КАФЕ ПАУЗА

Tag: детоксикација

  • Куркума и јаболков оцет – совршено дуо за детоксикација на организмот

    Куркума и јаболков оцет – совршено дуо за детоксикација на организмот

    Некои од знаците кои предупредуваат дека вашето тело е заситено со токсини се постојан замор, проблеми со меморијата, егзема и други кожни нарушувања, непријатни телесни мириси, алергии, запек…rnrnКуркума и јаболков оцет - совршено дуо за детоксикација на организмотrnrnИако детоксикацијата на телото звучи како тешка и напорна задача, тоа навистина не мора да биде така. Денес ви споделуваме рецепт со само 2-3 состојки, кои веќе ги имате во вашата кујна.rnrnСигурно не ви паднало на памет да комбинирате куркума со јаболков оцет. Тие се совршено дуо за детоксикација на организмот, а кога ќе им додадете малку сок од лимон, во вашето тело се случува вистинска магија.rnrnСепак, имајте на ум и дека здравата исхрана, доволната хидратација и активниот начин на живот се некои од клучните чекори за успешна детоксикација.rn

    Здравствени придобивки од куркума, јаболков оцет и лимон

    rnКуркумата е еден од најмоќните и најлековитите егзотични зачини. Бројни студии ги покажале неговите лековити својства и благотворното дејство врз организмот. На пример, тој е моќен антиоксиданс кој го подобрува здравјето на кожата и го забавува стареењето, има силни антиинфламаторни својства и значително го намалува ризикот од мозочни и срцеви заболувања. Куркумата е и вистински заштитник на вашиот црн дроб, најголемиот орган задолжен за детоксикација на телото. Го стимулира создавањето на важни ензими кои се одговорни за прочистување на крвта што патува до црниот дроб. Овие ензими работат така што ги разградуваат токсините или отровите. На овој начин, куркумата ја поттикнува работата на црниот дроб.rnrnЈаболковиот оцет ги исфрла токсините од телото, помага во детоксикација на црниот дроб и лимфниот систем и ја намалува надуеноста. Освен тоа, го зајакнува имунитетот, го зголемува нивото на енергија, штити од настинки, го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак, го стимулира варењето, го балансира нивото на шеќер во крвта и го подобрува здравјето на кожата.rnrnЛимонот го стимулира варењето, има својства за прочистување, ја зголемува алкалноста на телото, го освежува телото и го зајакнува имунитетот благодарение на витаминот Ц.rn

    Напиток за детоксикација од куркума и јаболков оцет

    rnЗапочнете го денот со овој супер здрав пијалак од куркума и јаболков оцет со малку лимон. Доколку сакате, можете да го пиете неколку пати на ден, за уште подобри резултати.rnrnПовремено можете да ја замените куркумата во рецептот со свеж ѓумбир, кој исто така е одлична состојка за детоксикација.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 лажица јаболков оцет
    • rn 011

    • ¼ лажичка куркума во прав
    • rn 011

    • 1 лажица сок од лимон, свежо исцеден
    • rn 011

    • 1 чаша топла вода
    • rn 011

    • ½ лажица јаворов сируп или мед
    • rn 011

    • лут пипер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги сите состојки и испијте веднаш. Препорачливо е да додадете и лут пипер затоа што овој моќен зачин ја зголемува апсорпцијата на куркумата и ја стимулира циркулацијата на крвта.rnrnОткако го прочитавте овој рецепт за детоксикација на организмот, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за лимонада со куркума за лекување на депресијата.rnrnИзвор: atma.hr

  • Рецепт за пролетна супа полна со протеини

    Рецепт за пролетна супа полна со протеини

    Пролетта е одлично време за детоксикација на организмот, а зеленчукот и здравата и свежа храна можат да ве инспирираат во кујната да направите одлични, здрави и вкусни комбинации. Денес ви споделуваме рецепт за пролетна супа полна со протеини и влакна.rnrnРецепт за пролетна супа полна со протеиниrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 7 парчиња млад кромид
    • rn 011

    • мешавина од пролетен зеленчук (може да биде боранија, грашок и аспарагус)
    • rn 011

    • 1 лимон
    • rn 011

    • 1 ½ шолја зелена леќа
    • rn 011

    • 1 лажичка семе од анасон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсечете го младиот кромид и издвојте ги белите и зелените делови. Изрендајте го лимонот. Загрејте го шпоретот на средна температура и загрејте малку маслиново масло во тава, а потоа пропржете го белиот дел од младиот кромид додека не омекне, околу 5 минути. Додадете го зеленчукот и кората од лимон во кромидот, а потоа зачинете со сол и бибер. Варете сè заедно околу 5 минути. Додадете 1½ шолја зелена леќа, 1 лажичка семе од анасон и ½ лажичка мелен црвен пипер и убаво измешајте. Додадете 6 чаши вода, делумно покријте и оставете да зоврие. Отстранете го капакот и варете ги леќата и зеленчукот на тивок оган додека не омекнат, 20 до 25 минути. Супата тргнете ја од оган и додадете го зелениот дел од кромидот, па по желба додадете сок од лимон. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за здрава кремаста супа од 4 состојки што ќе ја обожавате.

  • Ефектите од аерозагадувањето и совети за детоксикација на организмот

    Ефектите од аерозагадувањето и совети за детоксикација на организмот

    Според шокантните податоци на СЗО, 99% од светската популација дише загаден воздух. Токсините во воздухот можат да доведат до сериозни здравствени проблеми кои ќе влијаат врз кардиоваскуларниот систем и когнитивната функција.rnrnЕфектите од аерозагадувањето и совети за детоксикација на организмотrnrnВистината е дека денес сме изложени на многу отрови на кои нашето тело не секогаш може да се спротивстави. Покрај аерозагадувањето, ние се соочуваме и со многубројните токсини кои доаѓаат од разноразни хемикалии, пестициди, бои, пластики и тешки метали за кои е неопходно насочено филтрирање.rnrnНашите шест органи за елиминација на отровите – црниот дроб, белите дробови, кожата, гастроинтестиналниот тракт, лимфата и бубрезите не можат да функционираат нормално кога се справуваат со огромна количина на отрови.rnКога станува збор за аерозагадувањето, еве кои органи најмногу страдаат:rn

    Бели дробови

    rnКвалитетот на воздухот особено влијае врз белите дробови бидејќи тие деноноќно работат за да го филтрираат воздухот што го дишеме. Лицата со нарушен имунитет, постарите лица и децата имаат поголем ризик за заболување на белите дробови како резултат на аерозагадувањето.rn

    Црн дроб

    rnЧестопати црниот дроб се смета за главниот орган за детоксикација на телото со оглед на тоа дека се справува со најголем дел од отровите во организмот. Истражување покажало дека одредени честички во воздухот (емисиите на јаглероден диоксид кои се јавуваат како резултат на нецелосното согорување на фосилните горива и честичките од издувните гасови од возилата) можат да мигрираат од белите дробови во црниот дроб. Со текот на времето овие честички можат да доведат до сериозно оштетување на црниот дроб.rn

    Гастроинтестинален тракт

    rnИстражувањата покажале дека аерозагадувањето има силен ефект врз здравјето на цревната микробиота и ги остава липидите (особено полинезаситените масни киселини) ранливи на напади од слободните радикали. Оттука, може да се заклучи дека аерозагадувањето не само што го нарушува системот за детоксикација туку влијае и врз целокупното здравје со оглед на тоа дека здравото црево ја поддржува менталната благосостојба и го одржува имунитетот.rn

    Како да го одржуваме системот за детоксикација во функција?

    rnИако не можеме да го решиме проблемот со распространетото загадување, еве на кој начин можеме му помогнеме на нашето тело да ги филтрира и отстрани несаканите токсини.rnrn1. Јадете храна богата со антиоксиданси која ќе ги спречи слободните радикали.rnrn2. Нека вашата исхрана биде богата со растителни влакна кои поволно влијаат врз работата на дебелото црево.rnrn3. Внесувајте доволно течности во текот на денот за бубрезите да можат да ги елиминираат токсините преку урината.rnrnОткако прочитавте за ефектите од аерозагадувањето и начините за детоксикација на телото, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најдобрите начини за детоксикација на организмот.rnrnИзвор:  mindbodygreen.com

  • Најдобри начини за детоксикација на организмот

    Најдобри начини за детоксикација на организмот

    Нашите тела имаат вградено систем за детоксикација кој работи деноноќно за прочистување на организмот од токсини, но овој систем понекогаш може да се блокира поради постојаната изложеност на модерните загадувачи. Малите чекори како јадењето овошје и зеленчук, потењето преку редовно вежбање и правилната хидратација се само дел од навиките кои можеме да ги практикуваме секојдневно. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за најефективна детоксикација на организмот кои можете уште веднаш да ги примените.rnrnНајдобри начини за детоксикација на организмот rn

    1. Намалете ја изложеноста на токсини

    rnСпоред експертите, отровите во организмот навлегуваат преку водата, храната и воздухот. Затоа најдобро би било во вашето мени да вклучите што е можно повеќе продукти од органско потекло, да користите филтри за воздух и да се обидете да ги избегнувате пластичните пакувања. Исто така можете да ги замените средствата за чистење кои се состојат хемикалии со нетоксични алтернативни производи.rn

    2. Погрижете се за нормално функционирање на екскреторниот систем

    rnВажно е да не го занемарите здравјето на екскреторните органи односно органите за излачување како црниот дроб, бубрезите и кожата. За успешна детоксикација на еден од најважните органи, црниот дроб, е неопходен режим на исхрана со соодветни витамини и минерали.rn

    3. Зголемете ја хидратацијата и внесувајте повеќе хранливи материи

    rnПреку правилната исхрана можат да се внесат многу хранливи материи кои се неопходни за здраво функционирање на црниот дроб. Сепак, ова може да биде предизвик за лицата со понизок социјално-економски статус кои имаат помал пристап до свежо овошје и зеленчук и имаат тенденција да живеат во загадени средини.rn

    4. Бидете активни

    rnРедовното вежбање и внесувањето антиоксиданси го зајакнуваат одбранбениот систем на телото во борбата против зголемените загадувачи на животната средина.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за детоксикација, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те работи што треба да ги знаете за чаевите за детоксикација.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • 5 работи што треба да ги знаете за чаевите за детоксикација

    5 работи што треба да ги знаете за чаевите за детоксикација

    Чаевите за детоксикација се популарни со години, особено кај оние кои држат диета и практикуваат здрав начин на живот, бидејќи служат за исфрлање на токсините од телото, забрзување на метаболизмот и топење на масните наслаги. Но, колку се ефикасни овие чаеви и дали се опасни по здравјето?rnrn5 работи што треба да ги знаете за чаевите за детоксикацијаrn

    Ќе изгубите течности, а не масти

    rnЧаевите за детоксикација обично содржат кофеин и други диуретици што го поттикнуваат излачувањето на вишокот течности од телото преку урината и потта.rnrnОткако ќе се ослободите од вишокот течност, ќе се чувствувате полесно и поенергично, и покрај тоа што не сте изгубиле ни еден грам масти.rnrnЧаевите за детоксикација може да предизвикаат лаксативно дејство, што исто така придонесува да се чувствувате полесно. Важно е да запомните дека штом ќе се вратите на старите навики или ќе престанете да пиете чај, течноста ќе се врати, како и „изгубените килограми“.rn

    Не заборавајте на вежбањето и здравата исхрана

    rnСо секој чај за детоксикација се препорачува здрава исхрана и редовно вежбање. Имено, со потењето го забрзувате излачувањето на токсините, а со јадењето придонесувате за здравјето на метаболизмот. Сето ова може да резултира со губење на тежината на долг рок, но само пиењето чаеви за детоксикација не е доволно за да го растопи вишокот килограми.rn

    Чаевите за детоксикација предизвикуваат немирен сон

    rnПовеќето чаеви за детоксикација содржат кофеин бидејќи го намалуваат апетитот, го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Сепак, премногу кофеин може да предизвика голем број несакани ефекти поврзани со ритамот и притисокот на срцето, а тоа да предизвика нарушување на квалитетниот сон.rnrnПокрај тоа, прекумерната количина на кофеин може да го стимулира апетитот и на тој начин индиректно да влијае на зголемувањето на телесната тежина.rn

    Може да предизвикаат одредени несакани ефекти

    rnНекои чаеви се користат за намалување на апетитот, за забрзување на метаболизмот или за други слични цели, но некои растенија може да предизвикаат несакани ефекти.rnrnЕдна од популарните состојки во чаевите за слабеење е гуараната, растение кое често се додава во енергетските пијалаци. Несаканите ефекти обично се поврзани со нервоза, немир, иритација на стомакот, гадење, повраќање, главоболка, вознемиреност, немир, ѕвонење во ушите, забрзано чукање на срцето и брзо дишење.rnrnИмајте на ум дека дури и природните состојки може да предизвикаат несакани ефекти, особено кога се консумираат прекумерно или во интеракција со некои лекови.rn

    Спроведени се малку истражувања поврзани со овие чаеви

    rnИако има истражувања за одредени состојки на чајот, многу малку е испитана ефикасноста на комбинацијата на состојките што ги содржат чаевите за детоксикација.rnrnТоа значи дека не може со сигурност да се каже како дејствуваат чаевите за детоксикација и дали се безбедни за здравјето.rnrnПрочитајте дали е подобро да пиете ладен или топол чај.

  • Диета за почетници: Како да изгубите неколку килограми за 30 дена?

    Диета за почетници: Како да изгубите неколку килограми за 30 дена?

    Диетата „30 дена“ се заснова на елиминација на слатки, колачи, тестенини, алкохол и индустриски преработена храна.rnrnДиета за почетници: Како да изгубите неколку килограми за 30 дена?rnrnОвој план за исхрана е создаден во 2009 година, а го создале Мелиса Хартвинг Урбан и Далас Харвинг. Целта на оваа диета не е губење на тежината, туку чистење на организмот од брза храна.rn

    „Во текот на 30 дена, ќе видите што се подобрува кога ќе ги отстраните потенцијално проблематичните намирници од вашата исхрана“, објаснува Хартвинг Урбан.

    rnМногумина забележале подобрувања, како што се зголемена енергија, подобар сон, подобро расположение, концентрација, подобро варење на храната, издржливост итн. Покрај тоа, креаторите на оваа диета тврдат дека на овој начин, можете да ги намалите егземата, мигрената, астмата и алергиите.rn

    „По триесет дена, можете внимателно да почнете да ја јадете храната од која сте се откажале, а врз основа на тоа да видите што ви одговара, а што не, односно како таа храна влијае на вашето физичко и ментално здравје“, велат креаторите на оваа диета.

    rnОваа диета ја препорачуваат повеќето лекари, но најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да почнете да ја држите.rn

    Што можете да јадете за време на диетата „30 дена“?

    rn

      rn 011

    • Сите видови зеленчук, вклучително и компири
    • rn 011

    • Овошје
    • rn 011

    • Морска храна како риба, остриги, ракчиња и школки
    • rn 011

    • Месо: говедско, пилешко, свинско (но не пржено, туку печено и варено)
    • rn 011

    • Ореви и семиња
    • rn 011

    • Јајца
    • rn 011

    • Маслиново и кокосово масло
    • rn 011

    • Црно кафе
    • rn

    rn

    Што не треба да јадете за време на диетата?

    rn

      rn 011

    • Млеко
    • rn 011

    • Житарки (пченка, ориз, пченица)
    • rn 011

    • Шеќер
    • rn 011

    • Мешунки (грав, леќа, грашок, соја)
    • rn 011

    • Алкохол
    • rn 011

    • Тестенини
    • rn 011

    • Леб
    • rn 011

    • Помфрит и чипс
    • rn

    rn

    Што да очекувате?

    rnОваа програма е тешка од повеќе причини: треба да ги подготвувате и да ги планирате оброците однапред; програмата е строга и мора да внимавате да не го прекршите правилото, во спротивно почнувате од почеток; здравата храна е поскапа.rnrnПример мени:rn

    Прв ден

    rnПојадок: Кајгана со спанаќ или блитваrnrnРучек: Салата од туна, кромид и зелена салатаrnrnВечера: Риба на скара и тиквичкиrn

    Втор ден

    rnПојадок: Варено пилешко со зеленчук на скараrnrnРучек: Пилешки копан и варени компириrnrnВечера: Салата од рендан целер, јаболка, моркови и оревиrn

    Трет ден

    rnПојадок: 2 варени јајца и свеж зеленчук како што се пиперки, домати итн.rnrnРучек: Пилешка салатаrnrnВечера: Карфиол и варено говедско месоrnrnИако оваа диета е тешка, имајте предвид дека ќе го исчистите вашето тело од токсини, дека не е „трајна“ и дека ќе се вратите на вообичаената исхрана по 30 дена.rnrnПогледнете ја оваа јапонска диета со банани со која може да изгубите дури 10 килограми за две недели.

  • Направете зимска детоксикација во само шест чекори

    Направете зимска детоксикација во само шест чекори

    Неколку мали промени навистина можат да му помогнат на вашето тело долгорочно да ја врши својата главна задача секој ден: чистење од токсини. Вашето тело постојано се ослободува од токсините, а вашата цел треба да биде дополнително стимулирање на природните процеси во телото со неколку мали тактики.rnrnНаправете зимска детоксикација во само шест чекориrn

    1. Правилна хидратација

    rnПиењето вода во текот на денот му овозможува на вашето тело да го искористи овој еликсир на природата во своја полза, па затоа пијте вода и меѓу оброците. Клиниката „Мајо“ препорачува доза од 9 чаши вода на ден за жени и 11 чаши вода за мажи, но и многу други работи влијаат на хидратацијата. Ако вежбате, ако пиете многу кофеин или ако планирате да го поминете денот на сонце, не заборавајте да го зголемите внесот на вода. Придобивките од водата за вашето тело се бесконечни: детоксикација, губење на тежината, намалено чувство на слабост, спречување главоболка и подобро варење на храната.rn

    2. Пијте вода со лимон

    rnВодата со лимон е одлична замена за соковите. Иако лимоните се кисели по природа, тие се претвораат во алкалоиди во вашето тело. Пијте топла или млака вода со лимон наутро на празен стомак за да го хидрирате вашето тело и да го исчистите црниот дроб.rn

    3. Додајте кокосово масло

    rnЗапочнете го или завршете го денот со една лажичка кокосово масло. Познато е дека го забрзува метаболизмот и го регулира растот на кандидата во организмот, а одлично е ако го додадете и во кафето, во чајот или во смудито.rn

    4. Постете 12 часа

    rnНајидеално би било да постите цели 12 часа помеѓу вечерата и појадокот. Првите 6-8 часа по вечерата, вашето тело е насочено кон варење на храната, а последните 4 часа се посветени на чистење на организмот и тоа е најефикасниот период за согорување на мрснотиите.rn

    5. Спијте во целосно темна просторија

    rnИнвестирајте во темни завеси и спречете ја утринската светлина што ве буди (вклучувајќи ги уличното осветлување, мобилниот телефон или телевизорот). Придобивките од спиењето се: регулирање на хормоните, намалување на апетитот, ублажување на нивото на стрес, намалување на степенот на депресија, поттикнување на креативноста, подобрување на меморијата и позитивен поглед на животот.rn

    6. Пробајте суво четкање на кожата

    rnОдвојте неколку минути за да ја исчеткате кожата наутро или навечер, по можност пред туширање, ослободете се од мртвите клетки и оставете ја да дише слободно. Исто така, на овој начин го стимулирате протокот на крв во телото и ја зголемувате лимфната дренажа, што потенцијално може да го намали целулитот.rnrnПрочитајте зошто се здебелувате во зима и што да направите за да го спречите тоа.

  • 6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

    6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

    Детоксикацијата му помага на вашето тело да се ослободи од токсините, да се ослободи од вишокот килограми и да го зголеми нивото на енергија. Освен лимон и ѓумбир, постојат и некои други ефективни состојки што можете да ги додадете во водата, а сигурно ги имате дома.rn

    1. Вода со нејодирана сол

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnСолената вода го чисти дебелото црево и го лекува хроничниот запек. Исто така, клучно е да знаете дека на организмот му треба одредена количина сол, а невнесувањето сол во организмот не е некоја паметна одлука. Натриумот ви помага да ги одржувате нивото на крвниот притисок и правилното функционирање на нервите и на мускулите.rnrnПијте солена вода ако имате хроничен запек или ако чувствувате неправилни движења на дебелото црево.rnrnРецепт:rnrnИзмешајте 2 лажички нејодирана морска сол и 4 чаши топла вода.rnrnАко сакате да има подобар вкус, додајте малку лимон.rnrnПијте колку што е можно побрзо на празен стомак.rn

    2. Вода со лук

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnСовремената наука ги потврдува многуте корисни здравствени придобивки поврзани со консумирањето лук. Може да го намали крвниот притисок, да се бори против болести, да го подобри нивото на холестерол и да го прочисти телото од тешки метали. Тоа се случува поради соединенијата на сулфур што ги добивате кога лукот се сечка, се гмечи или се џвака.rnrnНо, за да ги добиете сите овие здравствени придобивки, не мора да го јадете, туку можете да направите пијалак.rnrnРецепт:rnrnЗемете 2 парчиња лук и исечкајте ги.rnrnПочекајте 10 минути и потоа измешајте ги со 500 милилитри вода.rnrnОставете го да стои најмалку 2 часа.rn

    3. Вода со јаболко и цимет

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnЈаболкото и циметот може да ви помогнат да изгубите тежина и да го зајакнете метаболизмот. Мешањето на овие состојки ќе додаде некои важни антиоксиданти во вашата исхрана, вклучувајќи витамини Ц и Б.rnrnЦиметот има многу здравствени придобивки, вклучително и намалување на холестеролот и борба против дијабетесот.rnrnРецепт:rnrnИсечете 2 јаболка. Додајте ги заедно со 2 стапчиња цимет во бокал со вода.rnrnПотоа, ставете ја водата да стои еден час во фрижидер.rn

    4. Вода со коцки мраз од краставица

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnЛаден освежителен пијалок со вкус на краставица може да ви помогне ако сакате да ја прескокнете желбата да јадете нездрава храна. Тоа е природен антиоксидант и во една голема краставица има само 34 калории.rnrnРецепт:rnrnИсечете парчиња краставица или направете коцки и замрзнете ги.rnrnДодајте ги во водата кога чувствувате глад или жед.rnrnМожете да додадете лимон или нане за да го подобрите вкусот.rn

    5. Вода со црн пипер

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnЦрниот пипер е одлична состојка ако сакате да го прочистите вашето тело и да ја намалите тежината. Тој има антиоксидантни својства кои можат да помогнат во спречувањето на воспаленијата, предвремено стареење и срцеви заболувања. Покрај тоа, може да го подобри метаболизмот на шеќерот и да го намали нивото на холестерол.rnrnРецепт:rnrnНабавете ги следниве состојки: половина лажица мелен црн пипер, 1 лажица рендан ѓумбир, 1 лажица мед, 1 лимон и 2 чаши вода.rnrnИзмешајте ги пиперот и ѓумбирот, па додајте го медот и измешајте.rnrnЗовријте ја водата и истурете ја во чаши. Додајте една лажица од смесата во една чаша вода. Додајте сок од половина лимон (ако сакате лимон). Пијте додека водата е топла.rn

    6. Вода со рузмарин

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnРузмаринот помага во подобрување на варењето на храната и на имунолошкиот систем. Научниците откриле дека рузмаринот може да биде добар за вашиот мозок и да функционира како еден вид невролошка заштита. Пиењето пијалак со ова растение во мали дози може да биде убава и корисна навика.rnrnРецепт:rnrnЗемете стебленце од свеж рузмарин.rnrnЗемете 1 лимон, отстранете ја кората и исечете го на парчиња.rnrnСтавете ги парчињата лимон и рузмаринот во тегла од 900 милилитри.rnrnОставете го пијалакот да се лади во фрижидер најмалку 2 часа.rnrnПрочитајте кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето.

  • Домашна послепразнична детоксикација

    Домашна послепразнична детоксикација

    По прославата на Нова година се чувствуваме уморно и имаме чувство како да сме добиле неколку килограми плус. Затоа ви предлагаме неколку начини за детоксикација на организмот.rnrnДомашна после празнична детоксикацијаrn

    Сок за прочистување на телото

    rnПо празниците, на вашето тело сигурно ќе му годи детоксикација. Време е да посегнете по сокот од домати, кој ќе ги отстрани сите токсини од вашето тело. Овој напиток го стимулира метаболичниот процес и со тоа го забрзува процесот на прочистување. Како да го приготвите? Во половина килограм исцеден сок од домат додајте малку исечкан кромид и на крај зачинете со прстофат чили и промешајте. Таквиот сок за детоксикација е само вовед во здравата исхрана, кон која сега треба да се придржувате!rn

    Пијте само вода!

    rnПиењето околу 2 литри вода на ден помага во одржувањето на нормалното ниво на течности во организмот. Исто така, водата дава чувство на ситост благодарение на што јадеме помалку. Што е најважно, таа не содржи дополнителни калории или шеќер, што за жал, не може да се каже за соковите и газираните пијалаци.rn

    Користете помала чинија

    rnКога јадете во помали чинии, помалку јадете. Една мала чинија ќе ве натера да мислите дека сте изеле доволно храна. Но, не смеете да ја дополнувате чинијата. Овој едноставен трик ќе ве натера да јадете и до 1/4 помалку од вообичаено!rn

    Имајте оброк секогаш во точно одредено време

    rnВоспоставувањето на таа навика ќе ви биде тешко на почетокот, но со текот на времето ќе откриете дека ова правило е одлично решение. Фиксирајте го времето предвидено за оброци. Треба да имате три главни оброци и две закуски во текот на денот. По една недела, ќе престанете да чувствувате глад.rn

    Калорични замки

    rnЗдравата салата не е повеќе нискокалорична ако во неа додадете богат сос. Дури и малото парче зеленчук прелиено со сирење ќе стане калорична бомба. Методот на подготовка е исто така, важен: прженото месо заменете го со месо на скара. Јадете повеќе риби!rn

    Внимавајте и на овошјето што го внесувате!

    rnТоа содржи шеќер наречен фруктоза. Затоа треба да јадете многу повеќе зеленчук отколку овошје.rn

    Воспоставете рамнотежа

    rnЗапочнете го денот со вода и сок од лимон. Може да воспоставите рамнотежата на PH вредностите преку внесување на многу коренест зеленчук (цвекло, моркови) и лиснат зеленчук (кељ, спанаќ). Изберете овошје кое ќе го алкализира организмот како смокви или урми.rn

    Корисни растителни влакна

    rnРастителните влакна му помагаат на дигестивниот систем да функционира правилно. Затоа е многу важно да ги консумирате колку што е можно повеќе по празниците. Со секој оброк внесувајте производи од пченично брашно, леб или овесни каши.rn

    Фокусирајте се на состојките додека јадете

    rnЈадете полека и не правете ништо друго во исто време. Гледањето телевизија, читањето книги или работењето на компјутер додека јадете ќе ве натера да проголтувате преголеми парчиња храна. Најлошо од сè, е што тогаш воопшто не се фокусирате на храната, па затоа сте гладни само еден час по оброкот.rnrnA, дали некогаш сте се запрашале колку навистина е важна здравата исхрана?

  • Доктор Мати од Тајван: Научете го телото само да ги исфрла отровите за да ослабите без диети

    Доктор Мати од Тајван: Научете го телото само да ги исфрла отровите за да ослабите без диети

    Можете да се грижите за вашето тело, здравје и фигура колку сакате, но телото нема да стане идеално ако содржи непотребни работи. Овде станува збор за отпадот во вашето тело. Поради тоа детоксикацијата (различните методи за чистење на телото) стануваат сè попопуларни во светот. Добрата програма за детоксикација треба да биде нежна, но ефикасна и да се заснова на добри навики. Доктор Мати е тајвански специјалист за здрав живот и многу е популарен поради својот метод „Тенки нозе и рамен стомак од Мати“. Тој има обожаватели ширум светот кои изгубиле тежина благодарение на неговиот метод, но и постигнале поквалитетни услови за живот.rnrnrn

    Доктор Мати изјавува: „Ако сакате да имате чиста кожа и слабо тело, треба да го истренирате вашиот организам да го исфрла отровот (пот, урина и столица).“

    rnАкумулацијата на овие отпадоци се манифестира со лошо варење на храната, сува кожа и губење на косата. Важниот фактор за здравје и убавина зависи од тоа како токсините се исфрлаат и издвојуваат од телото.rnrnrnrnПравилното чистење на телото се случува дури тогаш кога ќе се исфрли отпадот од организмот. Па, како да го сторите тоа?rn

    1. Утринска навика

    rnКога ќе се разбудите, не станувајте одма. Прво облечете чорапи пред да стапнете на подот. Чорапите не ги греат нозете туку им ја одржуваат топлината. Дури и во најтоплото време овој метод делува на поттикнување на природниот метаболизам и правилниот проток на крв. Важно е глуждовите и стапалата никогаш да не бидат ладни.rn

    2. Навики пред вечера

    rnИспијте една чаша прочистена вода којашто има иста температура како вашата телесна температура. Струкот ќе ви биде подебел ако пиете премногу топли или премногу ладни пијалаци. А, течноста што е приближно со иста температура како вашето тело, ќе ви помогне да ги исфрлите токсините од организмот. Чашата вода пред оброкот ја смалува количината на внесена храна и доведува до ситост. Исто така, многу е важно да пиете вода додека стоите исправено бидејќи на тој начин таа побрзо ќе стигне до стомакот.rn

    3. Прехранбени навики

    rnПлунката е многу важна. Таа го поттикнува брзото варење на храната. Денешниот човек има помалку плунка бидејќи јаде преработена храна која не предизвикува излачување на плунка. За да го поттикнете излачувањето на плунката, пред јадењето јазикот треба силно да се исплази во траење од 60 секунди. Плунката сама ќе почне да тече што значи дека вашиот организам одма ќе го започне процесот на варење на храната.rn

    4. Навики со овошјето

    rnДоктор Мати споменува дека е многу важно времето кога се јаде овошјето. Тој советува дека ако немате стомачни проблеми треба да јадете наутро на празен стомак бидејќи единствено тогаш телото ќе ги преземе сите потребни витамини. Ако јадете овошје после оброк, попладне или навечер, процесот на варење трае подолго.rnrnДознајте со кои навики во исхраната ќе го зачувате здравјето и без држење диети.