КАФЕ ПАУЗА

Tag: детоксикација

  • 9 едноставни нешта што ќе ви помогнат да направите детоксикација на вашиот дом

    9 едноставни нешта што ќе ви помогнат да направите детоксикација на вашиот дом

    Сигурно имате слушнато за „чиста“ исхрана, но што е со „чистото“ живеење? Кога ќе земете предвид колку време поминувате во домот, нормално е на вашиот простор да му дадете љубов и внимание. Ако постојаното темелно чистење на домот не ви е омилена активност, постојат поедноставни начини со кои ќе ја намалите изложеноста на токсини и ќе го направите вашиот дом малку поздраво место за живеење.rnrn9 едноставни нешта што ќе ви помогнат да направите детоксикација на вашиот домrn

    1. Инвестирајте во зеленило

    rnНе само што растенијата ќе го подобрат изгледот на вашиот дом, туку тие се природни прочистувачи на воздухот. Некои видови се дури и добри за вашето здравје. Еукалиптусот, на пример, е познат по тоа што ги ублажува симптомите на респираторните нарушувања, го одржува здравјето на кожата и го намалува ризикот од бактериски инфекции.rn

    2. Соблечете ги чевлите

    rnВашите чевли се како магнет за нечистотија, бактерии и сè што се наоѓа надвор. Држете ги овие нечистотии надвор од домот со тоа што ќе ги соблекувате чевлите пред врата. Подобро е да инвестирате во домашни влечки наместо да носите чевли по дома.rn

    3. Отворете ги прозорците

    rnВоздухот во затворените простории може да биде и до 5 пати позагаден од надворешниот, дури и во најзагадените градови. Отворањето на прозорците на неколку минути секој ден ќе ви помогне да го прочистите застојаниот воздух.rn

    4. Користете помалку пластика

    rnПластиката е резултат на разни хемиски формули. Овие хемикалии навлегуваат во нивното опкружување – воздух, вода, прашина, дланки, храна… За некои од овие хемикалии постои сомнеж дека ја нарушуваат хормоналната рамнотежа, а ова може да резултира со здравствени проблеми. Најдобро е да користите садови направени од стакло или од метал секогаш кога можете.rn

    5. Набавете подобра правосмукалка

    rnHEPA (High-efficiency particulate air) правосмукалките со филтер можат да ги заробат и најмалите честички и да ви помогнат да се ослободите од алергените.rn

    6. Проветрете ја облеката од хемиско чистење

    rnХемикалиите коишто се користат на хемиското чистење можат да останат на влакната на облеката. Поради ова веднаш штом ќе ја земете облеката од хемиско, поставете ја во друга просторија или надвор за да се проветри.rn

    7. Направете ваше средство за чистење

    rnСигурно сте свесни дека средствата за чистење се полни со токсини. Но, природните средства можат да бидат навистина скапи. Благодарение на Интернетот, денес можете да најдете безброј рецепти за домашни средства за чистење кои ќе ве чинат многу малку.rn

    8. Набавете микрофибер крпи

    rnОвие крпи ја собираат нечистотијата и ја задржуваат на нив. Ова значи дека нема потреба многу често да користите хемиско средство за чистење. Набавете по една крпа за секоја просторија.rn

    9. Живејте природно

    rnОд ослободување од молци, до подобрување на мирисот во вашиот дом, не мора секогаш да се потпирате на хемиски средства. Истражете и ќе се изненадите кога ќе откриете дека има многу природни алтернативи за овие средства.rnrnПогледнете и кои се непотребните предмети во вашиот дом што треба веднаш да ги исфрлите.

  • 12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да си го подобрите здравјето

    12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да си го подобрите здравјето

    Хемиските токсини се наоѓаат во нашата храна, во воздухот, па дури и во омилените електронски направи. Пестицидите, живата и ураниумот се оние кои најмногу придонесуваат за нарушување на здравјето. Со помош на детоксикација можете да спречите многу здравствени проблеми кои започнуваат како резултат на изложеноста на овие токсини. Во продолжение погледнете 11 совети кои ќе ви помогнат да го исчистите вашето тело.rn

    1. Пијте црвено вино

    rn12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјетоrnrnМожеби звучи чудно тоа што алкохолен пијалак помага во чистење на организмот. Сепак, многу истражувања покажале дека само една чаша црвено вино на ден може да го подобри нивото на холестерол, па дури и да помогне во борбата против инфекциите на уринарниот тракт.rn

    2. Користете активен јаглен

    rn12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјетоrnrnАктивниот јаглен e всушност изгорено дрво, остатоци, па дури и лушпи од кокос. Изгорената супстанца нема кислород, па апсорбира многу повеќе. Може да отстрани поголем број од токсините, тешките метали и отровите од вашето тело. Се препорачува да испиете една капсула пред оброк или пред консумирање алкохол.rn

    3. Пијте многу вода

    rn12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјетоrnrnВодата природно ги отстранува лошите супстанци – колку повеќе пиете, толку побрзо токсините се исфрлаат преку урината. Можете да си направите одличен пијалак за чистење на телото: Додајте 2 лажици јаболков оцет во 3,5 литри вода и измешајте. Пијте од течноста секое утро.rn

    4. Избегнувајте рафинирани шеќери

    rn12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјетоrnrnРафинираните шеќери и вештачките засладувачи го тераат телото да го блокира природниот метаболизам и да собере премногу гликоза во крвта. Со ова се создава циклус на дебелеење, како и ризик од дијабетес и болести на срцето. Подобро е да користите органски кафеав шеќер, јаворов сируп и други природни засладувачи. Ќе забележите дека вашето тело треба да се ослободи од вишокот шеќер кога ќе чувствувате зголемена потреба за благо.rn

    5. Јадете органска храна

    rn12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјетоrnrnОрганските овошја, зеленчуци и месо не содржат токсини како пестициди и антибиотици. Органската исхрана ќе го подобри вашиот метаболизам и ќе му помогне на дигестивниот систем полесно да ги отстрани непотребните елементи од телото. Преработената храна никогаш не може да има онолку хранливи состојки колку што има органската. Ако можете, одгледувајте ги сами зеленчуците во двор, внатре во вашиот дом, или купувајте ги од локалниот пазар.rn

    6. Исчистете го воздухот од токсини

    rn12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјетоrnrnТоксините и токсичните супстанци може да влезат во вашиот дом преку прозорците. Па, чистењето на воздухот е одличен начин да не ги вдишувате штетните супстанци. Овде може да ви помогне прочистувач на воздух. Исто така редовно чистете ја прашината од покуќнината и подот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 знаци дека е време за детоксикација на вашата душа

    10 знаци дека е време за детоксикација на вашата душа

    Детоксикацијата на тело е нешто што веќе секојдневно го слушаме. Во нашите тела внесуваме толку многу работи кои не се добри за нас, па понекогаш е потребно да ги исчистиме. Но, малкумина знаат дека истото им е потребно и на нашите души. И умот и телото можат да бидат полни со негативности и работи кои се лоши за нашето здравје.rnrn10 знаци дека е време за детоксикација на вашата душаrn

    „Многу професионалци сметаат дека коренот на несреќата се депресивните мисли“, изјавил доктор Ендрју Веил.

    rnОва се некои од знаците кои покажуваат дека е време да направите детоксикација на вашата душа, но и како да го направите тоа.rn

    1. Барате негативности

    rnСигурно сте ја слушнале изреката: „Мизеријата сака друштво.“ Кога ќе забележите дека разгледувате и читате работи кои ве прават тажни, тогаш е време да застанете и да размислите за детоксикација на душата.rn

    „Негативните луѓе може да ве повлечат со нив и нема да го сфатите тоа долго време. Важно е да се спомене дека има разлика помеѓу негативна личност и личност што минува низ негативен период. Бидете свесни и за таа можност“, вели бизнис менторот Бев Џејмс.

    rnИсклучувањето на електронските направи и поврзувањето со луѓе кои навистина ги сакате е одличен начин да престанете да барате мизерија и да ја храните душата со лоши работи.rn

    2. Не сте свесни кога зборувате

    rnИмате ли забележано дека речиси секогаш кога зборувате кажувате саркастични работи? Дали ги повредувате чувствата на другите без да сакате да го направите тоа? Ова е знак дека е потребно да направите детоксикација на душата. Не сте свесни за нештата што ги кажувате бидејќи сте полни со негативност. Намерното подобрување на расположението на другите и размислувањето за добри нешта може да ви помогне во ова.rn

    3. Вашите пријатели не сакаат да бидат околу вас

    rnАко постојано оддавате негативна енергија, не е ни чудно што вашите пријатели не сакаат често да се дружат со вас. Ова е силен знак дека е време за промена за да можете повторно да се поврзете со пријателите. Престанете да ја барате негативноста и опкружете се со луѓе кои ве прават навистина среќни.rn

    4. Не чувствувате речиси ништо

    rnЕмоциите се она што нè прави луѓе. Немањето емоции е навистина лошо. Емоциите се неутрални, а начинот на кој се справуваме со нив ја прави ситуацијата подобра или полоша. Но, кога ќе престанете да чувствувате, кога ништо нема да ви биде ни добро ни лошо, време е за детоксикација.rn

    „Ја третираме хроничната болка со лекови. Ја третираме несоницата со апчиња за спиење. Го третираме вишокот килограми со исхрана и вежбање. А најштетно од сè, го обележуваме губењето на душата како ментална болест, како депресија. Ги прикриваме симптомите со лекови кои само ја влошуваат ситуацијата“, изјавила авторката д-р Лиса Ранкин.

    rnКога ќе дојдете во допир со вашите сетила, ќе ги вратите вашите емоции и вашата „рана“ ќе почне да заздравува.rn

    5. Уживате во несреќата на другите

    rnНаместо да бидете сочувствителни кога работите им одат на лошо на другите, вие уживате во тоа што нешто лошо му се случува на некој друг. Како би сакале другите да реагираат ако сте во кожата на таа личност? Соочувањето со овој проблем е најдобриот начин за детоксикација.rn

    „Проблемот е што многу огорчени луѓе не сфаќаат дека се такви. Бидејќи се премногу убедени дека се во право, не можат да ги согледаат своите грешки. Колку повеќе расте коренот на огорченоста, толку е потешко да се отстрани.“ – Крег Грешел.

    rn

    6. Ве нервираат среќните луѓе

    rnОпкружувањето со среќни луѓе може да направи да се чувствувате уште помизерно. Можно е да се чувствувате како да сте одделени од вашите позитивни емоции.rn

    „Заедничка особина на многу среќни луѓе е тоа што се прифаќаат онакви какви што сте. Додека ние немаме контрола врз сè што се случува надвор во светот, можеме да го контролираме она што се случува во нас – како размислуваме, што чувствуваме и како реагираме на тие надворешни ситуации. Квалитетот на нашите животи е одреден од тие мисли и постапки“, изјавил Дон Гласкин.

    rnМедитацијата и опкружувањето со луѓе кои ги сакате ќе ви помогне да го отстраните ова негативно чувство. Среќата треба да биде заразна, а не да ве разочарува.rn

    7. Проблеми со спиењето

    rnИли не можете да заспиете, или не можете да останете заспани, или пак не можете да се разбудите. Можеби имате кошмари кои ве будат сред ноќ. На овој начин вашата душа се обидува да ви каже дека е време за детоксикација. Медитацијата е одлична алатка која ќе ви помогне да се поврзете со вашата душа и да се наспиете за да можете да се чувствувате подобро во текот на денот.rn

    8. Постојано сте жртва

    rnБарем така се гледате вие. Секогаш сте личноста која е изневерена или на која сите ѝ грешат. Ако постојано се наоѓате во улога на жртва, можеби е време да се прашате дали навистина тоа е вашата улога. Можеби негативноста конечно ве престигнала.rn

    „Негативните мисли создаваат негативни зборови, кои пак создаваат уште повеќе негативни мисли. Тренирајте се да забележите секогаш кога размислувате, зборувате или се однесувате негативно. Штом ќе го забележете тоа, веднаш променете го ставот“, изјавува авторот Дар Пејмент.

    rn

    9. Избегнувате медитација или молитва

    rnОвие активности нè тераат да поминуваме време со себе и со нашите мисли во најискрените и најранливите моменти. Ако го избегнувате ова, веројатно има нешто во вашата душа со коешто не сакате да се соочите. Почнете со мали чекори и фокусирајте се на медитацијата сè додека не ја исчистите вашата душа.rn

    „Медитацијата ја смирува душата. Погледот внатре во себе е одличен начин да го исчистите духовниот отпад. Слушањето на вашата внатрешна мудрост е брз начин да го отстраните она што не ви служи“, вели инструкторката по јога Ребека Батлер.

    rn

    10. Секогаш ви е здодевно

    rnНишто не ве исполнува. Вашите хобија не ве интересираат и ништо не ви звучи забавно. Ако се чувствувате вака, потребно е да направите детоксикација за да можете повторно емоционално да се поврзете со нештата што ги сакате. Побарајте помош и поддршка и поврзете се со нештата што ви причинуваат задоволство.rn

    „Кога лошите хемикалии се таложат во нашите тела, ние се полниме со токсини. Ова може да направи да се чувствуваме летаргично, па дури и болно. На сличен начин, негативните емоции може да се наталожат во телото. Тие може да бидат како товар на вашиот ум, дух и тело ако ги игнорирате“, изјавиле докторите Ерик и Сабрина Ан Зиелински.

    rnНашите тела и нашите души го бараат нашето внимание кога станува збор за негативност и работи кои се лоши за нас. Внимавајте на овие знаци во случај да ви е потребна детоксикација на душата. Не се разболуваат само нашите тела, тоа им е случува и на умот и на душата.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека доживувате „губење на душата“.

  • Докторите предупредуваат: Еве зошто детоксикацијата после празниците е опасна!

    Докторите предупредуваат: Еве зошто детоксикацијата после празниците е опасна!

    Детоксикација и слабеење се двата збора кои веднаш после празниците се најмногу пребарувани на Интернет, бидејќи сите сме полни со храна од претходните денови.rnrn1-doktorite-predupreduvaat-eve-zoshto-detoksikacijata-posle-praznicite-e-opasna-www.kafepauza.mk_rnrnНо, ако мислите дека решението е детоксикација, тогаш се лажете, предупредуваат британските доктори кои велат дека радикалните мерки никогаш не се добри за организмот. Како пример го навеле случајот на една жена од минатата година која стигнала во опасна по живот ситуација после детоксикација со бројни суплементи, односно коктели со витамин Б, корен од валеријана, сурутка, глутамин, тианин и пиење голема количина вода. Таа четириесетгодишна жена се подобрила после интензивно лекување во болница. Пред тоа ја изгубила свеста и имала халуцинации. Тестовите покажале дека имала опасно ниско ниво на сол во организмот.rnrnИако изгледа како корисна идеја да го исчистите организмот после претерувањето за време на празниците, тој концепт не е секогаш здрав и нема поддршка од медицинската заедница.rnrn2-doktorite-predupreduvaat-eve-zoshto-detoksikacijata-posle-praznicite-e-opasna-www.kafepauza.mk_rn

    „Прекумерното внесување вода како начин за ‘чистење на организмот’ се базира на погрешното верување дека на тој начин сѐ што е штетно може да ‘испари’ од организмот“, напишале докторите.

    rnДодаваат и дека, покрај спротивните маркетиншки тврдења, билните суплементи не се без несакани дејства. Британскиот диетски сојуз додава дека целата идеја за детоксикација е всушност глупост.rn

    „Не постојат волшебни таблети, напивки, лосиони или фластери. Телото го сочинуваат бројни органи, како кожа, бубрези и црн дроб, кои постојано го прочистуваат организмот од глава до пети“, потсетуваат докторите. „Организмот треба да биде хидриран, но преголемата количина вода може да биде подеднакво опасна како и премалата. Иако звучи предвидливо, разумната исхрана и редовната физичка активност се најдобрата стратегија за одржување на здравјето.“

    rnНо, доколку инсистирате за детоксикација на организмот и сакате да го направите тоа на правилен начин, тогаш погледнете ја оваа брза детоксикација на организмот по завршувањето на празниците.

  • Време е за брзо чистење на организмот: Детоксикација за еден викенд!

    Време е за брзо чистење на организмот: Детоксикација за еден викенд!

    Ако сте константно уморни, а ви изгледа дека се одмарате доволно, ако вашиот тен е сивкав и имате темни подочници, тогаш итно ви е потребна детоксикација бидејќи со сето ова доаѓа ослабен имунитет, инфекции и настинки. Денес ви откриваме викенд детоксикација што има многу здравствени предности. Ги чисти токсините од црниот дроб, бубрезите, дробовите, лимфите и цревата. Потребно е да внесувате доста течности и колку што е можно повеќе да намалите консумирање мрсна храна. Можете да ја примените двапати годишно по 10 дена или неколку пати годишно по 2 дена.rnrn1-vreme-e-za-brzo-chistenje-na-organizmot-detoksikacija-za-eden-vikend-www.kafepauza.mk_rn

    Сабота

    rn

    Појадок:

    rn

      rn011

    • Млака вода
    • rn011

    • 100 грама зобни снегулки
    • rn011

    • 1 лажичка ленено семе
    • rn011

    • 250 милилитри павлака или зелен чај
    • rn011

    • 60 грама свежи боровинки
    • rn011

    • 200 милилитри јогурт или бадемово млеко
    • rn

    rn

    Ручек:

    rn

      rn011

    • 250 милилитри вода
    • rn011

    • Салата (домат, зелка, рокула)
    • rn011

    • 250 грама ослич на скара
    • rn011

    • Блитва и маслиново масло
    • rn011

    • Компир
    • rn011

    • Мала банана
    • rn011

    • Парче диња
    • rn

    rn

    Ужина:

    rn

      rn011

    • 250 милилитри вода
    • 011rn

    • 1 јаболко
    • rn011

    • 180 милилитри јогурт
    • rn011

    • 30 грама семки од тиква
    • rn

    rn

    Вечера:

    rn

      rn011

    • 250 милилитри вода
    • rn011

    • Салата (додајте сок од лимон и маслиново масло)
    • rn011

    • Интегрални тестенини
    • rn011

    • 150 грама туна на скара
    • rn011

    • 60 грама зеленчук (спанаќ и брокула)
    • rn

    rn2-vreme-e-za-brzo-chistenje-na-organizmot-detoksikacija-za-eden-vikend-www.kafepauza.mk_rn

    Недела

    rn

    Појадок:

    rn

      rn011

    • Чаша млака вода
    • rn011

    • 100 грама зобни снегулки
    • rn011

    • 1 лажичка ленено семе
    • rn011

    • 200 милилитри бадемово млеко или диетален јогурт
    • rn011

    • 1 круша
    • rn011

    • Зелен чај
    • rn

    rn

    Ручек:

    rn

      rn011

    • 250 милилитри вода
    • rn011

    • Вегетаријанска супа (пиперка, грашок, компир, морков, лук, целер)
    • rn011

    • 200 грама скара
    • rn011

    • 150 грама кисели краставички
    • rn

    rn

    Ужина:

    rn

      rn011

    • Грејпфрут
    • rn

    rn

    Вечера:

    rn

      rn011

    • Интегрални тестенини
    • rn011

    • Чај од коприва
    • rn011

    • Репка или морков со лимонов сок
    • rn

    rnДоколку барате пијалаци кои се одлични за детоксикација на организмот, тогаш ви предлагаме да го подготвите овој зелен пијалак за забрзување на метаболизмот и детоксикација на организмот.

  • 5 сигнали кои откриваат дека ви е потребна дигитална детоксикација

    5 сигнали кои откриваат дека ви е потребна дигитална детоксикација

    Дали некогаш сте се почувствувале лошо после гледањето туѓи фотографии на Инстаграм? Можете ли да се присетите како изгледал вашиот живот претходно, во ерата без грижи за тоа колку лајкови ќе добиете на Фејсбук? Дали можете да замислите да не поминете ни две минути средувајќи ја фотографијата пред да ја објавите? Дали некогаш се запрашувате каков би бил животот без социјалните мрежи?rnrn1-5-signali-koi-otkrivaat-deka-vi-e-potreben-digitalna-detoksikacija-www.kafepauza,mk_rnrnНајважното од сите прашања кое треба да си го поставиме во врска со влијанието кое социјалните мрежи го имаат над нашиот живот е следното: „Дали уживам во споделувањето содржини на социјалните мрежи, склопувањето нови онлајн познанства и конверзациите со непознати луѓе?“ Ако вашиот одговор е „Не“, можеби е вистинско време за дигитална детоксикација. Доколку не сте сигурни, тогаш проверете дали можете да препознаете кај себе неколку од следните сигнали кои укажуваат на тоа дека дошол моментот кога треба да исчезнете од социјалните мрежи, барем на некое време.rn

    1. Чувствувате болка во зглобовите, грбот и вратот

    rnЗамижете неколку минути и слушајте го вашето тело. Чувствувате ли некаде болка и напнатост? Заземате ли неприродна положба додека го користите телефонот, таблетот или компјутерот?rn

    2. Чувствувате дека имате потреба да отидете некаде, само за да го покажете тоа на социјалните мрежи

    rnСега се враќаме на прашањето од почетокот на текстот. Се чувствувате лошо или несигурно споредувајќи го вашиот живот со Инстаграм профилите на луѓето кои ги следите? Забележувате дека станувате љубоморни, вознемирени или едноставно иритирани додека ги гледате туѓите фотографии? Доколку сте започнале да го споредувате вашиот живот со животот на другите, наместо нивните фотографии едноставно да ве инспирираат, можеби е вистинско време да размислите дали социјалните мрежи ви помагаат или одмагаат во животот.rnrn3-5-signali-koi-otkrivaat-deka-vi-e-potreben-digitalna-detoksikacija-www.kafepauza,mk_rn

    3. Потребно ви е повеќе од половина час за да ја „дотерате“ објавата

    rnОсвен ако е во прашање навистина долга објава, најверојатно е дека само премногу размислувате за неа. Дали сте под стрес кога ја поставувате вашата содржина на социјалните мрежи? Какво е чувството доколку цел ден не ги користите социјалните мрежи? Ако она што го поставувате не е автентичен одраз на вашата личност, туку го трошите времето за да креирате некаква совршена онлајн личност, време е за преиспитување. Зошто го правите тоа?rn

    4. Поради социјалните мрежи ги занемарувате другите обврски

    rnКолку време всушност поминувате на социјалните мрежи? Постојат ли некои други точки на вашата листа на „уживање и опуштање“, кои никако не успевате да ги реализирате? На пример, излегување на кафе со пријателката од средно, одење на масажа, книги кои не стигнувате да ги прочитате?rn

    5. Чувствувате дека не го правите тоа што го сакате

    rnДали социјалните мрежи ве усреќуваат, ве инспирираат, ве поврзуваат со вашата цел и градат навистина задоволувачки односи со луѓето кои ви се допаѓаат? Доколку тоа не е така, што е тоа што треба да си го дозволите за да ја почувствувате вашата вистинска вредност, за на она што го правите, и на луѓето околу вас, да можете неизмерно да им ја дадете вашата љубов?rnrnЦелта на вашите одговори на овие прашања не е да ве наведат целосно да се исклучите од дигиталниот свет, што во денешно време е скоро невозможно, туку пред сѐ да проверите што е она што вашето срце навистина го сака. Дигиталната детоксикација може да биде едноставен процес, на пример, да не ги користите социјалните мрежи во текот на еден ден, или може да потрае подолго, како на пример, недела или месец. Важно е тоа да биде она што ќе одговара на вашите вредности и погледи на светот.rnrn2-5-signali-koi-otkrivaat-deka-vi-e-potreben-digitalna-detoksikacija-www.kafepauza,mk_

  • Кафе со глуварче за детоксикација: Напивка што ќе ве спаси од тегоби и подуеност

    Кафе со глуварче за детоксикација: Напивка што ќе ве спаси од тегоби и подуеност

    Нема поубава слика од онаа кога ќе дојде пролет, а на ливадите ќе се појават златните главчиња на млечните глуварчиња. Ова растение, кое можеме да го забележиме насекаде, во себе крие голем број лековити својства. Освен што е одличен извор на витамини и минерали, тоа помага и во детоксикацијата на организмот. Оваа драгоцена билка го прочистува црниот дроб и крвта, помага околу подуеноста и им се препорачува на луѓето кои страдаат од дијабетес и висок крвен притисок. Секој дел од ова растение е корисен за нашиот организам, но коренот е најбогат со минерали.rnrnКафе со глуварче за детоксикација: Напивка што ќе ве спаси од тегоби и подуеностrnrnГлуварчето е познато по неговиот стимулирачки ефект што го има на дигестивниот систем и црниот дроб. Неговиот горчлив вкус помага во производството на дигестивни сокови и затоа го поттикнува природниот процес на детоксикација во организмот.rnrnОсвен што од глуварчето може да се направи чај, малку познато е тоа што од него исто така може да направите и еден вид кафе. Оваа напивка не содржи кофеин, но има богат и темен вкус, сличен на оној на кафето. Одличен избор е за луѓето кои имаат проблеми со стомакот, бидејќи содржи повеќе природни витамини од кафето.rnrnПа, како да направите кафе од глуварче?rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажичка прав од коренот на глуварчето
    • rn011

    • 240 милилитри вода
    • rn011

    • 1 стапче цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИспечете го коренот во рерна, а потоа откако ќе се излади, сомелете го за на крајот да личи на прав од кафе. Во врела вода додајте го правот од глуварчето и циметот и оставете го на шпорет додека водата не почне да врие. Потоа намелете ја температурата и оставете ја водата така уште 5 минути. Напивката би требало да добие темна боја. Исцедете го кафето во шолја, додајте малку млеко и послужете.rnrnМожеби ќе ви се допадне и ова црно кафе кое ќе го маѓепса вашето срце.

  • Еднодневна детоксикација за сите зафатени жени што се грижат за своето здравје

    Еднодневна детоксикација за сите зафатени жени што се грижат за своето здравје

    Детоксикацијата на телото е многу важна и ако ги прашувате докторите, треба да се прави секој месец. Со оглед на тоа што не можеме постојано да контролираме каква храна внесуваме во организмот, ова е најдобриот начин да го ослободиме телото од штетните состојки. Овој пат, ви претставуваме одличен еднодневен детоксикациски план доколку немате време да одвоите повеќе време, а сакате да бидете поздрави.rnrnЕднодневна детоксикација за сите зафатени жени што се грижат за своето здравјеrn

    Наутро

    rnДенот започнете го со чаша млака вода со свежо исцеден лимонов сок што го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето. Пред појадокот не би требало да правите тешки вежби, па ако сакате да бидете активни, одберете јога бидејќи таа ве буди и ви дава сила за целиот ден. За појадок подгответе оброк што ќе ви даде доволно енергија и ќе ве држи сити до самиот ручек. Смудито е едно од најдобрите решенија. За време на процесот на детоксикација, најдобро е да го исфрлите кафето и да изберете зелен чај.rn

    Во текот на денот

    rnКолку повеќе се движите, толку подобро ќе се чувствувате. Ако не можете да излезете на пауза, тогаш барем прошетајте низ канцеларијата. За ручек не одбирајте тешки оброци, туку заменете го месото со супа или салата, а по јадењето размрдајте се за да го поттикнете варењето. Ако мислите дека не можете да издржите до вечерата, тогаш додајте една здрава ужина. Најдобро е тоа да биде зелен сок, направен од комбинација на зелени овошја и зеленчуци.rn

    Навечер

    rnПред да тргнете кон дома, дозволете си спа третман или масажа со цел да се опуштите. Нека вечерата ви биде здрава, богата со протеини и со свежо овошје. За крај, сонот е клучен – бидејќи тогаш телото најдобро се чисти од токсини. Сонот е поврзан со губењето килограми, нивото на стрес и целокупното здравје. Пред спиење можете да направите и неколку јога пози за дополнително опуштање.

  • 5 начини да го исчистите телото по пиењето антибиотици

    5 начини да го исчистите телото по пиењето антибиотици

    Единствената намена на антибиотиците е да ги елиминираат бактериите што предизвикуваат одредени болести на организмот. Но, иако тие имаат позитивни страни, сепак имаат и несакани последици што можат да доведат до слабеење на имунитетот и уништување на „добрите“ бактериите во организмот – оние од суштинска важност за нашето здравје.rnrn5 начини да го исчистите телото по пиењето антибиотициrnrnАнтибиотиците не ги уништуваат само патогените бактерии, туку и претходно споменатите „добри“ бактерии (што помагаат при варењето на храната, создаваат невротрансмитери, синтетизираат витамини…), па затоа е многу важно да се обидете што побрзо да си го заздравите организмот, особено ако сте ги пиеле оние со широк спектар. Чистењето на организмот претставува секојдневен труд, но тоа е единствениот начин на кој ќе успеете да одржите рамнотежа помеѓу бактериите и габите, односно кандидата, што може значително да му наштети на вашето здравје.rnrnПостојат неколку начини на кои можете да го подобрите имунитетот и да го исчистите телото по земањето антибиотици:rnrn1. Еден од најдобрите начини е да започнете процес на чистење на организмот така што ќе консумирате храна што е богата со антиоксиданси. Тоа се овошјата и зеленчуците! Храната богата со антиоксиданси ќе ги елиминира и отстрани остатоците од антибиотикот во клетките и крвта и ќе ви го подобри имунитетот. Сировите овошја и зеленчуци би требало да се состојат во поголемиот дел од вашата исхрана за да можете одново да поставите рамнотежа во организмот.rnrn2. По земањето антибиотик, добро би било да вклучите и витамин Ц во форма на суплементи. Препорачаната дневна доза од овој витамин е 500 милиграми и нема потреба да ја надминувате бидејќи организмот ќе ви го исфрли вишокот.rnrn3. Од исхраната исфрлете го обработениот шеќер, преработената храна, скробот, вештачките бои и вкусови, како и конзервансите бидејќи претставуваат добра база за создавање и развивање кандида. Би требало да избегнувате и одредени овошја што имаат висок процент на шеќер. Побарајте здрави алтернативи за засладување во периодот на чистење на организмот.rnrn4. Послушајте го најдобриот совет за здравје и внесувајте бар 2 литра вода дневно. На тој начин го прочистувате црниот дроб, заедно со бубрезите и го подобрувате имунитетот.rnrn5. Не заборавајте на пробиотските суплементи што е добро да се пијат и за време на антибиотиците, а не само потоа. Изберете квалитетни и проверени пробиотици бидејќи стомачната киселина ги елиминира повеќето од оние што се наоѓаат на пазарот. Исто така, по завршувањето со антибиотиците, можете да консумирате и домашни ферментирани производи (јогурт, кефир…) што ќе ја обноват вашата цревна флора.rnrnПрочитајте ги и овие 4 важни нешта кои треба да ги знаете за антибиотиците.

  • Како да проверите дали на вашето тело му е потребна детоксикација?

    Како да проверите дали на вашето тело му е потребна детоксикација?

    Акумулацијата на токсини во телото го нарушува вашето здравје и предизвикува појава на различни болести, а исто така насобраните токсини предизвикуваат дебелина кај многу луѓе. Во книгата „Зелено смуди за совршен почеток на денот“, од авторката Џеј Џеј Смит, покрај рецептите за детоксикација, можете да пронајдете и тест за самопроценка за тоа колкаво е нивото на токсини во вашето тело. Врз основа на тој тест, ќе знаете дали ви е неопходна детоксикација.rnrnТест за проценка на самите себе: Проверете дали му е потребна детоксикација на вашето телоrnrnПрочитајте ги прашањата и на секој потврден одговор, додајте си по 1 поен.rn

      rn011

    • Дали сте желни за слатки, леб, тестенини, бел ориз и/или компир?
    • rn011

    • Јадете ли преработена храна (вечера пред телевизорот, варено месо, сланина, супа од конзерва, закуски) или брза храна најмалку 3 пати неделно?
    • rn011

    • Пиете ли пијалаци со кофеин, како кафе или чај, повеќе од 2 пати дневно?
    • rn011

    • Пиете ли диетални сокови или додавате вештачки засладувачи најмалку еднаш дневно?
    • rn011

    • Спиете ли помалку од 8 часа дневно?
    • rn011

    • Пиете ли помалку од 2 литра вода на ден?
    • rn011

    • Дали сте премногу чувствителни на чад, хемикалии или издувни гасови во опкружувањето?
    • rn011

    • Дали неодамна сте земале антибиотици, антидепресиви или некои други лекови?
    • rn011

    • Дали сте земале пилули за контрацепција или други естрогени, како што е заменската хормонска терапија?
    • rn011

    • Имате ли чести габични инфекции?
    • rn011

    • Имате ли сребрени пломби на забите?
    • rn011

    • Користите комерцијални детергенти за чистење, козметика или дезодоранси?
    • rn011

    • Јадете неорганско овошје, зеленчук или месо?
    • rn011

    • Дали некогаш сте пушеле или сте биле изложени на чад од цигари?
    • rn011

    • Дали сте дебели или имате целулит?
    • rn011

    • Дали на работа сте изложени на токсини од опкружувањето?
    • rn011

    • Дали живеете во главни градски области или близу голем аеродром?
    • rn011

    • Дали се чувствувате уморно, исцрпено или сте бавни во текот на денот?
    • rn011

    • Дали имате потешкотии со концентрацијата и вниманието?
    • rn011

    • Дали страдате од надуеност, лошо варење или чести гасови после јадењето?
    • rn011

    • Дали сте имале повеќе од 2 настинки или грип во 1 година?
    • rn011

    • Имате ли чести крвавења од носот, потешкотии со сонцето или течење на носот?
    • rn011

    • Забележувате ли дека понекогаш имате лош здив, наслаги на јазикот или силен мирис на урината?
    • rn011

    • Имате ли темни кругови под очите?
    • rn011

    • Дали често сте тажни и депресивни?
    • rn011

    • Се чувствувате ли често нервозни, вознемирени или напнати?
    • rn011

    • Имате ли акни?
    • rn011

    • Имате ли помалку од едно празнење на цревата на ден и/или повремен запек?
    • rn011

    • Патите од несоница или спиете немирно?
    • rn011

    • Дали ви е заматен видот и дали ве чешаат или печат очите?
    • rn

    rnТест за проценка на самите себе: Проверете дали му е потребна детоксикација на вашето телоrn

    Резултати

    rnКолку поголем број поени имате, толку повеќе е можно да имате токсини во вашето тело, па ви е потребна програма за детоксикација и чистење. Откако ги одговоривте прашањата, соберете ги поените и во продолжение погледнете ги резултатите.rnrnАко имате 20 или повеќе поени: Ќе имате значајна корист од детоксикацијата, која може да доведе до губење на тежината и подобрување на здравјето и виталноста. Препорачливо е да размислите за различни начини на детоксикација на вашето тело.rnrnАко имате помеѓу 5 и 19 поени: Најверојатно ќе имате корист од програмата за детоксикација за подобрување на вашето здравје и виталност.rnrnАко имате помалку од 5 поени: Можеби навистина немате вишок токсини во телото и живеете многу здрав начин на живот. Браво!