КАФЕ ПАУЗА

Tag: драма

  • ТВ серија: Црна кутија (Black Box)

    ТВ серија: Црна кутија (Black Box)

    ТВ серија за ултрауспешна жена невролог, која во себе чува огромна тајна

    rn1-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkГлавни улоги: Кели Рајли, Дич Дејви, Дејвид АџалаrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Ејми Холден ЏоунсrnrnПремиера: 24 април 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnКетрин Блек (Кели Рајли) е познат невролог и научник која работи во центар за невролошки испитувања и лекување. Таа постојано решава тешки случаи спасувајќи ги нејзините пациенти и е вистинска ѕвезда помеѓу нејзините колеги. Во приватниот живот, креветот го дели со прекрасен маж кој работи како главен готвач во нов ресторан. Вил (Дејвид Аџала) е тотално заљубен во неа и по само една година врска, ќе ја побара за жена. Навидум, харизматичната, енергична, успешна и популарна докторка има сѐ што би можело да се посака, но тоа е така додека слој по слој не почнеме да ги откриваме нејзините тајни.rnrn2-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkrnrnТаа има биполарно нарушување, кое го контролира благодарение на препишаната терапија, но понекогаш сака да ги прескокне лекарствата за да го ослободи умот и да дозволи да биде она што е, тогаш кога не е секојдневната Кетрин Блек. Тогаш станува исклучително сексуална, доживува музички халуцинации и едноставно не може да ги контролира своите постапки. Токму затоа, се плаши да ја сподели оваа тајна со Вил, бидејќи стравува дека и тој ќе ја напушти како сите мажи претходно во нејзиниот живот.rnrn3-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkrnrnНо, тоа не е единствената тајна која ја крие од Вил, на работа и пред сите околу себе. Единствено, нејзината психијатарка д-р Хелен Хартрамф (Ванеса Редгрејв) ја знае целата вистина за нејзиниот живот. Затоа Кетрин редовно ја посетува секоја недела и од неа добива соодветни насоки кои ѝ помагаат да ги носи вистинските одлуки во животот.rnrn4-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkrnrnЖивотот на Кетрин не е комплициран само заради нејзиниот однос со Вил и фактот дека никој на работа не смее да дознае за нејзината состојба, што би значело дека веднаш ќе ја изгуби. Таа има интензивен, но сепак необичен однос со семејството на нејзиниот брат Џошуа – неговата жена Реган и нивната ќерка Езме. Секако, постои причина за таквиот однос.rnrn5-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk 6-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk 7-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkrnrnНа работа, денот ѝ го прави интересен и шармантниот и секси неврохирург Ијан Бикман (Дич Дејви), кој со својата самоувереност и наклонетост кон жените, не ја остава рамнодушна ниту Ктерин, ниту пак ќе ве остави вам.rnrnKELLY REILLY 9-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkrnrnСлучаите кои Кетрин и нејзините колеги ги решаваат се приказна за себе. Тие се специфични, необични, претходно не сме ги виделе на ТВ екраните. И покрај тоа што животот на Кетрин во најголем дел се врти околу нејзината работа, случаите во клиниката не се во центарот на вниманието. Постои некој многу добар баланс помеѓу она што го гледаме таму и она што ѝ се случува на Кетрин кога е сама, кога е околу нејзините најблиски, или пак во друштво на тотални туѓинци.rnrnАко сакате серии со доктори, оваа ќе ви се допадне. Но, и ако не сакате вакви серии, Црната кутија, што е израз кој докторите го користат за мозокот, сепак може да ви се допадне, доколку сте љубители на мистериите, абнормалното и психолошките феномени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмски препораки за продолжен празничен викенд

    Филмски препораки за продолжен празничен викенд

    Погледнете ја нареднава филмска листа која се надеваме дека ќе ви помогне во изборот на филмови кои ќе ги гледате овој продолжен викенд со вашите најмили. Среќни празници.rn

    1. Тајниот живот на Волтер Мити (The secret life of Walter Mitty)

    rnrnФилмски препораки за продолжен празничен викендГлавни улоги: Бен Стилер, Кристен Виг, Џон ДалиrnrnПремиера: 25 декември 2013rnrnЖанр: авантура, комедија, драмаrnrnВреметраење: 114 минутиrnrnКратка содржина: Волтер Мити секојдневно бега од својот анонимен живот во светот на фантазијата кој е исполнет со хероизам, романса и акција. Кога неговата работа ќе почне да му виси на конец, тој ќе тргне на пат околу светот кој ќе се претвори во неверојатна авантура. Авантура која ни тој самиот не би можел толку добро да ја смисли.rnrnrnrn

  • Филм: Крадачката на книги (The Book Thief)

    Филм: Крадачката на книги (The Book Thief)

    Може ли некој да најде оптимизам во црнилото?

    rnФилм: Крадачката на книги (The Book Thief)Режија: Брајан ПарсивалrnrnУлоги: Софи Нелис, Џефри Раш, Емили Вотсон, Нико ЛиршrnrnВреметраење: 131 минутиrnrnЈазик: англиски, германскиrnrnПремиера: 27 ноември 2013rnrnЖанр: воена драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЧиста десетка за „Крадачката на книги“! Не само заради извонредната приказна, одличната глума, музика, кинематографија и сите останати елементи кои еден филм го прават добар, туку и заради топлината и оптимизмот кои тој може да му ги пренесе на гледачот.rnrnФилм: Крадачката на книги (The Book Thief)rnrnФилмот е адаптација на новела посветена на Втората светска војна, која, според оние кои ја прочитале книгата, не отстапува од неа. И овде приказната е раскажана од страна на Смртта, која за првпат настапува уште во првите кадри кога братот на Лизел (Софи Нелис) го губи животот, по што таа е посвоена од старатели. Нејзините нови родители се строгата, добродушна и емоционално дистанцирана Роза Хуберман (Емили Вотсон) и Ханс Хуберман (Џефри Раш), чесен и приемчив човек со кого Лизел брзо гради близок однос, особено кога тој ќе почне да ја учи да чита.rnrnФилм: Крадачката на книги (The Book Thief)rnrnЛизел и Руди, момче од соседството кое е на нејзина возраст, стануваат дел од Хитлеровото младинско движење и сведочат на бројни безумни работи кои се случуваат во периодот кога нацистичкиот лидер се подготвува да го освои светот, како палења на книги на јавни места и прогонување на Евреите. Кога еден Евреин од нивното гратче ќе биде засолнет од страна на Ханс и Роза во нивниот подрум, Лизел со него развива блиско пријателство поради заедничката омраза кон Хитлер и заедничката љубов кон книгите. Таа ќе почне да краде книги за него и ќе се претвори во единствениот канал за проток на информации од надворешниот свет кон него. Таа ќе ја исцрта буквално секоја слика која овој човек ја има за она што се случува надвор, а токму тие слики се она што може да направи да го запаметите филмот.rnrnФилм: Крадачката на книги (The Book Thief)rnrn„Крадачката на книги“ можеби ќе ве потсети на Малиот принц од истоименото дело на Сент Егзипери поради детскиот начин на гледање на работите во суровите околности кои ги сервира околината во која тоа расте. Како ли само успеваат овие деца да најдат оптимизам во сето тоа црнило… Низ таквиот поглед од детски агол филмот дава и една поинаква и пореална слика за Втората светска војна како војна на нацистичката идеологија против светот, а не како што ние честопати ја замислуваме како војна помеѓу народи. Ретки се филмовите во кои Германците во текот на војната се прикажани како луѓе од крв и месо кои можеби не ја сакаат војната и не се само убивачки машини. Ако Лизел и Руди, Ханс и Роза не ве убедат во тоа, тогаш ништо нема.rnrnФилм: Крадачката на книги (The Book Thief)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)

    Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)

    Ова не е вистинска приказна, ова е вистинска љубов

    rnФилм: Зимска приказна (Winter’s Tale)Режија: Акива ГолдсменrnrnУлоги: Колин Фарел, Џесика Браун Финдли, Расел Кроу, Џенифер КонелиrnrnВреметраење: 118 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 14 февруари 2014rnrnЖанр: драма, фантазија, мистеријаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnШто ако некогаш одамна на небото немало ѕвезди? Што ако ѕвездите не се она што ние мислиме дека се? Што ако светлината не доаѓа од зраците на далечните сонца, туку од нашите крилја кога се претвораме во ангели? Судбината нѐ повикува сите. Постои свет позади светот каде што сите ние сме поврзани како дел од голем план во движење. Магијата е секаде околу нас, вие само треба да ја побарате. Да погледнете подобро. Бидејќи дури ни времето ни далечината не се она што изгледаат дека се.rnrnФилм: Зимска приказна (Winter’s Tale)rnrnСите ние сме поврзани. Секое родено бебе носи чудо во себе. Уникатна цел. И тоа чудо е ветено на само една личност и на никоја друга. Ние сме патници на пат кон судбината за да ја најдеме таа една личност за која нашето чудо било наменето. Но, бидете предупредени. Како што трагаме по светлината, така темнината се собира. И вечната борба помеѓу доброто и злото не се војувала со огромни војски, туку со по еден живот во одреден период.rnrnФилм: Зимска приказна (Winter’s Tale)rnrnПриказната започнува со задишаниот крадец Питер Лејк (Колин Фарел) кој се обидува да избега од група луѓе предводени од Перли Соумс (Расел Кроу). И токму кога ќе помислите дека нема каде да продолжи, ќе се појави магичен бел коњ кој ќе го извлече од неволјата и ќе го одведе на сигурност. Од друга страна, приказната нѐ води и во животот на Беверли Пен (Џесика Браун Финдли), девојка која има неизлечива болест. Таа постојано се обидува да биде силна поради нејзините најблиски, а во болеста успева да најде и една позитивна страна. Кога има треска, таа вели дека насекаде гледа светлина која ги поврзува сите нешта околу неа.rnrnФилм: Зимска приказна (Winter’s Tale) Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)rnrnПитер Лејк подготвен да си оди од градот засекогаш, ќе биде предомислен од страна на коњот. Поради некоја причина, неговиот коњ ќе застане покрај една куќа и нема да сака да продолжи по нивниот пат. Питер ќе го сфати ова како знак, како последно ограбување пред да си оди и ќе се упати кон куќата велејќи си на себе дека не знае што е полошо, дали коњ кој не си го слуша својот сопственик или пак, сопственик кој си го слуша својот коњ. Но, токму ова застанување ќе испадне дека е најдоброто нешто што може да му се случи. Тој ќе ја запознае Беверли. И тоа што ќе се случи понатаму, едноставно не може да биде објаснето со зборови.rnrnФилм: Зимска приказна (Winter’s Tale) Филм: Зимска приказна (Winter’s Tale)rnrnОваа приказна не е за секого. Дури и самиот Колин Фарел вели дека станува збор за филм кој е едноставно премногу сладок. Но, истовремено и многу прекрасен и полн со оптимизам и добрина. Со други зборови, во овој филм нема да видите ни трошка злоба. И токму поради тоа оние кои сакаат ваков вид приказни несомнено ќе уживаат во текот на целиот филм. Доколку решите да го гледате, вие ќе бидете пренесени во еден свет каде што чудата се секојдневна појава и каде што љубовта е доволна за да врати некого во живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)

    Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)

    Би убиле ли за да го продолжите вашиот живот?

    rnФилм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)Режија: МекџиrnrnУлоги: Кевин Костнер, Хејли Стеајнфелд, Кони Нилсен, Амбер ХердrnrnВреметраење: 117 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 21 февруари 2014rnrnЖанр: акција, криминалистика, драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnИнтернационалниот шпион Итан Ренер (Кевин Костнер) е приморан да оди во рана пензија откако му е дијагностициран рак на мозокот кој се проширил на белите дробови и има само неколку месеци преостанат живот. По оваа огромна промена во неговиот живот, тој решава повторно да се зближи со бившата жена, Кристин (Кони Нилсен) и неговата ќерка тинејџерка, Зои (Хејли Стеајнфелд) кои дотогаш ги држел на оддалеченост поради нивна безбедност.rnrnФилм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)rnrnТој ѝ ја објаснува својата состојба на Кристин, но ја замолува сѐ уште да не ѝ кажува ништо на нивната ќерка убедувајќи ја дека прво сака повторно да воспостави контакт со неа. Таа му дозволува да се видат само затоа што тој ѝ ветува дека повеќе не работи како агент на ЦИА. Но, истиот ден кога тој ќе треба да оди на ручек со Зои, се појавува Виви (Амбер Херд) со понуда која ретко кој би можел да ја одбие. На кратко, тој мора набрзина да одлучи дали сака да убие или да умре. Виви, која поседува експериментален лек за неговата болест му гарантира дека доколку тој го убие Волкот (шверцер на оружје и муниција) во рок од 3 дена, тој ќе може да помине уште многу време заедно со својата ќерка.rnrnФилм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill) Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)rnrnВо меѓувреме се случува уште една непланирана работа – мајката на Зои ќе мора итно да замине на пат, па поради тоа ќе го замоли Итан да ја чува во наредните 3 дена. И токму тогаш работите стануваат многу повозбудливи. Итан ќе мора да најде начин како да балансира помеѓу својата последна мисија како агент и својата нова мисија како татко.rnrnФилм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill) Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)rnrn„3 дена за убиство“ е лесен и интересен филм за гледање, исполнет истовремено и со многу тензија која ќе го одржува вашето внимание, но и со совршена доза на хумор која одвреме-навреме ќе ве смее и опушта. Кевин Костнер како и секогаш одлично ја завршува својата работа, а истото можеме слободно да го кажеме и за останатите актери во овој филм кои совршено се одбрани за своите улоги.rnrnФилм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill) Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм 12 години роб (12 Years a Slave)

    Филм 12 години роб (12 Years a Slave)

    Желбата за живот наспроти суровоста

    rnФилм 12 години роб (12 Years a Slave)Режија: Стив МекКвинrnrnУлоги: Чиветел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бред Пит, Бенедикт КамбербачrnrnВреметраење: 134 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 8 ноември 2013rnrnЖанр: биографија, драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„12 години роб“ е еден од главните претенденти за Оскарот за најдобар филм оваа година, а и да го гледате без да го знаете тоа, ќе забележите дека се работи за исклучително добар филм кој може да добие многу награди. Згора на тоа, обработува комбинација од теми како борбата на еден човек за преживување заедно со најмрачната страна на американската историја на извонредно сликовит начин. Ако за време на гледањето на „12 години роб“ не почнете по малку да чувствувате како отприлика било да си роб, тоа веројатно нема да го стори ниту еден друг филм.rnrnФилм 12 години роб (12 Years a Slave)rnrnНе само што фокусот е ставен на суровите доживувања на главниот лик, кој е црн роб, туку и Чиветел Еџиофор целосно ја користи привилегијата вниманието да биде свртено кон него и брилира во главната улога. Тој игра црнец кој е слободен човек, има работа и семејство со кое живее убав живот додека не биде киднапиран и врзан во синџири за да биде продаден како роб. Најтрагичното во неговата судбина е тоа што киднаперите го помешале со роб кој побегнал и сега по грешка тој плаќа за неговото бегство.rnrnФилм 12 години роб (12 Years a Slave)rnrnОттука па натаму следуваат неговите 12 години поминати во ропство. Слики на крв, болка и мачење и желба за слобода преовладуваат во текот на целиот филм. Филмот содржи само ропство, ропство, ропство… Гледачот може да си поставува прашања за тоа до каде може да оди човечката издржливост и до каде може да оди суровоста во име на бесмислени предрасуди.rnrnФилм 12 години роб (12 Years a Slave)rnrnФилмот навистина е добар, но е тежок за гледање. Сцените не се премногу брутални, како на пример во „Џанго разузданиот“, но филмот е бавен и, како што напоменав, исполнет е со болка. „12 години роб“ е извонреден филм кој нема да ви понуди забава. Ова е филм кој е снимен според вистинска приказна на американски роб според која е направено добро сценарио, а има и одлична глума, совршена кинематографија и многу емоции. Тоа се причини поради кои треба да се изгледа.rnrnФилм 12 години роб (12 Years a Slave)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Гравитација (Gravity)

    Филм: Гравитација (Gravity)

    Филм за способноста за преживување на човекот

    rnФилм: Гравитација (Gravity)Режија: Алфонсо КуаронrnrnУлоги: Сандра Булок, Џорџ КлуниrnrnВреметраење: 90 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 октомври 2013rnrnЖанр: драма, трилер, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСпособноста на човекот да се носи со тешките моменти и да продолжи понатаму со она што му се нуди во животот стана многу експлоатирана тема во последните неколку години. Слично како и вo литературата, тоа создава квантитет пред квалитетот во оваа индустрија. Постојат навистина голем број филмови кои се занимаваат со овој проблем, така што кога ќе се појави некој исклучително добар од типот на „Гравитација“, тоа не може без да биде пофален и препорачан на публиката.rnrnФилм: Гравитација (Gravity)rnrnД-р Рајан Стоун (Сандра Булок) е ликот којшто се соочува со натчовечки потешкотии кои го оставаат човек да се сомнева дали животот е воопшто вреден да се живее. Таа ќе заглави во вселената заедно со искусниот астронаут Мет Ковалски (Џорџ Клуни) по еден инцидент на нивниот брод. Немаат каде да одат, немаат од кого да побараат помош… само тие двајцата врзани еден за друг лутаат во бесконечното црнило на вселената обидувајќи се да најдат начин да се вратат во својата природна средина.rnrnФилм: Гравитација (Gravity)rnrnТешко е да не гледате со емпатија на овие двајца несреќни ликови, не само затоа што самата помисла на нивната несреќа предизвикува тегоби во стомакот, туку и поради одличната глума на актерите. Особено е убедлива изведбата на Сандра Булок сместена во околина која може само да го воодушеви човек на „Гравитација“ и прави да почувствувате во каква агонија може да биде некој иако сѐ околу него изгледа совршено.rnrnФилм: Гравитација (Gravity)rnrnФилмот изобилува со неверојатни слики како изгрејсонцето во вселената или светкањето на големите градови ноќе, правејќи го кинематографско ремек-дело. Само двајца актери кои се појавуваат во целиот филм, малку дијалог, многу страв, страдање и надеж, живописни слики од вселената… Затоа „Гравитација“ е освежување и покрај тоа што темата не е нова. Тој спаѓа во малата група квалитетни филмови за човековото преживување кои предизвикуваат многу емоции кај гледачот, на моменти му ги тенчат нервите, но и цело време ги дразнат сетилата со извонредни визуелни и звучни ефекти. Без сомнение, ова е еден од најдобрите филмови воопшто во последно време.rnrnФилм: Гравитација (Gravity)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Мајстори за секс (Masters of Sex)

    ТВ серија: Мајстори за секс (Masters of Sex)

    ТВ серија за пионерите во науката за човековата сексуалност

    rn(1) tv-serija-majstori-za-seks-masters-of-sex-kafepauza.mkГлавни улоги: Мајкл Шин, Лизи Кеплан, Кетлин Фицџералд, Николас Д`агосто, Хелен Мартин, Бо БриџисrnrnЖанр: драмаrnrnАвтор и продуцент: Мишел ЕшфордrnrnПремиера: 29 септември 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnВо денешно време секојдневно читаме за нови истражувања кои откриваат разни тајни поврзани со сексуалноста и сексуалното здравје. Но, и покрај оваа поплава од веќе-не-толку-табу-информации, веројатно ретко кој се запрашува како се доаѓа до резултатите. Дали учесниците во истражувањата треба да имаат секс пред очите на истражувачите за да можат да ги набљудуваат реакциите и да донесат релевантни резултати? Ќе оставиме настрана како се прави тоа денес, но од средината на 20-тиот век, истражувањето на човековата сексуалност изгледало отприлика вака…rnrnrnrnТВ серијата се базира на биографијата на Томас Мајер „Мајстори за секс: Животот и ерата на Вилијам Мастерс и Вирџинија Џонсон, двојката која ја научи Америка како да сака“. Се работи за вистински истражувачи кои дошле до значајни пронајдоци во време кога сè уште малку се знаело за сексот и малку се зборувало за тоа отворено. Тоа е период кога жените седеле дома и се грижеле за своите сопрузи, додека тие го носат лебот на маса. Успешна жена-доктор? – Не е баш веродостојно сценарио за таа доба. Геј доктор на висока позиција во здравствена установа? – Добро, ова и денес не е многу сменето. Но, тогаш за оваа „девијација“ се правеле третмани со цел некој да се излекува од хомосексуалност. Чудно е колку науката и сфаќањата напредуваат за само 50-60 години.rnrnEpisode 104 Episode 101rnrnБил Мастерс е амбициозен сексолог кој започнал да работи како доктор за плодност во угледна болница. Го чекал правиот момент, да стане доволно познат и доволно важен за да почне да се занимава со проучување на оваа проблематика. Ја запознава Вирџинија Џонсон, самохрана мајка со две деца, но и со многу напредни знаења и сфаќања за сексот, која почнува да работи како негова секретарка, а потоа како негов партнер во истражувањето.rnrnКако што би се очекувало, во серијата има секс-сцени, но тие не се еротски и возбудливи колку што се научни и естетски се фокусираат на промените на телото за време на сексуалниот чин. За целите на истражувањето, се користат вистински субјекти, кои мастурбираат, а подоцна и учествуваат во полов акт со други, пред очите на истражувачите кои ги мерат промените и состојбите со скромна помошна опрема.rnrn(4) tv-serija-majstori-za-seks-masters-of-sex-kafepauza.mk (5.0) tv-serija-majstori-za-seks-masters-of-sex-kafepauza.mkrnrnСеријата не е само за сексот и сексуалната наука. Покрај двата главни ликови кои се одлично изградени, ги запознаваме сопругата на д-р Мастерс, Либи, која е опседната со желбата да му роди дете на својот сопруг, што го чувствува како своја должност, д-р Итан Хас, кој прво работи со докторот, но потоа неговиот професионален пат се менува откако ќе се заљуби во Вирџинија, докторката Лилијан Депол, која се обидува да ја убеди лекарската заедница да го прифати редовното тестирање со пап-тестот кај жените за да се спречи појавата на рак на грлото на матката итн.rnrnEpisode 106 MASTERS OF SEX (SEASON 1) MASTERS OF SEX (SEASON 1)rnrn„Мајстори за секс“ е одлична ТВ серија. Претставува склоп од добро развиено дејство со задоволителни 60 минути во секоја епизода, фантастични ликови, кои се доволно чудни за ова време, но сосема автентично го доловуваат времето кое го претставуваат, силни врски помеѓу нив, кои повеќе ги чувствувате кога актерите ништо не кажуваат, одошто кога се во меѓусебна интеракција, моќни дијалози, чист „научен“ секс и необичност која ќе ви понуди нешто поразлично од сè што сте гледале досега.rnrn(8) tv-serija-majstori-za-seks-masters-of-sex-kafepauza.mkrnrnСеријата стартуваше во 2013 со 12 епизоди, а втората сезона се очекува да продолжи годинава.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Американска измама (American Hustle)

    Филм: Американска измама (American Hustle)

    Сите луѓе прават измами со цел да го пронајдат своето место на овој свет

    rnФилм: Американска измама (American Hustle)Режија: Дејвид О. РаселrnrnГлавни улоги: Кристијан Бејл, Ејми Адамс, Бредли Купер, Џенифер ЛоренсrnrnВреметраење: 138 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 декември 2013rnrnЖанр: криминалистика, драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСите ние правиме некаков вид измами во нашиот живот. Го правиме тоа за едноставно да можеме да преживееме, без разлика дали станува збор за измама на другите или за измама на себе. Некои од нас ја менуваат бојата на косата, некои го менуваат своето однесување, а некои дури и го менуваат целиот свој идентитет. Правиме сè што можеме за да го постигнеме она што сметаме дека е најдобро за нас.rnrnФилм: Американска измама (American Hustle) Филм: Американска измама (American Hustle)rnrnТокму тоа е и темата на овој филм. Станува збор за приказната на брилијантиот измамник Ирвин Роусенфелд (Кристијан Бејл) и неговата итра и заводлива партнерка Сидни Просер (Ејми Адамс). Тие одлично ја играат својата улога сè додека агентот од ФБИ, Ричи Димасо (Бредли Купер), не ја открие нивната измама и со тоа ќе успее да го преврти нивниот свет наопаку. Сакајќи да постигне успех на своето поле, тој ќе ги натера да соработуваат со ФБИ така што ќе ги однесе во светот на политичарите и мафијашите. Нивната задача ќе биде да ги измамат овие моќни луѓе да примат мито и со тоа да разоткријат корумпираност.rnrnФилм: Американска измама (American Hustle) Филм: Американска измама (American Hustle)rnrnКармајн Полито (Џереми Ренер) е најприземниот моќен човек во Њу Џерси. Тој веќе 10 години бил градоначалник кој навистина се грижел за својот народ и кој бил почитуван и сакан од сите. Нажалост тој ќе се најде во средина помеѓу измамниците и агентите. И бидејќи работите никогаш не се како што изгледаат, во текот на целиот филм ќе се запрашувате кој ги води работите, Ирвин и прекрасната Сидни, или Димасо со своите соработници. Но, што ако единствената личност која вистински ја има целосната контрола врз успехот на оваа мисија е непредвидливата жена на Ирвин, Роселин (Џенифер Лоренс)?rnrnФилм: Американска измама (American Hustle) Филм: Американска измама (American Hustle)rnrn„Американска измама“ е одличен филм кој ќе ве одвлече во еден свет каде што доброто и лошото не се разликуваат, лагите и вистините се целосно испреплетени и каде што во вистинскиот момент ништо не е невозможно. Филм кој ќе ве заведе и ќе ви покаже дека никогаш ништо не е онака како што изгледа и дека првиот впечаток најчесто е целосно погрешен.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Љубов во време на колера“ – Габриел Гарсија Маркес

    Книга: „Љубов во време на колера“ – Габриел Гарсија Маркес

    Ljubov vo vreme na koleda 2013 3D newМаркес за многумина е неизбежна станица на бескрајното патување кое го нудат светските љубовни класици, за мене, морам да признаам, беше неистражена територија. Сега, можам слободно да потврдам дека листата на срцепарателни романи не е комплетна ако на неа не се наоѓа дело од овој нобеловец, особено пак, кога станува збор токму за „Љубов во време на колера“. На мојата листа, книгата се качуваше и се симнуваше и досега не стигна до врвот токму поради насловот, да бидам искрена. Невозможно е да не ве натера да размислувате за неостварена и трагична љубов, затоа што нели, се случува во време на колера и некако однапред е осудена на пропаст. Но, пропусти од ваков тип се случуваат кога книгата ја судите по корицата или во овој случај, по насловот.rnrnСепак, верувам дека пристигна во мои раце токму навреме. Модерните љубовни приказни имаат некоја друга димензија, избрзани, отворени и ниту малку дискретни, може да се каже дека им недостига старинскиот шарм на исчекување на романтиката. Тука, љубовни исчекувања имате до бесвест, и ќе уживате во нив.rnrnrnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnГлавните херои во оваа љубовна драма сместена во егзотичните Карипски острови се вплеткани во еден комплициран триаголник на романтика, страст и болка. Овие љубовни триаголници, вечна инспирација за добри и не толку добри романи, нудат таква возбуда и срцебиење што е невозможно човек да не се запраша што пропушта. Немојте да ве залаже бавниот почеток, Маркес намерно ве успива со приказните за стариот брачен пар во веќе поодминати години од нивните животи, за потоа лист по лист да ве буди и да ве остава без сон со возбудливите денови од нивната младост.rnrnФлорентино Ариса е младо момче, скромно, работливо и со отворено срце. Со младешка наивност се препушта на исчекувањата и разочарувањата коишто може да ги донесе само љубовта, во моментот кога ја здогледува Фермина Даса – девојката која оддалеку ќе ја сака педесет години, девет месеци и четири дена. Нивната романса започнува типично за времето во кое приказната е сместена (во периодот од 1880 до 1930 година), со скришен поглед преку еден крај на паркот до другиот, со тајно писмо испратено преку дадилката, до душа во овој случај тетката на Фермина, и конечно со откривање на романсата од страна на нејзиниот закоравен татко, кој плашејќи се да не се омажи „пониско“ отколку што очекувал, ја носи на долго патување подалеку од несудената љубов.rnrnКога конечно, Фермина после долго време се враќа назад и го здогледува повторно Флорентино, сфаќа дека големата љубов која ја негувале толку долго време и на толкава далечина била всушност само младешка илузија и го одбива на најстуден можен начин. Нашиот заљубен херој во годините што следат, после бројни обиди да ја врати љубовта на Фермина, останува сам, разочаран но и со добро развиен бизнис и завидна бројка на љубовни афери. Фермина пак, се мажи за најпосакуваниот ерген, доктор Хувенал Урбино, миленикот на градот. Она што изгледа како крај на младешката љубов, со текот на времето всушност се претвора во еден од највозбудливите, страсни триаголници кои можете да ги најдете само во вакви феноменални дела.rnrnLjubov vo vreme na kolera 2013rnrnПишувањето на Маркес е хипнотичко, полека ве вовлекува во приказната и пред да се свестите, веќе сте заразени и длабоко навлезени во оваа љубовна сплетка. Описите на егзотичниот остров, контрастите кои ги користи за да ја долови убавината на местото опкружено со сиромаштија, болести и нечистотија е мајсторски изведено. Ќе љубите и ќе тагувате заедно со ликовите но никогаш премногу очајно и депресивно благодарение на нишката хумор (понекогаш црн) што се вовлекува низ страниците.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 5 февруари 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rn