КАФЕ ПАУЗА

Tag: говор на тело

  • 9 суптилни знаци дека некој ве лаже

    9 суптилни знаци дека некој ве лаже

    Ние често пропуштаме дел од суптилните невербални знаци кои укажуваат на фактот дека некој се обидува да нè излаже. Доколку сакате да бидете повеќе подготвени на оваа тема, погледнете ги наредниве знаци кои укажуваат на лажење од страна на вашиот соговорник…rnrn9 суптилни знаци дека некој ве лажеrnrn1. Прочистување на грлото. Нашиот „бегај или бори се“ одговор на стрес предизвикува потреба да се прочисти грлото кај оние кои лажат. Влажноста во нивното грло се премостува кон кожата во форма на пот, која резултира со сушење во грлото, поради која и настанува потребата за прочистување.rnrn2. Силно подголтнување. Недостатокот од влажност во грлото кај оној кој лаже поради одговорот на стрес може да се манифестира и како „Потскокнување на Адамовото јаболко“.rnrn3. Манипулација со вилицата. Некои лажливци ги отвораат нивните усни и ја движат вилицата напред-назад. Ова движење на вилицата ги стимулира жлездите за плунка кои се наоѓаат позади грлото и е само уште еден начин да се врати влажноста во грлото.rnrn4. Насочување на очите. Нашите очи секогаш го покажуваат оној пат по кој нашето тело сака да тргне. Токму затоа лажливците секогаш го насочуваат својот поглед кон најблискиот излез, а со тоа и ни ја покажуваат нивната желба психички и физички да избегаат од анксиозноста која е предизвикана од лажењето. Луѓето кои гледаат често во своите часовници ја манифестираат истата желба, давајќи ви знак дека сакаат да го скратат разговорот.rnrn5. Насочување на стапалата. Лажливците многу често ги насочуваат своите стапала кон вратата, бидејќи потсвесно сакаат да избегаат од оваа неудобна ситуација.rnrn6. Недостаток од гестикулации. Лажливците многу често доживуваат потешкотии при гестикулирањето, како на пример, покажување со прст, лесен удар со раката по маса или пак, движењето на главата нанапред.rnrn7. Движење на главата наназад. Лажливците имаат тенденција суптилно да ја поместат својата глава наназад додека лажат. Ова движење е нивен несвесен обид да се дистанцираат од изворот на анксиозноста. Луѓето имаат тенденција да се навалуваат кон оние нешта кои ги сакаат и да се дистанцираат од оние нешта кои не ги сакаат.rnrn8. Навалување наназад. Лажливците обично го лулаат целото свое тело наназад со цел да се дистанцираат од изворот на нивната анксиозност, бидејќи се плашат дека ќе бидат откриени во нивната измама.rnrn9. Заштита на вратот. Просторот кој се наоѓа во основата на вашиот врат е еден од најранливите делови од телото, бидејќи каква било препрека може да му попречи на вашето нормално дишење. Кога лажливците се чувствуваат под закана, тие го покриваат овој дел од телото со цел да се заштитат од разоткривање. Токму затоа, жените кои лажат можат да посегнат по нивниот ѓердан, а мажите можат да ја поднаместат нивната вратоврска со цел да се заштитат.rnrnСуптилните и невербални знаци можат да укажуваат на измама и да ни овозможат дополнителна поддршка при идентификувањето на лага, но не заборавајте дека ниту еден невербален знак не е целосно веродостоен. Невербалните знаци се поверодостојни индикатори доколку се јавуваат во група со другите знаци. Најдобриот начин да ја откриете нивната веродостојност е доколку ги споредувате зборовите на личноста со објективните факти.

  • 5 тајни знаци кои ги испраќа вашето тело

    5 тајни знаци кои ги испраќа вашето тело

    Говорот на телото, односно невербалната комуникација не е формален јазик како вербалната комуникација. Но, сепак постојат неколку суптилни сигнали кои често настануваат без нашето знаење и можат да имаат моќно влијание врз другите луѓе. Погледнете ги најчестите и најмалку познатите телесни знаци кои сите ние несвесно ги испраќаме…rnrn5 тајни знаци кои вашето тело ги испраќаrn

    Подигнување на веѓите

    rnБрзото и несвесно подигнување на веѓите се случува кога ќе забележиме личност која ја познаваме. На свесно ниво, ние често знаеме да го употребиме ова движење како суптилен поздрав, но истражувачот Иренаус Ејбл-Еибесфелд долго време го истражувал овој гест и верува дека станува збор за универзален знак на препознавање.rn

    Проширување на зеницата

    rnСерија од студии открила дека фотографиите од привлечните жени биле оценети повисоко доколку нивните зеници биле проширени. Овој феномен им бил добро познат дури и на жените кои живееле во антички Египет, па токму затоа ставале отровна беладона во своите очи со цел да си ги прошират зениците.rn

    Гестот „длабока чинија“

    rnОвој гест настанува кога ги движиме нашите раце симетрично и синхронизирано нагоре, притоа формирајќи со нив еден вид „длабока чинија“. Овој гест настанува кога личноста разбира нешто, па со ова движење како да сака да каже „Имам сè тука пред мене“. Најчесто ова движење се прифаќа многу позитивно од страна на набљудувачите и овозможува оваа личност да биде сфатена како мудра.rn

    Лажна насмевка

    rnСо помош на интензивните истражувања од страна на Пол Екман и неговите колеги, тие успеале да ја најдат разликата помеѓу вистинските насмевки, оние кои покажуваат искрени емоции на среќа и лажните насмевки, кои можеби прикриваат некоја друга емоција. Клучот се крие во очите. Кога искрено се смеете, вие го правите тоа и со очите, така што тие се стеснуваат и во надворешните краеви се појавуваат линии кои наликуваат на нозе од чавка. Што се однесува до лажните насмевки, тие најчесто се појавуваат во ситуации кога сакаме да кажеме „Се смеам, но не уживам во ова“.rn

    Гестот „палка“

    rnОвој гест вклучува затворена тупаница, во која палецот е подигнат нагоре и е еден од најефективните техники на позитивен начин да ставите акцент на она што го говорите.

  • Љубовта дешифрирана преку говорот на телото

    Љубовта дешифрирана преку говорот на телото

    Говорот на телото открива повеќе од илјада зборови, и што е уште поважно, никогаш не лаже. Стручњаците утврдиле неколку знаци кои се сигурен доказ за приврзаност и љубов.rnrnljubovta-deshifrirana-preku-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnПостојани допири – Не мора да траат долго, бидејќи нашиот мозок дури и попатната прегратка или благите допири по грбот или рамењата ги регистрира како приврзаност. Допирите имаат значително повеќе моќ од зборовите, а особено ни се чувствителни врвовите на прстите.rnrnИмитирање на партнерот – Кога некој ни се допаѓа потсвесно почнуваме да се однесуваме како него. Така на пример ако тој/таа го стави прстот на чело, и ние го правиме истото. По ова сме слични со животните бидејќи истото однесување е забележано и кај нив во текот на додворувањето.rnrnКонтакт со очите – Во вообичаени околности двете страни после 3 секунди ќе сакаат да го тргнат погледот настрана. Уште помалку време ни треба кога некој ни е антипатичен или не се сложуваме со неговите ставови. Но, кога некој ни се допаѓа, сѐ подолго ќе гледаме во него, а за тоа не сме ни свесни.rnrnФизичка близина – Кога се заљубени, луѓето не можат да поднесат физичка раздвоеност, па секој слободен момент го користат да бидат во близина на својот партнер. Ако баш мораат да седат еден наспроти друг, стапалата или колената ќе им бидат насочени кон саканиот.rnrnПомек глас – Кога некој ни се допаѓа инстинктивно почнуваме да зборуваме со помек глас кој сугерира отвореност и добронамерност. Важен е и тонот, па често поважно е на кој начин нешто кажуваме одошто самото тоа што го кажуваме. Антрополозите велат дека луѓето се природно талентирани да „читаат“ гласови и кога ќе почувствуваат разлика помеѓу зборовите и тонот, несвесно попрво ќе поверуваат во невербалните знаци одошто во зборовите.

  • Тајните на говорот на телото

    Тајните на говорот на телото

    Говорот на телото има огромен удел во комуникацијата со луѓето. Разбирањето на пораките што другите невербално ги испраќаат, може да ви каже многу за нивните чувства, мисли и намери. Денес ви откриваме само дел од тајните на говорот на телото, кои се надеваме дека ќе бидат доволен поттик за подлабоко истражување. Па, да почнеме!rn

    Лице

    rn(0) tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnНасмеаното лице, оддава впечаток на среќна личност, која во животот генерално повеќе се фокусира на позитивното, отколку на негативното. На другите им порачува дека е приемчива личност, која не се плаши од комуникација со нови и непознати луѓе.rnrnНакривувањето на главата настрана, означува флерт или сожалување – две сосема различни пораки. Од друга страна, благото накривување на главата, може да означува збунетост или агресија.rnrnЗатоа, пред да се потрудите да ги разберете вербалните пораки, треба да внимавате и на целиот контекст на ситуацијата.rn

    Очи

    rn(1) tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnПогледот e важна алатка за проектирање на личната самодоверба. Па така, соодветниот поглед, на потенцијалниот претпоставен му дава до знаење дека сте способни за извршување на работата, а на потенцијалниот партнер дека навистина сте заинтересирани за него и дека целосно му се посветувате.rnrnПонатаму, избегнувањето на погледот на соговорникот и талкањето со очите наоколу, може да означува нечесност и несериозност. Од друга страна, гледањето на соговорникот во очи, во повеќето случаи се смета за искреност, иако понекогаш тоа е намерен трик, за верување во нечии лаги и измислени приказни.rnrnИмајте на ум дека кај некои култури контактот со очите се смета за знак на непочитување и агресија.rn

    Горен дел од телото

    rn2-tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnСтутканите, згрчени раменици упатуваат знак на тага и намалена самодоверба. Напротив, исправената положба на телото, означува самодоверба и удобност во сопствената кожа.rn

    Раце и дланки

    rn(3) tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnСкрстените раце се како знак за НЕ МИ СЕ ПРИБЛИЖУВАЈ. Можеби луѓето не ви се допаѓаат, досадно ви е, лути сте и ви е потребен одбранбен механизам. И верувајте, таквиот механизам функционира успешно, со што ги оттргнувате сите од себе, праќајќи гласна и јасна порака.rnrnОд друга страна, скрстените дланки на скутот, нивното ставање зад грб или покрај телото, праќаат порака на отворена и опуштена личност. Најдобро е да се одлучите за една опција и да не ја менувате положбата постојано, што може да делува многу повознемирувачко и подосадно за другите.rn

    Долен дел од телото

    rn(4) tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnНасочувањето на долниот дел од телото кон личноста со која зборувате, означува дека сте вклучени и целосно сосредоточени на разговорот. Доколку пак тоа не е така, оддавате впечаток на некој кој едвај чека да си оди и да престане разговорот.rnrnЦврстото скрстување на нозете ја испраќа истата порака како и скрстените раце – незаинтересираност и рамнодушност спрема она што го зборува соговорникот. Од друга страна, опуштеното скрстување и испруженоста на нозете, даваат до знак дека сте отворени и желни за разговор.rn

    „Читање“ на говорот на телото

    rn(5) tajnite-na-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnПри „читањето“ на говорот на телото, важно е да разберете дека луѓето честопати ги имитираат пораките што ги праќа другиот. Ова е особено точно кога постои заеднички интерес и таквото однесување е знак дека навистина му се допаѓате на соговорникот и сака да ве запознае подобро.rnrnИсто така, треба да имате на ум дека секој е различен. Не постојат унифицирани одговори и предвид треба да се земат сите други фактори, како не би дошло до погрешна интерпретација.rnrnСпособноста за препознавање на пораките на говорот на телото бара време и труд. Но, кога ќе знаете како да ја проектирате сликата за себе што другите сакаат да ја видат и да го „прочитате“ она што тие не ви го кажуваат, полека ќе започнат и промените во вашиот живот. Секако, на подобро!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 начини на кои можеби погрешно го толкувате говорот на телото

    4 начини на кои можеби погрешно го толкувате говорот на телото

    Многу често луѓето веруваат дека говорот на телото, односно невербалната комуникација е вистински „јазик“ и дека одредени невербални знаци имаат јасни и специфични значења и дефиниции. Реалноста е дека работите се малку покомплицирани од тоа. Погледнете ги најчестите грешки кои луѓето ги прават при толкување на говорот на телото.rnrn4 начини на кои можеби погрешно го толкувате говорот на телотоrn

    Верувањето дека насмевката секогаш значи насмевка

    rnЕдно истражување покажало дека одредени луѓе, особено жените, ја прикриваат непријатноста со насмевка. Во оваа студија, жените за време на интервју биле изложени на благо сексуално вознемирување на кое најчестиот одговор бил непријатна (и вештачка) насмевка. Проблемот во оваа реакција е што мажите ја интерпретираат позитивно, како покана за заведување. Многу истражувања на оваа тема откриле дека постојат 2 вида насмевки, насмевки поттикнати од уживање и лажни насмевки. Клучот е во очите, кои за време на вистинската насмевка се стеснуваат, додека пак при лажната насмевка остануваат непроменети.rn

    Разликувањето лаги од вистини

    rnЕдно истражување покажало дека мал број луѓе можат да детектираат лаги без тоа да се препише на случајноста. Ние едноставно не сме добри кога станува збор за читање на комплексната невербална комуникација, а лагите се едни од најкомплексните интеракции. Во оваа студија се открило дека луѓето всушност одржуваат подолг контакт со очите кога лажат, најверојатно затоа што го знаат стереотипот дека лажговците избегнуваат контакт со очите, па токму затоа претерано компензираат.rn

    Претпоставката дека допирот значи наклонетост

    rnНие веруваме дека допирот е знак на наклонетост, но тој може да значи и многу други нешта. Голем број студии на оваа тема покажале дека понекогаш мажите ги допираат жените како знак на доминација. Исто така, во дел од овие интересни студии, се открило и дека келнерките кои ги допирале своите потрошувачи добивале поголем бакшиш. Постојат и други индивидуални разлики во допирите, на пример, некој би можел да ја допре вашата рака за да ви го привлече вниманието, но тоа не мора да значи дека таа личност има позитивни чувства за вас.rn

    Мислењето дека „ааа“ значи нервоза

    rnОна што ве учеле на училиште е погрешно. Пополнувањето на паузите во говорењето со „ааа“ не секогаш укажува на нервоза и заборавеност, туку може да биде и начин на кој се подобрува текот на комуникацијата. Едно истражување покажало дека зголемената употреба на „ааа“ била поврзана со попозитивни оценки на оние кои држат говори, најверојатно затоа што овој звук помеѓу празните простори од зборовите и фразите го направил самиот говор да изгледа пофлуиден и понепрекинат.rnrnЕдноставно не постои речник на невербалната комуникација. Со тек на време секој од вас може да стане подобар декодер на говорот на телото, но потребно е многу време и вежба. Една мудра стратегија е да не се потпирате на здраворазумските размислувања, па наместо тоа обидете се да го најдете вистинското значење на невербалниот знак така што ќе ја земете предвид целата ситуација, како и личноста со која сте во контакт.

  • Трите фази на вљубување кај мажите

    Трите фази на вљубување кај мажите

    Не е лесно да се дешифрираат чувствата на припадниците на посилниот пол. На почетокот на љубовната романса, на повеќето дами не им е јасно дали нивниот партнер посакува сериозна врска или сака само да се забавува. Повеќето мажи ги кријат своите емоции, но благодарение на говорот на телото и знаците кои ги испраќаат, лесно можеме да препознаеме какви се нивните вистински романтични чувства.rnrnТрите фази на вљубување кај мажитеrnrnЗатоа, прочитајте ги клучните фази низ кои поминува машкото срце, пред да го поклони на една жена.rn

    Почетна залуденост

    rnОднесување: Неговата моќ лежи во неговата самодоверба и во вештината за убедување, а тој сака да се фали пред вас, за да ве импресионира.rnrnГовор на тело: Ова момче има потреба да ве допира кога ви се извинува. Како што ќе почне да ја губи својата моќ, сè повеќе ќе станува загрижен и вознемирен. Забележете ја неговата нервоза која ќе ја прикаже преку засилена физичка активност, провлекување на раката низ косата или лижење на усните.rn

    Заљубеност

    rnОднесување: Во оваа фаза, тој сака целосно да ви се приближи и да ве вклучи во сите негови активности, без оглед дали станува збор за спортски активности, гледање ТВ-програма или дружење со неговите пријатели. Ќе се откаже од самостојните излегувања, одењето во сала за вежбање или на натпревари, само за да поминува што е можно повеќе време со вас.rnrnГовор на тело: Ве гледа постојано и директно во очи (колку и да сметате дека ова е клише), нежно ве допира, ве гали по главата или ви ја трга косата што ви паѓа во очите.rn

    Потполно предавање

    rnОднесување: Ако сака до крајот на животот да биде со вас, тоа и ќе ви го покаже. Ќе бара ваше мислење за најважните прашања. Ќе дели со вас буквално сè од својот живот.rnrnГовор на тело: Ќе се однесува како ваш одраз во огледало. Ако вие ја наведнете главата на лева страна, тој ќе ја наведне на десна страна. Ако ја ставите раката во џеб и тој ќе го направи истото. Многу е веројатно дека во еден момент и од него ќе извади и прстен и ќе ве запроси.

  • Усните никогаш не лажат

    Усните никогаш не лажат

    Кога станува збор за чувства и емоции, усните можат да бидат од голема важност при откривање на скриени сигнали. Тие можат многу лесно да ви укажат кога некоја личност е под стрес, а понекогаш дури и да ви помогнат да препознаете измама.rnrnУсните никогаш не лажатrnrnУсните „издаваат“ многу информации кои честопати се игнорирани или незабележани. Богати со нерви и високо васкуларни, тие реагираат во вистинско време на светот околу нас. Поради тоа кога некој ќе слушне лоши вести или кога ќе биде сведок на ужасен настан, нивните усни почнуваат да исчезнуваат, станувајќи толку тенки што едвај се забележуваат. Под екстремен стрес тие можат и целосно да исчезнат или цврсто да се потиснат една на друга.rnrnВо врските, двојките веднаш забележуваат кога нивниот партнер има некаков проблем токму поради ова движење на усните. Дури и бакнежите ќе изгледаат поразлично под стрес додека е ограничен протокот на крвта кој влијае на нивната големина, топлина и еластичност. Нашите усни реагираат на реалноста на моментот и комуницираат соодветно со нашите чувства и размислувања.rnrnБидејќи исчезнувањето или стиснувањето на усните се универзални однесувања, контролирани од лимбичкиот систем, можете слободно да се потпрете на нив и да ги сметате за автентични. Вие никогаш не можете да знаете како вашите усни изгледаат или како другите ги чувствуваат, но оние околу вас веднаш ќе ги забележат и најмалите промени.rnrnГризењето на усните е еден од начините преку кој се издаваме себеси дека сме под стрес. На тој начин ја ослободуваме внатрешната тензија која е мала и пролазна. Но, кога нешто поголемо ни пречи, нашиот лимбички систем, согласно со настаните ќе ги натера усните целосно да го сменат својот облик.rnrnИ покрај тоа што ова однесување само по себе може да значи многу работи, познавањето на говорот на телото може многу да ви помогне при сфаќањето за каков проблем точно станува збор. Но, едно е сигурно – ова однесување е секогаш индикатор на стрес и тензија. Поради тоа, следен пат кога сте на состанок, со колега или со вашиот партнер и разговарате за нешто посериозно, обрнете повеќе внимание на усните. Тие можат да ви кажат многу повеќе од зборовите на вашиот соговорник.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Говорот на нозете според Плејбој

    Говорот на нозете според Плејбој

    Во едно издание од Плејбој од 1969 година детално е обработен говорот на телото, односно поконкретно говорот на нозете кое ги „издава“ најважните карактерни црти на девојките. Станува збор за уникатна студија од страна на клиничкиот психолог Џон А. Блејзер кој сметал дека според тоа како девојките ги наместуваат своите нозе веднаш кога ќе седнат, можете да го одредите начинот на кој да треба да им пристапите.rnrnГоворот на нозете според ПлејбојrnrnПогледнете ги наредниве неколку позиции и добро запомнете ги. Можеби нареден пат ќе препознаете некои од сигналите и успешно ќе започнете нова врска со девојката која веќе подолго време ја набљудувате, но не знаевте како да ѝ пристапите… :)rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Организаторка

    rnЈа возбудуваат педантноста и уредноста кај мажите.rnrnНесигурноста ѝ пречи, па затоа однапред подгответе план за вечерта и држете се до него.rnrnАко стапалата ѝ се свртени навнатре, несигурна е и има ниска самодоверба. Зголемете ѝ го егото и таа ќе го стори истото за вас.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Сплеткарка

    rnИ покрај тоа што однадвор изгледа урамнотежено, всушност таа се чувствува загрозено од мажи.rnrnМногу е амбициозна и има голем натпреварувачки дух.rnrnНежно предизвикајте jа во некоја игра со карти и изгубете – така ќе победите во поголемата игра.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Конформистка

    rnАко ја забележите на забава, тргнете накај нејзиното столче сигурно, но тивко.rnrnТаа обожава да ѝ кажуваат што да прави, но не сака да привлекува внимание кон себе.rnrnЗапочнете полека и откако врската ќе ви стане посериозна, таа ќе биде ваша со целото свое срце.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Перфекционистка

    rnТаа многу се грижи за впечатокот кој го остава и поради тоа може да биде несигурна и анксиозна.rnrnТаа искрено ужива кога им помага на луѓето околу неа, па затоа разговарајте за вашите проблеми.rnrnКога ќе го „возбудите“ нејзиното сочувство, ќе ја возбудите и неа.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Социјална работничка

    rnТаа има многу слични особини со перфекционистката, но е уште понесебична од неа.rnrnОднесувајте се беспомошно и таа веднаш ќе стане чувствителна и дарежлива кон вас.rnrnАко ѝ укажете дека навистина имате потреба од неа, таа ќе ги стави вашите интереси пред нејзините.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Еманципирана девојка

    rnНезависна и неконвенционална, таа е пример за „модерна девојка“.rnrnТаа ја обожава својата слобода, најновата мода и далечните места.rnrnДоговорете заедничко патување на некој егзотичен остров, и оттогаш таа ќе биде засекогаш ваша.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Филантропка

    rnТаа е топла, дружељубива и со добар хумор. Задоволна е од себеси и од другите околу неа.rnrnОваа романтичарка има многу да ви понуди и тоа ви го подарува бесплатно.rnrnНе обидувајте се да ја „врзете“ за себе, бидејќи таа е љубовничка на сите мажи.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и говорот на телото

    Астрологијата и говорот на телото

    Секој хороскопски знак можеме да го познаеме според изгледот и карактеристичното држење. Еве како се однесува секој од припадниците на зодијакот.rnrnАстрологијата и говорот на телотоrn

    Овен

    rnБез разлика на физичкиот изглед, настапот на овенот е секогаш сигурен и одлучен. Движењата му се разиграни, сигурни и вешти, кога разговара, соговорникот го гледа во очи, а кога самиот нешто сака да каже, без двоумење го прекинува соговорникот. Овните секогаш се туркаат пред другите, одат со  брзи и отсечни чекори, честопати со главата кон напред.rnrn

    Бик

    rnРечит поглед, муртење, ситни брчки околу устата и подигнати веѓи, сето тоа е говор на лицето кај бикот. Со движењата и гестовите, припадниците на овој знак, едвај дозволуваат да се насети нивната сензуалност и еротичност, но кога ќе почувствуваат дека се на сигурен терен, нивните движења стануваат поспонтани и поотворени.rnrn

    Близнаци

    rnСпоред говорот на телото спаѓаат во најречитите знаци. Многу се зборлести, љубопитни, весели, забавни и темпераментни, а со рацете зборуваат како пантомимичари. Нивната подвижност е лесно воочлива. Преместувањето од нога на нога, потребата постојано нешто да држат или превртуваат во рацете, поглед што шара, сето тоа се нешта кои зборуваат дека тие и во најмирните ситуации се вистински деца на својот управител, немирниот Меркур.rnrn

    Рак

    rnПрипадниците на овој знак многу тешко можат да изгубат контрола над самите себе со користење на говорот на телото. Но, сепак нивната воздржаност и претпазливост која се огледува во нивните очи, можеби покажува несвесна потреба за разбивање на нивната крута надворешност, која всушност е најчесто резултат на нивната несигурност. Сензуалноста кај раковите може да се почувствува според менувањето на тонот во зборувањето, малку поцврстото стискање на раката, долгите погледи и неконтролираното треперење, кое станува забележливо во нивните најинтимни моменти.rnrn

    Лав

    rnЛавот се истакнува со својата способност за себе да создаде слика на возвишеност, особеност и авторитет. Неговата суетност и префинета смисла за убавина, се огледуваат во вродената страст за педантна грижа околу секој детаљ од сопственото тело, на која потполно ѝ се предава. Убавината на машките претставници кои скоро имаат манија постојано да бидат во одлична форма, е пропорционална на сензуалноста и префинетоста на жените кои се родени во овој хороскопски знак.rn

    Девица

    rnГестикулацијата и мимиките кај овој знак се сведени на минимум, но тоа малку што се гледа, доста зборува за нив. Колку и да се трудат, понекогаш не можат да ја скријат нервозата поради која тропаат со нозете или ја чепкаат косата, со што ја разбиваат извежбаната воздржаност и мирен поглед. Колку се поуспешни, емотивно постабилни и поздрави, толку движењата им се посигурни и смирени.rnrn

    Вага

    rnЖенските ваги испраќаат заводливи, но не и вулгарни пораки, а и машките ваги на особено својствен начин ќе дадат до знаење дека ја забележале секоја жена што поминала покрај нив. Привлекувањето внимание на спротивниот пол, е клучот за разбирањето на говорот на телото на вагите. Тие сакат да им оставаат добар впечаток на луѓето, да воспостават телесна комуникација и да ја испробаат својата заводливост. Мажите се потемпераментни и поотворени, а жените се кокетни и по малку дистанцирани.rnrn

    Скорпија

    rnГоворот на телото им е непосреден, но сепак по малку таинствен. Начинот на кој се движат и гестикулираат ја покажува нивната моментална состојба на духот, дури и тогаш кога сакаат тоа да го скријат. Во ситуации на напнатост, рацете им се прекрстени, усните стиснати, а погледот насочен во непознат правец. Ако за некого може да се каже дека со поглед може да убие некого, тогаш тоа е скорпијата.rnrn

    Стрелец

    rnЛуѓето од овој знак можат да бидат особено убави, но понекогаш и однесувањето и изгледот можат да им бидат по малку агресивни. Имаат исправено држење, зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Многу од стрелците се вистински протагонисти на љубовта на прв поглед, токму поради нивната неодолива привлечност и скоро животинскиот инстинкт. Кога некој ги привлекува, покажуваат отворена потреба за неговата близина, па дури и на јавно место.rnrn

    Јарец

    rnДвижењата му се скоро војнички извежбани, но ако подолго го набљудувате, ќе забележите дека неговото однесување се менува во присуство на некој што му се допаѓа. Во такви ситуации концентрацијата му се намалува, па наместо да го следи разговорот, тој се почесто бара нешто да му се повтори. Сите случувања што се поврзани со неговата кариера, влијаат на промените на неговото држење, одење и количината на енергија која ќе ја вложи во работата.rnrn

    Водолија

    rnКако што се чувствуваат, така и се однесуваат, независно од тоа кој е покрај нив, но со текот на годините работите се менуваат. Сталожената ладнокрвност на повозрасните машки водолии, е резултат на нивната некогашна способност да ги изразуваат своите мисли и чувства со бурна и спонтана гестикулација. Жените водолии во зрелите години зрачат со благост и толеранција, како контраст на бунтот во младоста.rnrn

    Риби

    rnНивната динамичност и отвореност во контактите со другите луѓе, е поврзана со нивната неспособност да останат мирни и статични, дури и тогаш кога имаат прилика за тоа. Несигурноста и потребата да најдат сродна душа, ги тера да комуницираат и со сосема непознати личности. Гестикулацијата никогаш не им е претерана, туку најчесто пријатна и симпатична. Кога се расположени гестикулираат живо, но кога не се, ги мрзи дури и погледот да го свртат.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водич за подобрување на говорот на телото

    Водич за подобрување на говорот на телото

    Она што го кажувате гласно е само врв во комуникацијата што ја остварувате со другите. Останатиот дел од комуникацијата се сведува на говор на телото.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrn

    Што е говор на телото?

    rnЈазикот на кој зборува телото или „по нашки“, говорот на телото, претставува сплет од фацијални експресии, физичка блискост кон другите, држење на телото, навики, движења со очите, начин на кој се допираме себеси, начин на кој се поврзуваме со она што го допираме, па дури и дишењето.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrn

    Свесното наспроти потсвесното

    rnМногу наши гестикулации се случуваат потсвесно, а така ги доживуваме и туѓите. Всушност, кога запознаваме некого, мали се шансите да го запомниме неговото име во првите две минути од разговорот, бидејќи мозокот потсвесно се фокусира на говорот на телото на другата личност. Затоа, ако сакате да го запомните името на личноста која штотуку сте ја сретнале, потрудете се да го повторите во понатамошниот тек на вашиот разговор, после тие две минути.rnrnСепак, контролирањето на нашиот говор на телото е нешто што можеме свесно да го правиме. Идентификувајќи ги навиките кои ги имаме, притоа отфрлајќи ги оние кои не ни носат добри работи, а прифаќајќи ги оние кои ни овозможуваат подлабоко поврзување со другите луѓе, можеме свесно да влијаеме на подобрување на говорот на нашето тело, а со тоа и на нашите комуникациски вештини. Ова понатаму може да ви помогне да ја добиете посакуваната работа, да бидете повикани на состанок од личноста за која ви трепери срцето или едноставно да го подобрите впечатокот кој другите луѓе го имаат за вас.rnrnНа почеток, некои од тактиките може да ви изгледаат неприродно и исфорсирано, но со тек на време, вашето тело ќе го говори јазикот со сигурност и самодоверба, полека станувајќи дел од вашите нови навики.rnrnСекако, мора да предупредиме дека при толкувањето на говорот на телото нема универзални правила. Така, прекрстени раце можат да значат поставување блокада во комуникацијата, но може да сугерираат и чувство на студ или удобност во положбата. Триењето на очите може да значи фрустрација, но може и едноставно да е резултат на чувство на чешање или замор.rnrnИсто така, во различни култури, некои знаци во говорот на телото може да имаат различно значење, па според тоа луѓе од различни делови од светот може да имаат различна дефиниција за личниот простор кој го оставаме кога се доближуваме до некого. Исто така, контактот со очи е многу важен елемент кој покажува самодоверба во западните култури, но во други покажува непочитување и закана. Затоа, обидете се „да не ги читате буквално“ другите.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrn

    16 начини да си го подобрите говорот на телото

    rn

    1. Бидете свесни

    rnПрвиот чекор во подобрувањето на говорот на телото е свеста. Обрнувајте внимание на сè што правите и кога ги правите тие работи. На пример, можеби понекогаш имате навика да го фаќате увото или обетката додека разговарате со одредени личности. Запрашајте се зошто и кога го правите ова.rn

    2. Проучувајте ги другите

    rn…особено луѓето на кои им се воодушевувате. Какво е нивното држење? Што би сакале да научите од нив?rn

    3. Имитирајте ја другата личност

    rnДоколку седите спроти некого, имитирајте ги движењата кои таа личност ги прави, обидете се да зборувате со истиот тон на гласот и да го држите истото темпо во разговорот. Не правете го ова на очигледен и неприроден начин. Но, дури и суптилно имитирање може да создаде конекција, па после некое време и двајцата ќе го правите тоа природно, не забележувајќи кој кого следи.rn

    4. Бидете свесни за начинот на кој ги прекрстувате рацете и нозете

    rnБи било глупаво да се рече дека прекрстувањето на нозете и рацете е недозволиво, бидејќи на многу луѓе тоа им претставува состојба на удобност. Единствено, треба да внимавате како го правите тоа. Кога ги прекрстувате нозете, внимавајте тоа да биде во насока на вашиот соговорник со што ќе покажете интерес за разговорот, но избегнувајте ја положбата во форма на „4“, одмарајќи го глуждот од едната нога на коленото од другата, бидејќи ова може да покажува тврдоглавост или ароганција.rnrnВнимавајте и на другите форми на прекрстување. На пример, жените често си го фаќаат спротивното раме или лакот, а луѓето генерално, понекогаш ја фаќаат пијачката во барот со спротивната рака. Ова се знаци на недостаток на самодоверба или затворање на своето тело и ум за комуникацијата од која сте дел.rn

    5. Правете контакт со очите

    rnОчите се прозорец на душата. Колку пати и да ја прочитате оваа изрека, секогаш ќе биде точна, бидејќи тие навистина многу комуницираат со средината. Освен ако не се наоѓате во средина каде што треба да се воздржувате од гледање во очи на постари и непознати луѓе, не плашете се да го насочите погледот директно кон соговорниците. Не само што ќе кажете многу за себе, туку многу и ќе научите за другите.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrn

    6. Опуштете ги рамената

    rnАко ги држите рамената згрчени, близу ушите, покажувате тензија и со тоа го ставате соговорникот во иста состојба.rn

    7. Не подгрбувајте се

    rnПретерано е да седите исправени како пушка нон стоп, но внимавајте да не бидете подгрбавени. И вашиот грб, но и вашиот социјален живот, ќе имаат корист од ова.rn

    8. Гледајте го човекот со кого разговарате

    rnИсто како што погрешното прекрстување на рацете и нозете може да покаже степен на ангажираност во разговорот, така и негледањето во партнерот во дискусијата, може да сугерира невнимание или незаинтересираност.rn

    9. Навалете се кон соговорникот

    rnЗабележете како кога имате некоја интересна дискусија во која двете страни уживаат, соговорниците се навалени еден кон друг.rn

    10. Внимавајте на вашите гестикулации

    rnМногу луѓе сакаат да си играат со разни предмети додека разговараат, превртуваат капаче од шише, ги преместуваат предметите на масата, непрекинато ја пуштаат запалката. Проблемот со овие гестикулации е што може да бидат знак на нервоза или во најмала рака, да им го одвлекуваат вниманието на другите. Исто така, избегнувајте да си го фаќате лицето или да поминувате со прстите низ косата.rn

    11. Не наведнувајте ја премногу вашата глава

    rnБлаго наведнување на главата може да значи интерес, но ако се премине границата (за ова повеќе склоност имаат жените), може да покажува покорност.rn

    12. Не завршувајте ги речениците со повишен глас

    rnОва не спаѓа баш во говор на телото, но вреди да се спомне бидејќи најчесто е несвесна активност. Ставањето прашалник на секоја реченица покажува несигурност, а тоа директно ги спречува другите да имаат доверба во вас.rn

    13. Ракувајте се цврсто

    rnНе стискајте ги луѓето кои ги запознавате за да поцрвенат од болка, но поздравете ги пријатно и цврсто. Добро е да се обидувате да го прилагодувате ракувањето според личноста која ја запознавате, но тоа пак не значи дека е пожелно да ги следите и оние млитави поздрави.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrn

    14. Знајте каде ви се рацете

    rnДржењето на рацете зад грбот е знак на самодоверба. Плус, ви овозможува да ги држите прибрани доколку немате што да правите со нив. Ова е одличен совет за јавните говорници. Спротивно, рацете в џеб сугерираат досада или преголема самодоверба.rn

    15. Седете во соодветна положба

    rnСедењето точно еден спроти друг, најчесто значи конфронтација. Уште полошо е ако меѓу вас има маса или биро, што создава и бариера во разговорот. Трудете се да седите под агол од 45 степени. Ова ќе ви даде доволно комфор и простор, а истовремено ќе ви овозможи да ги имитирате движењата на соговорникот и да се ангажирате во разговорот.rn

    16. Опуштете се!

    rnСега сте хиперсвесни за сè што правите и сè што не правите. Но, време е длабоко да воздивнете и да се опуштите. Не форсирајте се. Со доза на свесност и со благо применување на овие техники, со тек на време ќе го кажувате сето она што сакате да го кажете, како со зборови, така и со вашето тело.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.