Ако сакате да откриете што мисли некоја личност, важно е да обрнете внимание на нејзините раце, глас, напнатост, насмевка и, пред сè, на контекстот на ситуацијата во која се наоѓате. Невербална комуникација е начин на кој луѓето комуницираат без зборови, без разлика дали е тоа намерно или не.rnrn
rn
Научете да разликувате позитивен и негативен говор на телото
rnЧестопати, говорот на телото може да се подели на негативен и позитивен. Кога нечие тело се напнува, тоа е најчесто негативен израз, кој може да биде поврзан со стрес, непријатност или лутина.rnrnОд друга страна, позитивниот говор на телото, како што е релаксација на телото или пријатен одмор, може да укаже на среќа и доверба.rn
Обрнете внимание на висината на гласот
rnТипичната висина на нечиј глас може да се промени во зависност од расположението. Кога некој е тажен, неговиот глас трепери и е многу потивок. Ова значи дека лицето ќе зборува побавно. Побрзиот и посреќен глас укажува на среќа.rn
Обрнете внимание на дишењето
rnАко личноста е лута, може да се вцрвени и да се испоти. Оваа реакција е главно предизвикана од брзо дишење. Кога сте лути и нервозни, мозокот ослободува хормони и невротрансмитери и кортизолот почнува да се движи низ крвотокот. Ова ги зголемува крвниот притисок и пулсот, а дишењето станува површно и забрзано.rn
Погледнете ги прстите
rnМожеби звучи чудно, но кога прстите на една личност не се вкочанети, испружени или стиснати, тоа веројатно значи дека е опуштена. Во нормална ситуација, никој не ги држи прстите целосно раширени. Кога прстите се природно свиткани и нема напнатост, тоа ви кажува дека некој се чувствува добро и опуштено.rn
Проверете ја нивната заинтересираност
rnАко некој е заинтересиран за вас или за разговорот, ќе го сфатите тоа со помош на невербалната комуникација. Од друга страна, ако некој е исплашен или незаинтересиран, тој нема да се труди околу вас.rn
Погледнете го нивниот стисок
rnНекои луѓе најверојатно ќе ги стиснат тупаниците во стресни ситуации. Ако некој веќе држи чаша, може да ја стегне уште посилно.rn
Обрнете внимание на нивното движење
rnАко некое лице се движи повеќе од вообичаено, тоа може да биде знак на нервоза. Покрај овие знаци, знаци на нервоза може да вклучуваат и мавтање со ногата, гризење на ноктите или усните, стискање на дланките и слично. Дишењето станува плитко, а движењата на рацете и главата стануваат брзи. Се разбира, сè зависи од нивото на нервоза.rn
Погледнете ја насмевката
rnАко некое лице се насмевне, тоа значи дека е среќно, нели? Можеби, но можеби и не. Постојат неколку различни видови насмевки. Ако некое лице ги покаже забите додека се смее, а очите полека се затвораат, тоа е знак на искрена насмевка. Насмевката во која не можете да ги видите забите се користи за да се пренесе меѓусебна љубезност, а не вистинска среќа. Кога некоја личност ќе се насмевне со малку поткрената усна, тогаш таа сака доминација или сака да изрази самодоверба.rn
Погледнете ја поголемата слика
rnНабљудувањето на изразите на лицето може да биде корисен прв чекор, но тие изрази не се секогаш точни.rnrnКога се чувствуваме на одреден начин, но не сакаме луѓето да знаат како се чувствуваме, ние се обидуваме да го прикриеме тоа. Но, други знаци, како што е говорот на телото, обично откриваат како навистина се чувствуваме. Треба да обрнете внимание на поголема слика кога читате нечија емоционална состојба.rnrnБез разлика дали комуницирате виртуелно или во живо, важно е да имате поголема слика. Со други зборови, не читајте ги само изразите на лицето. Исто така, земете ги предвид говорот на телото или вербалните сигнали.rn
Контекстот е важен
rnБез контекст, невербалните знаци може да се протолкуваат погрешно. На пример, прекрстените раце во некои случаи можат да бидат сигнал за отпор и нервоза, но во други ситуации тие значат самодоверба и моќ.rnrnНе заборавајте да ставите сè што се случува околу вас и да ја ставите таа личност во контекст со она што го гледате во невербалната комуникација кај другата личност бидејќи околината влијае на однесувањето.rnrnПрочитајте кои 5 сигнали од говорот на телото е лесно да ги испуштите.


rnrnВашиот изглед додека нешто зборувате, изразите на лицето, положбата на рацете, поднаведнувањето на грбот… сето ова влијае на вкупниот впечаток како другите ќе ве перципираат и колку сериозно ќе ве сфатат.rnrnНекои навики и движења се толку влезени во рутина, што не ги ни забележуваме, ниту сме свесни дека ги правиме, но можат да бидат огромна грешка кога е во прашање говорот на телото. Во продолжение прочитајте како да ги препознаете овие навики и како истите да ги промените…rn
rn
rn
rnrnАко некој разговара со вас и ги затвора очите, таа личност се обидува да се скрие од надворешниот свет. Ова не значи дека личноста се плаши од вас, туку сака да се ослободи бидејќи најверојатно ја заморувате.rn
rnrnОва се случува кога некој не сака да каже нешто. Често овој гест е прикриен со кашлање.rn
rnrnАко забележите дека некој го прави ова, обидете се да го расположите. Ова однесување е знак на грижа, дури и на потсвесно ниво. Истото важи ако личноста гризе пенкало, молив, цигара или гума за џвакање.rn
rnrnОбично овој гест се користи за привлекување личности од спротивниот пол. Кога ја ставаме нашата брада на дланките, на некој начин кажуваме: „Ова сум јас, уживај колку што сакаш.“rn
rnrnЛуѓето го прават ова кога се обидуваат да донесат некоја одлука. Исто така може да гледаат нагоре, надолу или во која било друга насока. Обично не го забележуваат она што го гледаат бидејќи размислуваат.rn
rnrnОвој гест е еден од најпопуларните. Оваа положба на рацете им помага на луѓето да се „исклучат“ од другите. Често ги прекрстуваме рацете кога сме иритирани или кога не се чувствуваме добро во врска со некоја ситуација.rn
rnrnКога една жена сака да му се допадне на некој маж, таа ќе се обиде да изгледа најдобро што може. Го исправува грбот за да ги нагласи градите, а често и ги прекрстува нозете. Ако дланките ѝ се споени на нозете, тоа е знак дека е навистина заинтересирана.rnrnПродолжува на 
rnrnАко телата на партнерите се свртени едно кон друго, а рацете им се испреплетени, тоа е знак дека тие сакаат да бидат блиску еден до друг. Всушност, држењето за рака открива длабока поврзаност помеѓу нив. Доколку ги забележите овие знаци, можете да бидете сигурни дека партнерите се емотивно поврзани.rn
rnrnАко раката на девојката се наоѓа на градите на дечкото, тоа е знак на посесивност. По правило, девојките го користат овој гест. Целото нивно тело вели „Тој е мој“. На тој начин, жените им праќаат суптилна порака на сите нивни противнички.rn
rnrnАко телото на жената е свртено кон партнерот, тоа значи дека таа сака да биде што е можно поблиску до него. Мажот стои веднаш до неа со раката ставена на нејзината половина. Обрнете внимание на нивните раце и на тоа колку опуштено се поставени. Тој не се обидува да ја контролира, а таа не му се спротивставува. Ова се знаци на меѓусебна грижа и на добра сексуална врска.rn
rnrnТие се заедно веќе подолго време и навикнати се еден на друг. Се познаваат многу добро и се чувствуваат пријатно. Положбата на нивните нозе и тела го кажува токму тоа. Испреплетените раце докажуваат дека помеѓу партнерите постои силна и длабока поврзаност. Кај ваквите парови секогаш има еден водич и еден следбеник. Оној кој ја држи раката врз раката на другиот е обично тој што доминира.rn
rnrnКога мажот ја држи жената многу цврсто за нејзината подлактница, тоа е знак дека тој ја „поседува“. Тој се фали со неа, ја контролира и се обидува да ја држи блиску до себе. Дали нејзе ѝ се допаѓа тоа? Секако дека не. Нејзиниот колк е свртен на страна и рацете ѝ се прекрстени. Не ѝ е пријатна оваа положба.rnrnПродолжува на 
rnrnАко сте жена, овој вид седење е учтив и женствен. Но, кога станува збор за интервју или нешто слично, оваа положба прави да изгледате нервозно. Тоа е исто како да си ја гризете устата. Овој гест покажува дека задржувате некоја негативна емоција или несигурност. Ако забележите некој со вкрстени глуждови, почнете да го прашувате позитивни прашања за неговите чувства, и многу е веројатно дека ќе ја смени положбата на нозете.rn
rnrnТреба да внимавате на оваа положба. Кога вашите нозе се поставени вака вие давате знак дека сте подготвени за расправање.rnrn
rnrnАко пак ги поставите рацете на едната нога, положбата станува „перманентна“ и укажува дека сте тврдоглави и нема да го прифатите мислењето на соговорникот.rn
rnrnКај жените оваа положба покажува дека тие сакаат да останат таму кај што се. Како разделените нозе, положбата укажува на доминација. И мажите со оваа положба покажуваат дека сакаат да останат таму кај што се, но кај нив постои и мала несигурност бидејќи потсвесно ги штитат нивните интимни делови.rn
rnrnОва е многу неутрална позиција и покажува неодлучност за тоа дали сакате да останете или да си заминете. Ако мало дете застане вака пред наставник, тоа демонстрира внимание. Исто така, луѓето покажуваат почит со оваа положба. Па, ако не сакате да навредите никого најдобро е да застанете со споени нозе.rn
rnrnАко стоите со група луѓе, обрнете внимание кон каде се насочени стапалата на личноста која стои до вас. Ние сме склони да го насочуваме нашето доминантно стапало кон личноста која ни е најинтересна и најпривлечна. Исто така, ако некој ги насочил стапалата кон најблискиот излез, тоа е јасен знак дека сака да си замине.rn
rnrn
rn
rnrnНа овој начин мажите се обидуваат да си ја зголемат самодовербата. На пример, кога ќе видиме личност која нѐ привлекува, инстинктивно се обидуваме да го средиме нашиот изглед со местење на фризурата. Ова правило важи и за жените исто така.rn
rnrnАко мажот ги држи рацете во близина на неговите колкови, односно ги става во џеб или на половина, на тој начин се обидува да ја покаже својата сила. Истото важи и кога тој седнува со раширени нозе.rn
rnrnМногу мажјаци од животинското царство се обидуваат да ги освојат женките со тоа што се дујат и перчат со нивните пердуви или крзно. Тоа го прават за да изгледаат што е можно поголеми. Кога некој маж го прави истото во близина на жена, станува збор за истиот праисториски животински инстинкт.rn
rnrnВо друштвени ситуации, потсвесно заземаме поотворена позиција кон личноста што ни е привлечна. Обрнете внимание и на неговите стапала. Многу луѓе не забележуваат дека се свртеле кон личноста со која би сакале да разговараат, но очигледно е кога се случува тоа.rn
rnrnОбрнете внимание дали мажот станува позборлест кога ќе се појавите во негова близина. Тоа е показател дека сака да ве импресионира.rn
rnrnПогледнете и видете дали тој барем делумно ја копира вашата поза. Тоа е знак дека се обидува да ве разбере и да најде заеднички интерес, а тоа потсвесно се одразува на неговиот говор на тело.rn
rnrnКога му се допаѓате некому, изразот на неговото лице станува насмеан и возбуден. Неговиот поглед ќе биде топол и ќе зрачи со восхит. Доколку е нервозен, може и да поцрвенее.

rnrnДоколку тој стои со вкрстени раце пред неговите гради, постојат големи шанси дека се чувствува несигурен. Со оваа положба на рацете, тој физички се обидува да си го заштити срцето.rn
rnrnАко мажот со кој зборувате стои пред вас, со колковите исфрлени нанапред, тој се чувствува самоуверено и секси!rn
rnrnВо неговата глава тој сè уште е на работа. Со ова движење сака да ви каже дека ве гледа како негова асистентка која во секое време треба да биде спремна да му помогне. Најдоброто нешто што можете да го направите во овој момент е да му донесете парче хартија – тој ќе биде пресреќен затоа што знаете за што размислува.rn
rnrnДоколку вашиот партнер ги држи рацете во џеб, тогаш дефинитивно крие тајна и најверојатно се работи за нешто ужасно. Во поголемиот дел од ситуациите тоа значи дека носи човечка маска, но всушност е јарец што зборува. Имајќи го тоа на ум, повеќето јарци што зборуваат се многу фини, така што немојте одма да го отпишете од вашиот живот.rn
rnrnАко го забележите ова однесување додека е со вас, особено ако е нервозен, тогаш сè што треба да направите е да го допрете неговиот нос и да извикате „БИП“. Насмевката е гарантирана!rn
rnrnАко вашиот партнер си игра со часовникот, постојано погледнувајќи го, потајно се надева дека ќе му помогнете да направи временска машина со цел да се врати назад во минатото и да се погрижи дека никогаш нема да измислат сина M&M бонбона. Од друга страна пак, може и само проверува колку е часот, но шансите за тоа се многу мали.rn
rnrnИ покрај тоа што ви изгледа како тој да е премногу уморен, реалноста е дека се преправа дека е златна рипка и индиректно ви кажува дека сака да фрлите исушени црвчиња кон него.rn
rnrnАко вашиот партнер покрај вас седи во позиција каде што неговите нозе се вкрстени, тогаш е загрижен дека постојат реални шанси да го удрите во неговата интимна област. Погрижете се да му дадете до знаење дека тоа воопшто не е вашата намера, иако во иднина би можела да се промени…