Сите кучиња се слатки суштества, барем кога не ни ги покажуваат забите. Некои од нив, се неодоливи на посебен начин. Таков е случајот со булдозите. Тие се интересни поради нивните кратки дебелки нозе и смачкани фацички. Еве една селекција на прекрасни фотографии со булдози.rn
Кафе-масичките дефинитивно напреднаа заедно со напредокот во технологијата. Тие се центарот во секоја дневна соба: место за разговор, пријателско собирање и споделување спомени. Фотоалбумите грижливо ни ги чуваат спомените, давајќи им живот на настаните и емоциите кои ни се случиле и сме ги доживеале во минатото. Оваа кафе-масичка е наречена „Remembrance“ или „Паметење“. Креација е на Мич Штејнмец кој ги комбинира социјалната интеракција на фамилијарните собирања со носталгијата и уживањето гледајќи стари фотографии и сеќавајќи се на минатото. Оваа кафе-масичка е вистински извор на забава: таа создава нови сеќавања додека се сеќавате на старите.
Бебињата се секако интересни, кога спијат и кога се будни. Сепак, посебно се интересни кога се длабоко заспани, понекогаш и во многу чудни положби. Поспаните бебиња се инспирација за американската фотографка Трејси Рејвер. Таа се специјализира во фотографирање на бебиња стари 2 недели. За да можат да заспијат, таа мора да создаде топли услови во студиото, а пред снимањето, бебињата мора да се наранат. Како резултат на ова, се добиваат воодушевувачки фотографии кои предизвикуваат нежност во душата. Прекрасните бебенца спијат на секаква подлога, во детски креветчиња, кошници, садови, чорапи и обесени во чаршави. rnrnrnrn
Запознајте го Париз преку ова кратко видео кое е составено од 2000 фантастични фотографии, дело на Лук Шепард. Видеото почнало наивно, како проект на Американскиот универзитет во Париз, но како што и самите ќе се уверите, прераснало во вистинско првокласно уметнично дело. Најголем дел од фотографиите се направени рано изутрина и доцна навечер. Музиката во видеото само го надополнува дожувањето да биде незаборавно. Погледнете го Париз преку други очи. Уживајте…rn
Има нешто интригантно, нешто што скокотка во фотографиите на германската фотографка Даниела Гланз. Шминката е пренагласена, ја има во преголеми количини, така што тематиката во овие уметнички дела е повеќе експресионистичка, а не обид да се прикаже уметноста на шминкањето. Нејзиниот стремеж најверојатно е да ги прикаже емоциите, моќта и внатрешната убавина на жената, преку надворешно боење на лицето.Очигледно е дека овие уметнички дела се резултат на тимска работа, бидејќи уметноста прикажана преку шминката е навистина воодушевувачка, но мора да се признае и дека фотографот дефинитивно знае да го „улови“ вистинскиот момент и агол. Даниела Гланз сака да си поигрува со убавината, сексапилот и дрскоста на жената. Во нејзините дела, таа ја прикажува нејзината потреба да експериментира, да излезе надвор од традиционалната уметност и да го прикаже модерниот начин на живот на жената, низ спектарот на бои на шминката.rn
Преку овие фотографии, авторот Даниел Зезиха ве поканува на неверојатно и незаборавно патување. Гледајќи ги овие пејзажи, од кои без сомневање ќе ви застане здивот, уште еднаш ќе се уверите во благодетите кои природата безрезервно ни ги подарила. Пролетта пристигна, а откако ќе ги погледнете овие фотографии сигурно ќе ви дојде желба да заминете на некое прекрасно пролетно патување. Уживајте… rn
На 19 март оваа година, Месечината беше со најмало растојание оддалечена од Земјата и изгледаше феноменално. Овој феномен, последен пат беше забележан на 28 март 1983 година. Овој настан несомнено беше предизвик за професионалните фотографи и за аматерите. Погледнете како прекрасно и неверојатно изгледаше Месечината на овој ден низ целиот свет:rnrnБостонrnrnКолорадоrnrnОрландо, ФлоридаrnrnТоронто, КанадаrnrnЛондон, АнглијаrnrnСебастијан, ФлоридаrnrnЊупорт, Род АјлендrnrnЊујоркrnrnБронкс, ЊујоркrnrnВиња Дел Мар, ЧилеrnrnЛилбурн, ЏорџијаrnrnМајами, ФлоридаrnrnПортсмут, АнглијаrnrnПортугалијаrnrnЊујорк СитиrnrnЊујоркrnrnФлоридаrnrnОхајоrnrnАнглијаrnrnЛос АнџелесrnrnСиетл, ВашингтонrnrnМексико СитиrnrnКолорадоrnrnИтака, ЊујоркrnrnФранцијаrnrnЕл Пасо, ТексасrnrnБангалор, ИндијаrnrnВашингтонrnrnДалас, Тексас rnrnСтивенсвил, МарилендrnrnНово МексикоrnrnЊујорк СитиrnrnДенвер, КолорадоrnrnДетроит, МичигенrnrnМинесотаrnrnПенсилванијаrnrnИлиноисrnrnТрондхаим, НорвешкаrnrnАнаполис, МерилендrnrnНортхолт, ЛондонrnrnХоландијаrnrnГерманијаrnrnВилијамстоун, АвстралијаrnrnБрисбејн, АвстралијаrnrnСеверна ХоландијаrnrnЛондон, АнглијаrnrnЛисабон, ПортугалијаrnrnСанта Кантарино, БразилrnrnКолумбус, ОхајоrnrnЛима, Перу
24 часа, 8 држави, 2000 фотографии – 1 неверојатно видео. Се надеваме дека Алекс Профит, креаторот на овој извонреден и многу креативен проект ќе продолжи да фотографира, сè додека не го обиколи секое место на планетата Земја. Уживајте.rn
Во уметноста е најважна креативноста, уникатноста и личниот печат во делата. Преку уметноста се изразуваат идеите и емоциите на авторот. Дали делото е добро или лошо е оставено на гледачот да одлучи, затоа што тоа е еден многу субјективен начин на доживување. Погледнете ги овие фотографии кои се направени како инспирација од секојдневните предмети кои ги користиме. Вие одлучете дали се добри или не. Едно е сигурно – тие се мошне креативни и уникатни. Уживајте…rnrnrn
Oгнометите се несекојдневно задоволство. Ни ги исполнуваат очите со сјај, ни го топлат срцето. Сетете се на новата љубов што се родила под распуканото небо, на заводничките погледи, на држењето за рака гледајќи нагоре. Овие фотографии се фасцинантни бидејќи нивните креатори ги фатиле совршените бои и форми во вистинскиот момент.rnrnrn