КАФЕ ПАУЗА

Tag: цитати

  • Најдобрите цитати на Кијану Ривс за животот и љубовта

    Најдобрите цитати на Кијану Ривс за животот и љубовта

    Кијану Ривс е еден од најпознатите, но и најсаканите актери во филмската индустрија. Во продолжение прочитајте дел од неговите најпознати цитати за животот, љубовта и кинематографијата.rnrnНајдобрите цитати на Кијану Ривс за животот и љубовтаrn

    „Секогаш ќе бидам вљубен во љубовта.“

    rn

    „Тагата ја менува формата, но никогаш не завршува.“

    rn

    „Најдобар начин да се промените е да згрешите. Доволно е да научите од вашите грешки пред да продолжите понатаму.“

    rn

    „Парите не ми значат ништо. Заработив многу, но сакам да уживам во животот и да не чувствувам стрес поради банкарската сметка. Сите знаеме дека здравјето е многу поважно.“

    rn

    „Не сакам да живеам во свет каде љубезноста се смета за слабост.“

    rn

    „Обидете се да ги почитувате другите. Обидете се да го извлечете максимумот од животот, но и најдете начин да се поврзете со другите. Ако можете. Доволно е…. за да преживеете.“

    rn

    „Мразам да давам совети.“

    rn

    „Сакам да го живеам животот колку што е можно поедноставно.“

    rn

    „Доколку има нешто што ве повредува, запрашајте се зошто е тоа така и како може тоа да се промени.“

    rn

    „Сметам дека доколку би се одлучил за сината пилула, ќе продолжев да спијам и никогаш немаше да знам што се случува. Тоа, пак, звучи многу депресивно. Затоа, мило ми е што се одлучив за вистинската пилула.“

    rn

    „Тагата и загубата се работи кои никогаш не исчезнуваат. Тие остануваат со вас.“

    rn

    „Искрено, се трудам да не правам ништо што не сакам да правам.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Кијану Ривс, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри.rnrnИзвор: parade.com

  • Моќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката

    Моќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката

    Чарли Чаплин, ѕвездата на немиот филм и човекот кој успеа да ги насмее луѓето ширум светот без да каже ниту збор. Познато е дека Џорџ Бернард Шо го нарекол Чаплин „единствениот гениј во филмската индустрија“. Во продолжение прочитајте ги неговите цитати за љубовта, животот, смеата и болката.rnrnМоќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болкатаrn

    „Животот може да биде прекрасен ако не се плашите од него. Сè што ви е потребно е малку храброст, имагинација…. и малку тесто.“

    rn

    „Ништо не вечно во овој зол свет, дури ни нашите неволји.“

    rn

    „Претпоставувам дека една од ирониите во животот е да се прави погрешната работа во вистинскиот момент.“

    rn

    „Помислете на себе барем еднаш во животот, во спротивно ќе ја пропуштите најдобрата комедија на светот.“

    rn

    „Ви треба моќ само доколку сакате да им наштетите на другите, во спротивно љубовта ви е доволна за да ги постигнете сите цели.“

    rn

    „Размислуваме премногу, а чувствуваме премалку.“

    rn

    „Огледалото е мојот најдобар пријател бидејќи никогаш не се смее кога плачам.“

    rn

    „Мојата болка може да биде причината за нечија смеа. Но, мојата смеа никогаш не смее да биде причината за нечија болка.“

    rn

    „Мојот живот е полн со тешкотии и проблеми. Но, моите усни не го знаат тоа. Тие секогаш се смеат.“

    rn

    „Животот е претстава без реприза. Затоа пејте, плачете, танцувајте, смејте се и живејте го максимално животот пред да се спушти завесата и пред да заврши претставата без аплауз.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси престанав да копнеам за поинаков живот и можев да сфатам дека сè што ме опкружуваше ми даваше сила да растам. Денес тоа за мене претставува ЗРЕЛОСТ.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси престанав да го трошам сопственото време и престанав да размислувам за огромни проекти во иднина. Денес го правам само она што ми носи радост и среќа, работи кои сакам да ги правам и кои ми го развеселуваат срцето, а ги правам на свој начин и со свој ритам. Денес тоа за мене претставува ЕДНОСТАВНОСТ.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси сфатив дека без оглед на околностите, јас сум на вистинското место во вистинското време и дека сè се случува во вистинскиот момент. Денес тоа за мене претставува САМОДОВЕРБА.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси се ослободив од сè што не е добро за моето здравје – храна, луѓе, нешта, ситуации и сето она кое се коси со мојата природа. Најпрвин го нареков овој став здрав егоизам. Денес тоа за мене претставува ЉУБОВ КОН СЕБЕ.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри.rnrnИзвор: goalcast.com

  • Желни сте за промена? Нека овие цитати ви бидат инспирација!

    Желни сте за промена? Нека овие цитати ви бидат инспирација!

    Најчесто, тоа што ни недостига да бидеме она што сакаме да бидеме и онаму каде што сакаме да бидеме се храброста и волјата за промена. Од друга страна да не заборавиме и дека секогаш е вистинското време да почнеме одново и да ги промениме нашите животи. Токму овие цитати ќе ви помогнат да ја прифатите промената, но и ќе ви бидат инспирација да ги остварите вашите желби и соништа.rnrnЖелни сте за промена? Нека овие цитати ви бидат инспирација! rn

    „Кога ќе го промените начинот на кој гледате на нештата, самите нешта ќе се променат.“– Вејн В. Даер

    rn

    „Она од што најмногу се плашат луѓето е да преземат нов чекор или да изговорат нов збор.“ – Фјодор Достоевски

    rn

    „Ќе станете зрели во моментот кога ќе престанете да се жалите и да барате изговори, а наместо тоа ќе почнете со промени.“ – Рој Т. Бенет

    rn

    „Тајната на промената е да ја насочите сета своја енергија не кон борба со старото туку кон градење на новото.“ – Сократ

    rn

    „Дејствувањето е клучот за секој успех.“ – Пабло Пикасо

    rn

    „Луѓето кои се доволни луди да мислат дека можат да го променат светот се всушност оние кои вистински го менуваат светот.“ – Валтер Исаксон

    rn

    „Не очекувајте да видите промена доколку вие самите не се потрудите да ја направите.“ – Махатма Ганди

    rn

    „Сите размислуваат како да го променат светот, но никој не размислува како да се промени себеси.“ – Лав Толстој

    rn

    „Не можеме да бидеме она што сакаме доколку и понатаму продолжиме да сме она што сме.“ – Макс Депри

    rn

    „Животот е сплет на природни и спонтани промени. Не спротивставувајте им се – тоа ќе создаде само тага во вас. Нека реалноста остане реалност. Оставете ги работите да си течат природно.“ – Лао Це

    rn

    „Личноста која никогаш не згрешила во животот е онаа која не пробала ништо ново.“ – Алберт Ајнштајн

    rn

    „Промената нема да дојде ако чекаме друга личност или друго време. Ние самите сме промената што ја бараме.“ – Барак Обама

    rnОткако ги прочитавте овие инспиративни цитати, можеби ќе сакате да прочитате и за незапирливата моќ на промената.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Откријте ја магијата на патувањето преку овие цитати!

    Откријте ја магијата на патувањето преку овие цитати!

    Живееме во свет полн со спектакуларни места кои чекаат да бидат откриени, па така поривот да се патува по светот се должи на нашата исконска потреба од нови искуства и доживувања. Во продолжение прочитајте го нашиот список на најубавите цитати за патување и талкање кои сме сигурни дека уште повеќе ќе ви ја разгорат страста да се впуштите во нова авантура!rnrnОткријте ја магијата на патувањето преку овие цитати!rn

    „Не сите оние кои талкаат се изгубени.“ – Толкин

    rn

    „Еднаш годишно отидете некаде каде што никогаш не сте биле порано.“ – Далај Лама

    rn

    „Живејте без изговори, патувајте без жалење.“ – Оскар Вајлд

    rn

    „Со староста доаѓа мудроста. Со патувањето доаѓа разбирањето.“ – Сандра Лејк

    rn

    „Вистинското патување не се состои во откривање нови пејзажи туку откривање нови светогледи.“ – Марсел Пруст

    rn

    „Преку патувањето доаѓате до сознание дека секој од нас греши кога се работи за другите земји.“ – Олдус Хаксли

    rn

    „Ако ја презирате храната, ги игнорирате обичаите, се плашите од религијата и ги избегнувате луѓето, можеби е подобро да останете дома.“ – Џејмс А. Мишенер

    rn

    „Соло патувањето не секогаш значи дека сте сами. Најчесто, по патот среќавате прекрасни луѓе со кои воспоставувате врски кои траат цел живот.“ – Жаклин Бун

    rn

    „Доколку ни беше судено да останеме на едно место, ќе имавме корени наместо стапала.“ – Рејчел Волчин

    rn

    „Подобро да видите нешто еднаш со своите очи, отколку да слушнете за него илјада пати.“ – Азиска поговорка

    rnОткако ги прочитавте најубавите цитати за патувањето, можеби ќе сакате да прочитате и инспиративни цитати за паровите кои сакаат да патуваат.rnrnИзвор: passportsymphony.com

  • Најубавите цитати од Руми за животот и љубовта

    Најубавите цитати од Руми за животот и љубовта

    Руми бил поет и научник од тринаесеттиот век. Тој го поминал животот пишувајќи ги најубавите цитати за љубовта и животот на кои и денес им се восхитуваме. Во продолжение прочитајте дел од нив.rnrnНајубавите цитати од Руми за животот и љубовтаrn

    „Ако куќата на светот е темна, љубовта ќе најде начин да изгради прозорци.“

    rn

    „Половината од животот го трошиме во шармирање на другите. Другата половина, пак, ја трошиме во нервози предизвикани од другите. Оставете ја оваа игра. Доволно долго ја игравте.“

    rn

    „Збогувањата се само за оние кои љубат со своите очи. Затоа, за оние кои сакаат со срцето и душата не постои такво нешто како разделбата.“

    rn

    „Откриј ја сладоста во сопственото срце, тогаш можеби ќе ја најдеш сладоста и во срцата на другите.“

    rn

    „Мудроста ни вели дека не сме достојни, а љубовта ни кажува дека сме. Мојот живот се одвива меѓу овие две идеи.“

    rn

    „Љубовта е река. Пијте од неа.“

    rn

    „Не можете да се пазарите со љубовта. Овде изборот не е повеќе ваш.“

    rn

    „Препуштете му се на она што вистински го посакувате. Тоа никогаш нема да ве однесе на погрешен пат.“

    rn

    „Љубовта е религија, а универзумот е книга.“

    rn

    „Се срамам да ја наречам човечка оваа љубов, но и се плашам од Бога да ја наречам божествена.“

    rnОткако ги прочитавте најубавите цитати на Руми, можеби ќе сакате да ги прочитате и 15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Цитати за војната и мирот што ќе ве подзамислат

    Цитати за војната и мирот што ќе ве подзамислат

    Денес живееме во свет растргнат од омраза во кој заканата од терор и војна постојано демне над некое делче од земјината топка. Ја чувствуваме болката на угнетените, понижените и оние кои ја немале таа среќа да се родат и да живеат во нормални човечки околности. Бесни сме секогаш кога ќе видиме дека постојат луѓе некаде, на некое друго место, кои се борат за основните човекови права. Во овие несигурни времиња, кога секој од нас се плаши за сопствената и иднината на своите деца и внуци, да се обидеме да најдеме зрак утеха во зборовите на овие големи борци.rnrnЦитати за војната и мирот што ќе ве подзамислатrn

    „Господ е ист насекаде.“ – Толстој

    rn

    „Лишувањето на луѓето од нивните човекови права е како да им се оспорува нивната човечка природа.“ – Нелсон Мандела

    rn

    „Прошката ја лечи душата и го отстранува стравот. Затоа е толку моќно оружје.“ – Нелсон Мандела

    rn

    „Темнината не може да ја сотре темнината: само светлината го може тоа. Омразата не може да ја сотре омразата: само љубовта го може тоа.“ – Мартин Лутер Кинг

    rn

    „Ненасилството не значи само избегнување на надворешното физичко насилство туку и отсуство на внатрешното насилство на духот. Не само што одбивате и да пукате во човекот туку одбивате и да го мразите.“ – Мартин Лутер Кинг

    rn

    „Не дозволувајте нечие однесување да ви го уништи внатрешниот мир.“ – Далај Лама

    rn

    „Доколку самите себе не се промениме, доколку не носиме мир во себе, тогаш не може да има светски мир.“ – Далај Лама

    rn

    „Мојата религија се заснова на вистината и ненасилството.“ – Махатма Ганди

    rn

    „Колку повеќе пари трошите на оружје, толку помалку пари трошите на луѓе! Повеќе оружје, помалку среќа; повеќе пушки, повеќе мизерија!“ – Мехмет Мурат Илдан

    rn

    „Ништо нема да стави крај на војната доколку самите луѓе не одбијат да војуваат.“ – Алберт Ајнштајн

    rn

    „Никогаш немало добра војна или лош мир.“ – Бенџамин Френклин

    rn

    „Мирот е доблеста на цивилизацијата. Војната е неговото злосторство.“ – Виктор Иго

    rnОткако ги прочитавте овие безвременски цитати, можеби ќе сакате да прочитате и за предвидувањето на следната светска војна со помош на статистика.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Најдобрите цитати од Малколм Икс во поглед на образованието, правдата и иднината

    Најдобрите цитати од Малколм Икс во поглед на образованието, правдата и иднината

    Малколм Икс е еден од најистакнатите водачи на движењето за граѓанските права во Америка. Се борел против расизмот рамо до рамо со Мартин Лутер Кинг иако неговите стратегии биле малку поагресивни. Сепак, овие цитати покажуваат зошто тој зазема големо место во историјата на движењето за човекови права.rnrnНајдобрите цитати од Малколм Икс во поглед на образованието, правдата и иднинатаrn

    „Јас сум за вистината, без разлика кој ја кажува. Јас сум за правдата, без разлика за кого или против кого е. Јас сум човечко суштество пред сè и како таков, го поддржувам она што му е од корист на човештвото како целина.“

    rn

    „Образованието е нашиот пасош за иднината, бидејќи утрешнината им припаѓа на оние кои денес се подготвуваат за неа.“

    rn

    „Луѓето не сфаќаат како само една книга може да им го промени целиот живот.“

    rn

    „Не можеме да очекуваме другите да нè прифатат доколку прво самите не се прифатиме себеси.“

    rn

    „Вистината е на страна на угнетените.“

    rn

    „Не избрзувајте да осудите некого затоа што тој не го прави истото што и вие го правите, или не мисли исто како вас. Порано и вие не сте биле свесни за некои работи за кои сте свесни денес.“

    rn

    „Верувам дека на крајот ќе дојде до судир меѓу угнетените и угнетувачите. Верувам дека ќе дојде до судир меѓу оние кои сакаат слобода, правда и еднаквост за сите и оние кои сакаат да продолжат со експлоатација. Верувам дека ќе има таков судир, но мислам дека нема да биде врз основа на бојата на кожата…“

    rn

    „Треба да шириме повеќе светлина еден кон друг. Светлината води кон разбирање, разбирањето создава љубов, љубовта создава трпение, а трпението пак води кон единството.

    rn

    „Верувам во човечките суштества и во фактот дека сите човечки суштества треба да бидат почитувани како такви, без разлика на бојата на нивната кожа.“

    rn

    „Доколку му се молите некому да ве ослободи, никогаш нема да бидете слободни. Слободата е нешто за кое вие самите треба да се борите.“

    rn

    „Без образование нема да постигнете ништо во животот.“

    rnОткако ги прочитавте цитатите од Малколм Икс, можеби ќе сакате да ги прочитате и цитатите од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Цитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес

    Цитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес

    Иако „Матрикс“ за прв пат беше прикажан пред 21 година, сепак постојат одредени цитати кои се сè уште релевантни. Имено, „Матрикс е научно-фантастичен акционен филм кој прикажува дистописка иднина каде човештвото е заробено во програмата наречена Матрикс. Оваа програма претставува симулација на реалноста создадена од машини направени со цел да го одвлечат вниманието на луѓето додека нивните тела се користат како извор на енергија. Сите три продолженија на „Матрикс“ истражуваат теми поврзани со заканата од технолошка контрола. Како што технологијата напредува секој ден, овие цитати од „Матрикс“ понекогаш нè тераат да чувствуваме дека животот е одреден вид симулација.rnrnЦитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денесrnrn rn

    „Си почувствувал ли некогаш дека не си сигурен дали си буден или сонуваш?“

    rn

    „Не ми се допаѓа помислата дека не можам да го контролирам сопствениот живот.“

    rn

    „Единствениот начин на кој можете да преживеете е да се преселите на друго место. Постои уште еден организам на оваа планета што ја следи истата шема. Дали знаете што е тоа? Вирус. Човечките суштества се болест, рак на оваа планета.“

    rn

    „Што е она што го посакуваат сите моќни луѓе? Повеќе моќ.“

    rn

    „Дали некогаш си сонувал сон Нео, каде сè се чинело толку реално? Што ако не си можел да се разбудиш од тој сон? Како би ја знаел разликата меѓу сонот и јавето?“

    rn

    „Се плашиш од промени. Не знам како ќе изгледа иднината. Не дојдов овде за да ти кажам како ќе заврши сето ова. Дојдов да ти кажам како ќе започне.“

    rn

    „Не можеш да го објасниш она што го знаеш, но го чувствуваш. Цел живот чувствуваш дека нешто не е во ред со светот. Не знаеш што е тоа, но чувството е тука, како делче во мозокот, и те полудува.“

    rn

    „Секој цицач на оваа планета инстинктивно развива природна рамнотежа со околината, но вие луѓето не го правите тоа. Наместо тоа, се размножувате и размножувате сè дури не ги потрошите сите ресурси.“

    rn

    „Се обидувам да ти го ослободам умот, Нео. Но, можам само да ти ја покажам вратата. Ти си оној кој треба да помине низ неа.“

    rn

    „Постои разлика помеѓу тоа да го знаеш патот и да чекориш по патот.“

    rn

    „Ако реалноста е сето она што можете да го почувствувате, вкусите, помирисате и видите, тогаш реалноста е само куп електрични сигнали кои вашиот мозок се обидува да ги протолкува.“

    rnОткако ги прочитавте најпознатите цитати од „Матрикс“, можеби ќе сакате да прочитате и за  дистописката серија во која човечките вредности не постојат.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Моќни цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан

    Моќни цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан

    Познатиот зен монах Тич Нат Хан кој го ширеше будизмот и неговите постулати ширум светот, почина на 22 јануари на 95-годишна возраст. Тој работеше цел живот на ширење на будистичката филозофија за сочувство и мир и го посвети својот живот на учењето за свесноста. Благодарение на неговата работа, зен-будизмот денес е подеднакво прифатен како на Истокот така и на Западот. Во продолжение прочитајте некои од неговите најпознати цитати.rnrnМоќни цитати за животот од зен учителот Тич Нат Ханrn

    „Чекорите како со стапалата да ја бакнувате Земјата.“

    rn

    „Сè е можно токму бидејќи сте живи.“

    rn

    „Многумина сметаат дека среќата се заснова на возбудата… Но, кога сте возбудени, не чувствувате мир. Вистинската среќа се заснова на мирот во себе.“

    rn

    „Понекогаш вашата радост е извор на вашата насмевка, но понекогаш вашата насмевка може да биде извор на вашата радост.“

    rn

    „Да се биде убав/а значи да се биде свој/а. Не ви е потребно прифаќањето од другите. Самите треба да се прифатите себеси такви какви што сте.“

    rn

    „На луѓето им е тешко да се откажат од сопствените страдања. Поради страв од непознатото, претпочитаат да страдаат од познатото.“

    rn

    „Откажувањето од нештата ни дава слобода, а слободата е единствениот услов за среќа. Ако во нашето срце сè уште се држиме до нашите чувства – лутина, вознемиреност или материјални работи, не можеме да бидеме слободни.“

    rn

    „Вистински духовен сопатник е оној кој ве охрабрува да погледнете длабоко во себе доколку сте во потрага по љубов и убавина. Вистинскиот учител е оној кој ви помага да го откриете учителот во себе.“

    rn

    „Сите чувства – вклучувајќи ја љубовта, омразата и страдањето – треба да бидат нахранети за да продолжат да опстојуваат. Ако страдањето продолжува, тоа е затоа што ние продолжуваме да го храниме нашето страдање.“

    rn

    „Морате да љубите на начин што љубената личност ќе се чувствува слободно.“

    rnОткако ги прочитавте цитатите на еден од најпознатите будистички монаси во светот, можеби ќе сакате да прочитате и 15 цитати од Буда што ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен мир.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 10 цитати за снегот кои ја доловуваат зимската магија

    10 цитати за снегот кои ја доловуваат зимската магија

    За многумина зимата е најубавото годишно време благодарение на празничната атмосфера доловена преку празничните закуски, зимските колачи, божиќниот филмски маратон. Секако, снегот е незаменлив дел од зимската магија. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со „снежни“ цитати кои ќе ви ја доловат снежната идила.rnrn10 цитати за снегот кои ја доловуваат зимската магијаrn

    „Првиот снег не е обичен настан туку е испреплетен со магија. Си легнувате во еден свет за да се разбудите во сосема поинаков. Ако ова не е волшебништво, тогаш што е?“ – Џон Пристлиrnrn„Дури и најсилната снежна виулица започнува со една снегулка.“ – Сара Рашrnrn„Има нешто посебно во чекорењето по снегот по кој никој друг не ги оставил своите стапки. Прави да чувствувате дека сте посебни.“ – Керол Рифкаrnrn„За да ја почувствувате убавината на снегулката доволно е да застанете надвор на снегот.“ – Аристотелrnrn„Го сакам снегот заради истата причина поради која го сакам Божиќ. Ги обединува луѓето, но и создава свет во кој времето застанало мирно.“ – Рејчел Конrnrn„Добрината е како снег – таа разубавува сè што ќе покрие.“ – Халил Џибранrnrn„Зимата не е годишно време, туку е време за прослава.“ – Анамика Мишраrnrn„Првиот снег е како првата љубов. Се сеќавате ли на вашиот прв снег?“ – Лара Бијутсrnrn„Тивко, како мисли кои доаѓаат и си одат, паѓаат снегулките, а секоја од нив е скапоцен камен.“ – Хамилтон Гибсонrnrn„Советот е како снегот. Колку помеко паѓа толку подолго се задржува и тоне подлабоко во умот. “ – Семјуел Тејлор Колериџ

    rnОткако ја прочитавте нашата листа со цитати за снегот, можеби ќе сакате да прочитате и што се случува со вашиот мозок кога наутро ќе видите снег низ прозорецот.rnrnИзвор: purewow.com