КАФЕ ПАУЗА

Tag: говор на тело

  • Начинот на седење може да открие многу за карактерот на луѓето

    Начинот на седење може да открие многу за карактерот на луѓето

    Кога ќе се вратите дома после напорниот работен ден, ќе се облечете во вашата најудобна облека и ќе седнете да гледате телевизија, забележете ја положбата во која седите. Експертот за говорот на телото, Роберт Фипс, вели дека несвесниот избор на омилената положба на седење на каучот или фотелјата кажува многу за нас и нашиот карактер. Дека тоа е навистина така покажува и истражувањето од една британска компанија за мебел која направила испитувања на 2.000 возрасни луѓе. Покрај прашањата за работата и приватниот живот, било ставено и прашањето во која положба најчесто седите кога сте опуштени. Резултатите биле доста интересни.rnrnНачинот на седење може да открие многу за карактерот на луѓетоrn

    Исправен грб со стапалата на подот

    rnОние кои седат во оваа формална положба се секогаш внимателни и потешко се опуштаат. Ја избираат луѓето кои сакаат да играат на сигурно и не мислат дека се многу добри на работното место, но сепак се кариеристи. Меѓу другото, тие се задоволни од својата љубовна врска, и од животот воопшто.rn

    Турско седење

    rnСпоред Фипс, оваа поза е карактеристична за активните, здрави и витки луѓе кои имаат добар љубовен и сексуален живот. Не заработуваат многу, но се меѓу оние кои се најзадоволни од својата работа.rn

    Свиткани колена со стапалата на мебелот

    rnИако оваа положба често се поврзува со анксиозноста бидејќи наликува на положбата на фетусот, истражувањето покажало дека неа всушност ја практикуваат луѓето кои лесно се справуваат со стресот, ја сакаат својата работа, се друштвени и задоволни од својот љубовен живот.rn

    Прекрстени нозе

    rnСпоред Фипс, луѓето кои седат со прекрстени нозе сакаат да се опуштат, но никогаш не го спуштаат гардот. Имаат добра концентрација, самоконтрола и заработка и покрај тоа што не уживаат во својата работа. Го сакаат своето семејство и местото на живеење.rn

    На средината на каучот со раширени нозе

    rnОваа положба ја практикуваат луѓето кои се талентирани и го живеат животот до максимум. Сакаат да работат и одлично заработуваат, иако не се целосно задоволни од својата кариера. Но, повеќе од другите сакаат да го подобрат својот љубовен живот.rn

    На наслонот за раце

    rnМногу луѓе имаат обичај да седнат на наслонот за раце од мебелот и изгледаат како да сакаат да станат во секој момент. Тие така и се чувствуваат. Оваа положба најмногу ја избираат зафатените луѓе, оние кои се под стрес и кои немаат време да се опуштат.rn

    Лежење како во кревет

    rnИако каучот и фотелјата не се кревети, луѓето кои така ги користат со телото кажуваат дека не ја сакаат својата работа и телесно бараат положба во која најдобро можат да се опуштат. Сепак, себеси се сметаат за релативно успешни личности кои добро заработуваат. Често земаат храна за носење, имаат многу пријатели, не трчаат по партнерот по секоја цена, но не се толку задоволни од љубовниот живот бидејќи сметаат дека е сиромашен и дека можат подобро.

  • 8 начини на кои самоуверените луѓе живеат поразлично од другите

    8 начини на кои самоуверените луѓе живеат поразлично од другите

    Постојат луѓе кои имаат моќ да го привлечат вниманието на другите луѓе, секогаш кога ќе се појават некаде. Но, тие не се родени со некој самоуверен ген, туку напротив, нивните дневни навики и однесувања придонесуваат за нивниот самоуверен карактер.rnrnrnrnТоа се добри вести, бидејќи тоа значи секој може да ги присвои ваквите навики и да започне редовно да ги практикува. Следуваат неколку начини на кои самоуверените луѓе живеат поразлично од другите.rn

    1. Тие се попродуктивни

    rnИстражувањата покажуваат дека самоуверените луѓе се попродуктивни, бидејќи нивните позитивни мисли ги мотивираат да започнат со акција. Не е никакво чудо што скоро сите успешни луѓе во бизнис браншата се едни од најсамоуверените луѓе на светот.rn

    2. Нивниот говор на телото влијае и ја подигнува нивната самодоверба

    rnПознато е дека начинот на кој една личност се држи, влијае врз тоа како таа се чувствува. Исправената положба и подигнатата глава често прават да се почувствуваме моќно, а самоуверените луѓе знаат како да ги искористат ваквите мали гестови.rn

    3. Не веруваат постојано во себе

    rnСите луѓе имаат маани, па дури и самоуверените. Разликата е во тоа што оваа категорија луѓе знае да ги препознае несигурностите и да продолжи со животот и покрај нивното постоење. Истражувањата покажуваат дека прифаќањето на мааните и несигурностите е поверојатно да нѐ направи среќни, отколку обидувањата да ги надминеме. Самоуверените луѓе не се суперлуѓе – тие целосно ги прифаќаат своите несовршености и храбро продолжуваат понатаму.rn

    4. Активно се стремат кон успех

    rnКога станува збор за успехот, „не“ не постои во речникот на самоуверените луѓе. Самодовербата е клучна во градењето на кариерата. Колку повеќе една личност може да се замисли себеси како ја постигнува својата цел, толку поверојатно е да успее да ја оствари.rn

    5. Ја канализираат својата внатрешна славна личност

    rnЕден експеримент покажал дека кога луѓето ги запишуваат квалитетите кои им се заеднички со нивните омилени славни личности од истиот пол, тие се чувствуваат многу поспособни да се претстават во најдобро светло.rn

    6. Цврсто стојат зад своите ставови

    rnСамоуверените луѓе веруваат во своите мислења и одлуки, но не без да им обрнат внимание и на другите. Тие ја слушаат секоја страна во расправата, но на крајот, се држат до она што сметаат дека е најдобро. Другите луѓе понекогаш се колебаат со своите одлуки, бидејќи сакаат да внимаваат. Самоуверените луѓе не дозволуваат нивната различна перспектива да ги тргне од патот кон целта.rn

    7. Не се плашат од пораз

    rnСамодовербата не се состои во тоа секогаш да сте во право, туку во продолжувањето понатаму и покрај фактот дека грешите. Понекогаш, тоа се исплати не само во самодовербата, туку и во интелигенцијата, бидејќи луѓето кои се посигурни во себе се исто така и поинтелигентни.rn

    8. Не се плашат да бидат самоуверени

    rnСамоуверените индивидуи не се срамат да ги покажат своите квалитети, независно дали се чувствуваат комотно правејќи го тоа, или пак претеруваат со своите приказни. На крајот, како што оди текстот од една песна, „Што има толку лошо во тоа да бидеш самоуверен?“rnrnОдговорот: Апсолутно ништо.

  • Говорот на телото: 7 начини да привлечете сечие внимание, без да изустите ниту еден збор

    Говорот на телото: 7 начини да привлечете сечие внимание, без да изустите ниту еден збор

    Постојат неколку начини на кои можете да го привлечете и задржите вниманието на соговорникот, а притоа да не изговорите ниту еден збор. Говорот на телото е клучен во овие моменти доколку сакате да ја постигнете вашата цел. Погледнете ги следниве 7 начини на кои можете да го сторите тоа.rnrnГоворот на телото: 7 начини да привлечете сечие внимание, без да изустите ниту еден зборrn

    1. Насмевка која разоружува

    rnНемојте вештачки да се смеете кога ќе се сретнете со некого, а потоа да направите таа насмевка да исчезне со брзината на светлината. Наместо тоа, застанете на момент, погледнете го соговорникот во очи и дозволете ѝ на големата и топла насмевка да ги преплави вашите усни, а потоа и очите бидејќи тие најискрено се смеат. Иако оваа насмевка нема да се појави во истата секунда кога ќе погледнете некој, сепак обидувајте се да бидете што поискрени со цел да го збогатите односот со оваа личност, како и да го смените начинот на кој другите ве доживуваат.rn

    2. Долг поглед

    rnЗамислете дека вашите очи се залепени за оние на соговорникот со некое невидливо лепило. Дури и да сте завршиле со разговорот, не го тргајте одма вашиот поглед. Добра техника е да го задржите погледот доволно долго за да можете да ја видите бојата на очите на вашиот соговорник. Овој податок сигурно нема да го запомните, но сепак може да ви биде добра формула за времето кое е потребно да го задржите вашиот поглед.rn

    3. Поглед кој поврзува

    rnКога сте во поголема група луѓе, вие треба да гледате во онаа личност за која сте заинтересирани, без разлика кој говори. На тој начин му/ѝ покажувате дека сте навистина заинтересирани за неговата/нејзината реакција. Но, сепак внимавајте да не претерате за да не направите на оваа личност да ѝ биде непријатно. Најпрво гледајте во оној кој говори, а потоа насочете го вашиот поглед кон „метата“ со цел да ги забележите неговите или нејзините реакции.rn

    4. Бебешко внимание

    rnЛуѓето се многу свесни за вашите реакции на нив. Кога ќе запознаете нова личност, ако сакате да ѝ се допаднете, свртете го телото целосно кон неа и дајте ѝ го вашето неподелено внимание, исто како што би постапиле со мало бебе. Можеби ќе ви делува чудно, но обидете се. Не постои човек кој не обожава внимание.rn

    5. Смиреност

    rnАко сакате да покажете кредибилитет, обидете се да не покажувате нервоза во движењата, дури и ако станува збор за разговор кој ви е многу важен. Не ги движете премногу прстите и не си играјте со вашата коса, бидејќи на тој начин вашиот соговорник може да помисли дека лажете, дека сте премногу нервозни или пак, дека нешто криете.rn

    6. Смејте се со целото срце

    rnКога се смеете покажувајќи ги своите заби, тогаш вие се смеете од срце. Секој мускул, како на лицето, така и на телото, покрај оваа насмевка се истегнува во совршената позиција – главата ја држите високо, рамената повлечени наназад, стоите исправено и зрачите со самодоверба. Во суштина, не постои ништо поубаво од насмеано лице.rn

    7. Со секоја нова личност поздравувајте се како да ви е стар пријател

    rnКога за прв пат ќе се сретнете со нова личност, вие замислете дека се сретнувате со пријател кој одамна не сте го виделе. Размислувањето на овој начин ќе направи вашето тело несвесно да покажува наклонетост кон оваа личност. Исто така имајте на ум дека секогаш се враќа она кое го давате – почитта бара почит, а допаѓањето скоро и да нема смисла ако не е обострано.

  • Дали постои разлика помеѓу емпатија и сочувство?

    Дали постои разлика помеѓу емпатија и сочувство?

    Автор: Петар ЛазаровrnrnНајголемата заблуда е тоа што луѓето ја поистоветуваат емпатијата со сочувството. Сочувството е карактеристика на човекот, особено на добрите луѓе додека, пак, емпатијата е вештина (една од најелементарните). Сочувство е кога сочувствуваме со туѓите емоции (кои и не мора да сме ги препознале самите). Кога некој е тажен и ние преземаме дел од таа тага и ја носиме таа тежина со себе. Она што најмногу може да направите, во тие ситуации, е да помогнете максимално доколку сте во можност. Тежината не мора да ја носите со себе.rnrn0-dali-postoi-razlika-pomegju-empatija-i-sochuvstvo-kafepauza.mkrnrnОд друга страна, пак, емпатијата е вештина која ја поседуваме (со цел за полесна комуникација) и која може да ги препознае чувствата кај другите и ни помага да „влеземе во туѓата кожа“, а притоа да не ја преземеме тежината на емотивната состојба. Емпатијата се поврзува со умешноста во читање на сигналите што ги праќаат телата (говор на тело). Користа од оваа вештина е кога ќе ја согледаме емотивната состојба на соговорникот, да преземеме акција која нема дополнително да ја влоши ситуацијата.rnrnАко некој колега не забележи дека неговиот колега е тажен и не може да претпостави дека може нешто неубаво му се случило, па непрекинато го задева и суптилно му „фрла“ закачки, нормално е дека овој може да пукне и да каже некои неубави зборови. И, ете ти конфликт!rn

    „Најважната работа што ја поседуваме како луѓе, е моќта на емпатијата.“ – Мерил Стрип

    rn2-dali-postoi-razlika-pomegju-empatija-i-sochuvstvo-kafepauza.mkrnrnПоследните истражувања велат дека со развојот на емпатијата се подобруваат лидерските способности, учиме како да ги поставуваме вистинските прашања, го јакнеме тимскиот дух и ја подобруваме комуникацијата во тимот, а тоа влијае на разбирањето со клиентите и во многу други аспекти од работењето. Дури и се смета дека со јакнење на емпатијата влијаеме на намалување на стресот.rn

    „Спротивно на лутината не е смиреноста, туку емпатијата.“ – Д-р ОЗ

    rnПрепознавањето на емоциите кај другите е прво ниво на емпатија. Повисоко ниво е кога размислуваме како нашите зборови ќе се рефлектираат на другите, и пред да кажеме нешто размислуваме за ефектите. Но, да се држиме ние до првото ниво, и тоа ќе биде невиден успех.rnrn3-dali-postoi-razlika-pomegju-empatija-i-sochuvstvo-kafepauza.mkrn

    Неколку фактори (техники) коишто влијаат врз развојот на оваа наша вештина:

    rn(EQ) Емоционална писменост: Емпатијата е вештина која се обработува во областа на ЕП. Доколку сакате да ја развивате емпатијата кај себеси, ќе мора повеќе да се информирате за ЕП како концепт. Тука егото и емпатијата се поставуваат како спротивни емоции. И, ако го разгледаме овој аспект на ЕП, нормално е зошто во светот фали емпатија кај луѓето. Сите сме „напукани“ со огромни дози на ЕГО (ЈАС), и не оставаме место за развој и за јакнење на ЕМПАТИЈАТА (ТИ). Една техника што може да ја користите е, наместо да почнувате со ЈАС, во комуникацијата со другите да почнувате со ТИ. Ќе видите сами колку е тешко.rnrnГовор на тело: Исто така, од огромно значење за развојот на емпатијата. Јакнењето на нашата способност за забележување на деталите на телото и нивното толкување е од огромно значење за препознавање на туѓите емоции. Но, читањето една книга или гледањето филм нема да ве направи експерти во препознавање на сигналите. Тоа бара многу работа и концентрација. За почетно ниво може само да почнете да ги гледате луѓето што прават со телото, лицето, рацете, нозете, очите. Прво вежбајте концентрација и стекнете навика за следење на деталите. Напоредно може да се едуцирате повеќе за значењето на тие сигнали. Пробајте го ова 1 месец.rnrnАктивно слушање: Вежбајте „активно слушање“. Тоа не значи само да слушаме што другите зборуваат. Тоа значи процес од 3 чекори – 1) Слушни, 2) Процени (размисли) и 3) Повратна врска (одговор). Најдобрата техника за вежбање на активно слушање е „затвори ја устата!“rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • Еве што ги издава оние кои ве лажат

    Еве што ги издава оние кои ве лажат

    Луѓето лажат. Не сите и не секогаш, но не постои човек на планетава кој во животот нема кажано лага. Мала, голема, добра или лоша, лага си е лага и кога-тогаш таа ќе излезе на виделина. И додека на Пинокио му растеше носот кога и да излажеше, во реалноста тоа не им се случува на лажговците. Но затоа, пак, по следниве работи веднаш ќе препознаете дали некој ве лаже.rnrn(1)-eve-shto-gi-izdava-onie-koi-ve-lazhat-kafepauza.mkrn

    Промена во говорот на телото

    rnИстражувања направени од д-р Алберт Мехрабиан, професор по психологија, покажуваат дека дури 55% од вкупната комуникација се однесува на говорот на телото. Токму и затоа се вели дека овој говор некогаш кажува многу повеќе од зборовите. Таков е случајот и кога некој лаже, а секој од нас е способен правилно да го протолкува говорот на телото доколку го познава значењето на одредени потези и гримаси. Следниве знаци се оние кои укажуваат дека личноста спроти вас ве лаже:rn

      rn011

    • Брзо трепка, обидувајќи се да биде убедлив/а;
    • rn011

    • Не ве гледа во очи, од вина или бидејќи се обидува да смисли нова лага;
    • rn011

    • Ве гледа непрестајно во очи, обидувајќи се да остане мирен/на;
    • rn011

    • Може да ги допира усните со прсти, потсвесно спречувајќи се да се издаде;
    • rn011

    • Брзо ја врти главата, за да го избегне АХА! моментот.
    • rn

    rn

    Промена во начинот на зборување

    rnДури 38% од комуникацијата вклучува тон на гласот, интензитет, (не)течно зборување, брзина и квалитет на звук. Соодветно на ова, многу од лагите може да ги препознаете уште во самото нивно кажување. Така, многу е веројатно дека тој што ве лаже ќе сврзува несврзливи зборови или ќе испушта зборови од реченица, ќе застанува на сред збор или ќе се зад’ткува, а и веројатно ќе ви даде премногу информации обидувајќи се да ја сокрие својата лага. На почетокот може да зборува тивко и пополека, но како што оди понатаму – да забрзува, сопнувајќи се на сопствените зборови. Во неговиот глас може да забележите нервоза, несигурност и/или страв.rn

    Промена на енергијата

    rnОстанатите 7% од вкупната комуникација одат токму на зборовите. Тие се рефлектираат насекаде околу луѓето кои ги кажуваат, а меѓу другото, се рефлектираат и на нивната енергија која ја чувствувате и вие кога сте во нивна близина. Како се чувствувате кога зборувате со некој? Дали чувствувате негативност? Или можеби ви се чини дека нешто не е во ред бидејќи го имате истото она чувство кое го имавте кога претходно ве лажеле?Дали тој наспроти вас има одбранбен став? Вашата интуиција, емпатија и искуство можат да ви пренесат многу повеќе отколку самите зборови.

  • Говорот на очите: Што открива неговиот поглед?

    Говорот на очите: Што открива неговиот поглед?

    Говорот на телото, односно говорот на очите може да каже многу повеќе од неговите зборови. Гледајќи го во очи можете да откриете колку вистина има во тоа што ви го зборува. Научете што значи секој од овие 8 погледи и постанете мајстор за читање на мажите.rnrn1-govorot-na-ochite-shto-otkriva-negoviot-pogled-kafepauza.mkrnrn1. Поглед нагоре и влево – Искрен е кога ви вели дека синоќа заспал на каучот, па затоа не ви одговорил на пораката.rnrn2. Поглед нагоре и вдесно – Се обидува да смисли некој добар изговор зошто синоќа не ви одговорил на пораката.rnrn3. Поглед надолу и влево – Ако е во тек на некоја расправија, го занемарува вашиот предлог.rnrn4. Поглед надолу и вдесно – Вашиот предлог го зема предвид.rnrn5. Директно во очи – Го цени вашето мислење.rnrn6. Избегнува поглед во очи – Тоа е обично знак за некој вид страв, посебно ако сакате да шефувате.rnrn7. Во вас, па малку зад вас – Не, можеби навистина не гледа што се случува зад вас бидејќи вие не сте му интересна, туку открива дека не е многу вешт во комуникацијата.rnrn8. Право пред себе – Кога нешто го прашувате, а тој гледа право пред себе, тоа најчесто значи едно – сака да ја избегне споменатата тема.

  • 7 начини да го заведете со помош на говорот на телото

    7 начини да го заведете со помош на говорот на телото

    Заборавете на вербалниот разговор и пораките, бидејќи говорот на телото е најголемиот херој кога станува збор за љубовни состаноци. Сакате да знаете дали ги испраќате вистинските невербални пораки? Продолжете со читање…rnrn7 начини да го заведете со помош на говорот на телотоrn

    1. Смејте се

    rnСигурно сте го слушнале ова многу пати, но тоа навистина успева. Да кажеме дека сте запознале личност за која сте заинтересирани. Кога ќе се ракувате и ќе го чуете неговото име, токму тогаш треба да се насмевнете. На овој начин ќе му дадете до знаење дека таа насмевка е наменета само за него.rn

    2. Не ги држете рацете вкрстени

    rnВкрстените раце предизвикуваат во неговите очи да изгледате студено, па токму затоа можете и да го избркате од себе. Науката вели дека можете многу полесно да се справите со одреден проблем доколку стоите со вкрстени раце, но кога станува збор за љубовен состанок, обидете се да не го практикувате тоа. Вие не сакате да му покажете дека сте затворени или незаинтересирани.rn

    3. Следете го правилото на папокот

    rnПогрижете се вашиот папок да е насочен кон личноста која ве привлекува. Кога сте во поголема група луѓе, вашиот папок најчесто е насочен кон онаа личноста која најмногу ја сакате, ѝ верувате или ѝ се восхитувате. Ова важи дури и ако вашата глава е насочена кон друга страна. И покрај тоа што ова е нешто што треба природно да ви доаѓа, сепак имајте го на ум кога разговарате со личност која ви се допаѓа.rn

    4. Допирајте го нежно

    rnДопирот е многу важен кога станува збор за љубовни состаноци. Кога луѓето ќе доживеат интимен допир, нивните срца почнуваат побрзо да чукаат. Ова можеби е премногу за првиот состанок, но е одлична идеја за вториот. Обидувајте се во текот на разговорот нежно и кратко да ја допирате областа помеѓу неговиот зглоб и лакт на раката.rn

    5. Зголемете го контактот со очите

    rnЗа време на љубовните состаноци, во просек треба 80% од времето да го поминувате гледајќи во вашите очи. Зголемениот контакт со очи е јасен индикатор на привлечност. Токму затоа ако ги комбинирате погледите со допири, тогаш многу брзо ќе го освоите. Доколку сте похрабри, тогаш погледнувајте го и во неговите усни додека тој гледа во вашите очи.rn

    6. Стојте во средината

    rnДоколку сте излезени во бар со пријатели, тогаш обидете се суптилно да го најдете вашето место во средината. На овој начин вие се ставате себеси во рамка, а со тоа и ќе привлечете многу повеќе внимание. Нашите очи природно се фокусираат кон средината на нештата, па токму затоа на овој начин можете побрзо да го привлечете неговото внимание.rn

    7. Внимавајте на држењето на вашето тело

    rnЗа време на љубовните состаноци вие мора да најдете начин како цело време да го држите вашиот грб исправен. Вие не сакате да изгледате згрбавени во неговите очи. Плус, постојат истражувања кои покажале дека со седењето во свиткана позиција се ослободува и кортизол, кој негативно ќе влијае врз вашиот стрес и анксиозност. Со доброто држење на вашето тело, вие не само што ќе му оставите поголем впечаток, туку истовремено ќе бидете и поопуштени за време на состанокот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 знаци на сексуално посакување кои тој не може да ги сокрие од вас

    15 знаци на сексуално посакување кои тој не може да ги сокрие од вас

    Понекогаш не говориме за она што го сакаме или пак, едноставно се плашиме да го признаеме затоа што не сакаме да ги нарушиме нашите односи со одредена личност. За среќа, секогаш можеме да се потпреме на невербалната комуникација, односно на говорот на телото. Кога мажите чувствуваат привлечност кон жените, нивното тело најчесто ги испраќа следниве знаци…rnrn15 знаци за сексуално посакување кои тој не може да ги сокрие од васrnrn1. Длабоко вдишување во моментот кога ќе ве забележи, при кое визуелно му се проширува градниот кош.rnrn2. Му се прошируваат зениците бидејќи му се допаѓа она што го гледа.rnrn3. Веѓите му се подигнуваат како нешто да го изненадило.rnrn4. Се смее повеќе од вообичаено и на тој начин почесто ви го покажува горниот ред заби.rnrn5. Несвесно ги навлажнува усните со врвот на јазикот.rnrn6. За време на вашата комуникација, 80% од времето ве гледа во очи, а останатото време во носот, устата и образите.rnrn7. Се навалува кон вас кога разговарате.rnrn8. Несвесно започнува телесен контакт, без разлика дали ве допира директно вас или само вашата облека.rnrn9. Ги поставува рацете на струк, со раширени лакти кон двете страни.rnrn10. Неговата карлица е насочена кон вас.rnrn11. Кога ги прекрстува нозете, тоа го прави така што двете стапала му се насочени кон вашето тело.rnrn12. Прстите од неговите стапала се секогаш насочени кон насоката во која вие стоите.rnrn13. За време на разговорот нежно го допира својот врат со врвот на прстите.rnrn14. Кога ве држи за рака, со дланките бара потпора на вашите дланки.rnrn15. Вашата телесна близина кај него создава ерекција.

  • Како да препознаете дали некому навистина му се допаѓа вашиот подарок?

    Како да препознаете дали некому навистина му се допаѓа вашиот подарок?

    Сигурно и вам ви се има случено да глумите дека сте одушевени од подарокот кој навистина не ви се допаѓал со цел да не повредите некоја ваша блиска личност. Но, според британскиот психолог Сајмон Мур, говорот на телото може да ги „издаде“ вашите вистински чувства. Токму затоа следниот пат кога ќе подарите некому подарок, побарајте ги следниве неколку знаци со цел да откриете дали можеби не сте направиле добар избор.rnrnКако да препознаете дали на некому навистина му се допаѓа вашиот подарок?rnrnКога тој/таа го отвора подарокот, се допира за лицето, најчесто ставајќи ја раката преку устата. Обрнете внимание и на наборите околу очите, и покрај тоа што тој/таа ќе тврди дека подарокот им е убав, нивните очи ќе делуваат како тие да ви се малку лути. Повлекувањето на главата наназад е уште еден знак на лажно одушевување, како и оддалечувањето од подарокот. Ние несвесно се оддалечуваме од оние нешта кои не ни се допаѓаат.rnrnКога сме нервозни, често ја тресеме ногата како да сакаме нешто да исфрлиме од нас или тапкаме со стапалото на подот, па истото тоа се случува и кога добиваме подарок кој не ни се допаѓа бидејќи набрзина се обидуваме да одглумиме воодушевување.rnrnДоколку на личноста навистина ѝ се допаѓа вашиот подарок, таа ќе има природна насмевка на своето лице. Исто така ако сте го погодиле вистинскиот подарок, тогаш оваа личност несвесно благо ќе ги подигне веѓите и природно ќе се доближи со своето тело нанапред, кон подарокот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 супермоќи на невербалната комуникација

    6 супермоќи на невербалната комуникација

    Свесни за тоа или не, секој потег, поза или гримаса кои ги правите со телото и лицето кажуваат нешто за вас. Оваа невербална комуникација некогаш знае да каже, односно да покаже многу повеќе отколку зборовите. Говорот на телото изразува далеку повеќе одошто некои луѓе се свесни, па со самото тоа е многу важен и составен дел од вас на кој треба да посветите поголемо внимание. Постојат многу типови на говор на телото, но во глобала постојат 6 подгрупи на луѓе, секоја со свои позитивни и негативни страни.rnrn(1)-6-supermokji-na-neverbalnata-komunikacija-kafepauza.mkrn

    1. Емоционално изразување

    rnНекои луѓе многу полесно ги изразуваат своите чувства. Во секое поместување на цртите на нивното лице може да согледате како тие се чувствуваат, секој потег ги издава нивните емоции на среќа или тага, па секогаш може лесно да препознаете во каква состојба се наоѓаат. Овие луѓе се отворени луѓе кои многу лесно се соочуваат со чувствата, не се срамат да ги покажат и претежно се доста популарни во друштвото.rn

    2. Емоционална контрола

    rnОвој тип луѓе го сочинуваат оние кои доста добро го познаваат своето тело и своите емоции, па вешто успеваат да ги контролираат позите со цел да создадат слика за себе која е различна од онаа реалната. Токму поради тоа, тие делуваат доста далечни и ладни и ретко кога може да прочитате како тие навистина се чувствуваат и за што размислуваат.rnrn(4)-6-supermokji-na-neverbalnata-komunikacija-kafepauza.mkrn

    3. Емоционална чувствителност

    rnЛуѓето кои спаѓаат во оваа група имаат некој вид сензори со способност да ги детектираат и дешифрираат чувствата на луѓето околу нив. Поради леснотијата со која тие препознаваат како некој се чувствува делуваат емпатични, па често се првата личност кај која другите одат кога имаат некој проблем, кога им е тешко или едноставно им е потребно некој да ги ислуша. Негативно тука е што доколку некој е премногу емоционално чувствителен, тој може да се зарази од истите чувства како и другите и нивната болка да ја почувствува како своја.rn

    4. Социјална чувствителност

    rnДоколку вие сте социјално чувствителни, тогаш веројатно доста добро можете да ја процените ситуацијата во околината околу вас, лесно може да одредите во какво друштво се наоѓате, па соодветно на тоа да го прилагодите вашето однесување. Ова дефинитивно многу помага при разбирање на комплексноста на социјализирањето како и при предвидување на однесувањето на другите луѓе во ваша близина.rnrn(2)-6-supermokji-na-neverbalnata-komunikacija-kafepauza.mkrn

    5. Вештина за мамење

    rnОва се луѓе способни себеси да се претстават во сосема различно светло. Лесно и едноставно можат да се претстават себеси како целосно различни личности од оние кои навистина сѐ, создавајќи слика низ која ретко кој може да продре. Ова се т.н. професионални измамници, а се карактеризираат со брзи, вешти и лесни движења, како и со доста впечатливи гримаси на лицето.rn

    6. Вештина за детектирање измама

    rnОва се тие ретки луѓе кои успеваат веднаш и целосно точно да ги прочитаат луѓето, за кратко време знаат со кого си имаат работа и можат да ја детектираат измамата во нечие движење дури и кога таа личност се наоѓа на другиот крај на собата. Секој милиметар на придвижување на вашето тело им открива нови работи за вас, па соодветно можат доста лесно да ве прочитаат и „расоблечат“.rnrn(3)-6-supermokji-na-neverbalnata-komunikacija-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.