КАФЕ ПАУЗА

Tag: грб

  • Скриената причина за болката во долниот дел од грбот

    Скриената причина за болката во долниот дел од грбот

    Постојат неколку причини поради кои чувствувате болка, како стрес, исхрана, седење или недостаток од физичка активност. Но коренот на овој проблем најчесто е тоа што луѓето не се свесни за позицијата на нивниот грб.rnrn(2)skrienata-prichina-za-bolkata-vo-dolniot-del-od-grbot-kafepauza.mkrnrnЛуѓето не се свесни за движењето на сопственото тело. Иако звучи чудно, овој феномен се појавува многу често. Оваа несвесност може да предизвика константно искривување на грбот без воопшто да знаете за тоа. Ова искривување може да предизвика вистинска долгорочна штета, особено ако тренирате со тегови. Болките во грбот се развиваат со текот на времето.rn

    Како да се проверите?

    rn(1)skrienata-prichina-za-bolkata-vo-dolniot-del-od-grbot-kafepauza.mkrnrnПрвиот чекор е да сфатите дека имате некаков проблем. Разговарајте со фитнес тренер секогаш кога сакате да ја намалите болката. Замолете го да го погледне држењето на вашето тело додека стоите и додека седите. Исто така кажете му да ја провери вашата рутина за вежбање. Ако вашиот грб постојано е искривен, тој ќе ви покаже како да го исправите. Искривениот грб е нешто што треба веднаш да се среди.rnrnАко напорно работите, без проблем ќе го решите овој проблем. Бидејќи многу од нас не се свесни за оваа појава, најдобро е да замолите некој редовно да ве проверува. Дали го искривувате грбот додека извршувате секојдневни обврски? Ако одговорот е да, обидете се да го промените тоа. Штом ќе станете свесни за движењето на вашиот грб, проблемот полека ќе исчезне.rn

    Што е следно?

    rn(3)skrienata-prichina-za-bolkata-vo-dolniot-del-od-grbot-kafepauza.mkrnrnНајважно е да бидете свесни, бидејќи тоа е коренот на самиот проблем. Се разбира, ова е и најтешката промена која треба да ја направите. Кога свесно ќе го исправувате вашиот грб, другите навики ќе ги промените многу лесно. Се разбира, важна е правилната исхрана, редовното вежбање и истегнување и да избегнувате да седите предолго во текот на денот.rnrnПогледнете ги и овие одлични вежби против болката во грбот.

  • 6 одлични јога пози кои ги намалуваат болките во грбот

    6 одлични јога пози кои ги намалуваат болките во грбот

    Болките во грбот се како епидемија на 21-виот век. Поради долгото седење на компјутер и намаленото движење, голем дел од населението страда од овој проблем. За среќа, јогата може многу да ви помогне во намалување на овие болки. Наместо да користите лекови, доволно е да направите неколку јога вежби за да чувствувате подобро. Овие 6 вежби се одлични за вашиот грб и за намалување на болката.rn

    1. Гулаб со една нога (Eka Pada Rajakapotasana)

    rn(1)6-odlichni-joga-pozi-koi-gi-namaluvaat-bolkite-vo-grbot-kafepauza.mkrnrnМожеби оваа поза не изгледа како вежба за грб, но со неа ги истегнувате вашите колкови, а ова може да ви помогне со болката во долниот дел од грбот. Свиткајте го вашето лево колено и ставете ја ногата пред вас. Десната нога нека биде испружена назад. Држете се исправени со вашите раце. Повторете и со другата нога.rn

    2. Поза на дете (Utthita Balasana)

    rnrnrnОваа поза ги истегнува вашите колкови и вашиот грб. Застанете на сите 4, а рацете поставете ги малку напред. Седнете на вашите пети. Додека ја изведувате позата дишете длабоко.rn

    3. Мачка/крава (Bitilasana)

    rnrnrnОваа поза ви го масира ‘рбетот и ја зголемува неговата флексибилност. Застанете на сите 4 и прво извијте го грбот нагоре, а потоа спуштете го надолу.rn

    4. Наведнување нанапред (Paschimottanasana)

    rn(4)6-odlichni-joga-pozi-koi-gi-namaluvaat-bolkite-vo-grbot-kafepauza.mkrnrnСеднете и испружете ги двете нозе напред. Вдишете и кренете ги рацете нагоре. Издишувајќи наведнете се нанапред и обидете се да ги фатите стапалата. Вратете се во почетната положба и издишувајќи спуштете ги рацете.rn

    5. Куче свртено надолу (Adho Mukha Svanasana)

    rn95)6-odlichni-joga-pozi-koi-gi-namaluvaat-bolkite-vo-grbot-kafepauza.mkrnrnОва е можеби најпознатата јога поза. Застанете на сите 4, раширете ги прстите на рацете, а нозете поставете ги во ширина на колковите. Издишувајќи притиснете го подот и подигнете ги колковите за да застанете на стапалата и на дланките. Обидете се да ги исправите нозете, но ако не можете во ред е и со свиткани колена.rn

    6. Куче свртено нагоре (Urdhvamukha Shvanasana)

    rn(6)6-odlichni-joga-pozi-koi-gi-namaluvaat-bolkite-vo-grbot-kafepauza.mkrnrnЛегнете на стомак и свиткајте ги лактите, а дланките нека ви бидат во близина на половината. Раширете ги прстите и подигнете ги рамењата и главата нагоре.rn

    Други природни начини за намалување на болката во грбот

    rn

    Вежби за грбни мускули

    rnМускулите на вашиот грб го поддржуваат долниот дел од ‘рбетот. Постојат многу едноставни вежби кои можете да ги правите. Кога ќе ги зајакнете мускулите на грбот ќе го намалите ризикот од повреди.rn

    Вложите во удобност

    rnНаправете го работно место поудобно. Инвестирајте во удобен стол кој ќе ви помогне правилно да седите. Исто така, денес се познати и работните маси за стоење кои ќе ви помогнат да го намалите седењето во текот на денот.rn

    Ослабете

    rnКога ја зголемуваме нашата тежина, ние додаваме притисок на долниот дел од грбот. Оваа тежина може да има лошо влијание на ‘рбетниот столб и на нервите. Намалете некој килограм за да го намалите и притисокот на грбот.rnrnИстражувањата и анализите покажале дека луѓето кои страдаат од болка во грбот и кои редовно практикуваат јога, имаат поголеми шанси да се ослободат од овој проблем и да ја подобрат нивната подвижност. Ова е одличен метод за лечење кој го користат многу луѓе од сите возрасти.rnrnПогледнете ги и јога позите кои ќе ви помогнат да ја излечите главоболката.

  • Пилинг, лосион и гел за туширање: 5 чекори за убава кожа на грбот

    Пилинг, лосион и гел за туширање: 5 чекори за убава кожа на грбот

    Убавиот грб секогаш воодушевува. Црвените теписи се преполни со гламурозни фустани со отворени грбови и сигурно сте се запрашувале која е тајната за толку убава кожа на грбот. Со доаѓањето на летото сѐ почесто ќе го откривате овој дел од себе, па затоа ви претставуваме 5 чекори со кои вашиот грб ќе заблеска во најубаво изданија.rnrn1-piling-losion-i-gel-za-tushiranje-5-chekori-za-ubava-kozha-na-grbot-www.kafepauza.mk_rn

    Чекор 1: Маска за тело

    rnНа грбот се наоѓаат бројни жлезди кои лачат маснотија, па тоа може да доведе до нечистотија и појава на митесери и акни. Поради таа причина важно е да користите маска за тело и тоа барем еднаш во текот на неделата. Маската ќе ги отстрани сите нечистотии и како резултат вашиот грб ќе стане убав и блескав.rn

    Чекор 2: Пилинг

    rnПилингот за тело ги отстранува сувите и изумрени клетки од кожата. За оваа цел добро ќе ви дојде четка за грб со подолга рачка. Но внимавајте кога ќе купувате четка, треба да изберете со природни влакна која е точно наменета за оваа работа. Оваа четка ќе биде нежна кон вашата кожа и нема да ја иритира или оштети.rn

    Чекор 3: Гел за туширање

    rnМијте го грбот со нежен гел за туширање кој во својот состав ќе има минимално ниво на хемикалии кои ја надразнуваат кожата.rnrn2-piling-losion-i-gel-za-tushiranje-5-chekori-za-ubava-kozha-na-grbot-www.kafepauza.mk_rn

    Чекор 4: Лосион за тело

    rnЗа да ја нахраните кожата нанесете лосион за тело. Важно е да не нанесете премногу лосион, бидејќи ќе ја замасти вашата кожа и ќе ви ги затвори порите, односно ќе постигнете спротивен ефект од оној што сте сакале да го постигнете.rn

    Чекор 5: Светкава пудра

    rnАко се подготвувате за излегување и сте одлучиле да го покажете грбот, нанесете пудра со светкави честички кои ќе ја изедначат кожата на грбот и ќе ѝ дадат убав сјај.rnrnПогледнете ги и овие 5 дополнителни начини за кожата на грбот да ви биде мека и свиленкаста.

  • Како да се справите со акните на грбот?

    Како да се справите со акните на грбот?

    Акните се секогаш здодевни, без разлика во каква форма се појавуваат. Но, оние на вашиот грб се особено фрустрирачки затоа што се тешки за досегнување, па мора да ги оставите самите да исчезнуваат. За среќа, постојат неколку трикови со кои можете целосно да го спречите нивното појавување.rn

    Носете широка облека

    rn(1) Како да се справите со акните на грбот?rnrnОдбирајте парчиња кои се направени од памук и други материјали низ кои вашата кожа ќе може да дише. Сè што е премногу тесно, несоодветно лежи на вашето тело или ве затега, влијае негативно на вашата кожа.rn

    Држете ја косата настрана од вашиот грб

    rn(2) Како да се справите со акните на грбот?rnrnОткако ќе ја измиете косата, соберете ја во висока пунџа и потоа измијте го вашето тело со цел да не остане дел од шампонот или регенераторот на вашиот грб. Исто така, кога е премногу топло и се потите, секогаш собирајте ја косата за да може вашиот грб да дише.rn

    Често перете ги градниците

    rn(3) Како да се справите со акните на грбот?rnrnПогрижете се сè што допира на вашиот грб да е чисто, особено градниците. Најдобро е доколку ги перете градниците секој втор ден, а облеката еднаш неделно.rn

    Туширајте се веднаш по вежбањето

    rn(4) Како да се справите со акните на грбот?rnrnНе дозволувајте потта да се исуши на вас, па истуширајте се што побрзо можете откако ќе завршите со вежбањето. Целта е да се отстрани потта пред таа да има можност да се насобере околу фоликулите и да создаде акни.rn

    Обидете се со друг детергент за алишта

    rn(5) Како да се справите со акните на грбот?rnrnМиризливите детергенти за алишта можат да ја иритираат кожата и да ја поттикнат појавата на акните. Најдобро е доколку се одлучите за детергент кој не содржи парфем или оној кој е наменет за чувствителна кожа.

  • Дознајте што значат дупчињата на долниот дел од грбот и зошто се сметаат за исклучително секси

    Дознајте што значат дупчињата на долниот дел од грбот и зошто се сметаат за исклучително секси

    Мажите уште одамна потврдија дека слатките дупчиња на долниот дел од грбот на женското тело им се неверојатно привлечни. Научниците дури и пресметале дека тие ја зголемуваат сексуалноста на девојките до 20%. Нивната убавина и префинетост први ја забележале древните Грци и ги нарекле вдлабнатините на Венера. Тие ѝ даваат посебна магија и нежност на женската фигура.rnrnДознајте што значат дупчињата на долниот дел од грбот и зошто се сметаат за исклучително сексиrnrnНиз историјата на цивилизираното општество, голем број вајари, сликари и поети ја опевале оваа физичка карактеристика. Интересот на луѓето за оваа сексуална анатомска одлика воопшто не се ограничувал.rnrnТака било сѐ до почетокот на 21 век кога со ова прашање се позанимавале и докторите. Се покажало дека овие симпатични дупчиња се наоѓаат на местото каде што се соединуваат карличните коски. Тие укажуваат на добра циркулација на крвта и силно здравје, како кај жените, така и кај мажите.rnrnОвие жени обично немаат тешкотии при породувањето и не се соочуваат со никакви компликации. Постојат и истражувања кои докажуваат дека жените кои ги имаат овие дупчиња, полесно доживуваат оргазам. Понекогаш и повеќе пати во текот на сексуалниот чин.rnrnСпоред тоа, ова место со право се смета за особено секси, а жените кои го поседуваат се сметаат за најстрасни љубовници!

  • Подгответе се за летото: Вежба без движење која го обликува телото за 28 дена

    Подгответе се за летото: Вежба без движење која го обликува телото за 28 дена

    „Планк“ е една од најпопуларните и најефикасните вежби која се практикува ширум светот. Со неа ги вежбате не само стомачните мускули, туку и мускулите на целото тело. Суштината на вежбата е тоа што треба барем еднаш дневно да „лебдите“ над подот неколку минути, потпирајќи се само на рацете и нозете. Дури и 2 минути поминати во ваква положба не се лесна задача бидејќи во овие моменти се активираат голем број мускули. Но, како резултат ќе добиете јак грб, цврст задник без целулит, тонирани нозе, рамен стомак и затегнати раце.rnrnПодгответе се за летото: Вежба без движење која го обликува телото за 28 денаrnrn„Планк“ е статична вежба и нема движења, па затоа е најважно правилното држење на телото. Легнете на подот со стомакот надолу. Ставете ги лактите на 90 степени и поставете се во лежечка положба на нив. Телото треба да формира права линија од главата до петите, како штица – од каде што и вежбата го добива името („plank“ во превод значи штица).rnrnПотпрете се само на подлактите и врвовите на прстите на стапалата. Лактите треба да се наоѓаат директно под рамената. Држете го телото што порамно, напрегнете ги стомачните мускули и не се опуштајте. Обидете се да не ги спуштате колковите на подот.rnrnПодгответе се за летото: Вежба без движење која го обликува телото за 28 денаrn

    Поставување на телото:

    rnСтапала – Составете ги. Потешко ќе ви биде да држите рамнотежа, што ќе го зголеми притисокот на стомачните мускули.rnrnНозе – Треба да бидат рамни и стегнати до крајот на вежбата.rnrnЗадник – Напрегнете се и не се опуштајте се до крајот на вежбата, бидејќи така ја поттикнувате активацијата на мускулите на долниот дел од торзото.rnrnДолен дел од грбот – Ова е најважниот дел од вежбата. Долниот дел од грбот секогаш мора да биде рамен. Тоа значи дека не смее да биде заоблен или длабнат. Замислете дека вашиот грб е потпрен на ѕид.rnrnСтомак – Стегнете ги мускулите и обидете се да останете во таа положба. Влечете кон ребрата, но не го задржувајте воздухот.rnrnЛакти – За да го избегнете непотребното оптоварување на рамената, ставете ги лактите директно под нив.rnrnЗадржете се во оваа положба колку што можете подолго. За почеток е доволно 10 секунди. По правило, луѓето со различна физичка подготвеност се задржуваат во оваа положба од 10 секунди до 2 минути. Потоа, направете пауза од 2 минути и повторете ја вежбата. 5 повторувања се сосема доволни. Доколку сте почетник, не обидувајте се да го срушите рекордот, туку почнете полека. Важно е оваа вежба да ја правите секојдневно и тоа во исто време.rnrnПодгответе се за летото: Вежба без движење која го обликува телото за 28 денаrn

    Резултати:

    rnЗатегнат задник – Вежбата е насочена на глутеалниот мускул и задниот дел од нозете. На тој начин не само што ќе го добиете посакуваниот облик на задникот, туку ќе се ослободите и од целулитот.rnrnСилен грб – За време на вежбата се активираат мускулите на долниот дел од грбот, како и рамената и вратниот дел. Ова може да послужи како превенција за остеопорозата во областа на вратот и лумбалниот дел од грбот. Освен тоа, ќе се ослободите од болките во рамената кои настануваат како последица од носењето тешки торби или долгото седење пред работната маса.rnrnЗатегнати нозе – Акцент се става и на нозете, бидејќи се активираат сите мускули – од колковите до листовите. Не грижете се доколку почувствувате печење во мускулите, бидејќи тоа е знак дека тие работат.rnrnЗатегнати раце – Сосема е очигледно дека, заедно со нозете, со оваа вежба интензивно се тренираат и рацете бидејќи на нив се одржува половина од телесната тежина.rnrnРамен стомак – Кога целото тело е напнато, автоматски се активираат стомачните мускули – и долните и страничните.rnrnПодгответе се за летото: Вежба без движење која го обликува телото за 28 дена

  • 10-минутна вежба која ќе го подобри лошото држење на телото

    10-минутна вежба која ќе го подобри лошото држење на телото

    Лошото држење на телото не е убава глетка и со тек на време може да започне да ве исцрпува. Овие денови, неправилното држење на телото станува сѐ полошо и полошо и младите не водат толку сметка за нивното физичко здравје. Прекумерната тежина, постојаното седење, стресот и зависноста од Интернетот и статичните работи се едни од главните причинители за лошото телесно држење. Но, за среќа постои начин да се реши овој проблем со помош на едноставна и брза вежба.rnrn10-минутна вежба која ќе го подобри лошото држење на телотоrnrnЛегнете на вашиот стомак, со вашето лице свртено кон подот. Полека подигнете го предниот дел од телото, со главата нагоре, колку што можете повисоко, сѐ додека ви е удобно. Немојте да се форсирате. Држете ги рацете покрај страните и ставете ги дланките на вашите колкови. Правете ја вежбата 10 минути. На овој начин, успешно ќе се ослободите од напнатоста и тензијата која се чувствува во мускулите на грбот и нозете.rnrnЗа почеток, 10 пати се доволни. Повторувајте ја оваа вежба секојдневно и постепено додавајте минути. Со тек на време, вашиот грб ќе се зацврсти и ќе се исправи и конечно ќе можете да му речете збогум на лошото држење на телото.

  • 9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

    9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

    Иако многумина копнеат да имаат добро и исправно држење на телото, само малкумина ја исполнуваат оваа цел. Затоа прочитајте ги следниве неколку фантастични совети за тоа како да го исправите грбот и да постигнете правилно држење на телото кое ќе ве заштити од многу идни здравствени проблеми.rn

    1. Правете вежби за подобрување на држењето

    rn9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телотоrnrnНајдете време за неколку вежби кои ќе го подобрат вашето држење. Обидете се да вежбате 10-20 минути во денот. Не присилувајте се премногу, бидејќи на тој начин само ќе ја влошите состојбата. Ако работите во канцеларија, не заборавајте секојдневно да ги истегнувате грбот, вратот и рамената.rn

    2. Организирајте го вашето работно место

    rn9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телотоrnrnАко долго време работите пред компјутер, треба да размислите за добро организирање на вашето работно место. Најважното нешто е да ја наместите висината на бирото и столот со цел да можете да седите исправени во текот на целото работно време.rn

    3. Дури и телефонот треба да се држи правилно

    rn9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телотоrnrnМногумина се наведнуваме кога пребаруваме низ телефоните и лаптопите без да го забележиме тоа. Обидете се да го држите вашиот телефон пред вас, а лаптопот на вистински агол кон масата на која седите со цел да не мора да се згрбавувате со цел да гледате во екранот.rn

    4. Инсталирајте специјални апликации на вашиот телефон

    rn9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телотоrnrnИма неколку одлични апликации кои ќе ви помогнат да го држите грбот исправен. Една таква е Nekoze, која ја користи камерата од вашиот телефон за да го следи вашето држење на грбот, а ако почнете да се искривувате, апликацијата ве алармира.rn

    5. Научете правилно да дишете

    rn9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телотоrnrnДишењето е важно за движењата и сетилата. Ќе дишете многу поефикасно ако ја користите вашата дијафрагма, а исправеното држење ќе дојде природно со правилното дишење.rn

    6. Внимавајте на држењето во секое време

    rn9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телотоrnrnСекогаш треба да внимавате да го држите грбот исправен, не само кога работите, туку и кога возите или спиете. Кога е во прашање спиењето, внимавајте дека сте ги избрале вистинските перница, ќебе и душек.rn

    7. Најдобро е аголот на вашиот грб да биде 135 степени кога седите

    rn9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телотоrnrnЗапомнете, кога седите под вистински агол, вашиот грб е помалку затегнат и се создава помалку притисок врз ‘рбетот и мускулите.rn

    8. Вежбајте јога

    rn9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телотоrnrnЈогата ја подобрува вашата духовна и физичка благосостојба. Другите фитнес програми како пилатес или аеробик, исто така можат да ви помогнат да имате исправено држење.

  • Застанете пред огледало и погледнете се: Обликот на телото може да предвиди идни проблеми

    Застанете пред огледало и погледнете се: Обликот на телото може да предвиди идни проблеми

    Кога се набљудува од профил, обликот на телото кај жените може да открие дали во иднина ќе имаат проблеми со вратот или грбот. Според студијата објавена од Британското здружение на киропрактичари, проблемите со вратот кај жените се јавуваат околу 34-тата година. Тие дошле до заклучок дека оние жените кои имале навика да ја држат главата навалена кон напред, во дури 58% од случаите патат од болки во грбот и вратот. 29% од нив имаат проблеми со овие болки секојдневно.rnrnЗастанете пред огледало и погледнете се: Обликот на телото може да предвиди идни проблемиrnrnВеднаш зад нив се оние кои имаат малку подвиткан изглед на грбот, во форма на лак. Во овој случај дури 56% од сите жени патат од болки во грбот и вратот. Од друга страна пак, оние жени кои го држат својот грб исправен, имаат најмали шанси да се соочат со овие болки. Експертите предупредуваат да не се грижите само за изгледот на телото кое го гледате право пред вас во огледалото, туку и да се свртите и погледнете од профил. Кој е вашиот облик?rn

      rn011

    • Лажичка: Рамен грб, рамена подвиени нанапред
    • rn011

    • Искривена кула: Главата спуштена нанапред
    • rn011

    • Мост: Исфрлен грб кон наназад
    • rn011

    • Даска: Рамен задник, рамен грб
    • rn

    rnИдеалниот изглед на вашето тело погледнато од страна е кога ушите, рамената, колковите, колената и зглобовите над стапалата ви се во иста линија. Доколку имате која било форма од овие погоре, големи се шансите дека со тек на време ќе се соочите со болки во вратот и грбот. Експертите велат дека доколку сакате да ја спречите појавата на оваа болест, вие треба да го исправите вашиот грб и да почнете да се движите поправилно. Кога стоите, треба да може да се повлече рамна линија од ушите од зглобовите на стапалата. Кога седите, оваа линија треба да ги поврзува ушите, рамената и колковите.

  • Скриени ерогени зони: Точки на задоволство кои ќе ја доведат до лудило!

    Скриени ерогени зони: Точки на задоволство кои ќе ја доведат до лудило!

    Познавањето на овие ерогени зони не само што ќе ве претвори во одличен љубовник туку и ќе ви овозможи секоја жена да ја доведете во расположение за секс со потези кои се прифатливи иако не сте во врска.rnrnМногу мажи мислат дека жените имаат само една ерогена зона т.е. вагината. Меѓутоа оние малку поинформираните знаат дека жените полудуваат кога ќе ги допрете на внатрешната страна на бутовите или вратот, а малку од нив знаат и за овие скриени ерогени зони.rnrnАко спаѓате во оние кои сакаат да бидат информирани околу тоа како да задоволите жена, еве неколку ерогени зони за кои веројатно не знаевте, а сигурно ќе ви се најдат при рака за време на предиграта.rnrnrnrnГрбот е многу сензуален дел од човечкото тело кој освен со бавна масажа може многу успешно да се стимулира и со нежни бакнежи, а за време на сексот цврстото стегнување на грбот уште во моментот ја подигнува страста на уште повисоко ниво.rnrnСтапалата исто така се една од поважните ерогени зони и сензуалната масажа на оваа ерогена зона ќе ја направи секоја жена расположена за игри помеѓу чаршафите.rnrnДланките се многу осетливи на допир. Затоа кога поминувате со прстите по нејзините дланки додека гледате телевизија ќе испратите многу јасна порака за што сте расположени, а така ќе започне да се создава секси атмосфера.rnrnСовет плус: Ако со помош на јагодиците од прстите го масирате темето и со нерамномерни движења ги провлекувате прстите низ нејзината коса, а случајно нежно ја допрете и нејзината ушна школка, сигурно ќе ја доведете до лудило!