дигестија.rnrnПочетна позиција: Седнете на столот со исправен грб и стапалата на земјата.rnrnВдишете и исправете го грбот. Издишувајќи свртете се наназад. Ставете ги дланките на столот и не ги вртете рамената. Останете во оваа позиција 30 секунди, па повторете на другата страна. Направете по 3 повторувања за секоја страна.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Дали ве боли грбот, но ниту една терапија не ви помага? Можеби имате ТМС!

    Дали ве боли грбот, но ниту една терапија не ви помага? Можеби имате ТМС!

    Доктор Џон Е. Сарно е американски професор по рехабилитациска медицина и автор на многубројни научни истражувања, вклучувајќи ја и книгата „Како да ја излечите болката во грбот?“. Уште пред 30 години, тој ја открил причината за болките во грбот и вратот.rnrnДали ве боли грбот, но ниту една терапија не ви помага?rnrnСарно заклучил дека умот може да влијае на физиолошките процеси во телото, па така и на болките во грбот кои се од психосоматска природа. Доктор Сарно на многу пациенти им го дијагностицирал синдромот на тензичен миозитис или скратено ТМС.rnrnСтанува збор за болна состојба на мускулите, нервите, тетивите и лигаментите која е предизвикана од напнатоста, односно од потиснатите емоции. Многу луѓе мислат дека нивните болки во грбот се предизвикани од страна на дијагностицираната хернија на дискот, вклештување на нервите или сколиоза, но всушност боледувале од ТМС.rn

    Како да се препознае тензичниот миозитис?

    rnДали сте на возраст помеѓу 30 и 60 години. Дали многу често чувствувате необјасниви болки во мускулите на вратот, рамената и грбот а истовремено се соочувате со животни предизвици, како на пример, добивање отказ од работа или болест на некој близок член од семејството? Доколку се препознавте во сето ова, можно е да имате тензичен миозитис.rnrnЛуѓето на гореспоменатата возраст се соочуваат со зголемена одговорност и стрес, а тоа се главните виновници за напнатоста и потиснатите емоции. Но, доктор Сарно истакнува дека иако тензичниот миозитис потекнува од емоционални причини, сепак главната причина е физичка, односно станува збор за физиолошко нарушување.rnrnТензичниот миозитис ги зафаќа постуралните мускули, а тоа се мускулите на страничниот дел од вратот, мускулите и нервите долж целиот грб и лигаментите и тетивите во рацете и нозете. Најчесто се јавува во мускулите на долниот дел од грбот, вратот и на врвот на рамената. Личноста која има ТМС може да чувствува остри и трајни болки или притисок, трпнење и слабост.rn

    Што имаат заедничко луѓето кои страдаат од ТМС?

    rnКај луѓето со ТМС заедничко е тоа што почетокот на нивните болки е поврзан со одредена животна траума или промена. Може да станува збор за болест во семејството, нова работа, стапување во брак, финансиска криза и слично. Овие луѓе најчесто се перфекционисти кои имаат силно чувство на семејна одговорност.rnrnЛуѓето кои имаат тензичен миозитис се многу самокритични и имаат силна желба да успеат во животот. Но, зад сето ова, се крие чувство на инфериорност и слаба самопочит.rnrnДали ве боли грбот, но ниту една терапија не ви помага?rn

    Што се акутни напади и силни болки во мускулите?

    rnКога ќе се случи акутен напад на ТМС, тоа може да биде многу болно, мускулите се грчат и секое движење може да биде неподносливо. Слично како и со обичните грчеви во мускулите кои сите повремено ги чувствуваме, и овие грчеви се јавуваат поради недостаток на кислород, со таа разлика што грчевите предизвикани од ТМС може да траат многу долго.rnrnИако акутниот напад на тензичен миозитис е многу силен, тој е безопасен. Појавата на ТМС може да биде поттикната од страна на физичка незгода, но и почеток на одмор. На пример, за време на некој тежок животен период, како на пример финансиска криза или смртен случај во семејството, личноста сѐ уште не чувствува болки. Но, штом кризната ситуација помине, насобраните потешкотии почнуваат да избиваат на површина и се случува првиот акутен напад.rnrnМногу луѓе кои имаат тензичен миозитис почнуваат да чувствуваат болки пред, во текот и после големи празници или годишен одмор. Поради стравот од силните болки, поголемиот дел од заболените од ТМС ги одбегнуваат сите физички активности кои бараат не само физички напор, туку и обични движења како наведнување. На тој начин се ограничуваат себеси и уште повеќе си ја отежнуваат состојбата.rn

    Стресот е најчестата причина за ТМС

    rnСтресот што го чувствувате во секојдневниот живот обично води кон напнатост. Под „напнатост“ доктор Сарно го подразбира притисокот што го чувствувате поради присутноста на одредени емоции во потсвеста. Потсвеста е живеалиштето на сите наши чувства. Потеклото на ТМС се наоѓа токму во тој несвесен дел од нашето битие.rnrnКога се работи за ТМС, најчесто ги потиснуваме анксиозноста, лутината и чувството на пониска вредност, бидејќи тоа се емоциите што сакаме да скриеме од надворешниот свет. Со оглед на тоа што не им дозволуваме на тие емоции да избијат на површина, тие автоматски се засолнуваат во потсвеста.rnrnПотиснатите емоции како што се лутината и анксиозноста, влијаат на автономниот нервен систем кој го намалува протокот на крв и кислород во одредени мускули, нерви, тетиви и лигаменти, поради што настанува болката и другите нарушувања.rnrnДури 88% од луѓето со ТМС имале и други нарушувања кои се поврзани со напнатоста, како на пример, чир на желудник, мигрена, колитис и слично. Сите овие нарушувања се поврзани со потиснатите емоции.rn

    Физичката болка претставува одбрана од потиснатите емоции

    rnПотребата за потиснување одредени емоции, како што се лутина или бес, обично се јавува како последица од влијанието на родителите. На пример, една мајка добила упатство да го полева со вода својот син секогаш кога тој ќе има напади на лутина. Тоа момче станало добар кандидат за ТМС, токму поради тоа што некој му создал навика да ја потиснува лутината.rnrnНие се браниме од потиснатите емоции на тој начин што го насочуваме вниманието кон нешто друго. Во овој случај, умот го свртува нашето внимание од непожелните емоции кон физичката болка. Со оглед на тоа што овие болки се силни, многумина кои боледуваат од ова нарушување не сакаат да прифатат дека ТМС има некаква врска со емоциите. Тие се уверени дека нивните болки се предизвикани од страна на некоја физичка повреда, што не е точно.rnrnСпоред доктор Сарно, колку што е поболна потиснатата емоција, толку е посилен интензитетот на физичките болки. Но, еднаш кога личноста ќе ги признае тие емоции и ќе му дозволи на гневот да излезе на површина, болките мистериозно исчезнуваат.rnrnПрочитајте ја и скриената причина за болката во долниот дел од грбот.