Сакате да им дадете професионален шмек на вашите фотографии? Кен Кобре, професор по фоторепортерство на државниот универзитет во Сан Франциско, објаснува дека посветувањето внимание на неколку детали може да направи многу голема разлика. Книгата на Кобре „Фоторепортерство: професионален пристап“ се изучува на повеќе од 125 универзитети низ земјата.rnrn
Претворете го вообичаеното во извонредно
rnrnДигиталната фотографија ви овозможува да правите многу обиди, така зголемувајќи си ги шансите да добиете перфектна фотографија.rnrn
„Првиот чекор за да постанете професионалец е да сликате двојно повеќе.“
rnrn
rnrnКобре презентира 10 совети за трансформирање на обидите во фотографии за паметење:rnrn
1. Доближете се
rnОва е совет од легендарниот воен фотограф Роберт Капа кој рекол:rnrn
„Доколку твоите слики не се доволно добри, не си бил доволно блиску.“
rnЧесто клучот за да и дадете привлечност на фотографијата, е да му се доближите на субјектот и да ги фатите неговите детали, притоа оставајќи ги ирелевантните нешта во позадина.rnrn
rn
2. Кога фотографирате луѓе, имајте трпение
rnОставете време луѓето да се навикнат на вас, пред да почнете да сликате. Кога тие ќе заборават дека апаратот е тука, со сигурност ќе добиете поприродни и искрени слики.rnrn
rn
3. Пред да почнете да сликате, фиксирајте ја позадината преку визирот
rnОсигурајте се дека аглите и рабовите се интересни, не само централниот дел. Најдете интересни и комплементарни форми по должина на рабовите, за да бидете сигурни дека фотографиите нема да бидат досадни и пренатрупани. Откако ќе ја фиксирате позадината, поставете го субјектот и сликајте.rnrn
rn
4. Избегнувајте го „ефектот џунгла“
rnОва се случува кога околните форми и бои го преземаат вниманието од субјектот на фотографијата. Еден трик за изоставување на позадината надвор од фокусот е да останете блиску до субјектот и да му се доближувате.rnrn
rn
5. Не употребувајте блиц, доколку не е неопходен
rnСветлото изгледа неприродно и ги мие боите и цртите од лицата. Дигиталната фотографија нуди широк спектар на опции кои можат да ви помогнат да го извлечете максимумот во ситуации со послабо светло. Експериментирајте малку! Исто така земете ги предвид различните видови блиц, кои нудат поприродна светлина.rnrn
rn
6. Избегнувајте да сликате на отворено, среде бел ден
rnБлескавата дневна светлина е непријатна и го избледува вашиот субјект. Наместо ова, обидете се да го фатите вашиот субјект за време на изгрејсонце и зајдисонце кога има богати нијанси на бои и долги сенки. Доколку морате да сликате среде ден, поместете го вашиот субјект под сенка каде што нема да е директно изложен на сончевата светлина.rnrn
rn
7. Пробајте да сликате повеќе вечерни фотографии
rnНоќта нуди интересни сенки и светлина за да направите уникатни фотки. Навечер можете да го искористите блицот, уличното светло или пак празничните светилки доколку даваат задоволителна светлина. При недостаток на светлина можете да употребувате и триногарка за да дозволите подолга експозиција.rnrn
rn
8. За поинтересни слики, не инсистирајте луѓето да ви позираат
rnНаместо тоа, обидете се да ги фатите за време на некоја активност, така што фотографијата ќе кажува нешто за нивната личност или за нивните интереси.rnrn
rn
9. Доколку сакате субјектот да ви позира, оставете го да заземе комфорна, природна позиција
rnИзбегнувајте да фотографирате некој кој стои или седи исправено, затоа што овие напнати пози изгледаат непријатно и не кажуваат ништо за личноста.rnrn
rn
10. Доколку фотографирате портрет, вклучете предмет кој ќе кажува нешто
rnОмилениот предмет или играчка поврзана со хобито, навиките или бизнисот на субјектот ќе ви помогнат да ја комплетирате неговата приказна.rnrn
rnrnДодека дигиталните камери почнуваат да се употребуваат сè почесто, многу луѓе се запрашуваат дали дигиталното работи подобро од филмот. Кобре слика и со дигитален и со апарат кој работи на стандарден филм, велејќи дека и двата имаат свои предности.rnrn
„Една голема предност на дигиталниот апарат е тоа што можете веднаш да го видите резултатот. Минус е што кај поевтините апарати, има задоцнување помеѓу притискање на копчето и замрзнување на сликата. Тоа го отежнува процесот на добивање искрени фотографии.“
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn



Лиса за фотографиите вели: „Може да видите како првично позира на фотографиите, а подоцна во текот на фото сесијата, Обама се отвора. Уште тогаш беше многу харизматичен“.
Лиса никогаш не го реализирала нејзиниот сон за фотографијата и денес таа е психолог.rnrnПосле тоа, Лиса го видела Обама дури во 2005 година во Капитол Хил и од далеку му довикнала. За таа случка Лиса вели: „Тој точно знаеше која сум после толку долго време. Бев воодушевена“.
После некое време, Лиса решила да ги најде негативите од фотосесијата. Кога ги нашла, си помислила: „Не мислев дека цел филм сум потрошила на него“.
Лиса не ги развила филмовите веднаш, затоа што не сакала тие да добијат политичка димензија за време на изборите во Америка.
Денес, откако ги развила сликите и ги споделила со сите, за нив вели: „Овие фотографии се историски и затоа треба да бидат споделени“.
Лиса се надева дела фотографиите ќе вдахнат забава и промисленост кај секој што ги гледа.




rnrnЗа да направи едно дело може да употреби до 14 пенкала, а за да го заврши потребни му се две недели, со оглед на тоа што користи големи платна, кои може да се високи до 3 метри.rnrn
rnrnИзгледа дека Хуан има забавен и возбудлив ноќен живот.rnrn
















rn
Локациите кои Јулија ги избира, се наоѓаат во околината на нејзиниот дом во Тел Авив и претставуваат совршени позадини за нејзините автопортретски нарации. Тркалајќи се по песочни дини, мирни плажи и празни урбани места, Городински добива шанса да биде ѕвезда во сопствената приказна, без никој друг во кадарот.rn
Нејзината голотија во автопортретите е истовремено елегантна и со вкус. Уживајте во селекцијата од нејзините фотографии.














rnrn 























rnrnrn
























rn















Доколку сакате да излезете со вашиот фотоапарат за да фатите дел од магијата што се случува околу вас во овој период од годината, добро е да ги земете предвид овие совети:rnrn
rn
rn
rn







rnrnrn
Шеесетгодишниот Мајкл Пол Смит создава макети на имагинарен град преку спомените од својата младост. Потоа, истите ги вклопува во погодно избрана реална околина и на крајот ги фотографира. Неговите фотографии навистина ја постигнуваат целта, односно успеваат да не вратат во времето и да не однесат на местото.rn


Фотографиите од имагинарниот град 
Масата ја поставува во близина на некоја улица или паркинг каде што хоризонтот одлично се вклопува со неговиот модел. Тој исто така прави и вечерни слики од градот, кои ги изведува во неговиот дом, само со едноставно светлосно подесување. Тој може дури и да ги менува временските услови и годишните времиња, правејќи влажни улици, дожд, па дури и снег од сода бикарбона.








