КАФЕ ПАУЗА

Tag: дестинација

  • Планинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!

    Планинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!

    Ширакава е традиционално село сместено на јапонските Алпи кое е популарно ширум светот поради идиличната атмосфера што ја создаваат куќите со нивната специфична архитектура. Скриено меѓу високите планини и густите шуми во централна Јапонија, освен по прекрасната природа, селото се карактеризира и со традиционални куќи. Ги нарекуваат gassho-zukuri и за нив се карактеристични сламените покриви кои наликуваат на раце склопени во молитва.rnrnПланинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!rnrnКуќите создаваат романтична атмосфера во зима кога се покриени со снег, но исто така и во пролет кога цутат црешовите дрвја.rnrnВо раните 1990-ти, ова бајковито село кое е сместено во префектурата Гифу било вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО, што довело до зголемување на бројот на туристи. Малата рурална заедница со 1.600 жители годишно броела околу 2,15 милиони туристи од целиот свет.rnrnПланинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!rnrnМеѓутоа, во 2019 година, властите одлучија да ги ограничат посетите со воведување листа на чекање за туристи, а следната година Ширакава повторно го разбуди интересот кога се најде на холандската листа на најодржливи дестинации во светот.rnrnОсвен што живеат во хармонија со природата и избегнуваат масовен туризам, овдешните жители строго се придржуваат до мерките за заштита од пожар. Меѓу другото, овде е забрането пушењето со цел да се спречат пожари. Од почетокот на 2021 година, општинските власти, вклучително и префектурата на Гифу, преземаат строги мерки за заштита на локалното население и од пандемијата, па на туристите им се препорачува да се запознаат со забраните и правилата пред да го посетат селото.rnrnОткако прочитавте за ова преубаво јапонско село, можеби ќе сакате да прочитате и за најголемото село на вода, познато уште како и Венеција на истокот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!

    Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!

    Езерото Анси се смета за едно од најчистите и најубавите езера во Европа, а се наоѓа во истоимениот град кој уште е познат и како алпска Венеција поради многуте канали, но и прекрасната архитектура. Градот е вистински бисер на француските Алпи, пред сè поради живописниот пејзаж кои го сочинуваат прекрасните планински врвови и магичното глацијално езеро.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnГратчето се наоѓа во Југоисточна Франција, 35 километри јужно од Женева и 150 километри од Лион. Тоа е идеална дестинација доколку сакате да избегате од гужвите на големите градови. Сигурно нема да ве остават рамнодушни малите мостови, уличките, продавниците и пазарите.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnНајпознатата туристичка атракција во градот е замокот Анси, кој денес служи како музеј и е прогласен за историски споменик од страна на Министерството за култура.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnВо замокот се изложени многубројни скулптури и слики од локалните уметници, а од посебно значење е колекцијата од 15 век па наваму на мебел, фотографии и макети на алпски планински куќи. Замокот бил изграден меѓу 12 и 16 век и служел како резиденција на женевските грофови и војводи. Во текот на историјата, замокот бил уништен во пожар неколку пати и напуштен во 17 век. Потоа, служел и за потребите на војската сè до 1947 година. Денес во замокот се наоѓа и опсерваторија.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnВреди да се посети и Palais de l’Isle (Островска палата) од 12 век, која некогаш служела и како затвор. Помеѓу езерото и стариот град пак, се наоѓа Мостот на љубовта кој нуди преубав поглед кон езерото, а во близина се наоѓа и паркот Jardins de l’Europe (Европски градини) каде можете да уживате во природата.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnОсвен тоа, токму овде секоја година во текот на јуни се одржува најстариот фестивал за анимирани фестивали во светот (основан е во 1960 година).rnrnВо секој случај, нема да погрешите со изборот на ова гратче доколку сте во потрага по мало, идилично место кое ќе ви ја долови магијата на Франција.rnrnОткако прочитавте за малото француско гратче Анси, можеби ќе сакате да прочитате и за градот на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушнато.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Дали знаете кој е најтоплиот и најзелениот германски град?

    Дали знаете кој е најтоплиот и најзелениот германски град?

    Фрајбург е истовремено најтоплиот и најзелениот град во Германија. Во 1975 граѓаните со голем протест ја прекинале планираната изградба на нуклеарен генератор во близина на полињата и оттогаш градот полека се претворил во пример за одржливост.rnrnДали знаевте кој е најтоплиот и најзелениот германски град? rnrnОд велосипедски патеки па сè до градини, градското собрание користи енергија добиена исклучиво од соларни панели и посветува посебно внимание на локално произведената храна. Со други зборови, овој студентски град ги нуди сите услови за квалитетен и здрав живот.rnrnДали знаевте кој е најтоплиот и најзелениот германски град? rnrnЦелиот град е рај за велосипедистите поради присуството на велосипедски патеки долги 400 километри. Тие се протегаат и низ околните шуми и села. Велосипедите можат да се изнајмат преку апликација. Посебно занимлива е турата која минува покрај реката Драјзам, разноразните градини, паркот со скулптури, како и живописните улични мурали.rnrnДали знаевте кој е најтоплиот и најзелениот германски град? rnrnДоколку се одлучите да се возите со жичницата која патем се одликува со најдолгата патека во Германија, нема да зажалите. Нејзиното име Schauinslandbahn буквално означува „поглед кон внатрешноста“  – жичницата од врвот висок 1220 метри нуди преубав поглед на градот и околината, а свежиот воздух исполнет со мирис на борови дрвја е пријатен и релаксирачки.rnrnДали знаевте кој е најтоплиот и најзелениот германски град? rnrnВаубан е пример за еколошка, одржлива населба. Тука нема автомобили, а местата за паркирање се заменети со зелени површини. Сите куќи се нискоенергетски и сите користат соларни панели. Продавниците и кафулињата изобилуваат со органски опции, а тука ќе најдете и работилници за решавање конфликти! Дали е тоа европска иднина или само утопија ќе покаже времето.rnrnДали знаевте кој е најтоплиот и најзелениот германски град? rnrnНа сите им е добро познат фактот дека германското пиво е едно од најдобрите пива во светот. Тоа се должи на стар закон според кој за производство на пивото биле дозволени само четири состојки: хмељ, вода, квасец и слад. Најпознатите пивници во градот се Гантер и Фајерлинг чии рецепти за производство на пиво датираат дури од 18 век. Тие исто така организираат тури во кои им објаснуваат на посетителите како да ги искомбинираат историските рецепти со напредната технологија. Доколку го посетите овој град, не пропуштајте да го пробате и локалниот пијалак Weir кој е комбинација од пиво и вино.rnrnОткако прочитавте за германскиот град Фрајбург, можеби ќе сакате да прочитате и за германскиот град кој е сè уште енигма за туристите.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Долина на елените: Бајковита дестинација во близина на Плитвичките езера

    Долина на елените: Бајковита дестинација во близина на Плитвичките езера

    Еден од најубавите делови на Хрватска се Плитвичките езера, чија околина нуди низа сместувања за релаксирачки одмор во природа. Ако сакате нешто поразлично, што навистина ќе биде лек за вашиот ум и душа, ви го предлагаме ова бајковито место во областа на Дрежник што е на само 12 километри од Плитвичките езера. Ранчот „Долина на елени„ во рамките на семејната фарма Бишаниќ, основана во 2009 година се занимава со одгледување елени и е на површина од околу 15 хектари.rnrnМоментално не можеме да патуваме, но ставете го ова место на вашата листа за идни патувања. Треба да направите резервација однапред, а билетот чини околу 600 денари.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Ranch Dolina Jelena (@ranch_dolinajelena) el

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Lidija Lešić (@lidijalesic) el

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Tijana Stojanović (@tijana.stojanovic_) el

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Daria i Maja (@kadrionica) el

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Tihana Gutenkunst Bikić (@belgravian44) el

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Bezminica (@bezminica) el

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Sofi Sofija (@sofisofija_) el

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de silviavicol (@silvia.vicol) el

    rnrn

    rnrnrnПрочитајте и за оваа невообичаена шума која ги збунува ботаничарите.

  • Која дестинација сакаат да ја посетат најголем број луѓе пред да умрат?

    Која дестинација сакаат да ја посетат најголем број луѓе пред да умрат?

    Сите ние имаме некоја земја што ни е омилена и што би сакале да ја посетиме некогаш во животот. Најновите истражувања откриле дека тропските острови се првиот избор на повеќето луѓе. Според тоа, не е никакво изненадување тоа што токму Хаваите се најчестата дестинација што луѓето би сакале да ја посетат пред да умрат.rnrnКоја дестинација сакаат да ја посетат најголем број луѓе пред да умрат?rnrnСпоред истражувањето, 74% од младите кои често патуваат имаат направено листа на нешта што би сакале да ги направат во животот. Сите такви листи содржеле барем една работа што е поврзана со некакво патување. Интересно е тоа што од сите овие работи, токму островската земја Хаваи се нашла на врвот.rnrnОсвен Хаваи, луѓето исто така изјавиле дека би сакале да ги посетат Алјаска, Калифорнија, Аризона, Невада и Њујорк.rnrnКоја дестинација сакаат да ја посетат најголем број луѓе пред да умрат?rnrnПа, зошто би сакале да одите на Хаваите? Одговорот е многу едноставен! Културата е опуштена, има голем избор на луксузни хотели, неверојатна природа и можност за доживување огромен број на незаборавни искуства. Хаваите се несомнено најдобриот избор за одмор, релаксација и неверојатен помин.rnrnСе согласувате дека мора да ја посетите оваа дестинација пред да умрете? Во тој случај, погледнете ја и оваа прекрасна куќа на Хаваите.

  • Зошто Закинтос да биде вашата летна дестинација?

    Зошто Закинтос да биде вашата летна дестинација?

    [message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrniguana-logornrnПогледнете ја понудата за Закинтосrnrn[/message_box]rnrnСѐ уште се двоумите каде да го поминете долго очекуваниот одмор? Доколку една од потенцијалните дестинации ви е прекрасниот јонски остров Закинтос, еве неколку причини зошто да отпатувате токму таму…rnrnzoshto-zakintos-da-bide-vashata-letna-destinacija-kafepauza.mkrnrn1. Закинтос, познат уште и како Занте, претставува возбудлива дестинација за летните одмори. Овој остров ви нуди можности за креативни, опуштени и авантуристички одмори, нешто што ќе ги задоволи вкусовите и на оние што сакаат мирен, семеен одмор, но и на оние што се во потрага по нешто необично, романтично, забавно…rnrn2. Закинтос претставува центар на забавите во целиот јонски регион на Грција, брегот на островот е обвиен со преку 130 километри прекрасни плажи, централната маса е прекриена со неверојатно бујна вегетација која ги одмара очите и ги полни градите со чист воздух, но покрај тоа, постојат уште десетици причини зошто да тргнете кон Закинтос.rnrn3. Закинтос е местото каде што се гнездат морските желки карета, кои се заштитен вид. На неколку плажи во близината на Василикос ќе имате уникатна можност да ги погледнете нивните гнезда.rnrn4. Сместувачките капацитети на овој остров ги нудат сите погодности на модерното време, а не го загрозуваат балансот на природата. Како ретко каде, Закинтос нуди совршен спој на урбаното и дивото, нескротеното.rnrn5. На островот се наоѓаат огромен број споменици и археолошки наоѓалишта, кои сведочат не само за сјајниот антички период, туку и за бурното средновековие, кога Закинтос се наоѓал под власт на Венеција.rnrn6. Жителите на Закинтос имаат огромна почит кон уметноста и културата, прифаќајќи ги за своевиден начин на живот, а сето тоа се пренесува и во односот кон туристите.rnrn7. На Закинтос се изградени голем број цркви и манастири во уникатно опкружување, места кои ги мамат сите верници, но и луѓето кои уживаат во природните убавини.rnrn8. Засуканиот брод на плажата Навагио е една од најпопуларните туристички атракции во цела Грција и можеби најфотографираното место во оваа земја.rnrn9. Закинтос изобилува со уникатна флора. Специфичните цвеќиња кои виреат на островот оддаваат специфичен сладок мирис некаде по зајдисонцето.rnrn10. Закинтос е можеби последното место во Грција, каде што е зачувана автентичноста на таверните. Неретко, таму можете да видите како келнерите ја прекинуваат работата, земаат гитара и започнуваат да ги забавуваат гостите, како во старите, добри времиња.rnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrniguana-logornrnПогледнете ја понудата за Закинтосrnrn[/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го испланирате вашето прво викенд патување?

    Како да го испланирате вашето прво викенд патување?

    Заедничкото викенд патување е одлична можност да се релаксирате, но и да се зближите со својот партнер. Самото излегување од постојаното место на живеење како и одморот од работата е секогаш добредојдена промена. Нечесто љубовните парови го користат викендот надвор од градот за да ја зајакнат својата врска. Но што доколку станува збор за вашето прво заедничко викенд патување?rnrnКако да го испланирате вашето прво викенд патување?rnrnВашата врска е „млада“ и досега не сте минале ни една ноќ заедно надвор од градот? Сигурно чувствувате мал притисок при планирањето на викендот мислејќи на сите нешта кои би можеле да тргнат наопаку. Без паника. Ова се 7 чекори кои ќе ви помогнат да го испланирате вашето прво викенд патување со вашето/ата момче/девојка.rn

    1. Одредете го буџетот со кој располагате

    rnПарите се секогаш чувствителна тема, особено на вашето прво заедничко патување. Не знаете колку тој/таа е во можност да потроши на еден викенд, а не ни знаете каков тип „викендаш“ е. На пример, дали преферира ручек во ресторан или пикник кој ќе го подготвите заедно? Во раната фаза на вашата врска најсигурна опција е да бидете скромни и да одбегнувате луксузи. Исто, добро размислете со колкав буџет располагате вие самите и колку може да си дозволите. Не тргнувајте никаде без чиста претстава за вашиот буџет.rn

    2. Одберете ја соодветната локација

    rnБидејќи станува збор само за еден викенд, избегнувајте посета на далечни места. Дури е и побезбедно за вашето прво патување воопшто да не ја напуштате земјата. Гледајте пристигнувањето до локацијата како и враќањето од истата да не зазема голем дел од викендот. Исто, обрнете внимание на желбите на вашиот партнер. Дали тој/таа преферира прошетки по планина или релаксирање на езеро?rnrnЗа да ви помогнеме, ова се дел од прекрасните дестинации во нашата земја кои би можеле да ги посетите:rn

    rn

    3. Направете мало истражување

    rnМало истражување не е на одмет. Откако ја одредивте локацијата, истражувајте на интернет што сè би можеле да посетите додека сте таму. Можеби некоја историска знаменитост, ресторан со одлични препораки и слични места. Доколку патувате со ваше возило, добро информирајте се како да стигнете до посакуваната дестинација.rnrnКако да го испланирате вашето прво викенд патување?rn

    4. Составете распоред

    rnОткако знаете со што располага вашата викенд-дестинација, направете распоред. Секако, не мора да го запишете, едноставно во мислите креирајте си мал план што би правеле во текот на викендот. Нашата земја располага со многу природни „луксузи“, па искористете ги максимално. На пример, првото утро би прошетале покрај брегот на езерото, потоа би го посетиле оној ресторан за кој прочитавте добри препораки, па би го посетиле манастирот во близина и сл.rn

    5. Обрнете внимание на деталите

    rnКомпилација со романтична музика, свеќи, црвено вино… романтиката не е на одмет. Доколку ги искористите малите детали за да го „зачините“ викендот, имате добитна комбинација. Вашата девојка сигурно ќе го цени утринското кафе донесено во кревет, додека пак на вашето момче ќе му биде мило што сте понеле неколку лименки од неговото омилено пиво.rnrnКако да го испланирате вашето прво викенд патување?rn

    6. Одберете нешто по што ќе го паметите викендот

    rnМоже тоа да биде песната/ите кои сте ги подготвиле за по пат, дури и лосионот за тело кој сте го спакувале. Верувајте, таквите ситници остануваат запаметени. Секогаш кога ќе ја чуете песната или ќе го почувствувате мирисот на лосионот, на пример, и двајцата ќе се сеќавате на вашето прво викенд патување.rn

    7. Бидете флексибилни

    rnИспланиравте сè, и тоа е прекрасно бидејќи така покажувате дека викендот заедно е голем чекор и дека личноста ви значи. Но, не секогаш ќе излезе како планираното, затоа бидете флексибилни. Планот може да трпи промени, не значи дека викендот веднаш ќе се претвори во катастрофа. Ако нешто тргне наопаку, без грижа, така ќе го паметите своето прво патување и сигурно тоа ќе биде случка која потоа ќе ја раскажувате на своите пријатели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година досега?

    Како да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година досега?

    Пред дочекот на новата година сите чувствуваме неизвесност и голема возбуда за деновите пред нас. Таа возбуда и желба за нова авантура никогаш не смее да згасне. Ова е рецептот за незаборавна 2014, најдобрата година во вашиот живот!rnrnКако да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година до сега?rnrn

    Испланирајте големо патување

    rnИмате омилено место кое отсекогаш сте сакале да го посетите? 2014 е вистинската година за таков потег! Секогаш го одложуваме остварувањето на нашите соништа со изговор дека немаме доволно пари или време, дека имаме важни обврски кои треба да ги завршиме пред да се одлучиме на таков чекор. Но вистината е дека доколку чекате никогаш нема да ги имате сите погодности кои ги барате.rnrnОдберете ја вашата дестинација како и сопатниците и испланирајте патување од соништата. Почнете да штедите и да барате погодни понуди од туристичките агенции за конечно да го остварите својот сон.rnrnТака 2014 нема да биде обична година, туку годината на големото патување до вашата омилена дестинација!rnrnКако да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година до сега?rnrn

    Поставете си цел и остварете ја

    rnНема нешто поубаво од чувството на исполнетост, она чувство дека сте го изоделе тешкиот пат, но дека сте стигнале до целта. Не бидете скромни, целете на високо! Што е она што веќе подолго време имате наум да го направите но никако да соберете храброст за првиот чекор? Можеби да продолжите со своето образование, да отворите свој бизнис, конечно да положите за возачка дозвола… што и да е, зацртајте го како ваша голема и примарна цел. Да, ќе ви биде тешко, но најсладок е оној успех до кој најтешко се стигнува.rn

    Нека биде година на првите чекори!

    rnЗа што и да станува збор во животот, највозбудливи се првите, „бебешки“ чекори. Без разлика дали станува збор за прво појавување на телевизија, прво вистинско заљубување, прво искуство со скокање со параглајдер или нешто друго, секој месец поставувајте си за цел нови авантури кои никогаш претходно не сте ги искусиле. Така ќе останете возбудени и авантуристички настроени во текот на целата година, а и ќе има по што да ја паметите.rnrnКако да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година до сега?rnrn

    Ослободете се од товарот од минатото

    rnДоколку со себе носите голем товар од минатото и упорно одбивате да се ослободите од него, вие свесно продолжувате да живеете во минатото наместо да продолжите понатаму. Клучот за среќа е живеењето во овој момент. Токму сега, овој ден, што може да направите за себе и за оние околу вас?rnrnДа, секој има товар од минатото и секој од нас чувствува неизвесност за иднината, но што се случува со сегашниот момент? Ослободете се од грижите за иднината и простете им на оние кон кои чувствувате горчина поради која било причина. Започнете ја оваа година со слободен ум и чисто срце, подготвени да им посакате добредојде на сите нови, среќни моменти.rn

    Одлучете кога ќе кажете „да“ а кога „не“

    rnДа – кога вашиот пријател ќе ве повика на нова авантура без изговор дека имате премногу обврски, обврските никогаш не завршуваат. Да – кога ваш близок ќе ве замоли за услуга, дајте сè од себе за да помогнете.rnrnНе – кога некој бара од вас нешто што ви одзема драгоцено време, што ве унесреќува и ве става под притисок.rnrnКако да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година до сега?rnrn

    Проширете ги своите знаења и вештини

    rnНикогаш не пропуштајте можност да ги надградите своите знаења, да ги проширите своите хоризонти и да бидете отворени за нови предизвици.rnrnЗапишете се на курс, читајте што е можно повеќе книги, земете учество во разни проекти и семинари. Просто бидете отворени за сè што би овозможило ваш натамошен развој на секое поле. Кога сте отворени за нови можности, тие самите ќе дојдат кај вас. rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија

    Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија

    Дали некогаш сте размислувале за летање со балон на воздух? Луѓето коишто го искусиле тоа, го опишуваат како неверојатно вивнување во облаците, каде воздухот е поредок, ветрето минува низ вашата коса, а слободата којашто ќе ја почувствувате во отворениот бесконечен простор пред вас, не се опишува со зборови. Ако решите да го сторите тоа, имајте на ум дека Кападокија е позната, освен по својата мистична убавина и по тоа што е едно од најдобрите места на светот за летање со балон на топол воздух.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната КападокијаКападокија е област во централна Анадолија во Турција, позната по спектакуларниот надреален пејзаж во кој си поиграла природата, сочинета од подземи градови, цркви во пештери и куќи врежани во карпите. Карпите настанале пред илјадници години како резултат на вулканска ерупција која со помош на климатските фактори ги креирала овие форми. Ова место чие име на персиски значи „Земја на убави коњи“ е познато и по многубројните прекрасни долини, кањони и фантастично обликуваните камења, кои својот облик го добиле како резултат на ерозијата, дождовите и ветровите илјадници години наназад. Оваа област е најмистичниот и најтаинствениот предел на светот.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната КападокијаРаната есен е идеално време за посета на Кападокија, едно од најнеобичните локации на земјата. Воодушевувачката глетка во комбинација со одличните услови за летање, им овозможуваат на балоните да лебдат помеѓу камените куќи, вгнездени во необичните карпести формации и над сето она што е скриено подземи во турската област.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната КападокијаВо праисториските периоди првите човечки населби биле изградени под земја во вулкански карпи поради заштита од дивите животни. Постојат многу подземни градови во областа Кападокија, но најголем е градот Деринкују, кој има осум нивоа. Сега се и некои праисториски градби реновирани и претворени во хотели поради големиот број посетители кои доаѓаат да ја видат оваа праисториска фасцинантна убавина.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната КападокијаЕден од најпознатите градови во Кападокија е Гореме. Главната улица на овој град е преполна со ресторани со прекрасни градини и продавници за сувенири, а на два километри од центарот се наоѓа музеј на отворено со илјадници величествени карпи во кои се вгнездени цркви и манастири.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната КападокијаКлимата во Кападокија подразбира суви лета, студени зими, снег напролет и благи есенски денови. Ако сакате да уживате максимално разгледувајќи ја, изнајмете велосипед, јавајте коњ или летајте со балон. Прошетката по Кападокија е единствено искуство кое ќе ве натера да помислите дека местото е излезено од нечија фантазија.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Малку поинаков одмор

    Малку поинаков одмор

    Времето за одмор е драгоцено. Затоа заборавете на многубројните туристички замки и поминете го одморот на места кои никогаш не би ви текнало да ги посетите…rnrnМалку поинаков одморrn

    Хималаите, Тибет и Непал

    rnПатувањето во Непал и Тибет може да биде напорно заради надморската височина, невообичаената храна и лошиот пат. Но ова патување истовремено ќе ви понуди древна култура и спектакуларен пејзаж, кои се загрозени од страна на политичките конфликти и немилосрдниот притисок на модерното време.rnrnРутата води преку високи планински премини и длабоки клисури, од античкиот град Ласа во Тибет до базниот камп на Монт Еверест и понатаму до Катманду, Непал. По патот може да се посетат палати, манастири и храмови, вклучувајќи го и комплексот што некогаш беше дом на Далај Лама.rnrnМалку поинаков одморrn

    Костарика

    rnАко имате вишок енергија и сте зависник од адреналин, Костарика нуди места за активности кои го зголемуваат адреналинот, како што е возењето велосипед по стрмни и тесни патеки, спуштање со јаже преку река или рафтинг длабоко во џунглите. Доколку ви здодеат ваквите активности, може да се релаксирате на песочните плажи покрај бистрата вода на Карибите.rnrnМалку поинаков одморrn

    Големите Атласи, Мароко

    rnВозењето велосипед по сувите речни корита и патеките од чакал е вистински предизвик за љубителите на велосипедизмот. Патеката поминува низ планините познати како Големи Атласи и Анти Атлас. Пејзажот е разновиден, од древни берберски села до бујни оази.rnrnОстрите планини и длабоките клисури ќе го направат искачувањето долго и тешко, а симнувањето брзо и лесно. Доколку сакате оваа авантура да ја доживеете за осум дена, ќе треба да поминувате во просек по 28 милји дневно.rnrnМалку поинаков одморrn

    Килиманџаро, Танзанија

    rnАфриканската планина Килиманџаро е висока 5.895 метри со што претставува највисока планина на континентот. И покрај оваа висина, Килиманџаро нуди спектакуларен поглед и од места кои се не само пониски, туку и полесни за искачување.rnrnДоколку тргнете кон врвот рано наутро, веќе во попладневните часови ќе успеете да го освоите. Ова е така затоа што, за разлика од Алпите и Хималаите, Килиманџаро е опкружен со рамно земјиште што овозможува и прекрасен поглед.rnrnМалку поинаков одморrn

    Кикладите, Грција

    rnКикладите се одлична дестинација за одмор за сите кои уживаат во пливањето. Местоположбата на овие острови ќе ви овозможи да пливате од еден до друг остров покрај чамците за безбедност. Поискусните пливачи може да ги истражуваат подводните карпи и камените плажи, додека оние кои го преферираат копното може да ги истражуваат древните села.rnrnМалку поинаков одморrn

    Западна Словенија

    rnИдеално место за одмор за страсните риболовци е западниот дел на Словенија. Кристалните реки и потоци кои се создаваат со топење на снегот од Алпите, се дом на различни видови риби, како што се Дунавскиот лосос, кафеавата и мермерната пастрмка. Ако се одлучите за западна Словенија, задолжително посетете го градот Медводе (чие име значи „меѓу водите“), кој се наоѓа меѓу реките Сава и Сора.rnrnМалку поинаков одморrn

    Патагонија, Аргентина

    rnПатагонија се смета за едно од идеално студените дестинации кои нудат природна убавина, див свет и бескраен простор. Турата започнува со едно урбано искуство – возење велосипед или пешачење од Буенос Аирес. Јужно од Буенос Аирес е предвидена посета на Националниот парк. Патагонија изобилува со мраз, глечери, борови шуми, тревни рамнини и див свет за кој е специфична патагониската лама.rnrnМалку поинаков одморrn

    Монголија

    rnВеќе илјадници години коњите имаат централно значење за културата на номадски народи во Монголија. Со помош на монголското пони може да ја посетите татковината на древното племе Tsaatan, каде што ќе искусите шамански ритуали, јавање и молзење ирваси и спиење во шатори.rnrnИсклучок за туристите има само во однос на седлата за јавање. Секој посетител има право да одбере руско фино изработено седло од кожа, наместо традиционалното дрвено седло.rnrnМалку поинаков одморrn

    Антарктик

    rnБританскиот истражувач Сер Ернест Шеклтон и двајца членови на неговиот екипаж влегоа во историјата во 1916 година, кога го преминале Антарктикот и стигнале до Јужна Грузија, барајќи помош за спасување на 22 членови од Транс-антарктичката експедиција, кои биле целосно беспомошни кога нивниот брод бил уништен од санта мраз.rnrnПочнувајќи од 2010 година, секоја година се реализира тура на Антарктикот, во вид на експедиција, составена од 12 ски-истражувачи кои го следат патот на Шеклтон, поминувајќи 20-километарски опасен, покриен со снег и стрмен терен.rnrnМалку поинаков одморrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.