КАФЕ ПАУЗА

Tag: дестинација

  • Крф – дестинација за летен одмор

    Крф – дестинација за летен одмор

    Магичниот островот Крф се наоѓа во Јонското Море, покрај брегот на Епир, во Грција. Овој остров ги комбинира софистицираната атмосфера, зелените падини, сината вода и долгите песочни плажи. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморОстровот Крф има богата историја и затоа претставува место за туристичко разгледување. Во него се забележуваат историските влијанија на Венеција, Британија, Франција и Русија, кои прават ова место да биде необично и привлечно. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморСтариот град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Карактеристични за Стариот град се тесните улици во венецијански стил, елегантните аркади и опуштената пријателска атмосфера. Историјата на Стариот град се забележува на секој чекор. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморМногу од планините на Крф се дом на ретки видови орли и орхидеи. На веб-страницата за светско наследство на УНЕСКО Крф е наречен „град кој зрачи со аристократска аура“ заради многубројните космополитски ресторани. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморПокрај идиличното и фасцинантно крајбрежје на Крф се наоѓаат карпести заливи и долги песочни плажи, додека самиот остров изобилува со маслинови градини кои служат како природна граница меѓу древните села. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморНајпопуларните плажи на Крф се оние по должината на западниот брег. Најразвиени се плажите на источното крајбрежје, каде што се наоѓаат и многубројни хотели и барови. Северниот дел од Крф е резервиран за одморалишта, додека плажите во јужниот дел на Крф се мирни и идеални за оние кои сакаат да уживаат во природните убавини. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф е вистински рај за туристи заради одличната туристичка инфраструктура која вклучува забавен ноќен живот, агенции за изнајмување автомобили, туристички агенции и бесконечен избор на хотели, соби за изнајмување, станови, студија и вили кои ќе ги задоволат вкусовите на посетителите. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одмор
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Париз – најпосакувана дестинација на туристите

    Париз – најпосакувана дестинација на туристите

    Светската трговска организација соопшти дека оваа година ќе се стигне до бројката 1 милијарда луѓе кои патувале во странска држава како туристи. Според прибраните податоци, најпосетувани земји се Франција, САД и Кина. Регионалниот директор на организацијата за Јужна и Северна Америка, Карлос Воглер проценува дека до оваа бројка ќе се стигне оваа година наесен.Париз најпосакувана дестинација на туриститеБројот на туристи кои патувале до овој период од годината за разлика од истиот период лани, е зголемен за 4%. Во бројот на луѓе кои влегуваат во оваа класификација, се само оние кои преноќиле барем една ноќ во друга држава, додека на пример луѓето кои се појдени на крстарење не влегуваат во „пописот“.rnrnСпоред анализите до 2020 година, бројот ќе се зголеми на 1,4 милијарди туристи, додека во 2030 година до 1,8 туристи на светско ниво. Убедливо најпосетуван град од туристите е главниот град на Франција, вечниот град Париз. Да погледнеме зошто е тоа така. Париз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туристите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Сурфање“ на каучи

    „Сурфање“ на каучи

    Автор: Александар НиневскиrnrnНе грижете се, ова не е текст за некои луди Австралијци кои сурфаат на каучи наместо на даска за сурфање.rnrnСигурно и вие сте имале некој кој „сурфал“ на вашиот кауч, само што тоа бил веројатно некој ваш пријател, колега или роднина.rn

    Сурфање на каучи

    rnCouchSurfing.org на интересен начин ви овозможува да стекнете нови пријатели, да запознаете нови култури и притоа да преспиете кај некој на кауч, исто како да ви е близок пријател (а најверојатно во меѓувреме и ќе ви стане).rnrnНачинот на кој ова функционира е едноставен. Најпрво си креирате профил. Мора да пополните што повеќе информации за да изгледате што подоверливо. Потоа може да го понудите вашиот дом на „сурферите“ кои доаѓаат да го посетат вашиот град, или да побарате кауч за вас за следната дестинација која сакате да ја посетите.rnrnДомаќините имаат опција да ги разгледаат сите понуди и да ги прифатат само оние „сурфери“ кои им се допаѓаат. Затоа „сурферите“ обично бараат место од повеќе домаќини за да им се зголемат шансите да најдат слободен кауч.rnrnРаботи кои најмногу влијаат на одлуката за да примите некој странец кај вас дома (барем според корисниците на сајтот) се референците кои ги има на профилот на „сурферот“ од корисници кај кои престојувал, дали и самиот има примено „сурфери“, како и личната порака која ќе ја пратите барајќи да преноќите на нечиј кауч.rnrnЧестопати домаќините им го покажуваат градот и знаменитостите на гостите, најдобрите места за јадење, најдобрите локали и слично.rnrn„Сурферите“ пак им се заблагодаруваат на многу различни начини на своите домаќини за гостопримството. Најчесто приготвуваат некое традиционално јадење од земјата од која доаѓаат, им подаруваат сувенир или некоја традиционална храна или пијалак, и секако, со една искрена прегратка. Исто така, за возврат им даваат и покана да ги посетат во нивната земја.rnrnНа крај оставаат кратка порака на профилот опишувајќи го искуството, за следните „сурфери“ или домаќини да можат подобро да го оценат.rnrnДоколку имате некое сурферско искуство, споделете го во коментарите.rnrnНеодамна ви понудивме и една слична можност за евтино сместување насекаде во светот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Идеалниот град според хороскопскиот знак

    Идеалниот град според хороскопскиот знак

    Без разлика дали сте во потрага по добра дестинација за одмор или размислувате за преселба во друга држава, прочитајте на кои урбани места, астрологијата вели дека со сигурност максимално ќе уживате. Некои тропски места е жалосно да не ги посетите барем еднаш во текот на животот, други се прекрасни за живеење, а трети нудат неверојатни прилики за забавување и веселба. Погледнете кое место ви одговара најмногу на вашиот карактер.rnrnИдеалниот град според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnСекогаш ќе има нешто ново и возбудливо за истражување во Сиднеј, Австралија за вас. Овој град располага со екстремни, авантуристички спортови како парасејлинг, сурфање на ветер со едрилица и лудо возење со скутер на вода, кои дефинитивно ќе го раздвижат адреналинот низ вашите вени. Ако сте желни за малку нуркање под вода, можете да го посетите и Големиот корален гребен, кој не е многу далеку од Сиднеј и да уживате во чувството на возбуда и страст.rn

    Бик

    rnЗа правилно да го негувате вашиот вкус за сензуално уживање, упатете се накај Франција, најдоброто место за храна во светот. И покрај тоа што посетата на Париз, ви е дефинитивно „играње на сигурна карта“, можеби ќе уживате и во Лион, третиот најголем град во Франција. Како надополнување на извонредните ресторанчиња во кои има прекрасна храна, ќе имате можност и да пазарите во повеќе од 40 маркети и да ги пробате најсвежите продукти во регионот.rn

    Близнаци

    rnЗа да ја задоволите вашата незаситна потреба од добар хумор и забава, посетете го Чикаго. Веќе половина век, градот успева да ги насмее до солзи посетителите на комичните шоуа и неверојатните стенд-ап изведби на најдобрите американски комичари.rn

    Рак

    rnАмстердам е најсовршеното дискретно и мирно место, за вас и вашето семејство. Со неговите кривулести канали, улици прилагодени за велосипедисти и раскошни зелени предели, вие ќе се чувствувате како дома. Релаксирачка тура по каналите, ќе ја расположи целата семејна екипа, особено навечер, кога рефлексијата од градот во водата, создава „хипнотизирачки“ ефект.rn

    Лав

    rnДоколку сакате максимално да си ја наполните душата, посетете го Токио, каде можете да се изнапеете од срце, во некој од најпознатите караоке-барови. Замолете некој од вашите пријатели да ги сними најлудите моменти со видеокамера, за кога ќе се вратите дома, да составите една ваша лична дигитална приказна, со која ќе се пофалите на семејството и блиските.rn

    Девица

    rnПодобрете го вашето здравје во прекрасниот град Будимпешта, Унгарија. Таму можете да изберете некој од дузината спа-центри и да уживате во бањите кои се полнат со вода од подземни топли минерални извори. Некои од нив нудат фитнес-програми, во комбинација со фантастични третмани за лекување на болки во кој било дел од вашето тело. Градот е исто така познат по доброто вино, кое доколку го консумирате во умерени количини, е исто така многу здраво.rn

    Вага

    rnНаполнете си ги батериите со егзотичната уметност во Бали, во средината на месец јуни, кога целиот остров го празнува Фестивалот на уметноста на Бали. Лоциран во малиот град Денпасар, едномесечниот спектакл на традиционална музика и игра, е проследен со непрестаен перформанс и публика од целиот свет.rn

    Скорпија

    rnСамо една локација ќе ги исполните вашите соништа – Рио де Женеиро, најсексапилниот град на светот. Доколку појдете за време на карневалот во февруари, ќе можете да се приклучите на една од веселите самба-паради. Ако тоа не е за вас, опуштете се на некоја од песочните плажи, во кој било период од годината и набљудувајте ги прекрасните тела кои „парадираат“ околу вас.rn

    Стрелец

    rnКоцкарот во вас најверојатно размислува за Лас Вегас, но тоа е толку клише, нели?! Макао, Кина го зема приматот на најголем центар за коцкање во светот. Патувањето ќе вреди за секој денар што ќе го потрошите, а во спомен ќе ви останат бизарните сценски настапи и будалштините кои ќе ги видите таму.rn

    Јарец

    rnБидејќи вие сте вредна личност, која работи напорно за да заработи пари, посетете го Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, кој е еден од најбогатите градови во светот. Таму, просечниот граѓанин вреди повеќе од 15 милиони американски долари. Запознајте се со некој од нив и појдете на луд шопинг во Дубаи, кој се наоѓа во близина.rn

    Водолија

    rnГрадот кој вие сакате да го посетите, треба да е либерален и политички коректен, па токму затоа Портланд, Орегон е идеалното место за вас. Овој среден по големина град, е одлично место за живеење и дружење и воедно е водечки во САД во рециклирање, користење алтернативни горива, велосипедски патеки, урбани зелени предели и што ли уште не.rn

    Риби

    rnВие имате две опции. Првата опција ви е Хонолулу, Хаваи, местото кое преку целата година ви нуди незаборавно пливање, нуркање, сурфање на ветер со едрилица и тотално уживање. Доколку пак, само сакате да си ги „наполните батериите“, појдете во Седона, Аризона, кој ја претставува „Мека на новото време“, а таму ќе им се воодушевувате на фантастичните пејзажи и неверојатните црвени карпи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.