КАФЕ ПАУЗА

Tag: драма

  • ТВ серија: Туѓинец (Outlander)

    ТВ серија: Туѓинец (Outlander)

    Што сè би направиле да преживеете доколку одеднаш се најдете во 1743 година во Шкотска?

    rnТВ серија: Туѓинец (Outlander)Главни улоги: Катрина Балф, Сем Хјуан, Греам МектавишrnrnЖанр: драма, романса, научна фантастикаrnrnКреатор: Роналд Д. МурrnrnПремиера: 9 август 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за ТВ серија која е базирана на бестселерите „Outlander“ од Дајана Габалдон. Приказната го следи животот на Британката Клер Рандал (Катрина Балф), медицинска сестра која била на бојното поле во Втората светска војна. Откако војната завршила, во 1945 година, таа и нејзиниот сопруг со кој во период од 5 години поминале само 10 дена заедно, решиле да одат на втор меден месец во Шкотска со цел од почеток да се запознаат. Но, по сплет на неверојатни околности, Клер мистериозно ќе биде вовлечена во минатото и ќе се најде во 1743 година, во еден свет кој е целосно вонземски за неа.rnrnТВ серија: Туѓинец (Outlander)ТВ серија: Туѓинец (Outlander)rnrnКога Клер ќе се најде во средината на пресметка помеѓу војници од Англија и Шкоти, нејзиниот мозок прво ќе се обидува да бара логично објаснување за она што го гледа. Можеби сонува или пак, случајно се нашла во сцена од филм. Но, колку и да се обидува да се убеди дека станува збор за едно големо недоразбирање, сепак реалноста едноставно ќе почне да преовладува. Таа се наоѓа во минатото. И изгледа дека е во време во кое е многу опасно за една жена да биде сама. Таа за само неколку денови ќе биде нападната, ќе биде под закана и киднапирана.rnrnТВ серија: Туѓинец (Outlander) ТВ серија: Туѓинец (Outlander)rnrnЗа да преживее, Клер ќе мора да најде начин како да се адаптира на околината. Барем привремено додека не сфати како да се врати на местото кое ја доведе во овој хаос. Бидејќи е Британка, нејзините нови „пријатели“ Шкоти ќе се плашат дека таа е шпион, но од друга страна пак, измислената приказна за нејзиното потекло ќе фрли сомнеж за неа и во очите на Британците. Таа ќе се најде помеѓу две сосема спротивни страни, обидувајќи се да сфати каде би била побезбедна – помеѓу својот народ или пак, кај Шкотите.rnrnТВ серија: Туѓинец (Outlander) ТВ серија: Туѓинец (Outlander)rnrnСтанува збор за приказна која е базирана на историски факти. Но, она што ќе ви го привлече и задржи вниманието кај оваа ТВ серија се неверојатните пејзажи, прекрасната музика и необичните традиции во Шкотска. Вие брзо ќе се заљубите во ова прекрасно место, но и во народот кој живее во него. Клер ќе ве одведе во свет кој на прв поглед е сосема ист како оној денес, но доколку подобро погледнете ќе сфатите дека сè е различно. И покрај бруталноста која владеела во 18-от век, сепак постои некаква привлечност во тој едноставен живот. А ова е една од причините поради кои ќе ја гледате секоја епизода во еден здив.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Легенди (Legends)

    ТВ серија: Легенди (Legends)

    ТВ серија за мистериозниот живот на тајниот агент Мартин Один

    rn1-tv-serija-legendi-legends-www.kafepauza.mk_Главни улоги: Шон Бин, Али Лартер, Тина МејџориноrnrnЖанр: акција, криминалистика, драмаrnrnКреатор: Хауард ГордонrnrnrnПремиера: 13 август 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКолку време е потребно да се живее во лага за да се заборави вистината? Колку може еден човек да се изгуби во својот псевдоним и да престане да прави разлика помеѓу реалноста и фикцијата? Што се случува со умот на тајните агенти чии животи зависат од степенот на соживување со својата улога? Велат дека најдобро е доколку вашата измислена приказна е доволно слична со вашата реална приказна, но зарем на тој начин не се губат границите?rnrnТВ серија: Легенди (Legends)rnrnВо тајните служби во Америка постои изразот „легенда“. Овој израз се употребува за измислениот идентитет кој агентите имаат за задача да го преземат со цел да дознаат повеќе информации за личноста или организацијата која е предмет на истражување од страна на ФБИ. Во овој психолошки трилер ги следиме токму овие легенди на агентот Мартин Один (Шон Бин). Уште во првите неколку минути веднаш ќе забележите дека тој има исклучителен талент за својата работа. За само неколку секунди тој има способност да се трансформира во личноста која е потребно да биде и почнува да го живее животот на својата легенда исто како да е негов. Не секој би можел да ги издржи оние ситуации кои му излетуваат на неговиот пат, но тој стиска заби, импровизира доколку е потребно и секогаш успева да ја продаде својата улога.rnrnТВ серија: Легенди (Legends) ТВ серија: Легенди (Legends)rnrnЖивотот на Мартин ќе се раздрма кога еден скитник ќе му пристапи и ќе го праша колку е сигурен дека го живее неговиот живот, а не животот на една од неговите легенди. Ова прашање силно ќе го погоди агентот кој веќе некое време има потешкотии при излегувањето од својата легенда и влегувањето во својот реален живот. Тој како да почнува да ги меша своите идентитети до тој степен што веќе заборавил и како ја запросил својата бивша жена, во која изгледа дека сè уште е заљубен. Мартин е личност која се грижи за оние кои ги сака, вклучувајќи го и синот, но работата му е секогаш на прво место. Тој е одличен во тоа што го прави, но за да го одржува овој квалитет не смее да дозволи неговиот приватен живот да му се меша во професионалниот и токму ова е една од најтешките нешта со кои тој секојдневно се соочува.rnrnТВ серија: Легенди (Legends) ТВ серија: Легенди (Legends)rnrnИ покрај тоа што оваа ТВ серија не е лесна за гледање, таа успева целосно да ви го преземе вниманието и да ве натера да се почувствувате како да сте дел од неа. Со секоја наредна сцена вие навлегувате подлабоко во мистеријата за животот на тајниот агент Мартин Один, но и почнувате да сочувствувате со него за сите оние тешки одлуки кои на прв поглед изгледа дека тој со леснотија ги донесува. Дури во одредени моменти и ќе се запрашувате дали вие би можеле да постапите на тој начин или пак, би дозволиле вашата маска да биде откриена. Она што ја прави оваа ТВ серија уште посовршена е и неверојатната глума на Шон Бин. Доволно е само да го погледнете неговиот израз и без да изусти ниту еден збор веднаш ќе сфатите што се врти во мислите на неговиот лик. На кратко, доколку имате малку слободно време и доколку сте фан на овој жанр, „Легенди“ со сигурност нема да ве разочара.rnrnТВ серија: Легенди (Legends) ТВ серија: Легенди (Legends)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Постоење (Extant)

    ТВ серија: Постоење (Extant)

    Таа била 13 месеци на соло мисија во вселената, но не се вратила сама…

    rnТВ серија: Постоење (Extant)Главни улоги: Хали Бери, Хиројуки Санада, Горан Вишниќ, Пирс ГагнонrnrnЖанр: драма, научна фантастика, трилерrnrnКреатор: Мики ФишерrnrnПродуцент: Стивен СпилбергrnrnПремиера: 9 јули 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтивен Спилберг повторно пријатно ги изненадува љубителите на научната фантастика со нова мини серија за младата астронаутка Моли Вудс (Хали Бери). Таа е научник на која ѝ била одобрена 13-месечна соло мисија на вселенската станица Серафим каде што ќе може да спроведе низа експерименти со црви. Но, и покрај тоа што нејзиниот единствен соговорник бил компјутерот Бен, откако ќе се врати на Земјата таа ќе открие дека е бремена. Ова откритие е неверојатно не само поради тоа што таа била сама 13 месеци во вселената, туку и поради фактот што Моли не може да има деца.rnrnТВ серија: Постоење (Extant)rnrnМоли и нејзиниот сопруг Џон (Горан Вишниќ) долго време се обидувале да имаат деца, но неуспешно. Токму затоа тој одлучил да го прошират нивното семејство на малку поинаков начин. Џон е научник кој ја истражува вештачката интелигенција и кој успеал да создаде андроид, Итан (Пирс Гагнон), на кој му било потребно семејство со цел да може да расте и да се развива на истиот начин како луѓето. Неговата идеја е да создаде робот кој е толку сличен на човекот, што ќе може сам да учи и нема да има потреба од кодовите кои луѓето во овој момент ги пишуваат за нивните програми.rnrnТВ серија: Постоење (Extant) ТВ серија: Постоење (Extant)rnrnПо слетувањето на Моли, работите се малку тензични помеѓу неа Џон и Итан и тајната за нејзината бременост воопшто не помага во враќањето на онаа природно опуштена средина која владеела помеѓу нив пред таа да отиде во вселената. Таа забележува многу разлики во однесувањето на Итан, но и во односот помеѓу неа и Џон. Нејзината најдобра пријателка, Сем (Кемрон Менхајм) која воедно е и докторка во агенцијата каде што Моли работи, ќе ѝ објасни дека покрај бременоста, нејзиниот мозок покажува чудна активност која може да е причина за нејзината параноја. Загрижена за неа, Сем ѝ вели дека мора да го предаде извештајот за нејзината состојба што побрзо за таа да може да добие соодветна нега, но Моли ја замолува да ги чува овие информации во тајност барем на кратко додека се обиде да открие што точно се случува со неа.rnrnТВ серија: Постоење (Extant) ТВ серија: Постоење (Extant)rnrnДоколку решите да ја гледате оваа ТВ серија, ви гарантираме дека едноставно нема да можете да престанете. Приказната се развива полека, но на интересен начин, паралелно покажувајќи ви ја и сегашноста и минатото. Но, она што е најинтересно е дека секоја нова епизода ви носи сè повеќе и повеќе прашања за таткото на бебето на Моли, а токму ова ќе ви ја инспирира фантазијата и ќе ве натера сами да се обидувате да замислите каков би бил изгледот на ова вонземјанче. И покрај тоа што таа е центарот на приказната, постојат уште многу мистерии поврзани со Џон, неговите соработници, како и со Итан кои успешно ќе го задржат вашето внимание во текот на целата сезона. Накратко, доколку сте љубители на работата на Стивен Спилберг, оваа ТВ серија без сомнение ќе ви се допадне.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Таа (Her)

    Филм: Таа (Her)

    Можна ли е безусловна љубов помеѓу човек и машина?

    rn1-film-taa-her-kafepauza.mkРежија: Спајк ЏонсrnrnУлоги: Џоакин Финекс, Руни Мара, Скарлет Јохансон, Ејми АдамсrnrnВреметраење: 126 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 13 февруари 2014rnrnЖанр: драма, романса, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnФилмот „Таа“ е уникатно романтично научно-фантастично двочасовно патување кое ќе ви понуди одлична приказна, емотивно раздразнување и многу размислувања за иднината, технологијата и љубовта.rnrn2-film-taa-her-kafepauza.mkrnrnТеодор (Џоакин Финекс) поминува низ тежок период по разводот со неговата поранешна сопруга Кетрин (Руни Мара). Тој работи во агенција за пишување убави романтични писма. Сите луѓе немаат дарба или време да ја изразат својата љубов преку писмо, па во обид да ја одржат романсата, најмуваат друг да ја заврши таа работа за нив. Преку писмата на Теодор, почнуваме да се вљубуваме во неговиот лик.rnrnТој е инаку многу обичен тип, оди на работа и на враќање накај дома редовно си проверува имејл, како што впрочем и многумина од нас веќе прават. Еден ден добива информација за новиот оперативен систем, кој е многу напредна верзија на сето она што досега сме го виделе. Тој не само што може да ги заврши сите комплексни работи на вашиот компјутер или смарфон за многу брзо време, туку може да постане и личноста која вие сакате да биде. Тој може да има пол, име, глас, чувства, па според тоа и да се заљуби во вас. Тео го инсталира новиот оперативен систем и постепено почнува да гради однос со него, или во случајов, со неа – Саманта.rnrnHER-FP-0833.JPG 4-film-taa-her-kafepauza.mkrnrnАко мислите дека ова е уште еден обид да се направи филм за иднината во кој животот во заедништво со машините ќе биде нормална работа, се лажете. Овде нема роботи, ниту војни помеѓу нив и луѓето. Овде фокусот е на развојот на технологијата на толку паметно, интимно и емотивно ниво што успева целосно да нѐ обземе и да нѐ натера да засакаме еден оперативен систем повеќе од кој било вистински човек околу нас. Ако малку размислите, тоа не е тешко. Кој не би посакал врска со личност која секогаш го прави она што го сакаме, не ни додева кога имаме работа и ги разбира сите наши чувства и потреби? Но, до каде сето тоа може да оди.rnrnHER 6-film-taa-her-kafepauza.mkrnrnЛикот на Саманта (оперативниот систем) не го гледаме, секако, но гласот кој го позајмува Скарлет Јохансон многу лесно ни овозможува да си ја замислиме и уште полесно да ја проголтаме приказната во која заемната љубов помеѓу човек и оперативен систем е возможна, остварлива и релативно малку се разликува од онаа меѓу двајца луѓе.rnrnАко имате два слободни часа и сакате да гледате добар филм, воопшто не двоумете се тоа да биде „Таа“. Иако претерувањето во развојот на приказната на моменти може да ве иритира (добро, сепак се работи за научна фантастика), во суштина ќе ви поттикне многу размислувања, и тоа не само за иднината, туку за сегашноста и начинот на кој го живееме животот, доближувајќи се сѐ повеќе до иновациите и технологијата, истовремено оддалечувајќи се од луѓето, и најстрашното од сѐ, прифаќајќи го сето тоа како нормално.rnrn7-film-taa-her-kafepauza.mk 8-film-taa-her-kafepauza.mk 9-film-taa-her-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Викенд книга: „Во одбрана на Џејкоб“ – Вилијам Лендеј

    Викенд книга: „Во одбрана на Џејкоб“ – Вилијам Лендеј

    14-годишно момче е обвинето за убиство на неговиот соученик. Она што следува е возбудливо судење со тактики и пресврти, кое ќе ве остави будни до доцна во ноќта.

    rnrnВикенд книга: „Во одбрана на Џејкоб“ – Вилијам ЛендејrnrnДали сте подготвени за драма во судницата? Драги поротници, заземете ги вашите места. Тишина во судницата, ќе ве молам. Ова е Џејкоб, 14-годишно момче обвинето за убиство на неговиот соученик, Бен Рифкин. Подгответе се за возбудлива крими-драма, трилер кој ќе ве остави будни до доцна во ноќта и ќе ве држи до неизвесност до самиот крај. Џејкоб е виновен… не, не е, не може да биде… но чекај, многу нешта посочуваат на неговата вина… а што е со ножот на Џејкоб, а со навредите од Бен?… Зарем може во еден навидум обичен тинејџер да се крие таков ѕвер?rnrnОд стилот на пишување се гледа дека авторот Лендеј има искуство во судницата. Книгата се фокусира на семејната драма која се одвива во семејството Барбер, психологијата на ликовите, но и на градењето на тактики во судницата. Со еден збор, доколку сакате квалитетен правен трилер ова е вистинската книга за вас.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книгиrn

    rnrnrn


    rnrnКнигата започнува со испрашувањето на таткото на Џејкоб како сведок во случајот, од страна на јавниот обвинител Лаџудис. Таткото на Џејкоб, Енди Барбер веќе 20 години ужива во беспрекорен углед поради неговата функција како јавен обвинител, за во еден миг целиот негов авторитет и стручност да паднат во вода. Сега Енди е на другата страна – на страната на обвинетите. Испрашувањето на Енди Барбер се протега низ целата книга, паралелно со раскажувањето за целиот случај – убиството на Бен Рифкин и животот потоа. Ако некогаш Лаџудис бил штитеник на Енди, сега истиот Лаџудис ги користи правните трикови на кои го научил Енди, токму на самиот Енди Барбер. Бездушен глупак, како што Енди би го нарекол.rnrnНа почетокот Енди воопшто не се сомнева во својот син. Цврсто е уверен дека Џејкоб е обвинет како последица од несреќна игра на случајности. Неговиот родителски инстинкт му вели да си го заштити синот и да му верува. Но, набрзо целиот случај станува сè позаматен, судењето сè повеќе се влошува и притисокот на кој се изложени членовите од семејството Барбер е просто неиздржлив. Наспроти битката во судот, во Барберови се води и внатрешна битка за лојалноста, вистината и гласот на совеста.rnrnrnrnЕнди и Лори се обични родители од предградието кои вложиле сè во нивниот син-единец. Што би можеле да имаат направено погрешно? Зарем не му ја дале целата грижа, љубов и заштита што ја имале? Енди е поделен на две страни: искуството како обвинител го тера да биде во потрага по вистината, но како татко тој е преплашен од тоа колку сурова може да биде вистината.rnrnЛендеј со оваа книга успеал во повеќе наврати, и тоа: книгава е совршен баланс на правен трилер од една страна и семејна драма од друга; отсликува крајно интригирачка ситуација во судницата која нема да ве остави мирни дури и ако не сте љубители на трилери од ваков тип; ве тера да станете дел од поротата и да гледате каде ве носат доказите; успешно отсликува карактер на еден тинејџер со „убиствен ген“ и психичко растројство; и најважно од сè, неговите ликови се крајно професионални и искусни адвокати кои ќе ве одведат на едно „лудо возење“ низ судницата со своите интриги, сплетки и стратегии.rnrnБарберови не се на суд само поради законот. Тие се изложени на постојано осудување од доскорешните пријатели и познајници. Нив ги суди народот со тоа што ги отсекува од социјалниот живот. Кој би можел да поднесе толкав притисок и до која точка на вриење треба да се стигне за конечно некој да пукне? Ќе престанам тука. Книгата е безобразно неизвесна до последната страница ако не и после тоа, па не би сакала да ви откријам ништо повеќе.rnrnМоже да ја читате на плажа или дома, во мирно кафуле или во двор… не е важно, за добра книга нема посебно место. Доволно е само она кое не бара од вас да бидете вклучени во нешто друго настрана од самата книга па може да ѝ се посветите целосно. Токму тоа и ќе го сторите, ве уверувам. Ако наидете на книгата во книжара можеби ќе ја избегнете. Поради корицата или насловот, којзнае. Но токму тогаш ќе направите голема грешка. Ништо не е како што изгледа.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 24 август 2014.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • Филм: Двојник (The Double)

    Филм: Двојник (The Double)

    Каков живот би имал јас кога мојот карактер би бил поинаков?

    rnФилм: Двојник (The Double)Режија: Ричард АјоадиrnrnУлоги: Џеси Ајзенберг, Миа Васиковска, Валас ШонrnrnВреметраење: 93 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 13 август 2014rnrnЖанр: драма, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСајмон Џејмс (Џеси Ајзенберг) е приправник во една компанија кого околината никако не го забележува. Колегите речиси и не го познаваат, шефот не ги слуша неговите идеи, вљубен е во колешката Хана (Миа Васиковска) а таа не му обрнува внимание, воглавно никој не покажува особено голема почит кон него… го гази кој ќе стигне, а тој сето тоа го трпи. Еден ден во компанијата каде што работи пристигнува нов колега, Џејмс Сајмон (исто така Џеси Ајзенберг). Тој изгледа потполно исто како него, но карактерот им е сосема различен: неговиот двојник е самоуверен, харизматичен и лесно ги шармира девојките.rnrnФилм: Двојник (The Double)rnrnИако изгледа како еден од бројните филмови од ваков тип, „Двојник“ не е ништо налик на оние плитки филмови каде што бета мажјакот сака да биде алфа мажјак, но на крајот некако ја освојува девојката и сфаќа дека и како бета може да му биде убаво. Овој филм располага со повисок уметнички израз. И самиот е инспириран од литературно уметничко дело – „Двојник“ на Достоевски, па режисерот Ричард Ајоади не оди подалеку од тоа. Тој создал филм кој се бави стриктно со прашањето за потенцијалите на личноста кое го наметнува на почетокот, без притоа да му прилепува повеќе или помалку лигава романтична приказна за да го направи погледлив за поширок круг на луѓе. А и самото следење на приказната наликува на читање книга.rnrnФилм: Двојник (The Double)rnrnДејството е сместено во некој непознат период во некој чуден ретро-футуристички свет. Сцените воглавно се темни, а музиката доследно го доловува анксиозниот свет во кој живее главниот лик. Високото ниво на сите елементи го заокружуваат извонредната кинематографија и Џеси Ајзенберг, којшто одлично игра два сосема спротивни карактери. Има што да ви се допадне во филмот, се разбира, ако сакате да гледате нешто оригинално и поинакво од вообичаеното.rnrnФилм: Двојник (The Double)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Лок (Locke)

    Филм: Лок (Locke)

    Само една грешка може да го сруши целиот живот

    rn(1) Филм: Лок (Locke)Режија: Стивен НајтrnrnУлоги: Том Харди, Рут Вилсон (глас), Оливија Колман (глас)rnrnВреметраење: 84 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 23 јули 2014rnrnЖанр: драма, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАјван Лок е добар сопруг, посветен татко и успешен градежен инженер. Има живот на кој многумина би можеле да му завидуваат. Се чини дека тој успеал сите работи да ги постави на своето место и потоа добро да ги контролира за да биде среќен. Неговите две деца и сопругата нетрпеливо го очекуваат да си дојде дома за заедно да гледаат важен фудбалски натпревар, а утредента го чека историски важен градежен зафат кој на неговата компанија и нему може да им донесе голем углед.rnrn(2) Филм: Лок (Locke)rnrnСето тоа го дознаваме додека тој од непознати причини вози кон Лондон. Се јавува на еден колега, па на друг, па на своето семејство, па на некоја познаничка… Се труди да остане смирен и да ги држи работите под контрола, но полека се добива впечаток дека не ги држи работите така цврсто во своите раце и дека целиот живот му се руши дел по дел додека тој, од некоја причина, упорно се труди вечерта да стигне во Лондон.rnrnФилм: Лок (Locke)rnrnШто се случува понатаму ќе откривате малку по малку од телефонските разговори помеѓу Лок и неговите соговорници. Нека не ве чуди тоа што сите слики во овој пост се слични една на друга, затоа што нема да видите поинаков кадар во текот на целото времетраење на филмот. Седнавте ли да го гледате „Лок“, тргнувате на 84-минутно возење со Том Харди и една од неговите најдобри изведби досега. Тој го носи целиот филм на својот грб и додека е единствениот актер кој се појавува во филмот, успева да му даде голема драматичност и од него да направи одличен трилер. Неговата улога е добар пример за минимализам во филмот и покажува колку малку е потребно за тој да биде едноставен, а во исто време тензичен. Овој филм е вистинско освежување. Тој е нешто поинакво од повеќето филмови на кои не навикнала филмската индустрија.rnrnФилм: Лок (Locke)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Ное (Noah)

    Филм: Ное (Noah)

    Еден човек е избран од креаторот на неговиот свет за последната мисија пред апокалиптичната поплава да го уништи целиот живот на планетата

    rnФилм: Ное (Noah) Режија: Дарен АронофскиrnrnУлоги: Расел Кроу, Џенифер Конели, Реј Винстон, Ентони Хопкинс, Ема Вотсон, Логан Лерман, Даглас Бут, Лео Мекхју КеролrnrnВреметраење: 138 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 28 март 2014rnrnЖанр: акција, авантура, драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОтсекогаш било ризично да се обработуваат Библиските приказни на големото платно, особено ако станува збор за целосна преработка на настаните кои ни се добро познати на сите нас. Токму затоа пред да решите да го гледате овој филм, имајте на ум дека работите не се баш онакви како што сте ги слушале или читале. Што се однесува до изборот на глумците, тој е одличен и секој од нив беспрекорно ја одигрува својата улога. Сите емоции кои се обидуваат да ви ги пренесат лесно се забележуваат во нивните движења или лица, па токму затоа нема да ви биде воопшто тешко да почнете уште веднаш да сочувствувате со нив. Одамна не сме виделе олку успешна комбинација на квалитетни глумци во еден филм.rnrnФилм: Ное (Noah)Филм: Ное (Noah)rnrnСѐ започнува со младиот Ное, кој како дете ќе стане сведок на убиството на својот татко од страна на еден тиранин, така што тој ќе остане единствениот директен потомок на Сет, најмладиот син на Адам и Ева. Ное (Расел Кроу) ќе изгради свое семејство и ќе живее онака како што Бог му наложува, за разлика од останатите луѓе, потомците на Каин (другиот син на Адам и Ева) кои ќе прават пустош на Земјата. Ное со својата жена, Нами (Џенифер Конели) ќе има три сина, Шем (Даглас Бут), Хем (Логан Лерман) и Џафет (Лео Мекхју Керол).rnrnФилм: Ное (Noah) Филм: Ное (Noah)rnrnЕдна вечер, Ное ќе има визија. Бог ќе му се обрати на единствениот начин на кој тој ќе може да разбере – во неговите соништа. Ное ќе види дека сиот свет ќе потоне под вода, па сакајќи да открие дали постои начин да се преживее, тој решава со своето семејство да го посети својот дедо, Метјузила (Ентони Хопкинс). Тој ќе му помогне да сфати дека неговата задача е да изгради арка во која ќе го вдоми сиот невин живот на планетава, во парови, машко и женско, кои понатаму ќе имаат задача одново да ја населат планетата.rnrnФилм: Ное (Noah) Филм: Ное (Noah)rnrnНакратко, овој филм е голем експеримент направен со најдобри намери. Токму затоа ви препорачуваме да му дадете шанса без предрасуди и да не заборавите дека станува збор за дело на Холивуд. И покрај промените во текот на приказната, овој филм во себе носи моќна порака која длабоко ќе ве допре. Ќе ве освести за сите оние грозоморни нешта за кои човекот навистина е способен, за сите убиства, неправди и грешки кој ги направил… Но, истовремено ќе ве потсети и дека во сите нас постои добрина и само од нас зависи дали ќе ѝ дадеме шанса да излезе на површината или ќе ја потиснеме уште подлабоко од порано.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Патеки (Tracks)

    Филм: Патеки (Tracks)

    Кога ќе оставиш сѐ зад себе…

    rnФилм: Патеки (Tracks)Режија: Џон КуранrnrnУлоги: Миа Васиковска, Адам ДрајверrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 март 2014rnrnЖанр: авантура, драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Патеки“ е сниман според патувањето на Робин Дејвидсон, која што во 1977 година решила да тргне на долго патување почнувајќи од австралискиот град Алис Спрингс па сѐ до Индискиот Океан, притоа поминувајќи ја целата австралиска пустина. Целиот пат од 2.700 километри планира да го помине пешки. Иако е обележувана од околината како ексцентрик кој не знае до каде ѝ се можностите, таа има зошто цврсто да гази по својот пат. Нејзиниот обид за подвиг поминува забележан и од National Geographic, па тие наскоро го испраќаат својот фотограф Рик Смолан (Адам Драјвер) да направи фоторепортажа од нејзиното патување.rnrnФилм: Патеки (Tracks)Филм: Патеки (Tracks)rnrnЦелиот филм се состои од нејзиното патување од точката А до точката Б, па разбирливо е тоа што е бавен и со релативно долги кадри. Не очекувајте акција и возбудливи сцени, туку случки низ кои што главниот лик емоционално се отвора и ги лекува раните, претворајќи го физичкото патување во емоционално. Но ако сепак зборуваме за возбудливи сцени, брилијантната кинематографија на филмот носи кадри кои изгледаат како да се извадени од страниците на National Geographic. Совршени пустински изгрејсонца и зајдисонца, ѕвездени неба, животни, дивина, бесконечна ширина, патување… па дури и да нема акција, овие кадри сепак се возбудливи.rnrnФилм: Патеки (Tracks)rnrnПокрај тежината на подвигот на Робин Дејвидсон и кинематографијата, тежина на „Патеки“ му дава и глумата на Миа Васиковска. Нејзиниот лик на австралиската авантуристка во еден момент делува цврсто, грубо и непобедливо, додека во друг момент таквата нејзина маска паѓа и ја покажува својата кршливост. Васиковска, која речиси и не се тргнува од екранот, одлично ги доловува овие состојби.rnrnФилм: Патеки (Tracks)rnrn„Патеки“ е филм кој може да се спореди со „Во дивината“ (Into the Wild). Секој фан на овој култен филм посакува да види уште некој таков, а веројатно откако е тој излезен нема друг филм кој толку многу потсетува на него. Приказните и ликот се различни, но прикажувањето на спиритуалната страна на патувањата и особено она поттикнување на авантуризмот кое може да го даде еден филм се среќава и кај двата филма. „Патеки“ е филм кој може да ве натера да патувате, физички, духовно, или и на двата начини истовремено.rnrnФилм: Патеки (Tracks)Филм: Патеки (Tracks)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмови кои со нетрпение чекаме да излезат во јули, 2014

    Филмови кои со нетрпение чекаме да излезат во јули, 2014

    Оваа година бевме пријатно изненадени од голем број нови филмови, но изгледа дека месец јули ќе ни донесе уште поголеми изненадувања. Започнувајќи од урнебесните комедии, па се до популарните научно фантастични приказни, наредниов месец дефинитивно ќе имаме голем избор при одбирање на филмови за нашите филмски вечери…rn

    1. Секс-снимка (Sex Tape)

    rnФилмови кои со нетрпение чекаме да излезат во јули 2014Главни улоги: Камерон Дијаз, Џејсон СигалrnrnПремиера: 18 јули 2014rnrnЖанр: комедијаrnrnКратка содржина: Брачна двојка со цел да го зачини својот сексуален живот ќе се снима додека имаат секс и наредното утро ќе откријат дека снимката е достапна на уредите кај нивните најблиски што ќе ги натера да тргнат во потрага и уништување на доказите…rnrnrnrn