КАФЕ ПАУЗА

Tag: детоксикација

  • Кефир диета: Инстант детоксикација и слабеење

    Кефир диета: Инстант детоксикација и слабеење

    За 3 дена – 2 кг помалку!

    rnkefir-dieta-instant-detoksikacija-i-slabeenje-kafepauza.mkrn

    Зошто кефир?

    rnДиетите со кефир се многу популарни пред сè затоа што тој претставува многу здрава и хранлива намирница, која се користи и за терапевтски цели.rnrnДомашниот кефир е многу подобар од купечкиот, а можете и сами да го направите. Помага во борбата против остеопорозата и остеоартритисот, ја подмладува кожата, ја подобрува состојбата на косата и ноктите, а што е најважно – содржи ниско ниво на јаглехидрати.rnrnДокажано е дека помага дури и во борбата со депресијата.rnrnКефирот во себе содржи многу минерали и витамини, како витамин Д, а исто така е богат и со калциум и содржи високо ниво на протеини.rnrnКефирот е одличен диуретик, го помага варењето на храната, го регулира нивото на бактериите во цревата и воспоставува рамнотежа на цревната флора.rnrnНекои експерти тврдат дека кефирот помага и во борбата против ракот и малигните клетки.rnrnДокажано е дека го намалува нивото на холестерол во крвта.rn

    Пример за 3-дневно мени:

    rnОнаму каде што е дадена повеќе од една опција, изберете ја варијантата што најмногу ви одговара.rn

    Појадок:

    rn1. Кајгана од 2 јајца, салата од мали краставички и кафе со лажичка млекоrn2. Гриз или палента со кисело млекоrn3. Јајце, 1 тост лепче со путер и чај со медrn

    Ужина:

    rn3 дл домашен кефир во вид на овошен јогуртrn

    Ручек:

    rn1. Пилешка супа, варени моркови, 100 г пилешко бело месо, салата од цвекло и парче лебrn2. Супа од печурки, 3 дл манџа од месо и зеленчук и салата од свежа зелкаrn

    Ужина:

    rn3 дл домашен кефирrn

    Вечера:

    rn1. 150 г риба на скара, зелена салата, чајrn2. Големи печени компири и чај со мед

  • Детоксикација и „зелена диета“: 10 дена без месо и риба

    Детоксикација и „зелена диета“: 10 дена без месо и риба

    Исхраната на база на зеленчук, овошје и житарици ги поттикнува детоксикацијата и слабеењето. Денот започнува со овошје, а пред ручекот се пие чаша сок од домати. Во текот на „зелената диета“ се јаде овошје, зеленчук, житарици и компир, но и мали количини немасно сирење. Во овој режим на исхрана се забранети мешунките како гравот, леќата, боранијата и грашокот, а исто така се забранети и сите видови месо и јајца.rnrn1-detoksikacija-i-zelena-dieta-10-dena-bez-meso-i-riba-www.kafepauza.mk_rnrnДенот започнува со овошје, најпрво исцедено без шеќер, а за појадок се јадат цели плодови или овошни салати. Овошната салата може да биде и помеѓу оброците.rnrnВо текот на претпладнето се препорачува да се внесува само овошје, а после тоа да се почека барем половина час пред повторно внесување на храна.rnrnПодоцна, во текот на денот може да се консумираат житарици како што се јачмен, пченка, хељда и друго. Житариците и компирот се најважни извори на енергија во текот на диетата, па би требало да се јадат во текот на сите главни оброци. Компирот секогаш се јаде зготвен и се препорачува да се подготвува како салата или како вариво.rnrnРучекот, односно главниот оброк треба да започне со сок од зеленчук, а задолжителен дел на чинијата треба да заземе интегралниот ориз или компир. Со ручекот неограничено може да се јаде зеленчук, варен или динстуван со долевање на вода, без маснотии, дури ниту масло.rnrnЗа вечера се подготвува салата од најразличен зеленчук. Изборот на зеленчук за деновите и оброците не е строго одреден, туку се креираат салати и готвен зеленчук по сопствена желба.rnrnМлеко и ферментирани млечни производи (кисело млеко, јогурт, кефир) исто така не смеат да се мешаат со ниту една друга храна. Понекогаш оброкот може да го дополните со свежо сирење или некој друг вид немасно сирење, во комбинација со зеленчук, најчесто во салата.rnrnЗелената диета пред сè е наменета за детоксикација на организмот, што води до губење на килограми. Богата е со прехранбени влакна кои го промовираат овој процес, го регулираат варењето на храната, а исто така помагаат при намалувањето на високиот холестерол.rnrnИсто така, оваа диета го обезбедува организмот со голем број витамини, минерали, фитохемикалии (антоцијанин од сокот од боровинки, бета-каротин од портокаловото овошје и зеленчук, и фенол и ресвератрол од грозјето). Сепак, нема адекватен внес на протеини, па дури и од билно потекло, како ниту доволно железо, и затоа не е препорачливо да трае повеќе од 10 дена.rnrnMediterranean salad with gorgonzola and olive oilrn

    Пример за мени бр. 1:

    rnПред појадок: Чаша свежо исцеден овошен сокrnrnПојадок: Овошна салата со половина лажица медrnrnРучек: Чаша сок од домати, густа чорба од моркови со парчиња тиквички и интегрален ориз, парче леб, салата од свежа зелкаrnrnМеѓуоброк: ЈогуртrnrnВечера: Чаша сок од моркови, шопска салатаrn

    Пример за мени бр. 2:

    rnПред појадок: Чаша свежо исцеден овошен сокrnrnПојадок: Парче леб од цели житарици намачкан со намаз од кравјо сирење (100 г), малку сол и половина исчекан праз. Изедете парче ананас и цело киви.rnrnРучек: Вариво од спанаќ. Измијте 250 г спанаќ и 150 г компир и исечкајте ги на ситни парчиња. Додајте зеленчук и гответе на тивок оган од 15 до 20 минути. На крај додајте една лажица сусам. На истиот начин може да ги приготвувате и останатите зеленчуци.rnrnМеѓуоброк: Овошен јогуртrnrnВечера: Сезонско овошјеrn

    Пример за мени бр. 3:

    rnПред појадок: Чаша свежо исцеден овошен сокrnrnПојадок: Погача од пченкарно брашноrnrnРучек: Њоки со пармезан и брокула: Исчистете 250 г брокула и 125 г моркови, па потоа исечкајте ги на ситни парчиња и додајте ги во 150 мл супа од зеленчук. На крај додајте 40 г сварени њоки, лажичка маслиново масло и пармезан.rnrnМеѓуоброк: ДињаrnrnВечера: Салата од обарени моркови, шампињони, пиперки, лук и магдонос

  • Ова се најголемите лаги за здравата исхрана

    Ова се најголемите лаги за здравата исхрана

    Дали забележувате дека секој ден се појавуваат нови правила за здрава исхрана? Пијте само сок! Без јаглехидрати! Глутенот убива! Со различните инструкции за исхрана лесно може да ги доведеме во прашање сопствените прехранбени навики.rnrnНе можеме да ви кажуваме како да се храните, но можеме да ви го насочиме вниманието кон одредени верувања кои се поврзани со здравата исхрана, а кои не мора да се вистинити. Којзнае, во нив може се кријат големи лаги.rnrn1-ova-se-najgolemite-lagi-za-zdravata-ishrana-www.kafepauza.mk_rn

    Лага број 1: За вашето тело да се ослободи од токсини единствениот начин е – детоксикација

    rnФакти: Иако детоксикациите на база на сокови денес се многу популарни, нема потреба да фрлате толку многу пари на нив. Самиот црн дроб врши одлична работа на детоксикација. Тајната пак на добриот дигестивен систем лежи во консумирањето поголемо количество овошје и зеленчук, внесување влакна и пиење многу вода. Комбинацијата од овие фактори поефективно ќе го ослободи вашето тело од токсините за разлика од различните пијалаци, а за таблетите да не зборуваме.rn

    Лага број 2: Готвењето ги убива хранливите состојки

    rnФакти: Пред да ги исфрлите тавите и тенџерињата, слушајте. Готвењето може да ја забрза апсорпцијата на некои хранливи материи, па затоа немојте да се плашите да го готвите зеленчукот. На пример, една студија на универзитетот Корнел, покажа дека готвењето на доматот го зголемува ликопенот, што е клучен за здравјето на срцето. Други видови зеленчук што „добро го поднесуваат“ готвењето се: печурки, пиперки, зелка и спанаќ. Сите тие го збогатуваат вашето тело со антиоксиданси, повеќе во зготвена состојба отколку во свежа. Тајната лежи во тоа што готвењето треба да биде сведено на минимум, а со тоа избегнувајте зеленчукот да биде готвен во голема количина масло.rn

    Лага број 3: Купувајте производи со низок процент на масти

    rnФакти: Верувале или не, малку масти се добри за вас. Мастите ги засилуваат мирисот и вкусот на храната, ги транспортираат витамините растворливи во масти, како на пример витаминот Д, низ крвотокот и го продолжуваат чувството на заситеност. Трикот е во внимателното бирање. Се препорачуваат „добрите масти“ кои ги има во авокадото, јаткастите плодови и маслиновото масло, но водете сметка да не претерате.rnrn2-ova-se-najgolemite-lagi-za-zdravata-ishrana-www.kafepauza.mk_rn

    Лага број 4: Неопходно е да ги исфрлите сите шеќери

    rnФакти: Многу здрава храна – овошје, зеленчук, житарки и млеко – содржи одредена количина на природен шеќер. Иако некои го избегнуваат овошјето поради поголемото количество на шеќер, не плашете се – една понова студија на Универзитетот Харвард покажа дека консумирањето на органско овошје е поврзано со намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Она што треба да го избегнувате е таканаречениот „додатен шеќер“, кој се наоѓа во соковите, десертите, слатките, сирупите и засладувачите. Исто така држете се настрана од состојките кои завршуваат на „–оза“ (фруктоза, декстроза, сахароза). Препорачливо е консумацијата на додатен шеќер да се сведува на максимум 6 лажички дневно.rn

    Лага број 5: „Палео диетата“ е најдобра од сите

    rnФакти: Не мора со експресна брзина да се откажете од сите ваши омилени млечни производи и печива. „Палео диетата“ е можеби најбараниот поим на Интернет на полето на исхраната, но воздржувањето од консумирање на млечни производи, рафиниран шеќер, житарки и мешунки, едноставно не е за секого. Доколку не сте алергични на житарки, ќе ви недостига витаминот Б и влакната од некои интегрални житарки кои не може да се најдат во зеленчукот. Наместо потполно откажување, погрижете се вашите тестенини да се направени од интегрални житарки. Обично тоа е назначено на пакувањето. Можеби не би било лошо да намалите со консумацијата на сладолед и полномасни сирења, но потполно откажување од млекото и млечните производи воопшто не е неопходно.

  • 4 индикатори кои покажуваат дека имате многу токсини во вашето тело

    4 индикатори кои покажуваат дека имате многу токсини во вашето тело

    Балансот е темел на сите нивоа на нашето здравје. Телото е како симфониски оркестар кој свири хармонична симфонија – сè се базира на рамнотежата, но секојдневните предизвикувачи како токсините, несоодветната исхрана, недоволното спиење и омразата кон работата ни стојат на патот до посакуваната рамнотежа. Наместо да имаме баланс, овие работи ни прават токсичен вруток.rnrn4-indikatori-koi-pokazhuvaat-deka-imate-mnogu-toksini-vo-vasheto-telo-kafepauza.mkrnrnВажно е да се поврземе со нашето тело со цел да бидеме во можност да ги „слушнеме“ неговите знаци, па затоа ви претставуваме 4 показатели дека во вашето тело има многу отрови.rn

    1. Секогаш сте полни

    rnБуквално сте полни затоа што телото треба да го исфрли отпадот секој ден. Тоа го вклучува празнењето на цревата барем еднаш дневно. Ако тоа не се случи, тогаш токсините се враќаат во крвотокот и можат да предизвикаат хаос.rnrnСовет: Ако имате проблеми со запек, обидете се да пиете што повеќе вода, да вежбате, да внесувате квалитетен пробиотик или чај од лист од сена.rn

    2. Лош здив

    rnЛошиот здив не само што ви пречи кога сте во друштво, туку тој ви покажува и дека сте полни со токсини. Тоа настанува поради бактерии во устата кои отпуштаат „мирисни“ биопродукти. Исто така навестуваат дека црниот дроб и цревата имаат проблем со елиминирањето на отровите.rnrnСовет: Можете да почнете со користење на чистач за јазик за да ги елиминирате бактериите кои се наоѓаат по вашиот јазик. Исто така можете да се обидете со конзумирање на свежи миризливи билки како магдонос и коријандер кои се фантастични за детоксикација на црниот дроб.rn

    3. Ви сметаат мириси

    rnАко имате силни реакции на мириси како што се парфемите или чадот, тоа може да ви покажува дека имате токсини во вашето тело. Преосетливоста на надворешните мириси често значи дека црниот дроб има проблеми со елиминирање на различни токсини од телото. Кога патиштата за детоксикација се затворени, телото станува осетливо, а сетилата изострени и тоа може да предизвика реакции како главоболка и мачнини.rnrnСовет: Помогнете му на својот црн дроб користејќи миризливи билки како што се коренот од глуварче и млечниот трн кои можете да ги консумирате во облик на чај. Исто така може да практикувате детоксикација користејќи рицинусово масло. На овој начин можете да ги ублажите незгодните симптоми на премногу брзата детоксикација.rn

    4. Вишокот килограми едноставно не се топи

    rnПостојат многу причини кои претставуваат препрека за губењето на тежината. Тоа можат да бидат „полудените“ хормони, неправилната исхрана, но веќе претпоставувате, и токсините. Токсините како диоксин, ПЦБ и многу пестициди се липофилни, што значи дека ги хранат масните клетки во нашето тело. Невозможно е да се изгубат килограмите, кога телото е преокупирано со вакви токсини.rnrnСовет: Клучно е да се погрижите вашето тело да ги исфрла токсините на правилен начин. Тоа значи да ја подобрите природната способност на телото да го прави тоа и да пронајдете рамнотежа. Некој начин на чистење или детоксикација може да биде од помош, но намалената изложеност на токсини е многу важна. Избирајте чиста, органска храна секогаш кога можете и погрижете се секој ден добро да се испотите, да извршите голема нужда, да се хидрирате и квалитетно да дишете.

  • 7-дневна детоксикација од шеќер

    7-дневна детоксикација од шеќер

    Да бидеме реални, време е вие и шеќерот да направите мала пауза. Сите ги знаеме опасните ефекти врз здравјето кои тој може да ги предизвика, па токму затоа одвреме-навреме е добро малку да го одморите вашето тело од него.rnrn7-дневна детоксикација од шеќерrnrnБидејќи не секој може да го издржи постепеното одвикнување, понекогаш многу поуспешно е доколку го направите тоа одеднаш. Неколку истражувања покажале дека доколку нагло се откажете од внесувањето шеќер, најголемите последици, како главоболката, лошото расположение и потребата за шеќерот, се повлекуваат во период од 7 дена. Токму затоа погледнете го овој 7-дневен план за детоксикација кој ќе ви помогне полесно да го исфрлите шеќерот од вашиот живот.rn

    Ден 1

    rnПојадок: 3 јајца + спанаќrnrnУжина: Боровинки + сирови бадемиrnrnРучек: Рукола + туна + маслиново масло + оцетrnrnВечера: Зеленчук пржен во малку масло + стекrn

    Ден 2

    rnПојадок: Зелено смудиrnrnУжина: МакадамииrnrnРучек: Авокадо +ситно сецкано пилешкоrnrnВечера: Лосос + грашокrn

    Ден 3

    rnПојадок: Вегетаријански омлетrnrnУжина: Црно кафе со млеко и путерrnrnРучек: Хумус + краставициrnrnВечера: Сендвич со пилешко и марулаrn

    Ден 4

    rnПојадок: Варени јајцаrnrnУжина: Јаболка + путер од бадемиrnrnРучек: Огромна вегетаријанска салатаrnrnВечера: Стек + 1/2 печен сладок компирrn

    Ден 5

    rnПојадок: Зелено смудиrnrnУжина: Житни плочкиrnrnРучек: Туна + краставициrnrnВечера: Спанаќ и киноа подготвени во пилешка супаrn

    Ден 6

    rnПојадок: Кајгана со сланинаrnrnУжина: Житни плочкиrnrnРучек: Авокадо + киноа + домати + сол и биберrnrnВечера: Сендвич со стек и марулаrn

    Ден 7

    rnПојадок: Комбуха + сирови бадемиrnrnУжина: 1/2 авокадоrnrnРучек: Хумус + морковиrnrnВечера: Пилешко + салата со рукола и боровинкиrnrnДоколку го следите овој план за детоксикација, тогаш потребни ви се и следниве неколку совети со цел да имате подобар успех…rnrn1. Одмарајте се. Веднаш по вечерата подгответе се за спиење. На тој начин потребите за благо кои се јавуваат во текот на ноќта ќе бидат намалени до минимум. Исто така доколку му дозволите на вашето тело да се одмори подобро, тоа нема да бара други начини на зголемување на својата енергија.rnrn2. Имајте постојано ужина покрај вас. Сировите лешници и бадеми се одлични борци против потребата за благо во текот на денот.rnrn3. Пијте вода. Одржувајте го вашето тело хидрирано, особено оваа недела додека сте на овој план за детоксикација. Покрај водата, можете да пиете и незасладен чај.

  • 17 едноставни начини за детоксикација на вашиот живот

    17 едноставни начини за детоксикација на вашиот живот

    Околината е еден од најважните фактори при обликување на нашето општо здравје. За жал, нашата околина изобилува со многу штетни елементи кои влијаат негативно врз телото, а особено врз хормоните. Некои од овие токсини дури знаат да ја имитираат улогата на естрогенот во телото, а со тоа да предизвикаат низа од несакани компликации кои се поврзуваат со појавата на рак и неплодност. Но, имаме и добри вести. Постојат неколку едноставни промени кои можете да ги направите во вашиот начин на исхрана и во животниот стил со цел да ги избегнете овие несакани последици и да го зголемите вашето општо здравје на оптимално ниво.rnrn17 едноставни начини за детоксикација на вашиот животrnrn1. Инвестирајте во добар и квалитетен вграден филтер за вода на вашата чешма.rnrn2. Користете шише за вода од челик кој не ‘рѓосува наместо пластичните шишиња.rnrn3. Секогаш кога можете купувајте органска храна. Кога не сте во можност да го сторите тоа, излупете ја кората од овошјата или зеленчуците со цел да ги тргнете пестицидите.rnrn4. Наместо пржење, обидете се да готвите на пареа или на скара.rnrn5. Купувајте пијалаци во стаклена амбалажа, наместо во пластика или картон (и не заборавајте да рециклирате).rnrn6. Организирајте го вашиот ден така што ќе поминувате најмалку време во сообраќај.rnrn7. Намалете го конзумирањето на алкохол.rnrn8. Одбегнувајте да пиете таблети и капсули кога вашето тело може само да се избори. Доколку не станува збор за сериозна болест, обидете се да побарате помош од нутриционист или доктор по алтернативна медицина.rnrn9. Преминете на природни детергенти за чистење во домот.rnrn10. Намалете го конзумирањето на месо, млечни и мрсни производи, а кога јадете месо, секогаш одбирајте го она кое потекнува од животни кои биле органски исхранувани.rnrn11. Не загревајте храна во пластика.rnrn12. Намалете го вашето изложување на храна во пластика, наместо тоа користете хартиени вреќи за чување на вашето овошје и зеленчук.rnrn13. Одбегнувајте овошје и зеленчук од конзерва.rnrn14. Употребувајте дезодоранс кој не содржи алуминиум.rnrn15. Намалете со употребата на парфем. Дури и кога го користите, прснете на вашата облека наместо на вашата кожа.rnrn16. Не одете во солариум и не употребувајте продукти за вештачки тен.rnrn17. Секогаш кога имате можност, одбирајте природни продукти за грижа на вашата кожа.

  • Коктел за празнична детоксикација

    Коктел за празнична детоксикација

    По празниците ова е тоа што му треба на организмот

    rnКоктел за празнична детоксикацијаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 л вода
    • rn011

    • ½ грејпфрут
    • rn011

    • 1 мандарина
    • rn011

    • 1 краставица
    • rn011

    • 4-6 поголеми листови нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКраставицата исечкајте ја на крукчиња, додека мандарината и грејпфрутот излупете ги и раздвојте ги на резанки. Сите состојки ставете ги во бокал и прелијте ги со водата, и оставете ги да преноќат во ладилник. Наредното утро промешајте го убаво напитокот и испијте го во текот на денот.rn

    Овој напиток е добар за чистење на организмот затоа што:

    rn

      rn011

    • Грејпфрутот е полн со витамин Ц, ги топи мастите и ги претвора во енергија.
    • rn011

    • Мандарината го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ја забрзува потрошувачката на калории.
    • rn011

    • Краставицата создава чувство на ситост, ја намалува подуеноста и го чисти телото од токсини.
    • rn011

    • Нането го забрзува и контролира варењето на храната и го смирува желудникот.
    • rn

    rnПрочитајте и за напитокот кој ќе ви помогне да го израмните стомакот по празничните гозби.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пијалак од јаболка кој ги топи килограмите

    Пијалак од јаболка кој ги топи килограмите

    Овој пијалак за детоксикација го зајакнува метаболизмот, помага при слабеењето и дава многу енергија. Најдоброто е што се прави за само неколку минути.rnrnПијалак од јаболка кој ги топи килограмитеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 јаболка
    • rn011

    • 2 стапчиња цимет
    • rn011

    • 1 литар негазирана вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЈаболката измијте ги убаво и исечете ги на тенки кришки. Ставете ги во стаклено шише или тегла заедно со циметот, полијте ги со вода и оставете ги во фрижидер да преноќат.rnrnЈаболковата вода треба да ја испиете во текот на еден ден, па потоа да додадете уште еден литар вода во шишето за следниот ден. Истите состојки можат да се користат 3 пати.

  • Време е за есенска детоксикација

    Време е за есенска детоксикација

    Иако сончевите зраци, позитивно влијаат на нашето расположение и ја богатат кожата со витамин Д, сепак за време на летните месеци организмот се исцрпува и доаѓа до пад на имунитетот. За да си ја повратите силата и да го подготвите организмот за новата сезона, направете го овој напиток од само четири состојки, кој ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви ја направи кожата посјајна.rnrnВреме е за есенска детоксикацијаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 литра вода
    • rn011

    • 1 свежа краставица
    • rn011

    • 1 лимон или 2 зелени лимони
    • rn011

    • 10-12 листови мента
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКраставицата и лимонот убаво измијте ги и исечете ги на крукчиња. Ставете ги во еден стаклен сад или тегла и одозгора ставете ги ливчињата мента. Потоа сипете ја водата, убаво затворете го садот и ставете го во фрижидер за да се олади напитокот. Пијте по една чаша од напитокот, додека не го потрошите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Детоксикација“ на животот во 5 лесни чекори

    „Детоксикација“ на животот во 5 лесни чекори

    Сите понекогаш чувствуваме дека животот ни е пренатрупан и посакуваме да ја изладиме главата и да се вратиме назад на вистинскиот пат. Има периоди кога се чувствуваме потиснато, флегматично и ни фали инспирација и мотивација. Некогаш тоа се случува поради многу обврски, поминување тежок период во животот или губење надеж поради неостварени сништа. Време е да ја кренете главата и да си ја вратите желбата за нови победи. Еве како да го детоксицирате својот живот во 5 чекори.rn

    „Детоксикација“ на животот во 5 лесни чекори

    rnrn

    Идентификувајте ги вашите слаби точки

    rnВо која област од вашиот живот во моментов се чувствувате потиснато и незадоволно? Дали станува збор за односите во семејството, кавга со пријател, или проблемот е во тоа што не сте доволно вреднувани на вашето работно место? Обрнете внимание на тие полиња. Така ќе знаете на што најмногу да ставите акцент и на што најмногу да обрнете внимание во текот на периодот на детоксикација.rn

    Јадете добро за да се чувствувате добро

    rnНе, не мора да држите диети до изгладнување, но вашата исхрана влијае на толку многу полиња во вашиот живот, така што и вашето расположение воопшто не е исклучок. Брзата и мрсна храна во вашата исхрана заменете ја со свежо сезонско овошје и зеленчук и здрави оброци.rnrnНе мора да се откажувате буквално од сè, држете се до неколку слатки и „забранети“ задоволства. Но со самиот внес на повеќе свежа и здрава храна, вашето тело брзо ќе почне да дава позитивни резултати, а вие ќе се чувствувате подобро знаејќи дека сте воспоставиле некаков ред во исхраната и сте останале доследни до својата одлука. Со детоксикација на животот, секако оди и детоксикација во исхраната.rn

    Пролетно чистење

    rnСе вика пролетно чистење, но не мора да ја чекате пролетта за да се одлучите на таков чекор. Се мисли на генерално и детално чистење на вашиот дом или местото каде работите. Со тоа што доведувате ред во вашата соба и се ослободувате од непотребните работи, ќе чувствувате дека имате целосна контрола над животот. По темелно чистење и вие сте нова личност.rnrnТоа што местото каде живеете и работите е чисто и мириса убаво, ќе направи да се чувствувате подобро и ќе бидете попродуктивни во работата како и во секојдневниот живот. Затоа станете од столчето и темелно средете го секое ќоше од вашата соба. Создадете пријатна и убава атмосфера и ослободете се од сè што не ви треба. Направете некоја промена во поставеноста на мебелот и задолжително преуредете го плакарот. Нели чувството е добро?rn

    Љубов за самите себе

    rnСега е време да ги средите мислите и да направите место за позитивни мисли. Сте знаеле ли дека секој ден во глава ни се вртат околу 70.000 мисли, од кои 90% се истите од претходниот ден? Што значи тоа? Дека вашата мисла го контролира вашето тело и вашите акции. Со тоа што ќе се сконцентрирате на позитивни промени и убави мисли, голема е веројатноста да ги задржите во вашиот ум многу долго време.rnrnПроблемот е во тоа што, ние луѓето сме навикнати да натрупуваме и многу негативни мисли. Со негативните мисли се оддалечуваме од позитивните нешта во животот и се оградуваме од чувството на мотивација и надеж.rnrnЧесто некој внатрешен глас знае да ни каже дека не сме доволно добри, убави, паметни. Прво, знајте ги овие мисли и бидете свесни за нивното постоење. Не игнорирајте ги, но спротивставете им се. Да, јас имам маани, но се прифаќам онаков/ва каков/ва што сум и навистина сум добар/ра во она што го правам. Пробајте да го кажете ова пред огледало. Дали постоењето на внатрешен глас во секој од нас звучи како лудост? Можеби, но не можеме да одречеме дека постои нешто што нè „јаде“ на моменти. Затворете му ја устата.rnrnИмате лош ден? Помирете се со фактот што секој понекогаш има падови и лоши моменти и дека сè се случува со причина. Она што сте имале лош ден можеби е само најава за одличниот кој следува, исто како што сонцето заоѓа за да изгрее наредниот ден. Целата филозофија за посреќен живот започнува со сакање на она што навистина сте и прифаќањето дека имате маани и лоши моменти, баш како и секој човек на планетата Земја.rn

    „Чистење“ на кругот на пријатели

    rnКако што имаме пријатели кои ќе нè мотивираат да бидеме поодговорни и поупорни, така имаме и онакви кои ќе нè натераат да бидеме пасивни и непродуктивни. Имате ли пријателства кои ве задушуваат или просто не ве инспирираат на позитивен начин? Вие сте број еден личноста за која треба најмногу да се грижите. Да, ставањето остра граница за да го спречите влијанието на таквите личности може да биде тешко. Но по одредено време, ќе ви биде јасно од каков товар сте се ослободите. Помислете на себе. Постојат ли личности кои секојдневно се во вашето опкружување, но не ви мислат добро, не се однесуваат добро и на вас влијаат негативно? Ваша е одлуката дали и понатаму ќе им дозволите да влијаат на таков начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.