КАФЕ ПАУЗА

Tag: чекори

  • 3 начини на кои можете безболно да се откажете од цигарите

    3 начини на кои можете безболно да се откажете од цигарите

    Доколку сте решиле конечно да ги откажете цигарите и да се насочите кон поздрав начин на живеење, тогаш овие неколку совети без сомнение многу ќе ви помогнат. Целта е да го најдете вистинскиот начин за вас, како и онаа идеја која ќе ве мотивира да продолжите и која нема никогаш да ви дозволи да се вратите на старите навики. Да не должиме, погледнете ги следниве 3 начини на кои можете безболно да се откажете од цигарите…rnrn3 начини на кои можете безболно да се откажете од цигаритеrn

    1. Замислете поголема цел од откажувањето на цигарите

    rnДури и ако не го гледате тоа на почетокот, откажувањето од оваа нездрава навика никогаш не е крајната цел. Најголемата цел би требало да биде вашето здравје, како и да станете онаа личност која може да ужива во својот живот без притоа да биде контролирана од зависност. Тоа на некој начин е како да ја враќате одново вашата независност. Доколку имате поголема цел, секогаш изразена на позитивен начин, вие ќе бидете многу повеќе фокусирани и издржливи во вашата идеја да ги откажете цигарите.rn

    2. Испланирајте ги сите чекори однапред

    rnДоколку немате распоред, големи се шансите дека пушењето повторно ќе ви избега од контрола. Токму затоа земете лист и хартија и напишете го бројот на месеци во кои планирате да престанете со пушење, како и колку цигари дневно ќе пушите во тој период со цел полека да намалувате. Можете дури и да го запишете финалниот датум кога веќе нема да имате потреба од нив. Откако ќе ги имате сите броеви црно на бело, вие ќе можете многу подобро да се фокусирате на вашата цел и со помош на овој распоред да не си дозволите пушењето да ви бега од контрола.rn

    3. Искористете ја целата помош која можете да ја најдете

    rnНе се плашете да посетите терапевт. Вие не само што ќе имате потреба од поддршка во целиот овој процес, туку и ќе мора да научите како да се справувате со стресот без притоа да посегнете по цигарите. Терапевтот исто така може да ви помогне и да допрете до внатрешна сила која не сте знаеле ни дека ја поседувате, а со тоа и полесно да го надминете овој период од вашиот живот. Од друга страна, не ги изоставувајте вашите најблиски од овој процес. Вам навистина ќе ви треба целата помош која можете да ја најдете.

  • 3 моќни чекори во процесот на откажување од лошите навики

    3 моќни чекори во процесот на откажување од лошите навики

    Светот постојано подложи на промени кои директно или индиректно влијаат на нас. Ние, како дел од овој свет, сакале или не, сме приморани да најдеме начин да функционираме со тие промени. Навика, особина или став – откако тие ќе престанат да функционираат за нас, ние мора да преземеме чекори кон нивно менување, давајќи си себеси можност да стекнеме нови и подобри навики, особини и ставови. Секој човек има дел од себе со кој не се гордее или не му се допаѓа. Одлуката да се смени нешто, особено кога тоа нешто е веќе преминато во навика, е многу тешко изводлива. Но следниве чекори можат малку да ја олеснат таа задача.rnrn3-moknji-chekori-vo-procesot-na-otkazhuvanje-od-loshite-naviki-kafepauza.mkrn

    1. Посакајте

    rnПосакајте поубаво за себе. Посакајте убав, здрав и среќен живот. Посакајте да можете да се сакате повеќе себеси, посакајте да бидете поуспешни и подобри личности. Посакајте да се откажете од лошите навики и да ослободите место и простор за оние добрите. Велат дека кога се сака сѐ е можно. Иако звучи премногу добро за да биде вистина, факт е дека желбата може да ве одведе многу далеку во вашите намери. Желбата да смените нешто може да ве насочи кон конечното менување на тоа нешто. Лоша особина или навика – станува збор за нешто што навистина не ви се допаѓа во врска со себе и затоа доволно е да постои голема желба да го промените за да почнете да дејствувате во таа насока. Свесни сте, знаете зошто и ја посакувате таа промена. Вие го можете тоа.rn

    2. Згадете се

    rnГадењето скоро никогаш не се поистоветува со убави работи. Во најголем број случаи не се ни однесува на нешто убаво. Но кога станува збор за лошите навики, гадењето може да биде и те како од корист. Штом станува збор за лоша навика, сѐ што треба да направите е да најдете причина поради која ќе ви се згади од неа и едноставно да се држите до неа. Како знаете и умеете, пронајдете начин константно да се потсетувате на оваа причина поради која ви се гади бидејќи доволно е сликата од гадењето да ви се задржи во меморијата. Некогаш е навистина доста и редно време да се сопрете себеси.rn

    3. Одлучете се

    rnОдлучноста е одлика на луѓето со силен карактер. Тоа се луѓе кои цврсто стојат на земја и кои, свесни за својата одлука и причината која ја донеле, нема да отстапат од неа. Но факт е дека сите се способни да стојат зад своите одлуки ако и само ако доволно многу го сакаат тоа. Некогаш, тоа ќе бидат лесни одлуки, некогаш ќе ви треба повеќе време и храброст да ги донесете. Одлуката да се откажете од лошите навики би требало да е лесна, нели? Но, всушност не е така. Затоа, тука на сила стапува вашата одлучност да се придржувате до неа откако ќе ја донесете. И секој пат кога ќе се најдете во искушение да ја прекршите, направете нешто друго наместо тоа. Јавете се на пријател, излезете на прошетка, искажете/напишете ги своите емоции.

  • 3 чекори со чија помош можете да станете подобар проценувач на карактери

    3 чекори со чија помош можете да станете подобар проценувач на карактери

    Секој човек барем еднаш во својот живот може да направи лоша проценка на нечиј карактер што понатаму може да доведе до разочарување. Доколку не сте процениле некого добро, не сте единствени. Повеќето луѓе поминале низ истото. Но, тоа не значи дека нема начин на кој можете да се подобрите. Сè што е потребно е да научите како да го дешифрирате карактерот на луѓето. Погледнете ги следниве 3 чекори кои ќе ви помогнат да го сторите тоа.rnrnrn

    1. Вратете се назад

    rnДали сте забележале како темата за која разговарате може да влијае врз вашиот впечаток за соговорникот? Вие сте толку фокусирани на овој разговор, што вашиот мозок работи премногу брзо со цел да открие што сè се кажува. Или пак, наместо да се фокусирате на разговорот, вие се фокусирате целосно врз вашите чувства и мисли за што другата личност можеби чувствува за вас во овој момент. И поради тоа целосно ја игнорирате личноста која стои пред вас.rnrnТокму затоа следен пат кога ќе започнете со разговор, каков било разговор, направете еден чекор наназад (метафорично) и наместо зборовите или емоциите, фокусирајте се на тонот на гласот. Дали зборовите на соговорникот соодветствуваат со тонот со кој се изговорени? Погледнете го говорот на телото. Како ги користи тој или таа рацете за гестикулирање или пак, дали телото му/ѝ го отсликува зборувањето. Исто така погледнете и во нивните лица. Што се обидуваат нивните фацијални експресии да ви кажат?rn

    2. Откријте ги вашите намери

    rnДали навистина ја сакате оваа работа? Толку многу што би се фокусирале на добрите нешта што работодавачот ви ги зборува, наместо да ги земете во предвид и негативните аспекти? Дали навистина сакате да сте во врска со оваа личност? Толку многу што можеби го игнорирате фактот што не добивате одговор на пораките, ниту пак труд за состаноците како што вие тоа го правите за него или неа. Има една изрека која вели: „Купувањето храна не е добра идеја доколку сте гладни.“ Ако нешто претерано многу сакате, вашите желби се попречуваат на патот кон разумното размислување. Но, како да се справите со овој проблем?rn

      rn011

    • Направете пауза. Кога донесувате одлуки, дозволете си барем 5 минути да здивнете. Уште подобро би било ако имате време и да преспиете. Кога станува збор за големите одлуки, никогаш не брзајте. Нетрпеливоста може да ви донесе брзи резултати, но не и резултати во кои би уживале долготрајно.
    • rn011

    • Медитирајте. Медитацијата ви дозволува да го погледнете вашиот живот од птичја перспектива и да видите што навистина се случува околу вас.
    • rn011

    • Испитајте ги вашите желби. Откријте што сакате, а потоа напишете ги сите овие мисли. Не само добрите, туку и лошите страни на сите ваши намери со цел да можете да добиете подобра слика за нештата.
    • rn

    rn

    3. Слушајте го внатрешниот глас

    rnЗнаете за кој глас станува збор. Оној кој ве тера да одите по подолгиот пат на работа наместо да бидете заглавени во сообраќај на краткиот. Тоа е оној кој ве нервира кога сè околу вас е совршено, велејќи ви дека нешто не е во ред. Како и оној кој ви вели да ги зграпчите сите можности кои ќе ви излезат патот, дури и ако во моментов ви немаат смисла. Тој глас не е само интуиција, туку е и несвесна реакција на туѓиот говор на телото. Во вашиот несвесен ум постојат многу нешта кои можеби сè уште не сте ги забележале, па токму затоа и тие преку овој внатрешен глас се обидуваат да испливаат на површина.rnrnНо, внимавајте да не ги измешате гласовите во вашата глава. Стравот исто така има тенденција да ви зборува. Исто како и желбите. Но, и логиката. Токму затоа обрнете подобро внимание на вашата внатрешност со цел да дознаете што точно доминира во вас во моментот. Доколку успеете да го изолирате вистинскиот внатрешен глас, тој секогаш ќе биде во право. Токму затоа слушајте.

  • Победете ја анксиозноста во само 8 чекори

    Победете ја анксиозноста во само 8 чекори

    Недефинираното чувство на страв, вознемиреност и тага кое се појавува без навидум очигледна причина е едно од најчестите психолошки проблеми. Станува збор за анксиозноста која често предизвикува и чувство на немоќ, бидејќи едноставно никој не може да се соочи со оние проблеми кои не може јасно да ги види. Но, тоа не значи дека таа е непобедлива. Погледнете ги овие 8 чекори предложени од страна на Академијата за психологија во Америка со цел полесно да се справите со ова состојба.rnrnПобедете ја анксиозноста во само 8 чекориrnrn1. Контролирајте ја вашата загриженост: Одвојте 30 минути за целосна насоченост кон себе. Во околина која ви е удобна и пријатна и која ви обезбедува мир, направете листа од сите оние нешта кои ве загрижуваат. Откако ќе ги запишете вашите грижи ќе сфатите дека барем за половина од нив нема потреба од загриженост. Токму тоа ќе ви помогне да ги издвоите вистинските проблеми и да се фокусирате на нивно решение. И не заборавајте, секој проблем е решлив, потребно е само да се најде вистинскиот начин.rnrn2. Вратете се малку во минатото и искрено разговарајте самите со себеси: Дали до крајот сте се избориле за проблемите кои сте ги имале или пак, сте ги „турнале“ под тепих и сте ги потиснале во себе? Иако се невидливи, често неразрешените проблеми од минатото се причина за појава на анксиозност во сегашноста.rnrn3. Направете листа од вашите стравови и рангирајте ги според начинот на кој влијаат врз вас: Направете скала од 1 до 10 и со помош на вашиот здрав разум разделете ги вистинските опасности од оние кои се ирационални. Сигурни сме дека ќе сфатите колку повеќето од нив се бесмислени.rnrn4. Во распоредот со вашите секојдневни вежби додадете редовна физичка активност: Најдобро тоа да е некаде на отворено, на свеж воздух. На овој начин ќе ги покренете умртвените процеси во вашето тело и ќе ги стимулирате хормоните кои носат задоволство и релаксирање на вашиот нервен систем.rnrn5. Одвојте време за одмор кога сте дома: Слушајте ја онаа музика која ја сакате, научете основни јога вежби и применувајте ги секој пат кога ќе се чувствувате вознемирени. Кога ќе почувствувате необјасниви стравови, веднаш престанете со сите активности и неколку минути дишете длабоко, фокусирани целосно кон себе.rnrn6. Неколку дена не консумирајте кафе, газирани пијалаци, алкохол и цигари: Нивните состојки го иритираат централниот и периферниот нервен систем, а со тоа влијаат и врз вашето расположение, начинот на кој се доживувате себе и вашата околина, како и врз погледот кон она што во моментот ви се случува.rnrn7. Разговарајте со вашите блиски за тоа како се чувствувате: На овој начин ќе ги споделите вашите грижи и со другите, па токму затоа и потоа ќе ви биде полесно. Ако е потребно, не се плашете да се обратите ка психолог или психотерапевт за помош.rnrn8. И за крај, не заборавајте дека во борбата за анксиозноста најважна е акцијата, а најлоша е пасивноста.

  • Следете ги овие 3 чекори и ќе ја откриете љубовта на вашиот живот

    Следете ги овие 3 чекори и ќе ја откриете љубовта на вашиот живот

    Многумина веруваат дека нивната сродна душа е само една личност на оваа планета која во секој поглед е совршена за нив и на која со сигурност, во одреден момент од животот, ќе налетаат. Но, тоа е далеку од вистината. За да ја откриете љубовта на вашиот живот вие мора да бидете отворени, искрени и подготвени да се предадете себе на некој друг. Вие мора да сте храбри за да бидете ранливи пред личност која ќе ве познава во секое светло. За да го постигнете тоа, следете ги овие 3 чекори…rnrnСледете ги овие 3 чекори и ќе ја откриете љубовта на вашиот животrn

    Прв чекор

    rnНајголемата тајна за привлекување на вашиот совршен љубовник или сродна душа е целосно да се прифатите самите себеси. Доколку се сакате, со сите свои маани, слабости и несигурности, вие без сомнение ќе се претворите во магнет за љубов. Како би можел да очекувате да ве сака некој друг, ако ни вие не се сакате себе? Кога се чувствувате убаво во вашата кожа, вие многу полесно ќе ја отворите вратата кон интимноста со друга личност. Не е важно дали ќе станува збор за романтична љубовна врска или за бил кој друг вид поврзување.rn

    Втор чекор

    rnСледната тајна е вежбањето да одржувате контакт со очи. Кога сте доволно храбри да ја спуштите вашата заштита и да си дозволите да останете во подолг контакт со очи со друга личност, овозможувајќи им да ја погледнат вашата душа преку нив, тоа значи дека вие сте си дозволиле повторно да бидете отворени и ранливи. Потребно е да најдете начин како да го соблечете вашиот оклоп и да соберете храброст да ѝ верувате на новата личност во вашиот живот дека ќе се грижи за вас. Долгото и длабоко набљудување на „душата“ на друго човечко суштество е едно од најмоќните и најхрабрите дела кои еден човек може да ги направи за себе.rn

    Трет чекор

    rnУште еден начин на кој можете да ги подобрите вашите „љубовни вибрации“ е доколку стапите во контакт со вашиот внатрешен духовен борец. Некаде длабоко во вас постои нескротлив и незаситен слободен дух кој само вие можете да го откриете. Доколку сакате да го најдете овој ваш дел, почнете постепено да истражувате во себе. Кога ќе се отворите и ќе го поделите она што не може да биде поделено со некој, тогаш сите ваши стари штитови од минатото ќе паднат и вие ќе се покажете себеси во вистинското светло.rn

    Дополнителен совет: Како да го напуштете целиот ваш страв?

    rnДоколку сакате да живеете добар живот, мора да научите како слободно да љубите и целосно да го напуштите вашиот страв. Замислете како би било да се сака некој доколку тој никогаш не би можел да повреди. Токму тоа е вистинска љубов која може да привлече многу сродни души за време на вашето патување низ животот.rnrnНа почетокот може да биде малку тешко да ги промените сите ваши однесувања, заштити, криења и избегнувања со цел да постигнете повисоко ниво интимност со друга личност, но доколку сте искрени со себе и постојано сте насочени кон она што се случува во вас, тогаш нема да ви биде потребно многу време да го постигнете тоа.rnrnНе се плашете да преземате одговорност за тоа што го наоѓате во себе и дозволете си повеќе време за анализа на сите оние ѕидови кои сте си ги изградиле со страв. Кога ќе воочите од каде доаѓа изворот на вашиот страв, тогаш истиот ќе можете и да го надминете. Работите стануваат многу едноставни кога ќе сфатите што е тоа што ве спречува да живеете во целост и да љубите со целото ваше срце.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 чекори за избегнување на непријатниот мирис на нозете

    5 чекори за избегнување на непријатниот мирис на нозете

    Нозете постојано се потат, а потта е идеално место за развој на бактерии кои потоа ослободуваат многу непријатен мирис. Него можете да го избегнете со примена на некој од овие чекори.rnrn5 чекори за избегнување на непријатниот мирис на нозетеrn

    1. Оставете ги стапалата да дишат

    rnПостојат два начини да ги поставите стапалата да дишат. Можете да носите отворени обувки како сандали или влечки секогаш кога тоа е можно или да носите чорапи кои не ја впиваат влагата. Избегнувајте ги памучните чорапи затоа што тие ја впиваат влагата, го држат стапалото влажно и испотено, а тоа создава лош мирис. Наместо памучни, користете чорапи кои се направени од мешавина од синтетички влакна како спандекс, најлон и полиестер, кои влагата ја префрлаат надвор.rn

    2. Мијте ги нозете со алкохолен оцет

    rnСапунот и водата се добар начин на борба против мирисот на нозете, а и средствата за дезинфекција на рацете многу помагаат. Ако сакате да пробате нешто поинакво, растворете една чаша алкохолен оцет во четири литри вода и со нив мијте ги стапалата еднаш до два пати дневно.rn

    3. Елиминирајте ја влагата

    rnГледајте нозете постојано да ви бидат суви, затоа што само влажните нозе мирисаат. Лекарите советуваат да си помогнете и со нанесување на бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона. Можете да нанесете и антиперспирант на табаните, како и помеѓу прстите пред спиење и по утринското туширање.rn

    4. Носете суви обувки

    rnБи било идеално кога би имале повеќе пара обувки, па би ги менувале почесто за тие да можат да се исушат и да не ја држат влагата во себе. Ако не располагате со повеќе пара обувки, секогаш сушете ги на воздух штом ќе ги собуете. Можете да користите и миризливи влошки кои секако треба да ги менувате штом го изгубат дејството.rn

    5. Побарајте помош од лекар

    rnАко ништо не помага, немојте да се срамите да побарате помош од лекар. Тој можеби ќе утврди постоење на некое здравствено нарушување поради кое ви се јавува овој проблем.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 чекори кои ќе ви помогнат во решавање на проблемите во врската

    5 чекори кои ќе ви помогнат во решавање на проблемите во врската

    Колку и да постои љубов во врската, невозможно е да се избегнат расправиите. Сосема нормално е да има судир на ставови и размислувања, па во тие моменти малку треба за да започнете да се карате. Тоа се некогаш лесни расправии, но некогаш знаат да прераснат во големи и наизглед нерешливи. Но, иако во тие моменти делува како да е крај на светот и како да не постои решение за вашиот проблем, факт е дека доколку и двајцата сакате да го најдете, тоа е секогаш пред вашиот нос.rnrn(1)-5-chekori-koi-kje-vi-pomognat-vo-reshavanje-na-problemite-vo-vrskata-kafepauza.mkrn

    1. Дајте си време да оладите

    rnНиту еден проблем не се решава додека сте лути и нервозни. Дури и да се обидете да разговарате во тие моменти, ќе забележите дека тој разговор брзо ќе премине во уште поголема расправија. Но доколку си оставите себеси, а и на партнерот, време и простор да ги избистрите главите, убаво да размислите за целата ситуација, за тоа кој што рекол и дури потоа да седнете да разговарате, ќе видите дека многу полесно ќе се разберете и ќе успеете да дојдете до заеднички компромис.rn

    2. Променете ја околината

    rnСѐ влијае на нас и на нашето расположение. Дури и само промена на собата во која се наоѓате може многу да влијае на вас и вашето размислување. Некогаш тоа може да биде промена на атмосферата. Не реагирајте веднаш колку и да сте тажни, лути или бесни. Пронајдете што влијае на вас за вие да се смирите и поубаво да размислите од различна перспектива и применувајте го тоа кога и да се наоѓате во тешка расправија со партнерот.rn

    3. Дишете длабоко

    rnКога се карате со некого тоа предизвикува одредено ниво на лутина кај вас, па сигурно сте забележале дека тогаш срцето ви чука забрзано, а некогаш дури и мислите дека ќе ви излета од градите. Дури и кога не се карате повеќе, ако сте сѐ уште нервозни, вашиот мозок работи забрзано и без престан, па не ретко се случува да се сетите на проблеми и расправии кои се случиле одамна, и повторно продолжувате со кавгите. Тоа е така бидејќи мозокот несвесно тежнее да ја задржи таа состојба на возбуденост, па за да се смирите треба да му испратите одредена порака. Дишете длабоко и полека за да го смирите нервниот систем и така ќе му дадете на мозокот до знаење дека треба да успори.rn

    4. Проширете ги видиците

    rnИако во моментите на расправање делува дека само вашата страна на приказната е онаа вистинската, најчесто не е така. За секоја врска се потребни двајца, па така и за секоја расправија се потребни двајца. Без разлика кој ја започнал расправијата, факт е дека штом се карате, тогаш постои нешто што не му се допаѓа и на партнерот. Застанете за момент и споделете ги вашите чувства и верзии на проблемот, па обидете се да слушнете и да разберете што навистина сака партнерот да ви каже. Кој знае, можеби ќе излезе дека тој е повеќе во право.rn

    5. Спојте ги приказните

    rnВеројатно е дека во моментите кога конечно ќе почнете да разговарате и да ги споделувате емоциите и вашите размислувања, ќе сфатите дека има доста слични работи кои ви пречат. Во склоп со оние различните и доза добар разговор ќе успеете да ги споите приказните во една, односно да најдете заедничка средина и да дојдете до некој компромис, така што крајниот резултат да биде во полза и на двајцата.rnrnКолку и да е расправијата голема и тешка, доколку навистина ја сакате личноста која се наоѓа спроти вас, тогаш не смеете да дозволите да направите ништо помалку од буквално сѐ за да ја задржите до себе. Терањето инает и правењето сѐ по свое и само како што на вас ви одговара нема да ве одведе никаде. Овие 5 чекори можат да ви помогнат да ги победите лутината и бесот и да преминете преку разликите со кои се соочувате. Сѐ што треба е да го сакате тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот

    15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот

    Подобрувањето на вашиот живот не е тајна, ниту се крие на другиот крај на светот, па потребно ќе ви биде долго патување за да го најдете, да го откриете тоа што ќе ви го промени животот. Напротив, промената лежи во вас самите, само треба да бидете доволно упорни, одлучни и истрајни за да ја постигнете.rnrnНаместо да седите пасивно и да го чекате тоа „утре“ кое никако не доаѓа, земете ги работите во ваши раце, бидете самите водачи на вашите животи и чекорете кон подобра верзија од себеси. Еве како.rnrn15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот rn

    1. Одбирајте го потешкиот пат

    rnОна што во моментов ве плаши и ви изгледа тешко е токму она што треба да го направите. Прифатете го фактот дека големите цели и желби од вас бараат многу жртви и дека напорната работа е неизбежна. Наместо да барате изговори наоѓајте начини и работете напорно. Помислете на последната работа која ја сакавте, а не ви се оствари. Дали изнаоѓавте полесни патишта до целта? Дали баравте изговори да не успеете? Дали вложивте доволно? Клучно е да сфатиме дека лифтот до успехот не работи па ќе мора да одиме по скалите, една по една.rn

    2. Формирајте круг на пријатели на кои секогаш може да им се обратите

    rnМногу е важна поддршката од вашите блиски, луѓето кои ви значат и чие мислење го почитувате. Кога нешто правите погрешно или кога ситуацијата е лоша, потребни ви се луѓе кои ќе бидат искрени со вас и кои ќе ви ги отворат очите и луѓе кои ќе ве мотивираат и поттикнат да не се откажувате за време на тешките периоди. Ако сакате промена во вашиот живот кон подобро, формирањето круг од квалитетни пријатели е нешто што не смеете да го изоставите.rn

    3. Научете да се прилагодите на околностите

    rnСекој искусува лоши периоди во животот. Сте го изгубиле работното место или долгогодишниот партнер и останувате заглавени во депресивни мисли. Животот носи секакви периоди, добри и непожелни изненадувања. Наместо да се преоптоварувате со тешки мисли, научете да ги прифатите нештата кои не можете да ги промените. Времето не се враќа назад, секој пад е важна лекција за животот, прифатете ја.rn

    4. Осигурајте се дека времето не го трошите залудно

    rnСекој миг од вашиот живот е вреден, не трошете го залудно. Дали им посветувате доволно внимание на блиските? Дали си посветувате доволно внимание себеси? Паметно распоредете го времето фокусирајќи се на нештата кои сакате да ги правите и секогаш резервирајте си време само за вас.rn

    5. Секогаш бидете упорни и посветени

    rnНе откажувајте се лесно. Паднавте по втор пат на испитот и веќе размислувате да се отпишете од факултет? Или почнавте со часови по некој спорт и по две недели кревате раце? Тоа со сигурност не е начинот да се стигне до подобрата верзија од себеси. Бидете упорни, посветени и внесени во она што го работите. Бидете постојани и одговорни, вклучени во вашата работа, интереси, врски со други луѓе. Тоа од вас ќе бара да станете од кревет кога порадо би поспале уште некој саат, но тој ризик секогаш е исплатлив.rnrn15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот rn

    6. Откријте што е она што сакате да го правите

    rnМожеби имате хоби и разни нешта кои ги практикувате во слободно време, но стоп, што е она што навистина го сакате, она во што навистина уживате? Доколку не можете јасно и прецизно да ја именувате таа работа тогаш уште веднаш посветете се на нејзиното откривање. Мора да постои нешто што ве исполнува максимално, што ве прави среќни, што го извлекува најдоброто од вас. Дали е готвење, пишување, читање, изработка на некакви предмети, земање активно учество во хуманитарни акции… што и да е, посветете му се.rn

    7. Не занемарувајте ги вашите емоции

    rnОбрнете внимание на вашите емоции. Што чувствувате кога го гледате изгрејсонцето, или кога ќе ви се насмее вашето дете? Што кога конечно по долго време ќе ви се оствари вашиот сон? Како се чувствувате во прегратката на вашиот/ата љубен/а? Не потценувајте ги тие мали моменти кога ве преплавуваат емоции. Застанете за миг и вистински чувствувајте.rn

    8. Секогаш бидете отворени за ризици

    rnИзлезете од безбедната зона и направете го она од што секогаш сте се плашеле. Без разлика дали тоа е некаков екстремен спорт, телефонски повик кој одамна го одолговлекувате, или разговор кој ве плаши. Соочете се со предизвикот и научете да ризикувате и да излезете од сигурната зона. Така полесно ќе ги дочекувате животните предизвици, бидејќи колку повеќе го одолговлекувате проблемот, толку поголем станува.rn

    9. Бидете подготвени да пружите помош

    rnПомагајте секогаш кога имате прилика. Несебично давајте ја вашата помош, и не заборавајте дека никој не може сè да постигне сам. Помагањето не им е од корист само на оние кои добиваат помош туку и на оние кои ја даваат.rn

    10. Живејте во сегашноста

    rnМногу лесно е да се каже но тешко да се направи. Сите ние можеби и премногу живееме во минатото или иднината, мислејќи за нешто што поминало и планирајќи нешто што допрва треба да дојде. Научете да се фокусирате на сегашниот момент бидејќи само тој е вистински, сè останато е резултат на нашата фантазија. Не чекајте некое посебно време кога ќе почнете да живеете туку впијте го максимално она што е пред вашите очи сега.rnrn15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот rn

    11. Научете нешто ново

    rnСтремете се кон нови искуства и нови знаења. Секогаш бидете отворени на нови лекции во животот. Така не само што ќе станете желни за секаков облик на знаење туку и ќе бидете желни да го пренесете вашето знаење.rn

    12. Бидете физички активни

    rnФизичката активност не е важна само за надворешниот изглед туку и за духот. Редовната физичка активност ни го подобрува расположението и погледите на светот. Чувствувајте се добро на секој можен начин и живејте здраво. Тоа во секој случај е подобар избор од седењето пред телевизор.rn

    13. Патувајте и искусувајте

    rnПатувајте секогаш кога имате можност, но не правете го тоа механички. Патувајте за да научите, искусите, пробате, запознаете. Бидете авантуристи во душата и отворете ги вашите видици.rn

    14. Слушајте позитивна музика

    rnМоќта на музиката е голема. Може да ве подигне, расположи, да внесе позитива во вашето секојдневие. Слушајте музика често и препуштете им се на емоциите кои музиката ги предизвикува во вас.rn

    15. Станете ранобудници

    rnВажно е како ќе го започнете денот. По часови минати во одмор, вашиот мозок е подготвен да работи турбо. Успешните луѓе неретко се ранобудници. Наместо излежување во креветот одберете утринска рутина која ќе ви го подигне духот и ќе ве направи попродуктивни во текот на целиот ден.

  • Како да ја победите анксиозноста во 7 чекори?

    Како да ја победите анксиозноста во 7 чекори?

    Дали чувствувате дека времето ви лета, дека сите обврски ќе ве претекнат, дека немате контрола а имате толку работи кои треба да ги направите, цели кои треба да ги постигнете? Со денешното темпо на живот не грижете се, не сте единствени. Многумина страдаат од анксиозност понекогаш, дури и многу често. Еве како да го победите ова непријатно чувство.rnrnКако да ја победите анкциозноста во 7 чекори?rn

    1. Дишете длабоко

    rnНајважно е за миг да се одделите од светот. Запрете, затворете ги очите и вдишете длабоко додека броите до четири, потоа повторно броете до четири задржувајќи го здивот, па издишете исто така броејќи до четири. Повторете ја оваа постапка 5-10 пати. Ова ќе ви помогне да се ослободите од тензијата, го намалува пулсот на срцето и прави да се чувствувате дека ги имате нештата под контрола.rn

    2. Замислете го најлошото

    rnОва може да ви звучи нелогично, зошто би размислувале негативно кога сакате да се ослободите од стресот и тензијата? Размислете повторно. Доколку го замислите најлошото можно сценарио, потсвесно ќе креирате и начин како да излезете од таа криза, што би значело дека сте подготвени за тоа. Потоа ќе се вратите назад во реалноста знаејќи дека ништо од тоа не ви се случило и дека ја имате контролата да влијаете на нештата и да ги направите исправно.rn

    3. Ослободете се од негативните мисли

    rnПрестанете да држите сè во вас, не мора секогаш и пред секого да изгледате присебни и смирени. Секој има проблеми и нешта кои го мачат, затоа се тука вашите најблиски. Доколку чувствувате дека анксиозноста ви штети, дека не сте спокојни и постојано сте под притисок, отворете се пред некој кој ви е близок. Споделете го она што го чувствувате и во истиот момент ќе почувствувате олеснување. Исто добра идеја е да почнете да пишувате дневник. Одвојте 5-10 минути дневно и напишете како се чувствувате и кои се обврските и нештата кои ја предизвикале анксиозноста.rnrnКако да ја победите анкциозноста во 7 чекори?rn

    4. To-do листите скратете ги на минимум

    rnВо ред е да правите список со нешта кои треба да ги завршите со цел да имате контрола, но не го пренатрупувајте списокот со непотребни работи. Напишете го најважното, она што е клучно, па така ќе ја намалите и анксиозноста. На пример, ако во текот на неделава треба да направите план за вашата семинарска и да му го приложите на професорот, не ја дополнувајте листата со: купи четка за заби, нахрани го кучето, фрли го ѓубрето итн. Нема потреба, тие работи секако ќе ги направите само што со нивното запишување автоматски ги претворате во големи обврски кои ви тежат.rn

    5. Имајте распоред и држете се до него

    rnАнксиозноста ја чувствувате кога имате премногу обврски кои ви тежат, па секогаш е добро да планирате и да правите распоред. Тоа веројатно веќе го знаете, но клучно е да се држите до направениот распоред и да не правите отстапки од него бидејќи во моментот кога сте го правеле сте гледале пообјективно на нештата. Понатаму во одреден момент може да почувствувате дека не правите доволно, дека може да направите повеќе и не се концентрирате на задачата која треба да ја завршите во моментот туку лутате со мислите за она што ви следува утре или пак колку обврски ќе имате наредната недела. Стоп, фокусирајте се на овој момент!rnrnКако да ја победите анкциозноста во 7 чекори?rnrnНе дозволувајте вниманието да ви биде одвлечено, оддалечете се од телевизорот, компјутерот (ако работата ви е поврзана со компјутер, тогаш користете го единствено за таа цел) или мобилниот. На што работите во моментов? Изработете го до перфекција, потем ќе мислите на друго.rn

    6. Грижете се за себе и бидете физички активни

    rnДоволно се грижевте за сè останато освен за себеси. Дајте си ветување дека без оглед на обврските и зафатеноста, ќе одвоите макар еден час од денот за себе. Спортувајте, опуштете се со масажа, гледајте добар филм со семејството или партнерот, поминете време со најблиските. Светот нема да запре ако за миг престанете да се фокусирате единствено на работата.rnКако да ја победите анкциозноста во 7 чекори?rn

    7. Побарајте помош

    rnНе е срамота да побарате помош, никој од нас нема надприродни моќи. Доколку сте мајка, сопруга и вработена жена, разговарајте со сопругот и поделете ги обврските. Доколку чувствувате дека во последно време работата ве исцрпува, разговарајте со вашиот деловен партнер, колега или претпоставен. Обратете ѝ се на личноста за која знаете дека ќе покаже разбирање.rnrnДоколку гледате дека состојбата се влошува и излегува од контрола, побарајте и професионална помош. Посетете психолог кој би ви помогнал да се справите со анксиозноста. Навиката да го игнорираме проблемот надевајќи се дека ќе мине, на никого не му оди во прилог.

  • 3 чекори до поголема самодоверба

    3 чекори до поголема самодоверба

    Кога ќе се погледнете во огледало треба да бидете горди на личноста која ја гледате, но што се случува кога не се чувствувате така? Ниската самодоверба го уништува вашиот дух и не ви дозволува да се прифатите себеси онакви какви што сте, туку ве тера да тежнеете кон нечиј изглед или туѓа среќа. Тогаш, кој е патот до поголема самодоверба?rn

    3 чекори до поголема самодоверба

    rnrn

    Подобро запознајте се себеси

    rnДа бидеш свесен за сопствените квалитети не е арогантност туку самодоверба. Дали почесто се осврнувате кон вашите негативни карактеристики? Време е да го промените тоа. Направете листа со вашите добри особини. Дали умеете да сослушате и дадете добар совет? Запишете го тоа како ваша позитивна карактеристика. Добри сте во она што го работите, добивате пофалба за вашата трудољубивост? Наполнете го списокот без да мислите дека тоа ве прави себични.rnrnШто се однесува до вашите недостатоци, ставете ги на посебен список. Добро погледнете го списокот со она што вие мислите дека се ваши негативни страни и размислете со ладна глава за секоја поединечно. Мислите дека треба да намалите некое кило? Дали тоа ќе ве направи подобри личности? Дали тоа ќе ѝ стави крај на ниската самодоверба? Зарем оние на кои се огледувате никогаш не сретнале некој на кого тие му се огледуваат и сакаат да бидат како него? Токму така, совршенството не постои.rnrnКога работите ќе ги погледнете пообјективно фокусирајќи се на вашите доблести, ќе почнете една по една да ги пречкртувате точките од вашиот „негативен“ список.rn

    3 чекори до поголема самодоверба

    rnrn

    Прифатете се онакви какви што навистина сте

    rnДали сте совршени? Не. Наведете макар една личност која е. Не можете? Точно така. Тогаш, кон што поточно тежнеете?rnrnДа, имате негативни особини и слаби точки, но секој ги има. Но исто така имате и позитивни. Кога некој ќе ви даде комплимент речете „благодарам“ наместо да се трудите да му покажете дека не е во право.rnrnВие не сте нечија копија ниту пак направени според некаков калап. Вие сте единствени и различни и тоа е она што ве прави оригинални и убави на еден посебен начин. Престанете да идеализирате личности чија работа е да бидат убави. За нив се грижи цел арсенал шминкери и стилисти. Вашата работа е да го разубавите светот со своето присуство, да живеете оставајќи силен впечаток, среќно да воздивнувате и да уживате правејќи го она што го сакате.rnrnНе, не сте „совршени“ пластични фигури, и бидете среќни што е така.rn

    3 чекори до поголема самодоверба

    rnrn

    Сакајте се себеси

    rnВие сте личност која заслужува љубов и почит и секогаш осигурајте се дека ги добивате првично од самите себе. Факт е дека доколку не се сакате со сите ваши маани и доблести, не ни треба да очекувате некој друг да ве цени.rnrnПостојат многумина кои ве сакаат можеби повеќе и од својот живот. Ги имате пријателите, семејството, здрави сте и способни, зошто тогаш би се потиснувале и ограничувале себеси?rnrnСетете се на некоја голема задача која сте ја завршиле, тежок период кој сте го пребродиле, личности на кои сте има дале сила да продолжат, на нештото кое сте го направиле иако никој не очекувал дека ќе успеете. Да, навистина сте многу поневеројатни отколку што мислите. А уште кога ќе успеете да ги стивнете гласовите кои ви кажуваат дека треба да бидете нешто сосем друго, спремете се да го освоите светот!