КАФЕ ПАУЗА

Tag: говор на тело

  • Излажи ме (Lie to me)

    Излажи ме (Lie to me)

    Вистината е испишана по нашите лица

    rn

    Излажи ме (Lie to me)Главни ликови: Тим Рут, Кели Вилијамс, Брендон Хајнс,rnМоника Рејманд, Меки Фајфер, Хејли Мекфарленд

    rn

    Режисер: Даниел Секхајм, Мајкл Зајберг, Едам Дејвисон…

    rn

    Креатори: Семјуел Баум…

    rn

    Жанр: криминалистика, драма, трилер

    rn

    Времетраење: 44 мин.

    rn

    Јазик: англиски

    rn

    Датум на прво прикажување: 21 јануари 2009

    rn

    Број на сезони: 3

    rn

    Следна епизода: 1 ноември 2010

    rn

    Официјален веб-сајт

    rn

    Наша оценка: 10/10

    rn

    ____________________________________________________________________________________________rn„Излажи ме“  е серија која воведува нешто свежо и невидено во криминалистичките ТВ шоуа. Групацијата „Лајтмен“ е тим составен од професионалци со широки познавања во полето на кинетиката и микро експресиите. Интересното  сценарио во комбинација  со навистина перфектни визуелни елементи и одлична музика, нема да ве остави рамнодушни и веднаш ќе ве навлече на серијата.rn____________________________________________________________________________________________rnrnrnrn

    Приказна:  Кал Лајтмен е основач на тимот Лајтмен и заедно со своите колеги води приватна фирма за разоткривање на вистината зад лагата. Секоја епизода е приказна за себе, но сепак има некое благо течение на дејството низ кое се откриваат елементи од приватниот живот на главните ликови.rnИзлажи ме (Lie to me)Кал Лајтмен, како главен лик во серијата, минал низ тежок период од животот поради смртта на неговата мајка, која ненадејно се самоубила и токму нејзината смрт го натерува да се изгради како експерт во областа на читање на фацијални експресии и разбирање на говорот на телото.rnИзлажи ме (Lie to me)Пилот епизодата во серијата започнува со расветлување на случај во едно локално училиште, каде што малолетен ученик самостојно се пријавува како извршител на деликтот, а само тимот на Лајтмен е убеден и цврсто решен да ја открие вистината. Дрскоста, прецизноста и перфектноста се главните особини на ликовите кои ќе ве натераат да се вљубите во нив.rnИзлажи ме (Lie to me)

    rnrn

    „Вистина или среќа. Никогаш двете“

    rnИнтересни податоци:rn

      rn011

    • Серијата е базирана врз искуствата на светски познатиот експерт во полето на фацијалните експресии, Пол Екман.
    • rn

    rn

      rn011

    • Досега правата на прикажување ги имаат откупено телевизии од 40 земји во светот.
    • rn

    rn

      rn011

    • За серијата да има посилен ефект, на главниот актер Тим Рут, намерно му е дозволено да зборува со својот британски акцент.
    • rn

    rn

    Излажи ме (Lie to me)

    rnКога и како да ја гледате? „Излажи ме“ е доста ефектна и тешка серија, па затоа за нејзино гледање ќе ви биде потребна максимална концентрација и потполна тишина. Препорачливо е да се гледа во мало друштво или пак да ја гледате сами. Иако серијата навлекува и ве тера постојано да ја гледате, погодно би било по изгледани две епизоди да правите мала пауза, па да продолжите. Исто така, тишината ќе ви биде максимално неопходна, токму поради фактот што главниот актер зборува со британски акцент, па доколку немате превод ќе имате мали тешкотии да го разберете.rn.rn

    „Единствен начин тројца луѓе да сокријат лага, е двајца од нив да се мртви“

    rn

    Излажи ме (Lie to me)

    rnСлични серии: „CSI-Miami”, “CSI-Las Vegas”, “CSI-New York”, “Bones”

  • Не е сѐ во очите, има нешто и во телото

    Не е сѐ во очите, има нешто и во телото

    Гостински пост: Високо ЦrnrnСаботно попладне. Пред мене, капучино со пена со неминовниот цимет и мојот сопатник гoсподинот Лаптоповски. Најаден и полн енергија. Неколку маси подолу од мојата, еден дечко и една девојка. Не можам да ги слушнам, но можам да ги видам. Си мислам, ова ќе им е прво кафе. Можеби второ. Познатата напнатост, несигурност и илјадници прашања „летаа“ околу нив. Се потсетив на старата добра „Човековата душа се гледа во очите“.Не е сѐ во очите, има нешто и во телотоСамо, има нешто малку повеќе од тоа сепак. Го има телото. Рацете, рамењата, нозете, главата… Или како што длабоко почитуваните господа академици милуваат да го наречат „Говорот на телото“. Е сега, да бевте со мене на кафе, ќе сфатевте зошто пишувам на оваа тема. Секако, нема да ви кажам. И додека размислувате за целата таа ситуација, дозволете ми да споделам со вас неколку „невини“ техники за флерт кои доаѓаат потсвесно, како реакција на нашите чувства.rnrnКај жените (комплицирани какви што сме!) секогаш се јавуваат комбинации од најмалку 3 техники, додека тоа не е случај со мажите, но и за едните и за другите важат истите. Ќе ве погледнуваат, ќе си играат со својата коса, ќе ви шепкаат, ќе стојат многу блиску до вас, ќе ве допираат. Разликата е во тоа што мажите најчесто заземаат положба на „мачомени“ истакнувајќи ја својата машкост преку подигање на градите и вовлекување на стомакот, додека жените стануваат нежни и најчесто изгледаат како да го средуваат својот изглед (ја местат косата, облеката, накитот).rnrnПовеќе или помалку, сите го знаеме ова нели? Меѓутоа, постојат неколку сигнали кои, без оглед колку мали, сепак значат многу.rnrnНа пример, самиот поглед значи дека бара нешто поинтересно. Во вакви ситуации ви останува само да се потрудите да го вратите интересот на вас или да се повлечете и да побарате некој кој ве погледнува и потоа го спушта погледот надолу, што значи дека е заинтересиран.rnrnРацете пак, секогаш се земаат како бариери и заштитници на нашето тело. Па така, прекрстени раце на градите најчесто значи дека лицето се чувствува загрозено од вас или дека не му се допаѓа разговорот. Прекрстените раце не мора да значат „не сум заинтересиран“, но дефинитивно имаат негативно значење, поради што би требало да се потрудите да промените нешто.rnrnКога сме кај рацете, различни луѓе различно реагираат на допир. Сепак, допирањето на лакотот е секогаш прифатливо и значи „ми се допаѓаш“. Каков било допир, под или над лакотот, може погрешно да биде протолкуван.rnrnШто се однесува до поставеноста на телото, доколку забележите дека телото на лицето спроти вас ја презема вашата положба или лицето се приближува кон вас со целото тело, значи дека е заинтересирано и обратно, доколку се повлекува или се затвора, значи дека нешто правите погрешно.rnrnКако и да е, не би сакала да ве подучувам или да ви кажувам што да правите мои Дами и Господа. Доколку успеете да видите некој од знаците на заинтересираност кај личноста спроти вас, искористете ја. Но, немојте, кога се наоѓате во друштво со некој кој ви се допаѓа, да почнете да ги барате знаците и да заборавите зошто сте таму. Во вакви ситуации може многу лесно да случи да ги видите сопствените стравови и да предизвикате контра ефект. Опуштете се и оставете ѝ на потсвеста да работи сама! Тоа е секогаш најдобрата техника. Вашето тело ќе си ја каже вистината.rnrnШто се однесува до вежбањето добро да читате и толкувате говор на тело, консултирајте го интернетот или некоја од книжарниците во вашиот град и ќе најдете многу интересни факти кои можат да ви помогнат. Или пак едноставно, направете го истото што го направив јас. Појдете со вашата пријателка или пријател на кафе и забавувајте се обидувајќи се да ги прочитате луѓето околу вас. Само ве молам, со почит кон нивната интима секако!rnrnДо следното читање мои драги,rnrnНа здравје неделно кафе!rnrnВисоко ЦrnrnПС – Дали знаевте дека кога некому нешто ќе му шепнете, кажаното најчесто се зема здраво за готово и како вистинито?