КАФЕ ПАУЗА

Tag: детоксикација

  • Тридневна детоксикација на организмот

    Тридневна детоксикација на организмот

    За да му помогнеме на нашето тело да се исчисти од токсините кои се таложеле во текот на зимскиот период, треба да му ја олесниме функцијата на организмот преку внесување полесна храна. Помеѓу продуктите кои се задолжителни на прво место се наоѓа свежото овошје, но и свежиот зеленчук.Тридневна детоксикација на организмотЕкспертите потсетуваат дека еден од најдобрите и најпрактични начини за да се исчисти организмот е исфрлување на рафинираните и индустриските продукти од исхраната. Важно е два-три дена да се пијат многу течности и да се јаде многу свеж зеленчук и овошје. Ваквиот режим на исхрана ќе овозможи губење на килограми, телото ќе ја добие потребната енергија, а кожата ќе ви свети.rnrnДетоксикацијата освежува, но токсините кои се исфрлаат за време на нејзиното спроведување мораат да поминат низ крвотокот, па можат да се јават одредени контраефекти, како осипи, мачнина, течење крв од носот или дијареа. Но, важно е да ја издржите детоксикацијата бидејќи нејзините резултати ќе бидат фантастични.rn

    Прв ден

    rnНаутро: Во чаша од 2 децилитри растворете половина лимон и топла вода и испијте ја.rnrnОстатокот од денот: Кога ќе почувствувате глад, јадете грозје. Доколку не му е сезона на грозјето, одберете овошје кое е актуелно во сезоната. Дозволено е да изедете еден килограм овошје. Пијте многу течности, минимум 8 чаши од 2 децилитри вода, билни чаеви и свежо цеден сок.rn

    Втор ден

    rnНаутро: Во чаша од 2 децилитри растворете половина лимон и топла вода и испијте ја.rnrnОстатокот од денот: Пијте многу чаеви и свежо цедени сокови, разредени со вода во сооднос 1:1.rn

    Трет ден

    rnПојадок: Јадете свеж зеленчук и свежо овошје и пијте многу вода и билни чаеви. Наместо овошје можете да пиете свежо цеден сок од мешано овошје.rnrnРучек: Салата од свеж зеленчук и многу течности.rnrnВечера: Чорба од зеленчук и многу течности.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Релаксирајте се во детоксицирачка бања

    Релаксирајте се во детоксицирачка бања

    Стресниот начин на живот навистина бара од нас одвреме-навреме да се разгалиме себеси пружајќи си некакво задоволство. Бањата за детоксикација е совршен избор, покрај тоа што ве релаксира, го ослободува телото од токсини. Следете го овој рецепт и опуштете се во детоксицирачка бања.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    1. Планирајте ја бањата за ден кога имате минимум 40 минути слободни

    rnПрвите дваесет минути ќе му помогнат на вашето тело да се ослободи од токсините, додека во другите дваесет минути телото ги апсорбира минералите од водата.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    2. Наполнете ја кадата со топла вода

    rnДоколку сте во можност користете филтер за хлор.rnrn

    3. Додадете морска сол или магнезиум сулфат

    rnМагнезиумот лесно ќе се раствори во водата, а носи многу благодети за вашето здравје. Ќе ве ослободи од замор, напнатост и стрес. Борец е против болката во зглобовите и плус ова е одличен начин да го надокнадите нивото на магнезиум во телото. Голема предност е што е многу евтин и лесно ќе го најдете во аптеки или маркети. За деца со тежина до 27 килограми додадете половина филџан во стандардна количина вода во кадата. За деца од 27 до 45 килограми додадете еден филџан, а за возрасни два филџани.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    4. Додадете 1-2 филџани сода бикарбона

    rnСодата е позната по моќта на прочистување како и по анти-габичните својства. Покрај тоа, ја остава кожата мека.rnrn

    5. Додадете мелен ѓумбир или свеж чај од ѓумбир

    rnОвој чекор не е задолжителен, иако ѓумбирот би помогнал да се покачи топлината на вашето тело за полесно да се исфрлаат токсините. Не додавајте премногу бидејќи може да предизвика црвенило на вашата кожа, но тоа е поради топлината, а не е опасно. Во зависност од тоа колку сте чувствителни, а и од тоа колку вода сте додале во кадата, може да додадете количина од 1 лажица или третина чаша. Ѓумбирот е многу корисен доколку сакате да се ослободите од грип или настинка, бидејќи откако по излезот од кадата ќе се завиткате во пешкир, вашето тело поради моќта на ѓумбирот ќе продолжи да се детоксицира уште неколку часа.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    6. Додадете масла за ароматерапија

    rnИ овој чекор не е задолжителен, но со сигурност ќе ви пружи дополнително уживање. Одберете го вашиот омилен мирис за да искусите релакисрачко и пријатно искуство. Околу дваесетина капки би биле доволни за стандардна бања. Доколку преферирате, можете да користите и свежи билки како нане, лаванда, камилица и др. Секако, секогаш е добредојдено да си ја разубавите атмосферата со свеќи.rnrn

    7. Промешајте ги добро сите состојки и започнете со уживање

    rnПрепорачливо е да останете околу четириесет минути, но доколку обврските не ви го дозволуваат тоа, останете макар дваесет. Внимателно излезете од кадата, солта може да ја направи вашата када лизгава.rnrn

    8. Пијте многу вода

    rnСекогаш кога вашето тело се детоксицира, со бања, масажа, или каква било терапија, помогнете да ги исфрли токсините. Доколку не пиете многу вода, голема е веројатноста подоцна да се чувствувате лошо и омалаксано. За крај, истријте го телото со четка со растителни влакна. Ова ќе помогне да се стимулира лимфниот систем и да го олесни ослободувањето од токсините. Направете долги и нежни потези насочени кон срцето.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Диета за детоксикација

    Диета за детоксикација

    Диетите со течности се одличен начин да изгубите некој килограм без изгладнување, а диетите за детоксикација ќе ви помогнат да се стабилизирате после празниците. Оваа диета се препорачува да се држи од три до пет дена неколку пати годишно, најчесто после празници, за да се прочисти организмот.rnrnДиета за детоксикацијаrn

    Внесувајте многу течности

    rnТечностите се корисни бидејќи помагаат за нормално функционирање на бубрезите, црниот дроб, дебелото црево и лимфните жлезди, односно сите органи кои ги филтрираат токсините од вашето тело. Не пијте премногу ако не сте воопшто жедни, но целете кон тоа да пиете од еден до два литри дневно, плус две шолји кафе или чај.rn

    Намалете со калориите, но не драстично

    rnВнесувајте од 1.400 до 1.600 калории дневно. Ќе изгубите малку тежина, но ќе имате енергија. Доколку внесувате помалку од 1.200 калории дневно, вашето тело ќе почне да согорува од мускулната маса наместо маснотии, и плус нема да внесувате доволно витамини.rnrnДиета за детоксикацијаrn

    Започнете го денот со здрав и обилен појадок

    rnОва го слушате постојано, но вистина е. Доколку го пресконете појадокот, вие не го започнувате денот со доволно енергија и подоцна ќе внесувате повеќе храна. Започнете го денот со обилен, но пред сè здрав појадок. Пожелно е да содржи некои од следниве состојки: овесни житарици, млеко, јогурт или други млечни производи, јајца, путер…rn

    Зелена храна

    rnЗеленолисните растенија се здрави и го подобруваат метаболизмот. Вашиот ручек и вечера комбинирајте ги со зелечук. Наместо купечки сок, направете си домашен сок од зеленчук. Еве рецепт за одличен здрав пијалак. Во блендер измешајте неколку зеленчуци (како спанаќ, брокули, морков…), неколку билки и зачини (свеж ѓумбир, магдонос, цимет, морско оревче…), малку овошје за да засладите (може пола јаболко или портокал) и протеини (белка од јајце, јогурт, млеко од соја…).rn

    Кога имате потреба од обилен оброк

    rnКога сте на состанок, деловен ручек или кога едноставно чувствувате потреба за внес на повеќе калории, во ред е вашиот оброк да биде обилен, но само под услов да биде здрав. Обрнете внимание на протеините, како риба или бело пилешко месо, и на зеленчукот.rn

    Внимавајте што грицкате

    rnКога ќе добиете желба за грицки или меѓуоброк, направете си пуканки или консумирајте јаткасти плодови, овошје или сосема малку чоколадо доколку имате голема желба за благо.rn

    Не внесувајте…

    rnДодека трае овој период на детоксикација, од вашата исхрана исфрлете ги рафинираните шеќери, бело брашно, ориз, месни и млечни производи со висока масленост и газираните сокови (без разлика дали се диетални или обични).rnrnДиета за детоксикацијаrn

    Движете се

    rnДури и кога не сте расположени за тешки и долготрајни вежби и џогирање, направете макар кратки вежби и практикувајте ги секој ден. Најдете начин да се движите и пијте многу вода. На овој начин ќе ја регулирате циркулацијата на крвта и ќе ги исфрлите токсините.rn

    Глутенот и не е толку лош

    rnСекако дека треба да го избегнувате, но може да биде корисен доколку е во мали и ограничени количини. Може да ви помогне во детоксикацијата, да го намали холестеролот и да ги регулира гасовите во цревата. Внесувајте го во вид на житарици преку две мали порции дневно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 причини зошто вашето тело одбива да ослаби

    4 причини зошто вашето тело одбива да ослаби

    Постојано сте на диета, вежбате редовно веќе неколку месеци, но резултатите речиси и да ги нема. Наместо да избрзате со обвинувања на сметка на генетиката, прочитајте кои други причини можат да ве спречуваат да ослабите.rnrn4 причини зошто вашето тело одбива да ослабиrn

    Не се трудите доволно

    rnТренингот мора да биде квалитетен. Ако трошите многу време на трчање или теретана, не значи дека тоа го правите правилно.rnrnИсто така, неопходно е постојано да си поставувате нови цели. Штом една вежба ви стане лесна, не задоволувајте се со тоа. Почнете да кревате потешки тегови или трчајте побрзо или на подолга патека. Постојаниот напредок и квалитет во вежбањето ќе обезбеди и напредок во слабеењето.rn

    Стрес

    rnОрганизмот, едноставно, знае кога имате некој емоционален проблем и ќе го саботира вашето симнување килограми. Стресот многу лошо влијае на слабеењето со тоа што ги задржува мастите во организмот, а посебно оние околу стомакот. Затоа, погрижете се работите и луѓето кои ве прават незадоволни да ги држите што подалеку од себе.rnrn4 причини зошто вашето тело одбива да ослабиrn

    Нетолеранција на одредена храна

    rnМожеби се храните правилно, со разновидна храна, но килограмите и понатаму остануваат. Една од можните причини за тоа е вашата нетолеранција кон одредени намирници. Внесувањето храна која вашиот организам не ја толерира доведува до одредени воспаленија внатре во организмот кои оневозможуваат тренингот да даде резултат. Познат е примерот на Новак Ѓоковиќ кој откако откри дека е нетолерантен на глутен значително ја подобри својата игра по што стана најдобар тенисер во светот. Тестот за толеранција на храна кој го нудат одредени клиники ќе ви покаже која храна ви пречи во слабеењето, доколку воопшто постои таква.rn

    Изложени сте на премногу отрови

    rnОтровите кои се внесуваат преку загадениот воздух, цигарите, лековите, хемиските супстанци кои се користат во козметиката итн., се таложат во масните ќелии во организмот. Доколку нашето тело ги искористи овие масни ќелии како енергија отровите ќе се ослободат и ќе направат хаос. За среќа, организмот е доволно паметен да не ги користи, но така мастите остануваат наталожени на места каде што не ги посакуваме. Решението лежи во ослободување на отровите, по што организмот ќе може слободно да ги согори. Во тоа ќе ви помогне диета за детоксикација со многу течности, а посебно чаеви и какао. Исто така, може да ги земете предвид и третманите за ослободување на токсините.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еднодневна детоксикација во три чекори

    Еднодневна детоксикација во три чекори

    Најмоќна алатка за прочистување на организмот е здравата исхрана. Со неколку лесно достапни овошја и зеленчук, можете да ги исфрлите сите токсини од телото, за само еден ден.rn

    1. Започнете го денот со зелено смуди (smoothie)

    rnЗелениот и енергичен сок е совршен почеток за еднодневно прочистување на вашето тело. Со корисните ензими и влакна од овошјето и зеленчукот од кои се приготвува, ќе ги елиминирате токсините и ќе ја внесете неопходната дневна доза витамини и минерали.rnrnЕднодневна детоксикација во три чекориrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 чаши студена вода
    • rn011

    • 1 просечна китка листови спанаќ
    • rn011

    • 1 просечна китка листови марула
    • rn011

    • 2 страка целер
    • rn011

    • 1 јаболко
    • rn011

    • 1 банана
    • rn011

    • 1 крушка
    • rn011

    • 2 чаши лимонов сок
    • rn011

    • коцки мраз, коријандер, магдонос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДобро измијте ги овошјето и зеленчукот. Внимавајте тие да бидат од органско производство. Најпрво исецкајте го зеленчукот и ставете го во блендер, кој ќе го вклучите на послаби вртежи. Откако смесата ќе стане хомогена, додадете ги претходно излупеното овошје, водата, лимоновиот сок и коцките мраз и зголемете ја брзината на блендерот. Ќе добиете околу четири чаши од густиот напиток, кој можете да го декорирате по ваша желба. Овошјето и зеленчукот полесно се разградуваат во организмот кога се во течна форма, па затоа и детоксикацијата е побрза и поефикасна.rn

    2. Искористете ја моќта на лимоните – направете топла лимонада

    rnЛимонот е едно од најсилните и најкорисни овошја. Содржи големи количини витамин Ц и ензими. Лимонот ги регенерира ткивата и ја активира работата на црниот дроб, кој пак, ја игра главната улога во целокупната детоксикација. Направете едноставна топла лимонада.rnrnЕднодневна детоксикација во три чекориrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 чаша вода
    • rn011

    • 1/2 лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтоплете ја водата, но внимавајте таа да не биде премногу жешка. Во неа истискајте половина лимон. Ова е неверојатно здрав и освежителен напиток, кој е пожелно да го конзумирате барем еднаш во денот. Вака приготвената лимонова вода можете да ја користите и како спреј за освежување на лицето и телото.rn

    3. Завршете го денот со шолја егзотичен чај

    rnПовторно потпрете се на благодетите на лимонот. Овојпат искомбинирајте го со ѓумбир и со луто пиперче и подгответе вкусен, егзотичен чај. Кога ќе ги измешате овие корисни и активни состојки, тие успешно се борат со штетните бактерии во организмот и ги исфрлаат токсините од вашето тело. Лимонот и ѓумбирот ја зголемуваат циркулацијата на крвта и помагаат во релаксација на напнатите мускули, а лутиот пипер ги разредува штетните секрети.rnrnЕднодневна детоксикација во три чекориrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лимон
    • rn011

    • 1/2 корен од ѓумбир
    • rn011

    • 1 луто пиперче
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсечете го коренот од ѓумбир на ситни парчиња, сипете им вода и ставете ги на шпорет за убаво да зовријат. Откако ќе се изладат, исцедете им половина лимон.  Да ве потсетиме дека лимоновиот сок ставен во многу жешка вода, ги губи корисните својства, па затоа бидете трпеливи. На крајот, процедете ја смесата и поросете  ¼  кафена лажичка лут пипер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 хранливи додатоци за детоксикација

    6 хранливи додатоци за детоксикација

    Доколку се чувствувате виновно заради нарушувањето на вашата диета, не грижете се бидејќи брзо можете да се вратите на правиот пат. Неколку видови храна можат да ви помогнат побрзо да ги исфрлите токсините од телото и да не чувствувате напади од глад кои можат да бидат резултат на прејадување со шеќер, нездрави јаглехидрати и секаков вид брза храна.rnrnЌе бидат потребни неколку денови за телото да се привикне на старо-новиот режим, но доколку вие помогнете со внимателно одбирање на храната во текот на тие денови, набрзо грешката може да биде поправена. Ова се шест видови храна кои можат да ви бидат од голема корист.rn6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Боровинки

    rnБоровинките со полни со антиоксиданси и содржат голема количина на растителни влакна. Тие ќе ви помогнат да си го одржите дигестивниот систем во полна брзина, а на телото ќе му ги дадат потребните витамини и минерали. После нарушувањето на исхраната, можете да почнете со шејк од боровинки и јогурт со ниска масленост.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Спанаќ

    rnНаместо да правите мешана или зелена салата за детоксикација, пробајте да употребите свежи листови од спанаќ. Листовите спанаќ содржат железо и се богати со минерали и антиоксиданси. Тие се исто така добар извор на растителни влакна и ќе ви помогнат да го прочистите вашиот систем додека го обновувате вашето тело со хранливи материи.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Јаболка

    rnТие се одличен додаток во која било исхрана за детоксикација. Кората од јаболката содржи голем број минерали, природни шеќери и растителни влакна. Едно јаболко дневно во комбинација со некој извор на протеини, претставува одлична ужина во оваа фаза на чистење на организмот.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Аспарагус

    rnАспарагусот е природен диуретик и може да помогне да се намали подуеноста на стомакот после прејадувањето со нездрава храна. Додадете варен аспарагус во вашата свежа салата или јадете го како додаток во кој било оброк.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Пиперки

    rnЦрвени, зелени или жолти, воопшто не е важно, бидејќи сите пиперки се полни со антиоксиданси, минерали и многу витамини. Тие можат да бидат одличен додаток во вашето дневно мени за време на фазата на чистење на организмот. Исто така, тие имаат многу мал број калории и можат да го направат оброкот многу побогат. Можете да ги јадете свежи и печени.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn

    Лимони

    rnНема потреба директно да отидете на некоја луда диета базирана на лимонов сок за да направите комплетна детоксикација. Тие се одличен додаток во вашата исхрана и содржат витамин Ц. Препорачливо е лимоновиот сок да го пиете помешан со топла вода кога ќе станете од спиење.6 хранливи додатоци за детоксификацијаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

    Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

    Зошто да се измачувате со разни тешки диети  кои ќе ве истоштат, кога можете да бидете здрави и витки со едноставна реорганизација на вашите оброци и внесување многу витамини преку овошје, кои ќе ви дадат елан и свежина?! Испробајте ги овие четири детоксикациски диети, препорачани од професионални нутриционисти, кои истовремено ќе ви помогнат брзо да ги изгубите килограмите, но и да го прочистите вашето тело од отровните материи.rnrnКраткотрајни овошни диети за прочистување на вашето телоrn

    Дводневна диета со јаболка

    rnДоколку сакате да симнете неколку килограми и истовремено да ги отстраните отровите од вашето тело и да се чувствувате поздраво, сè што треба да направите е да јадете само јаболка. Звучи страшно, но диетата трае само два дена и плус секогаш кога ќе почувствувате глад можете да каснете јаболко, бидејќи нема ограничување на количината. Покрај тоа што јаболката располагаат со многу витамини, тие создаваат и чувство на ситост. За да не ви досади од едноличната исхрана уште после првите три јаболка, купете од различни сорти за да ви биде диетата поразнообразна.rnrnКраткотрајни овошни диети за прочистување на вашето телоrn

    Петдневна диета со лубеници

    rnДоколку сте љубители на лубеница, тогаш токму таа е одговорот на сите ваши молитви за добро обликувано тело. Во оваа диета треба да почитувате едно едноставно правило: консумирајте најмалку половина килограм лубеница дневно. Исто така, пожелно е во текот на диетава да јадете по пет помали оброци дневно. Додека ја држите оваа диета е многу препорачливо да избегнувате пиење пијалаци во кои има шеќер и осигурете се дека немате висок крвен притисок. Оние кои имаат проблеми со бубрезите или со црниот дроб, исто така треба да го избегнуваат овој алтернативен план со оброците. За да не ви се смачи од јадење лубеница, во текот на овие денови можете понекогаш да си направите свежо исцеден сок од овошје или да си направите овошна салата.rnrnКраткотрајни овошни диети за прочистување на вашето телоrn

    Седумдневна диета со ананас

    rnДетоксирајте го вашиот организам со еден здрав и едноставен режим на исхрана. Со оваа диета нема потреба да се лишувате од храна за да ги намалите вишокот килограми. Напротив, сè што треба да сторите е да јадете по три нормални оброци и да консумирате само две парченца ананас дневно. Нутриционистите кои ја креирале оваа диета исто така препорачуваат дводневна сесија на комплетно чистење на организмот од отрови, за кое време ќе јадете само ананас. Доколку се решите на овој чекор, детоксикацијата на организмот направете ја во два последователни дена од седмицата додека ја држите диетава. И покрај тоа што ова не е режим на исхрана кој треба да се следи на долг рок, сепак оваа диета може да биде многу корисна за оние кои сакаат брзо да ги намалат килограмите.rnrnКраткотрајни овошни диети за прочистување на вашето телоrn

    Седумдневна диета со црвени боровинки

    rnЦрвените боровинки се богати со растителни влакна, витамини и антиоксиданси. Поради тоа, тие се одлични за „исчезнување“ на вашите килограми и за ослободување на вашиот организам од штетните токсини. Исцедете сок од половина килограм боровинки. Потоа, помешајте две супени лажици од сокот во 200 грама свежа изворска вода и пијте ја таквата течност секое утро на гладно. Резултатите ќе бидат неверојатни. Исто така е препорачливо да консумирате „полесни“ оброци во текот на овие седум дена, за да не биде вашиот дигестивен систем под голем притисок во текот на детоксикациската диета.rnrnКраткотрајни овошни диети за прочистување на вашето телоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.