КАФЕ ПАУЗА

Tag: цитати

  • Најдобрите цитати на Том Хенкс за животот и филмската уметност!

    Најдобрите цитати на Том Хенкс за животот и филмската уметност!

    Во продолжение прочитајте дел од најпознатите цитати на Том Хенкс, еден од најдобрите холивудски актери на сите времиња!rnrnНајдобрите цитати на Том Хенкс за животот и филмската уметност!rn

    „Секогаш можете да се обидете да направите нешто. Продолжете напред. Продолжете да правите нови работи.”

    rn

    „Љубезноста секогаш помага.“

    rn

    „Единствениот начин на кој можете вистински да го контролирате она што другите го мислат за вас е да бидете искрени цело време.“

    rn

    „Никогаш не се откажувајте затоа што никогаш не знаете што ќе донесе плимата следниот ден.“

    rn

    „Ако сте духовити, ако има нешто што ве тера да се смеете, тогаш секој ден ќе ви биде добар.“

    rn

    „Херој е некој кој доброволно му пристапува на непознатото.“

    rn

    „Дури и наједноставниот избор може да направи неверојатна разлика во нашиот свет.“

    rn

    „Филмот има моќ да ве натера да не се чувствувате осамено, дури и кога се чувствувате така.“

    rn

    „Снимањето филмови е раскажување приказна со најдобрата технологија која ви е на располагање.“

    rn

    „На крајот од краиштата, за еден филм да биде добар мора да биде смешен филм и да ги натера луѓето да мислат: „Еј, не можев подобро да го поминам времето.“

    rn

    „За некои луѓе ќе бидам Форест Гамп до крајот на мојот живот. Но, тоа е во ред; тоа е добра работа.”

    rn

    „Некои луѓе се кукавици… Мислам дека една третина од луѓето се негативци, една третина се кукавици, а една третина се херои. Негативецот и кукавицата можат да изберат да бидат херои, но тие треба да го направат тој избор.“

    rn

    „Човечките суштества ги прават работите со причина, дури и ако понекогаш тоа е погрешна причина.“

    rn

    „Луѓето по природа се премногу комплицирани за да бидат целосно разбрани. Значи, можеме да избереме или да им пријдеме на нашите ближни со сомнеж или да им пристапиме со отворен ум, малку оптимизам и голема доза на искреност.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Том Хенкс, можеби ќе сакате да ги прочитате и 15-те безвремени цитати од Абрахам Линколн.rnrnИзвор: everydaypower.com

  • Најпознатите цитати на Елиф Шафак за животот и љубовта

    Најпознатите цитати на Елиф Шафак за животот и љубовта

    Несомнено, Елиф Шафак е една од најпознатите современи авторки чии дела се преведени на педесет јазици. Најпознатите романи на оваа повеќекратно наградувана британско-турска авторка се: „Четириесет правила на љубовта“, „Копилето од Истанбул“, „Чиракот на архитектот“ и „Трите ќерки на Ева“. Во продолжение прочитајте дел од нејзините најпознати цитати.rnrnНајпознатите цитати на Елиф Шафак за животот и љубовтаrn

    „Секоја вистинска љубов и пријателство е приказна за неочекувана трансформација. Ако сме истата личност пред и откако сме сакале, тоа значи дека не сме сакале доволно.“

    rn

    „Љубовта не може да се објасни. Може само да се доживее. Љубовта не може да се објасни, но таа објаснува сè.“

    rn

    „Како што глината мора да се испече на висока температура за да биде цврста, така и љубовта може да стане посилна само благодарение на болката.“

    rn

    „Колку е ужасно да сте ментално и емоционално приврзани за некој од кого сте физички одвоени.“

    rn

    „Секогаш беше вака. Кога ја зборуваше вистината, те мразеа. Колку повеќе зборуваше за љубов, толку повеќе те мразеа.“

    rn

    „Каква корист може да се има од човек кој не може да се свикне на едно место? Ако човекот нема чувство на припадност тогаш е препуштен сам на себе да талка, како сув лист на ветрот.“

    rn

    „Што значи трпението? Тоа значи да се погледне трнот и да се види розата, да се погледне ноќта и да се види зората.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 15 цитати од Тони Морисон што ќе ви го осветлат денот колку и да ви е тешко.rnrnИзвор: quotecataog.com

  • Најубавите цитати на Херман Хесе за животот и љубовта

    Најубавите цитати на Херман Хесе за животот и љубовта

    Херман Хесе, роден во Германија, е еден од најпознатите писатели на дваесеттиот век чии најпознати дела се „Сидарта“, „Играта со стаклена мониста“ и „Демијан“. Тој е и добитник на Нобеловата награда за литература, а во неговите дела честопати е присутна потрагата на поединецот по духовност како и желбата за самоспознавање. Во продолжение прочитајте дел од неговите цитати за животот и љубовта.rnrnНајубавите цитати на Херман Хесе за животот и љубовтаrn

    „Отсекогаш верував и сè уште верувам дека без разлика на добрата или лошата судбина која може да нè снајде, секогаш можеме да ѝ дадеме значење и да ја претвориме во нешто вредно.“

    rn

    „Секое искуство има нешто магично во себе.“

    rn

    „Немам право да се нарекувам некој што знае. Бев оној кој истражува, и сè уште сум, но веќе не истражувам во ѕвездите или во книгите. Почнувам да ги слушам учењата на крвта која пулсира во мене. Мојата приказна не е хармонична како измислените приказни; има елементи на будалштина и збунетост, на лудост и сон, како животот на сите луѓе кои повеќе не сакаат да се лажат себеси.“

    rn

    „Кога некој ви се допаѓа, ви се допаѓа и покрај неговите маани. Кога сакате некого, го сакате со неговите маани.“

    rn

    „Сакајте ја вашата болка. Не ѝ се спротивставувајте, не бегајте од неа.“

    rn

    „Луѓето со храброст и карактер секогаш ќе им изгледаат чудни на другите.“

    rn

    „Среќата е љубов, ништо друго. Човек кој е способен да љуби е среќен човек.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати од Херман Хесе, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката.rnrnИзвор: azquotes.com

  • Најдобрите цитати на Џеки Чен за успехот и животот

    Најдобрите цитати на Џеки Чен за успехот и животот

    Џеки Чен е една од најпознатите и најуспешните холивудски ѕвезди. Сепак, патот до славата за него воопшто не бил лесен, а упорноста и желбата за успех биле клучни во развојот на неговата кариера. Во продолжение прочитајте дел од неговите најдобри цитати кои ќе ве инспирираат да ја преземете контролата врз вашиот живот и максимално да уживате во него.rnrnНајдобрите цитати на Џеки Чен за успехот и живототrn

    „Јас сум добар за некои работи, но лош за многу други работи.“

    rn

    „Никогаш не сакав да бидам вториот Брус Ли. Само сакав да бидам првиот Џеки Чен.“

    rn

    „Не дозволувајте околностите да ве контролираат. Вие ќе ги смените околностите.“

    rn

    „Бев жртва на булизам бидејќи бев исплашен и не знаев како да се бранам. Ме малтретираа додека не спречив нов ученик да биде малтретиран. Залагајќи се за него, научив да се залагам за себе.“

    rn

    „Семејството не е оној чија крв е во тебе, туку оној кого го сакаш и оној кој те сака.“

    rn

    „Сега кога сум постар, разбирам дека треба да се прифатиме онакви какви што сме.“

    rn

    „Јас сум луд, но не сум глупав.“

    rn

    „Понекогаш е потребен само еден чин на љубезност и покажување грижа спрема некого за да му го промените животот.“

    rn

    „Најдобрите борби се оние што ги избегнуваме.“

    rn

    „Ако некој не сака да се приврзува за луѓето и желбите, никогаш нема да му биде скршено срцето. Но, тогаш, дали тој некогаш навистина живеел?“

    rn

    „Да се мирува и да не се прави ништо се две сосема различни работи.“

    rn

    „Сè што сакам е мојата работа да ги прави луѓето среќни.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Џеки Чен, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Ричард Гир за светот и среќата.rnrnИзвор: goalcast.com

  • Не пропуштајте ги најдобрите цитати на Дензел Вашингтон!

    Не пропуштајте ги најдобрите цитати на Дензел Вашингтон!

    Една од најхаризматичните ѕвезди во Холивуд е несомнено Дензел Вашингтон, а неговите цитати ќе ви покажат колку е важно да верувате во себе и никогаш да не се откажувате од сопствените соништа.rnrnНе пропуштајте ги најдобрите цитати на Дензел Вашингтон!rn

    „Среќата настапува во моментот кога ќе се сретнат можностите и подготовката.”

    rn

    „Во Лос Анџелес сите се ѕвезди.“

    rn

    „Треба да ги зграпчите моментите кога ќе дојдат.“

    rn

    „Ние го правиме она што треба за да можеме да го правиме она што сакаме.“

    rn

    „Кога нешто не разбирате, го етикетирате и осудувате.“

    rn

    „Бидете добри во она што го работите, но никогаш не заборавајте дека луѓето со кои работите се вашето највредно богатство. Почитувајте ги.“

    rn

    „Мојата вера ми помага да сфатам дека околностите не ја диктираат мојата среќа ниту мојот внатрешен мир.“

    rn

    „Ако сакаш да бидеш воин, мора да тренираш.“

    rn

    „Не плашете се да доживеете голем пораз, ниту пак да сонувате за големи работи.“

    rn

    „Никогаш не знаете како ќе им влијаете на луѓето.“

    rn

    „Секој неуспешен експеримент е чекор поблиску до успехот.“

    rn

    „Постојат два вида болка во овој свет. Болката што боли и болката што ве менува.“

    rnОткако ги прочитавте цитатите од Дензел Вашингтон, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Вил Смит за успехот и животот.rnrnИзвор: everydaypower.com

  • Моќни цитати на Ричард Гир за светот и среќата

    Моќни цитати на Ричард Гир за светот и среќата

    Во продолжение прочитајте дел од најдобрите цитати на Ричард Гир, еден од најпознатите американски актери.rnrnМоќни цитати на Ричард Гир за светот и среќатаrn

    „Направив многу грешки. Клучот во животот е да се учи од нив. Бев премногу интроспективен, но мислам дека тоа произлезе од несигурноста или срамежливоста. Ми требаше многу време да пораснам.“

    rn

    „Никој не е имун на љубезноста.“

    rn

    „Мислам дека филмовите веројатно се огледало на некој начин за да можеме да се видиме себеси во нив.“

    rn

    „Кога некој има силна интуитивна поврзаност со некој друг, будизмот сугерира дека тоа е поради кармата, некоја мината врска.“

    rn

    „Секако дека имало подобри актери од мене кои немале актерска кариера. Зошто? Не знам.”

    rn

    „Како чувари на планетата, наша одговорност е да се однесуваме со сите животински видови со добрина, љубов и сочувство. Неразбирливо е животните да страдаат поради човечката суровост.“

    rn

    „Она што на сите ни е заедничко е добрината и сочувството – сите религии го имаат ова. Сите ние се осврнуваме кон љубовта.“

    rn

    „Попрво би сакал да бидам сакан отколку да имам пари и сите други работи.“

    rn

    „Од будистичка гледна точка, емоциите не се реални. Како актер, произведувам емоции. Тие се дел од претставата. Но, реалниот живот е ист. Едноставно не сме свесни за тоа.“

    rn

    „Луѓето секогаш зборуваат за слобода. Слобода да се живее на одреден начин. Се разбира, колку повеќе живеете на одреден начин, толку помалку се чувствувате слободни. Јас можам да се променам во текот на еден ден. Се будам и сум една личност, кога ќе заспијам навечер сигурно сум некој друг. Најчесто не знам кој сум.“

    rn

    „Луѓето не разбираат што претставува среќата. Тие само имаат некаква идеја за она што може да ги направи среќни, но, во суштина, тоа не ги прави среќни.“

    rn

    „Да можете да го прочитате сопствениот ум значи да се погледнете себеси и да си ја прочитате душата, а дури тогаш омразата ќе се претвори во љубов.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан.rnrnИзвор: wealthygorilla.com

  • Најдобрите цитати на Џек Керуак кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура!

    Најдобрите цитати на Џек Керуак кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура!

    Џек Керуак е познат американски романсиер и поет, чија писателска кариера достигна вистински успех по објавувањето на романот На пат. Книгата напишана во текот на само три недели стана американска класика која ја дефинираше Бит генерацијата. На пат опишува серија патувања низ САД на група млади луѓе кои максимално уживаат во убавината на животот додека се речиси без пари.rnrnНајдобрите цитати на Џек Керуак кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура!rnrnИ покрај тоа што имал успешна писателска кариера, Керуак станал жртва на дрогата и алкохолот и живеел со својата зависност до самиот крај. Неговата работа, сепак, продолжува да ја инспирира денешната младина. Во продолжение прочитајте ги неговите цитати кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура.rn

    „Оние кои ги следат трендовите и популарните мислења не можат да постигнат големи нешта.“

    rn

    „Најдобар учител е искуството, а не нечија искривена гледна точка.“

    rn

    „Еден ден ќе ги најдам вистинските зборови, а тие ќе бидат едноставни.“

    rn

    „Понудете им го она што потајно го сакаат, а нив веднаш ќе ги обземе паника.“

    rn

    „Сфатив дека мојот живот е огромна блескава празна страница и можам да направам сè што сакам.“

    rn

    „Живејте, патувајте, препуштете им се на авантурите и не жалете.“

    rn

    „Не користете го телефонот. Луѓето никогаш не се подготвени да одговорат. Користете поезија.“

    rn

    „Мојата вина, мојот неуспех, не е во страстите што ги имам, туку во мојот неуспешен обид да ги контролирам.“

    rn

    „Бев изненаден, како и секогаш, од тоа колку лесно беше да се замине и колку добро тоа звучеше. Светот одеднаш стана полн со можности.“

    rn

    „На крајот на краиштата, нема да се сеќавате на времето што сте го поминале работејќи во канцеларија или косејќи го тревникот. Качете се на таа проклета планина.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Џек Керуак, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие инспиративни цитати кои ја прикажуваат суштината на животот.rnrnИзвор: goalcast.com

  • Цитати на Ентони Хопкинс за животот и времето

    Цитати на Ентони Хопкинс за животот и времето

    Роден на 31 декември 1937 година, Сер Ентони Хопкинс е еден од најистакнатите холивудски актери, а неговиот успех се должи на напорната работа. Во продолжение прочитајте ги неговите најпознати цитати за животот.rnrnЦитати на Ентони Хопкинс за животот и времетоrn

    „Мојата филозофија е: Не се грижам што луѓето велат за мене и што мислат за мене. Јас сум тоа што сум и го правам тоа што го правам. Не очекувам ништо и прифаќам сè. Тоа го прави животот многу полесен.“

    rn

    „Животот е тежок, но само треба да станете од креветот, да излезете и да го направите тоа.“

    rn

    „Денес е денот за кој бев загрижен вчера.“

    rn

    „Во одредени моменти од нашиот живот добиваме мали сигнали кои велат – ова е твое ако го сакаш .“

    rn

    „Нема кратенка до среќата, треба да го живеете сопствениот живот.“

    rn

    „Животот е толку краток, извонреден и полн со ужаси, но јас сакам сето тоа да го видам. Затоа ја напуштив мојата удобна зона.“

    rn

    „Сè е случајно и нема гаранции.“

    rn

    „Фасциниран сум од фактот што не можеме да го сфатиме времето.“

    rn

    „Магичната, натприродна сила што постојано нè придружува е времето. Не можеме ни да го сфатиме. Времето е таква илузија, тоа е толку чудна работа.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот.rnrnИзвор: goalcast.com

  • Не пропуштајте ги најдобрите цитати на Мајкл Џордан!

    Не пропуштајте ги најдобрите цитати на Мајкл Џордан!

    Не пропуштајте ги овие инспиративни цитати на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан!rnrnНе пропуштајте ги најдобрите цитати на Мајкл Џордан!rn

    „Мора да очекувате големи работи од себе пред да можете да ги направите.“

    rn

    „Секогаш барајте начин да ја претворите негативната ситуација во позитивна.“

    rn

    „Учењето е подарок, дури и кога болката е вашиот учител.“

    rn

    „Некои луѓе сакаат тоа да се случи, некои посакуваат да се случи, други го прават тоа да се случи.“

    rn

    „Ако ги прифатите очекувањата на другите, особено негативните, тогаш никогаш нема да го промените исходот.“

    rn

    „Татко ми велеше дека никогаш не е доцна да направиш нешто што сакаш да го направиш. И тој рече дека никогаш не знаеш што можеш да постигнеш додека не се обидеш.“

    rn

    „Клучот за успехот лежи во неуспехот.“

    rn

    „Знам дека стравот е пречка за некои луѓе, но за мене е илузија. Неуспехот секогаш ме тераше да се обидам одново следниот пат.“

    rn

    „Ако налетате на ѕид, не вртете се и не откажувајте се. Размислете како да се искачите преку него.“

    rn

    „Можам да прифатам неуспех. Но, не можам да го прифатам фактот дека не сум се обидел.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Мајкл Џордан, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Боб Рос за светот и среќата.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Моќни цитати за поголема самопочит!

    Моќни цитати за поголема самопочит!

    Дали некогаш ви се случило да се почувствувате себеси недостојни за љубовта и почитта од другите околу вас? Однадвор, вашиот живот можеби изгледа совршено, имате среќно семејство и родители кои ве поддржуваат. Сепак, понекогаш си велите дека не ја заслужувате сета таа среќа. Во продолжение прочитајте неколку инспиративни цитати кои ќе ви ја вратат самопочитта.rnrnМоќни цитати за поголема самопочит!rn

    „Обидете се да не се гледате себеси низ очите на оние кои не ве ценат. Знајте ја вашата вредност дури и ако тие не ја знаат.“ – Непознат автор

    rn

    „Запомнете дека онаму каде е вашето срце, таму ќе го најдете своето богатство.“ – Пауло Коељо

    rn

    „Да се биде убав значи да се биде свој. Не треба да бидете прифатени од другите. Треба да се прифатите себеси.“ – Тич Нат Хан

    rn

    „Штом ќе научите како да бидете среќни, нема да толерирате да бидете во близина на луѓе кои прават да чувствувате нешто помалку.“ – Непознат автор

    rn

    „Самодовербата е супер сила: штом ќе почнете да верувате во себе се случува магија“. – Непознат автор

    rn

    „Не сакам да седам и да се надевам дека ќе се случат добри работи. Сакам да ги остварам. Сакам да ја контролирам сопствената судбина.“ — Дру Баримор

    rn

    „Премногу луѓе го преценуваат она што не се и го потценуваат она што се.“ — Малколм С. Форбс

    rn

    „Колку сте поискрени со себе, толку помалку некој друг може да ве повреди“. – Метју Кобах

    rn

    „Ако имате идеја за која искрено мислите дека е добра, не дозволувајте некој идиот да ве предомисли.“ — Стен Ли (Марвел)

    rn

    „Да се биде свој во свет кој постојано се обидува да те направи нешто друго е најголемото достигнување.“ – Ралф Валдо Емерсон

    rn

    „Понекогаш најтешкиот дел од патувањето е да веруваш дека си достоен за патувањето.“ ― Глен Бек

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Курт Кобејн.rnrnИзвор: themindsjournals.com