КАФЕ ПАУЗА

Tag: цитати

  • Инспиративни цитати кои ја прикажуваат суштината на животот

    Инспиративни цитати кои ја прикажуваат суштината на животот

    Сите ние водиме тешки битки на овој свет. Управувањето со нашиот приватен и професионален живот понекогаш може да биде прилично стресно. Затоа, секогаш кога се соочуваме со неуспех во животот една од неколку работи што можеме да ги направиме е да дозволиме инспиративните цитати да ни помогнат и да ни бидат ѕвезда-водилка. Во продолжение прочитајте неколку од нив.rnrnИнспиративни цитати кои ја прикажуваат суштината на живототrn

    „Што ако наместо да бидеме обесхрабрени од двосмисленоста и несигурноста на животот, го прифатиме таков каков што е и почнеме да уживаме во него?“ — Пема Чодрон

    rn

    „Дишете. Препуштете се и потсетете се дека токму овој момент е единственото нешто за кое сте сигурни дека го имате.“ – Опра Винфри

    rn

    „Нашите верувања го ограничуваат нашето искуство во животот.“— Пема Чодрон

    rn

    „Време е да започнете да го живеете животот што сте го замислиле.“ – Хенри Џејмс

    rn

    „Послободни сме отколку што мислиме.“ — Мишел Фуко

    rn

    „Честопати се случува да живееме заробени во синџири и никогаш да не дознаеме дека го имаме клучот.“ — Орелот (филм)

    rn

    „Животот значи да ги прифатите предизвиците на патот, да продолжите да чекорите напред и да уживате во патувањето.“ -Рој Т. Бенет

    rn

    „Јас не се срамам од моето минато. Навистина сум горда. Знам дека направив многу грешки, но сите тие беа мои животни лекции.“ – Дру Баримор

    rn

    „Постоите во времето, но ѝ припаѓате на вечноста.“ – Ошо

    rn

    „Не чувствувајте се осамено бидејќи целиот универзум е во вас.“― Руми

    rn

    „Среќата зависи од тоа што можете да дадете, а не од она што можете да го добиете.“ ― Свами Чинмајананда

    rn

    „Ако не добиете нешто, тоа значи дека нешто поголемо доаѓа на патот.“ — Анонимен автор

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 10-те најинспиративни цитати на Курт Кобејн

    10-те најинспиративни цитати на Курт Кобејн

    Сите ние доживуваме подеми и падови во животот, но малкумина од нас знаат како вистински да се справат со предизвиците и да не дозволат проблемите и тешкотиите да влијаат врз соништата. Курт Кобејн е еден од нив! И покрај проблематичното детство, недостатокот на емоционална поддршка, љубов и сочувство, тој постанал еден од најпознатите рок-музичари на сите времиња. Неговите цитати, пак, и ден-денес ги инспираат луѓето да го живеат животот што го посакуваат.rnrn10-те најинспиративни цитати на Курт Кобејнrn

    „Подобро да ме мразат поради тоа што сум отколку да ме сакаат поради тоа што не сум.“

    rn

    „Никој не се плаши од височина туку од паѓањето. Никој не се плаши да каже – те сакам, туку од одговорот.“

    rn

    „Само затоа што тоа е сè што посакувате не значи дека тоа е сè што ви треба.“

    rn

    „Дрогата е губење време. Таа ја уништува вашата меморија и вашата самодоверба.“

    rn

    „Има многу работи што би сакал да ги направам, наместо само да седам и да се жалам дека живеам здодевен живот.“

    rn

    „Без разлика што и да правите, ништо не можете да направите за да ги натерате луѓето да ве разберат.“

    rn

    „Кога моите очи би можеле да ја покажат мојата душа, сите би плачеле кога би виделе дека се смеам.“

    rn

    „Ме исмејуваат бидејќи сум различен; јас ги исмејувам бидејќи сите тие се исти.“

    rn

    „Сонцето замре, но јас имам светлина.“

    rn

    „Ти благодарам за тешките искуства. Неопходни ми се за мојата уметност.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати на Курт Кобејн, можеби ќе сакате да ги прочитате и најпознатите цитати на Робин Вилијамс за светот, среќата и животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Најубавите цитати за љубовта кои го доловуваат нејзиното вистинско значење

    Најубавите цитати за љубовта кои го доловуваат нејзиното вистинско значење

    Не пропуштајте ги најубавите цитати за љубовта кои го изразуваат нејзиното вистинско значење.rnrnНајубавите цитати за љубовта кои го доловуваат нејзиното вистинско значењеrn

    „Те љубам без да знам како, кога или од каде. Едноставно те љубам, без проблеми или гордост: те љубам на овој начин бидејќи не знам да љубам на друг начин, во кој не постоиме ниту ти ниту јас; те љубам така што твојата рака на моите гради е моја рака, а кога заспивам твоите очи се затвораат.“ – Пабло Неруда

    rn

    „Те сакам, а тоа е почетокот и крајот на сè друго.“ – Ф. Скот Фицџералд

    rn

    „Ако ти се сеќаваш на мене тогаш не ми е важно дали другите ќе ме заборават или не.“ – Харуки Мураками

    rn

    „Сознанието дека некој ве сака ви дава сила, а доколку вие сакате некого тогаш тоа ви дава храброст.“ – Лао Це

    rn

    „Те сакам затоа што целиот универзум заговараше да те сретнам.“ – Алхемичарот

    rn

    „Љубовта е оган. Но, дали ќе ви го стопли срцето или ќе ви ја изгори куќата, никогаш нема да можете да откриете.“ – Џон Крафорд

    rn

    „Кога љубовта не е лудост тогаш тоа не е љубов.“ – Педро Калдерон де ла Барка

    rn

    „Срцето има свои причини кои разумот не ги знае.“ – Паскал

    rn

    „Секој кој ќе се заљуби ги бара делчињата од себе што недостасуваат. Така, секој кој е заљубен станува тажен во миговите кога размислува за својата сакана личност. Тоа е како да се враќате назад во соба во која имате убави спомени, но која не сте ја виделе долго време.“ – Харуки Мураками

    rn

    „Без оглед на тоа од што се направени, неговата и мојата душа се исти.“ – Емили Бронте

    rnОткако ги прочитавте најубавите цитати за љубовта, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Елвис Присли за животот, успехот, среќата и љубовта.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот!

    Најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот!

    Не пропуштајте ги инспиративните цитати на една од најголемите тениски ѕвезди, Серена Вилијамс. Се надеваме дека тие ќе ви бидат инспирација да почнете уште денес да работите на надминувањето на пречките на патот кон вашите цели!rnrnНајдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот!rn

    „За да се оствари вашиот сон неопходно е да работите напорно и да не се откажувате од него.“

    rn

    „Не е важно вашето потекло или местото од каде доаѓате. Важен е само фактот дека имате соништа и цели.“

    rn

    „Секогаш верувам дека можам да ги победам најдобрите и да го постигнам најдоброто. Секогаш се гледам себеси на првата позиција.“

    rn

    „Имам среќа дека и покрај сиот страв во мене, мојата желба за победа е секогаш посилна.“

    rn

    „Во текот на целиот мој живот морав да учам да се борам, да учам да се смеам. Доволно е да се насмеете, а нештата ќе се решат кога-тогаш.“

    rn

    „Ако не сфатам како што треба, не престанувам со работа додека не сфатам.“

    rn

    „Мислам дека во животот треба да работите на себе сè додека не умрете.“

    rn

    „Мора да верувате во себе дури и кога никој друг не верува.“

    rn

    „Не се каам за ништо. Не живеам во минатото. Живеам во сегашноста и учам да не ги правам истите грешки во иднина.“

    rn

    „Среќата нема никаква врска со тоа бидејќи поминав многу, многу часови, безбројни часови на теренот работејќи за тој еден единствен миг, не знаејќи кога ќе дојде.“

    rn

    „Мислам дека поразот ме мотивира уште повеќе.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот, можеби ќе сакате да прочитате и за 20-те моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Инспиративни цитати на еден од најдобрите режисери на аниме филмови, Хајао Мијазаки

    Инспиративни цитати на еден од најдобрите режисери на аниме филмови, Хајао Мијазаки

    Хајао Мијазаки е еден од најпознатите луѓе во светот на аниме филмовите. Тој е истакнат јапонски манга уметник и режисер и бил именуван од магазинот Time како еден од највлијателните луѓе во светот. Неговите филмови, пак, носат толку убава порака што никој не може да ги мрази. Во продолжение прочитајте дел од најдобрите цитати на овој славен режисер.rnrnИнспиративни цитати на еден од најдобрите режисери на аниме филмови, Хајао Мијазакиrn

    „Животот е светлина што трепка во темнината.“

    rn

    „Животот вреди да се живее дури и покрај омразата и масакрот. Тој ни овозможува прекрасни искуства и ни подарува убави нешта.“

    rn

    „Современиот живот е толку плиток и лажен. Со нетрпение го очекувам денот кога програмерите ќе банкротираат, Јапонија ќе осиромаши, а дивите треви ќе завладеат.“

    rn

    „Можеби не ви се допаѓа она што се случува, но доволно е да го прифатите и ајде сите ние заеднички да го проживееме животот. Дури и ако сте лути, обидете се да бидете трпеливи и да издржите, па на тој начин сите заеднички да го проживееме животот. Сфатив дека тоа е единствениот начин да се преживее.“

    rn

    „Луѓето имаат потреба и за создавање и за уништување.“

    rn

    „Нашите животи наликуваат на ветрот… или на звуците. Се отелотворуваме, резонираме еден со друг… Потоа избледнуваме.“

    rn

    „Проблемите настануваат во моментот кога сме родени. Ние сме родени со бескрајно многу можности, но мораме да се откажеме од повеќето бидејќи за да избереш едно нешто значи да се откажеш од друго. Тоа е неизбежно. Но, што да се прави? Таков е животот. “

    rn

    „Многу од моите филмови имаат силни, храбри жени во главна улога кои не размислуваат два пати да се борат за она во кое веруваат со сето срце. Им треба пријател или поддржувач, но никогаш спасител. Секоја жена е способна да биде херој како и секој маж.“

    rn

    „Би сакал да снимам филм преку кој ќе им порачам на децата дека добро е да се биде жив.“

    rn

    „Сите мои филмови се мои деца.“

    rnОткако ги прочитавте овие инспиративни цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и инспиративните цитати од филмовите на Хајао Мијазаки што ќе ве трогнат.rnrnИзвор: kidadl.com

  • Најдобрите цитати на Боб Рос за светот и среќата

    Најдобрите цитати на Боб Рос за светот и среќата

    Боб Рос не беше само познат сликар туку пред сè вистинска икона на поп културата со неверојатна харизма која прави луѓето да се чувствуваат среќни и опуштени, а пример за тоа се и неговите цитати. Прочитајте дел од нив во продолжение.rnrnНајдобрите цитати на Боб Рос за светот и среќата rn

    „Претпоставувам дека сум малку чуден. Сакам да разговарам со дрвјата и животните. Сепак, тоа е сосема во ред бидејќи се забавувам многу повеќе од другите.“

    rn

    „Тајната за да направите што било е да верувате дека можете да го направите тоа. Сè додека верувате во себе.“

    rn

    „Од големо значење е секој ден да го правите она што ве усреќува.“

    rn

    „Можете да имате сè што сакате на светот откако ќе им помогнете на другите околу вас да го добијат она што го посакуваат.“

    rn

    „Сакаме среќни слики. Среќни слики. Доколку сакате тажни работи, гледајте вести.“

    rn

    „Погледнете наоколу. Погледнете што имаме. Убавината е насекаде – само треба да ја погледнете за да ја видите.“

    rn

    „Можете да правите сè што сакате. Овој свет е ваш.“

    rn

    „Овде можете да правите сè – единствениот предуслов е тоа да ве прави среќни.“

    rn

    „Зарем не сте свесни дека поседувате огромна моќ? Можете да ги поместите планините. Можете да направите сè.“

    rn

    „Нема ништо лошо во тоа дрвото да ви биде пријател.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Боб Рос, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати за животот и среќата од неповторливиот Иво Андриќ.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Најубавите цитати на Стив Џобс за животот

    Најубавите цитати на Стив Џобс за животот

    Не пропуштајте ги инспиративните цитати на еден од најиновативните претприемачи на сите времиња, Стив Џобс.rnrnНајубавите цитати на Стив Џобс за живототrn

    „Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот се оние кои го прават тоа.“

    rn

    „Во изминатите 33 години секое утро се гледав во огледало и се прашував: „Да беше денес последниот ден од мојот живот, дали би сакал да го правам тоа што ќе го направам денес?“. Секогаш кога одговорот беше „не“ премногу денови по ред, знаев дека морам да сменам нешто.“

    rn

    „Најдобриот начин да ја избегнете замката од помислата дека има нешто што можете да го изгубите е да се сетите дека кога-тогаш ќе умрете. Веќе сте соголени. Нема причина да не го следите сопственото срце.“

    rn

    „Горд сум на работите кои ги направивме, но и на работите кои не ги направивме. Иновацијата лежи токму во тоа да се каже „не“ на илјадници нешта.“

    rn

    „Фокусот и едноставноста се моите мантри. Едноставното може да биде потешко од сложеното – морате да вложите многу труд за вашите мисли да станат едноставни.“

    rn

    „Убеден сум дека она што ги одвојува успешните од неуспешните претприемачи е истрајноста.“

    rn

    „Технологијата и не е толку важна. Она што е важно е да имате верба во луѓето, да верувате дека тие се добри и паметни и дека ако им ги дадете потребните алатки тие ќе направат прекрасни работи со нив.“

    rn

    „Моите омилени работи во животот се бесплатни. Јасно ни е дека најскапоцениот ресурс што сите ние го поседуваме е нашето време.“

    rn

    „Имајте храброст да ги следите срцето и интуицијата. Тие знаат што навистина сакате да постигнете.“

    rn

    „Вашето време е ограничено и затоа не трошете го живеејќи ги туѓите животи. Не дозволувајте туѓите размислувања да ви влијаат. Не дозволувајте вревата од туѓите мислења да го задушат вашиот внатрешен глас.“

    rnОткако ги прочитавте најпознатите цитати на Стив Џобс, можеби ќе сакате да прочитате и за 5 -тенајважни навики на луѓето што секогаш победуваат во животот.rnrnИзвор: hubspot.com

  • Најпознатите цитати на Робин Вилијамс за светот, среќата и животот

    Најпознатите цитати на Робин Вилијамс за светот, среќата и животот

    Ненадминливиот Робин Вилијамс, брилијантен комичар и актер, остави зад себе не само филмови туку и многу мудри цитати. Прочитајте дел од нив во продолжение.rnrnНајпознатите цитати на Робин Вилијамс за светот, среќата и живототrn

    „Мислам дека најтажните луѓе секогаш максимално се обидуваат да ги направат другите среќни. Затоа што знаат како е кога човек се чувствува безвредно, па не сакаат никој друг да се чувствува така.“

    rn

    „Нашата задача е да го подобриме квалитетот на нашиот живот, наместо само да ја одложиме смртта.“

    rn

    „Без разлика што ќе ви кажат другите, зборовите и идеите можат да го променат светот.“

    rn

    „Порано мислев дека најлошото нешто во животот е да се биде сам. Не е. Најлошото нешто во животот е да бидеш опкружен со луѓе кои прават да се чувствуваш сам.“

    rn

    „Престанете да се плашите од староста, бидејќи како што стареете така станувате помудри и полни со самодоверба.“

    rn

    „Нема правила. Доволно е да го следите срцето.“

    rn

    „Не сте свесни за вистинската загуба сè додека не изгубите нешто што сте сакале повеќе од себеси.“

    rn

    „Се обидувам да ги сфатам нештата. Затоа, претпоставувам, верувам во судбината. Сигурно има причина зошто сум таков каков што сум. Сигурно има.“

    rn

    „Не поврзувајте се со токсични луѓе. Подобро е да бидете сами и да се сакате себеси отколку да бидете опкружени со луѓе кои ве тераат да се мразите себеси.“

    rn

    „Единственото оружје што го поседуваме е комедијата.“

    rnОткако ги прочитавте најпознатите цитати на Робин Вилијамс, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Кијану Ривс за животот и љубовта.rnrnИзвор: parade.com

  • Најдобрите цитати на Елвис Присли за животот, успехот, среќата и љубовта

    Најдобрите цитати на Елвис Присли за животот, успехот, среќата и љубовта

    Прочитајте во продолжение дел од најубавите цитати на Елвис Присли, кралот на рокенролот, кои сме сигурни дека нема да ве остават рамнодушни.rnrnНајдобрите цитати на Елвис Присли за животот, успехот, среќата и љубовтаrn

    „Претпоставувам дека најважното нешто во животот на една личност е среќата.“

    rn

    „Сè што сакав беше да им помогнам на луѓето, да ги сакам, да ги расположам и да ширам радост.“

    rn

    „Не напуштај ја мојата прегратка бидејќи овде е твоето место.“

    rn

    „Не е никаков срам да плачете кога сте заљубени.“

    rn

    „Ниедна работа не е претешка кога сте полни со самодоверба.“

    rn

    „Морате да ги следите вашите соништа без оглед на тоа каде ве водат.“

    rn

    „Луѓето мислат дека сте луди ако зборувате за работи кои не ги разбираат.“

    rn

    „Утре ќе биде предоцна, или сега или никогаш.“

    rn

    „Правете го она што мислите дека е правилно за вас сè додека не повредувате некој друг.“

    rn

    „Би просел и би молел само да го почувствувам твоето срце како чука блиску до моето.“

    rnОткако ги прочитавте безвременските цитати на кралот на рокенролот, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Најдобрите цитати на Фридрих Ниче за смислата на животот

    Најдобрите цитати на Фридрих Ниче за смислата на животот

    Делата на познатиот филозоф, есеист и културен критичар, Фридрих Ниче, извршиле големо влијание врз западната филозофија. Тие опфаќаат широк спектар на теми, вклучувајќи историја, религија, уметност, култура и филологија. Освен тоа, неговото творештво било извор на инспирација и за генерации филозофи, психолози, поети, теолози, драматурзи и романсиери. Во продолжение прочитајте ги неговите најдобри цитати.rnrnНајдобрите цитати на Фридрих Ниче за смислата на живототrn

    „Браковите се несреќни не поради недостатокот на љубов туку поради недостатокот на пријателство.“

    rn

    „Да се живее значи да се страда, да се преживее значи да се најде смисла во страдањето.“

    rn

    „Го сакаме животот не поради тоа што сме навикнати да живееме туку поради тоа што сме навикнати да сакаме.“

    rn

    „Сè што е направено во името на љубовта е над доброто и злото.“

    rn

    „Уметноста е вистинската смисла на животот.“

    rn

    „За мене не постои подобра животна цел од тоа да загинам во обидот да го постигнам големото и невозможното.“

    rn

    „Најсигурниот начин да го подмитите младиот човек е да го обучите да ги почитува неговите истомисленици отколку да ги почитува оние кои размислуваат поинаку од него.“

    rn

    „Под оваа реалност во која живееме и битисуваме се крие друга, поинаква реалност.“

    rn

    „Луѓето секогаш му се лути на оној кој секогаш прави индивидуален избор во животот; тие се чувствуваат како деградирани и обични суштества токму поради тоа што тој човек си пружи извонреден третман.“

    rn

    „Не сум лут што ме излажа, лут сум што отсега понатаму не можам да ти верувам.“

    rn

    „Мислите се сенки на нашите чувства – секогаш потемни, попразни и поедноставни.“

    rn

    „Колку повисоко се вивнуваме толку помали им изгледаме на оние кои не можат да летаат.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Фридрих Ниче, можеби ќе сакате да ги прочитате и безвременските цитати кои нè потсетуваат на моќта на љубовта.rnrnИзвор: everydaypower.com